You are on page 1of 12

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј” – Скопје

Филозофски факултет

Институт за семејни студии

Семинарска работа по предмет: Семејството и општествените девијации


Тема: “Алкохолна зависност, влијанието на алкохолизмот врз семејствата,,

Ментор: Изработи:
Проф.др Татјана Стојановска Иванова Уран Рамадани (бр.индекс 10985/21)

СКОПЈЕ - ЈАНУАРИ 2022г

1
Содржина

1. Апстракт ---------------------------------------------------------------------------------------------------3
2. Вовед -------------------------------------------------------------------------------------------------------4
3. Главен дел -------------------------------------------------------------------------------------------------5
4. Родителите како главен фактор за правилен или неправилен развој на детето-------------5
5. Ефекти од употребата на алкохол -------------------------------------------------------------------7
6. Алкохол и брачни проблеми --------------------------------------------------------------------------9
7. Влијанието на алкохолот врз децата ---------------------------------------------------------------10
8. Заклучок--------------------------------------------------------------------------------------------------11
9. Користена литература ---------------------------------------------------------------------------------12

2
Апстракт:

Алкохолизмот влијае не само врз поединецот туку и пошироко. Пријателите, фамилиите и


другите луѓе кои често се во присуство на личноста која пати од ефектите на
алкохолизмот, веројатно ќе доживеат проблеми поврзани со неговата состојба. Како што
напредува злоупотребата на алкохол, пациентите често се повлекуваат од општеството во
целост и голема е веројатноста да се свртат кон познаници кои сакаат да им помогнат на
алкохоличарите да се справат со зависноста. Финансиските проблеми често се појават не
само поради трошоците на зависностa, туку и губење на продуктивноста и редовно
работно време поради зголемена мачнина и други негативни ефекти.

Abstract:
Alcoholism affects people beyond just the alcoholic. Friends, family and other people that a
person suffering the effects of alcoholism interacts with on a regular basis are all likely to
experience problems related to the condition. As alcohol abuse progresses, sufferers are likely to
withdraw from society at large and may lash out at well-meaning acquaintances who seek to help
the alcoholic come to grips with addiction. Financial problems are likely to arise due to not only
the costs of a addiction but also the loss of productivity and regular work hours due to increased
hangovers and other adverse effects.1

Клучни зборови: зависност, алкохолизам, фамилии, деца


Key words: addiction, alcoholism, families, children,

Слика1. Алкохолот го уништува мозокот и нервниот систем – алкохолна зависност

3
Вовед
Семејството претставува основна клетка на општеството, заедница на мажот, жената и
нивните деца. Здравјето, животот и живеењето на едно семејство се проценува према
успешноста на неговото функционирање, па во таа смисла, семејството може да биде
функционално или дисфункционално!
Функционалното семејство е она, што на своите членови им обезбедува психофизичка
сигурност, интелектуален и едукативен развој, економска безбедност и правна заштита.
Функционалното семејство може да се справи со проблемите што се појавуваат во
животот, додека дисфункционалното семејство и помали кризи или проблеми, може да го
доведат до блокирање на функционирањето. Бранејќи се од распаѓање, семејниот систем
произведува болест кај некои од своите членови!
Алкохолизам или алкохолна зависност, хронична болест позната по потребата од алкохол.
Луѓето кои страдаат од ова заболување се познати како алкохоличари. Тие не можат да го
контролираат своето пиење дури ниту кога станува директна причина за сериозна штета,
вклучувајќи медицински заболувања, брачни проблеми, загуба на работата или
сообраќајни незгоди. Медицинската наука сѐ уште ја нема откриено точната причина за
алкохолизмот, но истражувањето покажува дека генетички, психолошки и социјални
фактори помагаат во неговото развивање.
Сите последици од алкохолизмот се тешки, но сепак, семејните последици се најтешки
бидејќи, освен што ги нарушуваат личноста и односите помеѓу сопружниците, оставаат
многу длабока трага во развојот на децата. Алкохоличарскиот брак се темели на односот
на партнерот-алкохоличар и партнерот-неалкохоличар, нивните деца и евентуално
родителите, што живеат во исто домаќинство. Сите тие заедно го сочинуваат
алкохоличарскиот систем, во кој сите членови на свој начин придонесуваат за
долгогодишно одржување на алкохолизмот кај некои членови на семејството!

