You are on page 1of 7

СОФИСТИ

1. Антрополошкиот период во античката филозофија


• се појавува нов вид мислиттели, кои пред се` се интересираат за прашањата на човекот, за
смислата на човечкото сознание, з
• а местоположбата на човекот во светот и за односите меѓу луѓето. Тој период е наречен
антрополошки (антропос = човек)
2. Софистите – наставници по мудрост и беседништво
• наставниците по мудрост и беседништво биле наречени софисти. Тие биле првите
ангажирани и платени наставници
• софистите станале подучувачи на луѓето во вештините од кои можело да се има полза во
јавното настапување
• софистите го подучувале секого, без оглед на неговото потекло, само под еден услов:
требало да плати за тоа. Поради тоа ги биел лош глас. Особено биле критикувани од
Сократ, Платон и Аристотел
• софистите биле првите масовни просветители
• антрополошкиот период во филозофијата настанал благодарение на софистите
• стари софисти: Протагора и Горгија
• млади софисти: Продик, Антифонт, Хипија, Пол, Дијагора, Критија...
3. Протагора
• најпознатиот софист бил Протагора од Абдера, ученик на Демокрит
• Протагора бил првиот кој себеси се нарекол софист
• во Атина обвинет за безбожништво, а неговото дело „За боговите“ е прво дело што јавно е
запалено од властите
• Протагора за реалноста вели дека е во постојано менување. Ништо не може да го запре
непрестајното менување на нештата и на состојбите
• поради постојаните промени, реалноста не може да се сознае апсолутно. Нема апсолутна
вистина за се` и за сите, се` е релативно. Сознанието зависи од нашите сетила
• Протагора ќе ја каже познатата мисла: „Човекот е мера на се`, на она што е дека е, а на
она што не е дека не е“
• ваквиот став е релативизам, негирање на објективноста надвор од човекот
• за Протагора вистината е човечка и индивидуална. Се` зависи од ссетилата на човекот и од
неговата моментална состојба. Тоа е сознаен сензуализам, сознанието зависи од моќта и
од активноста на нашите сетила
• нема апсолутен критериум за вистината, што би бил важечки за сите луѓе, туку секој сам си
е мерило за вистината, како и за праведноста, за доброто и за убавото
• бидејќи во општеството треба да има некој заеднички критериум, Протагора него го наоѓа
во мислењето на мнозинството
4. Горгија
• од Леонтин на Сицилија
• неговото дело „За непостојното или за природата“ е загубено
• Горгија се сомневал во идентичноста меѓу битието и мислењето. Тој со реторичка вештина
ќе покаже дека не може да се мисли битието
• Горгија ги поставил своите три тези
I. Ништо не постои
II. Ако нешто постои не може да се сознае
III. Ако се сознае не може да им се соопшти на другите
 ваквиот став е скептицизам и нихилизам
 Нашето знаење е релативно, а прашањата за битието треба да ги оставиме како
недокажливи
 според Горгија филозофијата треба да ни служи за да постигнеме успех како вешти
беседници – за да се здобиеме со слава, положба и со моќ во државата
 за човекот е својствен стремежот за моќ
 Горгија го критикува моралот. Според него се` е борба. Моралот е средство со кое масата
се бори против оние натпросечните

СОКРАТ

1. Живот и дело
• Сократ е еден од најважните филозофски учители во историјата
• според него луѓето треба да се посветат кон здобивање со вистинско знаење, а една од
најважните човекови цели е доброто постапување
• Сократ е роден во Атина
• бил непријател на софистите, не само затоа што напратувале за своето подучување, туку
затоа што тврделе дека нема трајни вредности
• основната амбиција на Сократ е да открие како да се дојде до вистинското знаење.
Втората филозофска насока на Сократ е како луѓето да научат што е добро? Според него,
кога човекот би знаел што е добро тоа и би го правел
• Сократ пред судот бил обвинет по две обвиненија „ги негира боговите“ и „ја расипува
младината“
• обвинет е со мнозинство гласови на смрт, а неговиот живот и неговата смрт се пример за
филозофијата
2. Спомените за Сократ
• Сократ лично не оставил пишани текстови
• за Сократ дознаваме од неговите следбеници, особено од Платон кој сето свое дело му го
посветил на Сократ. Аристотел исто така се осврнува на учењето на Сократ
3. Методот на Сократ
• основната идеја кај Сократ е рационалистичка – за него најважното својство на човекот е
разумот, а основното човеково богатство е знаењето
• основно начело на Сократ е „Сознај се себеси!“
• Сократ за да дојде до знаењето се испитувал себеси и другите луѓе. Тој водел разговор со
луѓето и така заедно ја откривале вистината
• методот дијалог е карактеристичен за Сократ
• Сократовиот дијалог е составен од два дела: Сократова иронија – кога со парадокси ги
побивал ставовите на соговорникот со цел да го доведе до свест дека не знае, и
Сократова маевтика – со која од соговорникот го извлекува вистинското сознание за
проблемот
• за Сократ добродетелта е знаење. Добродетелта може да се научи, на сите им е потребно
трудење, вежбање и воспитување
• според Сократ никој не греши намерно. При лошото дело станува збор за несвесност, за
незнаење на тој човек што е добро а што зло.
• како принцип Сократ го поставил самоусовршувањето
• „Никој не дејствува со знаење против она што е најдобро, туку само од незнаење“ -
Сократ

