You are on page 1of 9

УНИВЕРЗИТЕТ “ СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ”- СКОПЈЕ


ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
ИНСТИТУТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА

ЕСЕЈ ПО ПРЕДМЕТОТ
ПСИХОЛОГИЈА НА СЕМЕЈСТВО

НА ТЕМА:

“ПРИФАЌАЊЕ ОД СТРАНА НА СЕМЈСТВОТО НА ДЕЦАТА СО


ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ПРОМЕНИ ВО СЕМЕЈСТВОТО“

Ментор: Изработиле:
Петар Данески
Проф. Др. Орхидеја Шурбаноска Маја Спирокоска

Октомври 2017
Раѓање на дете со пречки во развојот

Овај есеј ќе го започниме со една мисла на Лав Толстој која гласи: “Сите среќни семејства
си прилегаат едно на друго, а секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.”
Раѓањето на детето во семејството е најчесто извор на среќа и формирање на нови чуства,
а во бракот кој дотгаш бил без деца доаѓа до вистинско формирање семјество и
развивање на основно семјено чуство кое се карктеризира со нежен грижлив и
заштитнички став. Родителството може да донесе чуство на неизмерна среќа, гордост
самостварување, потврда на идентитет и интегритет, успех но исто така може да доведе
до чувство на замор, напор, стрес, а понекогаш и губење на можноста за самореализација
во други области.
Меѓутоа раѓањето на дете со пречки во развојот претсавува силен предизвик и
закана за нарушување на семјниот живот.
Нашите и светските искуства и истражувања укажуваат на тоа дека раѓањето на дете со
пречки во развојот неспорно предизвикува стресна промена во семејството и најчество го
менува секојдневното функционирање и ја одредува насоката на неговиот понатамошен
развој. Барањата коие се поставуваат пред семејството не се мали и можат да го загрозат
секој од нив поединечно, но и семјството во целост. Според Seligman и Darling, раѓањето
на дете со пречки во развојот ги става родителите и целото семејство пред големи
предизвици и искушенија, па поради тоа тие оба родителство го нарекуваат “неизвесно
патување”.
Сето ова важи за семјствата и улогата на родителите во развојот на детето што не е
попречено во развојот, важи и за родители кои имаат дете со пречки, со тоа што
родителите на ова дете имаат и специфични проблеми кои другите родители ги немаат
или ги немаат во толкав обем, тежина и разноликост. Многу истражувања предупредуваат
на неповолното влијание од појавата на “хендикепиран” член во семјеството врз животот
на целото семјество. Во некои од истражувањата се истакнува тврдењето дека
“хендикепирано дете ” значи “хендикепирано семјство”.
Како главно прашање кое се поставува е што е тоа што може да го наруши
функционирањето на семјството, но и родителството во овај случај.
Детето со тешкотии во развојот го зголемува физичкото, психичко и временско
оптоваруавње.
Истражувањата со родители на деца на пореченост посочуваат неколку важни ризик
фактори со кои се соочуваат родителите. Родителите на деца со пореченост имаат
поголеми шанси да доживеат поголеми животни промени вклучувајќи разводи опреации
и чести преселби. Тие почесто искусуваат поголем број на нервози в текот на денот од
другите родители. Едно истражување покажало дека мајките кои родиле деца со
пореченост нивниот животен век се скратил за 7 години како и позачестени срцеви
заболувања. Пред да одиме на главната тема сакаме да посочиме со какви потешкотии се
соочуваат родителите пред да можат даго прифатат своето дете.
Во своето истаржување Crowe го спредувал времето кое им е потребно на мајката за
негување на своето дете помалди од 5 години. Резултатите покажале дека мајките на
деца со повеќекратна пореченост поминуваат неделно 39, 7 часа мајките на деца со
Даунов синдром 32,8 часа додека мајките на деца со типичен развој трошат околку 33
часа неделно.
Во друго истражување на мајките на децата со посебни потреби ги занмаруваат своите
потреби. Во поголемиот дел мајките не наоѓаат време за прошетки и посветеност на
домаќинството. Во студија спроведена на педијатриска клиника во Тајван е утврдено дека
44% од родителите на деца со телесна инвалидност имаат слабо ментално здравје, а 41,8
од мајките не децата со цербрална парализа имаат зголемен ризик од појава на
психијатриски заболувања. Генерално родителите на деца со пречки во развојот се
соочуваат со проблеми на стрес, депресија, анксиозност, соматизација, фобија и сл.

