You are on page 1of 51

Управен спор, прекршок и

прекршочна постапка
Поим, предмет, видови, надлежни
органи, странки, постапка, фази,
одлуки, правни средства
Поим на управен спор
 Управниот спор е форма на
организирана, систематска судска
контрола над законитоста на управните
акти
 Два система на судска контрола,
односно управен спор – англосаксонски
(САД, Англија и др., се применува
common law и надлежност на редовно
судство) и европско-континентален
(Франција, Германија, Белгија, Италија,
Скандинавски земји и др. европски
држави, примена на посебни управно-
правни норми и надлежност на
специјализирани управни судови)
Предмет на управен спор

 Систем на генерална (општа)


клаузула
 Систем на енумерација
 Систем на општа клаузула со
негативна енумерација
Систем на генерална
(општа) клаузула
 Сите правни акти на
административните органи
(општи и конкретни)
претставуваат предмет на
управно-судска контрола.
 Нема поединечно
набројување на актите кои
можат да бидат предмет на
управен спор во законот, туку
со една одредба се опфатени
генерално сите акти.
Систем на енумерација
 Предмет на управен спор
можат да бидат само оние акти на
администрацијата кои се изрично
во закон наброени.
 Историски, овој систем прв
настанува.
 Системот на енумерација
предвидува ограничен досег на
судската контрола врз актите на
административните органи.
Систем на генерална клаузула
со негативна енумерација
Сите акти на административните
органи се предмет на управен
спор, со исклучок на актите
наведени (наброени) во законска
одредба кои претставуваат
исклучок од општото правило.
На пример, такви акти најчесто се
оптите правни акти на
административните органи, актите
на законодавниот орган, на шефот
на држава, на влада и сл.
Систем на позитивна
енумерација
 Новиот Закон за управни спорови (ЗУС)
во РМ содржи систем на позитивно
набројување
 Изрично се наброени поединечните акти
на Владата, на органите на е.л.с., други
државни органи и организации со јавни
овластувања, акти донесени во
прекршочна постапка, изборна постапка,
акти за именување и разрешување од
вршење јавни функции, дури и општи
правни акти кои уредуваат поединечни
односи, споровите од управни договори
и поединечни управни акти за кои за
решавање во втор степен не е
обезбедена друга правна заштита.
Видови управни спорови

 Објективни и субјективни
 Спор на законитост и спор на
полна јурисдикција
 Претходни (спор на молчење
на администрација) и
дополнителни
Објективни и субјективни
управни спорови
 Објективен управен спор е спор
чиј предмет на решавање е
објективна правна ситуација или
општ правен акт
 Субјективен управен спор е спор
чиј предмет на решавање е
субјективна правна ситуација или
конкретен управен акт
Спор на законитост и спор
на полна јурисдикција
 Спор на законитост е управен спор во
кој се врши контрола над законитоста на
актот, при што судот може да го
поништи незаконитиот акт и да го врати
на неговиот доносител на повторно
решавање
 Спор на полна јурисдикција е спор во кој
судот го поништува незаконитиот акт и
истовремено мериторно го решава
предметот со пресуда која во целост го
заменува актот
Претходен и дополнителен
спор
 Претходен спор е спорот на
молчење на администрација. Се
води управно-судска постапка
против акт кој не е донесен, токму
поради неговото недонесување од
страна на надлежниот орган, со
што се повредени правата на
странката
 Дополнителен спор е управен спор
кој се води против донесен
конечен управен акт.
Органи надлежни за водење на
управно-судска контрола во РМ
 Управен суд на Република
Македонија
 Првостепен суд, соствен од 19
судии избрани од Судскиот
совет на РМ
 Решава во совет од тројца
судии
Органи надлежни за водење на
управно-судска контрола во РМ
 Врховен суд на Република
Македонија
 Одлучува по вонредни правни
средства (обнова на судска
постапка)
 Решава во совет од тројца
судии
Странки во управен спор
 Тужител – незадоволна странка од
конечниот управен акт. Кај управни
договори може да биде било која страна
– договарач
 Тужен – доносителот на актот кој се
оспорува (јавно-правен субјект). Кај
управните договори може и приватниот
субјект како содоговарач
 Заинтересирано лице – лице на кое со
поништувањето на оспорениот управен
акт би му се нанело штета
Основи за покренување
управен спор
 Неправилна примена на закон
 Ненадлежност на доносителот
на актот
 Погрешно и непотполно
утврдена фактичка состојба
Фази во управно-судска
постапка
 Поведување на управен спор
со тужба: назив, седиште, име
и презиме, адреса на
тужителот; управен акт против
кого се поднесува; причини;
тужбен петит (навод) во кој
правец и опсег се бара
поништување; рок 30 дена
Фази во управно-судска
постапка
 Претходна постапка
А) Се испитуваат формални
елементи на тужбата.
Б) Решение за отфрлање на
тужбата.
В) Решение за поништување на
актот заради тешки формални
недостатоци.
Фази во управно-судска
постапка
 Редовна постапка
А) Одговор на тужба до 30 дена
Б) Доставување на сите списи
на барање на судот
В) Нејавна седница (судија
известител и двајца судии)
Г) Усна расправа во случаи
предвидени со ЗУС
Судски одлуки во управен
спор
 Решенија
 Пресуди
Судски решенија
 Отфрлање на тужба
 Запирање на управно-судска
постапка:
А) откажување од тужба
Б) донесен нов управен акт во текот
на управниот спор
 Забрана на понатамошно вршење
на дејствие на службено лице со
кое, спротивно на закон непосредно
му се спречува или ограничува на
поединец или правно лице
остварување на слобода или право,
а не е обезбедена друга правна
заштита
Судски пресуди