ПЛАТОН

1. Развивање на филозофскиот дијалог


• Платон е роден во Атина во едно од најпознатите аристократски семејства
• во својата дваесетта година им се придружил на учениците и обожавателите на Сократ
• во првите свои филозофски трудови ги опишал последните настани од Сократовиот живот
– „Одбраната на Сократ пред атинскиот суд“ и „Критон“
• најпознати дела: „Држава“, „Гозба“, „Федон“, „Федар“, „Горгија“ и др.
• во своите дела Платон го развива методот филозофски дијалог
2. Основање на Академијата
• едно од најзначајните дела во неговиот живот било формирањето на школата Академија
• Платон ја обожавал математиката, па така над вратата на својата школа ставил натпис
„Нека не влегува никој кој не знае геометрија“
3. Филозофски систем
• од Платон започнува идеализмот
• Платон е првиот филозоф кој создал целосен, развиен филозофски систем
4. Учење за идеите
 Платон прави разлика меѓу идеалното и минливото
 според Платон, вистински се идеите
 идеите платон ги сместил во посебен свет, кој е апсолутна реалност. Тие се идеали, кои на
нештата им служат како образец, односно нештата во нашиот свет се нивни одраз, сенка
 идеите се вечни, а нештата менливи и минливи
 Платон воспоставил систем на надреденост на идеите. На врвот е идејата која ги опфаќа
сите други идеи или кон која се стремат сите идеи и сите нешта. Тоа е идејата на Доброто
 Платоновото учење е еден вид објективен идеализам
5. Како да се постапува добро
 за Платон цел на животот може да биде само доброто
 Платон инсистира на усовршување на овој свет и на човечкото живеење според идеите
како образец
6. Најдобра држава
 Платоновата држава е составена од три сталежи
I. Филозофи – владетели; кај овој сталеж главен е умот и вредноста Разумност
II. Војници; кај нив главно е срцето и вредноста Храброст
III. Работници – земјоделци – трговци; кај нив главна е телесната сила и вредноста
Умереност
 за добро функционирање и добар сооднос меѓу сталежите многу е важно обазованието

„При засновањето на државата не мислев на тоа како во неа да биде среќен еден сталеж, туку
да биде среќна целата држава“

АРИСТОТЕЛ

1. Ученик на Платон, учител на Александар


• Аристотел е роден во Стагира на полуостровот Халкидик, блиску до Солун
• во 343 г.п.н.е. Аристотел добил покана од Филип Македонски да му биде учител на
Александар
• Аристотел во Атина основал свој универзитет Ликеј
• Аристотел бил најголем научник на епохата и најуниверзален филозоф на сите времиња
• дела: логички книги под наслов „Органон“, „Метафизика“, „Политика“, „Никомахова
етика“, „Поетика“, „Реторика“ ...
2. Љубов за вистината
• Сократ и Платон истакнаа дека највисока човечка вредност е барањето на вистината
3. Основите на филозофскиот систем
• пристапот на Аристотел е реалистички. Тој смета дека постоењето е единство од
градбениот материјал и силата на оформувањето
• за Аристотел реален е само овој свет
• во секое единечно нешто Аристотел разликува граѓа и форма. Граќата, материјалот
(хиле), е пасивна можност, потенција за усовршување. Побитна е формата (марфе), таа и
дава значење на појавата. Нештата се обликувана граѓа
• Аристотел е филозоф на динамиката и на творењето
• на врвот на формите, како крајна цел на сето постоење, е формата на сите форми, чиста
форма, Бог
4. Три вида на душа
 душата е суштина и цел на живите суштества, таа нив ги насочува кон постоење,
дејствување и развиток
 душата има две области – неразумска и разумска
 неразумската душа ја има во сите суштества, таа е причина за исхраната и растењето
 вегетативната душа е јадрото на нивното живеење. Другиот дел од ваквата душа е страста,
стремежот да се освои нешто. Тој дел од душата нема разум но влијае врз разумот.
Вегетативниот дел постои кај сите живи суштества, а вториот дел кај животните и кај луѓето
 разумската душа е својствена за луѓето, неа ја има само човекот
5. Етиката како наука за умереноста
 Аристотел прв го употребил зборот етика
 Аристотел етиката ја гради како наука за изборот и за остварувањето на најдоброто
решение. Тоа се остварува преку спроведување на квалитетна умереност
 за Аристотел моралот е среден пат
 Аристотел го препорачува моралот на умереноста. Во се` треба да се има мера
6. Најдобро државно уредување
 делото „Политика“ е едно од најпознатите дела за начините и за видовите на
организацијата на општеството
 Аристотел ги дели политичките режими според две начела – колкумина владеат и како
владеат, со добро или со лошо

