You are on page 1of 49

ПРЕДЛОГ

Врз основа на член 32 од Уставот на Република Северна Македонија, член 203, член 206
и член 217 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.
167/15, 27/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20,
151/21, 288/21 и 111/23), член 3 и член 24 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на
Република Северна Македонија“ бр. 143/19 и 14/20), член 4 од Законот за административни
службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 05/16,
142/16, 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и
99/22), а согласно член 5 од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник
на Република Северна Македонија“ бр. 154/23), Министерството за образование и наука на
Република Северна Македонија и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на
Република Македонија - СОНК, на ден ----------- година го склучија следниот

КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
ЗА ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОПШТИ ОДРЕДБИ
ПОИМНИК
Член 1
„Работодавач“ во смисла на овој колективен договор (во натамашниот текст: договор) е
јавно основно училиште или друга установа/институција која врши дејност од областа на
основното образование, образование на возрасните и доживотно учење или друго правно лице
кое врши дејност од областа на основното образование (во натамошниот текст: работодавач).
„Работник“ во смисла на овој договор е секое физичко лице кое е во работен однос во
јавно основно училиште или во друго правно лице кое врши дејност од областа на основното
образование, образование на возрасните и доживотно учење, на неопределено или на определено
работно време, со полно, со пократко од полното или со скратено работно време, врз основа на
договор за вработување односно решение за вработување.
„Синдикат“ во смисла на овој договор е Самостојниот синдикат за образование, наука и
култура на Република Македонија - СОНК, како репрезентативен синдикат, претставуван од
претседателот и неговите овластени претставници.
„Синдикална организација“ во смисла на овој договор е подружница на СОНК и основен
облик на организирање во јавно основно училиште или во друга установа/институција која врши
дејност од областа на основното образование, образование на возрасните и доживотно учење
или во друго правно лице кое врши дејност од областа на основното образование, што ја
сочинуваат вработени – членови на СОНК, со свој овластен претставник.
„Синдикален претставник“ во смисла на овој договор е овластен претставник, избран на
синдикален состанок од страна на членовите на синдикалната организација на СОНК, во
установата каде што е вработен и по функција е претседател на синдикалната организација.
„Член на Синдикатот“ во смисла на овој договор е физичко лице, вработено во јавно
основно училиште или во друга установа/институција која врши дејност од областа на основното
образование, образование на возрасните и доживотно учење или во друго правно лице кое врши
дејност од областа на основното образование, а зачленето во синдикална организација на СОНК
во установата кадешто е вработен.
„Орган на управување“ во смисла на овој договор е Училишен одбор во јавните основни
училишта, односно Управен одбор во друга установа/институција која врши дејност од областа
на основното образование, образование на возрасните и доживотно учење или во друго правно
лице кое врши дејност од областа на основното образование.

1
ПРЕДМЕТ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

Член 2
Со овој договор се уредуваат статусот, правата, обврските, одговорностите, како и
другите прашања од работен однос на работниците и работодавачите.

Член 3
(1) Со овој договор можат да се утврдат поголеми права и поповолни услови од правата
и условите предвидени со Законот за работните односи, Законот за вработените во јавниот
сектор, Законот за основното образование, Законот за наставниците и стручните соработници во
основните и средните училишта, Законот за административни службеници, друг закон и
Општиот колективен договор за јавниот сектор, ако тоа не е спротивно со закон.
(2) Доколку со овој договор се утврдени помали права и понеповолни услови од правата
и условите утврдени со актите од ставот (1) на овој член, истите се ништовни и не произведуваат
правно дејство.
Член 4
(1) Доколку со колективен договор на ниво на работодавач се утврдени помали права
или понеповолни услови за работа од правата, односно условите за работа утврдени со овој
договор, се применуваат одредбите од овој договор.
(2) Со колективен договор на ниво на работодавач може да се утврдат поголеми права и
поповолни услови од правата и условите утврдени со овој договор, ако тоа не е во спротивност
со закон.
(3) Овој договор непосредно се применува и доколку не е склучен колективен договор
на ниво на работодавач или со склучениот колективен договор на ниво на работодавач не се
опфатени сите права и услови утврдени со овој договор.