Слика 2. Типична несреденост на личност која конзумира алкохол во големи количини

4
Главен дел
Родителите како главен фактор за правилен или неправилен развој на
детето
Дали детето ќе се изгради во личност со пристоен однос и карактер или ќе се однесува
неодговорно во своите постапки и должности,зависи од неговите родители.Наследните
гени од алкохолизам од родителите кај децата нема.За да се насочи детето да прави
разлика од добро и зло,одговорност носат самите родители.
Во максималното ангажирање за подобар живот,забораваат на нивните деца. Понесени за
подобро утре,ниту помислуваат да најдат време да му посветат внимание за правилен
развој и воспитување. Тие немаат време да го контролираат своето дете каде и како го
поминува слободното време,кои се неговите потреби и со какви проблеми се соочува.
Децата кои се запоставени, незгрижени или презаштитени немаат светла иднина. Постојат
три категории на неодговорни родители кои ја праваат истата грешка при воспитување на
своите деца. Сиромавиот, разочаран од животот, наместо да поразговара и да го утеши
своето дете, тој грубо ќе го одбие велејќи му : Снајди се сам,ниту мене некој ми дал,ниту
јас можам тебе да ти дадам. Разочарано од таквото однесување на родителот, детето се
чувствува изгубено и ништо друго не мисли освен да ја оствари својата цел – на што
полесен начин да се пробие во животот за подобро утре. Во тој случај, бара друштво од
истомисленици и започнува изопачен живот,лажење,крадење и се што е неморално и
нечовечки. Залажувајќи се дека така лесно се живее, за брзо време ќе се судри со законот
и уште повеќе ќе пропадне.По сето тоа детето паѓа во кошмари, ја губи довербата во себе
па и довербата во средината. На таквото дете, по тие сите случувања, му е многу тешко да
се врати во нормален живот.

Слика3. Пример за неправилен брачен однос кој доведува до неправилен одгој на децата

5
Потполно истата грешка ја праваат и оние родители кои се добро ситуирани. Тие родители
пак, на кои парите не им претставуваат никаков проблем, не помислуваат да најдат
слободно време да седнат и да поразговараат со своето дете. Едноставно, го опсипуваат со
скапи подароци и дебел џепарлак со кои детето толку се возбудува и не знае што уште да
стори за да биде во своето друштво и во јавноста поактуелен и центар на внимание. Оди
во потрага по возбудливи забави и на тој начин ќе дојде до оние несакани последици. Тоа
дете, како и од сиромавиот, ќе се соочи со законот, па тогаш и неговите родители ќе си го
поставаат истото прашање : Зошто баш моето дете кога се му беше дадено? И навистина,
на тоа дете се му е дадено, само едно не: родителското внимание, за кое не нашле време да
седнат со детето да поразговараат за неговите проблеми, да го насочат на прав пат,
културно однесување и пристоен живот.

Грешат и родителите кои споредувајќи го детето со нивните способности го понижуваат и


омаловажуваат. Наместо да му пренесат од сопствените умеења како да се соочи со
секојдневните случувања, тие цинички ќе го навредат дека не е способен за ништо, дека не
вреди што и да му кажат. Ако не се тие, тоа дете не ќе можи да опстане во животот.
Таквите родители забораваат дека и тие некогаш биле деца, растеле со родители, а кога
нивните родители исчезнале од нивниот животот продолжиле да живеат самостојно и без
родителска помош. Тогаш детето добива чувство дека е несакано и како да е вишок во
семејството. Занемарено и разочарано од своите родители, добива само убедување дека
неговите родители се во право и многу лесно ќе се оддаде на алкохол, криминал и слично,
бидејќи тука ќе најде лажна утеха.

Обратете внимание на вашето однесување. Не дозволувајте вашето дете да се чуствува


занемарено, отфрлено, потценето и безвредно. Тоа дете од вас очекува многу љубов,
внимание, објаснување, комуникација и нежност. За да одгледаш едно дете и да стане
пристоен човек, потребно е (ни помалку, ни повеќе) колку да насадиш едно младо дрво и
да го израснеш со правилно стебло, да има дебела сенка, здрави и вкусни плодови, ако
сакаш да те храни до крајот на животот. И тоа бара беспрекорно внимание. Да го прскаш и
наводнуваш. Едноставно, да го заштитиш од сите надворешни влијанија.

