You are on page 1of 57

ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Вовед во Когнитивни науки


- Историја на идеите и филозофски
основи на познанието -
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Како во приказната за шесте


слепци и слонот

Ние сме како слепците. Умот е како слонот.


ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Филозофска перспектива
• Филозофијата е потрага по знаењето,
љубов кон мудроста.
• Тоа е најстарата дисциплина во
когнитивните науки, потекнувајќи уште
од антички времиња.
• Областа метафизика ја проучува
природата на реалноста.
• Областа епистемологија е проучување
на знаењето.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Ептен кратка историја на


(дел од) идеите
n Монизам (Аристотел) и Дуализам (Платон)
n Научен метод (Франсис Бакон)
n Рационализам (Декарт, ...)
n Емпиризам (Хјум, Лок, Беркли, ...)
n Критицизам (Кант)
n Интроспективна психологија (Џејмс)
n Бихевиоризам (Ватсон, Торндајк, Скинер, ...)
n Неопозитивизам (Витгенштајн, Расел, ...)
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Сродни области од филозофијата


n Епистемологија или гносеологија
(Erkenntnistheorie, theory of knowledge,
теория познания, теорија сазнања, teorija
spoznaje, теорија на познанието)

n Онтологија - филозофски прашања за


битието, ги проучува категориите на
битието, неговите принципи и законитости.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Проблемот на умот и телото


(The mind-body problem)
• Ја опишува наизглед неспоивоста
помеѓу физичките својства на мозокот и
менталните квалитети на умот.
• Мозокот е материјален и физички и
може да се проучува објективно.
• Умот се состои од субјективни
феномени како што се мисли, чувства и
верувања.
• Дали е умот физички?
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Проблемот на умот и телото


Како може мозокот да мисли?

Две можности:

1) Дуализам
2) Материјализам (Монизам)
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Монизам (Monism)
• Според монизмот, умот и
телото се направени од иста
супстанца (било ментална
или физичка).
• Аристотел (384—322 п.н.е.)
ја бранел физичката форма
на монизмот. Верувал дека и
умот и телото се физички.
• Тој тврдел дека аспектите на
умот соодветствуваат на
разните физички состојби на
мозокот.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Дуализам (Dualism)
• Платон (427—347 п.н.е.) бил дуалист.
• Дуализмот тврди дека умот и телото се две
различни природи; мозокот е физичка
супстанца, а умот е ментална супстанца.
• Платон мислел дека телото престојува во
свет кој е материјален и расиплив.
• За умот верувал дека престојува во идеален
свет на идеални форми кој што е
нематеријален и вечен.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Видови на монизам
1. Идеализам (Idealism). Умот и телото
постојат во светот на идеите. Не
постои физички свет.
2. Солипсизам (Solipsism). Облик на
идеализам според кој светот постои
само во сопствениот ум.
3. Физикализам (Physicalism). И умот и
телото се физички. Не постои
нефизички свет.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Видови на дуализам

Декарт (1596—1650)
Класичен дуализам на материјата

n Декарт: “Јас сум мислечко нешто”


n 2 вида: физичка материја и ум/душа
n Умот: нематеријално нешто, без физички
својства, немерлив преку физички
средства
Видови на дуализам
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Дуализам на својствата
n Постои еден вид на супстанца, ама
некои супстанци имаат два вида на
својства: ментални својства и
физички својства.
n Менталните својства не можат да се откријат од
науката и не ги следат физичките закони.
n Декарт илустрира како од сетилните органи преку
епифизата се пренесуваат влезовите до мозокот,
а оттаму до нематеријалниот дух.
n Сетилата може да нè лажат (преку илузиите), но
само моите мисли се искрени и заради нив
единствено може да верувам дека постојам.
n Cogito ergo sum!
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Хардвер и софтвер
n Во денешно време ние ја имаме аналогијата
со хардвер/софтвер, во тоа време такво
нешто им било незамисливо
n (хардвер – машински јазик со единици и
нули – асемблер, програмски јазик, објектно
ориентиран јазик, ... , сè покомплексни
структури одвоени од хардверот преку разни
оперативни системи ...) – тоа се разни нивоа
на апстрахирање при описот на процесите.
n Може истата програма да се извршува на
разни видови хардвер
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Материјализам
Сè е физичко. Умот е составен од атоми,
честички и сили. Ние сме составени од
ѕвездена прашина.

