You are on page 1of 6

Александар Сергеевич Пушкин

Изработил:
Ангела Павловска II-6
Биографија

Александар Сергеевич Пушкин е роден на  6


јуни 1799, а починал на 10 февруари1837. Тој е руски
писател кој се смета за најголемиот руски поет,
основоположник на рускиот литературен јазик и
основач на модерната руска литература.
Биографија

Таткото на Пушкин потекнувал од сиромашно


благородничко семејство чии корени водат потекло
потекнувале од 12 век. Прадедо на неговата мајка бил Абран
Ханибал (Ибрахим Петрович Ханибал), Етиопјанец кој бил
заробен од Турците како дете, додека според друга теорија се
претпоставува дека потекнувал од некој султанат во близина
на денешната држава Чад. Тој бил купен како роб од Петар
Велики и донесен во Русија каде станал голем
воин, инженер и благородник под покровителството на
неговиот очув Петар Велики.
Биографија
Пушкин останал рано без родителската грижа и бил воспитуван во кругот на семејството, здобивајќи се со
љубов кон книжевноста и учејќи го францускиот јазик. Првата лектира му биле делата на Вергилиј
и Хорациј, Молиер, Русо, Расин, Волтер, Державин, Карамзин и Фонвизин, а во неговиот дом често
гостувале видните руски писатели. Сепак, најголем впечаток му оставиле приказните што му ги
раскажувала дадилката Арина Родионовна. Од 1814 до 1817 година учел во престижниот лицеј во Царское
Село, во близина на Санкт Петербург, каде имал среќа да му предаваат и наставници со либерални
сфаќања, а таму ги направил и првите книжевни обиди.
По завршувањето на школувањето, Пушкин се впуштил во динамичниот културен живот на Санкт
Петербург и постепено станал приврзаник на општествената реформа и гласноговорник за литературните
радикали. Инаку, во престолнината работел како службеник во министерството за надворешни работи, но
не покажувал интерес кон работата. Уште во 1819 година, Пушкин станал член на декабристичкиот
кружок „Зелената ламба“. Притоа, неговите стихови се читале на јавните места и се ширеле меѓу
младината, разгорувајќи ги бунтовните духови. За тоа сведочат зборовите на декабристичкиот водач
Рилеев упатени до Пушкин: „Во тебе се свртени очите на Русија, тебе ти веруваат, на тебе се огледуваат.
Биди поет и граѓанин.
Творештво

Во 1814 година, на петнаесетгодишна возраст, Пушкин ја објавил својата прва поема („На
другарот стихотворец“,) а следната година, по препорака на професорот Галич, ја напишал
песната-химна „Спомени од царското село“, која го претставува неговиот прв поголем
литературен успех. Тој ја читал песната на главниот испит во Лицејот, на кој присуствувл
и Державин, кој бил воодушевен од поетскиот талент на Пушкин. Неговиот талент ги
привлекол и тогашните руски водечки поети, Батјушков и Жуковски, како и Карамазан, кои
доаѓале во Лицејот за лично да се запознаат со талентираниот поет. Во 1820, тој ја издал
својата прва подолга поема, Руслан и Људмила (започната уште за време на неговиот престој
во лицејот), која предизвикала многу контроверзи во однос на темата и стилот.
Во 1823 година, по едно летно патување во Кавказ и во Крим, напишал две поеми кои му
донеле поширока слава — Заробеникот од Кавказ и Фонтаната на Бахчисарај. Додека бил
на имотот на мајка си (1824-1826), Пушкин ја напишал својата најпозната драма Борис
Годунов, но добил дозвола да ја издаде дури пет години подоцна.
Творештво

Подоцнежните песни, инспирирани од кавкаско-кримскиот пејзаж, се


разликуваат од песните пишувани во Лицејот. Дојден на Кавказ и Крим од
зачадените и парфимирани салони наПетроград, Пушкин почувствувал
дека природата ги ослободува неговите поетски сили. За време на престојот
во Кавказ, тој се заразил со поезијата на Бајрон, која извршила силно влијание
врз него. Поемата „Цигани“ ја започнал на југот на Русија, но ја довршил во
октомври 1824 година, во Михаиловско. Според некои одлики, оваа поема е
пишувана во духот на Бајроновите поеми. За време на престојот во Кишинев,
Пушкин ја започнал работата на романот во стихови „Евгениј Онегин“, дело
проникнато со скепса и песимизам на главниот лик. Романот продолжил да го
пишува за време на прогонството во селото Михајловско, а создал уште неколку
дела. Исто така, во тој период Пушкин ја проучувал историјата на Русија, што
подоцна резултирало во делото „Борис Годунов“

You might also like