You are on page 1of 11

Универзитет Св.

͈Кирил и Методиј̎-Скопје
Медицински Факултет

Тема:ЕМОЦИИ
Ментор: изработиле :
Проф.Д-Р Васко Ѓорѓиевски 1368
Виктор Исијановски Андреј Тодоровски 1360

Скопје,2022
Содржина
Емоции ( вовед) ...................................................................................................... 1
Карактеристики на чуствата и емоциите .............................................................. 2
Квалитет на емоции ................................................................................................... 3
Развој на емоциите .................................................................................................... 4
Класификација на емоциите ....................................................................................... 5
Теории за емоции ........................................................................................................ 6
Телесни манифестации на емоциите ........................................................................ 7
Видови емоции .......................................................................................................... 8
Заклучок .................................................................................................................... 9
Користена литература .................................................................................................. 10
ЕМОЦИЈА ( вовед )

Според повеќето психолози,емоциите се збир на комплексни случувања на човековиот


организам,кои ги опфаќаат објективното однесување,чувствителното изразување и соодветните
промени во телесните функции.Постои разлика меѓу поимите емоција и чувство.Емоциите се
јавуваат и кај луѓето и кај животните,а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето.Тие
се резултат од човековиот социјален живот.

Слика 1.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЧУВСТВАТА И ЕМОЦИИТЕ

При појава на секое чувство и емоција во човекот се одвиваат голем број карактеристични
промени:физиолошки,физички и промени во движењето.

 Физиолошките промени се јавуваат во две фази:првата се нарекува фаза на емотивен


шок,а втората се нарекува фаза на специфични промени.
 Физичките промени при емоциите се:карактеристични движења на
телото,карактеристичен израз на лицето и карактеристични промени во говорот.
 Промени во доживувањата се редовна придружна појава на емоциите и чувствата.

Слика 2.
КВАЛИТЕТ НА ЕМОЦИИ

Во текот на својот живот човекот е изложен на пријатни емоции кои влијаат смирувачки врз
него,но доживува и непријатни емоции кои делуваат вознемирувачки врз него.Големиот
психолог Вилхем Вундт сугерира дека емоциите поседуваат три фундиментални димензии од
кои секоја има еден двојник кој му опонира на другиот:

 задоволство-незадоволство
 стегање-опуштање
 екцитација-релаксација

Овие карактеристики подоцна се проширени од страна на Плутчк кој препорачува 8 основни


емоции кои се групираат во 4 пара:

 веселост-тага
 прифаќање-одбојност
 лутина-страв
 изненадување-антиципација

Слика 3.
РАЗВОЈ НА ЕМОЦИИТЕ

Емоционалниот развој е еден од важните психолошки процеси кој се одвива под


влијание на наследството и созревањето , но и преку учење во текот на социјализацијата.Кај
штотуку роденото дете емоциите уште не се издиференцирани и може да се каже дека се наоѓа
во една состојба на општа возбуденост . Веќе до третиот месец се создаваат чувствона
пријатност и непријатност кои ги изразува преку насмевка и гугање односо преку плачење и
напнатост во мускулите.До штестиот месец се диференцираат страв, лутина , до дванаесетиот
гордост и љубов , а нешто подоцна љубомора и радост.
Во школската возраст детето е веќе зрело да ги доживува емоциите на возрасните и се
смета дека овој период би бил најквалитетен во неговиот живот во однос на емоционалното
доживување.Во адолесцнцијата емоциите се интензивираат,па затоа во тој период постои
можност за појава на кризи,афективни растројства и на анксиозност.

Слика 4.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЕМОЦИИ

Постојат многу видови чувства и,за полесно развирање,се прават обиди за нивно
категоризирање според одредени критериуми.Тие се поделени на основни, едноставни или
витални емоции и виши, социјални емоции.
Основни, едноставни или витални емоции непосредно се поврзани со соматските и со
психичките процеси во организмот.Тука спаѓаат страв, тага, гнев, радост.
Виши, социјални емоции се оние кои се создаваат по пат на учење, тие се сложени
комбинации на основните чувства и тука спаѓаат етички, естетски, религиозни и интелектуални
чувства.

