You are on page 1of 30

ЧЕКОРИ ПО

МОЗОЧЕН УлАР
Информации за оние
кои имале мозочен удар
Здружението Stroke Association (Строук) не презема никаква
одговорност за грешките кои може да се произлезат од овој превод
или за последиците кои тие грешки може да ги предизвикаат.
Оригиналните информации кои се наоѓаат во оваа публикација треба
да се сметаат за точни само до објавениот датум на ревизија.

Обратете внимание на тоа дека овие информации не може да бидат


замена за специјалистички професионални совети, прилагодени само
на Вашата ситуација. Се трудиме да овозможиме точна и ажурирана
содржина, но информациите може со време да се променат. До
оној степен до кој е со закон дозволено, Строук здружението не
презема одговорност во врска со примената на информациите во
оваа публикација или примената на информациите од трети лица или
наведените веб-страници.
1

ВО ОВОЈ ВОДИЧ ЌЕ ПРОЧИТАТЕ:

ШТО Е МОЗОЧЕН УДАР ЗАКРЕПНУВАЊЕ И


РЕХАБИЛИТАЦИЈА

ПОДДРШКА ПО УЖИВАЊЕ ВО
ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД ЖИВОТОТ ПО
БОЛНИЦА МОЗОЧЕН УДАР

НАМАЛУВАЊЕ НА КАДЕ ДА ДОБИЕТЕ


РИЗИКОТ ОД ДРУГ ПОМОШ И
МОЗОЧЕН УДАР ИНФОРМАЦИИ
2

ТУКА СМЕ ЗА ВАС ШТО Е МОЗОЧЕН УДАР


Здружението за борба Мозочниот удар е напад на
против мозочен удар мозокот. Тој се случува кога
„Мозочен удар” како ќе се прекине снабдувањето
невладина, неполитичка и со крв на еден дел од
непрофитна организација, мозокот, па мозочните клетки
функционира од 2014 изумираат. Оштетувањето на
година и претставува прво мозокот може да влијае и врз
здружение од ваков тип функционирањето на телото.
во Македонија. Целта на Исто така, може да го смени
Здружението „Мозочен удар” начинот на размислување и
е да делува превентивно со како се чувствувате. Постојат
цел да се намали бројот на два главни вида мозочен
мозочните удари, да се залага удар:
за подобрување на третманот
и рехабилитацијата со цел да
се редуцира инвалидитетот и
смртноста по мозочниот удар
како и да понуди поддршка и 1. Исхемичен: поради
помош на болните и нивните запушен крвен сад во
семејства. мозкот

ЗА ВАС
По мозочен удар потребни
Ви се информации и 2. Хеморагичен: поради
поддршка, без оглед на тоа крварење во или околу
дали се чувствувате целосно мозокот.
закрепнати или имате
инвалидитет. Овој водич им Исхемичниот често се
нуди корисни информации нарекува и мозочен удар кој
на сите оние кои доживеале произлегол од тромб.
мозочен удар, со совети за Хеморагичниот мозочен удар
тоа кому да му се обратите за често се нарекува мозочно
помош, доколку Ви затреба. крварење.
3

Различни називи за ПОСЛЕДИЦИ ОД


хеморагичниот мозочен МОЗОЧЕН УДАР
удар
Секој мозочен удар е поинаков.
Хеморагичните мозочни
Последиците од мозочниот
удари може да бидат:
удар зависат од тоа каде се
субарахноидална хеморагија случил во мозокот и колку е
или голем оштетениот дел.
интрацеребрална хеморагија.
Некои последици од
ТИА или мал мозочен удар мозочен удар:
Движење и рамнотежа

Слабост на едната страна од


телото

Проблеми со рамнотежата и
одењето

Потешкотии при користењето


ТИА (транзиторна исхемична на нозете, стапалата, рацете и
атака) е исто што и мозочен дланките.
удар, освен што симптомите
траат кратко. За време на Останати физички проблеми
ТИА, крвниот сад во мозокот
се блокира, но по кратко Проблеми со голтањето
време сам се одзатнува.
ТИА е позната и како мал Губење на контролата врз
или транзиторен мозочен цревата и мочниот меур
удар. Меѓутоа, ТИА е главен
предупредувачки знак за од Умор кој не проаѓа и по
мозочен удар. извесно одморање

