You are on page 1of 2

Тимска работа во социјална заштита - работа со

деца и работа со семејства под ризик

На ова предавање … ни ја опиша нејзината улога како


педагог вработен во Центарот за социјална работ. Таа
работи со деца без родители, деца без родителска грижа и
со деца питачи. Својата работа ја опишува како работа ,,на
терен” т.е. нејзиното работно место е на улицата, не во
вистинска смила на зборот, туку само таму може да се
долови смислата на тоа што таа го работи. Низ дискусијата
со неа дознав за многу нешта што се сокриени од очите на
јавноста или барем половично (и во голем процент
исфилувано) прикажано. Дознав дека во нашата земја има
многу повеќе вакви деца отколу што пошироката јавност
мисли дека има.
… работи исклучиво со децата и низ својата долгогодишна
работа, кога се зборува за деца без родителска грижа, таа
заклучила дека тие се способни да направат се за љубов
на своите родители. Тие не знаат како да се заштитат и
како да се справат и голем број од нив покажуваат
асоцијално однесување.
Една тема од оние што ми оставија поголем впечаток од
ова предавање беше ког … ни зборуваше како таа работела
со децата-мигранти. Како им помагала да ги најдат своите
родители и како за сето тоа време им пружила поддршка,
што е едно од основните работи кои им се потребни на овие
деца. Комуникацијата помеѓу нив ја олеснувале
преведувачи.
Кога зборувавме за деца без родители, дознавме дека тие
деца се згрижени во изнајмени куќи каде што во една соба
има по две деца. Тие имаат кујна и дневен престој, а во
една куќа престојуваат најчесто 6 деца. За нив се грижат
вработени социјални работници,педагози и психолози.
Значи, секој ден по 24 часа има некој со нив. Сите деца се
на различна возраст,различна верска припадност и
различна националност, но едно нешто што ги поврзува е
нивната иста судбина.
Мене лично, многу ми се допадна фактот што е старател
на 15 деца, а тоа само по себе носи многу обврски бидејќи
секое дете е посебно и различно на свој начин. Од сите
нешта, во нивниот однос најтешко, но воедно и најважно, е
да се изгради доверба. успеала да изгради доверба со сите
нив. Таа постојано е со нив, се грижи за нивните потреби и
желби. Разговара со нив и верува во нив. Кога ќе направат
грешка или кога не се послушни таа знае дека тие
индиректо повикуваат на разговор и дека скратувањето на
буџетот што го добиваат не е соодветна казна. Кога ќе
постигнат некоја цел за нив следи награда бидејќи според
неа учењето со поткрепување е најдобриот метод на учење.
После секоја средба се пишува извештај кој влегува во
досието на секое дете.
Со наполнување на 18 години, овие деца и понатаму се
заштитени од Центарот за социјална работа, но на малку
поинаков начин. Тие добиваат 180 000 денари, но пред тоа
се прави план каде ќе ги трошат. Ако студираат, Центарот
за социјална работа им го плаќа студирањето.
Од многуте информации со кои не преплави…, беше и
онаа на кој начин таа работи со деца кои се сексуално
малтретирани и како се добива информација од нив, без
притоа да се спомне трауматскиот настан. Се зависи од тоа
на која возраст се децата. Така, до седум годишна возраст
се работи со помош на играчки (на пр. девојче игра со
кукла и зборува во 3то лице. Му се поставуваат
прашањата: ,,Кој е ова?”, ,,Што прави?”); Од 7 до 14 годиини
со помош на цртеж - Кога цртаат куќа, ја цртаат без
прозорци и врати. Кога цртаат лик, на ликот доминантен е
половиот орган и најчесто тој лик е и злоставувачот. Себе
си се минимализираат. ; Над 14 години се бара од нив да
напишат текст со кој ќе се претстават себе си.

You might also like