You are on page 1of 26

ОУ„АБДИЛ ФРАШЕРИ,,„

Бр 0101-_____/1
___.___.2008 год
БОГОВИЊЕ
Врз основа на член 219 од Законот за работни односи
(Сл. весник 62/05, во натамошниот текст -ЗРО) и член 146 од
Статутот на Основното училиште „АБДИЛ ФРАШЕРИ,,БОГОВИЊЕ
,Општина БОГОВИЊЕ , Основната организација на Синдикатот
при училиштето. и Директорот на ОУ„АБДИЛ
ФРАШЕРИ,,БОГОВИЊЕ Општина БОГОВИЊЕ
ден ___.12.2008 склучија:

КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
1 .ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој колективен договор во согласност со ЗРО, се уредуваат правата и
обврските од работен однос помеѓу работниците и Основното училиште ,,Абдил
Фрашери,, Боговиње-Општина Боговиње,
Овој колективен договор содржи правни одредби со кои се уредува
1.Општи одредби,
2.Договор за вработување,
3.Права и обврски на страните при склучување на договор за
вработување,
4.Обврски на работникот,
5.Обврски на училиштето,
6.Приправници и пробна работа,
7.Откажување на договорот,
8.Плати,додатоци и надоместоци на плата ,
9.Работно време и распределба на работното време,
10.Паузи и одмори,
11,Мирување на работниот однос и образование,
12,Надоместоци на штети,
13.Посебна заштита на работниците ,
14.Синдикат,синдикални активности и синдикална заштита,
15,Упатување работник во странство,
16,Работна книшка,
17.Заштита при работа,
18.Колективно договарање во училиштето,
19.Овластен надзор и
20.Преодни и завршни одредби
Член 2
Со овој Колективен договор не може да се определат помали права од правата
утврдени со закон, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ништовни и се
применуваат соодветни одредби од закон.
Со овој Колективен договор може да се одредат правата, кои за работниците
се поповолни, отколку што ги определува ЗРО.

1
Правата од работен однос утврдени со Уставот, закон и овој Колективен
договор не можат да се одземаат или ограничат со акти и дејствија на
работодавачот.
Член 3
Правните одредби содржани во овој Колективен договор, ги обврзуваат
страните кои го склучиле и важат за сите работници без разлика дали се или не
се членови на синдикатот потписник на овој договор.

Член 4
Страните на овој Колективен договор и лицата на кои се применува се должни
да ги почитуваат одредбите утврдени во него.
Поради повреда на одредбите на овој Колективен договор, оштетената страна
или лице на кое се применува договорот, може да бара надомест за претрпена
штета.

Дефиниции
Член 5
Одделни изрази употребени во овој колективен договор го имаат следново значење:
Работодавач – Основно училиште „Кирил Пејчиновиќ„ с. Теарце .
Работник – секое физичко лице кое е во работен однос врз основа на склучен
договор за вработување со училиштето.
Репрезентативен синдикат- синдикат што во согласност со Законот и други прописи
е впишан во регистарот и има најмалку 33% членови или е член на репрезентативниот
синдикат на повисоко ниво на организирање.

2. ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Член 6
Работниот однос се заснова со склучување писмен Договор за вработување помеѓу
работникот и училиштето.

Член 7
ПРАВАТА ,ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ И ВКЛУЧУВАЊЕТО ВО
ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Правата, обврските и одговорностите врз основа на вршењето на работите од работен


однос и вклучувањето во задолжителното социјално осигурување врз основа на
работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапување на работникот на
работа, договорен во договорот за вработување.
Училиштето е должна да го пријави работникот во задолжителното социјално
осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено и осигурување во случај на
невработеност) и заверената копија од пријавата да му ја врачи на работникот во рок од
три дена од денот на стапување на работа.

Член 8
РАБОТЕН ОДНОС НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Договор за вработување се склучува за време чие траење однапред не е определено


(работен однос на неопределено време)
Договор за вработување може да се склучи и за време чие траење однапред е
определено (работен однос на определено време).

Член 9
Договорот за вработување се склучува во писмена форма помеѓу работникот и
директорот и се чува во архивата на училиштето како и во досјето на работникот .
Примерок од договорот му се врачува на работникот на денот на потпишување на
договорот.

Член 10

2
Работникот кој склучува договор за вработување мора да ги исполнува условите
утврдени со Закон и посебните услови утврдени за работното место за кое склучува
договор за вработување определени со Правилникот за организација и систематизација
на работните места во училиштето.

3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТРАНИТЕ ПРИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА


ВРАБОТУВАЊЕ
Права и обврски на училиштето .
Член 11
Одлука за потребата од засновање на работен однос донесува директор на
училиштето согласно Колективниот договор за основно образование .
ЈАВЕН ОГЛАС
Потребата од работник се обезбедува по пат на објавување на јавен оглас во
најмалку два дневни весника од кои најмалку еден од весниците што се издаваат на
македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазик што го зборуваат
најмалку 20% од граѓаните кој зборуваат службен јазик различен од македонскиот .
РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Рокот за пријавување на кандидатите е пет (5) работни денови
Член 12
По истекот на рокот за поднесување на пријави по огласот, секретарот ги прибира и
разгледува сите пријави по огласот и откако ќе се утврди дали пријавените кандидати ги
исполнуваат условите по огласот ги доставува до директорот на училиштето кој во
рок од 15 дена донесува одлука за избор.
Училиштето смее да бара од кандидатот приложување на докази само за бараните
услови за вршење на работите.

Член 13
При вработувањето училиштето е должна да ги почитува одредбите од ЗРО во однос
на забрана на дискриминација на пријавените кандидати.
Училиштето има право на слободно одлучување при изборот со кој од кандидатите кои
ги исполнуваат условите, ќе склучи договор за вработување почитувајќи ги законските
забрани.

Проверка на знаењето односно на способноста за вршење на работите


Член 14
ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊЕТО

Пред засновање на работен однос може да се врши проверка на знаењето, односно


способноста за вршење на работите на работното место на кандидатите кои се јавиле на
огласот.
Член 15
Проверката на знаењето на кандидатите односно способноста за вршење на работите
на работното место се врши на начин што одговара на карактерот на работите на
работното место и на начин што дава можност да се оцени способноста за вршење на
работите на одделени работни места (по пат на тестирање, изработка на писмена или
практична работа, извршување одделни задачи, разговор и сл).
Проверката на способноста од предходниот став ја врши комисија составена од
работници кои имаат повисок или најмалку ист степен на соодветна стручна подготовка
како и кандидатот чии способности се проверуваат.
Комисијата од претходниот став се состои од три члена и ја именува директорот .

Член 16
Пред склучување на договорот за вработување, секретарот го запознава кандидатот
со работата, условите за работа како и правата на работникот кои се поврзани со
вршењето на работата на работното место за кое што се склучува договорот за
вработување.

Права и обврски на кандидатите


Член 17

3
Кандидатот е должен :

При склучување на договорот за вработување кандидатот е должен да ги достави сите


докази за исполнување на условите за вршење на работата и да ја извести училиштето за
сите нему познати факти значајни за работниот однос, како и за болестите или други
околности кои можат суштествено да го оневозможат или ограничат при извршувањето на
обврските од договорот или да го загрозат животот и здравјето на лицата со кои при
извршувањето на работата доаѓа во контакт.

Училиштето е должно :
Училиштето е должна во рок од 8 дена од денот на склучување на договорот за
вработување со избраниот кандидат, писмено да ги извести кандидатите кои не се
избрани и во рок од три дена да им ги врати сите документи.