Болки во мускулите и
зглобовите
4

Размислување и Лична приказна: Умор


комуникација
Се јавив на помошната линија
Проблеми со помнењето, „Строук Хелплајн“ (анг. Stroke
концентрацијата и Helpline), бидејќи немав
решавањето проблеми енергија. Жената која се
јави рече: „Па тоа е сосема
Проблеми во говорењето, нормално“. Тоа беше големо
разбирањето на говорот, олеснување.
читањето и пишувањето
Ричард, преживеал
Просторно занемарување: мозочен удар.
недостаток на свест за
нештата кои се наоѓаат на Афазија
една страна од телото

Проблеми со сетилата

Проблеми со видот,
вклучувајќи дупло гледање,
висока чувствителност на
светлост и губење дел од Приближно една третина од
видното поле оние кои преживеале мозочен
удар имаат проблем со јазикот,
Трнење и ежење на кожата којшто се нарекува афазија.
Често доаѓа до мозочен удар
СКРИЕНИ ПОСЛЕДИЦИ на левата страна од мозокот.
Афазијата може да влијае
Мозочниот удар може да има врз сите аспекти на јазикот,
„скриени последици“, како вклучувајќи го и говорот,
емоционални проблеми и читањето, пишувањето и
умор. Ова може да им се случи разбирањето на говорот.
и на оние кои немаат никакви Личноста не станува, на овој
други здравствени проблеми начин, помалку интелигентна,
или попречувања по мозочниот но тешко ѝ е да го користи
удар.
5

јазикот. Потешкотиите во ЕМОЦИОНАЛНИ


комуникацијата, исто така, ПОСЛЕДИЦИ ОД
може да произлезат поради МОЗОЧНИОТ УДАР
слабост на мускулите на лицето
кои доведуваат до неправилен По мозочниот удар, многумина
говор. Поради слабост на чувствуваат шок, лутина,
мускулите не доаѓа до проблеми вина и тага. Вообичаено е, по
со концентрација и мислење. мозочниот удар, да се појават
емоционални проблеми
Промени во однесувањето како што се анксиозност и
Кај некои луѓе се менува депресија. На личноста може
однесувањето. Тие може да ѝ е тешко да зборува за
да си ги променат навиките своите чувства, но може да ѝ
и да почнат, на пример, да помогне разговор со саканата
пијат чај наместо кафе. Некои личност или психолог.
луѓе стануваат надразливи и Емоционалност
кажуваат или чинат работи
без размислување. На некои луѓе им е тешко да
ги контролираат чувствата
Многу од последиците по мозочниот удар. Ова се
од мозочниот удар се нарекува емоционалност. Тоа
привремени значи дека може да се смеете
или плачете неконтролирано,
Може да Ви биде подобро
понекогаш без причина.
во првите денови и седмици
по мозочниот удар. Некои Лична приказна:
последици траат подолго. емоционалност
Можеби ќе ви треба
рехабилитација за да „Особено кога сум уморен,
закрепнете. многу лудо се смеам на работи
кои и не се толку смешни –
тоа е некаков вид смеење
помешано со плачење, што е
навистина чудна работа.“

Џош, преживеал
мозочен удар
6

ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ДОБИВАЊЕ ПОМОШ


ОДНОСИТЕ
Немојте да се плашите да барате
Мозочниот удар влијае и врз помош за емоционалните,
луѓето во околината. Тие често сексуалните проблеми и односи,
чувствуваат грижа и шок. вклучувајќи ги и промените
Можеби ќе дојде до промена во однесувањето. Посетете го
во односите, а појавата на својот лекар или контактирајте
болест или инвалидитет
може да ја сменат улогата на Здружение за борба против
членовите во семејството. мозочен удар „Мозочен
удар”
На Вашите пријатели и
семејство им е тешко да Лична приказна: депресија
разберат низ што поминувате,
„Постојано размислував
па доколку можете, обидете
„Зошто ми се случи тоа?“
се да разговарате со нив за
и станав многу, многу
тоа како се чувствувате.
депресивна. Речиси веднаш
стапив во контакт со
советувалиштето.“

Силија, преживеала
мозочен удар

Многу луѓе велат дека


мозочниот удар влијаел
ЗАКРЕПНУВАЊЕ И
и врз нивниот сексуален РЕХАБИЛИТАЦИЈА
живот. Ова може да биде
По мозочниот удар, на
поради физичкото или
мозокот и на телото им е
емоционалното влијание на
потребно време за да се
мозочниот удар. На луѓето
излечат. Во првите неколку
им е тешко да зборуваат за
седмици, некои луѓе ќе се
тоа, но тоа не е ништо поради
чувствуваат изморено и
што би требало да Ви биде
збунето. Секој заздравува на
непријатно.
поинаков начин.
7

Некои луѓе потполно ќе


закрепнат. Други ќе имаат
здравствени проблеми или
инвалидитет.

