You are on page 1of 13

СУГС “Георги Димитров” – Скопје

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО ПРЕДМЕТОТ: ФИЛОЗОФИЈА


ТЕМА: ХЕРАКЛИТ

Ментор: Изработил:
Проф. Трајче Серафимовски Михаела Шукова

Скопје 2022

1
Содржина

Содржина
I.Вовед........................................................................................................................................................3
II. Хераклит и неговото дело....................................................................................................................5
1. За природата.......................................................................................................................................6
2. За движењето и менливоста..............................................................................................................8
3. За спротивностите.............................................................................................................................9
4. За огнот и хармонијата....................................................................................................................10
5. За сетилата и разумот......................................................................................................................11
III. Заклучок.............................................................................................................................................11
IV.Користена литература........................................................................................................................13

2
I.Вовед

...Што сум разбрал добро е, а мислам дека е добро


и тоа што не сум го разбрал...

Во шестиот век пр. Хр., појавата на јонските физичари, познати и како јонска
философска школа, го означи раѓањето на хеленската филозофија. Ова истовремено беше
и раѓање на хеленската, односно европската рационалност, како позитивна мисла - која до
ден денешен е основата на западната научна мисла. Едниот од седумте мудреци, Талес од
Милет, е првиот филозоф и научник, а по него, веќе во истиот тој шести век, следат и
Анаксимандар, Хераклит, Анаксимен, и по нив мнозина други. Хеленската филозофска
мисла се развива бурно, брзо, со се поинтензивен ритам.

Вистина, тогаш е родена рационапноста: логос е еден од клучните принципи врз кои
е изграден хеленскиот полис како уредување. Но тој логос се препозна себеси, се освести
за самиот себе и почна да се рефлектира дури во хеленската филозофска и научна мисла.
Тука почнува вистинскиот прогрес на западната рационanност, процес кој, очигледно,
трае до ден денес. Но тука почнува и двоењето на Мислата - која, отсега па натаму,
никогаш нема да престане да се мисли самата себе - од митското, кое ќе му го остави на
обичниот човек, кој, од своја страна, пак, никогаш во текот на античката историја нема да
се одвои од него, како што не се одделува и од својата религија. Со развојот на хеленската
филозофија поимите на духовното и телесното се повеќе се разграничуваат, разликуваат и
спротивставуваат. Бог/божеското почнува да се мисли независно, и се повеќе со и во
единствено чистата мисла - тој е сотворен од неа, живее во неа и до него се допира само
низ неа. Астракцијата се јавува како принцип кој ја разликува филозофската мисла од
другите видови мисла.

3
Хеленската рационалност раскинува со традицијата. Но овој раскин не e еамо
гносеолошки, туку и на социјално ниво. Ако првите мудреци биле длабоко иочитувани од
народот, философите се повеќе почнуваат да штрчат и да се разликуваат по својот начин
на живот и однесување. Питагорејците живеат во безмалку паралелен свет, а Хераклит е
вистински отпадник. Првите не сакаат своето тајно знаење да го делат со обичниот човек;
од друга страна, пак, тешко можно е дека вториов, со својата апстрактна мисла и
неконвенционалност, можел да го има угледот на некој од мудреците и со своето знаење
да почне да го просветува обичниот човек. Јазот меѓу философското и општонародното
знаење, она што e “common sence” на епохата, е се поголем, а кулминира во славното
распнување на Сократ од страна на толпата.

4
II. Хераклит и неговото дело

Во Ефес (Мала Азија) се појавува Хераклит со својата позната ,,С è тече” (сè се
менува) сметајќи дека во природата сè е во движење и ништо не е вечно. Тој укажувал
дека еветот е создаден на спротивности: дека не знаеме што значи да се биде здрав додека
не се разболиме, дека додека не знаеме што е глад не го знаеме задоволството на ситоста.
Сметan дека и доброто и злото си имаат свое место во светот и кога не постоела таа игра
на спротивноси, не би постоел ни светот. Во таа промена на противречностите во
природата Хераклит го гледал единството, целината, а нештото што го сочинувало тоа
единство го нарекува „Бог” или „Разум”.

Како основа (начело) на се го земал огнот, но се разбира во поширока смисла на


зборот - дека живото „гори”, а неживото е изгаснато и влажно. Тој е прв филозоф кој се
занимавал и со човековата душа - за која сметал дека е основна живототворна сила.

