You are on page 1of 4

Влијанието на родителите, родителската улога и семејните релации

Во семејството се стекнуваме со првите односи и првите искуства за себе и светот околу нас. Со
членовите на нашето семесјтво делиме заедничко минато, сегашност и иднина, односно
поминуваме низ разни фази во животниот циклус. Семејството е основен и најмоќен
интеракциски систем на кој човекот припаѓа. Често промените од едниот дел на семејниот систем
се одразуваат и во останатите делови на системот. Битно е да бидеме свесни дека семејството
како што може да стимулира развој исто така може и да го инхибира.

Родителите имаат најголемо влијание врз децата во првите 6 години и на основа како ги гледаат
така децата градат слика за себе.

Семејни животни циклуси

Прв стадиум е почетно семејство, потоа семејство со новороденче до 3 години, па следен стадиум
е семејство со предшколски деца, после со школски деца, со пубертет и постородителско
семејство односно празно гнездо. Е сега, во секоја од овие фази, кога се преоѓа од една во друга
често доаѓа до појавување на одредени проблеми се додека повторно семејниот систем не се
стабилизира. Јас ќе обратам најмногу внимание на втората и третата фаза затоа што оваа школа е
за родители од 0 до 6 години.

Вториот стадиум го опфаќа периодот на бременост, раѓање на првото дете до периодот кога
детето полни 3 години. Во овој стадиум доаѓа до воспоставување на родителската улога што
подразбира поделба околу основните одоговорности, грижа околу детето, учество во процесот на
воспитување итн. Во оваа фаза типични проблеми се јавуваат во вид на конфликти околу
превземањето на одговорност и неспособност да се функционира во родителската улога.

Во нашата култура и општество во глаавно се сретнуваме со традиционални семејства кои често не


само што потикнуваат него и подржуваат дисфункционални обрасци, како што е претерана
одговорност на мајката за децата и ниска одговорност на татковците кои често се на маргинитие
на семејниот систем. Кај нас постои идеал а тоа е мајка жртва, кое е особено ценето од културата
во која живееме. Кај нас со гордост се кажува како некоја мајка е целосно посветена на
семејството мислејќи притоа како ете таа секогаш ги става потребите на сопругот и децата пред
своите потреби. Ова е најкритична фаза во животниот циклус и често брачните проблеми кои не
биле рзрешени во првиот стадиум овде се интензивираат. Во овој стадиум кога жената ќе стане
мајка, почнува да добива милион пораки што треба да прави и како да прави, и кога бара совет и
кога не бара. Често нејзините граници се нарушени и секој си дава право да и кажува како треба
да постапува со своето дете. Со оглед дека ние сме растени во култура каде што девојчињата од
најмала возраст се учени да не поставуваат граници и дека е срамота да се каже не затоа што
некој може да се најде навреден од нашето не и дека тоа не е добро воспитано девојче така тие
девојчиња кога ќе станат мајки продолжуваат да се издаваат себе и кога чувствуваат дека сакаат
да кажат не воглавно остануваат безгласни. Затоа имаме огромен степен на депресивност помеѓу
женската популација и затоа денеска особено сме насочени кон тоа да се оснажат жените како не
би продолжиле да ги пренесуваат овие уверенија и вредности на своите деца. Пример со мајката
и ќерката.

Друг проблем во нашата култура и семејните односи е што често мажите се во улога на дете и
имаат потешкотија да превземат одговорност за своите деца и поактивно да се вклучат во
воспитувањето или да бидат повеќе уклучени во секојдневните домашни обврски.

Сето ова го зборувам затоа што рдоителите се најголем модел за своите деца. Децата воглавно
многу повеќе обраќаат внимание на невербалната комуникција па така ако имаат модел мајка
која е жртва во семејството и која не се грижи за себе голема веројатност има да и ќерката го
превземе тој модел и да мисли дека туѓите потреби секогаш треба да бидат пред нејзините
потреби.

Ова е исто период кога после трудничко отсуство жената се враќа на работа и каде што од нејзе се
очекува да биде добар работник, добра мајка, сопруга, на нејзе паѓаат најголем дел од
домашните обврски и во овој период жената како личност почнува да се губи себе затоа што често
има мала подршка од сопругот и на нејзиниот грб легнува огромен товар. Притоа во медиумите и
општо меѓу жените постои тој притисок како некоја жена е способна или како порано се можеле и
работа и деца и све стигале по дома, воопшто не се жалеле па често доаѓа и до чувство на вина
дека не е доволно добра мајка или жена итн. Затоа од голема важност во оваа фаза е
поставувањето на граници.

Семјејство со дете на предучилишна возраст

Овој период трае од 3 година на детето па се до тргнување на училиште. Према


психоаналитичката теорија ова е особено значајна фаза во психосексуалнит развој на детето
(едипов и електрин комплекс) во чии оквир доаѓа до разрешување на конфликитите со
истополниот родител во „борбата“ за родителот од спротивниот пол. Во овој период ако брачните
проблеми не се разрешат може да дојде до однос помеѓу партнерите како само да се во
родителска улога а да се изгуби партнерската улога. Тоа изгледа така што мажот е насочен кон
својата работа и активности воглавно надвор од домот а жената се свртува кон детето. Тука доаѓа
до ризик од тоа да поради брачното незадоволство сопругот да влезе во симбиотски однос со
работата а жената во симбиотски однос со децата.

