You are on page 1of 11

АНТРОПОЛОШКИ ПЕРИОД

ВО АНТИЧКАТА ФИЛОЗОФИЈА

Демокрит и Анаксагора се последните значајни филозофи од космолошкиот


период. Анаксагора (500 – 428 пред. н.е.) од Клазомена во Мала Азија е
првиот голем филозоф кој дошол да живее во Атина, која станувала најголем
хеленски центар. Таму дејствувал три децении и бил близок пријател и
советнк на Перикле, се додека не го обвиниле за безбожништво и тој си
заминал во Лампсак каде и починал.

Перикле ( 495 п.н.е., Атина - 429 п.н.е., Атина) бил старогрчки говорник, државник,
војсководец и владетел. Неговото значење особено дошло до израз во времето на Грчко-
персиските војни и во Пелопонеската војна, а периодот на неговата најголема политичка
моќ (461 п.н.е. — 429 п.н.е.) во историјата е познато како Периклово време и како
„Златниот век“, зашто тогаш Атина била на вровот на својата економска и воена моќ.

Перикле и Анаксагора, дело на Августин Луј Беле (1757 – 1841)

Тогаш се појавуваат и нов вид мислители, кои пред сé се интересираат за прашањата на


човекот. Тој период е наречен антрополошки период.
Перикловиот посмртен говор

Животот во античката Хелада се одвивал во полисот (град-држава). Градовите биле


самостојни политички заедници во кои од граѓаните се очекувало да се вклучат во
заедничкиот живот (поимот политика се однесува на заедничките проблеми во полисот и
за начинот како се води заедницата). Во античката демокртија собранијата на граѓаните
билеи судови. Пред судовите секој требало сам да настапи. Луѓето требало да се обучат во
беседништвото (говорништвото) за да бидат поподготвени за јавните настапи.
Затоа е развивана вештината и теоријата за водење расправи (дијалог = разговор на
двајца). Требало да се докажува и да се оправдува ставот, значи да се изложува и да се
брани своето мислење и убедување. Требало да се убедат другите да прифатат некој став
како вистинит, а наедно да се побие противникот.
Софисти = вешти во мудроста

Тие биле првите ангажирани и платени наставници по мудрост (дотогаш


филозофите учеле во рамките на своите школи, кои биле братства на
пријатели-истомисленици). Атинската младина била воодушевена од
вештините на софистите и оделе кај нив за да се здобијат со знаења.
Софистите биле учени, имале многу знаења и практични вештини. Знаеле
реторика (како да се држи говор), еристика (како се дискутира и води спор)
и дијалектика (како се побива мислењето на друиот). Исто така, биле вешти
тие знаења да им ги пренесат на другите.
Софистите го подучувале секого, без оглед на неговото потекло, само под
еден услов: требало да плати за тоа. Затоа ги биел лош глас (нив особено ги
критикувале Сократ, Платон и Аристотел, кои им забележале дека тие не ја
сакаат вистината и не се стремат кон неа, туку кон привидноста на
вистината).
Сепак, софистите биле првите масовни просветители. Хегел позитивно ја
оценува нивната улога. Најважно кај софистите е што тие го поставиле
човекот во центарот на интересирањето – човекот и неговиот живот, морал
и право.
ПРОТАГОРА (ок. 480 – 410 пред н.е.)
ХУМАНИЗАМ, РЕЛАТИВИЗАМ, СЕНЗУАЛИЗАМ

- Протагора е по потеколо од Абдера и бил ученик на Демокрит.


- Му бил пријател на Перикле.
- Тој е првиот кој себеси се нарекол софист.
- Во 30-та година решил да стане учител и подучувал во сите краишата
на античкиот хеленски свет.
- Во Атина е обвинет за безбожништво, а неговото делo За боговите е
прво дело што јавно е запалено од властите, а Протагора морал да ја
напушти Атина.

Што се однесува до боговите, јас за нив ништо не можам да знам; ниту


дека постојат, ниту дека не постојат, бидејќи има многу нешта кои го
спречуваат ова сознание – како најасноста на тие нешта, така и животот
на луѓето, кој е краток за да се занимаваат со такви нешта
- Питагора

- Протагора бил првиот учен мислител кој ги наплатувал своите


предавања.
- Го нарекуваат творец на еристиката – вештината на расправањето.
- Напишал дела од реторика, логика, етика и политика, но речиси ништо
од нив не е зачувано.
- Платон напишал дело Протагора, во кое е претставена расправата на
Сократ со погледите на овој мислител.
Човекот е мера на сé, на она што е дека е; а она што не е
дека не е.
- Протагора

Oва е позиција на голем хуманизам, но истовремено и став на релативизам -


негирање на објективноста надвор од човекот.

Значи, реалноста не може да се осознае апсолутно. Нема апсолутна вистина


за сé и за сите, сé е релативно.

Туку секој сам си е мерило за вистината, како и за правдината, за доброто и


за убавото.

За Протагора, вистината е човечка и индивидуална. Сé зависи од сетилата на


човекот и од неговата моментална состојба. На некого нешто му се гледа
црвеникаво, а на другиот зеленикаво, за некого водата е студена, за некого
топла. И едното и другото е вистина.