Содржина на договорот за вработување


Член 18
Договорот за вработување содржи:
- податоци за договорните страни, нивното живеалиште односно престојувалиште
- датум на стапување на работа
- назив на работното место, односно податоци за видот на работата за која работникот
склучува договор за вработување со краток опис на работата што ќе ја врши според
договорот за вработување
- место на вршење на работата
- време на траење на работниот однос (кога е склучен на определено време)
- одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно работно време или
пократко работно време
- одредба за неделна распределба на работно време и распоредување на работно
време
- одредба за висината на основната плата која му припаѓа согласно Законот и овој
Колективен договор
- одредба за надоместоци и додатоци на плата кои му припаѓаат согласно закон и овој
Колективен договор.
- одредба за годишен одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор
- наведување на општите акти на училиштето во кои се определени условите за работа
на работното место за кое се однесува договорот
- одредба за други права и обврски од работен однос.

Склучување изменет договор за вработување


Член 19

Изменет договор за вработување:

За време на траењето на работниот однос, доколку има потреба од ново работно место
училиштето може на работникот да му понуди нов изменет договор за вработување
за извршување работни задачи на тоа работно место ако тоа одговара на неговиот степен
на образование, знаење, работно искуство и способности кои се предвидени за новото
работно место во следниве случаи:
1. како последица од воведување на нова организација и систематизација, односно
измени на постојната организација и систематизација на училиштето;
2. како последица на намалување на обемот на работните задачи на
работното место;
3. забрана за вршење определени работи, односно работни задачи поради болест,
мерки на надлежни органи и слично, но согласно потребите на училиштето;
4. кога ја нема потребната стручна квалификација што е пречка за извршување на
работните обврски согласно настанатите нови потреби на работното место на кое
моментално работи, во согласност со потребите за пополнување работни места во
училиштето.
Изменет договор за вработување може да се склучи по барање на работникот, а во
согласност со потребите на училиштето.

4
Член 20
За склучување изменет договор за вработување одлучува директор во
согласност со работникот.
Доколку не се постигне согласност во случаите од член 19 став 1, се спроведува
постапка согласно закон.

4. ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ
Член 21
Работникот е должен :
- совесно, ефикасно и квалитетно да ја извршува работата на работното место за кое
склучил договор за вработување, како и да извршува други работи определни со
Правилникот за организација и систематизација на работните места на училиштето и
Договорот за вработување, како и други работи кои не се предвидени со Договорот за
вработување ако се во рамките на степенот на неговата стручна подготовка и стручна
оспособеност за извршување на работните задачи.
- да ги почитува усмените и писмените барања и упатства на директорот во врска со
исполнувањето на работните обврски од работниот однос.
- да ги почитува и спроведува одлуките на органите на училиштето (училишниот одбор
и директорот ).
- да ги почитува и спроведува прописите за заштита при работа, да го заштити својот
живот и здравје, како и животот и здравјето на другите лица;
- да се воздржува од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши
се штетни или би ги повредиле интересите на училиштето.
- да ги штити и да се застапува за интересите и угледот на училиштето и нејзините
вработени

Работникот не смее :

- без согласност на училиштето за своја или туѓа сметка да врши или склучува договори
за работи кои спаѓаат во дејноста на училиштето .
да ги користи средствата и имотот на училиштето за своја или туѓа сметка.

5.ОБВРСКИ НА УЧИЛИШТЕТО
Член 22
Училиштето е должна на работникот :
- да му обезбеди работа за која што страните се договориле во Договорот за
вработување како и средства и материјал за да може непречено да ги исполнува своите
обврски и да му обезбеди пристап до работните простории во кои ги извршува своите
работни задачи.
- да му обезбеди соодветно и навремено плаќање за извршената работа како и други
надоместоци и додатоци во согласност со одредбите од ЗРО и овој Колективен договор.
- да ги штити и почитува личноста, достоинството и приватноста на работникот;
- да му овозможи мирување на работниот однос во случаевите утврдени со одредбите
од ЗРО и овој Колективен договор.
- да обезбеди информирање на вработените за одлуките на органите на училиштето (
Училишниот одбор, директорот,
- во случај на пензионирање или смрт на работникот училиштето грижата ја искажува
согласно своите потреби и можности.

Договор за вработување на определено време


Член 23

Договор за вработување на определено време може да се склучи за работи


кои по својата природа траат определено време со или без прекин до четири (4 )
години.

5
Работниот однос заснован на определено време се трансформира на
неопределено време доколку работникот продолжи да работи и по истекот на
периодот од четири години.

Договор за вработување со скратено работно време


Член 24
Училиштето може да склучи договор за вработување со работно време пократко од
полното работно време за извршување на секојдневни работи од помал обем или за
работи кога потребата или природата на работата тоа го бара.

Работникот има право на годишен одмор со минимално времетрање од десет работни


дена.
Ако во договорот за вработување поинаку не е определено, училиштето на работникот
кој работи со скратено работно време, не смее да му наложи да работи подолго од
договореното работно време.

6. ПРИПРАВНИЦИ, И ПРОБНА РАБОТА

Приправници:

Член 25
Училиштето може да склучи Договор за вработување како приправник со лице кое за
прв пат започнува да врши работа соодветна на видот на степенот на своето стручно
образование, заради оспособување за самостојно вршење на работата во работниот
однос, во согласност со закон.

Пробна работа :
Член 26
При склучување на Договорот за вработување, страните можат да се договорат за
пробна работа, која неможе да трае повеќе од шест месеци.
За време на траењето на пробната работа работникот може да го откаже Договорот за
вработување со отказен рок од три работни дена.
По истекот на пробната работа, училиштето може да го откаже договорот за
вработување врз основа на оценка од педагогот за неуспешно завршена пробна работа.

Престанок на важење на договорот за вработување


Член 27
Договор за вработување престанува да важи под условите утврдени во ЗРО во
следниве случаи:
1. со изминување на времето за кое бил склучен;
2. со смрт на работникот ;
3. со спогодбено раскинување;
4. со отказ;
5. со правосилна судска одлука;
6. во други случаи утврдени со закон и овој колективен договор.
При престанување на договорот за вработување, училиштето е должна
најдоцна во рок од три дена да му ги врати на работникот сите негови
документи и да му издаде потврда за видот на работата што ја вршел.
Во потврдата не смее да се наведе ништо што би му го отежнало на
работникот склучувањето нов договор за вработување.

7. ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


Член 28

Отказен рок :

Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен рок.


Во случаите определни со закон и овој Колективен договор, договорените страни
можат да го откажат договорот за вработување без отказен рок.

6
Секоја од страните може да го откаже договорот за вработување само во целост.

Член 29
Отказот на договорот за вработување се изрекува во писмена форма.
Училиштето е должна писмено да го образложи откажувањето на договорот,
како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со
неговите права од осигурување во случај на невработеност.

Член 30
Отказот на договорот за вработување мора да биде врачен лично на договорната
страна на која и се откажува договорот.
Во поглед на начинот на врачување на отказот се применуваат следниве одредби:
- отказот на договорот за вработување училиштето е должна да му го врачи лично на
работникот, по правило во просториите на училиштето, односно на адресата според
евиденцијата на училиштето;
- ако работникот не може да се пронајде во рок од 8 работни дена , на адресата на
престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа (освен во случаите на оправдано
одсуство од работа) или нема трајно или времено престојувалиште во РМ или одбие
врачување, откажувањето на договорот за вработување се објавува на заштитена
огласната табла во седиштето на училиштето.
По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на заштитена огласна табла
се смета дека врачувањето е извршено.

Откажување на договорот за вработување од страна на работникот


Член 31
Работникот може да го откаже договорот за вработување со писмена изјава со
отказен рок утврден со овој Колективен договор.

Откажување на договорот за вработување од страна на училиштето


Член 32
Училиштето може на работникот да му го откаже договорот за вработување:
1. од лични причини
ако работникот поради своето однесување, недостаток на знаење или можности или
поради неисполнување на општите услови определени со закон или посебните услови
утврдени со Правилникот за организација и систематизација на работните места на
училиштето, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот
однос.
2. од причини на вина
ако работникот ги крши договорните обврски или други обврски од работниот однос и
3. од деловни причини
ако престане потреба од вршење на одредена работа под условите наведени во
договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурални
или слични причини на страна на работодавачот.