Симбиотски однос

Под симбиотски однос се подразбира однос кој негува взаемна зависност и взаемен гнев во исто
време. Често лошиот партнерски однос и недоволната вклученост на сопругот во родителската
улога допринесува жената да се сврти кон детето и грижата кон детето да постане смисла на
нејзиниот живот. Тоа се делува наивно на почеток, ајде јас ќе те нахранам да знам дека не си
гладен, јас побрзо ќе те облечам, немој таму да не се повредиш, немој да трчаш можеш да
паднеш, собирање играчки наместо него, ослободување од секакви одговорности. Тоа понатаму
резултира со взаемна зависност, преголема контрола и неможност за адекватно осамостојување
на детето. Затоа многу е битно потребите на детето да не се ставаат на пиедестал и ако бара
нешто одма да ги оставате вашите обврски како да е неговата потреба најбитна во моментот. На
пример: миете садови а ви побара да излупите јабука ако е сеуште мало д ане може само кажете
да завршам па ќе ти излупам јабука. Не мора секогаш да биде одма и сега. Ако сте уморни може
да се прескокне некое излегување или шетање а не по секоја цена да биде прво неговите потреби
да се исполнат. Да не се бега од фрустрациони ситуации и да му се решаваат сите проблеми, кога
не знам решава некоја слагалица или нешто слично. Ако се избегнуваат фрустрациони ситуации
или правиме се да не плаче, да не осети тага или нешто слично тогаш тооа дете ќе има
потешкотиии во реалниот свет. Нема да биде спремно да се соочи со животните предизвици и
секогаш ќе има очекувања од родителот да превземе негова одговорност или тоа утре да биде
неговиот партнер оној кој ќе превзема одговорност наместо него. Тоа е типично за нашата култура
каде што е изградено култ дека ако се роди машко дете тоа само по себе е вредност и мора се да
му биде исполнето и подредено во животот, па така тие машки деца кои биле воспитувани во тој
дух често и во партнерските односи се однесуваат како деца, често покажуваат емоционална
незрелост.

Емоционала фузија (стопување) представува индивидуални избори кои се ставени по страна како
би се постигнала хармонија во семејниот систем. Ова е доста поврзано со симбиотскиот однос и
значи дека детето често нема чувство да направи избор односно ако изборот е спротивен од
изборот на родителите тоа значи дека не ги вреднува доволно дека не е доволно приврзан за нив,
односно тоа е кога дететовото не значи ти мене не ме сакаш чим ми кажуваш не. И овој обрразец
понатаму тие деца го пренесуваат во своите семејства или во односите со партнерите пријателите.
Кога некој нема да се сложи со нив настанува проблем се чувствуваат отфрлено и дека таа личност
не ги вреднува ако не се согласува со нив. Тоа се односи каде што членовите на семејството имаат
чувство дека се многу блиски дека супер функционираат а кога некој ќе направи избор кој е во
спротивност од очекувањата на другите тогаш доаѓа до нетрпеливост, конфликти, лутина итн.

Триаголници

Дисфункционален партнерски однос може да резултира и со триаголници односно детето е


вовлечено во партнерските проблеми и конфликти. Тоа може да се случи така што детето завзема
страна, е во коалиција со едниот родител или е вклучено така што родителите се насочени кон
детето во облик на критикување или загриженост поради некој симптом кој се јавил кај детето а
испод тоа е всушност начин на кој они ги маскираат своите проблеми или анксиозност која постои
меѓу нив. На пример: дете често се разболува, прават секакви испитувања итн нема ништо
озбилно и кога стигаат на терапија се открива дека тој симптом кој е развиен кај детето е затоа
што кога детето е болно мама и тато не се расправаат, него заедно се грижат за мене. Кога јас сум
болен нашиот семеен систем е безбеден.

Лојалност према примарното семејство

Лојалност према примарното семејство може да го дестабилизира новиот семеен систем. На


пример ќерката се консултира само со мајката за одлуки врзани за детето а го исклучува сопругот.
Или синот бара неговата мајка да биде повеќе вклучена во одлуките за грижата кон детето а го
негира мислењето на својата сопруга или не го уважува. Од моентот кога ќе се оформи новото
семејство доста е битно да се постават граници према поширокото семејство. Тоа е особено тешко
да се воспостави во нашата култура каде што често односи каде што нема никакви граници и каде
што протокот на информации е без никква контрола се сметаат за одраз на еден убав и близок
однос. За ова е добар пример приказната со ќерката и родителите кои ги пуштила да влезат. И
често ако некој проба да постави граници го сметаат за лош, себичен итн.

Родителите се првиот и најзначаен модел за своите деца.

Однесувањето на родителите е модел за децата како се разрешуваат проблеми, како се покажува


грижа, како се пружа утеха, како се комуникација. Ако во вашето семејство единствено сте
можеле да бидете слушнати така што викате тоа и те како ќе постане ваш модел кога ќе бидете во
конфликт со некоја особа.

Каква е семејната атмосфера, топла, ладна, дистанцираност.

You might also like