You are on page 1of 3

Теории на болка:

1.Теорија на посебни прифаќачи (ноцицептори)


Теоријата на посебни прифаќачи е најстара теорија со која, доживувањето на болката е
објаснето исклучиво механички. Овој пристап на интерпретирање на болката прв го предложил
францускиот филозоф Р. Декарт во 17 век. Тој сметал дека постои непрекината врска помеѓу
местото на дразбата и центарот на доживување на болка во мозокот. Max von Fray (19 век) прв
целосно ја поставил оваа теорија. Поаѓајќи од детални микроскопски проучувања, Фреј
претпоставил дека во кожата постојат посебни рецептори за доживување на болката.
2. Теорија на сумирање и кодирање на нервни импулси: Според оваа теорија болката
може да биде предизвикана од било кој вид на дразби и на било кое место од сензорниот нервен
систем, ако дразбите се со доволно голема јачина. Болката се јавува секогаш кога нервните
импулси од надразнето ткиво се толку зачестени и многубројни, што доаѓаат до едно критичното
ниво, над кое се сумирани и кодирани. Под ова ниво се доживуваат како осет на допир, ладно,
болка.
3. Теорија на контрола на премин („gate- control“):
Теорија на Melzack & Wall. Според оваа теорија, постои неурален механизам во дорзалните
рогови на ‘рбетниот мозок кој делува како премин и кој може да го засили или намали продорот на
нервните импулси од периферните влакна према централниот нервен систем. Под влијанието на
овој механизам, нервните импулси се модифицирани, пред да предизвикат перцепција на болка.
Melzack смета дека процесите на насочување на внимание, силни емотивни состојби, очекувања,
поранешни искуства, разни когнитивни и други психички процеси можат да ги модифицираат
болните импулси или потполно да го блокираат нивниот премин до мозокот.

Теории на стрес
Теорија на Сели:
Теоријата на Сели се базира на психофизиолошки механизми на стрес. Ги разјаснил
психофизиолошките фактори на стресот и посебното делување на ендокриниот систем во текот
на стресни реакции. Сели забележал и други физиолошки реакции на стрес, карактеристични за
општиот адаптациски синдром. Физиолошките активности во рамките на овој синдром се
однесуваат на зголеменото лачење на ACTH од хипофизата. Општиот АС се карктеризира со три
фази: 1. Период на аларм; 2. Период на спротивставување; 3. Период на исцрпување.
Овие фази овозможуваат адаптирање на телото на стрес. Сели смета дека основна
цел на адаптацијата е ограничување на делувањето на стресот на мали подрачја на
организмот, кои се способни да се спротивстават.

 Период на аларм- почетен период на стрес, се покренуваат сите одбрамбени сили на


организмот.
 Период на спротиставување - адаптирање на организмот на почетниот стрес
 Период на исцрпување-организмот е исцрпен поради долготрајно спротиставување на
стрес бидејќи нема преостанати можности за понатамошно спротиставување.

Болести на прилагодување: зголемен крвен притисок, ревматски болести, карцином,


болести на метаболизмот, неотпорност на имунолошкиот систем и болестите кои произлегуваат
од ова.
Психоаналитичка теорија на стрес ( Alexander)
Според психоаналитичките хипотези, психосоматските болести се јавуваат кога постои
претходна телесна предодреденот и одредени емоции врзани со психодинамската страна на
личноста. Основни причини за болестите се најчесто потиснатите состојби на агресија, љубомора
и др. емоции предизвикани посебно со психолошки трауми. Тогаш се јавуваат одредени
психосоматски симтоми, како начин на ослободување од емоционалната напнатост. Ова може да
предизвика појава наречена „нервози на органот“, а понекогаш и трајни органски пореметувања.

Теорија на животните настани (Dahrenwend & Dahrenwend):


Според овие истражувачи, стресот е реакција на настани кои со својата јачина го
надминуваат нивото кое личноста, со своите способности на адаптација, може да го совлада. За
нив, стресорите се примарно социјални настани, кои внесуваат несогласувања во вообичаените
активности на поединецот, па со тоа ќе предизвикаат и стресни реакции.

Теоријата на Лазарус
Лазарус развил теорија, според која, најголемо значење во стресните ситуации имаат
когнитивните процеси, а средишен поим е поимот на загрозеност. Загрозеност, според Лазарус е
состојба во која личноста предвидува конфликт со загрозувачка ситуација. Адаптацијата на стрес,
Лазарус ја дефинира преку две компоненти:

 соочување со ситуација која предизивикала стрес.


 соочување со емоции во ситуации на стрес.

Според него, постојат шест ситуации кои предизвикуваат најсилни стресови:


 несигурност на физичкото опстанување
 несигурност околу одржување на сопствениот идентитет
 опасност од пореметувања на цели и вредности важни за личноста
 несигурност поради неможноста за контрола на сопствената околина
 неподнослива болка
 губење на саканата личност

ПРОФЕСИОНАЛНО СОГОРУВАЊЕ (“burnout “)


Burnout e физичка, емоционална или духовна исцрпеност како резултат на задржан,
акумулиран стрес без адекватно прилагодување. Burnout е исто така познат како исцрпеност кога
резервите на телото кои се користеле за справување со стресот се веќе целосно исцрпени.
Фази на согорување :
- Работен ентузијазам (претеран, неуморен, нереални очекувања на брзо постигнување,
преголемо вложување, работат подолго, не си допуштаат себе си одмор).
- Фаза на стагнација (состојба на осуетеност, фрустрација, разочарување, сомневање во
себе).
- Емоционално повлекување и изолација (подлабоко оддалечување и доживување на
работата како бесмислена и невредна, знаци на телесна исцрпеност).
- Апатија на губење на животни интереси (знаците на депресија се јасно воочливи,
мотивацијата е потполно исцрпена).

Изворите на согорување можат да бидат внатрешни и надворешни, односно:


- Внатрешните извори зависат од личноста (нереални очекувања, потреба за постојана
контрола на ситуацијата, идентификација со работата, претерана упорност, ригидност,
неадекватно користење на времето, чувство на некомпетентност).
- Надворешни: За односите внатре во тимот (непостоење на формалното и вистинското
пружање на лична и професионална помош, непостоење на дух на заедништво и припадност на
тимот).

Физиолошки симптоми на професионалното согорување се: Губење или зголемување на


апетитот, губење или добивање на тежина, замор, инсомнија, бес, депресија и сл.
Се карактеризира со три аспекти: Телесно исцрпување (хроничен замор, потешкотии во
спиењето); Емоционално исцрпување (депресивност, животното задоволство е намалено);
Ментално исцрпување (негативен став према семејството).
Техники кои можат да помогнат во справување со согорувањето: Имагинација-техники на
релаксација, позитивно мислење, медитација, барање и прифаќање на помош, одмор/ рекреација,
да се најде време за одмор итн.

You might also like