You are on page 1of 1

АНА КАРЕНИНА –ХЕРОИНА ИЛИ ЖРТВА НА ОПШТЕСТВОТО

Ана Каренина е централен лик во истоимениот роман од рускиот писателот Лав


Толстој.
Преку ликот на Ана Каренина дознаваме за љубовта, болката, страдањето и
борбата.
Силата на љубовта ја гледаме преку врската на Ана со Вронски. Но таа љубов ги
доведува и двајцата до работ на психата и моралот. Нејзината љубов е толку
голема и силна , но сепак грижата на совеста е голема. Таа целосно предавајќи и
се на љубовта не може да се грижи својот сопруг, за своето дете и својот дом . Ги
нарушува сите општествени морални норми и семејните вредности. Има сопруг , а
бремена е од својот љубовник. Нејзиниот маж се грижи само за моралните
обврски и за срамот кога ќе дознаат другите луѓе. Од тука дознаваме за неговиот
ладен однос кон својата сопруга кој можеби е причина за постапките на Ана. Таа
само се труди да ја потполни големата емотивна празнина предизвикана од
рамнодушноста на својот сопруг.
Тој е човек кој го почитува моралот и христијанските закони кои ги наметнува
општеството , па поради тоа не сака развод. Со тоа расте стравот и љубомората
кај Ана , да не го изгуби својот љубовник Вронски и да не остане сама. Не успева
да се избори во својата болка и страдање и го наоѓа решението во смртта со
самоубиство под возот на станицата. Сепак таа остава слика на една хероина која
и покрај се има храброст да сака со цело свое срце и цела своја душа. Сите
нејзини постапки се водени од љубовта . Таа за својата индивидуална среќа се
откажува од бракот, од материјалната сигурност, од своето минато и иднина во
високото општество.
Од друга страна нејзината љубов, е љубов заробена во синџирите на
општеството, моралот и нарушените семејни односи. Хероината не успева да се
ослободи, нејзината борба против општеството и благородништвото кое одлучува
кој ќе биде на добар глас, завршува фатално. Ликот на Ана Каренина е доказ
дека општеството казнува ако сопствената среќа се бара надвор од границите на
моралот.

Oфелија Настеска III-6

You might also like