Слика 5.
ТЕОРИИ ЗА ЕМОЦИИ
1. Џемс-Лангова теорија на емоциите.Основите на оваа хипотеза се поставени од страна
на Вилијам Џенс според кој силните емоции се неделиви од акцијата на скелетните мускули и од
органите инервирани од автономниот нервен систем.Оваа теорија подоцна е надополнета од
страна на Карл Ланг со хипотезата дека човекот постои со сите емоционални доживувања,дека
тој живее заедно со својата радост и со својата мака,со своите среќни и несреќни моменти во
живеењето и во својот вазомоторен систем кој ги изразува неговите чувства.
2. Теорија на Канон.Според оваа теорија некои емоции предизвикуваат брза реакција на
целокупниот организам кога субјектот ќе се најде во некоја конкретна и реална опасност.При
тоа настанува максимална активација на симпатикусот што доведува до забрзување на срцевиот
ритам,мобилизација на гликозата,накострешување на влакната од кожата и друго.Процесот на
таа активација започнува од таламусот,од каде што се екцитира мозочната кора каде потоа се
испраќаат имплуси до симпатичниот нервен систем преку кој настануваат телесните промени.
3. Теорија на Стенли Шахтер.Со оваа теорија е преставена важноста на когнитивните
функции во интрепретација на стимулусот и состојбата на висцералните органи.Според
него,субјектот ја интерпретира активацијата на висцералните органи во функција на одговори на
стимулуси на околната ситуација и на неговата когнитивна состојба,што значи дека една
емоција не ќе може да командува со физиолошките активации,односно со автономниот нервен
систем,без когнитивна обработка.

ТЕЛЕСНИ МАНИФЕСТАЦИИ КОИ ГИ СЛЕДАТ ЕМОЦИИТЕ

1.Лицева експресија.На лицевата експресија,прв научно и приоѓа познатиот биолог Чарлс


Дарвин.Мимичната експресија на емоционалното доживување е овозможена од синхроната
акција на мимичните мускули,од кранијалните нерви кои ги инервираат тие мускули односно
n.fascialis и n.trigeminus,и комплески патишта на централниот нервен систем.
2.Висцерална експресија.При емоционалните реакции настануваат голем број на промени
под дејство на автономниот нервен систем.Настанува промена на срцевиот ритам, стомачни
контракции, дилатација и констрикција на крвните садови, накострешување на влакната на
кожата, миоза или дилатација на зениците, забрзано или површно дишење,сексуалните функции,
метаболизмот и друго.
3.Ендокрина експресија.Интензивното емоционално доживување,преку активација на
автономниот нервен систем или пак преку стимулација на централно-периферните ендокрини
оски се одразува со покачувањето на нивото на адреналин во крвта, норадреналин, 17-
хидроксикортикостероидите ,кортизолот, хормоните на тироидата, хормонот на растот,
инсулинот и тестостеронот.
ВИДОВИ ЕМОЦИИ

1.Според важноста за животот на човекот.Основни (или примарни) и секундарни чувства.


2.Според интензитетот и траењето.Расположение, афекти, страсти, сентиметни.
Афектите -се интензивни и краткотрајни емоционални доживувања проследени со видливи
телесни манифестации,
Расположение- е трајна состојба на емоциите и зависи од карактерот на личноста и од
состојбата на невроендокриниот систем ,
Страсти - емоционална врзаност со силен интензитет и долго траење,
Сентименти -љубов , омраза , патриотизам –стекната сложена диспозиција за емоционално
реагирање.
3.Според манифестната активност.Предизвикуваат желба да се пристапи кон друг објект,
љубов, радост, сигурност, пријателство.
4.Според насоченоста на емоциите.Емоциите можат да бидат насочени кон себе и кон други
личности.
ЗАКЛУЧОК

Емоциите се компексна психолошка состојба дел од нив вродени , дел стекнати , често се
испреплетени со расположението , темпераментот , личноста, расположението и мотивацијата.
Колку човек станува постѕар , толку повеќе има можности да ја контролираат емоцијата .
Она што е добро или лошо во однос на емоциите е , всушност начинот на кој се изразуваат
поедини емоции.Па да заклучиме дека учењето да управуваме со своите чуства е корисно ,
бидејќи емоционалната удобност е дирекно поврзана со физичката состојба на личноста .
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. https://mk.wikipedia.org/wiki/
2. https://www.verywellmind.com/
3. Психологија за III годишни студии

You might also like