You are on page 1of 3

Дневно оперативен план за наставната програма

,,Животни вештини“
Училиште ООУ,,Гоце Делчев“-Илинден
Одделение VIII б одд.
Наставник Билјана Д. Георгиевска Дата-18.09.2023
Програмска тема I Тема: Јас – личен развој
Наставна содржина Градење самодоверба
Работилница 4. Кога ќе пораснам, сакам да бидам...
-знае за концептот за себе и за сопствената единственост;
-знае различни начини на изразување на способностите и
Знаења капацитетите преку работа и слободни активности;
-знае различни начини со кои може да се придонесе во групната
работа.
-умее да ги развива своите потенцијали, знаења и нтереси во различни
Вештини области;
-умее да се соочува со предизвици;
-умее да ги истакне своите потенцијали и да соработува со другите во
решавање на задачи.
-сфати дека е важно верувањето ЈАС можам да влијаам на промените;
Ставови/вредности -прифати дека е важно да се одржува позитивно самопочитување
базирано на јасно самоспознавање.
-дискусија со цела група,
Mетоди -игровни активности,
-глумење и играње улоги
-поттикнува на размена на мислења
Придобивки -помага во стекнување вештини за комуницирање
-мотивираност за грижа за себе
Животни вештини -јасна слика за вредностите
Материјали
-мали ливчиња хартија,
-прибор за пишување,
-табла и креда.
Воведна активност
Сите деца стојат во широк празен простор на средина на училницата и треба да се наредат
во линија според должината на дланката, почнувајќи од најмалата па до најголемата дланка,
но при тоа не смеат да зборуваат.
Главна активност
-Главна активност 1:
Децата се делата во парови и на однапред подготвени ливчиња (по четири за секое дете)
секое за себе треба да напише четири желби за својата иднина (во следните пет години) во
четири различни области:
1. физички изглед;
2. практични постигнувања;
3. карактер/однесување;
4. начин на живеење.
Потоа во парови дискутираат за она што го напишале и си го објаснуваат. Наставникот
поведува дискусија за тоа кои работи може да влијаат врз остварувањето на нивните желби и
очекувања. Низ мозочна бура децата даваат идеи и наставникот ги запишува на табла. Потоа
наставникот бара да определат кои работи зависат од нив самите, а кои од другите луѓе или
од некои други, надворешни фактори. Откако ќе ги дефинираат оние работи кои потекнуваат
од самите деца и влијаат врз остварувањето на нивните желби, се поведува дискусија.
-Дискусија 1:
1. Кои работи влијаат врз остварувањето на нашите желби и очекувања?
2. Кои работи произлегуваат од нас самите и можат да влијаат врз остварувањето на нашите
желби?
3. Што е самодоверба? Како може таа да придонесе кон остварување на нашите желби?
4. Како се гради самодовербата? Дали се раѓаме со самодоверба или ја стекнуваме во текот
на животот?
5. Кој влијае врз развивање на самодовербата на децата (родителите, наставниците,
другарите, самото дете)?
6. Како самите можеме да си влијаеме врз самодовербата?
7. Кои коментари или реченици помагаат да се изгради самодоверба?
-Заклучок 1:
За да можеме да го оствариме она што го посакуваме, постојат работи кои зависат од нас
самите и со кои можеме да влијаеме врз нашите постигнувања. Пред сё треба добро да се
познаваме и да имаме реална слика за нашите способности, потенцијали и за знаења во
моментот, потоа да сакаме да прифатиме предизвици и да сме посветени, истрајни, да
имаме добра организација и планирање на активностите. Многу е важно да имаме
самодоверба, односно позитивна верба во себе дека можеме и умееме да го направиме она
што го посакуваме. Врз нашата самодоверба многу влијае позитивниот и поттикнувачки
однос на родителите, наставниците и пријателите. И самите можеме да влијаеме врз
самодовербата доколку се трудиме во секоја ситуација да дадеме сё од себе за да успееме,
прифаќајќи дека и покрај тоа е можен неуспех.
Завршна активност
Наставникот на подот со креда црта две долги паралелни линии на меѓусебно растојание од
еден метар. Децата се делат во две групи и едната група застанува по должината на едната
линија, а другата по должината на другата линија, при што групите се свртени една кон друга
со лице. На тој начин формираат„шпалир“ и едно по едно дете поминува низ „шпалирот“
движејќи се полека, а останатите деца го „тушираат“ со убави пораки – односно секое дете
му кажува по нешто убаво или нешто што му се допаѓа кај детето што поминува. Кога детето
ќе помине низ „шпалирот“ застанува на крајот од едниот ред на „шпалирот“, а првото дете од
истиот ред сега е детето што ќе треба да помине низ „шпалирот“. Така децата поминуваат
наизменично од секој ред сё додека не се изредат сите.
Заклучок
Секој има право на слободно време што може да го користи за одмор, разонода и личен
развој. Слободното време што го имаме на рсполагање можеме да го употребиме за корисен
и бескорисен начин. За користење на слободното време на бескорисен начин
(бесцелно ,,сурфање“ на Интернет, седење пред телевизор со часови вртејќи по каналите,
крадење на времето потребно за одмор и спиење и негово трошење на оговарање и слично)
велиме дека етрошење на времето, а пак за користење на времето на корисен начин велиме
дека е инвестирање на времето(во пријателства, во учење на странски јазик или спортување
и слично). Секогаш кога една активност сме ја завршиле за покусо време од предвиденото,
сме заштедиле активностите би можеле да ни помогне за станеме посвесни за времето што
го посветуваме на одредени активности и би ни помогнало правилно да го распоредиме.
Рефлексија
1.Што правевме?
2.Како се чуствувавме?
3.Што научивме?
4.Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like