You are on page 1of 10

—-------------------------------------------------------------------------------------------------------------

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“


ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ–СКОПЈЕ
—--------------------------------------------------------------
СТУДИСКА ПРОГРАМА: ПСИХОЛОГИЈА
ПРЕДМЕТ: ВОВЕД ВО ПСИХОЛОГИЈА

Хуманистички приод: врска меѓу духовност и психологија


-Семинарска работа-

Ментор: Студент:
Проф. Д-р. Елена Ачковска - Лешковска Зорица Кускинска 10854/21

Скопје, 2021

1
Содржина
Вовед ......................................................................................................................................... 3
Хуманистичка психологија ...................................................................................................... 4
Погледите на Маслов, Фром, Франкл и Олпорт ................................................................ 4
За растројствата ................................................................................................................... 5
Кон духовност преку хуманистичката психологија ............................................................... 6
• ................................................................................................................................. Будизам
................................................................................................................................................ 6
• ................................................................................................. Погледи од православието
................................................................................................................................................ 7
Заклучок .................................................................................................................................... 8
Користена литература ............................................................................................................. 9

2
Вовед

Овој труд е насочен кон соединување на две навидум различни науки, но


всушност науки кои имаат ист предмет на интерес - човекот, личноста и внатрешноста
на субјектот. Како најкратка дефиниција за психологијата е дека таа е наука за душата.
Духовноста и душевноста се два поима кои се изедначени во обичните здраворазумски
сфаќања, но напротив, тие се две нешта кои постојат како посебни чинители на човекот
и се во хармонија со телото, при што дуализмот душа - тело е проширен, и посоодветно
е да се каже дух-душа-тело. Како најсоодветен приод во кој се препознаваат заеднички
цели и елементи во духовноста и психологијата е хуманистичкиот приод.
Во прилог, како соодветен вовед, е искористен дел од трудот „Основни
животни задачи“ од проф. Благоја Јанаков, во кој пишува:
„…Најважен мотив на особата, според К. Роџерс, е тежнеењето кон
себеостварување, кон раст, развој и активирање на сите потенцијали на
организмот. Животниот тек може да има две насоки: себеостварување
и отуѓување од себе. (...)
Маслов себеостварувањето го определи како целосно, творечко и радосно
користење на способностите и потенцијалите. (...)
Духовните правци и религиите ce насочени кон духовниот развој и
совршенството. Христијанството, особено православното, укажува:
Човекот има божествено потекло - образ и подобие е на Бога. (...)
Совршенството е состојба на посвоеност на Божјите даренија, односно
Богоподобност. (...) Развојот е, значи, вообличување на Ликот Божји во
себе. Спасение, односно милост Божја ce здобива со Богоугодно
дејствување, посебно со добро постапување. Будизмот укажува дека
човечкото јас е ограничено, илузорно и несушто. Основен услов на
духовниот развој е ослободување од страстите и приврзаноста за
надворешни и внатрешни нешта (храна, предмети, апарати, цигари,
таблети, навики, очекувања, мечти, идеали итн.), посебно од себичноста
и себељубието…“