Слика 4. Приказ на позитивен и правилен брачен однос кој доведува до хармонија во


бракот и правилен одгој на децата.

6
Ефекти од употербата на алкохолот
Постојат следниве два ефекти од употербата на алкохолот и тоа: краткорочниот ефект или
опивање и долгорочниот ефект или зависност од алкохол.

Краткорочен ефект

Моменталните ефекти од алкохолот се во зависност од количината внесена во крвта и од


тоа колкаво искуство има личноста со пиењето. Повеќе алкохол во крвта дава поголемо
чувство на опуштеност кај лицата што пијат и тие стануваат позборливи. Тие стануваат се
помалку свесни за своите постапки и чувството за проценување се намалува. Губење на
координација и дремка исто така се честа појава. Ризикот за случување несреќен настан е
зголемен, специално за оние кои работат со разни машини или возат моторни возила.
Ризикот за собраќајна несрека е дупло поголем кај лице со 0,05 алкохол во крвта него кај
лице со нула промили алкохол. 4

Долгорочни ефекти

Овие долгорочни ефекти можат да се однесуваат на следниве ситуации: толеранција кон


алкохолот што претставува способност прогресивно да се пијат се поголеми количества на
алкохол без видливо опијанување, повлеченост која се манифестира како вознемиреност,
немир, збунетост, тресење, потење итн., кои обично се појавуваат при нагло запирање на
косумирање алкохол, несоодветна желба за повеќе алкохол т.е. посакување и
продолжување со пиење и покрај непожелните последици, медицински заболувања на
црниот дроб (џигерот) или запаление и таложење маснотии на црниот дроб, ова може да
доведе до откажување на црниот дроб и цироза, болки на стомакот и цревата, овие болки
може да се однесуваат на сварувањето на храната што се должи на воспаление на
хранопроводникот или желудникот (gastritis), дијареа, воспаление на панкреасот кое
доведува до болки во стомачниот предел и неспособност да се апсорбира храната, рак на
црниот дроб, хранопроводникот или цревата, оштетување на мозокот или губење на
памтењето и тешкотии при учењето (dementia) бедна координација и слабо чувство за
баланс, други невролошки заболувања како што е оштетување на нервите, кое доведува до
трнење на нозете и тешкотии при одењето, заболување на срцето и крвните садови,
нерегуларно функционирање на срцето (доведува до тешкотии при земањето здив и
отекување на зглобовите, ненормално отчукување на срцето (Palpitations), висок крвен
притисок, сексуални и репродуктивни нарушувања кои може да бидат оштетувања на
репродуктивните органи кое може да доведе до неплодност, повреди на нероденото бебе
за време на бременоста, нарушување на коските и зглобовите т.е. костоболка (отекување
на зглобовите пропратено со големи болки типилно за големиот прст на ногата,
остеопороза - ослабување на коските кое може да доведе до нивни фрактури (кршење на
коските), несреќи како што се повреди на главата, крварења околу мозокот, кршење на
коски (најчесто ребрата) собраќајни несреќи, несреќи на работа и дома, исхрана т.е.

7
неправилната исхрана и дебелеењето, психолошки нарушувања или несоница, тешкотии
при заспивање немир и возбудување, депресија и немоќ да се излезе на крај со неа,
збунетост и напади на паника, така наречени “црни дупки” во памтењето, самоубиство,
домашни проблеми од типот на губење на пријателите, тешкотии во бракот или други
значајни релации, разделување и развод на бракот, запоставување на децата,
професионални проблеми како што се доцнење или неодење на работа, ненапредување
или неунапредување на работното место, финансиски проблеми или губење на
регуларните приходи од работното место, тешкотии поради парите потрошени на алкохол,
долгови од коцкање, проблеми со законот како осудување поради возење во пијана
состојба, загуба на возачката дозвола, имотен криминал, навреди, убиства.

Ефектот на “созависност”

Овој ефект ја претставува ситуацијата да се живее заедно со некој зависник од алкохол.


