You are on page 1of 15

Откажување на договорот за

вработување со и без отказен рок


Објавено: 22/10/2018

 
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без
претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

(Обновено 22.10.2018г.) Работниот однос дефиниран според Законот


за работни односи е договорен однос меѓу работникот и работодавачот
во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес
на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично
непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на
работодавачот.
Начини на престанување на важноста на договорот за вработување:
1) со изминување на времето за коешто бил склучен;
2) со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице);
3) поради престанување на работодавачот согласно со закон;
4) со спогодбено раскинување;
5) со отказ;
6) со судска пресуда и
7) во други случаи утврдени со закон.

Откажување на договорот  за вработување со отказ

Работодавачот може да го откаже договорот за вработување, само ако


постои основана причина за отказ поврзана за однесувањето на
работникот (лична причина на страна на работникот), поради кршење
на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на
вина) или ако причината е заснована на потребите на
функционирањето на работодавачот (деловна причина). (повеќе за ова
во Кои се основани и неосновани причини за отказ)
Откажување на договорот за вработување со и без отказен рок
Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со
отказен рок, а во случаите определени со закон, договорните страни
можат да го откажат договорот за вработување и без отказен рок.
Поради лични причини
Поради лични причини со отказен рок работодавачот може да му го
откаже договорот за вработување од лични причини, ако работникот
не ги извршува работните обврски утврдени со закон, колективен
договор, акт на работодавачот и договорот за вработување.
Како услов е најпрво на работникот да му се обезбедени  потребните
услови за работа и му се дадени соодветни упатства, насоки како и
писмено предупредување од работодавачот во врска со работата дека
работодавачот не е задоволен од начинот на извршување на работните
обврски и ако по даденото предупредување во рокот утврден од
работодавачот кој не може да биде пократок од 15 дена од денот на
приемот на писменото предупредување, работникот не го подобри
своето работење, во случаите утврдени со колективен договор на ниво
на гранка, односно оддел, односно на ниво на работодавач.
Поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на
обврските
Со отказен рок работодавачот може да му го откаже договорот за
вработување на работникот поради кршење на работниот ред и
дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон,
колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување,
особено ако:
1) не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата
пропишани од страна на работодавачот;
2) не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува
работните обврски;
3) не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на
работното место;
4) не се придржува на работното време, распоредот и користењето на
работното време;
5) не побара отсуство или навремено писмено не го извести
работодавачот за отсуството од работа;
6) поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа
во рок од 48 часа, писмено не го извести работодавачот;
7) со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со
техничките упатства за работа;
8) настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не
го извести работодавачот;
9) не ги почитува прописите за заштита при работа или не ги одржува
средствата и опремата за заштита при работа;
10) предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата
и
11) незаконски или неовластено ги користи средствата на
работодавачот.
Без отказен рок работодавачот може на работникот да му го откаже
договорот за вработување во случаите на кршење на работниот ред и
дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со
овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и
дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот:
1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена
или пет работни дена во текот на една година;
2) го злоупотреби боледувањето;
3) не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита
при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други
опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната
средина;
4) внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични
средства;
5) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно
невнимание предизвика штета на работодавачот и
6) оддаде деловна, службена или државна тајна.
Минимални отказни рокови
Ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е
еден месец. Со договорот за вработување или со колективниот договор
може да биде договорен подолг отказен рок, меѓутоа не подолг од три
месеца.
Ако работодавачот го откажува договорот за вработување на
поединечен работник или на помал број работници отказниот рок е
еден месец, а два месеца во случај на престанок на работен однос на
повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број работници кај
работодавачот пред престанокот на работниот однос.
Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува
во писмена форма, при што работодавачот е должен писмено да го
образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на
работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од
осигурување во случај на невработеност, согласно со закон.
Отказот на договорот за вработување работодавачот е должен да му го
врачи лично на работникот по правило во просториите на
работодавачот, односно на адресата на живеалиштето, односно
престојувалиштето од кое работникот дневно доаѓа на работа.

Правата и судската заштита на работникот во случај на отказ повеќе


во Остварување на правата од работниот однос и судска заштита .

