You are on page 1of 2

Страна 62: Прашања и задачи

1. Зошто мислењето е најсложен психички процес?

Мислење е најсложен психички процес бидејќи се користат поранешни перцепции,


знаења, искуства односно старото искуство се комбинира на нов начин.
2. Објасни го човекот како поим (кои битни карактеристики го издвојуваат од
животните) ?

Човекот е природно и општествено битие друштвено, со свест и развиен ум кој


апстрактно размислува, соосејќа, анализира, се разбира себе си и неговите
доживувања како и другите луѓе, решава проблеми и ги задоволува потребите.
Животните немаат свест, нивните емоции за разлика од човекот се во елементарен
облик. Човечкиот развиен мозок е понапреден од животинскиот, животните не
говорат, не одлучуваат за себе си и имаат ограничен број на инстинкти поради кој не
можат да се прилагодат во секоја ситуација. Луѓето имаат ментален развој а со
животните раководи првобитна сила тие имаат ограничени комуникациски вештини,
немаат способност за интроспекција, менување на себе си и морал.
3. Направи свои примери за асоцијации од сите видови закони.

I Асоцијации по допир: Бојан не сака да оди на натпревар бидејќи кога минатиот пат
одел на натпревар тој ја превиткал ногата и целата екипа изгубила. Овие два настани
се блиску во времето, една до друга и оставиле психолошка трага кај Бојан затоа тој ги
асоцира и поврзува. Кога Бојан помислува на натпревар него веднаш му текнува на
последниот пат кога се повредил и изгубиле па затоа не сака да оди на друг натпревар.

II Асоцијации по контраст: Излегов и се сретнав со снегулките кои паѓаа по мојата убава


коса и ме студенкаа па веднаш помислив на сончевото време, кога безгрижно си седев
на плажа.

III Асоцијации на сличност: Тој е многу деловно облечен и носи актовка, тој мора да е
бизнисмен.
4. Како ќе му помогнеш на болен на твојот оддел кај кого забележуваш кататимно
мислење.

Ако кај болниот забележиме кататимно мислење треба да му дадеме емоционална


поддршка со тоа што ќе ја зголемиме грижата и вниманието кон него за тој да се
чувствува удобно, заштитено, да му кажеме дека ја добива потребната терапија и нега
и да направиме да се чувствува сакан и потребен. Да му даваме позитивни пораки ,,не
грижи се”, ,,ние сме со тебе”, ,,се ќе биде добро”. Да го охрабриме со
зборовите ,,знаеме дека ти можеш да се справиш со ова”, да ги прифатиме неговите
чувства ,,разбираме дека тие тешко”, да направиме позитивно споредување со други
личности (прм: Тој беше во полоша ситуација ама сега е добро), со еден збор треба да
направиме болниот да се чувствува дека не е сам и дека евреден и може да успее и да
се справи со проблемот.
5. Дали болните се посугестивни од здравите луѓе? Зошто?
Според мене болните се посугестивни од здравите луѓе. Тие можат да бидат такви
бидејќи се очајни за лек но се исплашени од редовните третмани, губат верба во
лекување, доколку здравствените работници немаат време да поразговараат или пак
поради цртите на личноста на болниот, образованието и од возраста.

Офелија Настеска III 6

You might also like