You are on page 1of 1

Тутуноберачите(аргатски мотив)

На почетокот од песната се прикажани тутуноберачите кои го носат својот тутун на мерење (за
откуп), но трудот што е вложен при обработката, никој не може да го плати.поетот ја дава
почетната слика на маката и безизлезот.Потоа го потенцира лошото влијание на тутунот врз
работниците, нивната работа од утро до мрак и жолтата болест (туберкулозата) која тутунот ја носи
поради тоа што се незаштитени.Поетот со спокоен тон ја раскажува приказната за листот и
неговиот пат, за работниците кои својот живот му го посветиле нему и ропски му се
предале.Листот се смета како главниот носител на преживувањето (заработка), но и на маката и
смртта.Потоа, кога доаѓа моментот на откуп, веќе спомнат на почетокот од песната,трудот, маката,
деноноќната работа, болеста, замагленоста на очите всушност никој не може да ја плати.

Ленка( песната е елегија)


Ленка е принудена да го остави подготвувањето на својот чеиз и поради сиромаштијата да оди и
да работи во монополот. Таа мачна работа не е за девојки и таа веднаш се изменила во ликот и се
разболела.Во вториот дел, поетот револтирано извикува дека Ленка не требала да оди и да
работи, бидејќи тутунот е отров кој за таквото нежно и младо суштество ќе биде кобен.Нејзината
болест (ја опишува како грутка в срце), нејзината огромна мака (болест ја в гради искина) и
нејзината смрт (земјата покри снагата).На крајот се жали за неостварените соништа на Ленка, да се
омажи и да создаде семејство.

Копачите(револуционерен мотив)
Поетот повикува на борба против таквиот живот, повикува на револуција.Уште на почетокот од
песната, поетот ги повикува работниците (копачките и копачите) да тргнат во новиот ден кој силно
ќе светне (слободата). Тој ги повикува да се разбудат, да ја кренат главата од ропството во кое се
наоѓаат и самите да си го создадат подобриот живот.Во продолжение го опишува мизерниот
живот на работниците, нивните страдања и работа од утро до мрак за да преживеат. Тој како да е
подготвен да им се придружи во борбата. Преку работата на копачите е претставена борбата и
револуцијата (Да прокопаме меко / полињата родни)всушност тие треба да го сменат
општествениот поредок за да живеат човечки.

5,6 и 7мата песна се од „На Струга дуќан да имам„(го имаат мотивот на пропаднатите занаети)
Во сите три песни се опишува или се искажува револтот против капиталистичкото општество. Овие
песни, жанровски се определуваат како елегии, во кои се искажува носталгијата по некогашниот
чаршиски живот, љубовта меѓу луѓето, љубовта кон саканата и желба за враќање на старите
времиња.Разочараноста на поетот од животот на работниците во капиталистички услови е основен
мотив во целата збирка песни. Тој речиси во сите песни се помирува со таквиот живот, односно
само ја потенцира тешкотијата без да даде предлог како тој живот да се подобри.Тој сакал да се
одржат во живот занаетите но незнаел како да си помогне во нивното исчезнување и во
последната песна,7мата кажува дека сакал на Струга дуќан да има, толку голема му била желбата
за тоа што дури и би умрел само да му се исполни таа желба.

You might also like