You are on page 1of 1

Правни лекови: Редовни правни лекови

Правен лек претставува парнично дејство на странката со кое таа предлага судот да ја укине или
измени одлуката изречена на нејзина штета. Правните лекови им овозможуваат на странките и
другите учесници во постапката да го искажат својот револт, негодување протиб одлуките на судот
кога сметаат дека нивните права и интереси не се доволно и правилно заштитени од страна на
судот. Значењето на правните лекови се огледа и во контролата на повисокиот суд врз работата на
понискиот суд. Правните лекови можат да бидат редовни и вонредни правни лекови. Единствен
редовен правен лек во нашате судски постапки е жалбата.

Жалбата е редовен правен лек што се изјавува против неправилната пресуда на првостепениот
суд. Таа има двојно дејство. Суспензивно дејство кое значи дека навреме вложената жалба
спречува пресудата да стане правосилна и извршна. И деволутивно дејство што значи за истата
правна работа да може да постапува и да одлучува друг повисок орган. Жалбата е поднесок на
странката во кој таа може да изнесе нови факти и да предложи нови докази, како и да истакне
приговори. За да може да се постапува по жалбата, таа треба да содржи назначување на судот до
кој се доставува, број и датум на пресудата што се напаѓа, кој дел од пресудата го напаѓа и потпис
на подносителот. Причините поради кои може да се изјави жалба се следниве : ако судот
направил суштествена повреда на правилата на парничната постапка, ако судот погрешно или
нецелосно ја утврдил фактичката состојба и ако судот погрешно применил правна норма од
материјалното право. Рокот за жалба изнесува 15 дена од денот на доставување на одлуката на
странките и тече поединечно за секоја од нив.

Жалба може да се изјави и кога првостепеното решение не е донесено. Во тој случај,


второстепениот орган може да му определи на првостепениот орган рок за донесување на
решение, кој не може да биде подолг од 30 дена или да донесе свое решение. Ваквото решение е
конечно. Решение за жалбата мора да се донесе и да и се достави на странката штом е тоа можно,
најдоцна во рок од два месеца сметајќи го денот на предавањето на жалбата, ако со посебен
потпис не е определен пократок рок.

You might also like