You are on page 1of 8

Законот за облигационите односи (ЗОО), роковите на застареност ги дели на

општи и посебни.

ОПШТ РОК НА ЗАСТАРЕНОСТ

Општиот рок на застареност, е пропишан во член 360 од ЗОО според кој,


побарувањата застаруваат за пет години, ако со закон не е определен некој друг
рок на застареност.

Според ова, за сите оние видови на обврски за кои со ЗОО или друг закон не е
определен посебен рок на застареност според ЗОО се смета дека застаруваат за
пет години.

ПОСЕБНИ РОКОВИ НА ЗАСТАРЕНОСТ

1. Застаруваат во рок од 3 (три) месеци:

Закон за работните односи

• отказ на договорот за вработување од страна на работодавачот поради лични


причини и причини на вина на страна на работникот, сметано од денот на
дознавањето за фактите кои се основ за давање на отказот (субјективен рок);

Закон за трговските друштва

• право од управителот на ДОО, односно од чле¬но¬вите на органот на


управување, надзорниот одбор како и од членови на нивните семејства
(сопружници, родители, деца) на АД, да се бара, во случај на кршење на начело
на забрана на конкуренција, на¬до¬мест на ште¬та¬ или на друш¬т¬во¬то да
му ја отстапат правната ра¬бо¬та што ја ск¬лу¬чиле за сво¬ја смет¬ка и да му
ја дадат ко¬рис¬та којашто по¬тек¬ну¬ва од правната ра¬бо¬та, ск¬лу¬че¬на
за своја или за ту¬ѓа смет¬ка, во рок од 90 дена од денот кога другите
управители, членови на надзорниот одбор или содружник, односно
неизвршните членови на одборот на директори, чле¬но¬ви¬те на
над¬зор¬ни¬от од¬бор или акционер, дознале за повреда на забраната
(субјективен рок).

2. Застаруваат во рок од 6 (шест) месеци:

Закон за работните односи

• отказ на договорот за вработување од лични причини и причини на вина на


страна на работникот, сметано од денот на настапувањето на фактите кои се
основ за давање на отказот (објективен рок);
Закон за чек

• регресните барања на имателот на чекот против индосантите и против


трасантот, сметано од истекот на рокот за поднесување на исплатата;

• регресните барања на индосантот кој го исплатил чекот, против другите


индосанти и против трасантот, сметано од денот кога го исплатил чекот или кога
против него е покрената постапка пред судот;

Закон за меница

• меѓусебни менични барања на регресните должници (барања на индосантите


еден против друг и против трасантот) сметано од денот кога индосантот ја
исплатил (откупил) меницата или од денот кога против него е покрената
постапка пред нотар за протест на меницата.

3. Застаруваат во рок од 1 (една) година:

ЗОО

• побарувања на надомест за испорачана електрична и топлотна енергија, гас,


вода, за оџачарски услуги и за одржување на чистота кога испораката, односно
услугата е извршена за потребите на домаќинство;

• побарувања на радио и РТВ станица за употреба на радио-приемник и


телевизиски приемник;

• побарувања на пошта, телеграф и телефон за употреба на телефон и на


поштенски преградоци, како и други нивни побарувања што се наплатуваат во
тримесечни или во пократки рокови;

• побарувања на претплата на повремена публикација, сметајќи од истекот на


времето за кое е нарачана публикацијата.

• правото на примачот на упатувањето (асигнатор) да бара исполнување од


упатеникот (асигнат) сметано од истекот на рокот кој бил договорен за
исполнување на упатувањето (асигнација). (алтернативно: Ако за исполнувањето
на упатувањето не е определен рок, застареноста почнува да тече кога
упатеникот ќе го прифати упатувањето.).

Закон за меница

• побарувања на имателот на меницата против регресните должници


(индосантот и трасантот) сметано од денот на подигањето на протестот а кај
мениците без протест, сметано од денот на стасаноста на меницата.
4. Застаруваат во рок од 2 (две) години

Закон за комуналните такси

• правото на утврдување и наплата на комуналните такси, сметано по истекот на


годината во која требало да се изврши утврдувањето на таксата, односно да се
наплати таксата;

• правото на враќање на повеќе наплатена комунална такса, сметано по истекот


на годината во која таксата била платена.

Закон за административните такси

• правото на наплата на административните такси, сметано по истекот на


годината во која таксата требало да се плати;

• правото на враќање на административната такса, сметано од денот кога


таксата е платена.