Единствената разлика е во организацијата.


ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Еден вид на материјализам


Функционализам (Functionalism)

n Менталните состојби се дефинирани со


нивните функционални улоги
n Функционалните улоги се поврзани со
поведението и со другите ментални
состојби
n Повеќекратна изводливост (multiple
realizability)
¨ Пример: едно столче – многу столчиња, еден
чајник – многу чајници ...
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Теории на идентичност
n Теоријата на идентичност тврди дека за секој
ментален настан, постои соодветен мозочен
настан. Менталниот настан не може да постои
без соодветниот мозочен настан.
n Овој вид на теории имале за цел да покажат
дека менталните состојби, кои што не се
набљудливи, можат да бидат сведени
(редуцирани) на нешто коешто е
набљудливо.
n Оваа стратегија е стратегија на
редукционизмот (reductionism). Таа се
обидува да остане само во еден вид на
реалност и да го отстрани проблемот на
двојноста тело/ум.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Holism - Reductionism
Холизам - Редукционизам

Од книгата Гедел, Ешер, Бах на Даглас Хофстетер


ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Холизам / Редукционизам
n Холизам (од, цело, целосно, вкупно) е идеја според која
природните системи (физички, биолошки, хемиски,
општествени, економски, умствени, лингвистички итн.) и
нивните карактеристики треба да се гледаат како целини,
а не како колекција од делови.

n Нивното функционирање не може целосно да се разбере


само со земање предвид на нивните составни делови.

n Редукционизмот честопати се смета за спротивен на


холизмот. Редукционизмот во науката вели дека еден
сложен систем може да се објасни со редукција до
неговите фундаментални делови.

n На пример, процесите во биологијата се редуцираат до


хемија, а законите на хемијата се објаснуваат со помош
на физиката.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Редукционизам / Холизам
n Поимот редукционизам (reductionism) се однесува на обидот да се
објаснат појавите на едно ниво (на пример ум и поведение) со тоа што
ќе се врши анализа на друго ниво (на пр. активноста на клетките во
мозокот).

n На пример, Биолошката психологија подразбира некој вид на редукција


(намалување, сведување) на биологија. На пр., увид во причините и
можниот лек за Паркинсоновата болест би се добил со анализи на
биолошко ниво.

n Сепак, иако многу нешта може да се дознаат на биолошко ниво, таа


информација треба да се смести во еден поширок психолошки контекст.

n Холизмот (holism) подразбира дека анализата треба да се прави на


целината и дека целината е повеќе отколку само прост збир на
нејзините составни делови.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Емпиризам
n Емпиризмот е филозофски правец
воспоставен врз уверувањето дека
целокупната човекова практична и
теориска дејност се засновува врз
искуството.
n “Нема ништо во разумот што претходно
не било во сетилата” (“Nihil est in
intelectu quod non prius fuerit in sensu”)
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Емпиризмот во новиот век


n основач на модерниот емпиризам бил
англичанецот Џон Лок (1632-1704).
n Според Лок
¨ Ние се раѓаме како празна табла (tabula rasa)
¨ Идеите на перцепцијата биле претстави или
копии на предметите од надворешниот свет.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Основни ставови на емпиризмот


1. Сето наше познание започнува со
искуствата кои се стекнати преку дејноста
на сетилата
2. Вистински предмети на познанието можат
да бидат само сетилно-восприеманите
ствари
¨ радикален емпиризам (Џорџ Беркли):
предметите што ги гледаме зависат, во нивното
постоење, од умот на оној којшто ги набљудува
– Esse est percipi (Да се биде, значи, да се биде
восприеман!)
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Основни ставови на емпиризмот

3. Основни средства на познанието се


сетилните фактори: осетите и перцепциите
4. Основен критериум на вистинитоста на
нашите знаења е нивното соодветство со
сведоштвата на искуството.
5. Основниот метод на познанието е
систематската примена на индуктивното
заклучување.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Рационализам
n Филозофски учења за човекот и светот
кои се втемелени врз уверувањето дека
разумот (ratio) односно интелектот
(intelectus) е основниот извор на
познанието, критериум за вистинитоста
на знаењето и најзначајната одлика на
човекот како морално и практично
суштество.
n Cogito – ergo sum.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Основни ставови на рационализмот