Брзина на закрепнувањето
Закрепнувањето се Тоа значи дека можете да
одвива најбрзо во првите си ги повратите вештините
неколку месеци. Потоа како одењето, говорот и
напреднувањето може да воспоставувањето рамнотежа.
биде посопоро. Меѓутоа, На овој процес му помагаат
состојбата може да продолжи вежби за рехабилитација.
да се подобрува со месеци
или со години. ШТО Е РЕХАБИЛИТАЦИЈА
Рехабилитацијата значи
Лична приказна:
да се обидете да вратите
Закрепнување
една функција во нормала
„И понатаму полека колку што е можно повеќе и
закрепнувам, 10 години помага да се прилагодите на
подоцна.“ инвалидитетот.

Алан, преживеал Вниманието е ставено врз


мозочен удар тоа да бидете во состојба да
ги извршувате вообичаените
активности во секојдневниот
Невропластичност живот и да Ви помогне да
Можеби ќе го слушнете комуницирате, да се движите
зборот невропластичност. Тоа и да бидете колку што е
значи начин на кој мозокот можно посамостални.
може да заздрави откако бил
оштетен. Клетките на мозокот Би требало да започнете со
не можат да се повратат, но рехабилитацијата веднаш по
другите делови на мозокот мозочниот удар. Можете да
можат да превладеат. започнете уште во болница и
да продолжите дома, доколку
е потребно.
8

ВИДОВИ РЕХАБИЛИТАЦИЈА:

Окупациска терапија:
Ви помага повторно да ги стекнете секојдневните
вештини, како што се облекување и движење.

Физиотерапија:
Ви помага да се движите и да одржувате
рамнотежа. Ги зајакнува мускулите и ја подобрува
мобилноста, рамнотежата и координацијата.

Говорна и јазична терапија:


Може да Ви помогне да го подобрите говорот и
може да Ви помогне полесно да јадете и да пиете

Психолошка терапија:
се занимава со емоционалните проблеми и
проблемите со помнењето и размислувањето

Диетална поддршка:
диететичар се грижи за тоа да добивате храна и
пијалаци кои Ви се потребни. Диететичарот може
да Ви помогне ако Ви е тешко да јадете.

КАКО ФУНКЦИОНИРА ќе ги поставите целите за


РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА успех. Правите планови за
постигнување на целите. Во
За време на рехабилитацијата зависност од видот третман,
работите со терапевти. можеби ќе морате да правите
Терапевтот врши целосна вежби. Можете да работите
проценка и осмислува на издржливоста или да учите
третман кој ќе им одговара нови начини на кои можете
на Вашите потреби. Заедно нешто да извршувате.
9

Совети за рехабилитација Останете позитивни

Некои кои преживеале


мозочен удар велат
дека позитивниот
став може да Ви помогне да
успеете со рехабилитацијата.

Оние кои преживеале мозочен Продолжете да се движите


удар ни кажуваат дека
веројатно ќе треба многу труд Пробајте да ги
и одлучност за да се продолжи вметнете движењето
со рехабилитацијата. Тоа може и вежбите во
да биде многу тешка работа, секојдневните задачи
и физички и ментално, но
многумина сметаат дека им Поставете си цели
помага да направат еден витален
напредок во говорот, одењето Поставувањето остварливи
и другите клучни вештини. цели дава чувство
на успех кога ќе ги
Тука, лицата кои преживаеале остварите.
мозочен удар и професионалците
нудат совети за тоа како Бележете го напредокот
да останете позитивни и
мотивирани: Ако редовно ги
бележите своите
Најдете помошници активности, тоа ќе
Ви овозможи да
Вежбањето може да видите колку добро
биде тешка работа, напреднувате. Во почеток
затоа побарајте нема да бидете во состојба
помош од членовите на да поднесете многу вежби
семејството или пријателите. од рехабилитацијата. Кога ќе
Со помош од други луѓе може се чувствувате посилни, ќе
навистина да Ви е полесно можете да сторите повеќе.
редовно да вежбате и да
успеете.
10