Член 5
За прашањата од предметот на уредување на овој договор кои не се уредени со него,
соодветно се применуваат сите закони во кои е опфатена оваа дејност, прописите на кои тие
упатуваат, како и колективни договори.

ПРИМЕНА И ОПФАТ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР

Член 6
Овој договор важи, непосредно се применува и е задолжителен за работодавачите од
член 1 од овој договор, за работниците кои во времето на склучувањето се или дополнително
станале членови на СОНК, како и за работниците кои се членови на оние синдикати, кои
дополнително по писмен пат побарале и добиле согласност од потписниците на овој договор за
пристапување кон истиот.

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
КЛАСИФИКАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА

Член 7
(1) Во јавните установи од член 1 од овој договор, работните места на вработените се
групираат на следниот начин:
- даватели на јавни услуги;
- aдминистративни службеници и
- помошно-технички лица.
(2) Работните места се класифицираат на категории и нивоа согласно со Законот за
вработените во јавниот сектор и Законот за основното образование.

2
ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОДНОС

Член 8
(1) Работен однос може да заснова секое лице што ги исполнува условите утврдени со
закон, овој договор, други колективни договори, акти на установата и општите прописи за
работни односи.
(2) Работниот однос, работникот го заснова со склучување на договор за вработување,
односно со решение за вработување.
(3) Договорот за вработување се склучува, односно решението за вработување се носи
на определено или неопределено време, со полно, односно неполно работно време, во зависност
од тоа на која категорија на вработени припаѓа работникот.
(4) Работодавачот е должен да ги информира работниците, вработени на определено
време, за слободните работни места, преку објава на видно место во установата, со цел да им
даде можност да добијат вработување на неопределено време.

ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ


(НАСТАВНИЦИ, ВОСПИТУВАЧИ И СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ)

Член 9
(1) Работниците во основните училишта кои вршат воспитно-образовна работа во
дејноста основно образование, имаат статус на даватели на јавни услуги во основното
образование и се вработуваат согласно со одредбите од Законот за основното образование,
Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, Законот
за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.
(2) За давателите на јавни услуги, кои не се вработуваат согласно со одредбите од
Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, се
применуваат одредбите од Законот за основното образование, Законот за вработените во
јавниот сектор и општите прописи за работни односи.

Услови за засновање на работен однос

Член 10
(1) За пополнување на работно место давател на јавни услуги, кандидатот треба да ги
исполни општите и посебните услови согласно со закон, колективен договор и акт на
работодавач.
(2) Посебните услови можат да се предвидат како услов за засновање на работен однос
само ако се потребни за извршување на работите на одредено работно место и се утврдени во
Правилникот за систематизација и организација на работата, Законот за работните односи,
Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за
образование на возрасните и друг закон.
(3) Како посебни услови за засновање на работен однос може да се предвидат особено:
видот и степенот на стручната подготовка, нормативот за наставен кадар, нормативот за стручни
соработници, посебните знаења и способности за извршување на соодветни работи, работното
искуство, посебната здравствена состојба, психофизичките способности и сл.
(4) Како посебни услови за засновање на работен однос не можат да се утврдат: староста
и полот, освен во случај кога тоа со посебни прописи поинаку е утврдено.
(5) За извршување на работи и работни задачи, за кои како посебен услов не се бара
стручна подготовка или друг вид стручна оспособеност, не може како посебен услов да се утврди
работното искуство.
Работен однос на определено и неопределно работно време

Член 11
(1) Давателите на јавни услуги може да засноваат работен однос на определено време
до крајот на учебната година.

3
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, лицата кои се на замена на привремено
отсутен работник, можат да засноваат работен однос на определено време до враќање на
привремено отсутниот работник, односно до доаѓање на одреден датум, завршување на одредена
задача или појава на одреден настан.
(3) Работниот однос, за работниците од ставот (1) на овој член, може да се транформира
од определено на неопределено време, согласно со Законот за работните односи, Законот за
основното образование и Законот за наставниците и стручните соработници во основните и
средните училишта.

