You are on page 1of 1

Судбината на човекот

Војната и мирот, трагични животни судбини, теророт предизвикан од човечкиот


поматен ум , сцени на физичко насилство чии методи се тешко поимливи за една разумна
свест. Шолохов со “Судбината на човекот” ја опишува судбината која се поигрува и му
нанесува болни удари на човек кој застанува исправено и погледнува во нејзините очи.

Човечката судбина на еден обичен граѓанин, со сосема нормален живот во


општеството, се менува преку виорот на војната . Андреј Соколов, скромен човек , работејќи да
преживее , создава семејство и дом со жена и деца со кои се радува и гордее . Но, почнува
војната. Соколов заминува на фронт, носејќи тага, болка, осаменост во себе, претрпувајќи
тортура: тешка физичка работа, изгладнување, мачење до смрт. Постојано е удиран од
судбината што му ја наметнува завојувачот, но морално истрајува и во омразата и болката
наоѓа сили за понатамошна добрина и љубов. Тој е силен, жилав, вистински руски војник кој е
спремен да ги издржи сите овие маки и страдања за повторно да ја сретне својата фамилија.

Веста дека ги губи жената и ќерките ,а потоа и синот, тој пустош што го остава војната,
го тераат да си го поставува прашањето како да се продолжи да се живее. Како да успее да се
надмине себеси и да го замени чувството на омраза со чувство на љубов.Тоа е единствена
можност за спротивставување на злото произлезено од човечкиот ум. Судбината му се
насмевнува, за да не остане сам го посвојува малиот Вања од улица. Не постојат зборови со
кои би се опишала среќата во солзите на Андреј, затоа што има кому да му ја подари својата
љубов. Претставувајќи се како татко ја сплотува својата судбина со судбината на детето сираче.
Тука ја победува судбината и осаменоста и се покажува човекот хуманист.

Во оваа животна судбина , Шолохов ја провејува пораката колку и да е тежок животот


на еден човек, колку и маки и трагедии да му се имаат случено, тој треба да живее. Треба да
им помага на оние што се уште понесрејќни од него, заради една светла цел: живот во кој ќе
има се помалку несреќи, живот врз кој не ќе тежи веќе проклетството на војната.

You might also like