You are on page 1of 11

СТОИЦИЗАМ

Оттука потекнува и познатиот етички термин стоик – за оној кој трпи,


поднесува, размислува разумно и дејствува достоинствено.

Стоичката филозофија траела 500 години, а нејзините филозофски и етички


идеи спаѓаат меѓу највлијателните во светската историја, особено во
воспитувањето – личноста да се научи да биде разумна , умерена,
достоинствена, да ја разбира одговорноста и да ја извршува должноста.
Основач на стоицизмот е Зенон (336-264 пред н.е.),
Феничанец од Кипар. Во 320 година дошол во Атина. Ги слушал киниците,
кои учеле дека човекот треба да ја зачува независноста од надворешниот
свет. Но тој мислел дека луѓето имаат и социјални чувства и мечтаел за
изградба на вистинско човештво.
Во 301 година основал школа во тремот на една градба во центарот на Атина
( стоа поикиле – шарен трем), според што овие мислители го добиле
името. Бил сериозен, скромен и достоинствен и се здобил со голем углед.

Клеант бил наследник на Зенон на чело на школата ( ја водел од 276-232


пред н.е.). Хризип е третиот највлијателен управител на школата, силен
логичар, за кого се кажувало: Кога боговите би имале дијалектика, таа би
можела да биде само хризиповата.

Од претставниците на тн. Стара Стоа, во последниот период од стоицизмот


познати се римските стоици – Сенека, Епиктет и Марко Аврелиј.

Стоиците филозофијата ја делеле на три дела: Физика, Логика и Етика.


Тие етиката ја сметале за главен дел, задача и круна на филозофијата.
Етиката е и почеток и последен збор на филозофијата.

Тие ја опишувале филозофијата како градина, во која логиката е оградата,


дрвото физиката, а плодот етиката, или како организам, во кој логиката се
коски и жили, месото физика, а душата етика.

Според Зенон, целта е да се живее сообразно на разумот.


Клеант објаснил дека ова значи живот во сообразност со природата.
Хирзип дополнил: живот врз основа на искуственото познавање на
природните случувања ( и во природата и во човекот).
Да се живее сообразно на природата значи да се живее според arеté –
усовршување според добродетелта.
Кај човекот тоа значи целосен развиток на разумот.
Човекот со учење може да стане морална личност.
Добродетелта е вештина и може да се научи.
Добродетелта е доволна за постигнување блаженство ( евдаимонија).

Основните добродетели се: умност, умереност, храброст и справедливот.


За постигнување на блаженството пречат афектите, прекумерните страсти и
нагони на човекот. Такви се стравовите, јанѕите, насладата, пожудата.
Со силна волја може да се постигне апатија – состојба на немање силни
негативни страсти.

ИДЕАЛОТ ЗА СТОИЧКИ МУДРЕЦ

Стоичкиот мудрец владее со страстите, насочен е кон воздржување и


достоинство, храбар е и справедлив. Животот на мудрецот е полн со
блаженство, нему ништо не му пречи, тој ништо не бара и нема потреба од
ништо. Тој е слободен, зошто може да направи сé што треба.
Мудреците не се само слободни, тие се кралеви, зошто кралството е власт
која никому не треба да му дава сметка.
Овој идеал тешко може да се реализира – но стоиците укажувале дека Сократ
и Диоген ја достигнале бараната морална и духовна слобода.
Кај стоиците се јавува една извонредна етичка идеја – тие себеси се гледаат
како космополити ( жители на светот ). За Зенон сите луѓе имаат исти
црти и си се блиски. Тие се истакнувале и во хуманоста. Укажувале дека
никој не е роб според природата и дека луѓето се разликуваат само според
квалитетите и добродетелите. Роб се станува не само со купување, туку ако
не си слободен во мислата и во чувствата.
РИМСКИТЕ СТОИЦИ

Сенека (4 пред н.е. – 65 од н.е.)