Член 33
Училиштето може на работникот да му го откаже договорот за вработување и ако на
работникот со правосилна судска пресуда му е забрането да врши определени работи од
работниот однос или ако му е изречена воспитна,
заштитна или безбедносна мерка од надлежен орган поради која не може да врши работи
подолго од шест месеци или поради издржување затворска казна биде отсутен од работа
подолго од шест месеци.

Откажување на договор од лични причини


Член 34
Училиштето може да му го откаже договорот за вработување од лични причини на
страна на работникот ако работникот поради своето однесување, недостаток на знаење и
можности или неисполнување на општите и посебните услови определени со закон и
актите на училиштето не е способен да ги извршува договорените обврски од работниот
однос утврдени со закон и овој Колективен договор

7
ПОСЕБНИ УСЛОВИ
Како посебни услови утврдени со актите на училиштето се сметаат посебните услови
за секое одделно работно место определени со Правилникот за организација и
систематизација на работните места училиштето може да му го откаже договорот за
вработување од лични причини на страна на работникот, ако на работникот му се
обезбедени потребните услови за работа и му се дадени соодветни упатстава и насоки и
писмено предупредување од страна на директорот во врска со работата дека
училиштето не е задоволна од начинот на извршување на работните обврски и ако по
даденото предупредување во рок од 30 дена работникот не го подобри своето
работење.

Откажување на договорот за вработување од причини на вина


Член 35
ПРИЧИНА НА ВИНА

Училиштето може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради


кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со
закон, колективен договор, акт на училиштето и договорот за вработување со отказен
рок во следните случаи:

1. не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна


на училиштето;
2. не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните
обврски, доколку училиштето благовремено ги има обезбедено потребните услови
3. не се придржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното
место;
4. не се придржува на работното време, распоредот и користењето на работното
време, освен ако поинаку не е определено со акти на училиштето
5. не побара отсуство или навремено писмено или усмено не го извести директорот за
отсуство од работа;
6. поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48
часа писмено или усмено не го извести директорот (доколку објективно е во можност да
го стори тоа)
7. со средствата за работа не постапува совесно или во согласност со техничките
упатства за работа;
8. настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа писмено или усмено
веднаш не го извести директорот;
9. не ги почитува прописите за заштита при работа или не ги одржува средствата и
опремата за заштита при работа:
10. предизвика неред и насилнички се однесува за време на работа
11. го злоупотреби или пречекори даденото овластување;
12. незаконски или неовластено ги користи средствата на училиштето
13. не поднесе пријава за кршење на работниот ред и дисциплина;
14. спречува или оневозможува вршење внатрешна контрола;
15. одбие обвразование, стручно оспособување, дошколување, преквалификација или
доквалификација, односно одбие да го следи развојот на технологијата и работата во
областа во која работи и да се обучува за работа на нови технологии потребни за
работното место или неуспешно ја заврши обуката или формите на дообразување на кои
е упатен;
16. од крајно невнимание значително (повеќе од 10.000 ден.) го оштети имотот на
училиштето;
Училиштето е должна правилата за работниот ред и дисциплина да
ги истакне на видно место во сите работни простории и да ги достави до
репрезентативниот синдикат.

Член 36
Училиштето може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради
кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со

8
закон, акт на училиштето и договорот за вработување без отказен рок во следни
случаи:
1. неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни
дена во текот на една година;
2. го злоупотребил боледувањето;
3. не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар,
експлозија, штетно дејствие на отровни и други опасни материи и ги повредува прописите
за заштита на животната средина;
4. внесува, поседува, употребува или е под дејство на алкохол или наркотични
средства;
5. стори кражба или намерно предизвика штета на училиштето поголема од 20.000
ден.
6. оддаде деловна, службена или државна тајна согласно посебните акти на
училиштето и законот.
7. за сопствена корист или корист на друго правно или физичко лице ги користи
средствата на училиштето, остварениот производ или пренесува службени информации
од работењето;
8. овластен работник ги злоупотреби овластувањата за незаконско или неовластено
користење на средствата и имотот на училиштето,
9. работник не ги спроведува одлуките на Училишниот одбор или кои се однесуваат
на работите на неговото работно место.
10. доколку со правосилна судска одлука се утврди дека дава или зема мито или други
погодности во врска со работата;
11. прикрие или изнесе средства и материјали за работа без претходно одобрение и
задолжување (реверс)

Член 37
Пред откажувањето на договорот за вработување од причина на вина на работникот,
директорот е должен писмено да го предупреди работникот за неисполнување на
обврските и можноста за отказ во случај на натамошни кршења на истите.

Неосновани причини за отказ


Член 38
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување од училиштето се :
1. членство на работникот во синдикат или во учество во синдикални активности во
согласност со закон и овој колективен договор;
2. поднесување на тужба или учество во постапка против уќилиштето заради
потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред
арбитражни судски и управни органи;
3. одобрено одсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство и
нега на член на семејството;
4. користење на одобрено одсуство од работа и годишен одмор;
5. отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба;
6. случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со закон и овој
колективен договор;

Отстранување од работа
Член 39
До донесување на одлуката за отказ по оценка на директорот или од него овластено
лице, со писмен налог работникот се отстранува од училиштето, со надоместок во висина
на основната плата на работникот, ако:
- работникот со своето присуство во училиштето го загрозува животот и здравјето на
работниците или други лица, или се оштетуваат средства од поголема вредност;
- присуството на работникот во училиштето оневозможува утврдување на
одговорноста за повреда на работните обврски;
- присуството на работникот штетно ќе се одразува врз работењето во училиштето;
- кога против работникот е покрената кривична постапка од надлежен орган за
кривично дело сторено на работа и во врска со работата.

9
Парична казна
Член 40
Во зависност од степенот на одговорност на работникот, условите под кои е направена
повредата на работните обврски и на работниот ред и дисциплина, поранешната работа и
однесување на работникот, тежината на повредата и нејзините последици, на работникот
наместо откажување на договорот за вработување може да му се изрече парична казна
која не може да биде поголема од 15%од последната исплатена месечна плата на
работникот во траење од 1-6 месеци.

Член 41
Училиштето е должна при откажување на договорот за вработување да го наведе
основот за откажување на договорот и да ја докаже основаноста на причината за отказ.
Основаноста се утврдува во постапка што ја спроведува правната служба.
Пред донесување на одлука за откажување на договорот за вработување поради
кршење на работниот ред и дисциплина (причина на вина), Училиштето е должна да му
овозможи на работникот писмено да се изјасни за наводите за кои се товари.

Член 42
Одлука за отказ на договорот за вработување донесува директорот.
Одлуката за отказ се врачува во писмена форма со образложение на основот и
причината за откажување на договорот за вработување и со правна поука.

Член 43
Приговорот на одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок
и писмениот налог за отстранување од училиштето не го одложува извршувањето на
одлуката за отказ, односно писмениот налог.

Отказни рокови
Член 44
Ако работодавачот го откажува договорот на поединечен работник или на помал број
работници отказниот рок е еден месец. Отказниот рок
започнува да тече наредниот ден од денот на врачувањето на одлуката за отказ.
Ако работникот го откажува договорот за вработување, отказниот рок е еден месец.

Член 45
Договорните страни можат да се договорат за паричен надоместок наместо отказниот
рок утврден во претходниот член, кој му се исплаќа на работникот на денот на отказот.

Член 46
За време на отказниот рок училиштето е должна на работникот да му овозможи
отсуство од работа од четири часа неделно заради барање на ново вработување
согласно потребите на работникот .
Работникот за време на отказниот рок има право на плата во висина на неговата
просечна плата исплатена во последните три месеци, надоместоци и додатоци на плата.

