You are on page 1of 1

Поезија на Гане Тодоровски - Есеј ,,Израз на големата љубов кон човекот и неговото

опстојување''

Гане Тодоровски е еден од великаните на македонската литература.Неговото поетско


творештво ги следи сите три фази на развој на македонската поезија. Во првата фаза тој
својата поезија ја посветува на татковината, а во втората фаза, неговите песни се интимни,
искрени, длабоко копнежливи. Третата фаза, пак, е урбана, современа, каде ја искажува
својата загриженост за човековото секојдневие во светот во кој живееме.Тој на
специфичен начин, на сосема свој јазик создава својата поезија.Моќта на поезијата е што
онаа, вистинската, секогаш упатува безвременски пораки.
„Нерези“ е патриотска песна во која поетот со воодушевување пее за постојаноста и
траењето низ вековите. Преку манастирот, тој всушност пее за својот народ кој успеал и
покрај сите тешкотии да опстане и сè уште да постои. Оваа песна е составена од 7 строфи
низ кои поетот не води навраќајки не во минатото.Започнува со восклик и
воодушевување од погледот кон манастирот, од неговото истрајување и победа на
невремето.
Во секој заглед: Занемена Големина!
Во сека мисла: Победа на невремето!
И одвет: Ваше сум Вчера!
Дали големината се гледа во градбата, во архитектонскиот приказ или метафората е таа
која укажува на големината на православната вера, онаа што времето ќе го победи?
Занеменоста е показател дека зборовите се непотребни– секоја црква зборува од своите
дела. Каменот е сведок на минливоста на времето и раскажувачот на историјата на
македонскиот народ.Манастирот е постојан и цврст иако преживеал „витосни“ векови,
години и денови, не му потклекнал на невремето, не му потклекнал на
заборавот.Манастирот е тука и нè потсетува на нашето минато, нè потсетува дека тоа сме
ние. Поетот е горд што и припаѓа на оваа традиција, на овој народ кој успеал да преживее
сè и повторно да опстане и да постои. Секој од нас треба да биде свесен на оваа
големина, на минатото и традицијата и таа да биде изворот, „бликотен вруток“ од каде
што ќе ја црпеме силата за нашата иднина.Последните стихови се: сме живееле во
минатото, живееме денес, но овој народ ќе живее и утре.
Целото литературно творештво на Гане Тодоровски е од непроценлива важност во нашата
литература.Играта на зборови која ја користи го издвојува од сите други наши поети.Во
своето творештво е опседнат со македонската судбина и опстојувањето на македонскиот
народ и успешно го доловува тоа преку своите песни.

You might also like