Први реакции на родителите кога имаат дете со пречки во развојот

Реакциите на родителите во моментот на поставување на дијагнозата кај нивното дете се


исклучително индвидуални па нивното познавање е од посебно значење за процесот на
рехабилитација бидејќи тој многу ќе зависи од ставот на родителот.
Интензитетот и мнаифестацијата на реакцијата зависат од: личноста на родителот,
родителска аспирација во однос на детето, девијантности во однос на семејството, социо-
економски слој на кој родителите му припаѓаат.
Најчести реакции на родителите кога имаат дете со пречки во развојот:
1. Шок
2. Негирање
3. Лутина
4. Страв
5. Срам
6. Вина
7. Збунетост
8. Немоќност
9. Разолчарување
10. Огорченост
11. Завист
12. Тага
13. Прифаќање

Прифаќање на детето од страна на родителите

Најважно е да сфатат родителите дека на детето потребное да му се прикаже љубов и да


се прифати такво какво што е со сите доблести и мани.
Според Robert Ingalls процесот на прифаќање на детето со пречки во развојот ги вклучува
следниве карактеристики:
1. Родителите кои го прифаќаат своето дете се способни д аги видат неговите
способности и потенцијали, но и неговите недостаоци и слабости;
2. Овие родители го набљудуваат детето на реален начин соогледувајќи ги
одредените тешкотии кои ова дете му ги нанесува на семејството, но не
оптоварени со самообвинување и претерана тага или вина, т.е. фукнционирање на
семјството не загрозено;
3. Овие родители се способни слободно да дискутираат за своите деца, како во
кругот на своето семјство така и со другите луѓе без срам и вина;
4. Родителите се обидуваат да го лекуваат и едуцираат своето дете на најдобар начин
но без барање на чудотворец;
5. Овие родители му пружат љубов на ова дете како и на своите здрави деца, не го
отфрлаат, но исто така не му даваат ниту претерана заштита;
6. Родителот кој го прифаќа своето дете не го посветува целото свое време и енргија
само на детето со пречки, што би било штета на другите деца во семјството.

Родителите на дете со пречки во развојот и нивни функции и


нивни ставови кон своите деца со посебни потреби

Најзначајни лица во развојот на детето се родителите чија што главна функција се


однесува на овозможување на безбедно и соодветно опкружување кое му дава
поддршка, му овозмужува да добива знаења секако во рамките на нивните
можности. Родителите треба да оформат поглем дел од искуствата на децата
особено кај децата со пречки во развојот.
Едно од прашањата во кое постојат одредени несогласувања меќу авторите е за
разлики во ставови на родителите кон своите деца. Се покажало дека татковците
се посетливи на можна социјлна синтагма поради детето, додека односот на
мјаките бил зависен од стапка на спобности на детето.
Faber и Ryckman утврдуваат дека во тие семјства независно од нивната социјлна
положба, раѓањето на женско дете кое е со пречки во развојот има силно влијание
врз мајката додека раѓање на машко дете со тешка попреченост има слино
влијание врз таткото. Според мислењето на повеќето автори одлучувачка улога
има идентификација на родителите со детето од ист пол.
Grossman-Kaplan исто така наведува дека мајката, особено татковците полесно го
прифаќаат детето со пречки во развојот од од женски пол што до некаде зборува
за фактот за традиционално сфаќање на улогата на полот во одредување на
подрачјето на дејствување .
На ставот на мајката повеќе ќе влијае однесувањето развојните способности и
степен на самостојност на детето, додека татковците во голема мера се
ориентирани на професионални и опшествени активности кои вклучуваат постојан
и непосредн контакт со опѓествена средина.
Пригаќањето и квалитетот на односите помеѓу родителите и децата зависи и од
особините на родителите, но и самото дете кое веќе раѓање има активна улога во
тој однос.
Осбините на родителите го одредуваат и стилот на поодигање на детето.

Однос на браќата и сестрите кон детето со пореченост во


развојот

Во литературата може да се најдат доста позитивни извештаии за односот на


браќата и сестрите кон детето со пречки во развојот, но и многу извештаи со
негативен однос кон тоа дете. Да се има брат или сестра со пореченост во развојот,
не води директно кон лош однос но поставува значаен предзвик пред младиот
човек. Тоа вклучува излегување на крај со голема одговорност, да се прифати
улогата на помошник родителда се биде жртва на помало внимание од страна на
родителите, неудобност поради однесувањето, особено ако станува збор за
агресивно однесување, неможност за носење на своите пријатели во домот.
Како браќата и сестрите ќе се однесуваат кон детето со пречки во развојот многу
зависи од држењето на родителите. Ако родителите кон детето се однесуваат така
природно како што тоа го дозволува неговата состојба тогаш неговите браќа и
сестри исто така помалку ќе размислуваат за тоа, отколку мајката околу пореченото
дете создова постојана напнатост и вознемиреност.
Ако родителите навистина го прифаќаат детето со пречки со сите негови
очекувања, тогаш браќата и сестрите исто така порано ќе го прифатат.
Првиот чекор кој треба да го направаат родителите е да им објаснат на своите
преостанати деца зошто нивното братче или сестриче е поинакво. Факт е дека од
четиригодишно дете не може да се очекува да има разбирање за својот брат или
сестра за начионот на кој тој или таа е поинаков или поинаква од него.
Но родителите се тие што ќе мораат да внимаваат еден можеби посилен бат да не
го малтретира детето со пореченост или итрото сестриче да не го искористува
неговите слабости, како и пореченото дете да не биде исклучено од сите игри.
Од друга страна ниту здравите деца н етреб да бидат заборавени. Во некои
семејства попречените деца им се посветува целосно внимание а на здравите дека
добиваат впечаток дека родителите живеат за децата со пореченост во развојот. Во
тој случај кај здравите деца се јавува омрза кон своето братче или сетриче со
пореченост која може да трае цел живот.
Браќата и сестрите на детето со пореченост различно ќе реагираат во
зависност од полот, редослед на раѓање и темперамент.
Врз основа на полот правени се некои истражувања кои покажуваат дека сестрите
чуствуваат поголема одговорност и покажуваат поголема грижа кон својот брат или
сестра со пречки во развојот.
Ситуацијата се разликува и од возраста на детето со пореченост. Доколку тоа е
помладо тогаш с воспоставува рамнотежа сите се грижат за него односно тој
останува галениче. Ако попреченото дете е постаро на другите им епотешко да го
пронајдат вистинскиот однос со него. Најтешко е во времето кога детето со здрав
развој го надраснува пореченото дете не само возраст и тежина и висина тука и по
вештините, размислувања и општата ментална зрелост.
Најчесто проблемите се зголмуваат кога здравите деца влегуваат во пубертет. Тоа
е период кој предизвикува криза во заедничкиот живот на брачќа и сестри особено
ако дедето со пречки заостанува во почитување на заедничките правила. Во ова
период често надвалдува суетата па здравите деца се срамаат од својот брат или
сестра.