Приговор против одлуката за отказ на договорот за вработување


Член 47
Против одлуката за отказ на договорот за вработување со отказен рок работникот има
право на приговор до Училишниот одбор во рок од 8 дена од денот на приемот на
одлуката за отказ.
Приговорот го одложува извршувањето на одлуката за отказ до донесување на
одлуката по приговорот донесена на првата наредна седница на Училишниот одбор.
По барање на работникот синдикатот може да го застапува во постапка по приговор.

Застареност

10
Член 48
Училиштето може да му даде отказ на договорот за вработување на работникот од
лични причини во рок од три месеци од денот на дознавање на фактите, односно 6 месеци
од денот на настапување на фактите кои се основа за отказ.
Поради стореното кривично дело на работа или во врска со работата, отказ на
договорот за вработување може да му се даде на работникот до истекот на рокот за
застареност утврден со закон за стореното кривично дело.

Отказ од деловни причини


Член 49
За намерата, а најдоцна 30 дена пред донесување на одлуката за престанок на
работен однос на поголем број на работници од деловни причини, училиштето е должна
да го извести репрезентативниот синдикат во училиштето за:
- причините за престанување на потреба од работа на вишокот работници;
- предвидениот број и категорија на вишокот на работници;
- предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работа на работниците;
- да се советува со репрезентативниот синдикат за можните начини за спречување и
ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на
штетните последици.
Во случај на отказ на договорот за вработување од деловни причини, Училиштето
не може на истите работни места со иста стручна подготовка и занимање и способности
да вработи друг работник во рок од една година од престанокот на работниот однос, а
доколку пред истекот на рокот настане потреба од вработување на истите работни места,
предност за склучување договор за вработување има работникот на кој претходно му
престанал работниот однос.

Права и обврски во случај на отказ од деловвни причини


Член 50
Пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, училиштето може
на работникот да му понуди :
1. вработување кај друг работодавач без огласување, со превземање и склучување
договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата
стручна подготовка, односно квалификација.
2. стручно оспособување (обука, преквалификација или доквалификација за работа
во училиштето или кај друг работодавач
3. нов договор за вработување.

Член 51

ПОНУДА ЗА НОВ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Доколку училиштето при откажување на договорот за вработување му понуди на


работникот нов променет договор за вработување, работникот мора да се изјасни за
новиот променет договор во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата.
Доколку работникот ја прифати понудата за променет договор нема право на
отпремнина поради престанување на претходниот договор за вработување, но го
задржува правото да ја оспорува пред надлежен суд основаноста на причините за
промена на договорот за вработување.
Член 52
Доколку во се утврди потреба за намалување на бројот на работниците, изборот за
поединечно определување на работниците на кои ќе им се откаже Договорот за
вработување по основ за отказ од деловни причини се врши врз основа на следниве
критериуми:
1. степен на образование и оспособеност за извршување на работните задачи на
соодветното работно место;
2. успешност изразена низ резултатите во работата
3. други посебни услови предвидени со Правилникот за организација и систематизација
на работните неста во училиштето.

11
1.Степен на образование и оспособеност за извршување на работните задачи на
соодветното работно место
- баран степен на образование..........................................................................10 бода
- оспособеност за самостојно вршење на сложени работни задачи.....5 бода
- оспособеност за вршење помалку сложени работни задачи ...............0 бода
2. Успешност изразена низ резултатите во работата
- надпросечна ...................................................... 20 бодови
- стандардна ...................................................... 0 бодови
- подпросечна ...................................................... 20 бодови
Успешноста во работата се утврдува врз основа на резултатите од работата за период од
претходните 5 години, согласно член 66 од овој Колективен договор, мислење од
непосредниот раководител, Колегиумот на организациониот дел во кој припаѓа
работникот, државни и меѓународни награди и признанија врзани за професијата.
3. Други посебни услови предвидени со актот за организација и систематизација

- ги исполнува надпросечни...........................................................10 бода


- ги исполнува просечно.................................................................…5 бода
- ги исполнува потпросечно..............................................................0 бода
- не ги исполнува..................................................................................10 бода
Исполнувањето на посебните услови го цени Комисија составена од 3 члена од кои 2
члена именува директорот, а еден член репрезентативниот синдикат на училиштето .

Член 53
Ако според наведените критериуми од член 52 одреден број работници имаат ист број
на бодови предност за задржување на работното место има:
1.работник кој е со полоша социјално - материјална положба врз основа на релевантни
докази за состојбата (приход од плата, приходи од хонорари, договори на дело и
дополнителна работа, приходи од наемнини) или
2.работник кој претрпел повреда на работа поради што му е намалена работната
способност или
3.еден од членовите на потесното семејство доколку повеќе членови од потесното
семејство се прогласени за технолошки вишок или
4.работник самохран родител со потешко хендикипирано дете или
5.работничка за време на бременост или
6.работник самохран родител односно посвоител на дете до 7 години или
7.работник со подолг работен стаж во училиштето.
Приоритетот за останување на работа го утврдува Комисија составена од 3 члена од
кои 2 члена именува директорот, а еден член репрезентативниот синдикат на училиштето.

Испратнини
Член 54
Во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини,
работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина врз основа на
работниот стаж во училиштето , и тоа:
1) до 5 години поминати во работен однос - во висина од една плата;
2) од 5 до 10 години поминати во работен однос - во висина од две плати;
3) од 10 до 15 години поминати во работен однос - во висина од три плати;
4) од 15 до 20 години поминати во работен однос -во висина од четири плати;
5) од 20 до 25 години поминати во работен однос -во висина од пет плати и
6) над 25 години поминати во работен однос - во висина од шест плати.
Основица за пресметка на испратнината е просечната плата на работникот во
последните шест месеци пред отказот, но истата да не биде помала од платата врз основа
на која се исплаќаат придонесите за социјално и здравствено осигурување.
Испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос.
Барањето, односно давањето на согласност за откажување од правото на испратнина
од страна на работодавачот, односно работникот се ништовни.

Отказ од страна на работникот под посебни услови

12
Член 55
Работникот може по истекот на три дена откако претходно писмено ја предупредил
училиштето на исполнувањето на работните обврски, да го откаже договорот за
вработување, ако:
- училиштето повеќе од три месеци не му обезбедува работа и така не му ја исплаќа
платата;
- не му е овозможено вршење на работни задачи поради одлука од надлежна инспекција
за забрана на вршењето на работниот процес или забрана на примена на средствата
за работа подолга од 30 дена и училиштето не му ја исплаќа платата;
- училиштето најмалку 3 месеца неоправдано исплаќа намалена плата;
- училиштето три пати последователно или во рок од шест месеци не го почитува
крајниот рок за исплата на платата;
- училиштето не ја обезбедила пропишаната заштита при работа, по претходно барање
од страна на работникот за отстранување на непосредната опасност по здравјето и
животот;
- раководител во училиштето насилнички се однесува или не спречува насилничко
однесување од други работници кон работникот;
- училиштето не му обезбедува еднаков третман со оглед на полот или училиштето
ништо не превзема за заштита од полово вознемирување;
Работникот во случај на отказ заради однесувањето на училиштето опишано во
претходниов став има право на испратнина како и на обештетување најмалку во висина
на изгубената заработувачка во времето на отказниот рок.

Престанок на важноста на договорот врз основа на судска одлука


Член 56
Ако со правосилна судска одлука се утврди дека незаконски му престанал работниот
однос, работникот има право на заштита и надоместоци согласно член 102 од Законот за
работни односи.

Други причини за престанок на договорот за вработување


Член 57
Договорот за вработување престанува да важи ако под условите и на начин
пропишани со закон е утврдено дека кај работникот дошло до целосно губење на работна
способност, со денот на доставувањето на правосилното решение за утврдување на
изгубената работна способност.

