You are on page 1of 2

Шаррл Бодлер

Шарл Пјер Бодлер е еден од најголемите и највлијателните француски поети на XIX век.


Исто така, тој се истакнал и во полињата на преведувачката и критичарската дејност.
Роден во Париз на 9 април 19 април821 година, како син на Франсоа Бодлер и Каролина
со моминско презиме Аршанбо-Дефаи. Во 1827 година умрел неговиот татко, а веќе
следната година, мајка му се премажила за мајорот Жак Опик. Во 1837 година, на еден
гимназиски литературен конкурс, Бодлер ја добил втората награда за стиховите напишани
на латински, а две години подоцна бил исфрлен од гимназијата, поради тоа што не сакал
да му го даде на професорот писменцето дофрлено од еден соученик.[1]
Во 1840 година, Бодлер се запишал на правниот факултет и почнал да ужива во слободите
на студентскиот живот. Се смета дека токму во овој период Бодлер се заразил со сифилис.
Загрижени поради другарувањето на Шарл со повеќе млади поети и неговата јавна
боемија (со која тој се запознал во Латинскиот кварт), неговите родители решиле да го
одделат од развратниот Париз и да го пратат на подолго патување. На 9 јуни 1841 година,
Шарл Бодлер заминал за Калкута. Во февруари следната година, со бродот „Алсид“, шест
месеци порано отколку било предвидено, Бодлер се вратил во Париз, каде се запознал со
мулатката Жана Дивал, статистка во еден помал париски театар. Врската со неа, и покрај
повремените прекини, траела до крајот на Бодлеровиот живот. Многу песни во неговата
најпозната збирка поезија - Цвеќињата на Злото - се инспирирани токму од оваа Црна
Венера.
Во 1845 година, во весникот „Артист“, излегол сонетот „На една креолка“, потпишан со
името Бодлер-Дифаи. Во 1847 година, Бодлер се запознал со артистката Марија Добрен
која, несомнено била инспирација за неколку песни од Цвеќињата на Злото.
Револуционерната 1848 година, Бодлер ја пречекал со пушка о рака и со еден постојан
извик кој од неговата уста ќе одекнува низ улиците на Латинскиот кварт: „Генералот Опик
на стрелање!“. Кон крајот на оваа година се појавил неговиот прв превод на едно дело
од Едгар Алан По.
Во 1851 година, Теофил Готје го запознал Бодлер со Аполонија Сабатје, љубовница на
еден богат банкар, која во својот салон собирала познати имиња од културната елита на
Париз. Наредните години, Бодлер постојано ѝ испраќал писма и свои песни никогаш не
откривајќи го сопствениот идентитет. Во Ревија на два света се појавиле осумнаесет песни
на Бодлер со белешка дека се дел од идната збирка Цвеќињата на Злото. Во 1856 година
излегле Необични приказни од Едгар Алан По, во превод на Бодлер.
Во 1858 година, излегле Авантурите на Артур Гордон Пим на По, во превод на Бодлер,
како и првиот дел на Вештачките раеви. Вториот дел од оваа книга излегол две години
подоцна. По појавувањето на второто издание на Цвеќињата на Злото, во Лондон,
англискиот поет и критичар Алџернон Чарлс Свинберн објавил еден напис за Бодлер во
кој мошне високо го оценил неговото творештво.
Во 1864 година, во весникот Фигаро, се појавиле неколку песни во проза со заеднички
наслов Сплинот на Париз. Следната година, Маларме ја објавил песната во
проза Книжевна симфонија, чиј втор дел бил посветен на делото на Бодлер. И Пол
Верлен објавил неколку написи за Бодлер полни со воодушевување. Во меѓувреме,
здравствената состојба на Бодлер се влошила. Две години подоцна, откако ја об збијавил
збирката Прибирци, при посетата на црквата Сен Лу во Намир, Бодлер претрпел мозочен
удар. Како последица од него, тој ја изгубил моќта на говорот и по неколку месеци бил
префрлен во една болница во Париз, каде имало поставено само една слика на Мане и
една копија на Гоја. Тука, му свиреле дела на Вагнер.
На 31 август 1867 година, Бодлер умрел во рацете на мајка си, а бил погребан на 2
септември на гробиштата на Монпарнас, покрај својот очув, генералот Опик.

Цвеќиња на злото
Стихозбирката „Цвеќиња на злото“ е животното дело на Шарл Бодлер кое тој го работел
повеќе од 25 години. Тој, всушност постојано ја надополнувал збирката.
Бодлер поаѓа од ставот дека на поетот му е судено проклетството да се судри со светот. За
него, уметноста е пресоздавање на стварноста во симболички значења. Тој се обидува да
изнајде поетски јазик со кој ќе го искаже неискажливото во светот, односно заднинското
таинство на врските меѓу нештата. Тој се обидува да достигне на некое друго ниво на
свеста, симболичко ниво каде ќе ги открие тајните врски меѓу појавите и предметите.
Всушност, начелото на симболизмот е постапка според која нештата се доведуваат во
врска. Духовноста на човекот има најважна улога.
Песните се поделени во тематски циклуси: „Сплин и идеал“, „Париски
слики“, „Вино“, „Цвеќињата на злото“, „Побуна“, „Смрт“ итн.

You might also like