Хераклит е познат како „Темниот”, „Мрачниот” поради тежината да се


сфати неговата филозофска мисла и поради тоа што бил секогаш сериозен и
нерасположен. Според мене, за најголема почит е тоа што тој се откажал од престолот во
корист на својот брат, а се откажал од кралскиот живот за да му се посвети на
размислувањето и пишувањето на единствената книга „За природата”.

5
1. За природата

Според античките хроничари, Хераклит го напишал списот „За прпродата“ кои е


поделен на три расправи:

. • За вселената,
• За политиката и
• За теологијата.

Според други, Хераклит не пишувал туку своето учење го излагал усно, а делото
кое денес му се припишува е само збирка на изреки кои се поврзуваат со неговото име.
Меѓутоа фрагментот бр.1 со својата должина и грижлива избaлансираност упатува на
пишан состав што можеби стоел на почетокот од делото, а пак и Аристотел говори за
пишаното дело на Хераклит истакнувајќи еден проблем со интерпункцијата во него.
Традицијата ни раскажyва дека Хераклит своето дело го поклонил на божицата Артемида
во нејзиниот храм во Ефес и таму се чувал се додека античкиот пироман Херострат не го
запалил храмот за да се прослави.

Храмот на Артемида

6
Од огромниот пожар кој го зафатил храмот изгореле списите на Хераклитовото
дело, но свештениците успеале да спасат мал број од списите, поточно околу 1З0-тина
фрагменти. Овие зачувани фрагменти истраживачите ги групираат и нумерираат на повеќе
различни начини. Така иследувачот на Хераклит. Конш ги групира Хераклитовите
фрагменти според податливоста и информативноста на фрагментите. Српскиот
хераклитолог М. Марковиќ ги групира фрагментите тематски, а најшироко прифатено
групирање и нумерирање е она на гер. философ и филолог Херман Дилс кој ги групира
според абецедниот редослед на имињата на авторите кај кои се запазени хераклитовите
фрагменти.

7
Од фрагментите на Хераклит се гледа дека тој пишyвал во стегнат, тежок и
aнтитетичен стил во коj треба да се открива скриената хармонија. Неговиот стил на
пишување изобилува со профетика и хиератика којa иницира афористичко, симболнчко и
метафорично стилско излагање. Пишувал како што прорекнувале во делфи, ниту кажувал
ниту не кажувал, туку само наговестувал. Често не ставал интерпункциски знаци со што ја
зголемувал симболичноста и повеќе кратното значење на неговите изреки.
Хераклитолозите сметаат дека Хераклит пишувал во архаичен литературен род, поточно
со изреки како што пишувале седумте мудреци. Тој пишувал кратки пергантни стилски
обликувани афоризми кои се нарекуваат дломе. Дломето е такво естетско цело кое
изобилува со симетрија и паралелизам во деловите, како и со ритмичност на елементите
во него кои се полни со игри со зборови, мерафори, алузии поточно поетичност во прозна
форма. Меѓутоа неговите афоризми се најчесто нејасни, криптични, опскурни и слично, па
затоа го заработил прекарот Темниот. Некои теоретичари на неговите дела тврдат дека
Хераклит намерно пишувал на овој начин, иако поприфатлива е тезата дека едноставно за
тоа што пишувал не може поинаку да се пишува. Хераклитовата докторина може да се
подели на: онтологија, космологија, антропологија, а со неа е во врска и психологијата и
етиката.

2. За движењето и менливоста

Хераклит во центарот на свосто учење го ставил движењето, за него суштината


претавувала менувањето кое се случувало со законитости. Сè што егзистира има зачеток и
крај - настанува, постои и исчезнува, од небиднината во бидувањето и повторно во
небиднина. Според Хераклит, сè се менува и сè се појавува ново и одново, како што
сонцето е ново секој ден. Сè е подложно на минливоста, секој предмет, секое суштество и
секој настан:

.....Во исти реки влегуваме и не влегуваме, сме и не сме....

8
3. За спротивностите

Хераклит учи дека насекаде има сптоѕивности, тие постојат една врз основа на
друга, спротивноста зависи од постоењето на она што нејзе и е спротивно:
.....Болеста здравјето го направи пријатно и доброто, гладот – ситоста, а заморот –
одморот....

Протиставените сили ја определуваат промената, војната е општа, борбата е правда


и се настанува низ борба и по нужност. Поради спротивностите како и поради потребата
за промена, ништо не трае вечно исто. Постојано се води борба и се воспоставува
единство на спротивностите. Новите својства се раѓаат од тоа што спротивно се
обединува... од различните нешта произлегува најубавата хармонија... се настанува низ
борбата. Овој дијалектички процес на Хераклит, се случува со борбата на спротивностите
и со нивното единство, и затоа Хераклит истакнува дека:

....Војната е татко на сите и крал на сите....