Тоа е сознаен сензуализам. Сé зависи од сетилата на човекот и неговата


моментална состојба.

Како би постигнеле, тогаш, согласност во дејстувањето на луѓето? Бидејќи во


општеството треба да има еден заеднички критериум, Протагора него го
наоѓа во мислењето на мнозинството.
ГОРГИЈА (ок. 483-375 пред н.е.)
НИХИЛИЗАМ И СКЕПТИЦИЗАМ

- По потекло од Леонтин на Сицилија.

- Во 427 година дошол во Атина како пратеник. Таму подучувал


реторика.

- Станал синоним за беседништво ( горгиање ).

- Младите биле воодушевени од неговите говори, го молеле да ги научи


на таа вештина, а за возврат богато го наградувале.

- Платон напишал дијалот Горгија како критика на неговото учење.


Горгија ги поставил трите тези со кои докажувал – дека ништо не постои, а
ако нешто постои не може да се осознае, а ако се осознае не може да се
соопшти на другите.

(1) Битието не постои. Сите даваат аргументи, но тие меѓусебно се


противречни. Последица од тоа е дека не можеме да се определиме
рационално за ниедна теза, зошто природата не постои така како што
тврдат тие. Следува дека битието не постои.

(2) Ако битието (природата) постои, тоа не може да се осознае. Тука


Горгија не се сложува со Парменид дека мислењето и битието се исто.
Според Горгија, не може мислењето да биде исто со нештото за кое се
мисли. Тогаш би следувале смешни последици: на пример, ако
мислиме бел предмет, тогаш и мислата за бело би била бела; или ако
мислиме нешто што не постои, тогаш и мислата за тоа нешто би била
непостоечка. Заклучокот е дека битието не е исто што и мислењето за
битието. Според тоа, ако нешто и постои, тоа нема да може да биде
осознаено.

(3) Ако нешто може да се осознае, тоа не може да им се соопшти на


другите. На другите им се соопштуваат само зборови, а зборовите не се
исто што и предметите. Произлегува дека, ако нешто и знаеме, тоа не
може да им го соопштиме на другите.
Целта на филозофирањето, според Горгија, не е да се дојде до некаква
објективна вистина, туку да постигнеме успех како вешти беседници
– да се здобиеме со слава, положба и со моќ во државата. На
човечката природа ѝ се својствени желбата за моќ, за надмоќност,
копнежот да се владее со себе и со другите.

Моралот претставува само низа од обичаи со кои слабите единки се


бранат од посилните, а впрочем со тоа слабите сакаат да ги потчинат
силните.
Моралот е средство со кое масата се бори против оние натпросечните
(со ова се предвествуваат идеите на Ниче)

Исто е и со правото. За Горгија тоа е средство за ограничување на


силните, но со него може и да се реализира волјата на силните.
ПОМЛАДИТЕ СОФИСТИ

Продик (ок. 425 пред н.е.) од островот Кеј


Дал дефиниција на софистот како посредник меѓу филозофот и
политичарот. Познат е по своето рационалистичко сфаќање за
настанокот на религијата. Според него, за смртта и за животот по неа
не може ништо да се знае. Тој е автор на една од најпознатите етички
поуки Пофалба на Херкул.

Антифонт (V век пред н.е.) од Атина


Учел дека сите луѓе се еднакви (ова е едно од првите космополитски
учења). Сите ние сме во сé еднакви создадени..., сите ние дишеме
воздух низ уста и низ нос и јадеме со рацете.
Според него, постои разлика меѓу општествениот закон (номос) и
природниот закон (физис). Законите на државата се произволни и
случајни, додека природните закони се нужни. Природното право е она
кое единката го добива со раѓањето. За разлика од Питагора, сметал
дека е најдобра политичката ангажираност во општеството.

Хипија (ок. 400 пред н.е.) од Елида


Учел дека сите човечки институции се резултат на договорот помеѓу
луѓето (конвенција). Затоа, според него, државните установи најчесто
ја ограничуваат изворната човекова слобода.

Пол од Акраганто на Сицилија


Бил ученик и придружник на Горгја. Тој учел дека мерило за
вредноста е интересот на човекот. Она што е спротивно на човечкиот
интерес нема вредност. Пол истакнувал дека софистот ги уверува
другите дека интересот е истовремено и личен и општ. Секој е софист
доколку својот личен интерес може да го претстави како општ.

Каликле
Не бил наставник, туку политичар. Тој истакнувал дека моралот не е
нешто нужно и општо за сите. Моралот го измислиле старите за борба
против силните.

Тразимах од Халкедон
Најотворено го бранел правото на посилните наспроти послабите. Бил
адвокат и наставник по ораторство, имал насилничка природа и дрско
однесување. Бил против демократскиот устав на Перикла. Негов идеал
е силата. Според него, праведноста значи корист на посилниот.
Силните треба да ги искористуваат слабите за своја полза. За него
идеална форма е тиранијата, која не стегајќи се и не криејќи се зема
сé, и она што е државно и она што е лично. За него совршената
неправда е покорисна од совршената правдина.

You might also like