По што се познава еден созависник? Како е да се живее заедно или во брак со еден
зависник, зависник-алкохоличар. 5 Ако вашата релација со некој од вашите најблиски,
родители, деца, маж или жена почнува да страда или трпи како последица на начинот на
кој таа личност пие можете да бидете сигурни дека и двајцата имате заеднички проблем
поврзан со алкохолот. Можеби и не живеете со некој тежок хроничен алкохоличар, но
проблемите кои се појавуваат како резултат на неговото/незиното пиење ве имаат
вовлечено и вас во еден деструктивен процес и би требале да ги отворите очите и на некој
начин да ги промените нештата.

Слика 5. Типичен приказ на зависник од алкохол – предозираност од алкохол, пропаст на


личноста, растурање на брак, брачни проблеми, семејни проблеми и сл.

8
Алкохол и брачни проблеми
Развојот на алкохолизмот во семејно-брачните односи поминува низ неколку фази!
Во почетокот се настојува да се анулира, да се маргинализира проблемот! Екцесите и
уживањето во алкохолот се со прекини и во тоа време, сопружниците играат улога на
примерни партнери. Сопругата е спремна сé да направи, да се сроди со оваа состојба, па
дури и да му прави друштво на својот сопруг во пиењето алкохол. Кон надворешната
средина е задржан впечатокот на добар и успешен брак.
Во понатамошниот развој е обидот да се елиминира проблемот. Кулминацијата на екцеси
поради пиењето алкохолни пијалаци, го присилуваат семејството на постепена изолација.
Проблемот на алкохолизмот е централен, но се прикрива од децата и од средината.
Сопругата не бара помош однадвор и настојува сама да го реши проблемот.
Во третата фаза е изразена дезорганизацијата. Сопругата не прави напор да влијае, бидејќи
се чуствува немоќно. Децата се вовлекуваат во брачните конфликти, така што и тие
страдаат. Сопругата ги одбива интимностите со мажот, поради што тој се чуствува
отфрлен. Ова е фазата на хаос и тешко е да се овозможи решавање на проблемот на
конструктивен начин. Околината сеуште не го смета семејството за дисфункционално а
засегнатата личност за алкохоличар.
По оваа фаза следува реорганизација. Сопругата се обидува да делува енергично. Ја
презема улогата на мажот, настојувајќи за децата да биде “и татко и мајка”. Сите прават
напори на алкохоличарот да му влијаат во правец на контролирање на пиењето. Доаѓа до
извесна рамнотежа во семејството, без оглед на реалните потешкотии, се воспоставуваат
релативно стабилни односи, смалувајќи го на минимум влијанието на алкохолизмот.
Присутни се размислувања за барање стручна помош и лекување. Ако не се прифати
лекување, се размислува за разделување и развод. Постои можност алкохоличарот да
стекне увид за својата состојба и да ги прифати лекувањето. Во оваа фаза лекувањето
може да биде многу ефикасно, бидејќи сеуште алкохоличарот е зачуван и телесно и
психички, а постои и позитивна емоционална клима во семејството.

Слика 6. Семејни проблеми во кои најчесто децата се тие кои страдаат најмногу.

9
Според Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам, следниве се
некои од најчестите проблеми кои се јавуваат помеѓу брачни другари кога еден партнер
злоупотребува алкохол:
● Брачен конфликт
● Неверство
● Семејно насилство
● Непланирана бременост
● Финансиска нестабилност
● Стрес
● Љубомора
● Развод

Влијанието на алкохолизмот врз децата


Во САД е спроведено истражување за последиците на алкохолот врз децата и добиени се
следните резултати: злоупотребата на деца и членовите на поширокото семејство можат
да станат зависни од злоупотребата на алкохолот на некој близок, или барем да бидат
значително засегнати. Според Американската академија за детска и адолесцентна
психијатрија (AACAP), еден во секои пет возрасни Американци престојувал со роднина
кој злоупотребувал алкохол во нивната адолесценција. Како општо правило, овие луѓе
имаат поголема веројатност да имаат емоционални проблеми во споредба со децата кои
израснале во трезвени домови. Раната изложеност на алкохоличар исто така може да ја
зголеми склоноста на детето да има проблематична врска со алкохол. Генерално, децата
на поединци кои злоупотребуваат алкохол имаат четири пати поголеми шанси да го
злоупотребуваат алкохолот. Како што објаснува AACAP, децата се во единствена
позиција во врска со родител или старател кој злоупотребува алкохол. Пиењето најчесто е
извор на конфузија и детето е малку веројатно да има поддршка од родителите, бидејќи
однесувањето на родителите е срцето на проблемот (но ненамерно). Децата ќе забележат
радикални промени во однесувањето, како што родителот се претвора од среќен/на кон
лут/а, и може лажно да верува дека тие се виновни за овие промени во расположението на
својот родител. Самокривање, вина, фрустрација и лутина можат да се појават додека
детето се обидува да разбере зошто родителот дејствува вака.

