You are on page 1of 2

Странецот

Главен лик во романот е Мерсо, Алжирец (државјанин на Франција кој живее во Алжир), кој


обземен од тегобност, здодевност и бесмисла, навидум без причина, убива млад Арап.
Приказната е поделена на два дела, во првиот дел прикажани се настаните кои водат
до убиството, а во вториот настаните кои следат по затворањето на Мерсо.

Прв дел

Мерсо добива телеграма за смртта на неговата мајка која живеела во дом за старци на околу


80 километри од градот Алжир. Тој веднаш заминува во домот, но воопшто не
изразува емоции кои се очекувани во една таква ситуација, зашто во текот на последните
неколку години речиси воопшто не ја посетувал мајка си. Ноќта ја минува бдеејќи над
нејзиното мртво тело, во придружба на другите старци од домот. За време на бдеењето, кога
го прашуваат дали сака да го види телото на покојната, Мерсо одбива, и наместо тоа,
претпочита да пуши цигара и да пие бело кафе. Исто така, наместо да покаже тажни чувства,
неговото внимание е насочено кон присутните на бдеењето. Утредента, по многу жешко
време, во придружба на свештеникот и неговите помошници, управникот на домот,
болничарката и еден пријател на мајка му, Мерсо присуствува на закопот, а потоа се качува
на автобус и си оди дома. Следниот ден е сабота и Мерсо не е на работа, па одлучува да оди
на капење. Таму, случајно ја среќава Марија Кордона, поранешна колешка од работа, и заедно
се капат, вечерта одат на кино, а ноќта ја минуваат во неговиот стан. Утредента, Марија си
заминува, а тој го минува целиот ден на балконот, набљудувајќи ги минувачите на улицата. Во
понеделникот, Мерсо е веќе на работното место. За време на паузата за ручек, тој и неговиот
пријател Емануел се качуваат на еден камион што минува крај нив. По завршувањето на
работата, тој се враќа дома, а во ходникот го среќева соседот Рејмон, кој го кани на ручек.
Рејмон му раскажува за неговата намера да ја казни својата љубовница затоа што го
изневерувала. Како дел од планот за одмазда, тој го замолува Мерсо да му напише писмо за
љубовницата. Мерсо прифаќа без размислување, иако не покажува никаква солидарност кон
соседот. Тој не е загрижен поради планот на Рејмон да ја повреди девојката, бидејќи малку е
пијан, а освен тоа, не покажува никакво чувство на емпатија. Една сабота, во станот на Мерсо
доаѓа Марија и тие одат на плажа, а кога се враќаат пак кај него, од станот на Рејмон слушаат
кавга и сфаќаат дека тој ја тепа својата љубовница. Набргу пристигнува полицаец, кој ја
смирува работата. Подоцна, Рејмон го посетува Мерсо и тие го минуваат попладнето заедно.
Вечерта, кога се враќаат во зградата, тие го среќаваат старецот Саламано кој е вознемирен
затоа што му побегнало кучето. Подоцна, Рејмон е изнесен на суд, каде Мерсо сведочи дека
девојката го понижила, па Рејмонд е ослободен само со опомена. Меѓутоа, братот на девојката
и неколку негови пријатели Арапи го следат Рејмон. Во меѓувреме, шефот му нуди на Мерсо
работа во Париз, а тој одговара дека му е сеедно. Исто така, тој вели дека му е сеедно и кога
Марија му изјавува љубов и му нуди брак, а тој прифаќа само затоа што таа го сака тоа. Еден
ден, Рејмон, Мерсо и Марија заминуваат во посета на пријателот на Рејмон, Масон, кој има
викенд-куќичка на морскиот брег. По ручекот, тројцата мажи шетаат крај морето и среќаваат
двајца Арапи - братот на љубовницата на Рејмон и негов пријател. Меѓу нив започнува тепачка
при што еден од Арапите му нанесува на Рејмон лесни повреди со нож. Потоа, Арапите
заминуваат, а тројцата мажи се враќаат назад и наоѓаат лекар кој му ги средува раните на
Рејмон. По таа случка, рејмон и Мерсо пак се враќаат до еден извор, каде повторно ги
среќаваат двајцата Арапи. Едниот од нив им се заканува со ножот, а тогаш Рејмон
вади пиштол и Арапите се повлекуваат. Рејмон и Мерсо се враќаат во викенд-куќичката, но
Мерсо пак се враќа сам на плажата, каде го среќава Арапот. Мерсо е дезориентиран од
жешкото време, па кога Арапот го провоцира со сончевиот одблесок од ножот, тој пука во
него. Иако го убива Арапот уште со првиот истрел, Мерсо, со кратки паузи, пука уште
четирипати во трупот.

Втор дел

Мерсо е притворен, а неговиот адвокат сака да докаже дека тој бил потресен од смртта на


мајка му, но Мерсо му ја упропастува одбраната со тоа што не покажува никаква жалост.
Истовремено, за време на испрашувањето, истражниот судија настојува да предизвика каење
кај Мерсо, повикувајќи се на христијанското учење за гревот, но Мерсо го поразува со својата
рамнодушност. Откако Мерсо е пренесен во затворот, еднаш го посетува Марија. Во текот на
првите месеци по затворањето, нему му е тешко, особено во однос на жените и цигарите, но
постепено тој се навикнува на новата средина. Тој почнува да живее во спомените, обидувајќи
се да се присети на распоредот на предметите во неговата соба, а често ја чита приказната
објавена во некој весник за еден настан што се случил во Чехословачка. По една година до
затворањето на Мерсо, конечно се одржува судскиот процес против него на кој присуствува
бројна публикакако и повеќе новинари. На судењето, во својство на сведоци, учествуваат
вработените од домот за старци, кои потврдуваат дека Мерсо не покажал ниаккви чувства во
однос на смртта на мајка му, а обвинителот тоа го искористува за да ја прикаже бездушноста и
свирепоста на Мерсо. Државниот обвинител се обидува да докаже дека Мерсо е бездушен и
нема никакви морални начела, па така извршил сурово убиство со умисла и поради тоа, тој
бара смртна казна за обвинетиот. За време на судењето, Мерсо е спокоен и воздржан, а
понекогаш не ги разбира исказите на обвинителот и на бранителот, па одвај чека да заврши
судењето. Притоа, тој му објаснува на читателот дека, едноставно, никогаш вистински не бил
способен да почувствува каење за кој и да било настан во животот. По завршувањето на
судскиот претрес, поротата ја донесува пресудата - Мерсо е прогласен за виновен и тој е
осуден на смртна казна. Во затворот, додека чека да биде погубен, Мерсо фантазира за
можноста да ја избегне смртната казна и за молбата за помилување, но истовремено чувствува
страв од помислата на скорешната неизбежан смрт. Неколкупати, тој ја последната исповед,
но еден ден, сепак го посетува свештеникот, кој се обидува да го придобие кон Господ, но
Мерсо го одбива, објаснувајќи му дека не верува во задгробниот живот и дека за него тоа е
само губење време. По настојувањето на свештеникот да го оттргне Мерсо од
неговиот атеизам, Мерсо се разгневува и ја искажува својата фрустрација кон апсурдноста на
постоењето. Кога свештеникот ја напушта ќелијата, Мерсо се предава на убавината на ноќното
небо и, рамнодушен кон светот, мирно ја прифаќа смртта.

You might also like