ПОДДРШКА ПО ПРЕДВРЕМЕНО ОТПУШТАЊЕ


ИЗЛЕГУВАЊЕТО ОД Можеби ќе можете да ја
БОЛНИЦА напуштите болницата многу
брзо по мозочниот удар, сè
додека можете да се движите
од креветот до столицата и
имате безбедно домашно
окружување каде можете да
отидете. Рехабилитацијата
продолжува дома.
Ако сте биле подолго време
Преглед на Вашите
во болница, заминувањето потреби
дома може да биде големо
олеснување. Но, на некои
луѓе заминувањето дома
им делува застрашувачки.
Процесот на отпуштање треба
да обезбеди да ја добиете
целосната потребна помош.
Вие и Вашето семејство, исто
така, треба да сте вклучени во
планирањето на отпустот.
Планот на отпустот опфаќа:
Околу шест месеци откако
ќе излезете од болницата,
Рехабилитација
треба да проверите колку
Медицински третман сте напреднале. На тој начин
ќе се осигурате дека ќе ја
Домашна нега добиете вистинската помош
доколку се промениле и
Опрема која можеби ќе Ви Вашите потреби. Обратете се
биде потребна кај матичниот лекар.
Придружба
11

ЛУЃЕТО КОИ ВЕ Некои луѓе мораат да пронајдат


ПОДДРЖУВААТ КОГА ЌЕ нов дом со дополнителна
ИЗЛЕЗЕТЕ ОД БОЛНИЦА помош. Вашиот социјален
работник може да Ви помогне
да размислите за опциите кои
Вашиот општ лекар е ги имате.
личност од која барате
помош кога станува збор за
здравствените проблеми или Ова може да вклучува:
потребата за помош.
Засолниште: самостојно
Можеби ќе Ви треба живеење со извесна помош,
поддршка од терапевт, како како помош од надзорник
што се физиотерапевтите и или систем за алармирање.
окупациските терапевти.
Стамбено згрижување: може
Можеби од заедницата ќе да се пружа основна лична
Ви испратат медицинска нега или медицинска нега на
сестра со специјализација за пациентот.
мозочен удар.

Можеби ќе Ви испратат ФИНАНСИСКО


социјален работник. ВЛИЈАНИЕ ОД
МОЗОЧНИОТ УДАР

СМЕСТУВАЊЕ

Ако стекнете инвалидитет


по мозочниот удар, можеби
ќе морате да направите
некои измени во својот дом,
за да можете да живеете Мозочниот удар може да има
самостално. Тоа може да значи големо финансиско влијание
прилагодување на бањата или врз Вас и Вашето семејство.
кујната.
12

Пауза од работа Негуватели


Доколку работите, можеби ќе
успеете да добиете боледување
додека закрепнувате.
Некои осигурителни полиси
вклучуваат покривање на
трошоците од сериозни
болести. Можеби ќе можете
да побарате и социјална помош,
како додаток за вработување.
Некои луѓе се срамат да бараат Ако имате неплатен негувател
социјална помош, но таа постои повеќе од 35 часа седмично,
за да им помогне на сите на тој може да бара надокнада
коишто им е потребна. за негата. Ако сте постари од
65 години и Ви е потребен
Инвалидитет некој кој ќе се грижи за Вас,
можете да барате надоместок
Доколку имате инвалидитет,
за присуството.
постои одредена помош
која Ви е на располагање, Проценка на потребите за
за повеќе информации нега и помош
контактирајте

Здружение за борба против


мозочен удар „Мозочен
удар”

Ако се здобиете со инвалидитет


по мозочниот удар, можеби ќе
имате потреба од нега и помош.
Лице за контакт: Тука се разгледуваат Вашите
Др. Маја Божиновска потреби за нега и финансиска
Смическа помош за трошоците за негата.
Проценката ја извршуваат
Електронска пошта:
социјалните служби.
strokemk@gmail.com
13

УЖИВАЊЕ ВО Не ги држете чувствата во себе


ЖИВОТОТ ПО – обидете се да зборувате за
МОЗОЧНИОТ УДАР нив. Креативните активности
како што се музика и уметност,
Како што поминува времете, ќе исто така ќе Ви помогнат да ги
ги откриете своите лични цели изразите чувствата.
за успех. Закрепнувањето и
рехабилитацијата може да
бидат долготраен процес, но
многумина преживеани велат
дека пронашле нови начини
како да уживаат во животот
по мозочниот удар.

