You are on page 1of 4

Развојна 1

1. Периодизација на развојот кај децата според З.Фројд

1) орален стадиум од раѓање до 1 година.Извор на задоволство е устата.Доењето како главен


контак со мајката.Како главна радост за секое дете е цицањето и дејствијата кои ги врши преку
устата.

2)анална фаза од 1 до 3 години

Со празнењето на дебелото црево и мочниот меур стануваат ритуал на носител на


задоволство.Контролата на телото е дел од оваа фаза и родителите го учат детето да користи
тоалет .

3) Латентен стадиум од 6 до 12 години

Сексуалноста во овој стадиум е доста намалена,либидото е потиснато.Во овој стадиум повеќе


детето се спознва себеси во социјалните дејствија.Училишната средина и создавањето на
врсничките групи со стекнување на лични искуства се дел од градењето на самодовербата.

5)Генитална фаза и почеток на пубертетот

Зрели сексуални интереси.Градење на хетеросексуални односи кои се јавуваат како и кај


возрасните.Во оваа фаза постои задоволство за себе и секако желба да се задоволат потребите на
другите. Ако до овој стадиум сите фази биле поминати без значителни проблеми, личноста се
обидува да најде рамнотежата помеѓу различните сфери на своето постоење.

2. Кои се четирите етапи на интелектуалниот развој според Пијаже?

Според Пијаже интелигенцијата е основниот процес за да се обезбеди рамнотежа помеѓу


односите помеѓу личноста и животната средина.Развојот на интелигенцијата е континуиран
процес на асимилирање и акомодирање кои водат кон зголемување на сите идеи,шеми и сл.
Асимилација се различните искуства на единката се преобразуваат за да се вклопат во постојните
шеми. Истите искуства придонесуваат тие шеми да се зацврстат и да станат поефикасни.
Акомодација - е промена на внатрешните шеми. Кога ќе се јават нови средински искуства детето
треба постојните шеми да ги приспособи (акомодира) за да ги употреби во новите околности.

Првата етапа е сензомоторната.Новореденчињата го градат знаењето за светот преку поврзување


на слухот,видот..Оваа етапа се дели на шест потфази.

Преодоперационална етапа каде што децата околу втората година ги користат симболичките
способности (слики,зборови),одложена имитација,иреверзибилност,трансдуктивно резонирање
т.е резонирање од поединечно кон поединечно.
Следната етапа се конкретните операции- мислењето се одвива преку конкретни операции.Детето
е способно ментално да подредува,собира,вади,да ги преобразува предметите.

Да се мисли со конкретни операции значи да се употребат логички операции :


конзервација(детето согледува дека бројот и количината на материјата не се менуваат со
појавната промена на нивниот распоред),класификација,серијација(сфаќање на релационата
положба на предметите и случувањата во просторот и времето),нумерирање(последователност во
броењето.Комбинација на серијација и класификација)

Етапа на формални операции - Преминот од конкретни во формални операции има 2 специфики :

Првата : - конкретните операции не се заменети туку се вклучени во формалните операции

-методолошки пристап на решавање проблеми(ги разгледува можните решенија на систематичен


начин)

-при докажување и заклучување се служи со пропозиционално резонирање

-основен пристап за решавање проблем е хипотетско-дедуктивен

Втората : -преминот од конкретни во формални операции не е универзален,зависи од


созревањето на нервниот систем.Конкретните операции се од прв степен операции а
интелектуалните од втор степен.

3. Што е сензомоторната интелигенција според Пијаже?

Сензомоторната интелигенција – се развива преку дразби кои ги поттикнуваат сетилата за вид,


слух, мирис, вкус и допир, како и со употреба на различна група мускули преку движење на рацете
и нозете, а која е зачеток на интелектуалниот развој, социјалниот систем во кој расте детето
(релацијата со родителот, пред сè, со оној што се грижи за него).Посебно ги истакнува
когнитивните процеси во својата теорија т.е перцепцијата,вниманието,меморијата,говорот...

4. Наброј некои од показателите ЗА ПСИХОМОТОРНА ЗРЕЛОСТ ЗАТРГНУВАЊЕ НА УЧИЛИШТЕ


КАЈ ДЕТЕТО

Созревањето на биолошки план е универзална појава од 5 до 7 години.Постои процес на


латерализација.Волевото внимание е со мал обем и кратко траење свртено кон скриените
својста.Исто така постои веќе логичкиот поврзан говор со конкретни операции (се постигнува
конзервација на материја,класификација и инклузија на класи според Пијаже)

Знаци дека детето е подготвено да учи : детето го учи лесно она за што дава интерес,тој интерес е
траен,напредува во она што го учи. Новите знаења се поврзуваат и се придодаваат на
старите.Показатели за психомоторна зрелост за тргнување на училиште : има добра координација
на прсти и око,црта човечка фигура со глава,тело,раце,нозе(очи,уши),умее да покаже која му е
лева а која десна рака,говорот му се одликува со зависно-сложени реченици,размислува на ниво
на конкретни операции,се става во улога на друго лице

5. Кога започнува средното детство?

Започнува во шестата година и завршува околу 12 години.Се смета за најздрав период во целиот
животен циклус на човекот.Во овој период доста често се јавува појавата на дебели деца а како
причина за тоа се истакнува нездравата исхрана и пасивноста во живеењето.Карактеристично за
овој период е подоброто функционирање на мозокот кој влијае на скусување на реакционото
време.Во овој период имаме селективно внимание што значи способност за концентарција на
дразба додека другите се запоставуваат.Автомазицијата е процес на секвенција од мисли и
поведенија се повторува додека не стане автоматска т.е не постане навика. Когнитивниот стил
повеќе е поврзан со личната посебност отколку со IQ. Во почетокот на средното детство децата се
опишуваат според телесниот изглед и активностите што ги прават.Во средното детство се
опишуваат според некои ментални својства и посложени активности.Од околу осмата година
сликата за себе е поапстрактна и поглобална.Тоа значи дека децата се посвесни за сопствените
физички и ментални особини и ги споредуваат со врсниците.Свесни се за тоа како ги гледаат
другите.

6. Избери прашање кое најдобро го знаеш .

КОЛБЕРГ - Интелектуалното созревање и искуството влијаат врз моралното мислењ.Во средното


детство појавата на конкретното мислење и искуствата со врсниците им помагаат на децата да
преминат од претконвенционално во конвенционално ниво на морално резонирање.

3 нивоа и 6 стадиуми :

1 ниво Претконвенционално морално резонирање

-моралното расудување е контролирано од надворешните награди и казни

-нема интернализација

-цел е постигнување награда или избегнување на казна

-насоченост кон себе

Стадиум 1 – хетерономна моралност (мора да се прави добро,страв од казнување ,послушност)

Стадиум 2 – инструментална и релативистичка ориентација (секој води сметка за своите интереси)


2 ниво Конвенционално морално резонирање

- Интернализацијата е на средина

- Постојат заемни интерперсонални очекувања,обноски и конформизам

- Насоченост кон заедница

Стадиум 3 Заемни интерперсонални очекувања и конформираност (социјалното одобрување е


подобро од секој вид награда)

Стадиум 4 Моралност според социјален систем (секаква почит кон закон,ред ,правда)

3 ниво Постконвенцинално морално резонирање

-моралните вредности се целосно интернализирани

-насоченост кон идеали

Стадиум 5 Постојат општествени привилегии и права (општествени противречности)

Стадиум 6 Универзални етички принципи( кога има дилема меѓу законот и совеста се следи
личната совест)

You might also like