Член 58
Работникот има право да го прекине договорот за вработување кога ќе ги исполни
условите за пензија кога ќе наполни 40 години (Маж).односно 35 години пензиски
стаж (жена)без оглед на години на живот во согласност со закон.

8. ПЛАТИ, ДОДАТОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА


Плаќање на работата
Член 59
Работникот има право на заработувачка-плата согласно со закон, овој колективен
договор како и договорот за вработување со училиштето
Плаќањето на работата е задолжително во парична форма.

Член 60
Работникот има право на :
- основна плата
- дел од плата за работна успешност
- додатоци на плата по основ на закон и овој Колективен договор
Висината на платата на работникот се утврдува според овој Колективен договор.

13
Најнниска плата
Член 61
Најниската плата на работниците во училиштето кои работат со полно работно време и
нормален учинок во текот на еден месец, се утврдува на висина од од 4,180,.00 денари.

Основна плата
Член 62
Работникот има право на основна плата земајки ги предвид барањата на работното
место за кое работникот склучил договор за вработување со училиштето.
Основната плата за одделни степени на сложеност за полно работно време и нормален
учинок се утврдува така што износот на најниската плата утврдена во овој колективен
договор се множи со соодветниот коефициент за одделени степени на сложеност.

Член 63
Коефициентот на сложеност се утврдува во зависност од сложеноста на работните
задачи и условите под кои се извршуваат.
Работните места во зависност од степенот на сложеност на работните задачи се
групираат според следниве степени на сложеност

Р.Бр Работно место Коефициент


1 Хигиеничар 1,3316
2 Домаќин-хаузмајстор-ложач 2,1
3 Благајник 2,3
4 Наставник несоодветно ССС 1,8948
5 Наставник почетник ВСС 3,00
6 Воспитувач ВСС 3,00
7 Стручен соработник-почетниик 3,00
8 Секретар ВШ 2,7
9 Наставник ВШ 3,00
10 Наставник ВСС 3,30
11 Воспитувач ВСС 3,30
12 Стручен соработник 3,40

1,Наставник кој работи со комбинирана паралелка најниската плата се ѕголемува за


0,10% 2, Коефициент за одделенски раководотел е О,20%

13 Директор 1. 17 -36 паралелки :коефициент ............3,300


2. Одговорност :Коефициент .... …..1,156

Дел од платата за работна успешност


Член 64
Резултатите од работењето на работникот, односно извршените работни задачи се
утврдуваат секој месец врз основа на утврдените критериуми кои поодделно влијаат на
зголемувањето, односно намалувањето на основната плата на работникот.
Според овој колективен договор се утврдуваат следниве критериуми и учествуваат со
следниве проценти:
- Обем на извршена работа...........................................................................до + - 10%
- Квалитет на извршена работа...................................................................до + - 30%
- Домаќински однос во вршењето на работните задачи...................до + - 10%
Додатоци на плата
Член 65
Основната плата на работникот се зголемува по час и тоа за:
- прекувремена работа................................................................................... 35%
- работа на празници определени со закон.......................................... 50%
Додатоците меѓусебно не се исклучуваат.

14
Член 66
На работникот му се исплатува по 0,5% додаток на основната плата за работен стаж, но
не повеќе од 20%.

Член 67
При утврдување на платите, училиштето е должна да води сметка масата на средства
за исплата на плати по сите основи (основна плата и додатоци), да не ја надмине
вкупната маса на средства за исплата на плати согласно Законот за исплата на платите во
училиштето.

Ден на исплата на платите


Член 68
Платата се исплатува за периоди кои не смеат да бидат подолги од еден месец.
Платата се исплаќа еднаш месечно најдоцна 15 дена по истекот на месецот.
Училиштето е должна писмено да ги извести работниците за денот на исплатата.
Работодавачот е должен да му издаде на работникот при секое исплаќање
на платата како и до 31 јануари на новата календарска година писмена
пресметка на платата придонесите на плата и надоместоците на платата за
платниот период односно за изминатата година од која исто така се гледаат и
пресметката и плаќањето на даноците и придонесите.
Трошоците во врска со исплатата на платата се на товар на училиштето.

Задржување и порамнување на исплаќањето на платата


Член 69
Училиштето може да го задржи исплаќањето на платата само во законски
определените случаи.
Сите одредби на договорот за вработување, кои определуваат други начини на
задржување на исплатата, се ништовни.
Училиштет не смее своите побарувања кон работникот без негова писмена согласност
да ги порамни со својата обврска за исплата на платата.
Работникот не смее да даде согласност од ставот (2) на овој член пред настанувањето
на побарувањето на работодавачот.

Член 70

Надоместоци на плата
Член 71
Работникот има право на надоместок на плата за целото време на отсуството во
случаите и во траење определени со закон, како и во случаи кога не работи од причини
на страна на училиштето.
На работникот му се исплатува надомест на плата во висина од неговата просечна
плата исплатена во последните 12 месеци во следниве случаи:
- поради користење на годишен одмор и платен вонреден одмор;
- дообразување согласно потребите на училиштето;
- со закон определени празници и од работа слободни денови;
- кога не работи од причини на страна на училиштето.
За време на боледување на работникот до 21 ден училиштето му исплатува надомест
на платата, а над 21 исплатата е на товар на здравственото осигурување.
Во случај на отворање на ново боледување во рок од три дена од
престанокот на претходното боледување, училиштето има право да побара од
првостепената лекарска комисија да го потврди неговото боледување или да го
продолжи прекратеното старо боледување.
Ако работникот не може да ја врши работата поради виша сила, има право на
половина од платата на која би имал право кога би работел.
Во случај на прекин на работниот процес од деловни причини, училиштето ќе му
исплати надомест во висина од 70% од платата за период до три месеци во тековната
година.

15
Надоместоци на трошоци поврзани со работата
Член 72
Работникот има право на надомест на трошоци сврзани со работата во висина
утврдена со овој Колективен договор.
Основицата за пресметување на надоместоците на работниците представува просечна
месечна плата на Републиката исплатена во претходните три месеци.

- Надомсест за исхрана
Работникот има право на надомест за исхрана во текот на работата во висина од
2.300 ден .согласно Законот за извршување на буџетот .
За време на боледување, службено патување, платено или неплатено отсуство,
работникот нема право на надомест за исхрана.
Право на надомест за исхрана има и работникот кој работи со скратено работно
време, но не пократко од 4 часа во текот на работниот ден сразмерно на времето
поминато на работа.
- Надместок на трошоци за превоз
Работникот има право на надомест на трошоци за превоз до работа и од работа.
Надоместокот е во висина на месечен билет за локален јавен сообраќај.
На работникот кој користи локален јавен сообраќај на име надоместок за превоз, му
се обезбедува слободна карта.
Надоместок во случај на смрт
Во случај на смрт на вработениот, на неговото семејство му припаѓа парична помош
во износ од две последни исплатени просечни месечни плати во училиштето .но не
повеќе од 30.000 денари .
- Јубилејна награда
За јубилеи на јубилејни награди, се доделуваат пригодни награди и признанија во
зависност од можностите на училиштето и во согласност со посебен акт што ќе треба да го
донесе училишниот одбор .
- Дневници за службени патувања во земјата
Надоместокот за дневница за службено патување во републиката без трошоци за
ноќевање изнесува 800,00 денари.
Доколку патувањето траело повеќе од 12 часа се исплатува цела дневница.
За патување во траење од 8 до 12 ќаса се исплатува 50% од утврдениот износ од
8оо,оо ден .
Доколку на вработениот му се обезбедени ноќевањаи исхрана му следува 20% од
утврдениот износ од 800,00 ден.
- Дневници за службено патување во странство
Дневниците за службени патувања во странство се утврдуваат под условите и висина
утврдени со закон.
- Надомест за користење на сопствено возило
Кога работникот за службено патување користи сопствен автомобил, му се исплатува
надомест на трошоци за користење на сопствен автомобил во висина од 20% од цената на
литар гориво што го користи возилото за секој изминат километар. Во вака
пресметаниот надомест влегува и трошокот за гориво.

