You are on page 1of 16

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

„ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН“


СВЕТИ НИКОЛЕ – БИТОЛА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ФАКУЛТЕТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА
СТУДИСКА ПРОГРАМА: ОПШТА ПСИХОЛОГИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ПСИХОЛОГИЈА НА СЕМЕЈСТВОТО

ЕДИПОВ И ЕЛЕКТРА КОМПЛЕКС

СТУДЕНТ: ДРАГАНА ГЕОРГИЕВСКА


БРОЈ НА ИНДЕКС: 1731057
МЕНТОР: ДИАНА БЕЛЕВСКА

Свети Николе, 2021


АПСТРАКТ

Комплекс е организирана група или констелација на чувства , мисли ,перцепции и


сеќавања кои постојат во личното несвесно.Тој има јадро кое делува како магнет
привлекувајќи кон себе или “констелирајќи“ различни доживувања. (Јунг,1934).
Комплексот може да се однесува како самостојна личност која има сцој душевен живот
и свој двигател. Тој може да ја приграби контролата над личноста,да се служи со
психата за свои сопствени цели како што Толстој се вели дека бил обземен од идејата
за упростување , а за Наполеон со желбата за моќ.

Едиповиот комплекс е инспириран од грчкиот еп за Едип, кралот на Теба.Фројд сметал


дека целокупното однесување на човекот е мотивирано од желбата за доживување на
задоволство. Таа мотивација е организирана и усмерена на два вида инстинкти :
сексуалност (ерос) и агресивност (танатос).Според него, двата интинкти потекнуваат од
внатрешна психичка енергија која се нарекува либидо. Инстинктите се исполнуваат со
акција на три психички структури : ид ,его и супер его. Едиповиот комплекс се појавува
и разрешува во текот на фалусната фаза.Фројд го сметал Едиповиот комплекс за
средишен настан во развојот на личноста.

Историјата и судбината на Едиповиот комплекс се различни кај машкиот и женскиот


пол.Во почетокот и двата пола ја сакаат мајката бидејќи таа ги задоволува нивните
потреби,а се лутат на таткото бидејќи го сметаат за соперник за мајчинската љубов.Ова
чувство кај машкото останува ,а кај женското се менува. Женското го менува првиот
објект на љубовта спрема мајката, за нов објект – таткото.

Клучни зборови: едипов комплекс,електра комплекс,Фројд,фалусен


стадиум,сексуалност
СОДРЖИНА

АПСТРАКТ.........................................................................................................................1

Клучни зборови:.............................................................................................................1

ВОВЕД..................................................................................................................................2

1 ШТО Е ЕДИПОВ И ЕЛЕКТРА КОМПЛЕКС?.....................................................3

1.1 Зошто е наречен Едипов/Електра комплекс?................................................4

1.2 Сигмунд Фројд.....................................................................................................5

1.3 Фројдова психосексуална теорија....................................................................7

2 Little Hans = Herbert Graf (1903 -1973) – студија на случај.......................11

ЗАКЛУЧОК.......................................................................................................................13

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................14

ЛИСТА НА СЛИКИ

Слика 1: Фројд и Јунг..........................................................................................................2


Слика 2: Сигмунд Фројд......................................................................................................5

i
ВОВЕД

Едиповиот конфликт или комплекс се опишува како состојба на психосексуалниот


развој во таканаречената фалусна фаза на Фројдовата теорија , на возраст на три до пет
години. Разрешување на Едиповиот комплекс настанува со идентификација на
истополниот родител. Фројд сметал дека овој комплекс е база на суперегото и јадро на
сите човечки односи. Многу психијатри и психолози го опишуваат значењето на
едипалните односи во личниот развој во западната култура во вид на љубов кон едниот
од родителите и антагонизам кон другиот.

Додека терминот Electra комплекс е често поврзан со Фројд, всушност Карл Јунг


го измислил терминот во 1913 година. Фројд го отфрлил терминот и го опишал како
обид "да ја нагласи аналогијата помеѓу ставот на двата пола". Фројд го употребил
терминот женски Едипов став за да го опише она што сега го нарекуваме Електра
комплекс.

Слика 1. Фројд и Јунг

1
1 ШТО Е ЕДИПОВ, А ШТО ЕЛЕКТРА КОМПЛЕКС?