Слика 7. Семејни проблеми во кои најчесто децата се тие кои страдаат најмногу.

10
Заклучок
Семејствата се потпираат силно еден на друг за поддршка. Ова вклучува и финансиска и
емоционална поддршка, која алкохолизмот може да ја уништи со текот на времето. Децата
често доживуваат голем број проблеми поврзани со однесувањето или финансиската
состојба на нивните родители кога се работи за алкохолизам. Децата може да доживеат
занемарување или физичка и ментална злоупотреба бидејќи родителот потполно ја губи
свеста и рационалното размислување за своите постапки поради ефектите на алкохолот.
Децата, исто така, можат да наидат на проблеми со сопствениот социјален развој што се
појавуваат поради тоа што алкохоличарот не станува подготвен или не може да ги
поддржи детските напори. Ова може да варира од пропуштени настани, како што се
фудбалски игри или забави за роденден, па се до целосно занемарување.

И како превенција за справување со алкохолизам, се со цел да не се случуваат проблеми


во заедницата без разлика дали станува збор за брачна, семејна, друштвена заедница,
треба да се изнајде т.е да се воведе стратегија за спречување за зголемување на бројот на
лица кои прекумерно конзумираат алкохол. Иако ги наведивме причините дека најчесто
на лицата да конзумираат алкохол ги наведуваат финансиските проблеми, емотивни,
психички проблеми и сл. Да се воведат програми кои ќе бидат од јавен едукативен
медицински карактер, медицински програми, образовни програми, следење и надзор на
лицата кои се лечат од слични или исти зависности (алкохол).

Слика 8. Кажи НЕ на алкохолот

11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

1. How are Friends and Family Affected by the actions of an Alcoholic Loved-One?, An
american Addiction Centers Resource

https://www.alcohol.org/faq/problems-associated-with-alcoholism/?fbclid=IwAR0-
6i8R5ACx6rIUINDJn8UdX5QvWacdqj8JdxRpwgA4NeRgPrgV4Y55LHs
Alcohol.org

2. Петре Стеваноски. (2014). Без алкохол - здрав живот, Прилеп: биографска книга

3. Последици за семејството од алкохолизмот

http://www.alkoholizam.net/2012/10/posledici-za-semejstvoto-od-alkoholizmot/?
fbclid=IwAR3yIEht1wj8gTNYiLELXfFDoDaRJvy2XETChDULXK0xfHb-
PsJUhJGOuNA

4. American Addiction Centers, What Are the Problems & Effects of Alcoholism on
Families & Marriages, The impact on children, February 22, 2019
https://americanaddictioncenters.org/alcoholism-treatment/family-marital-problems?
fbclid=IwAR30T91veErq_U5I48a81L8t3eTLb8LXibkmpKKww0M1rPOJnKSMwc7TW
PQ

5. Арнаудовски, Љ., “Предавања по социјална патологија”, Скопје: НИО Студентски


збор, 1983 година

6. Сулејманов, З. и Стојановски, Н. „Социјална патологија“, Скопје: Југореклам, 2002


година

7. Rahul Nag, The effects of alcohol, 2008 година 4) Proceedings of the National Academy
of Scineces

8. moh.gov.mk/files.php?file=Strategija_za_alkohol_1__final

9. http://www.mojezdravlje.net/Bolesti/210/dusevne-bolesti-i-stanja-bolestiovisnosti/
Alkoholizam.aspx

10. http://www.who.int/en/ 8) http://www.unet.com.mk/rzzz/

12

You might also like