- Отпремнина при пензионирање


Кога работникот оди во пензија му следува отпремнина во висина од 1 (една) до 3
(три) просечни месечни плати во РМ во последните три месеци, во зависност од
финансиската состојба на училиштето, што се одредува со одлука на Училишмиот одбор.

9.РАБОТНО ВРЕМЕ И РАСПРЕДЕЛБА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ


Работно време
Член 74
1.Работното време на работникот изнесува 40 часа во неделата (полно работно време).
2.Полното работното време на работниците се уредува со Календар за организација и
работа на основните училишта секоја учебна година. Календарот е составен дел на овој
Колективен договор.
.

16
Прераспределба на работното време
Член 75
Поради природата на дејноста на училиштето, со одлука на директорот се врши
прерсапределба на работното време на следниов начин:
- неделното работно време се распоредува во 5 работни денови со дневно работно
време од 8 часа;

Во работно време спаѓаат: времето за подготовка, изработка, односно извршување на


работните задачи, како и паузата за време на работа извршени на работното место

Член 76
Училиштето е должна да води електронска евиденција на работното време согласно со
ЗРО.
Прекувремена работа
Член 77
Во случај на итни и неодложни работи чие вршење не трпи одлагање, работа подолга
од полното работно време може да се воведе и со усмен налог од директорот. Одлуката во
рок од 3 дена треба да се потврди со писмена одлука од страна на директорот.
Член 78
Училиштето е должна да води посебна евиденција за прекувремената работа и
часовите за прекувремената работа посебно да ги наведе во месечната пресметка на
платата на работникот.

10. ПАУЗИ И ОДМОРИ

Пауза за време на работното време


Член 79
За време на дневното работно време работникот кој работи со полно работно време
има право на пауза во траење од 30 минути.
Паузата може да се одреди најрано по еден час работа, а најдоцна три часа пред
завршување на работното време.

Одмор помеѓу два работни дена


Член 80
Работникот има право на одмор меѓу два последователни работни дена во
непрекинато траење од најмалку 12 часа.

Неделен одмор
Член 81
Работникот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато.
Ден на неделен одмор по правило е недела.
Доколку работникот е должен да работи на денот на неделниот одмор, согласно
планот за работа директорот е должен да му овозможи користење на неделен одмор во
друг ден во текот на работната недела.
При распоредот и прераспределбата на работното време на секој работник треба да му
се овозможи слободен еден викенд во текот на месецот, доколку процесот на работа тоа
го овозможува.

Годишен одмор
Член 82
Работникот има право на годишен одмор во текот на една календарска година во
траење од 20 до 26 работни дена според условите утврдени во овој Колективен договор.
Работникот се стекнува со право на цел годишен одмор кога ќе оствари непрекината
работа од најмалку шест месеци, а доколку во календарската година не се стекнал со
право на целосен годишен одмор има право на 1/12 од годишниот одмор за секој месец
работа.

17
Правото од став два на овој член го стекнува и работник на кој му престанал
работниот однос пред изминување на рокот и на кој му престанал работниот однос пред
први јули.

Член 83
Должината на годишниот одмор се утврдува во зависност од:

А) времето поминато во работен однос


Б)Условите за работа
A)Времето поминато во работен однос
до 10 години...........................................................2 дена
до 20 години...........................................................3 дена
до 30 годин.............................................................4 дена
над 30 години.........................................................5 дена

Б) Услови за работа
за тешки услови за работа, тешка работа,
психичка и физичка напрегнатост до ...............3 дена

Годишниот одмор се утврдува така што на законски утврдениот минимум денови (20)
се додаваат деновите утврдени по други основи, но не повеќе од 26 денови.

Член 84
Распоредот на користењето на годишниот одмор го предлага секретаротр, а го
утврдува директорот
Врз основа на распоредот за користење на работниот одмор, на работникот му се
издава решение, кое го донесува директорот,
Член 85
Годишниот одмор по правило се користи во целост во тековната календарска година,
во два дела од кој најмалку 12 дена во тековната година, а остатокот до 30 јуни
наредната година, при што работникот може да започне со користење на годишниот
одмор за тековната година по истекот на најмалку 3 месеци од користењето
(доискористувањето)
на одморот за претходната година,
Член 86
Еден ден од годишниот одмор работникот има право да го користи по желба ако тоа не
го загрозува работниот процес, со обврска за тоа да го извести писмено секретарот
најмалку три дена однапред .

Платен одмор
Член 87
Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7
работни дена вкупно во текот на годината во следниве случаи:
- за склучување на брак.......................................................................5. дена
- за склучување на брак на деца......................................................2. дена
- за раѓање или посвојување на дете (само за таткото...........3 дена
- за смрт на член на потесно семејство..........................................5 дена
- за смрт на член на пошироко семејство (родител, брат, сестра на работникот или на
брачниот другар)..........................................................1 ден
Како член на потесно семејство се сметаат: брачен другар на работникот и децата на
работникот, а како пошироко семејстсво се сметаат родителите на работникот и на
брачниот другар и браќата и сестрите на работникот.
Платениот одмор се користи во деновите на траењето на основот за одобрување
платен одмор, со одлука на директорот.

Неплатено отсуство.
Член 88
1.На работникот може да му се одобри да користи отсуство од работа без надоместок
на плата и придонеси до 3 месеци во календарската година, особено во следните случаи :

18
-неодложни лични работи ,
-нега на член на семеството,која не е мидициски индицирана
-изградба или поправка на куќа или стан,
-за лечење на своја сметка,
- во други случаи на барање на работниците.

Работникот не може да користи отсуство за работа во странство .


Барањето работникот го доставува по правило најмалку 15 дена пред времето што се
бара за користење.Одлука за отсуство од став 1 на овој член носи директорот .
2. За време на неплатено отсуство на работникот му мируваат правата и обврските од
работниот однос .

11.МИРУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ОДНОС И ОБРАЗОВАНИЕ


Мирување на работниот однос на работник избран или именуван на државна
или јавна функција
Член 89
На работник кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со
закон, а чие вршење бара привремено да престане да работи во училиштето, му мирува
работниот однос за време на вршење на функцијата и има право, во рок од 15 дена по
престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа во училиштето за
вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.

Мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство


Член 90
На работник кој е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка
соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни
претставништва, на стручно усовршување или образование со согласност и за потребите
на училиштето, му мирува работниот однос и има право во рок од 15 дена од денот на
престанувањето на работата во странство да се врати на работа во училиштето за вршење
на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.

На работник чиј брачен другар е упатен на работа во странство во случаите од ставот


(1) на овој член, на негово барање, му мирува работниот однос и има право во рок од 15
дена од денот на престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство да
се врати на работа во училиштето за вршење работи кои одговараат на неговиот степен
на стручна подготовка.

Образование
Член 91
Работникот има право и должност постојано да се образува, дошколува и оспособува
во согласност со потребите на процесот на работа во училиштето со цел на одржување,
односно унапредување на способноста за работа на работното место и зачувување на
работното место.
Работникот има право сам да се пријави за дошколување и оспособување за
извршување на посложени работни задачи.
Работникот и работничкиот преставник имаат право на синдикално образование
(семинари, курсеви и др. )
Условите за образование , дошколување и оспособување за работа се утврдуваат со
посебен договор склучен меѓу училиштето и работникот.
За време на школувањето училиштето е должна на работникот да му исплаќа
надоместок во висина од 100%.