Едиповиот и Електра комплексот се привлечност која ја чувствува детето кон


родителот од спротивниот пол, и непријателство и ривалство кон родителот кон истиот
пол (соперник). Детето е љубоморно на родителтот од истиот пол , па затоа сака да го
тргне и да завземе неговото место. Нормално се разрешува со постепена
идентификација со родителот од истиот пол и со одрекување од сексуалниот интерес за
родителот од спротивниот пол. Повеќето луѓе ја надраснуваат едиповата фаза , иако тоа
не е скогаш правило. Некои ментално болни поединци и кога ќе созреат сеуште имаат
силен Едипов комплекс. Според Фројд , главна причина за разрешување на Едиповиот
комплекс е стравот од татковата казна. Фројд, авторот на овој термин , според својата
теорија на личност го сметал Едиповиот комплекс за основа на суперегото и јадро на
сите меѓучовечки односи. Според него ,сите луѓе искусуваат Едипов и Електра
комплекс. Антрополозите го доведуваат во прашање и постоењето на овој комплекс во
незападните општества. Тие сметаат дека се развива како резултат на општествената
околина, а не во секоја личност. Неразрешен Едипов комплекс е причина за појава на
невроза и се отсликува во односите со другите поединци.

2
1.1 Зошто е наречен Едипов комплекс,а зошто Електра комплекс?

Фројд го нарекол комплексот врз основа на карактерите од трагедијата на Софокле ,


кралот Едип – кој случајно го убива својот татко и се жени со мајка си. Во грчкиот мит
Едип е напуштен по раѓањето и со самото тоа не знае кои му се родители. Дури откако
го убива таткото и се жени со мајката ги открива нивните идентитети.

За Фројд, трагичниот ефект е поврзан со особената природа на материјалот употребен


од Софокле во Цар Едип, што значи конечно во соништата за соединување со мајката и
на убиството на таткото коишто, пишува тој, го даваат клучот на трагедијата:
„Легендата за Едип е реакција на нашата имагинација на овие два типични сни и
бидејќи овие сни кај возрасниот се придружувани со чувство на одбојност, легендата
треба со самата своја содржина да донесе ужас и самоказнување.“ Би можело долго да
се расправа за ова „треба“ и да се забележи, на пример, дека во првите верзии на митот
нема, според неговата легендарна содржина, ни најмала трага од самоказнување со
самото тоа што Едип умира спокојно наместен на тронот на Теба, без воопшто да си ги
ископа очите. Токму Софокле е тој што, заради потребите на жанрот, му ја дава на
митот неговата вистински трагична верзија. За да ја докаже својата теза, Фројд пишува
дека кога се сакало да се произведе трагичен ефект во една драма на судбината
аналогна на Цар Едип со употреба на поинаква граѓа од едиповските сништа, неуспехот
бил целосен.

За оваа приказна Фројд имал голем интерес. Неговото прво директно упатување на
Едип се наоѓа во писмото на неговиот пријател Wilhelm F . датирано од 15 .10.1987
година , во кое тој говори за драмата на Софокле и Крал Едип : „ Дојдов до една идеја
која е од голема важност.Сфатив дека сум бил заљубен во сопствената мајка и дека сум
бил љубоморен на својот татко и сфаќам дека тоа е доживување кое датира од моето
детство .“ Меѓутоа , во тоа време овие опсервации за една „идеја од општа важност“ ,
се наоѓаат заедно покрај другите. По приоритетно и од голем интерс биле другите
видови на инцести односно сексуалното злоупотребување на децата од други родители
и дали извештаите на пациентите се вистински или се фантазија.

Во поглед на Електа комплексот , самиот термин произлегува од грчкиот мит за


Електра и нејзиниот брат Орест, кој ја напишал смртта на нивната мајка за одмазда за
убиството на нивниот татко. Фројд ги развил основните идеи на Електра комплекс,

3
иако не го нарекол како таков. Фројд, наместо тоа, се осврнал на тенденцијата на
девојката да се натпреварува со мајка си за поседување на нејзиниот татко како женски
став на Едип или негативниот комплекс Едип.

Фројд и Јунг првично биле блиски пријатели и колеги, но Јунг сè повеќе бил
вознемирен и незадоволен од одредени аспекти на теориите на Фројд. Тој сметал дека
Фројд ја нагласува улогата на сексуалноста во мотивирањето на човечкото однесување.

Конечно, Јунг се дистанцирал од фројдовите психоаналитички врски и навредливоста


растела помеѓу нив двајцата.