 Пресуда за анулација/пресуда
во спор на законитост или
поништувачка пресуда и
пресуда во спор на полна
јурисдикција
 Пресуда во спор на молчење
на администрација
 Уважувачки и одбивачки
пресуди
Редовни правни лекови
Жалба
 Жалба против решение на Управниот
суд за забрана на натамошно
вршење на дејствие на службено
лице со кое, спротивно на закон
непосредно му се спречува или
ограничува на поединец или правно
лице остварување на слобода или
право, а не е обезбедена друга
правна заштита
 Жалбата се поднесува до Врховниот
суд во рок од три дена од
доставувањето на решението
Вонредни правни лекови
Повторување на постапка
 На барање (тужба) на странката се
повторува постапка окончана со пресуда
или решение
 Во рок од 30 дена од денот кога
странката дознала за причината за
повторување или од денот на
доставување на одлуката (субјективен
рок). Повторување не може да се бара
по истекот на пет години од
правосилноста на одлуката (објективен
рок)
 По тужбата за повторување на
постапката решава судот кој ја донел
пресудата (ја отфрла со решение или ќе
ја прифати/одбие со пресуда)
Вонредни правни лекови
Причини за повторување на постапка:
Ако странката дознае за нови факти, или најде или
стекне можност да употреби нови докази врз
основа на кои спорот би бил поповолно решен за
неа, доколку тие би биле изнесени или употребени
во поранешната постапка
Ако до одлука на судот дошло поради кривично дело
на судија или службеник во судот, или е
издејствувана со измама на застапникот или
полномошникот на странката
Ако одлуката е заснована врз судска пресуда која
подоцна е укината
Ако одлуката се заснова врз лажен доказ
Ако странката може да ја употреби поранешната
одлука донесена во ист управен спор
Ако на заинтересираното лице не му била дадена
можност да учествува во управниот спор
По одлука на Европскиот суд за човекови права
Поим на прекршок

Прекршок претставува
противправно дело кое со
закон е определено како
прекршок, чии обележја се
определени со закон и за кое
е пропишана прекршочна
санкција.
Прекршочни санкции