3
Хуманистичка психологија
Хуманистичката психологија се фокусира на проучување на личноста во
целина и започнува од идејата дека човечките суштества се вродено добри.
Хуманистичките психолози не го набудуваат човечкото однесување само
преку очите на набудувачот, туку и преку личноста која дејствува или
размислува. Тие разбираат дека човечкото однесување не може да се
одвои од нивните чувства, намери, слика за себе или лична историја. Се
фокусира на човековата слобода, потенцијал и креативност.
Хуманистичката концепција за развојот на личноста постулира
целоживотен позитивен циклус, со акцент врз потполната реализација на
индивидуалните потенцијали. Не само Маслов, туку и аксиолошкото
учење на Фром поаѓа од хуманистичката максима дека човекот е врвно
добро, но и единствен извор на општествените и културните норми.
Погледите на Маслов, Фром, Франкл и Олпорт
Според хиерархиска теорија на потреби на Маслов функцијата на
пониските потреби е определена со редукција на напнатоста во
организмот. Доколку принципот редукција на тензијата се прошири врз
сите потреби на човекот, тогаш истиот добива ново психолошко значење
како универзален услов за „целосниот развој на човековите
потенцијали.“ Следејќи ја ваквата логика Маслов натаму, од концептот за
биогенетските стремежи кај човекот, доспеал до прочуената теорија за
метамотиви, или Б-вредности („Б“ англ. Being). Во оваа теорија Маслов ги
потенцирал најважните човекови вредности, пред сè, доброто, убавото,
совршеното, правдата, редот, исполнетоста, едноставноста и богатството,
неопходни за субјективното чувство на исполнетост и среќа. Оттука, и
самоостварувањето го сфатил како целоживотен развоен процес на
личносните вредности, при едновремено маргинализирање на уделот на
примитивните Д-вредности (Д од недостаток, англ. Deficient) во
однесувањето на човекот. Слична мотивациско - вредносна теорија развил
Гордон Олпорт, според која новите функционално автономни мотиви се
надградиле врз првичните механизми на психата, потиснувајќи го
примитивниот хомеостатичен принцип, содржан во примарните потреби
на човекот. Помеѓу различните метавредности Маслов посебно ја издвоил

4
тријадата правда, добрина и убавина, пред сè, заради нејзината улога во
самоостварувањето. Спомнатите вредности Маслов редовно ги откривал
кај психички зрелите, самоостварените личности, односно кај лицата со
посебни искуства, познати како врвно доживување (англ. Peak
Experiences). Објаснувајќи ја вредносната динамика Маслов се потпира
врз теоријата за функционална автономија на мотивите на Олпорт, како и
врз анализа на метапатолошките состојби. Хуманистичките психолози
најчесто се согласни во ставот дека со задоволување на основните потреби
не се решаваат прашања за идентитетот, вредностите, одлучувањето или
животната смисла на човекот. Франкл во своето учење за смисла на
животот го поткрепил со народната мудрост дека „животот не се сведува
на благосостојба“. Слично, и Маслов сметал дека среќата ја одржуваат
врвните вредности и искуства, но не и материјалните услови. Оттука,
среќата се состои во постојано откривање на сопственото битие и во
непречениот развој на човекот од почетната етичка состојба „треба“ во
целната состојбата „е“. Така, развојот на личноста се јавува како природен
императив, при што „е“ (is) со помош на „треба“ (ought) израснува врз
вродените потенцијали, додека апатијата, аномијата, моралниот вакуум и
останатите мачни искуства претставуваат примери на неуспешен избор,
кој предизвика блокирање на развојните стремежи на човекот.
За растројствата
На самоостварените личности им се спротивставени разните невротски
состојби, кај кои Маслов забележал дека редовно отсуствуваат
вредностите добрина, правда и убавина. Извел заклучок дека хроничното
блокирање на овие три вредности е поврзано со развојот на
психопатолошки појави и проблемите во самоостварување на
личноста.Франкл пак, алтернативно зборува за криза на вредности. Фром
пак, зборува за отуѓувањето кое претставува „начин на доживување на
сопственото битие како нешто туѓо, односно отуѓување на личноста од
сопствените доживувања и сопствените постапки. Отуѓениот човек трајно
го губи контактот со себе си и со другите луѓе: тој себе си се смета за
објект кој трајно останал без внатрешниот и надворешниот свет.“ Фром
сметал дека секое оддалечување од универзалните потреби претставува
чекор кон сопствено отуѓување