1.2 Сигмунд Фројд (1856-1939)

Слика 2 . Сигмунд Фројд

Фројд е роден на 6 мај 1856 година од Галско – Еврејски родители во моравскиот град
Пшибор, Австриска област, којашто сега е дел од Чешка. Татко му бил трговец со
волна, имал две деца од претходен брак. Мајка му, Амалиа, третата жена на Џејкоб.
Фројд е првото од нивните осум деца и поради неговото прерано созревање, тие го
сакаат повеќе од неговите браќа и сестри уште од неговото рано детство. И покрај
нивната сиромаштија, тие жртвуваат се што имаат за да му овозможат соодветно
образование. Како последица на економската криза од 1857г., татко му останува без
работа и семејството се преселува во Лајпциг пред да се преселат во Виена. Во 1865г.,

4
Сигмунд се запишува во истакнато средно училиште. Фројд бил еден извонреден
ученик и дипломирал со почести во 1873г. По намерата да студира право, Фројд се
запишал на медицинскиот факултет на Универзитетот во Виена да студира кај
дарвинистичкиот професор Карл Клаус. Во тоа време, историјата за животот на
јагулите е сѐ уште непозната.

Во 1874г., идејата за „ психодинамичноста ” е предложена со објавувањето на


предавањата по физиологија од страна на германскиот физиолог Ернст Вилхелм Вон
Брук, којшто, во соработка со физичарот Херман Вон Хелмхолц, еден од оние коишто
го формулираат првиот закон за термодинамика (заштита на енергијата), тврди дека
сите живи организми се енергетски системи управувани исто така со ова начело. Истата
година, на Универзитетот во Виена, Брук му е надзорник на Фројд – којшто е студент
по медицина во прва година и којшто ја прифаќа оваа „динамична психологија”.
Понатаму во Предавањата по физиологија, Брук го претставил радикалниот поглед –
дека живиот организам е динамичен систем во кој спаѓаат законите на хемијата и
физиката. Ова била почетната точка на динамичната психологија на Фројд за мозокот и
неговата врска со несвесното. Потеклото на основниот модел на Фројд, заснован на
основите на хемијата и физиката, според Џон Боулби, потекнувал од Брук, Мајнерт,
Бруер, Хелмхолц и Хербарт. Во 1876г. тој го објавил неговиот прв извештај за
„ тестисите на јагулите” во Mitteilungen der österreichischen Akademie der
Wissenschaften, признавајки дека не може да го реши проблемот. Во 1877, Фројд си го
скратува името од „Сигизмунд ” во „ Сигмунд ”. Во 1879г., тој ги прекинува студиите
за да отслужи една година задолжителна воена служба, а во 1881г. станува Доктор по
медицина со назначувањето за Über das Rückenmark niederer Fischarten („за жрбетниот
столб кај поретките видови риби”).

Во октомври 1885 Фројд бил во Париз на колегијално патување да студира со


најпознатиот Европски невролог, Жан Мартин Чаркот.По неговата медицинска пракса,
специјализирана во областа на неврологијата, Фројд во 1886г. се оженил со Марта
Бернајс. По експериментирањето со хипнозата на неговите невротични пациенти,
Фројд се откажал од тој третман откако се покажал како неефикасен за повеќето
пациенти, со фаворизирање на третманот каде што пациентот зборува преку неговите/
нејзините проблеми. Ова е познато како ,,лекување преку зборување” а крајна цел на
ова зборување е лоцирање и ослободување на моќната емоционална енергија којашто

5
во почетокот е одбиена и затворена во несвесниот ум. Фројд ова негирање на емоциите
го нарекува ,,потиснување” и верувал дека тоа го попречува нормалното
функционирање на психата, а исто така може да го отежни и физичкото
функционирање, коешто тој го опишува како ,,психосоматски” симптом.,,Лекувањето
преку зборување” се смета за основа на психоанализата. Во четириесеттите, Фројд ”има
бројни психосоматски нарушувања како и претеран страв од умирање и други фобии”.
Во овој период Фројд се занимава со изложување на сопствените сништа, сеќавања и
динамиката на развојот на неговата личност. За време на оваа самоанализа тој ја сфаќа
одбивноста што ја чувствувал кон татко му (Џејкоб Фројд), кој умира во 1896г., и ,,исто
така повторно ги повикува неговите детски сексуални чувства спрема мајка му
( Амалија Фројд), атрактивна, топла и заштитничка” смета дека овој период на
емоционална потешкотија е најкреативниот период во животот на Фројд. По
објавувањето на неговите книги во 1900г. и 1902г., заинтересираноста за неговите
теории почнува да се зголемува, а во подоцнежниот период се разива и одреден круг на
поддржувачи. Фројд често е во судир со набљудувачи кои ги критикуваат неговите
теории, а најпознатиот од нив е Карл Јунг, кој уште на почетокот ги поддржува идеите
на Фројд. Дел од причината за несогласувањето помеѓу Фројд и Јунг е подоцнежниот
интерес и обврска кон религијата и мистицизмот, за коишто Фројд смета дека не се дел
од науката.