ОСТАНЕТЕ СРЕЌНИ И
ЗДРАВИ Вообичаено е да имате
емоционални проблеми по
Емоционална благосостојба мозочниот удар. Ако имате
проблеми како анксиозност или
депресија, побарајте помош од
лекарот.
Водете интересен живот

Еден од начините за Учествувајте во активности во


подобрување на емоционалната коишто уживате. Поставете си
благосостојба е физичкото себеси предизвик, така што
вежбање. Со вежбањето се ќе испробувате нови работи и
ослободуваат хемикалии во ќе запознавате нови луѓе.
мозокот кои влијаат врз тоа
Можете да добиете
да се чувствувате подобро.
помош и од други
Одржувањето контакти со
луѓе кои преживеале
пријателите и семејството
мозочен удар.
помага да го избегнете
чувството на изолираност.
14

Контактирајте Здружение за ВОЗЕЊЕ И ДВИЖЕЊЕ


борба против мозочен удар
„Мозочен удар” и дознајте кои Не Ви е, според закон,
се здрженијата за преживеани дозволено да возите автомобил
од мозочен удар во Вашата или мотоцикл месец дена после
земја. Приклучувањето на ваква мозочниот удар или ТИА (мал
група може да Ви даде нова цел мозочен удар). Пред да почнете
и да Ви овозможи да стекнете повторно да возите, морате да
нови пријателства. се пријавите кај надлежниот
орган за издавање возачки и
РАБОТА сообраќајни дозволи, доколку
Вашата возачка способност е
Законот за рамноправност ги оштетена поради ударот.
штити луѓето со инвалидитет
на работното место, а Вашиот
работодавец е должен да
Ви помогне да останете
на работа, доколку тоа е
возможно. Можеби имате
право на надокнада или друга
помош која ќе Ви помогне Ако сте имале некаков вид
дополнително да се вратите операција на мозокот или
на работното место. напади ќе мора за тоа да
го известите надлежниот
Гледиште на експерт: орган за издавање возачки и
работа сообраќајни дозволи.
„Имавме луѓе кои се вратија Доколку сте возач на градски
на работа дури и со големи или меѓуградски автобус
проблеми по мозочниот удар или камион, мора да го
– тие се неверојатни.“ известите надлежниот орган
за издавање на возачки и
Колин, советник за
сообраќајни дозволи, веднаш
мозочен удар
штом доживеете мозочен
удар или ТИА.
15

Програмата за налепници ТИА или мозочен удар: ако сте


за лица со инвалидитет, ќе доживеале ТИА (мал мозочен
Ви помогне полесно да се удар) или мозочен удар, тоа
движите, дозволувајќи Ви да значи дека подлежите на
паркирате на погодни места. поголем ризик од друг мозочен
удар. Но, можете да преземете
Може да добиете и поевтино мерки за да го намалите тој
патување со железничкиот ризик.
сообраќај, доколку имате
инвалидска возна карта. Останати причини кои го
зголемуваат ризикот од
мозочен удар се:
НАМАЛУВАЊЕ НА
РИЗИКОТ ОД ДРУГ
МОЗОЧЕН УДАР
висок крвен
Секој подлежи на поинаков притисок
ризик од мозочен удар,
што зависи од организмот
и начинот на живот. Главни
фактори за ризик од мозочен атријална
удар се: фибрилација
(неправилна работа
1. Старост на срцето)

Како што стареете Вашите


артерии природно стануваат
помалку еластични, што ја дијабетес
зголемува веројатноста да се
запушат.