5
Кон духовност преку хуманистичката психологија
Врвното доживување се поврзува со спиритуалната пракса, пред сè, во
источната психологија која е насочена кон продлабочено запознавање на
врвните искуства најчесто кај лицата во состојба на психата наречена
нирвана (санскр. nibbanna). Интерес за врвните доживувања покажале и
други западни психолози (на пр. Фром) во врска со анализата на
позитивните состојби и искуства, како што се, среќата, спокојството,
совршенството, психичко здравје и екстазата. Најавтентичен пример на
ваквиот интегративен пристап е психологот Маслов кој последната година
од својот живот ја посветил на привршување на трудот насловен како
Теорија – Z, во кој ги систематизирал психолошките сознанија за
самоактуелизираните личности.. Маслов тврди дека врвните искуства
сведочат за прогресивното самоостварување и трајното позитивно
менување на личноста, го пренесуваат човекот кон повисоките развојни
циклуси. Според Маслов следени се со посебни когнитивни способности
означени како Б-когниција (англ. Cognition of Being) која редовно се јавува
при самоостварувањето. Способноста за суштинско согледување доведува
до воспоставување „врска со екстрапсихичката стварност која е примарно
насочена кон суштината на нештата, а помалку кон сопствените (селф)
интереси.“. Потпирајќи се врз ваквата способност самоостварената
личност успешно ја разликува вистината од лагата, наспроти просечните
луѓе чие сознание се потпира врз инфериорно вреднување, за кое Маслов
го користи поимот Д-когниција (англ. Deficiency Сognition). Значајна
заслуга за позитивниот пристап кон источната филозофска, психолошка и
религиска мисла им припаѓа и на психолозите Фром и Франкл. Нивната
улога се гледа во творечко вклучување на феноменолошките,
психолошките, медицинските и медитативните искуства во поновите
теории за личност. Иако ретко кој психолог од наведените зборувал за
православието, сепак нужно е да се каже дека теориите за личноста кои се
наведени во будизмот, претходно биле разработени и објаснети во
проповедите и учењата на Светите Отци во православието (пр. Св. Јован
Дамаскин, Св. Григориј Ниски) со разлики во терминологијата.
• Будизам
Маслов изнел научни аргументи дека источното учење претставува
поцелосен психолошки систем во споредба со западните теории на

6
личност. Посебно го оценил универзалното значење на будистичкиот
циклус за четирите основни и наизменични желби - задоволства (детство),
успех (младост), должности (зрелото доба) и мудрост (старост). Личноста
претставува психички систем со внатрешен ред и структура. Основата на
личноста се состои од здрави (санскр. Kusula) и нездрави чинители
(санскр. Akusula) кои се антагонисти. Поголема застапеност на кусулите е
доказ за психичко здравје и позитивен развој на личноста, а присуството
на негативните акусули подразбира психичко растројство на личноста.
Личното совршенство e насоченo кон самоосознавање. Блаженството се
постигнува со медитација, самооткажување и аскетизам.
• Погледи од православието
Согласно христијанската антропологија, во пределот на човековото срце
постои и духовно срце како центар на духовниот живот на човекот и на
неговата душа. Во срцето, како духовен центар на човекот, постојат три
сили на душата: една словесна – умот, и две бесловесни – волјата и желбата.
Овие три сили боледуваат од три страсти: умот боледува од славољубие,
волјата од среброљубие, а желбата од сластољубие. Теоретски, заразеноста
на која било од силите (и на само едната од нив) со соодветната страст го
валка самото срце, како нивни центар и извор, а преку срцето, пак, се
валкаат и ослабуваат и другите две сили. Преку аскетскиот христијански
подвиг во добродетели треба да се преобразат трите страсти на душата, и
тоа: од славољубие во богољубие и човекољубие, од среброљубие во
милост кон сиромашните и од сластољубие во воздржание (самоконтрола).
За здрави личности, тие три страсти не треба ниту да се потиснуваат, ниту
да се задоволуваат, туку да се преобразат, а тоа е можно само преку жив
аскетски подвиг. Задоволувањето доведува до растројство на личноста, а
незадоволувањето до потиснување и појава на одбранбени механизми како
и до разни зависности. Патот на здравата личност кон Бога, односно патот
на исцелението на повредениот ум се одвива преку пет точки за
надминување на секојдневните искушенија: 1) прифаќање на сè како Божји
дар; 2) благодарење за искушението и дури, посакување нови искушенија;
3) самоосудување и самопреиспитување наместо обвинување друг за
настанатото страдање; 4) смиреност и непокажување ни со збор, ни со дело
дека сме во искушение и, 5) молитва. Отците зборуваат и за врските меѓу
психотерапијата и теологијата, односно можноста духовникот и психологот