Остварување на правата од
работниот однос и судска заштита
Објавено: 06/05/2014

 
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без
претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди работа, за


којашто страните се договориле во договорот за вработување,  како и
да му обезбеди соодветно плаќање за вршењето на работата. Исто така
работодавачот мора да обезбеди услови за безбедност на животот и
здравјето на работниците во согласност со посебните прописи за
здравје и безбедност при работа и да ги преземе неопходните мерки со
кои се гарантира дека на секој работник му е дадена доволна обука
соодветна на посебните карактеристики на работата, водејќи сметка за
неговата стручна подготовка и искуство.
Согласно Законот за работни односи работниците имаат право да
бараат обезбедување на нивните права од страна на работодавачот
како и право да бараат судска заштита пред надлежните судови.

Доколку работникот смета дека работодавачот не му ги обезбедува


правата од работниот однос или крши кое било од неговите права од
работниот однос има право да поднесе писмено барање до
работодавачот кршењето да го отстрани, односно да ја исполни својата
обврска. Ако работникот смета дека со писмена одлука на
работодавачот е прекршено неговото право, има право во рок од осум
дена од врачувањето на одлуката со која било прекршено правото, да
бара од работодавачот истото да го отстрани.
Ако работодавачот во натамошниот рок од осум дена по врачувањето
на писменото барање на работникот не ги исполни своите обврски од
работниот однос, односно не го отстрани кршењето на правото,
работникот може во рок од 15 дена да бара судска заштита пред
надлежниот суд.
Во случај на откажување на договорот за вработување, работодавачот
може да го откаже договорот само ако постои основана причина за
отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на
страна на работникот), поради кршење на работниот ред и дисциплина
или работните обврски (причина на вина) или ако причината е
заснована на потребите на функционирањето на
работодавачот (деловна причина).
Против одлуката за отказ на договорот за вработување работникот има
право на приговор до органот на управување, односно работодавачот,
во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за отказ на
договорот за вработување.
Кога не е донесена одлука по приговорот, во рок од осум дена од денот
на поднесувањето на приговорот или кога работникот не е задоволен
со одлуката донесена по приговорот. во рок од 15 дена од денот на
добивањето на одлуката по приговорот, работникот има право да
поведе спор пред надлежниот суд.
Без оглед на роковите  работникот може паричните побарувања од
работниот однос да ги остварува непосредно пред надлежниот суд.

Неизбраниот кандидат за вработување кој смета дека при изборот била


прекршена забраната на дискриминација, во рок од 15 дена од
приемот на известувањето од страна на работодавачот може да бара
надомест на штета пред надлежниот суд.
Судска пракса:
– Доколку работникот како тужител пред да бара судска заштита се нема
обратено со писмено барање до тужениот со цел работниот спор да се
реши спогодбено односно во конкретниот случај да бара трансфорамација
на работниот однос од определено на неопределено време, поднесената
тужба во таков случај судот ќе ја отфрли како недозволена.
(АПЕЛАЦИОНЕН СУД – ШТИП, 05.10.2011 год. РОЖ 1224/11 од 05.10.2011
година.)
– Тоа што работникот не го исвестил директорот во рок од 48 часа дека е
на боледување, меѓутоа го сторил наредниот ден, не може да претставува
основа дека работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина во
смисол на член 81 став1 точка 6 од ЗРО.(АПЕЛАЦИОНЕН СУД ГОСТИВАР,
РОЖ бр.47/11 од 10.05.2011 година.)
– Ако работодавачот со правилник предвидел рок во кој се врши проверка на
резултатите од работењето на работникот, по тој основ не може да му
престане работниот однос на работникот пред истекот на овој рок.
(Пресуда на Врховен суд на РМ, Рев. бр. 100/2008)
Право на паричен надомест при престанок на работен однос
Насловна › Вести › Актуелно › Право на паричен надомест при престанок на работен...