Начин на вработување на даватели на јавни услуги

Член 12
Давателите на јавните услуги се вработуваат согласно со Законот за основното
образование, Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните
училишта, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за образование на возрасните,
општите прописи за работни односи и овој договор.

Член 13
Одлука за пополнување на слободно работно место за вршење на воспитно-образовни
работи, донесува директорот на установата, со која пополнувањето на слободното работно место
во установата се врши преку:
- објавување на јавен оглас;
- постапка за итни и неодложни работи и
- мобилност преку распоредување или преземање.

Вработување на даватели на јавни услуги по пат на објавување на јавен оглас

Член 14
(1) Установата, потребата од давател на јавни услуги ја обезбедува со објавување на јавен
оглас, кој не може да трае пократко од пет работни дена и подолго од 15 работни дена, а начинот
на вработување по пат на објавување на јавен оглас се уредува со закон и колективен договор.
(2) Основното училиште, пред да распише јавен оглас за вработување, потребата од
работник на определено време ја обезбедува со работник со соодветно образование и со неполн
фонд на наставни часови од друго јавно училиште во општината.
(3) Доколку нема работник со соодветно образование и со неполн фонд на наставни
часови од друго јавно училиште во истата општина, тогаш работодавачот потребата од работник
на определено време ја обезбедува со работник со соодветно образование и со неполн фонд на
наставни часови од друга општина.

Член 15
(1) Кога на јавниот оглас за наставник/воспитувач, односно стручен соработник ќе се
јават повеќе кандидати, предност имаат оние кои имаат положено стручен испит за
наставник/воспитувач, односно стручен соработник.
(2) Од пријавените кандидати со положен стручен испит, предност има кандидатот кој
кумулативно исполнува повисок степен на соодветно високо образование и повисок успех во
текот на додипломските студии.
(3) Ако од пријавените кандидати со положен стручен испит, нема пријавено кандидат
кој кумулативно исполнува повисок степен на соодветно високо образование и повисок успех
во текот на додипломските студии, избор врши директорот.

Член 16
(1) Доколку на јавниот оглас не се пријави лице со положен стручен испит за
наставник/воспитувач односно стручен соработник, во тој случај предност има кандидатот кој

4
кумулативно исполнува повисок степен на соодветно високо образование и повисок успех во
текот на додипломските студии.
(2) Ако од пријавените кандидати од ставот (1) на овој член, никој не исполнува
кумулативно повисок степен на соодветно високо образование и повисок успех во текот на
додипломските студии, избор врши директорот.

Член 17
(1) Давателите на јавни услуги ги избира директорот на установата по предлог на
Органот на управување.

Член 18
(1) Известувањето за избраниот кандидат за вработување на определено работно време
се доставува до сите кандидати во рок од три дена, од денот на донесувањето на одлуката за
избор.
(2) Директорот со избраниот кандидат склучува договор за вработување.

Член 19
Кандидатот кој не е избран има право на жалба до Органот на управување на установата,
во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката.

Вработување на даватели на јавни услуги на итни и неодложни работи

Член 20
(1) Во основните училишта, потребата од давател на јавни услуги може да се обезбеди и
без објавување на јавен оглас, на определено време, најмногу до три месеци, кога се работи за
вработување на постојно работно место, испразнето по основ на пензионирање, боледување,
отказ, смрт, преземање или друго и за кое работно место биле обезбедени финансиски средства,
а по претходно обезбедена согласност од градоначалникот за општинските основни училишта,
односно министерот за државните основни училишта, согласно со Законот за наставниците и
стручните соработници во основните и средните училишта.
(2) Работодавачот, пред да обезбеди согласност од градоначалникот за општинските
основни училишта, односно министерот за државните основни училишта, согласно со Законот
за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, должен е да
побара од општината работник со соодветно образование и со неполн фонд на наставни часови
од друго училиште од истата општина.