1. Разумот е единствениот извор на сите


знаења кои се општи и нужни вистини.
2. Предмети на познанието можат да бидат
само суштествата од надсетилна,
идеална, нематеријална природа.
3. Основните средства на познанието се
интелектуалната интуиција и апстрактно-
логичките мисловни операции.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Основни ставови на рационализмот

n 4. Основниот критериум за вистинитоста на


знаењата е во согласувањето на
мислењето со законите на логиката или со
општите принципи утврдени од науките.
n 5. Основен метод на познанието е
систематската примена на дедуктивното
заклучување.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Критицизам
n Основач е Имануел Кант (1724 -1804)
n Критика на чистиот ум – трилогија
n Критицизмот како обид за помирување
и надминување на емпиризмот и
рационализмот
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Клучните тези на критицизмот


n 1. Секое наше познание започнува со
искуството – сетилното восприемање,
како сурова граѓа од која настанува
сето наше знаење.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Клучните тези на критицизмот


n 2. Иако целокупното наше познание започнува
со искуството, сепак, не значи дека поради тоа
сето познание произлегува само од искуството.
Бидејќи, згора на тоа, можно е нашето
искуствено познание да се состои од она што го
примаме преку впечатоците и од она што
нашата сопствена моќ на познанието (побудена
само од сетилните впечатоци) го додава од
самата себе, додаток кој ние не можеме да го
разликуваме од онаа основна содржина,
доколку пред тоа преку долго вежбање не сме
обрнале внимание врз неа и не сме се
оспособиле за негово издвојување.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Клучните тези на критицизмот


n 3. Познанието започнува со искуството
(сетилноста), па преку разумот
(категориите) се завршува кај умот
(принципите).
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Бихевиоризам (Behaviorism)
(1890-1960)
n Бихевиоризмот се издигнал кон крајот на
19-ти и раниот 20-ти век како доктрина за
природата и методологијата на
психологијата, како одговор на
интроспективната психологија која ја
сметале за субјективна и ненаучна.
n При бихевиоризмот – Менталниот живот и
поведението се едно те исто.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Спореди…
Џејмс: “Психологијата е наука за
менталниот живот, за неговите феномени и
услови. Феномените се такви нешта кои
што ги викаме чувства, желби, познанија,
размислувања, одлуки и слично”.

Ватсон (Бихевиорист): “Психологијата е


чисто објективна експериментална гранка
на природните науки. Нејзината цел е
предвидување и контрола на поведението”.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Што е поведение?
Под поведение се подразбира сето она што
луѓето или организмите или дури механичките
системи го прават и коешто е јавно
набљудливо (publicly observable).
4 можни вида на поведение:
n Физиолошки реакции и одзиви: како што се дишење,
лачење плунка, забрзан пулс, зголемен крвен притисок и
други.
n Телесни движења: На пример, подигање и мафтање со
рака, отварање на врата, фрлање на топка, гребење на
мачка на вратата, глушец да сврти лево во лавиринт.
n Поопшти акции кои вклучуваат телесни движења: на
пример, пишување покана, поздравување на пријател,
позајмување книга од библиотека, пазарување,
потпишување на договор итн.
n Акции кои не вклучуваат видливи телесни движења:
на пример размислување, погодување, пресметување,
оценување, осудување, одлучување итн.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Главните идеи на бихевиоризмот

n Поведението се подразбира дека се


состои од телесни настани и услови кои
се јавно набљудливи и кои не
предизвикуваат некакви наводни лични,
приватни ментални феномени
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Бихевиоризмот
n Според научниот (психолошки)
бихевиоризам – умот е оперативен процес

n “влез (stimulus) – црна кутија – излез (response)”


(според Skinner);

S R
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Пример за превод во бихевиористичка


терминологија
n “Јас сум исплашен од тоа нешто.” за некој интроспектист
(introspectionist) значи:
“Личноста е во една специфична ментална состојба,
затворена за надворешно набљудување која што самиот
ја опишува како ”Јас сум исплашен”.

n “Јас сум исплашен од тоа нешто.” за некој бихевиорист


(behaviourist) значи:
¨ Субјектот изгледа несигурно;
¨ На прашањето: “Како си уплашен без докази?” одговара со:
“Едноставно ме плаши и не ми треба никаков доказ”;
¨ Понатамошното испитување открива дека субјектот има
значително забрзан пулс и има повишен крвен притисок;
¨ При скенирање, неговиот централен нервен систем покажува
такви и такви промени ...

n т.е. ова е претерано инсистирање на бихевиоризам и


негирање на секакви ментални својства.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Проблеми при преводот во


бихевиористичка терминологија
1. Како е можно да се преведе следново
убедување:
“Нешто ми кажува дека идеата на
бихевиористичкото преведување е погрешна”.
Во овој случај не можат да се забележат ниту
најмали специфични примери за некои
поведенија.
Многу е тешко да се поврзат поапстрактни мисли
и состојби со некои специфични видови на
поведенија.