14.11.2018

Според Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, право


на паричен надоместок му следува на секое невработено лица кое било во работен
однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните
18 месеци
Право на паричен надоместок има невработено лице за времето поминато во работен
однос, за кое се уплатувани придонеси од задолжително социјално осигурување и тоа:
 во работен однос со полно работно време;
 во работен однос со неполно работно време, пресметано во полно работно време;
 во работен однос на определено време (сезонска работа) подолго од 40 часа во
неделата, ако тоа време му е пресметано во работен стаж и
 за работа во странство.
Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз
основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот согласно со закон,
колективен договор и договор за вработување и изнесува 50% од просечната месечна
нето плата на работникот во последните 24 месеца за лице кое има право на паричен
надоместок до 12 месеца, а за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12
месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од просечната
месечна нето плата на работникот за последните 24 месеца, а за преостанатото време
40% од просечната месечна нето плата.
Времето за кое се исплатува паричниот надоместок зависи од времето за кое
невработеното лице било осигурано во случај на невработеност.
Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува:
1. еден месец, ако има стаж на осигурување
најмалку девет месеца во непрекинато траење или 12 месеца со прекин во последните 18
месеца;
2. два месеца, ако има стаж на осигурување над 18
месеца до две и пол години;
3. три месеца, ако има стаж на осигурување над две
и пол до пет години;
4. четири месеца, ако има стаж на осигурување над
пет до седум и пол години;
5. пет месеца, ако има стаж на осигурување над
седум и пол до десет години;
6. шест месеца, ако има стаж на осигурување над
десет до дванаесет и пол години;
7. седум месеца, ако има стаж на осигурување над
дванаесет и пол до 15 години;
8. осум месеца, ако има стаж на осигурување над
петнаесет до седумнаесет и пол години;
9. девет месеца, ако има стаж на осигурување над
седумнаесет и пол до 20 години;
10. десет месеца, ако има стаж на осигурување над 20
до дваесет и две и пол години;
11. единаесет месеца, ако има стаж на осигурување
над дваесет и две и пол до 25 години и
12. дванаесет месеца, ако има стаж на осигурување
над 25 години.

На невработено лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му


недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување право
на старосна пензија, паричен надоместок му се исплатува до неговото вработување,
односно до настапувањето на некои од основите за престанок на правото на паричен
надоместок.
Паричниот надоместок на невработеното лице му припаѓа од денот на престанокот на
работниот однос, ако невработеното лице поднесе барање до Агенцијата кај која е
уплатуван придонесот за вработување, во рок од 30 дена од денот на престанокот на
работниот однос.
Право на паричен надоместок не може да оствари невработено лице на кое работниот
однос му престанал поради:
 давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос,
освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар
или склучување на брак;
 спогодбено престанување на работниот однос;
 остварува права од работен однос спротивно на закон;
 престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното
лице поради стечај;
 неоправдано изоставување од работа последовно три работни дена или пет работни
дена со прекин во текот на една година;
 престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавач за кршење на
работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен
договор и договор за работа;
 одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон;
 одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавач во согласност со закон;
 одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај
ист или друг работодавач, што му се обезбедува во согласност со закон;
 губење на работната способност согласно со прописите за пензиско и инвалидско
осигурување и
 исполнување услови за остварување право на пензија.
ПРОГЛАСУВАЊЕ РАБОТНИЦИ ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК
При одјавување од работен однос од деловни причини работодавачот
задолжително доставува
- Одлука за бројот, односно процентот (%) на работници на кои ќе им престане
работниот однос од деловни причини и
- Известување за занимањето на лицата на кои ќе им престане работниот однос од
деловни причини.

Документите се доставуваат преку архивата на соодветниот центар за


вработување, најмалку 30 дена, односно 60 дена пред да им престане работниот
однос.
По истекот на законскиот рок, се врши одјавување со приложување на:
- Известувањето и Одлуката (архивски заверени);
- решение/одлука за престанок на работен однос (со потпис за прием од
работникот на кој се однесува);
- Овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува;
- електронскиот образец М1/М2 испечатен од системот

ОДЈАВУВАЊЕ ОД РАБОТЕН ОДНОС ОД ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ И


ПРЕЗЕМАЊЕ ОД ДРУГ РАБОТОДАВАЧ
При одјавувањето на работниот однос од деловни причини и преземање од друг
работодавач, потребни се следните документи:
- Обрасци за отказ од деловни причини и тоа:
      -известување од претходниот работодавач,
      -одлука за престанок на работниот однос од претходниот работодавач  и
      -спогодба за превземање, потпишана и заверена од двајцата работодавачи,
- ППР образец (од новиот работодавач);
- овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува и
- електронскиот образец М1/М2 испечатен од системот.
Сите потребни документи се заверуваат во архивата на центарот за вработување,
по што во истиот ден се врши одјавување од работниот однос кај претходниот
работодавач, односно пријавување на работниот однос кај новиот работодавач.
ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК
Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос
најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18
месеци, пред престанокот на работниот однос.