Мобилност на даватели на јавни услуги преку распоредување или преземање


Член 21
(1) Мобилноста е хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во
рамките на истата група на работни места, утврдена со закон.
(2) Мобилноста се врши преку распоредување, односно преземање на вработениот на
работно место на исто ниво, односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите
и посебните услови, утврдени во актот за систематизација на работни места во установата, во
која се распоредува или се презема.
(3) Мобилноста се врши без објавување на интерен, односно јавен оглас.

АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Член 22
Вработените во установите од член 1 од овој договор, кои вршат работи од
административна природа заради остварување на дејноста основно образование, имаат статус на
административни службеници и за нив се применуваат одредбите од Законот за основното
образование, Законот за административни службеници, Законот за образование на возрасните,
општите прописи за работни односи и овој договор.

5
Член 23
Пополнувањето на работно место на административните службеници се врши согласно
со Законот за административни службеници, преку спроведување на постапка за:
- вработување;
- унапредување и
- мобилност преку распоредување или преземање.

ПОМОШНО – ТЕХНИЧКИ ЛИЦА

Член 24
Вработените во установите од член 1 од овој договор, кои вршат помошно-технички
работи, имаат статус на помошно-технички лица.

Член 25
За прашањата, кои се однесуваат на класификацијата, евиденцијата, вработувањето,
унапредувањето и други прашања во врска со работниот однос на помошно-техничките лица, се
применуваат одредбите од Законот за работните односи, Законот за вработените во јавниот
сектор, Законот за основното образование, Законот за образование на возрасните и овој договор.

Член 26
Пополнувањето на работно место на помошно-техничките лица се врши преку
спроведување на постапка за:
- вработување;
- унапредување и
- мобилност преку распоредување или преземање.

Вработување на помошно – технички лица


Член 27
(1) За пополнување на работно место преку вработување, установата е должна да објави
јавен оглас согласно закон.
(2) Рокот за пријавување не смее да биде пократок од пет дена, сметано од денот на
објавувањето на огласот.
(3) Јавниот оглас завршува со избор, неизбор или со истекот на рокот на јавниот оглас.

Унапредување на помошно – технички лица


Член 28
(1) Унапредувањето во установата се врши преку објавување на интерен оглас, кое има
за цел да овозможи кариерно напредување на помошно–техничките лица, при што се избира
најдобриот кандидат за работното место од редот на вработените во установата.
(2) Унапредувањето на помошно–техничките лица може да биде во иста група, а
различна подрупа или од една група во друга група од категоријата на помошно–техничките
лица.
(3) Интерниот оглас се објавува на огласната табла во установата и на веб страната на
установата, во рок кој не може да биде пократок од пет работни дена и подолг од десет работни
дена.

Член 29
Избор од пријавените кандидати во постапките за јавен и интерен оглас за пополнување
на работно место врши директорот, најдоцна во рок од осум работни дена од денот на
завршување на огласот.

6
Член 30
(1) Одлука за избраниот кандидат се доставува до сите кандидати, во рок од три дена од
денот на донесувањето на одлуката за избор.
(2) Директорот со избраниот кандидат склучува договор за вработување.

Член 31
(1) Кандидатот кој не е избран, има право на приговор до Органот на управување на
установата, во рок од осум работни дена од приемот на одлуката.
(2) По приговорот на кандидатот, Органот на управување донесува одлука во рок од 15
дена од денот на поднесување на приговорот.
(3) Доколку Органот на управување не донесе одлука во предвидениот рок од ставот (2)
на овој член, кандидатот го задржува правото во наредните 15 дена да ја оспори одлуката од
член 30 од овој договор пред надлежен суд.
(4) Директорот е должен да ја изврши одлуката на Органот на управување по приговорот.

Мобилност на помошно – технички лица преку распоредување или преземање

Член 32
Постапката за мобилност се спроведува во транспарентна и фер постапка за
распоредување, односно преземање на работник на работно место во исто ниво, во истата или
друга установа, согласно со Законот за вработените во јавниот сектор.

СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР / РЕШЕНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Член 33
(1) Вработените, во установите од член 1 од овој договор, засноваат работен однос со
склучување на договор, односно решение за вработување, во писмена форма, по конечноста на
одлуката за избор.
(2) Примерок од договорот, односно решението за вработување, работодавачот му
врачува на работникот на денот на потпишувањето.

Член 34
(1) Работникот стапува на работа на денот утврден во договорот, односно решението за
вработување.
(2) По исклучок од ставот (1) на овој член, работникот, поради оправдани причини, не
мора да стапи на работа на денот утврден во договорот, односно решението за вработување.

Член 35
(1) Оправдани причини за нестапување на работникот на работа на денот определен во
договорот, односно решението за вработување се:
- болест на работникот;
- смртен случај на член на семејство;
- елементарна непогода (пожар, поплава и сл.) и
- други случаи од објективна природа, утврдени во договорот, односно решението за
вработување и колективен договор.
(2) За причините од ставот (1) на овој член, работникот е должен да го извести
директорот, писмено или електронски, во рок од два работни дена од времето кога требало да
се јави на работа.

Член 36
Содржината на договорот, односно решението за вработување е уредена во Законот за
работните односи.

7
ПРИПРАВНИЦИ
Член 37
(1) Наставник/стручен соработник, кој за првпат се вработува во основно училиште е
наставник-приправник, односно стручен соработник-приправник.
(2) Приправничкиот стаж, по правило, трае една година без оглед на неделниот фонд на
наставни часови кои ги остварува приправникот.
(3) За време на приправничкиот стаж, на приправникот му следува плата во висина од
90% од платата на наставникот односно стручниот соработник.
(4) За време на приправничкиот стаж, лицата од ставот (1) на овој член, се оспособуваат
за самостојна воспитно-образовна, односно стручна работа, преку стекнување на основните
професионални компетенции.
(5) Приправникот полага стручен испит само при првото вработување како наставник-
приправник, односно стручен соработник-приправник во училиштето, а стручниот испит е
должен да го пријави во првиот нареден испитен рок по истекот на приправничкиот стаж.

Член 38
(1) Наставникот/стручниот соработник, кој за прв пат е вработен на определено работно
време, како замена на наставник кој е привремено отсутен поради боледување, исто така е
приправник и започнува да му се смета приправничкиот стаж од денот на неговото вработување,
доколку ги исполнува условите од Законот за наставниците и стручните соработници во
основните и средните училишта и нормативите за наставен кадар односно норматативите за
стручен соработник.
(2) На наставникот/стручниот соработник од ставот (1) од овој член, му се одредува
наставник-ментор, односно стручен соработник-ментор согласно со Законот за наставниците и
стручните соработници во основните и средните училишта.
(3) При негово повторно вработување по било кој основ, приправничкиот стаж
продолжува да му се засметува и повторно му се одредува наставник-ментор, односно стручен
соработник-ментор согласно со Законот за наставниците и стручните соработници во основните
и средните училишта.

Член 39
При пријавување на наставникот/стручниот соработник за полагање на стручен испит,
вкупниот стаж од најмногу една година до денот на пријавувањето на првиот нареден испитен
рок може да биде собран кумулативно и во случај кога кандидатот имал прекин, но за целиот
временски период како приправник на кандидатот мора да му биде одреден ментор.
Член 40
Постапката за начинот на спроведување и одржување на приправничкиот
стаж/стручниот испит е уредена во Законот за наставниците и стручните соработници во
основните и средните училишта.
Член 41
За времетраење на приправничкиот стаж, работодавачот не смее на приправникот да му
го откаже договорот за вработување, освен во случај на спроведување на постапка за
престанување на работодавачот, во случај на кршење на работниот ред и дисциплина или
работните обврски, согласно со закон.
Член 42
Приправникот кој нема да го положи стручниот испит, може повторно да го пријави и
полага испитот, веднаш во наредниот испитен рок. Доколку не го положи и во наредниот
испитен рок, му престанува работниот однос во училиштето.

Член 43
Приправникот кој не го положил стручниот испит, има право да покрене постапка пред
надлежен суд, за остварување на своето право.

