You are on page 1of 2

АРИСТОТЕЛ

1. Животот на Аристотел
- школа ЛИКЕЈ
2. Логичко учење – Аристотел прв ги систематизирал и проучил законите на
мислењето и затоа се смета за основач на логиката, која ден денес е
основа на секоја научна работа. За него логиката е ОРГАНОН, духовно
орудие. Според Аристотел сознанието започнува со сетилата, но тоа не е
доволно бидејќи се однесува на она што е случајно и поединечно, а науката
го бара она што е нужно и општо. За да се дојде до нужното и општото, се
тргнува од сетилата преку претставата се доаѓа до поимите. Поим е
суштинска замисла на предметите и појавите. Тие според општоста
можат да бидат единечни ( овој молив ), општи ( молив) и најопшти-
категории – има 10 ( супстанција, квалитет, квантитет, простор, време,
својство, релација , дејство, трпење, положба ).
Во процесот на сознавање ако се тргне од единечните нешта и се дојде до
општото имаме индукција, а ако се тргне од општото кон единечното –
дедукција.
Аристотел ги формулирал трите логички закони на мислењето
а) закон на идентитет- нешто е идентично само на самото себе
б) закон на непротивречност – не може на едно нешто во исто време да му
се додава и одзема едно исто својство
в) закон за исклучување на третото- нешто е вистина или лага , трето нема
Неговата класична теорија за вистината е совпаѓање на поимот и
предметот. Силогизам е правилно заклучување, кога од вистинити премиси
следи вистинита конклузија.
3. Метафизичко учење
4. Учење за душата
5. Етичко учење
6. Најдобро државно уредување
7. Естетско учење – Аристотел имал позитивен став кон уметноста. Таа иако
ја имитира природата,позитивно влијае на чувствата и разумот. Највисоката
цел на уметноста не е да се отслика реално стварноста, туку да се внесе
свое видување, доживување, сфаќање за она што е предмет на
обликување. На тој начин до израз доаѓа творечкиот карактер на уметникот.
Уметноста има тројна цел – служи за одмор и релаксација, како воспитно
средство и за прочистување на афектите наречено катарза. Таа е
најизразена во трагедијата која ја сметал за врвно уметничко дело.
Соживувајќи се со страдањата на главниот лик, публиката целиот свој гнев
го насочува кон оние кои се причина за тоа страдање

You might also like