1.3 Фројдовата психосексуална теорија

Според неа, сите деца од раѓање имаат наклонетост на сексуалната енергија и може да
бидат насочени апсолутно произволно, односно детето првично не се однесува на ниту
еден од двата пола. Само со текот на времето, таканареченото либидо е локално
формирано во ерогени зони, а во подоцнежниот период - во гениталијата. Според
Фројд, либидото е сексуална привлечност,основа е на човечката психа, и пред да стане
сексуална во општа смисла на зборот, таа поминува низ неколку фази на развој. Со
други зборови, во одредени интервали, центрите за психосексуално возбудување на
детето не се сексуални органи, туку други предмети. Детето после нив влегува во
продолжени период на латенција т.е во таканаречени мирни години. Во текот на овој
период импулсите тежнеат да бидат задржани во потисната состојба.

Според Фројд, може да се издвојат пет стадиуми на развој на сексуалноста:

6
1) Орален стадиум

Главен извор на пријатност кој доаѓаод устата е јадењето. Јадењето опфаќа тактилно
надразнување на усните и на усната празнина ,голтање и ако храната е непријатна се
изфрла. Пријатноста која доаѓа од оралното внесување може да биде поместена на друг
вид на внесување ,како што се здобивање на знаења или имот. Гризењето или оралната
агресивност може да бидат поместени и да се искажат во облик на саркастичност и
полемичност.Ова е период кога настанува чувтвото на зависност т.е кога бебето е
целосно зависно од својата мајка. Фројд верувал дека желбата за враќање во утробата е
најекстремниот симтом на зависност.

2) Анален стадиум

Кога ќе започне вежбањето на контролираното вршење на нужда,обично во текот на


втората година од животот ,детето го стекнува првото одлучувачко искуство со
правилото за средување на инстинктивниот импулс кој доаѓа од надвор. Тоа мора да
научи да го одложува задоволството кое потекнува од аналната напнатост.

3) Фалусен стадиум

Во текот на овој стадиум од развојот на личноста во средиштетот доаѓаат сексуалните и


агресивни чувства поврзани со функционирањето на гениталните органи. Пријатноста
при мастурбација и желбите на детето , кои се пропратени со автоеротична активност
,поставуваат сцена за појава на Едиповиот комплекс.Овие чувства се изразуваат во
детската фантазија за време на мастурбација и при наизменични љубовни и
бунтовнички реакции спрема родителите.

Машкиот родоскрвнувачки копнеж за мајката , како и зголемената омраза насочена кон


таткото ,доведува до судир со родителите , особено со таткото. Тој замислува дека
неговиот надмоќен соперник ќе го повреди и стравот на момчето може вистински да
биде потврден со закана на таткото кој е увредлив и го казнува. Неговиот страв од она
што таткото би можел да му го направи се насочува на повреда на неговите генитални
органи бидејќи тие се извор на неговите алчни чувства. Тој се плаши дека неговиот
љубоморен татко ќе ги отстрани неговите органи.Стравот од кастрација или како што
Фројд го нарекол кастрационен страв , доведува до потиснување на сексуалниот
копнеж за мајката и непријателството кон таткото. Поистоветувајќи се со таткото ,

7
машкото исто така обезбедува извесно заменско задоволување на своите импулси
спрема мајката . Истовремено , неговото опасно еротско чувство спрема мајката се
претвора во безопасна нежна љубов спрема нејзе. Конечно , потиснувањео на
Едиповиот комплекс овозможува над-јас да влезе во завршниот развој. Според
Фројдовите зборови ,над-јас е наследник на машкиот Едипов комплекс. Тој е бедем
против родоскрвнување и агресија.