8
Член 44
По положување на стручниот испит, наставникот-приправник/стручниот соработник-
приправник се стекнува со звање наставник/стручен соработник и му се исплаќа плата за
стекнатото звање, согласно овој договор.

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ

Член 45
(1) Давателите на јавни услуги се должни во текот на својата работа континуирано
професионално да се усовршуваат.
(2) Прашањата кои се однесуваат на професионалниот развој на давателите на јавни
услуги се уредени со Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните
училишта.

КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА ДАВАТЕЛИ НА ЈАВНИ УСЛУГИ

КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИ


Член 46
(1) Наставниците во основните училишта може да напредуваат во звања, како:
- наставник - ментор и
- наставник - советник.
(2) Категоријата наставник се добива со полагање на стручен испит за наставник.

КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

Член 47
(1) Стручните соработници во основните учлишта може да напредуваат во звања, како:
- стручен соработник - ментор и
- стручен соработник - советник.
(2) Категоријата стручен соработник се добива со положен приправнички испит.
ПРЕЗЕМАЊЕ НА РАБОТНИК
Член 48
(1) Работникот на негово барање, по потреба на установата во која е вработен или по
потреба на друга установа, може да биде трајно преземен на работно место на исто ниво, односно
на работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за
систематизација на другата установа.
(2) За пополнување на работно место преку мобилност со постапка за преземање,
согласност дава Министерството за образование и наука.
(3) Установата која го презема работникот до Министерството за образование и наука ја
доставува следната документација:
- спогодба за вработување без јавен оглас преку трајно преземање потпишана од установата
од која се презема работникот и установата која го презема работникот, од
градоначаникот/градоначалниците на општината основач, и работникот;
- согласност/и од основач/и на установа/и;
- согласност од работник;
- согласност за спроведување на постапка за трајно преземање од Министерството за
информатичко општество и администрација;
- основ за ослободеното работно место на кое се презема работникот;
- диплома/уверение за завршено соодветно образование на работникот кој се презема.
(4) По добиена согласност од Министерството за образование и наука и Министерството
за информатичко општество и администрација, се врши одјава и пријава во работен однос на
работникот во Агенцијата за вработување.

9
РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИК

Член 49
(1) Работникот работи на работното место за кое склучил договор, односно решение за
вработување.
(2) За времетраењето на работниот однос, работникот на негово барање или по потреба
на установата, може да биде распореден на друго работно место на исто ниво, односно на
работно место за кое ги исполнува општите и посебните услови пропишани во актот за
систематизација.
(3) Распоредувањето се врши со писмена согласност на работникот, за што раководното
лице на установата носи решение за негово распоредување во установата.
(4) Доколку решението за распоредување е донесено без писмена согласност на
работникот, истото е ништовно.
(5) При распоредување на работното место, работникот има право на плата која ја примал
на неговото работно место, односно платата која за него е поповолна.

Услови за распоредување на работник

Член 50
Работникот може да биде распореден на друго работно место само ако се исполнети
следните услови:
- работното место, на кое се распоредува, е слободно или упразнето и ако условите за работа
се соодветни на претходното работно место;
- работното место, на кое се распоредува, е идентично по вид во рамки на исто ниво согласно
Каталогот на работни места во јавниот сектор;
- работникот во целост ги исполнува условите пропишани во актот за систематизација на
работните места, утврдени за работното место на кое се врши распоредување (вид на
образование, потребно работно искуство и слично);
- на работното место, на кое работникот се распоредува, се вршат исти или сродни работи
со работите што се вршат на работното место од кое работникот се распоредува.
Распоредување по барање на работник
Член 51
(1) Работникот може да биде распореден на друго работно место и на негово барање од
оправдани причини, кај ист или друг работодавач.
(2) Распоредување на барање на работникот од други оправдани причини, може да се
изврши само ако се исполнети условите од член 50 од овој договор и ако работникот писмено ги
аргументира и ги образложи причините за барањето.