 - БАРАЊЕ ЗА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК


 - КОЈ НЕ МОЖЕ ДА ОСТВАРИ ПРАВО НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК
 - ВРЕМЕ ЗА КОЕ СЕ ИСПЛАТУВА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК
 - ВИСИНА НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК
 - ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК
 - ЗАПИРАЊЕ НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК
 - МИРУВАЊЕ НА ИСПЛАТАТА НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК

БАРАЊЕ ЗА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК

Барањето се поднесува во Центарот за вработување во местото на живеење на невработеното


лице, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос.
Доколку барањето се поднесе по истекот на рокот, паричниот надоместок се исплатува од
денот на поднесувањето на барањето за преостанатиот период.
Паричен надоместок не се исплатува доколку барањето е поднесено по истекот на времето за
кое следува истиот.

КОЈ НЕ МОЖЕ ДА ОСТВАРИ ПРАВО НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК

Невработеното лице на кое работниот однос му престанал поради:


-    давање писмена изјава за престанок на работниот однос (освен ако таквата изјава е дадена
поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак);
-    спогодбен престанок на работен однос;
-    остварува права од работен однос спротивно на закон;
-    престанок на работен однос по сила на закон (освен во случај на престанок на правното
лице поради стечај);
-    отказ од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина;
-    одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон;
-    одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец;
-    одбивање обука, преквалификација или доквалификација;
-    губење на работната способност, согласно прописите за пензиското и инвалидското
осигурување и
-    исполнување услови за остварување право на пензија.

Невработеното лице нема да може да оствари право на паричен надоместок, а доколку е


корисник на паричен надоместок, ова право ќе му престане доколку:
-    основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице;
-    врши занаетчиска, односно професионална дејност.

ВРЕМЕ ЗА КОЕ СЕ ИСПЛАТУВА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК

Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува 1 месец, ако има стаж


на осигурување најмалку 9 месеци во непрекинато траење или 12 месеца со
прекин во последните 18 месеца;

Ако стажот на осигурување Паричниот надоместок се исплатува за време


изнесува од

над до (изразено во број на месеци)

18 месеци 2,5 години 2 месеци

2,5 години 5 години 3 месеци

5 години 7,5 години 4 месеци

7,5 години 10 години 5 месеци

10 години 12,5 години 6 месеци

12,5 години 15 години 7 месеци

15 години 17,5 години 8 месеци

17,5 години 20 години 9 месеци

20 години 22,5 години 10 месеци

22,5 години 25 години 11 месеци


25 години 12 месеци

Невработеното лице кое има над 15 години стаж на осигурување, а на кое му


недостасуваат најмногу до 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување
право на старосна пензија, паричниот надоместок му се исплатува до неговото
вработување, односно до настанувањето на некои од основите за престанок на
правото на паричен надоместок. Значи, невработеното лице кое има над 60 години
и 6 месеци возраст (жена), односно 62 години и 6 месеци возраст (маж) и над 15
години стаж на осигурување, паричниот надоместок му се исплатува до неговото
вработување, односно до настапувањето на некои од основите за престанок на
правото на паричен надоместок, (за овие невработени лица не се плаќа придонес
за пензиско и инвалидско осигурување).

ВИСИНА НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК

Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа


на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната месечна
нето плата на работникот за последните 24 месеца за лице кое има право на паричен
надоместок до 12 месеца, а за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12
месеца, паричниот надоместок за првите 12 месеца изнесува 50% од просечната месечна нето
плата на работникот за последните 24 месеца, а за преостанатото време 40% од просечната
месечна нето плата.
Паричниот надоместок не може да изнесува повеќе од 80% од просечната месечна нето плата
по работник во Републиката објавена за последниот месец.