Развојот и поништувањето на женскиот Едипов комплекс е посложен. Пред


се,женското го менува првиот објект на љубовта спрема мајката ,за нов објект –
таткото. До ова доаѓа преку нејзините реакции на разочарување кога ќе открие дека
машките имаат истакнат сексуален орган-пенис ,додека таа има само празнина. Од ова
трауматско искуство произлегуваат неколку важни последици. Прво ,таа ја смета
својата мајка одговорна за својата кастративна состојба ,што го ослабнува вложувањето
за мајката. Второ, таа ја пренесува својата љубов на таткото бидејќи тој има вреден
орган кој таа тежнее да го дели со него. Меѓутоа, нејзината љубов спрема таткото и
други машки е помешана со чувствување завист бидејќи тие имаат нешто што таа го
нема. Зависта поради машкиот орган е женски дупликат за кастрациониот страв на
машкото идвете појави добиле заеднички назив, Кастрационен комплекс.

Женското замислува дека загубило нешто вредно, додека машкото се плаши дека тоа ќе
го изгуби. Недостатокот на машки полов орган во оизвесна мера се надополнува кога
жената ќе роди бебе, освен ако бебето е машко. Кастрациониот комплекс кај женските
отвора пат за Едипов комплекс, ослабнувајќи го нејзиното вложување а мајката и
воспоставувајќи вложување за таткото. За разлика од Едиповиот комплекс кај машките,
кој е потиснат или на друг начин изменет со Кастрациониот страв, Електра комплексот
кај женските тежнее да остане, иако трпи некои измени преку реалистичните препреки
кои ја спречуваат да ги задоволи своите сексуални желби со таткото. Но, тој не се
потиснува толку многу како кај машките. Овие разлики во природата на
Едиповиот/Електра и Кастрациониот комплекс се основа за многу психички разлики
помеѓу половите.

Фројд претпоставил дека секоја особа суштински е бисексуална – секој пол го


привлекуваат припадници од истиот пол и припадници од спротивниот пол. Ова е
конституционална основа за хомосексуалноста, иако кај голем број луѓе
хомосексуалните импулси остануваат латентни. Оваа состојба на бисексуалност го

8
комплицира Едиповиот комплекс бидејќи ги насочува сексуалните вложувања кон
родителот од ист пол. Тогаш машките чувства кои се насочени кон таткото и чувствата
на женските спрема мајката по својот карактер се повеќе амбивалентни одколку
унивалентни. Претпоставката за бисексуалноста ја поддржале податоците од
истражувањата за ендокрините жлезди кои прилично убедливо покажале и докажале
дека и машките и женските сексуално хормони се присутни кај двата пола. Јавувањето
и развојот на Едиповиот и Кастрациониот комплекс се главни случувања во фалусниот
период кои создаваат многу слоеви во личноста.

4) Генитален стадиум

Поединецот во овој стадиум се стреми за задоволство со надразнување и


манипулирање со сопственото тело, а кај другите луѓе вложувањето се користи
затоа што помага да се обезбедат дополнителни облици на телесно задоволување кај
детето. Младиот човек почнува да ги сака другите со човекољубиви мотиви, а не
само од себичните и нарцисоидните мотиви. Почнува да се изразува сексуална
привлечност, групна активност, социјализација, планирање на професија и
подготовка за брак и создавање на семејство. Поединецот од мало нарцисоидно дете
што бара пријатност се претвора во реалистички ориентиран и социјализиран
возрасен човек. Вложувањето на оралниот, аналниот и фалусниот стадиум се
изразило и се синтетизирало со гениталните импулси. Главна биолошка функција на
овој стадиум е продолжување на видот; психолошките аспекти помагаат оваа цел да
се оствари обезбедувајќи одредена мера на стабилност и сигурност.

2. Little Hans = Herbert Graf (1903 -1973) – еден од петте славни студии на случај

Малиот Ханс бил мало дете кое било субјект на рана ,но екстензивна фројдова студија
на кастрациска анксиозност и Едипов комплекс. Хансовата невроза попримила облик
на онеспособувачка фобија од коњ ( Hippophobia ). Фројд напишал резиме на своите
третмани кои ги правел на малиот Ханс во 1909 година под наслов “Анализа на
фобиите кај петгодишни деца“. Тоа било само еден од неколкуте прикази на случаеви

9
кои ги објавил Фројд , а тоа што научил од Хансовата ситуација ја поддржало неговата
теорија.