Распоредување по потреба на работодавачот

Член 52
(1) Распоредување на работникот по потреба на работодавачот се врши во случаите:
- кога работното место се укинува, обемот на работа е намален или зголемен;
- ако се врши реорганизација или усовршување на постојната работа;
- за подобро користење на капацитетите и работните способности на работникот;
- за преквалификација на работникот;
- за привремена отсутност на работникот;
- ако се оцени дека работникот на друго работно место ќе остварува подобри резултати.
(2) Работодавачот треба да го извести работникот за распоредувањето, најмалку седум
работни дена пред распоредувањето, освен за алинеја 5 од ставот (1) на овој член.

10
Член 53
(1) По исклучок од член 49 став (3) од овој договор, поради итни и неодложни работи,
работодавачот може да го упати работникот на работа на друго работно место, во друг објект,
без негова согласност, согласно неговиот степен на стручна подготовка, односно квалификација,
еднократно или збирно, најмногу до 30 дена во текот на една учебна година.
(2) Работодавачот е должен со писмен налог да го упати работникот за распоредувањето
од ставот (1) на овој член.

Распоредување во други случаи

Член 54
(1) Работникот може да биде распореден на друго работно место, кога со одлука на
надлежна здравствена комисија, согласно со прописите за пензиско и инвалидско осигурување
е утврдено дека работникот е неспособен за вршење на работите и задачите на работното место
каде што работи, заради нарушена психофизичка или општа здравствена способност која
настапила како последица од повреда при работа или професионална болест.
(2) Работникот од ставот (1) на овој член, ги задржува сите права од работен однос од
работното место од кое се распоредува, доколку истите се поповолни за него согласно одредбите
од Законот за работните односи и овој договор.

Член 55
Работодавачот е должен да го распореди работникот со изменета работна способност на
соодветно работно место и со соодветно работно време во рок од 15 дена по конечноста на
решението за утврдување на работната способност.

Причини поради кои работникот не може да биде


распореден на друго работно место

Член 56
Работникот не може да биде распореден на друго работно место за време на отсуство од
работа поради болест или повреда, бременост, раѓање и родителство, како и за време на другите
случаи на платено и неплатено отсуство од работа согласно со закон и овој договор.

Член 57
(1) Работник со намалена работна способност, која настанала во текот на работата во
установата и по овој основ е распореден на друго работно место, не може да прима плата помала
од платата која ја примал пред распоредувањето.
(2) Намалената работна способност може да настане поради болест, односно повреда
надвор од работа, повреда на работа и професионална болест.

ПРАВА НА РАБОТНИЦИТЕ И НИВНА ПОЛОЖБА

РАБОТНО ВРЕМЕ

Член 58
(1) Работното време на наставникот изнесува 40 работни часови неделно, од коишто 20
до 23 се наставни часови.
(2) Работодавачот заради природата на работата, работното време на наставникот го
организира комбинирано, односно работно време поминато со ученици и останато работно
време за други програмски активности во други просторни средини, во или надвор од
установата.
(3) Работодавачот може, со писмена согласност на работникот, да му додели часови и
над предвидениот фонд, но не повеќе од дополнителни четири наставни часа во текот на
неделата, доколку се исполнети следните услови:

11
- ако на ниво на училиште/општина/соседни општини нема соодветно лице со неполн фонд
на часови;
- ако на оглас не се пријави кандидат, а Агенцијата за вработување потврдува дека нема
таков кадар на располагање.
(4) За доделување на часови над предвидениот фонд, работодавачот носи решение, а
доколку решението е донесено без писмена согласност на работникот, истото е ништовно.
(5) За секој одржан час над предвидениот фонд на наставни часови, работодавачот на
работникот – член на Синдикатот, му исплаќа додаток на плата.

Член 59
(1) Работното време на стручните соработници, административните службеници и
помошно-техничките лица во текот на неделата изнесува 40 часа.

Член 60
(1) Начинот и обемот на работните должности во рамките на работното време на
наставниците и стручните соработници во текот на 40-часовна работна недела се уредени со
Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта.
(2) Начинот и обемот на работните должности во рамките на работното време на
административните службеници во текот на 40-часовна работна недела се уредени со Законот за
административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор.
(3) Начинот и обемот на работните должности во рамките на работното време на
помошно - техничките лица во текот на 40-часовна работна недела се уредени со Законот за
работните односи и актот за систематизација на работните места во установата.