Здравствени проблеми висок холестерол

Некои здравствени проблеми


го зголемуваат ризикот од
мозочен удар.
16

2. Начинот на живот Исто така, се јавува почесто


кај луѓето од земјите во јужна
Ризикот од мозочен удар Азија, како што се Индија,
може да го зголеми она што Пакистан и Бангладеш.
секојдневно го правиме,
вклучувајќи:
СПРАВУВАЊЕ СО
Пушење РИЗИКОТ ОД МОЗОЧЕН
УДАР

Прекумерна тежина Важно е да го прашате својот


матичен лекар да Ви објасни
повеќе за ризикот од мозочен
Премногу алкохол удар во Вашиот случај, за да
знаете кои чекори може да ги
Премалку физичка преземете за да го намалите.
активност
Кога ќе Ви биде
Нездрава храна дијагностициран мозочен
удар или ТИА (мал мозочен
удар), лекарите ќе се обидат
3. Семејна историја да откријат што е тоа што
го предизвикало мозочниот
Мозочниот удар може да биде удар. Ќе Ви препишат терапија
наследен. Значи, поголема за да се намали шансата да
е веројатноста да доживеете доживеете уште еден мозочен
мозочен удар, ако некој удар. На пример, доколку
во Вашето семејство веќе имате висок крвен притисок,
доживеал мозочен удар. тие ќе Ви препишат терапија
за да го контролирате, што
4. Етничка припадност воедно го намалува ризикот
од повторен мозочен удар.
Мозочниот удар почесто им се
случува на припадниците на
црната раса од африканските
или карипските семејства.
17

Воглавно, приближно еден Оваа грижа може да доведе


од четворица ќе доживее до анксиозност и депресија.
уште еден мозочен удар во Ако се чувствувате многу
времетраење од пет години. загрижено, обратете се кај
Другиот мозочен удар својот матичен лекар или
најверојатно, ќе се случи во контактирајте Здружение за
првите 30 дена. борба против мозочен удар
„Мозочен удар”
Затоа е важно да ја земате
терапијата која ќе Ви се
припише. Исто така, важно е да ЧЕКОРИ КОИ МОЖЕ
ја земате терапијата долгорочно, ДА ГИ ПРЕЗЕМЕТЕ
за да го одржувате ризикот на
колку што е можно пониско Вашиот матичен лекар може
ниво. да Ви даде идеи и помош
за намалување
Знаеме дека околу 90% на ризикот. Еден
мозочни удари се поврзани со од најдобрите
здравствената состојба која начини да го
може да се третира или со намалите ризикот
фактори поврзани со начинот од мозочен удар
на живот, како што е пушењето. е лекување на здравствените
Ако знаете дека имате некои сосотојби поврзани со
од факторите за ризик, коишто мозочниот удар.
се тука наведени, може да го
намалите ризикот со следниве По исхемичниот мозочен удар
терапии и да преземете чекори или ТИА (мал мозочен удар):
за поздрав начин на живот. антиагрегациските лекови
го намалуваат ризикот од
Соочување со неизвесноста формирање на друг тромб,
така што ја прават крвта
Неизвесноста е
помалку леплива.
дел од мозочниот
удар. Многу луѓе
се грижат за
иднината.
18

Висок крвен притисок: Може да се користат


антикоагулантни лекови за
да се намали ризикот од
формирање тромб. Понекогаш
се користи и хируршки зафат
за обновување на нормалниот
ритам на биење на срцето.

Постојат неколку различни Дијабетес:


видови лекарства за висок
крвен притисок. Можеби
ќе слушнете за диуретици,
блокатори на калциумските
канали, АЦЕ инхибитори и
бета-блокатори. Чекорите кои
се донесуваат за здрав начин на Лечењето може да вклучува
живот вклучуваат престанување лекови за контрола на нивото
со пушењето, намалување на на шеќер во крвта и инсулински
конзумирањето алкохол и инекции. Здравата исхрана,
повеќе физички активности. намалувањето на телесната
тежина и вежбањето може
Атријална фибрилација да помогнат во регулирањето
(неправилна работа на на нивото на шеќер во крвта.
срцето): Луѓето со дијабетес мора да
одат на редовни прегледи,
вклучувајќи и контрола на
шеќерот во крвта, здравје на
очите и стапалата.