Сенека е од Шпанија, а бил учител и министер на Нерон, кого овој суров


владетел го натерал да изврши самоубиство.
Тој сакал филозофијата да ги учи луѓето како да работат и да постапуваат, а
не како да водат ситни распави.
Значи, филозофијата е и наука и дело.
Тој учел дека треба да се живее разумно, умерено, трпеливо и штедливо, со
благост и совесно.
Највисоката доблест тој ја гледа во љубовта кон сите луѓе.

Јас на сите земји гледам небаре се мои, а на мојата небаре им припаѓа на


сите. Јас живеам со уверување дека сум роден за другите и за тоа сум ѝ
благодарен на Мајката Природа, зашто можела ли таа да стори нешто
подобро за мене?! Таа ме подарила мене на сите, а мене ми ги подарила
сите.

Сенека: За среќниот живот, кн. 20


Епиктет ( 50 – 120)

Епиктет од Мала Азија бил роб во Рим во куќата на еден гардист.


Во младоста ја загубил ногата, целиот живот куцал. Но бил достоинствен,
умен и снаодлив. Подоцна господарот го ослободил.
Уште како роб слушал предавања кај еден стоик, а потоа отворил своја
школа.
Го нарекувале ˶рицар на филозофите˝.
И царот Хадријан го посетувал и разговарал со него.
Епиктет ништо не пишувал, но неговите мисли ги запишал неговиот ученик
Флавиј Аријан.

Прочуениот лозунг на Епиктет гласи: Поднесувај и воздржи се (sustine et


abstine)!
Моралниот клуч е во самоконтролата, во воздржаноста, во совладување на
нагоните, на животните страсти и на чувствата.
Тоа се нарекува апатија (бестрасност), разумност, воздржаност.
За роб треба да биде сметан секој кој плаче, кој е незадоволен или има зла
волја. Слободен е оној кому ништо не му пречи и никој не може да го натера
да направи нешто против неговата волја.
- Епиктет

Според Епиктет, етиката се раѓа кога кога ќе почнеме да разликуваме


што е во наша власт и што е она што не е во наша власт. Ние имаме
власт над нашата волја, но немаме над предметите и околностите на
надворешниот свет.
Филозофијата служи за да нé обучи да ги ограничиме своите желби на
она што ни припаѓа, а во другото да гледаме нешто што не нé допира.
Треба да оствариме автаркија (слобода од потреба, независност од
желбите).

На обичните луѓе не им зборувај многу за филозофските принципи,


туку постапувај според нив.
- Епиктет

ЕВТИМИЈА (животна радост, ведрина на душата)


АТАРАКСИЈА (непоматеност на духот, невознемиреност,
безболност)
ЕВДАИМОНИЈА (блаженство)
АПАТИЈА (бестрасност, воздржаност, разумност)
АВТАРКИЈА (независност од желби, слобода од потреби)
Марко Аврелиј (121-180)

Марко Аврелиј е најпознатиот од сите владетели кои биле филозофски


образовани и пишувале филозофија.

Бил цар во тешко време, Римската Империја се соочувала со многу


предизвици.

Во текот на 10 години секоја вечер пишувал филозофска книга со


наслов Спознај се себеси.
Додека Епиктет е оптимист, царот покажува песимизам; во светот и во
животот има многу проблеми кои создаваат грижи. Тој објаснува како
стоичката филозофија му помогнала да ја зачува духовната рамнотежа:

Како што лекарите за операциите секогаш имаат при рака орудија, и


ти треба да имаш подготвени твои сваќања за да ги разбереш
божјите и човечките работи.

Според Марко Аврелиј, за разбирање на нештата и за совладување на


тешкотиите најсилна помош дава филозофијата.
Eti~ki misli od stoikot Zenon
“Celta e `iveewe vo soglasnost so prirodata. Dobrodetelta e cel kon koja né vodi
prirodata.“
“Razumniot `ivot e priroden `ivot.“
“Imame dve uva, a edna usta - za pove}e da slu{ame, a pomalku da zboruvame.“
“Najdobar e onoj koj go slu{a dobriot sovet, a treba da se pofali i onoj koj samiot
sé sogledal.“
“Ni{to ne e ponepristojno od voobrazenosta, osobeno kaj mladite lu|e.“

You might also like