ЗАПИРАЊЕ НА ПАРИЧНИОТ НАДОМЕСТОК

Паричниот надоместок запира да се исплатува доколку невработеното лице е:


-    на отслужување доброволен воен рок;
-    во притвот или издржување на казна затвор до шест месеци;
-    на привремен престој надвор од Република Македонијадо до 12 месеци, а
претходно писмено ја известил Агенцијата за вработување;
-    работно ангажиран над 30 дена за вршење на јавни работи и
-    работно ангажиран или врши дејност.

    По престанокот на горенаведените причини, продолжува исплатата на


паричниот надоместок за преостанатото време за кое на невработеното лице му е
признато право на паричен надоместок.
    Доколку, кај невработеното лице корисник на паричен надоместок настане
некоја од горенаведените причини, должно е да ја извести, односно да поднесе
Барање за запирање на исплатата на паричен надоместок до центарот за
вработување каде е евидентирано како невработено лице и остварува право на
паричен надоместок (барањето задолжително се заверува во архивата на
Центарот за вработување).
    Врз основа на барањето Центарот за вработување донесува решение за
запирање на правото на паричен надоместок.
    Доколку Агенцијата односно центарот за вработување утврди настанување на
некоја од горенаведените причини за запирање на исплатата на паричниот
надоместок, по службена должност ќе донесе решение со кое исплатата на
паричниот надоместок на невработеното лице се запира.
    По истекот на времето за кое е запрена исплатата на паричниот надоместок,
невработеното лице лично се евидентира како невработено лице и поднесува
писмено Барање за продолжување на исплатата на паричниот надоместок во
центарот за вработување од каде му се исплатува паричниот надоместок.
    Барањето за продолжување на правото на исплата на паричниот надоместок се
поднесува во рок од 3 дена од денот на истекот на рокот утврден со решението за
запирање на паричен надоместок. Доколку барањето се поднесе по истекот на
рокот од три дена, на невработеното лице не му се продолжува правото на
паричен надоместок, односно му престанува правото на паричен надоместок и
службеното лице донесува решение за престанок на правото на паричен
надоместок.
    При поднесување на барањето за продолжување на паричен надоместок,
барателот е должен да достави: важечка лична лична карта (на увид), контролен
картон за евидентирање и решението со кое му е запрено правото на паричен
надоместок во фотокопие (оригинал на увид).
    Доколку барањето за продолжување на запрениот паричен надоместок се
поднесе во утврдениот рок од 3 дена, правото на паричен надоместок продолжува
да го користи од денот на поднесувањето на барањето за преостанатото време за
кое на невработеното лице му е признато право на паричен надоместок (во висина
на паричниот надоместок кој го остварувал пред да биде донесено решението за
запирање).

МИ НАЈАВИЈА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК-КОИ СЕ МОИТЕ ПРАВА

