You are on page 1of 1

“Клетници” од Виктор Иго и “Малечката Фадета” од Жорж Санд се социјални романи од

Романтизмот. Во самите дела авторот го дава своето мислење за ликовите и општеството односно
преовладува индивидуализмот и психиката за тагата и меланхолијата. Исто така и во двете дела
без разлика како општеството ја гледа жената таа со скриени зборови е доста возвишена и
благородна.

Двете дела кога добро ќе се анализираат сами по себе се слични. Од двете страни жестоко се
критикува општеството и се прикажува ниското човечко расудување спрема другите.
Оценувањето на материјалните супстанци попрво од апстрактните доведува до многу конфликти,
расплети и раскоши. Животите на карактерите се испреплетуваат со другите, така кај некои
несреќната судбина се променува а пример за тоа се малечката Фадета и Козета.
Поради романтизмот авторите ги величат двата женски лика на свој начин. Овие две битија се
толку слични една на друга според својата судбина што дури и двете завршуваат со среќен крај
иако започнуваат со тажен почеток. Двете се сиромашни, тажни и ниско доле паднати со несреќно
детство прегазени од својата судбина. Фадета без грижа од своите родители била искористувана
од својата баба “вештерка” лошо живее се до моментот кога го запознава Ландри и го наследува
богатството од својата баба. Козета па има исто така несреќно детство нечовечно искористувана
од семејството Тенердиеви кои биле назначени да се грижат за неа, потоа пронајдена од Жан
Валжан увиделе дека тие се толку слични што се споиле еден кон друг како татко и ќерка a на
крајот Козета се заљубува и среќно живее со Мариус. Општеството дава премногу лоши критики и
за двата лика, уште на прв поглед без да го знаат нивното минато и човечноста во нивната душа.
Третирани се толку лошо но незаслужно, сепак тие се борат за подобро утро и преживуваат
ранети така кажано од забите на општествените кучиња. Општеството како и денес така и тогаш
доста влијаело врз психата на Фадета и Козета. Тие толку тагувале и пателе кога биле навредени
или омаловажени како на пример кога Фадета го напуштила балот поради грдите зборови упатени
кон неа или па злосторствата врз Козета од Тенердиеви. Во нивното општество не сите треба да ги
гледаме со исти очи, некои се од тие луѓе како Ландри и Валжан, луѓе кои усреќиле и направиле
добро дело. Добрата личност може да направи и друга личност да стане добра, тоа значи дека
добрината развива добрина во општеството притоа самите тие претходно биле променети и
помилувани од доброто.

Жорж Санд и Виктор Иго ја претставуваат реалната слика на тогашното општество, неправдата и
понизноста. Тие дале јасен правец по кое општеството треба да тргне за да стане похармонично.
Секогаш ќе има посветло утро ако учиме од грешките на минатото и ќе успееме не ако сме најјаки,
најубави или најмоќни туку ако успееме први да се прилагодиме на општеството.

Стефан Павлески III-8

You might also like