Висок холестерол:

Низа лекови може да се Статините се


користат за обновување на главен тип лекови
нормалниот ритам на биење кои се користат
на срцето или контрола на за намалување
срцевата работа. на нивото на
холестерол во крвта.
19

Здравата исхрана, вежбањето престанете да пушите. Штом


и престанување со пушењето, престанете со пушењето,
исто така, може да помогнат во ризикот од мозочен удар
намалувањето на холестеролот. започнува да се намалува.
Запомнете, немојте да Добра исхрана
престанете со терапијата без
консултација со матичниот Јадете многу зеленчук и
лекар. овошје и домашна храна,
доколку сте во состојба, затоа
ЧЕКОРИ ЗА ПОЗДРАВ НАЧИН што обично тие содржат
помалку масти и соли отколку
НА ЖИВОТ
готовите јадења и грицките.
Физичката активност Помалку внесување сол може
и здравата исхрана го да помогне при регулирањето
намалуваат ризикот од на крвниот притисок, а
мозочен удар. Здравиот начин помалку внесување масти
на живот може да Ви помогне може да помогне при
да ги контролирате високиот намалувањето на телесната
крвен притисок, дијабетесот тежина.
и високиот холестерол, што
како последица го намалува
ризикот од мозочен удар.
Чекори како што се внесување
здрава храна, престанување
со пушењето, намалување
на конзумирањето алкохол и Движете се повеќе
повеќе физички активности Движете се колку што можете.
може да помогнат во Обидете се да пешачите по
намалувањето на ризикот. половина час дневно, ако сте
во состојба, обидете се да
Престанување со пушење се движите и по дома. Само
Пушењето двојно ги шетањето по дома на секои
зголемува шансите за 20 минути може да го намали
мозочен удар. Затоа вреди ризикот од мозочен удар.
да побарате совет како да
20

Лична приказна: Активирајте Одржување на телесна


се! тежината

„Малку движење може да Ве Одржувањето на здрава


однесе далеку. Правете ги телесна тежина го намалува
работите кои можете да ги ризикот од мозочен удар.
правите по дома, прошетајте.“ Губењето на телесната
тежина може да Ви биде од
Мајкл, преживеал помош при регулирањето на
мозочен удар високиот крвен притисок и
шеќерот во крвта, доколку
Пијте помалку алкохол имате дијабетес.
Можете да го намалите
Започнете
ризикот од мозочен удар,
доколку пиете помалку. Во За практични совети за тоа
Велика Британија, владата како да направите здрави
советува дека е најдобро, за промени во начинот на живот,
да го намалите ризикот по како и за индивидуална
здравјето од конзумирањето помош за престанување со
алкохол, да не пиете повеќе пушењето и намалувањето
од 14 единици седмично. на конзумирање алкохол,
Границата е иста и за мажите посетете го својот лекар.
и за жените.
21

ВООЧУВАЊЕ НА СИМПТОМИТЕ НА МОЗОЧЕН УДАР


Важно е да знаете како да ги препознаете вообичаените симтоми
на мозочен удар кај себе или кај некого друг. Користењето на
тестот БРЗО е најдобриот начин за тоа.

ТЕСТОТ БРЗО

Брзо повикај 194:


Ако видите еден од овие три знака,
време е да повикате 194.

Раката е послаба:
Едната рака е послаба. Може ли личноста
да ги подигне двете раце и да ги задржи
во таа позиција?

Зборот е променет :
Говорот може да е променет. Може ли
личноста јасно да говори и да разбере се што
ќе кажете? Дали говорот е неразговетен?

Образот е искривен:
Дали лицето е искривено?
Дали е устата симетрична или не?

БРЗО помага во препознавањето на трите најчести симптоми на


мозочен удар или ТИА. Сепак, постојат и други симптоми кои
треба сериозно да ги сфатите.
22

Тие опфаќаат:

Ненадејна слабост или вкочанетост на едната


страна од телото, односно на
раката и/или на ногата.

Тешко изнаоѓање зборови или отежнат говор.

Нејасен, заматен вид или губење на


видот на едното или на двете очи.

Ненадејно губење на меморијата или


збунетост, вртоглавица или ненадеен пад.

Ненадејна, силна главоболка.