 Законот за работни односи како еден од начините за престанок на работен однос го


предвидува и отказот од деловни причини или популарно наречен технолошки
вишок. Едно од основните прашања што се поставува при прогласување на
технолошки вишок е начинот на определување на работниците на кои ќе им престане
работниот однос. Ваквите критериуми кои се всушност и мерила за утврдување на
приоритетот при задржување на работното место не се опфатени во одредбите на
Законот за работни односи, но се дефинирани во важечките колективни договори на
ниво на гранка, оддел односно на ниво на работодавач, па дури и со акти на
работодавачот (правилник и слично). Кога работодавачот има намера да спроведе
колективни отпуштања тој е должен да започне постапка на консултации со
претставниците на работниците, најмалку еден месец пред почетокот на
колективното отпуштање и да ги обезбеди сите релевантни информации пред
започнувањето на консултациите заради постигнување договор. За да им овозможат
на претставниците на работницте да подготват конструктивни предлози,
работодавачот навреме треба да ги обезбеди релевантни информации и тоа за: –
Причините за планираните отпуштања – Бројот и категориите на работници кои се
отпуштаат – Вкупниот број и категории на работници кои се вработени – Периодот за
кој планираните отпуштања треба да се случат Инаку, под колективно отпуштање
согласно Законот за работни односи се смета: – престанок на работен однос на
поголем број работници (повеќе од 150 работници или 5% од вкупниот број
работници кај работодавачот пред престанокот на работниот однос) – престанок на
работен однос на најмалку 20 работници за период од 90 дена при секој претсанок на
работен однос без оглед на вкупниот број на работниците кај работодавачот) Во однос
на процедурата, работодавачот исто така е должен по завршувањето на
консултациите, писмено да ја извести службата надлежна за посредување при
вработување (Агенцијата за вработување) заради помош и услуги од посредување при
вработување, како и да достави копија од известувањето доставено до службата
надлежна за посредување при вработување до претставниците на работниците по кое
истите можат да дадат свои предлози до службата. Известувањето работодавачот е
должен да го достави најдоцна до 30 дена пред донесувањето на одлуката за
престанок на работниот однос на работниците. Инаку работодавачот доколку постојат
можности пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини може на
работникот да му понуди вработување кај друг работодавач без огласување, со
преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои
одговараат на неговата стручна подготовка, стручно оспособување (обука,
преквалификација или доквалификација за работа кај истиот или кај друг
работодавач) или пак нов договор за вработување. Исто така во случај на откажување
на договорот за вработување порад деловни причини на работникот му следува
испратнина како еднократен паричен надоместок што му се исплатува со денот на
престанок на работниот однос зависно од должината на стажот, а основицата за
пресметка е всушност просечната нето плата на работникот во последните шест
месеци пред отказот, но истата не може да биде помала од 50% од просечната нето
плата исплатена по работник во Република Македонија во последниот месец пред
отказот. Кога работодавачот и покрај противењето на претставниците на работниците
да се донесе одлука за отказ од деловни причини, работодавачот сепак донесе такава
одлука, против одлуката индивидуално секој работник има право на приговор во рок
од 8 дена од денот на добивањето на одлуката за отказ. Конечната одлука по
приговорот се донесува во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на приговорот, а
во ситуација кога не е донесена одлука по приговорот во овој рок или кога работникот
не е задоволен од одлуката донесена по приговорот има право со тужба да поведе
спор пред надлежниот суд и тоа во рок од 15 дена од врачувањето на одлуката од
страна на работодавачот. Одлуката за отказ во секој случај се носи во писмена форма
со наведување на основот и причината за отказ, правната заштита и правата од
осигурување во случај на невработеност. Друго право покрај правната заштита
објаснета погоре и правото на испратнина , работникот на кој му е врачен отказ
поради деловни причини , има права кои му следуваат согласно Законот за
осигурување во случај на невработеност. Имено на невработеното лице му следува: –
Паричен надоместок – Подготовка за вработување (обука, преквалификација или
доквалификација) – Право на здравствена заштита – Право на пензиско и инвалидско
осигурување во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување на
невработеното лице корисник на паричен надоместок на кое му недостасуваат
најмногу 18 месеци пред исполнување на услови за стекнување на право на старосна
пензија , а кое нема 15 години стаж на осигурување, до оставрување на 15 години стаж
на осигурување – Права на инвалидни лица за вработување под поволни услови Овие
права невработеното лице ги остварува по основ на писмено барање поднесено до
Агенцијата за вработување. Работникот на кој му престанал работниот однос со отказ
од деловни причини може да го остари правото на паричен надомест доколку бил во
работен однос најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во
последните 18 месеци, како и за невработеното лице да се уплатувани придонеси од
задолжително осигурување за времето поминато во работен однос. Овој паричен
надоместок се исплатува зависно од стажот на работникот, а основицата за негова
пресметка е просечната месечната нето плата на работникот за последните 24 месеци
утврдена од пресметаните и исплатените плати кај работодавачот . Паричниот
надомест му припаѓа од денот на престанок на работниот однос, ако невработеното
лице поднесе барање до Агенцијата кај која е уплатуван придонесот за вработување
во рок од 30 дена од денот на престанок на работниот однос. Исто така невработеното
лице кое користи право на праичен надоместок има обврска да се јавува во
Агенцијата за вработување на секое 30 дена и да докаже дека активно барало работа
во последниот месец.

You might also like