Прифаќање на бабите и дедовците на децата со пречки во


развојот

Бабите и дедовците играат значајна улога во животот на родителите но и во


животот на децата. Истаржувањата покажуваат емоционалната врска меѓу
внучињата и бабите и дедовците е втора по ред најсилна и најинтензивна после
онаа со родителите. Тие престабуваат најпридродна замена за родителите.
Дедовците и бабите исто таак се засегнати кога во семјството ќе се роди дете со
пречки во развојот. Тие се соочуваат со двојна тага тага з апореченост на своето
внуче и тага за болката на воето дете. Од друга страна тие можат да бидат силна
подршка на родителите во вид на емоционално и финасиско подржување или пак
обезбедување на соодветен одмор односно замена на родителите. Исто така тие
може да се обратат на советодавни установи или да бидат добро информирани од
страна на нивните деца со цел да го разберат подобро нивниот проблем и да им
помогнат. Мечутоа бабите и дедовците можат да создадат доплнителен стрес и да
им поречат на родителите при соочување со проблемот. Тие притоа може да ја
одбиваат дијагнозата да не го прифаќаат детето и тоа може да биде поизарзено
отколку кај самите родители што може секако да влијае на прифаќање на целото
семејство. Честопати бабите и дедовците причинаат за болеста кај детето ја бараат
кај она ј родител со кој не се во крвно сродство.
Заклучок

Да се има дете со посебни потерби е тешко но доклоку прифаќањето


на тие деца не тргне од самите родители од самото семејство тогаш
овие деца ќе бидат маргинализрани во едно опшество и никогаш
вистински нема да бидат прифатени.  Родителите во принцип минуваат
низ три фази откако ќе забележат дека детето има некаков проблем.
Првата е фактот дека токму вам ви се случува овој проблем и ви
навираат милион прашања зошто токму вашето дете.
Втората фаза е да го прифатите фактот, а третата да ја почнете борбата.
Борбата е макотрпна и трае цел живот. Но таа борба од прифаќање на
своето дете од овозможување на најдобри услови на нормален живот
и борби против предрасудите и неприфаќањето од околкината на овие
деца со посебни потреби.
Она за што родителите најмногу се плашаат е стравот за животот после
нивната смрт. Стравуваат за тоа каков товар ќе оставаат на
сестричката и братчето. Родителите мораат да имаат развиено
одредна стратегија за борба против предрасудите, незнаењето или
неприфаќањето на децата со посебни потреби во средината?

- Да зборуваат гласно за нивниот проблем. Тие да немаат никаков


проблем да кажат јасно и гласно дека нивното дете е дете со посебни
потреби. Родителите на деца со посебни потреби а и целото семејство ги
праваат потолерантни и сфаќаат низ што мораат да поминат низ животот
за доброто на своето дете. Она што ги рави среќни родителите е дека тие
деца живеаат во еден посебен свет во кој се среќни во свет кој не знае за
злоба лага и лицемерие.
Најнакрај за да дојде до прифаќање на децата со посебни поотреби во
опшеството се мора да почнува со љубов и се мора да завршува со љубов
и прифаќање.
Користена литература

Seligman M, Darling RB. Ordinary familes, spaciel children – Asystem


apoch to childhood disability. New York 2007
Дефектолошка теорија и практика 2013
Stamenkova Trajkova V, Trajkov I Family and early treatment of
children with psychical difficultiesn their development 1997
http://plusinfo.mk/vest/22493/sostojbata-na-nasheto-dete-n%D1%90-
napravi-podobri-lugje

You might also like