2. Уште потешко е да се преведе комплекс на


ментални состојби?
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Забелешката на Ноам Чомски (која го


растурила бихевиоризмот) (1967)
n Во одговор на тезата на Скинер за јазикот како
вербално поведение
¨ за бихевиористите јазикот бил само “одзив” на
“стимулот”.
n Чомски не се согласува и смета дека говорот и
разбирањето на јазикот се ментални процеси кои
се одвиваат пред сè во умот.
n Имаме способност за создавање на нови
реченици, дотогаш неслушнати, кои се граматички
исправни, и можеме дури и да им го разбереме
значењето, но инаку се бесмислени.

n Прочуениот пример: ”Colourless green ideas sleep furiosly.”


“Безбојните зелени идеи спијат бесно.”
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Епистемолошка субјективност: приватноста


и посебниот епистемолошки пристап

n Субјективноста често пати се смета за


суштина на свеста (consciousness).

n Главната идеа е дека субјектот има посебен,


личен епистемолошки пристап до своите
сопствени тековни свесни состојби; ние
изгледаме како да сме непосредно свесни
(на англиски immediately aware, инаку според
Декарт, на француски immédiatement connaissants),
за нашите сопствени чувства, мисли и
восприемања и уживаме во посебната власт
над нив, во прво лице.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Перспективна субјективност:
Поглед од прво лице или “what-is-likeness” (T. Nagel).
Некои филозофи поблизу ја поврзале
субјективноста на свеста со поимот за поглед
од прво лице (a first – person point of view), или
перспективата.
n Не постои безлично (impersonal) “како би
било да си” (“what is it like to be”); секогаш
се однесува за даден субјект (за тебе, за
мене, за луѓето, за лилјаците – строго само
за мене)
n Како е да се гледа жолто, да се вкуси
ананас, да се лоцира со ултразвук друг
лилјак или молец во лет …
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

What is it like to be a bat?


Thomas Nagel, 1974

Како би било да си лилјак ?


Има нешто во тоа како е да се биде лилјак и да се искуси ехолокација.

Трето око за слепите - Innovative wearable technology for blinds:


www.youtube.com/watch?v=t3j2ZW9T8CI
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Субјективно – објективно
n Идеата дека организмот има посебно свесно
искуство, кое само тој самиот може да го има, е
тоа што се вика “субјективен карактер на
искуството”. Субјективната природа на свесноста
го става под знак прашалник секој обид за
објаснување на свеста преку објективни,
редукционистички средства. Свеста не може да
биде објаснета без тој субјективен карактер на
искуството.

n Според Нагел, секое субјективно (лично) искуство


е поврзано со “сопствена точка на гледање”,
правејќи ги невозможни сите обиди за објективно
опишување на свесното искуство.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Не-редуктивен физикализам (емергентизам)


Non-reductive Physicalism (Emergentism)

n Доктрина на појавност на својствата (Property


Emergence). Кога збирки на материјални честички
се здобијат со соодветно ниво на структурна
сложеност, нови оригинални својства ќе изникнат
(emerge).

n Несведливост на појавните својства


(Irreducibility of Emergent Properties). Појавните
својства не можат да се сведат (редуцираат) на
нивните “основни услови” – скриените услови од
кои што тие изникнуваат.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Појавни својства (Emergent properties)


n Умот може да е појавно својство на мозокот.

n Појавноста (emergence) се случува кога


глобални својства на системот изникнуваат од
поограничените локални взаемодејства на
неговите делови.