Закон за прекршоците

• поведување и водење на прекршочна постапка, од денот кога е сторен


прекршокот;

• извршување на изречена прекршочна санкција, сметано од денот на


правосилноста на одлуката за прекршокот. (Исклучок: со закон со кој се
пропишува прекршокот, може за одделни санкции да се определат рокови на
застареност на извршување подолги од рокот од две години, но не подолги од
пет години).

Застареност на прекршочното гонење, односно застареност на прекршочната


санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку
што според закон се бара за застареност на прекршочното гонење, односно за
за застареност на извршувањето.

5. Застаруваат во рок од 3 (три) години:

ЗОО

• повремени побарувања кои стасуваат годишно или во пократки временски


периоди (повремени побарувања) - на пр. камати, побарувања по основ на
издршка и сл. - сметано од стасаноста на секое одделно давање;
• ануитети со кои во еднакви однапред определени повремени износи се
отплатуваат главнината и каматите (не важи за отплатите во рати и за други
делумни исполнувања);

• меѓусебните побарувања на договорните страни од договорите во прометот


на стоки и услуги, како и побарувања на надомест на издатоци направени во
врска со тие договори (купопродажба; складирање; комисион; трговско
застапување; туристички услуги; угостителски дејности; посредување; шпедиција;
контрола на стоките и услугите и други). Застарувањето тече одвоено за секоја
испорака на стоки, извршена работа или услуга;

• побарувања на закупнина (независно дали се плаќа повремено или во вкупен


износ);

• побарувања на надомест на причинетата штета, сметајќи од моментот кога


оштетеникот узнал за штетата и за лицето што ја сторило штетата (субјективен
рок);

• побарување на надомест на штета настаната по повреда на договорна обврска


застарува за време определено за застареноста на таа обврска;

• побарувања на договарачот на осигурување, односно на трето лице (корисник


на осигурување) и осигурителот од договорот за осигурување (освен кај
договорот за осигурување на живот), сметајќи од првиот ден по истекот на
календарската година во која настанало побарувањето;

• непосредно барање на трето оштетено лице спрема осигурителот (застарува


за исто време за кое застарува побарувањето на осигурителот спрема
осигуреникот одговорен за штета);

• повремени побарувања што стасуваат во иднина и произлегуваат од


побарувањата утврдени со правосилна судска одлука или порамнувања;

• наплата на меѓусебните услуги на здравствените организаци;

Закон за трговските друштва

• туж¬ба¬та (барање) за надомест на штета причинета од управителот на ДОО,


сметано од денот на извршеното штет¬но¬ деј¬с¬т¬вие, односно од денот на
предизвиканата штета или, ако би¬ло при¬кри¬е¬но, од не¬го¬во¬то
от¬кри¬ва¬ње (тужбата ја поднесува содружникот или доверителот, ако
управителот спротивно на ЗТД и на договорот за друштвото изврши поделба на
имотот на друштвото, односно ако на содружниците делумно или во целост им
ги врати влоговите им исплати камати или добивка; за штетата што ќе му ја
предизвика на друштвото со правна работа што ја склучил со друштвото во
свое или од туѓо име, а за своја сметка, ако за тоа претходно не добил
согласност од органот за надзор);

Закон за стечај

• барањето за надомест на штета причинета со повреда на должноста на


стечајниот управник, сметано од сознанието на оштетениот за штетата и
околностите на кои се заснова обврската на стечајниот управник за надомест на
штета; барањето за надомест на штета застарува најдоцна по истекот на три
години од правосилноста на одлуката за заклучување на стечајната постапка;

• барањето за надомест на штета причинета со повреда на должноста на


стечајниот управник сторена во врска со дополнителна делба или со контрола
над исполнувањето на планот, сметано од спроведувањето на дополнителната
делба или од завршувањето на надзорот;

• барањето за надомест на штета причинета од членовите на одборот на


доверители кои не постапуваат со внимание на совесен и чесен трговец, во
однос на разлачните и на стечајните доверители.

Закон за работните односи

• побарувања од работен однос, сметано од денот на настанување на обврската:

• побарувања на плати (основна плата и додатоци за прекувремена работа, за


работа на празник, неделен одмор, ноќна работа и сл.);

• надоместоци на плати (за годишен одмор, за боледување; за платено отсуство


до 7 дена и сл.);

• надоместоци на трошоци поврзани со работа (регрес за годишен одмор,


дневници, одвоен живот, теренски додаток и др.).