4. За огнот и хармонијата

Според Хераклит, основата на симболот на промените е огнот, најверојатно е дека


Хераклит бил под влијание на источните учења, првенствено на Заратуста и од таму го зел
огнот како исмбол. За Хераклит огнот е архе: Сите нешта еднакво се разменуваат за огнот
и огнот за сите нешта. Огнот е прасупстанција од која настануваат сите нешта и во која се
се враќа. Тој е симбол на непрестајната преобразба – како согорување, трансформирање
од едни својства во други. Огнот е битие. Односно станува збор за бечно жив оган кој со
мера се пали и со мера се гасне. Тоа е пламен на настанувањето основа на световите и
причина за нивното исчезнување. Само огнот како битие е неугаслив.

9
Светското движење е кружно: оган - воздух – вода – земја и обратно: земја – вода-
воздух – оган. Се е детерминирано, нема случајности, се е нужно, се си има ред, кој е
правилност според која појавите се случуваат законито, во природата нема хаос туку
хармонија, односно Хераклит учи за вечното кружно движење.

5. За сетилата и разумот

Хераклит смета дека сетилното познакие не е доволно добро. сетилата не се


сигуренизвор на знаењето и вистината. Со разумот се открива вистината за нештата и за
светот. Здобивајќи се со знаење и следејќи го разумот, облагодарувајќи си ја душта,
чавекот ќе биде мудар.

10
III. Заклучок

Од особено значење е тоа што под влијание на Хераклитовата филозофија бил и


Платон, како и софистите Протагора и Антифонт, Демокрит и јонската медицина. Во
римско време го читале и го проучувале Марко Аурелие, Плотин, Протфирие и Прокло.
Слично на мислата на Хераклит ...се непрекинато тече..., се изразува Џордано Бруно на
едно предавање....се се менува, ништо не пропаѓа...
Негвото учење во поднобност е следното:
Огинот претставува основа и сите нешта се промена на огнот, а настануваат со
разредување и згуснување. Тука Хераклит ништо не појаснува. Понатаму, сите нешта
настануваат според противречности и се протекува како река. Вселената е ограничена и
светот е еден тој се раѓа од огнот и повторно во него согорува во одредени периоди,
наизменично во текот на целата вечност. Сето ова настанува во согласност со сдубината.
Онаа од спротивностите која тежнее за раѓање се нарекува војна и кавга, а онаа којашто
тежнее за согорување се нарекува солгасие и мир. Хераклит не објаснува каков е воздухот,
но сепак вели дека во него има некакви вдлабнувања коишто со своите дупки се свртени
кон нас, во нив се насобрани сјајните испарувања кои создаваат пламени. Нив ги
нарекуваме ѕвезди. Најсјаен и најжежок пламен има Сонцето. Помрачувањето на
Месечината и Сонцето настанува поради свртубањето на влдабнатините
нагоре....Хераклит слично на овие ги објаснува причините и за другите појави. За земјата
воопшто не појаснува каква е, ниту за вдлабнатините.

11
Хераклитовиот диаликтички метод го разработил Хегел (1770-1831), кој го
претставил како спектакуларен филозоф и изјавил дека нема ниту еден Хераклитов став
кој не го усвоил и се послужил т.е. го применил во својата логика. Од особено значење е
тоа што концептот на идентитетот е содржан во првите филозофски спекулации
предметно насочени кон прашањата за настанокот на Боговите, Светот и Битието.
Учењата за настанувањето и пропаѓањето на нештата, или учењата за подлогата на светот
се распнати меѓу митските претстави и интелектуалната спекулативност на најстарите
филозофи вклучувајќи го и Хераклит.

12
IV.Користена литература

 https://en.wikipedia.org/wiki/Heraclitus
 http://www.philosophymr.com/pdf/HeraklitOdMijailovica.pdf
 https://plato.stanford.edu/entries/presocratics/
 Хераклит, Витомир Митевски, Матица македонска, Скопје, 1997.
 Milenko A. Perovic, “ISTORIJA FILOZOFIJE”, Grafomedija – Novi Sad 2003/2004
 Izgor fragmenta : BIGZ Beograd 1984. Prevod Miroslav Markovic
 Kahn Charles (1979). The Art and Thought of Heraclitus: Fragments with Translation and
Commentary. London: Cambridge University Press

13

You might also like