како владеат
колкумина владеат добро лошо
еден монархија тиранија
неколкумина аристократија олигархија
мнозина демократија охлократија

 монархија – кога владее еден (наследствено)


 аристократија – кога со добро владее група на најдобрите во државата
 демократија – власта која владее се добива според гласовите на мнозинството
 тиранија – владее еден насилнички
 олигархија – владее група најбогати кои водат грижа само за себе
 охлократија – кога владее џганот односно мнозинството од лоши луѓе

„Мил ми е Платон, но помила ми е вистината“ – Аристотел


„Мерата е најдобра“ - Аристотел

ХЕЛЕНИСТИЧКА ФИЛОЗОФИЈА

1. Хеленистичка епоха
• хеленистичката епоха се смета од смртта на Александар Македонски во 322 г.п.н.е. и
Аристотел во 321 г.п.н.е. се до новиот век
2. Духовни карактеристики на хеленистичката епоха
• насекаде се шират грчкиот јазик и основите на хеленската култура
• се шири писменоста
• се развива науката
• се посилна е врската меѓу филозофијата и религијата
3. Скептицизам
• скепса (скепсис) – сомневање, несигурност во сознанието
• во хеленистичката епоха насекаде се јави и рашири општ скептицизам
• првиот голем скептик е Питон од Елида
• според Пирон ние не можеме да ги сознаеме нештата. Затоа наша задача е да се
воздржиме од искажување на било каков суд
• треба кон се да останеме рамнодушни, што ќе ни донесе внатрешно спокојство атараксија
4. Епикур
 од островот Самос
 дела: „Послание до Херодот“ (за атомистичкото учење), „Послание до Менекеј“ (за
основте на етиката)
 филозофијата на Епикур има три дела: Каноника, Физика и Етика
 задачата на филозофијата е на луѓето да им ја разведри душата
 канониката е теорија на сознанието. Основи на сознанието се сетилното сознание и
чувствата
 физиката е неговото атомистичко учење кое е слично на она на Демокрит
 етиката – начин како филозофијата да им помогне на луѓето во нивните душевни страдања
 за човекот да биде срреќен треба да се ослободи од стравовите. Стравот од боговите и
стравот од смртта
 вистински да се живее во согласност со природата значи да се има и да се реализира
стремежот кон задоволувањето и кон невознемиреноста
 најголемо блаженство е атараксијата, непоматеност на духот, која се постигнува со
ослободување од стравовите, од болките и од страстите. Кој тоа ќе го постигне ќе стане
мудрец
5. Стоицизам
 стоичката филозофија е една од најзначајните филозофски струи во историјата, и траела
500 години
 основач на стоицизмот е Зенон
 основал школа во Атина, стоа поикале – исликан трем
 стоиците филозофијата ја делеле на три дела: Физика, Логика и Етика
 физиката го испитува светот, логиката ги истражува поимите, а етиката човечкиот живот
 за стоиците основата на се е материјална, и Бог и душата се материјални
 за Зенон основа на се е огнот
 најважен дел од стоичката филозофија е етиката. Според Зенон целта е да се живее
сообразно со разумот
Поднесувај и воздржи се! - Епиктет
6. Еклектицизам
 еклектици (одбирачи) од разни погледи земале она што им се допаѓа и го соединувале во
една целост во која разни идеи биле измешани
ПЛОТИН

1. Последниот оригинален антички филозоф


• Кон крајот на антиката многу бил раширен неоплатонизмот
• Плотин од Египет
• учејќи за Платон толку се поврзал кон неговите идеи, што си зел ново име, кое потсетува
на името на големиот филозоф
2. Неоплатонизмот на Плотин
• неоплатонизмот кај Плотин претставува мистично и религиозно надоградување на
учењето на Платон
• според Плотин, се` настанало извирајќи од Божеството и се` се враќа кон него. Ова учење
се нарекува пантеизам
• Плотин го нарекува божеството Едно (то ен)
3. Патот надолу и патот нагоре
• едното всушност не создава, бидејќи тоа би претставувало негово ограничување. Тоа
излева од себе. Тоа е еманација – извирање, истечување од Божјата светлина
• пантеизам – учење дека се` е во Бога
• од Едното се еманираат хипостази. Прва хипостаза Ум, втора хипостаза Космичката душа,
трета хипостаза материјата – тоа е патот надолу
• патот нагоре започнува со стремежот за враќање кон Едното. Највисокиот степен е
доживување екстаза – излез од себе. Љубовта е патот што ја води душата кон својот
праизвор. Над се` е мистичката љубов, целосно предавање на Божеството и
соединувањето со него, со што добива смисла нашето постоење

„Мојот занес ги надминува сите рамки на животот: соединет сум со Божеството и се огледувам
во него“
Плотин

You might also like