Мозочниот удар може на сите да им се случи, во кој било


период од животот. Секоја секунда се брои. Ако откриете кој
било од овие знаци на мозочен удар, немојте да чекате. Веднаш
повикајте 194.
Што да сторите ако симптомите се појавиле пред повеќе
од 24 часа
Ако сте имале вртоглавица која случаи. ТИА е главен знак за
можеби е ТИА (мал мозочен предупредување од мозочен
удар) пред повеќе од еден ден, удар. Затоа, неопходно е да
повикајте го матичниот лекар добиете медицинска помош,
и закажете итен преглед. Исто дури и ако ТИА Ви се случил
така, можете да отидете до пред подолго време.
најблиската болница за итни
23

ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Останати тестирања и


НА МОЗОЧЕН УДАР И проверки
НЕГОВИТЕ СИМПТОМИ ЕКГ (електрокардиограм):
проверка на работата на
срцето

Доплер ултразвук: проверка


на проодноста на вратните
артерии
Мозочниот удар се
дијагностицира со преглед Мерење на крвниот притисок
и снимање на мозокот. Ова
покажува за каков мозочен Тестирање на крвта се
користи за проверка на:
удар станува збор и во кој дел
од мозокот се случил. Згрутчување на крвта
Доколку мозочниот удар Шеќер во крвта
е предизвикан од тромб,
снимањето и другите тестирања Ниво на холестерол
се користат за да се дознае
дали тромбот доаѓа од крвните
садови кои го снабдуваат
ИТЕН ТРЕТМАН НА
мозокот или од срцето.
МОЗОЧНИОТ УДАР

Доколку мозочниот удар е


предизвикан од крварење,
снимањето може да покаже
дали постои проблем со Лечењето на мозочниот удар
крвните садови во мозокот. има за цел да го обнови
снабдувањето на мозкот со
Видови снимања крв. Ова може да спречи
понатамошно оштетувања на
Компјутерска томографија мозокот. Понекогаш може
(КT) да значи дека симптомите
се подобруваат или не се
Магнетна резонанца (MР)
влошуваат.
24

Ако имате тромб во мозокот, ТРЕТМАНИ ЗА


лекарите ќе се обидат да СПРЕЧУВАЊЕ НА УШТЕ
го отстранат со помош на ЕДЕН МОЗОЧЕН УДАР
лекарства за разбивање
на тромб (тромболиза). Во болницата, лекарите се
обидуваат да спречат појава
на уште еден удар. Понекогаш
прават операција, за да го
отстранат запушувањето на
вратните артерии (каротидни
артерии).
Тромбектомија е тераписка
процедура каде тромбот се Користат и лекови за
извлекува од мозокот. Ова е намалување на крвниот
достапно во една установа во Р. притисок и холестерол во крвта.
Македонија. Ако имате излив на Исто така, користат лекови за
крв во мозокот, лекарите може сопирање на формирањето
да Ве оперираат за да го сопрат тромб. Тие вклучуваат и
крварењето или да го намалат антигрегациски лекови, кои
притисокот врз мозокот. Ќе делуваат така што крвта нема
добиете лекови за регулирање да Ви биде толку леплива.
на крвиот притисок. Антикоагулантите, исто така,
го намалуваат ризикот од
формирање тромб.
25

КАДЕ ДА ДОБИЕТЕ ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ

Здружение за борба против Лице за контакт:


мозочен удар „Мозочен Др. Маја Божиновска
удар” Смическа
Адреса: Електронска пошта:
ул. Партизанска бр.55 6000 strokemk@gmail.com
Охрид
Веб адреса:
www.mozocenudar.mk/

Заслуга: Stroke Association. Stroke здружението е водечка


добротворна организација во Велика Британија посветена
на борбата против мозочниот удар.
Stroke Association здружението е водечка добротворна организација
во Велика Британија посветена на борбата против мозочниот удар. Се
потпираме на донации за финансирање на истражувањето, чија цел
е спасување животи и услуги од витално значење за луѓето погодени
од мозочен удар. За повеќе информации повикајте ја нашата линија
за помош +44 303 3033 100 или посетете ја нашата веб-страница
stroke.org.uk. За повратни информации за нашите публикации пратете
електронска порака на адресата: feedback@stroke.org.uk.

Stroke здружението е регистрирано како добротворна организација


во Англија и Велс (број 211015) и Шкотска (SC037789). Регистрирано
е и во Северна Ирска (XT33805), Островот Мен (No945) и Џерси (NPO
369).
илустрации: freepik.com; Fundacja Udaru Mózgu; Студио Мзлаки, Београд

You might also like