За сторен прекршок се
изрекуваат:
1. Прекршочни санкции за
полнолетни сторители
2. Прекршочни санкции за
малолетни лица
3. Прекршочни санкции за
правни лица
4. Посебни прекршочни мерки
Прекршочни санкции за
полнолетни сторители
 Глоба (парична казна) од 15
до 1000 евра
 Опомена
 Престанок на важење на
возачка дозвола (една година
и повеќе)
 Забрана за управување со
моторно возило (од 30 дена
до една година)
Прекршочни санкции за
полнолетни сторители
 Забрана за вршење професија,
дејност или должност (од 3 до 15
дена прекршочен орган, а суд од
една до пет години)
 Протерување на странец од земја
(од една до десет години, само
суд)
 Задолжително лекување на
алкохоличари или наркомани -
лица со болести на зависности (до
две години, само суд)
Услови за изрекување
прекршочни санкции
 Глобата се пропишува и
изрекува како главна санкција
 Опомената се изрекува наместо
глоба кога се работи за полесен
прекршок
 Забрана за вршењепрофесија,
дејност или должност се
изрекува само кога на
сторителот му е изречена глоба
Услови за изрекување
прекршочни санкции
 Престанок на важење на возачка
дозвола или забрана за
управување со моторно возило се
изрекуваат со глоба, опомена или
како самостојни санкции
 Протерување на странец од земја
се изрекува со глоба, опомена или
како самостојна санкција
 Задолжително лекување на
алкохоличари или наркомани се
изрекува заедно со глоба или како
самостојна санкција
Прекршочни санкции спрема
малолетни лица
 На малолетник помлад од 14
години (дете) не може да се
примени прекршочна санкција
 На малолетник од 14 до 16 години
(помлад малолетник) можат да му
се изречат само воспитни мерки
 На малолетник од 16 до 18 (постар
малолетник) може да му се изрече
воспитна мерка, а по исклучок и
глоба
Прекршочни санкции спрема
правни лица
 Глоба од 200 до 5000 евра
 Привремена забрана за
вршење одделна дејност
(судот може да изрече од
шест месеци до пет години,
органот на управа може да
изрече од 3 до 30 дена)
Посебни прекршочни мерки

 Конфискација на имот и
имотна корист прибавени со
прекршок
 Одземање на предмети
прибавени со прекршок (може
да изрече и орган на управа
покрај судот)
Мандатна (скратена)
прекршочна постапка
 Кога службеното лице ќе утврди
дека е сторен прекршок, на
сторителот ќе му врачи покана за
плаќање на глоба, во рок од осум
дена од врачувањето на поканата
 Ако сторителот не ја плати
доброволно глобата, службеното
лице ќе поднесе барање за
поведување на прекршочна
постапка до надлежниот суд
односно прекршочен орган
Прекршочна постапка
 Поим: збир на процесни
дејствија за откривање и
казнување на сторител на
прекршок, преземени од страна
надлежните органи
Прекршочна постапка
 Надлежни органи:
1. основен суд (судија поединец) и
2. прекршочен орган:
А) орган на управа или организација со
јавни овластувања;
Б) друг орган што врши јавни овластувања
на надзор над спроведување на закони
со кои се пропишани прекршоци;
В) апелационен суд (за судски прекршоци
во втор степен);
Г) Управен суд (за прекршоци во втор
степен изречени од прекршочен орган)
Надлежност на прекршочни
органи
 Кога со закон му е пропишана исклучива
надлежност (општа)
 По сите прекршоци за кои е пропишана
санкција (позитивна енумерација):
А) Глоба во точно определен износ
Б) Глоба за физичко лице до 500 евра
В) Глоба за правно лице до 1000 евра
Г) Изрекување глоба на самото место
Д) Забрана за управување со моторно
возило до 30 дена
Ѓ) забрана за вршење дејност или
професија од 3 до 15 дена
Состав на прекршочен орган