Закон авторското право и сродните права

• право авторот, или носителот на правото, лице овластено да го користи


правото и организација (носителот на право) да бара: 1) отстранување од
промет на примероците на авторско дело и предмети на сродни права кои без
дозвола се изработени заради ставање во промет или се во промет, како и
материјалите и средствата користени или наменети за повредата и 2) нивно
уништување, сметано од узнавањето за недозволена изработка на предметите
или од нивното пуштање во промет, односно на намената за пуштање во
промет (субјктивен рок), а најдоцна пет години од нивната недозволена
изработка, односно пуштање во промет (објективен рок).
Закон за меница

• побарувања на имателот на меницата против акцептантот кај трасираната


меница како и против издавачот кај сопствената меница, сметајќи од
пристигнувањето на наплата.

Законот за финансиска дисциплина

• право на доверителот на надоместок за доцнење при исполнувањето на


паричната обврска од должникот во износ од 400 денари, сметано од денот на
истекот на рокот на достасување на паричната обврска.

6. Застаруваат во рок од 4 години:

Закон за прекршоците

• поведување и водење на прекршочна постапка за прекршоците од областа на


даноците, царините, јавните набавки, јавните финансии и јавниот долг, сметано
од денот кога е сторен прекршокот.

Застареност на прекршочното гонење, односно застареност на прекршочната


санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку
што според закон се бара за застареност на прекршочното гонење, односно за
за застареност на извршувањето.

7. Застаруваат во рок од 5 години:

ОПШТ РОК

• Побарувања по основ на:

• договор за кредит; договор за заем; побарувања од прометот на стоки и услуги


помеѓу правните лица и физичките лица; правото на авторскиот надомест од
издавачки договори за печатење на авторско дело со определено време на
важење и тираж; повеќе исплатена провизија или непресметана аконтација;
враќање на повеќе исплатен износ поради грешки; побарувања на солидарниот
должник за исплатениот износ од солидарната обврска спрема останатите
солидарни должници; побарувања спрема друштвото за осигурување за повеќе
платените премии; побарувања на угостителите - физички лица за дадените
услуги; побарувања за вредноста на непотрошениот материјал; побарувања на
земјоделците за продадени земјоделски производи; побарувања на адвокатите
за адвокатските услуги; побарувања на инженерите, архитектите и овластените
градители за извршените работи и услуги; побарувања на лекарите,
стоматолозите и ветеринарите за извршените услуги; побарувања на
професорите, наставниците и учителите за подучување; побарувања на
правните лица за воспитување, нега и лекување, за вршење услуги од нивната
дејност;

ПОСЕБЕН РОК

• самото право од кое произлегуваат повремени побарувања, сметано од


стасаноста на најстарото неисполнето побарување по кое должникот не вршел
давања (освен право на издржување определено со закон кое не може да
застари);

• побарување на надомест на причинета штета (објективен рок), освен кога


штетата е причинета со кривично дело, а за кривично гонење е предвиден
подолг рок на застареност, тогаш барањето за надомест на штета спрема
одговорното лице застарува кога ќе измине времето определено за застареност
на кривично гонење;

• побарувања на договарачот на осигурување, односно на трето лице (корисник


на осигурување) од договорот за осигурување за живот (субјективен рок);

• побарувања на договарачот на осигурување, односно на трето лице (корисник


на осигурување) од договорот за осигурување (објективен рок), освен кај
договорот за осигурување на живот кај кого постои друг објективен рок;

• регресно побарување на осигурителното друштво према неосигурениот


имател на моторно возило, односно неовластениот возач, од задолжително
осигурување во сообраќајот.

Закон за даночната постапка (член 110)

• побарувања по основ на даноци:

• право на утврдување на данок и на споредни даночни давачки (парични


казни, даночни казни, камати и трошоци на присилна наплата на данок),
сметано од истекот на годината во која што е остварена фактичката состојба;

• правото на обврзникот за враќање на повеќе или погрешно уплатен или


наплатен данок, како и споредни даночни давачки за враќање на неправилно
уплатениот износ на данок, камата и трошоци за присилна наплата, сметано од
уплатата;

Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување

• побарувања по основ на придонеси (исто како за даноци):


• право на утврдување на придонеси за пензиското и инвалидското
осигурување, здравственото осигурување и вработување, сметано од истекот на
годината во која што е остварена фактичката состојба.

Закон за здравствената заштита

(исто како за даноци)

• право на утврдување на надоместокот што се плаќа при производство и увоз


на тутунски производи, сметано од истекот на годината во која што е остварена
фактичката состојба.

Царински закон

• побарувања на царински долг (увозни и извозни давачки), сметано од денот


кога настанал царинскиот долг.

https://proagens.mk/finansiski-alatki/godisna-smetka/posledni-termini-e-obuka-na-
pro-agens-godisna-smetka-i-finansiski-izvestai-za-2020-godina/

https://proagens.mk/registracija-on-line-sovetuvanje/

You might also like