nВодата се појавува од взаемодејството на


молекулите на H2O, но не може да биде
објаснета целосно според нивните
поединечни својства или взаемодејства.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Функционализам
(Functionalism)
Што го чини нештото чајник или кафемат
е неговата способност да изведува
одредена функција, а не некои
специфични физичко-хемиски структури
или механизми. Многу генерички поими
се чинат како функционални поими
(концепти) (на пример, катализатор, ген,
срце) и изгледаат дека имаат суштинска
функционална состојка.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Функционализам
• Умот е резултат на извршувањето на
одредени процеси или функции. Овие
функции може да доведат до појава на ум
без разлика на физичката подлога во која тие
се вградени.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Умот како пресметковна машина


n Според функционализмот можно е да
се каже дека не постои ништо повеќе
освен функционалната работа на умот.
n Значи, умот е функција.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Повеќекратната изводливост на
умствените својства

n Ако умот е функција, тогаш може да се


изведе во разни уреди.
n Постои само едно барање – мора да
биде отелотворено, но телата можат да
бидат различни.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Остварувања на функционалните
својства
n X е чајник = X има некое својство F такво што F му
овозможува на X да ја задржува и врие водата.

n X е ум = X има некое својство F кое му овозможува на X да


n Причинско-последичната работа може да биде изведена


на многу различни начини. Тоа значи дека постојат многу –
всушност, бесконечно многу – «остварувачи» на својството
да се биде чајник (или да се биде ум).
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Функционализмот е во основата на
идеата за Вештачката интелигенција

n Ако умот е чиста функција, тогаш можно


е да се моделира на компјутер (да се
оствари како програма).
n Прочуениот мисловен експеримент на
Путнам:
n Темата на филмот Матрица
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Мозокот како компјутер


n Функционализмот препознава дека
поседувањето на мозок со одредена
структурна сложеност е важно за
менталноста, но важноста на мозокот лежи
токму во тоа што е физичка машина.

n Пресметковните моќи на нашиот мозок се


важни за остварување на нашата
менталност, а не неговите биолошки
својства.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Проблемот на стекнување на знаење


• Како знаењето влегува во нашите глави?
• Според нативизмот (nativism) ние сме родени со
знаење.
• Според емпиризмот (empiricism) знаењето се
стекнува преку искуството.
• Дебатата вроденост – воспитание
(nature – nurture) се води околу
тврдењата за релативниот придонес
на генетиката и искуството за
било која карактерна црта.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Свесноста (Consciousness) и
Вештачката интелигенција
n Може ли машината да стане свесна?
n Според силниот поглед кон ВИ
(the strong AI view), одговорот е - да.
Тоа е прашање на изградба на сè посложени и
поусовршени машини.

n Според слабиот поглед кон ВИ


(the weak AI view), одговорот е - не.
Свеста е или нефизичка или е толку сложена што
никогаш нема да може да се воспроизведе
вештачки.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Тјуринговиот тест (A. Turing) –


бихевиористички тест
n Тјуринговиот тест е тест на способноста на машината да
покаже интелигентност
n Човек судија се впушта во конверзација на природен јазик
со друг човек и со машина преку Интернет, а тие се трудат
да изгледаат пред судијата како човек да го води
разговорот од другата страна.
n Сите учесници се одвоени еден од друг.
n Ако судијата не може со сигурност да утврди кој е
машината, а кој е човекот, се вели дека машината го
поминала тестот.
n Со цел да се тестира машинската интелигенција, а не толку
другите способности за имитација на човек (изглед, говор,
гестикулации, ...) конверзацијата е ограничена само на
текст внесен преку тастатура (чат).
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Тезата на Тјуринг
n Ако два системи се еквивалентни во
нивните влезови и излези, тие имаат ист
психолошки статус.
n Односно, ако за едниот велиме дека е
интелигентен, тогаш мораме да му признаеме
и на другиот дека е и тој интелигентен.
n Ние и не знаеме за друг
поверодостоен тест. На ист начин
се проверуваме и едни со други
постојано (ама и во живо, а не
само преку чат).
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Дополнителни материјали
n Х. Џ. Блекхо и др., Растежот на идеите, Култура, 1995

n Даниел К. Денет, „Видови умови: кон разбирањето на


свесноста“, Магор, 2006

n Daniel Dennett, Consciousness Explained, Back Bay Books,


1992

n Б. Сергеев, Как мозг учился думать, Цитадель, 1995

n www.coursera.org/learn/philosophy-cognitive-sciences
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ НАУКИ
И КОМПЈУТЕРСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Прашања?
Дискусии?

You might also like