Во прекршочниот орган се
формира Комисја за
одлучување по прекршок
составена од овластени
службени лица со соодветен
степен на стручна подготовка
и работно искуство, од кои
најмалку еден е дипломиран
правник со правосуден испит
Поведување на прекршочна
постапка
 По службена должност, по
барање од овластено лице
или овластен орган или по
барање на оштетениот
Поведување на прекршочна
постапка
 Барањето за поведување
прекршочна постапка содржи:
1. Основни податоци за идентитетот
на сторителот;
2. Фактички опис на прекршокот
3. Правна квалификација на
прекршокот (освен кога
подносител е оштетениот)
4. Докази што треба да се изведат
5. Потпис на подносителот на
барањето
Донесување одлука
 Ако прекршочниот орган утврди
дека постојат законските услови
за спроведување прекршочна
постапка, должен е да ја
спроведе и да донесе одлука за
прекршок
Донесување одлука
 Ако не се исполнети законските
услови, прекршочниот орган е
должен во рок од 30 дена писмено
да го иавести подносителот на
барањето за тоа дека нема да
донесе одлука за прекршок,
односно дека нема да поднесе
барање за поведување
прекршочна постапка до
надлежниот суд, како и за
причините за таквата одлука
Содржина на одлука за
прекршок
 Увод (назив на доносителот, име и
презиме на членовите на
комисијата, име и презиме на
сторителот и бранителот,
прекршокот што е предмет на
постапката)
 Диспозитив (опис на прекршокот,
санкцијата што се изрекува или
дека постпката се запира)
 Образложение (докази и
околности на кои се заснова
диспозитивот)
 Поука за право на судска заштита
(тужба)
Примена на закони

 Закон за прекршоци (lex


generalis)
 Закон за општа управна
постапка (lex specialis кога е
надлежен прекршочен орган)
 Соодветен закон со кој е
пропишан прекршокот
(материјален закон)
Второстепена постапка
(судска заштита)
 Надлежен орган: Управен суд
 Поведување: тужба
 Рок: 8 дена од доставување на
одлуката
 Предмет: одлука за прекршок
(решение) донесена од
прекршочен орган
 Дејство: тужбата го одлага
извршувањето на одлуката за
плаќање глоба во износ од над
100 евра за поединец или 1000
евра за правно лице
Причини за поднесување
тужба
 Повреда на материјален закон
 Повреда на процесен закон
заради ненадлежност или
формални недостатоци на
одлуката
 Погрешно и нецелосно утврдена
фактичка состојба
Причини за поднесување
тужба
 Нови факти и докази кои
тужителот без вина не ги знаел
или не бил во можност да ги
предложи во постапката
 Висина на изречената глоба
 Постоење на можност за
ослободување од санкција или
ублажување на глоба
 Изрешени санкции одземање на
предмети
 Трошоци на постапката
Постапување на
второстепениот орган
Управниот суд при решавање
по тужби поднесени против
акти на прекршочен орган
мора задолжително да го
реши спорот во полна
јурисдикција, т.е. мериторно
со пресуда да ја реши
прекршочната работа.
Литература
 Основна литература:
1. Гризо, Гелевски, Давитковски,
Павловска Данева „Административно
право“, 2007, стр. 509-564
2. Закон за управни спорови од 2006
3. Давитковски, Павловска-Данева,
„Новата управно-судска контрола над
управата во РМ“, Зборник на трудови
на Правниот факултет, 2006
4. Закон за прекршоците од 2006 година
 Дополнителна литература:
1. Лилиќ, „Управно право“, Београд, 1995,
стр. 391-403, стр. 422-466.
Прашања и теми за
дискусија и есеи:
 Поим на управен спор
 Предмет на управен спор
 Видови управни спорови
 Органи надлежни за вршење на административно-
судска контрола во Република Македонија
 Странки во управен спор
 Основи за покренување на управен спор
 Фази во административно-судската контрола
 Поведување на управен спор
 Претходна постапка
 Редовна постапка
 Донесување судски одлуки
 Решенија
 Пресуди
 Постапка по правни лекови
Прашања и теми за
дискусија и есеи:
 Поим на прекршок
 Прекршочни санкции
 Видови
 Услови за изрекување
 Мандатна (скратена) прекршочна постапка
 Прекршочна постапка
 Поим на прекршочна постапка
 Надлежни органи за водење прекршочна
постапка
 Надлежност на прекршочните органи
 Состав на прекршочен орган
 Поведување на прекршочна постапка
 Одлука за прекршок
 Примена на закони
 Второстепена постапка (судска заштита)

You might also like