Се сметало дека Хансовиот страв и анксиозноста се резултат на неколку фактори ,


вклучувајќи го и раѓањето на малата сестра , неговата желба да го замени својот татко
како маж на својата мајка , конфликти поради мастурбација и др. Фројд сметал дека таа
анксиозност е вкоренета во непотполната репресија на сексуалните чувства и други
одбранбени механизми, кои детето ги користело во борба против импулси вплеткани во
неговиот сексуален развој. Хансовото однесување и емоционалната состојба се
подобриле кога неговиот татко му објаснил се ,и тие двајца се збижиле.

Самиот Ханс не можел да го поврзе стравот од коњ и желбата да се реши од својот


татко. Џорџ Сербан , дал коментар : „ Таа претпоставка му ја сугерирал својот
татко,притоа Фројд и сам признал дека на Ханс требал да му каже многу повеќе од тоа
што тој сам не можел да го искаже, требал да му прикаже мисли за кои до сега не
покажувал знаци дека ги има , и дека неговото внимание треба да се насочи во насока
од која неговиот татко очекувал дека може нешто да произлезе“.

Алфред Адлер се спротивставил на фројдовото уверување за доминација на


сексуалниот нагон и на тоа дали его импулсите се либидинални, а исто така ги напаѓал
и фројдовите идеи за репресија.Адлер верувал дека теоријата на репресија треба да се
замени со концептот на его одбранбени тенденции во споредба со невротични состојби
кои произлегуваат од чувството на инфериорност и прекумерна компензација на
машкиот протест. Едиповите комплекси не му биле од голема важност. Иако Фројд
верува дека Едиповиот комплекс настанува некаде околу петтата година , Мелани
Клајн верува дека тој настанува многу порано , најверојатно во првите дво години од
животот на детето. Популарната култура често го портретира Фројд како секогаш
фокусиран на сексуалните влијанија и неговата теорија за Едиповиот комплекс е често
критикувана , како и идејата на потиснување и верување во доминацијата на
сексуалниот нагон и егото кое е либидно.

Кохут во шеесетите години на 20 век сметал дека идејата треба да се отфрли , бидејќи
растот и обликувањето на нормалниот и здрав нарцизам е самостоен и нужен развоен
процес и дека здравиот нарцизам е предуслов за успешен живот кој вклучува објектни

10
односи , и дека појавата на секундарниот нарцизам треба да се сфати како остаток од
нормалниот процес на нарцистичко созревање.

ЗАКЛУЧОК

Едиповиот комплекс кој не е разрешен во зрелата доба може да предизвика низа на


пореметување на функционирањето на личноста,неврози и ментални пореметувања. Во

11
моментот кога тие пореметувања почнуваат да го намалуваат квалитетот на животот
,потребно е да се обрати на стручно лице , односно психијатар.

Психоанализата , метода на лечење која ја започнал Фројд,е само една од терапиите на


избор. Најважно е да си признаете на себе и на другите за постоење на проблемот без
да чувствувате срам да се побара помош. Фројд според својата теорија на личност
сметал дека Едиповиот комплекс е темел на супер егото и јадро на сите меѓу човечки
односи. Како последица на интензивна и разновидна критика , многумина ја уочуваат
смалената важност на Едиповиот комплекс за психоаналитичка и феминистичка
теорија. Наместо тоа,дебата е преместена на пре-едиповска и рано – едиповска фаза и
воочени се обиди истото повторно да ја исцрта мапата на развојот на детето,во овој
случај,во несексистички рамки .Особено е важна ревалоризацијата на мајката и раниот
однос на детето со нејзе.Бранителите на Едиповиот комплекс се фокусираат на
побивање на критиките со укажување на неговата консолидација на суперегото.

12
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. http://mirage.com.mk/index.php/mk/007/252-theoretical-discourses/291-2013-04-23-
12-35-29
2. https://panacea.mk/shto-e-edipov-kompleks/
3. https://mk.reoveme.com/
4. Freud ,Sigmund : <<Tri rasprave o teoriji seksualnosti>> , Stari grad ,Zagreb ,2000
5. Jacques Lacan : << Edipov kompleks>> ,Ivanic-grad.2001
6. Hol Kelvin , Lindzi Gardner : << Teorii na licnosta>> < Skopje ,2007

13

You might also like