7
да соработуваат во создавањето на здрави личности. Исто така, постои и
точно дефинирање на умот и разумот. Умот има една енергија, а две дејства
(функции): примарна – кога енергијата се насочува кон Бог, и секундарна –
кога енергијата се насочува кон светот, односно под примарна се
подразбира личносниот, опитен и љубовен (интуитивен) однос со Бог, а под
секундарна – разумот и комуникацијата со светот (а со тоа и со Бог) преку
науките, вештините, секуларните теории и уметностите. остои природен
начин на живот, кој според светите Отци е поделен на три нивоа од
духовниот развој: очистување на срцето од страстите, просветлување на
умот и боговподобување (обожение), така постои и противприроден начин
на живот, кој се одвива на три надолни нивоа на душевно и ментално
разболување: валкање на срцето од исполнување на страстите,
затемнување на умот од прифатени демонски помисли во срцето и од
гревови на дело што станале навика, и демонизирање - опседнатост од
духовите на злото од поднебесјето поради трајна своеволна определба кон
гревот (зборуваме во случај кога не постои физиолошка основа за
психичката болест). Трите надолни нивоа на душевно разболување,
модерната психологија ги нарекува неврози, растројства на личноста и
психози.

Заклучок

Преку овој труд може да се забележи поврзаноста меѓу религиите и


психологијата. Конкретно, за скоро истите вредности зборуваат и хуманистите и
православните и будистите. Се согледува дека е возможно соединување на целите на
овие пристапи, односно сите три се стремат за личен развој и дека во коренот на

8
човековата природа е доброто. Го гледаат човекот со сите негови потенцијали за развој
и дека тој е способен да постигне повозвишени животни достигнувања. Покрај тоа, се
забележуваат и надолни нивоа кај сите три приоди, кои исто така наликуваат еден на
друг.
Дополнителен коментар за трудот кој оди во објаснување на изборот на
присхолошки приод, односно хуманистичкиот и како духовни гледишта се земени само
православието и будизмот е дека хуманистите се истакнуваат токму со нивните
аргумнети за важноста на спиритуалноста, односно духовноста; православието е земено
како пример поради неговата доминантност како религиска определба на територија на
Македонија, па и на околните Балкански држави кои ни се блиски и може да се каже
дека православието го имаме како „сигурен духовен терен за расправа“, а будизмот пак
е искористен за споредба и како верување кое е доминантно подалеку од нашите
краишта, но после шеесетите години од минатиот век (околу движењето на хипиците и
понатаму) е забележан особен интерес кај младите генерации ширум светот, па и кај нас,
што го прави будизмот привлечен правец на харизматични движења на духовна
определба.

Користена литература
1. GZ64.08. Јанаков, Б. - Основни животни задачи,

9
http://periodica.fzf.ukim.edu.mk/godzb/GZ64(2011)/GZ64.08.%20Јанаков,%20Б.%20-%20Осн

овни%20животни%20задачи.pdf
2. Св.Јован, Дамаскин,(2005) Точно изложување на православната вера
ISBN:9789989213298, Икона, Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент
Охридски“, Скопје
3. Чернышев А.В., Бочаров А.С.-Очерки современной церковной
психологии (2004), ISBN: 5-94127-012-7
4. Allport, G. W: Pattern and Growth in Personality. Holt, Rinehart and Winston,
Inc.: New York, 1961.
5. Fromm, E: Imati ili biti. Religija, karakter i društvo. Naprijed: Zagreb, 1979
6. Maslow, A. H: Motivacija i ličnost. Nolit: Beograd, 1982.
7. Maslow, A. H: A Theory of Metamotivation: The Biological Rooting of the
Value-Life. Journal of Humanistic Psychology, 1967, 7 (2).
8. Наум, митрополит од Струмица Премин од душевност во духовност /
Митрополит Струмички Наум. - Велјуса : Манастир Воведение на
Пресвета Богородица Елеуса, 2016.
9. Malim T., Birch A. (1998) Theoretical approaches in psychology. In: Introductory
Psychology. Palgrave, London. https://doi.org/10.1007/978-1-349-14186-9_2

10

You might also like