12. НАДОМЕСТОЦИ НА ШТЕТИ


Член 92

19
Работникот кој на работа или во врска со работа намерно или од крајна небрежност
предизвика материјална штета на училиштето, должен е да ја надомести.
Ако повеќе работници предизвикаат штата секој од нив е одговорен за оној дел од
штетата што ја предизвикал, а ако не е можно да се утврди колкав дел од штетата
предизвикал секој работник одделно, сите работници се еднакво одговорни и ја
надоместуваат штетата на еднакви делови.
Член 93
Одлука за надоместување на штета донесува директор, врз основа на претходно
спроведена постапка од страна на надлежната служба (прибирање на докази, изјави од
причинителите на штетата и др). Постапката на прибирање докази не смее да трае
подолго од 15 дена.
Доколку со надоместувањето на штетата работникот се најде во крајно неповолна
материјална положба, директорот може делумно да го ослободи работникот од обврската
за надомест на штета имајќи ги предвид околностите под кои штетата е направена ,
однесувањето на работникот и други околности.
Работникот има право на приговор до Училишниот одбор во рок од 8 дена од приемот
против Одлуката за надомест на штета.

Член 94
Ако се утврди дека работникот намерно или од крајно невнимание (небрежност) му
предизвика штета на трето лице, училиштето ќе ја надомести штетата на третото лице, а
работникот е должен да ја надомести штетата на училиштето.

Член 95
Ако училиштето на работникот намерно или од крајна небрежност му предизвика
штета при работа или во врска со работата, училиштето е должна да му ја надомести
штетата според општите правила на одговорност за надоместок на штета.
Одговорноста за обештетување на училиштето се однесува и на штетата која
училиштето ја предизвикала со кршење на правата на работникот од работниот однос.
Притоа, се утврдува поединечна одговорност за надоместената штета за работниците што
учествувале во нејзиното предизвикување. Доколку штетата е причинета од повеќе
работници и не е можно да се утврди поединечната одговорност тие и ја надоместуваат на
училиштето исплатената штета заеднички од лични средства.

13. ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ


Член 96
Одделни категории работници уживаат посебна заштита во случаите и под условите
утврдени со ЗРО.

Посебна заштита на повозрасните работници


Член 97
Работниците повозрасни од 57 години жени и 59 години мажи, уживаат посебна
заштита, согласно со закон.
На повозрасните работници во уќилиштето, без нивна согласност не смее да им се
одреди прекувремена или ноќна работа.

Остварување и заштита на правата, обврските и одговорностите од работен


однос
Член 98
Ако работникот смета дека училиштето не му ги обезбедува правата од работниот
однос или крши кое било од неговите права од работниот однос има право да поднесе
писмено барање до училиштето кршењето да го отстрани, односно да ја исполни својата
обврска.
Ако работникот смета дека со писмена одлука на работодавачот е прекршено неговото
право, има право во рок од осум дена од врачувањето на одлуката со која било
прекршено правото, да бара од училиштето истото да го отстрани.
Ако училиштето во натамошниот рок од осум дена по врачувањето на писменото
барање на работникот не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го

20
отстрани кршењето на правото, работникот може во рок од 15 дена да бара судска
заштита пред надлежниот суд.
Против одлуката за отказ на договорот за вработување, работникот може да поднесе
жалба во рок од 15 дена од врачувањето од страна на училиштето, пред надлежниот суд.
Без оглед на роковите од ставовите (2) и (3) на овој член, работникот може паричните
побарувања од работниот однос да ги остварува непосредно пред надлежниот суд.

Мирно решавање на индивидуални и колективни работни спорови


Член 99
Во случај на индивидуален или колективен работен спор, училиштето и работникот
можат да се договорат решавањето на спорот да го доверат на посебен мировен совет
составен од три члена, од кои по еден определуваат училиштето и работникот и еден кој
заеднички ќе го определат.
Надоместокот за работата на заеднички определениот член на мировниот совет е на
товар на страните во спорот.
Член 100
За решавање на колективен работен спор се формира Арбитража која е составена од
седум члена од кои по три члена определуваат училиштето и репрезентативниот
синдикат, а еден член определуваат заеднички.
Членот кој што е заеднички избран треба да биде надворешно вешто лице од областа
на спорот, а трошоци ќе бидат на товар на страните.
Арбитражата ги донесува своите одлуки со мнозинство од вкупниот број на членови.

14. СИНДИКАТ, СИНДИКАЛНИ АКТИВНОСТИ И СИНДИКАЛНА ЗАШТИТА


Синдикат на училиштето
Член 101
Работниците во училиштето по свој слободен избор се синдикално организирани под
условите утврдени со статутот или правилата на синдикатот.
Работникот не може да биде ставен во понеповолна или поповолна положба поради
членство или нечленство, учество или неучество во дејноста на синдикатот.
Активноста на синдикатот и неговиот претставник не може да се ограничува со акт на
училиштето, ако таа е во согласност со закон и овој Колективен договор за основно
образование .
Член 102
Работникот не смее да биде ставен во понеповолна положба од другите работници
поради членство во синдикатот, а особено не е допуштено:
1) договор за вработување со определен работник да се склучи под услови за тој да не
стапи во синдикат, односно под услов да истапи од синдикатот и
2) да му се раскине договорот за вработување или на друг начин го стави работникот во
понеповолна положба од другите работници поради негово членство во синдикатот или
учество во синдикални активности надвор од работното време, а под услови утврдени со
овој Колективен договор и за време на работното време.
Членството во синдикатот и учество во активностите на синдикатот не смее да биде
околност на која училиштето ќе ја заснова одлуката за склучување на договор за
вработување, за промена на работата која работникот ја работи, односно местото на
работа, стручното образование, напредувањето, плаќањата, социјалните надоместоци и
престанок на договор за вработување.
Член 103
Синдикатот самостојно одлучува за начинот на неговото застапување и е должен да ја
извести училиштето за именувањето на синдикалниот претставник или претставници.
Како синдикален претставник/ци се сметаат членовите на претседателството на
синдикалните организации во училиштето, но нивниот број не може да биде поголем од
1% од бројот на вработените (не сметајки го менаџментот).
Синдикалниот претставник е должен да ги штити и промовира правата и интересите на
своето членство во време и под услови утврдени со овој Колективен договор.
Претставникот на репрезентативниот синдикат и директорот склучуваат посебен
договор за користење на простории и други услови (телефон-локал и користење
фотокопир), слободно синдикално информирање, администаративно технички и други
услови и мерки потребни за остварување на синдикалната активност.

21
Училиштето е должна да ги ослободи синдикалните претставници и членовите на
синдикалните органи од работните обврски на работното место заради извршување на
синдикалните активности по потреба и тоа:
- Претседателот на Основната организација на синдикатот – 6 часа месечно;

Заштита на синдикалните претставници


Член 104
Синдикалниот претставник е заштитен од отказ согласно со ЗРО.
На синдикалниот претставник не може да му се намали платата или да му се откаже
договорот за вработување како последица на синдикална активност.
На синдикалниот претставник за времето на вршење на должноста, училиштето може
да му го откаже договорот за вработување само со претходна согласност на синдикатот.
Ако синдикатот во рок од осум дена не се изјасни за давање или ускратување на
согласноста, се смета дека е согласен со одлуката на училиштето.
Ако синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска
одлука.
Посебната заштита на претставниците на основната синдикална организација трае за
време на нивниот мандат и две години потоа.

Член 105
Училиштето е должна на синдикатот и неговите претставници да им овозможи
навремено и успешно остварување на правата за заштита и промовирање на правата и
интересите на членството и пристап до податоците важни за остварување на тоа право.
Органот на управување по свое наоѓање или по барање на Синдикатот го информира
претседателот на основната организација на училиштето за:
- организациони промени кои имаат како последица потреба од
престанок на работен однос на дел од вработените;
- одлуки и акти со кои согласно со овој договор се уредуваат правата и положбата
на работниците и
- други работи за кои органот на управување оценува дека синдикатот треба да
биде информиран.

Член 106
Репрезентативниот синдикат не може да биде распуштен или неговата дејност
запрена по административен пат, ако е основан и дејноста ја врши согласно со закон и
другите прописи.
Активноста на синдикатот и синдикалните претставници не може да се ограничува со
акт на училиштето, ако таа е во согласност со закон, Статутот на синдикатот и со овој
Колективен договор.
Член 107
На работник кој е избран или именуван на платена синдикална функција утврдена со
статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи во училиштето, му мирува
работниот однос и правата и обврските од договорот за вработување со училиштето и има
право во рок од осум дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на
работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.

Штрајк
Член 188
Репрезентативниот синдикат во училиштето има право да ги повика и поведе
работниците во штрајк со цел заштита на економските и социјалните права на своите
членови од работниот однос, во согласност со одредбите од посебен закон со кој се
уредува штрајкот во јавните претпријатија.

Член 109
Организирањето или учеството во штрајк организиран во согласност со одредбите на
закон и овој Колективен договор, не претставува повреда на договорот за вработување.
Работникот не смее да биде ставен во понеповолна положба од другите работници
поради организирање или учество во штрајк, организиран во согласност со одредбите на
закон и овој колективен договор.

22
На работникот може да му се даде отказ само ако организирал или учествувал во
штрајк кој не е организиран во согласност со закон и колективен договор или ако за
време на штрајкот направил некоја друга тешка повреда на договорот за вработување.

Член 110
На работниците учесници во штрајкот, за време на учество во штрајкот, училиштето е
должна да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската
основица за плаќање на придонесите.

15. УПАТУВАЊЕ РАБОТНИК ВО СТРАНСТВО


Договор за вработување за вршење на работи во странство
Член 111
Училиштето може да го упати работникот на работа во странство.
Ако договорот за вработување не предвидува можност за работа во странство,
училиштето и работникот се должни да склучат нов изменет договор за вработување.
Договорот може да се склучи за време на довршување на проектот, односно за време
на довршување на работите кои упатениот работник ги врши во странство.
Ако работникот склучува договор за вработување за вршење на работа во странство
за ограничен период и за тоа време правата и обврските од деловниот однос се
применуваат исто така и странските прописи според меѓународното приватно право,
договорот за вработување покрај обврзувачките норми според овој колективен договор,
мора да содржи и одредби за

1) траењето на работата во странство;


2) празниците и слободните работни денови;
3) минималниот годишен одмор;
4) висина на платата и валутата, во којашто таа се исплаќа;
5) другите примања во пари, на кои работникот има право за време работата во странство
и
6) условите за враќање во татковината.

Член 112
Работникот може да го одбие упатувањето на работа во странство од оправдани
причини, како што се:
1) бременост;
2) инвалидност;
3) здравствени причини;
4) грижа за дете кое не наполнило седум годишна возраст;
5) грижа за дете кое не наполнило 15 години возраст, ако работникот живее сам со детето
и се грижи за неговото воспитување и заштита и
6) други причини определени со договорот за вработување, односно со колективниот
договор којшто непосредно го обврзува работодавачот.

16.РАБОТНА КНИШКА
Член 113
Работникот има работна книшка која е јавен документ.
Работникот е должен да ја врачи работната книшка на училиштето при засновањето
на работен однос.
Работната книшка се чува во посебна просторија на училиштето во надлежност на
секретарот
Училиштето е должна во рок од три дена по престанувањето на работниот однос да му
ја врати работната книшка и да го одјави од социјалното осигурување.

17. ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА


Заштита на работниците при работа
Член 114
Заштитата при работа во училиштето се организира, уредува и обезбедува во
согласност со Законот за заштита при работа како и овој Колективен договор.

23
Училиштето е должна да преземе законски пропишани мерки потребни за сигурноста и
за здравјето на работниците, како и да обезбеди средства и методи за создавање
безбедни услови за работа.
Училиштето е должна со акт да ги уреди односите, правата, обврските и
одговорностите во заштитата при работа за време на работниот процес, а особено на
работните места на кои постои опасност од повреди и заболувања.
Работникот е должен да ги почитува и спроведува прописите за заштитата при работа,
да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на другите лица.
Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по
животот или здравјето, поради неспроведување на пропишаните мерки на заштита при
работа.

Член 115
ПРАВО НА УВИД
Синдикатот има право на увид во примената на пропишаните мерки и нормативи за
заштита на работниците при работа.
Сидикатот има право да дава предлози и мислења во врска со остварувањето на
заштитата при работа, а особено при:
- планирање и унапредување на условите на работа или воведување нова технологија во
работниот процес;
- промени што влијаат врз сигурноста и здравјето на работникот;
Доколку училиштето не ги превземе пропишаните мерки и средства за заштита на
работниците при работа, Синдикатот има право да покрене постапка пред надлежните
органи:
- го информира и бара интервенција од инспекцискиот орган кога ќе оцени дека се
загрозени здравјето и животот на работниците,
- поднесува приговор на наодот на инспекцискиот орган.

18. КОЛЕКТИВНО ДОГОВАРАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕТО


Колективен договор
Член 116
Важењето на Колективниот договор може да престане со спогодба и пред истекот на
времето за кое е склучен ( во случај на статусни промени, Иницијатива за
престанување на важењето на Колективниот договор може да поднесе било која страна
потписник на овој Колективен договор. Иницијативата се разгледува од другата страна
која во рок од 15 дена писмено се изјаснува пред спротивната страна.

Член 117
Во случај на статусни промени во училиштето до склучување на нов колективен
договор се применува колективниот договор кој се применувал на работниците пред
настапувањето на статусните промени, но најдолго една година.

Член 118
Секоја од страните потписнички на договоров има право да поднесе иницијатива за
измени и дополнувања на Колективниот договор.
Иницијативата со Предлогот за измени и дополнувања се доставува до другата
договорна страна која е должна во рок од 15 дена да се изјасни во врска со предложените
измени и дополнувања.
Член 119
Потписниците се обврзуваат во рок од 8 дена по потпишувањето на новиот Општ и
Гранков колективен договор да пристапат кон преговори за измени и дополнувања на
овој Колективен договор. Преговорите треба да завршат во рок од 90 дена.
Член 120

24
Евентуалните спорови во постапката на измени и дополнувања на Колективниот
договор, страните ќе ги решаваат по мирен пат.
Страните во спорот можат решавањето на колективните работни спорови спогодбено
да ги доверат на Арбитража.

19. ОВЛАСТЕН НАДЗОР


Надзор од страна на инспекцијата на трудот
Член 121
Надзор над примената на овој Колективен договор како и над другите акти во
училиштето кои ги уредуваат работните односи врши органот на државната управа
надлежен за работите на инспекцијата на трудот.
Работите на инспекцискиот надзор од ставот (1) на овој член ги врши инспекгорот на
трудот.
Во спроведувањето на надзорот инспекторот на трудот ги има овластувањата
утврдени со закон и врз основа на закон донесените прописи.
Работникот, синдикатот и работодавачот можат да бараат од инспекторот на трудот да
изврши инспекциски надзор.

20.ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ


Член 122
Постојните договори за работа на вработените во училиштето склучени до донесување
на Законот за работни односи согласно со членот 269 став 4 од ЗРО се сметаат договори
за вработување.

Член 123

Најдоцна 30 дена по потпишувањето на овој Колективен договор во училиштето ќе се


донесат актите споменати во овој договор кои се однесуваат на остварувањето на правата
од работен однос.

Член 124
Овој Колективен договор стапува на сила со денот на негово потпишување.

Член 125
Колективниот договор се објавува на заштитена огласна табла на училиштето

Основна организација на синдикатот на училиштето ,


Претсед._____________________

Основно училиште „Абдил Фрашери,,Боговиње,Директор ______________

25
26

You might also like