ПАУЗИ, ОДМОРИ И ОТСУСТВА

Член 61
(1) Работникот има право на одмор во текот на дневната работа, како и право на дневен,
неделен и годишен одмор во согласност со закон, овој договор, акт на ниво на работодавач и
други прописи од областа на работните односи.
(2) Почетокот и крајот на работното време, како и користењето на дневниот и годишниот
одмор на вработените во установата се утврдува со статутот на установата.

Дневен одмор (Пауза)


Член 62
(1) Паузата на наставниците и воспитувачите се реализира со одморите помеѓу
наставните часови согласно распоредот на часови.
(2) Паузата на стручните соработници, админстративните службеници и помошно-
техничките лица изнесува 30 минути.
(3) Паузата во текот на денот ја утврдува работодавачот со статутот на установата.

Годишен одмор
Член 63
(1) Работникот има право на годишен одмор во една календарска година во траење од
најмалку 20 работни дена.
(2) Траењето, начинот на користење и критериумите за времетраење на годишниот
одмор, се утврдуваат согласно со закон, овој договор, акт на ниво на работодавач и други
прописи од областа на работните односи.

12
Член 64
(1) Работникот, кој за првпат заснова работен однос, се стекнува со правото на цел
годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеци кај ист
работодавач, без оглед на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко од
полното работно време.
(2) Работникот кој во календарската година, во која склучил работен однос, не се стекнал
со правото на целосен годишен одмор или пак му престанал работниот однос пред изминувањето
на рокот, по истекувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор, има право на
користење на пропорционален дел на годишниот одмор во вкупен износ од по два дена за секој
месец работа.

Член 65
(1) Дополнителните денови за должината на годишниот одмор од член 63 од овој
договор, на работникот му се определуваат според следните критериуми:
- време поминато во работен однос (работен стаж);
- сложеност на работите на работното место;
- услови за работа;
- социјални и здравствени околности и
- возраст.
(2) Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење
на годишен одмор.

Член 66
На работникот, по основ на време поминато во работен однос (работен стаж), годишниот
одмор му се зголемува за:
- 1-10 години - еден работен ден;
- 11-20 години - два работни дена;
- 21-30 години - три работни дена;
- над 30 години - четири работни дена.

Член 67
На работникот, по основ на сложеност на работите на работното место, годишниот одмор
му се зголемува за:
- работи од I - III степен на сложеност - еден работен ден;
- работи од IV - V степен на сложеност - два работни дена;
- работи од VI, VII1 и VII2 степен на сложеност – три работни дена.

Член 68
На работникот, по основ на услови за работа, кој работи во услови потешки од
нормалните, годишниот одмор му се зголемува за два работни дена и тоа за:
- работа со ученици со посебни образовни потреби, за кои се изработува ИОП или
модифицирана програма.

Член 69
(1) На работникот, по основ на други социјални и здравствени околности, годишниот
одмор му се зголемува за:
- работник со попреченост - три работни дена;
- самохран родител или старател со дете до 15 години - три работни дена;
- работник кој негува и чува дете со попреченост - пет работни дена.
(2) Дополнителните денови од ставот (1) на овој член меѓусебно не се исклучуваат.

Член 70
На работникот, по основ на возраст, годишниот одмор му се зголемува за:
- работник - жена над 57 години возраст - три работни дена;

13
- работник - маж над 59 години возраст - три работни дена.

Член 71
Во деновите на годишен одмор не се вклучуваат:
- саботите и неделите;
- празниците и неработните денови утврдени со закон;
- отсуството од работа поради боледување, како и периодот на привремена неспособност за
работа утврдена од овластен лекар;
- слободните денови и
- други случаи на оправдано отсуство од работа во согласност со закон.

Член 72
(1) Работникот, на кој му престанува работниот однос поради исполнување на условите
за остварување на право на старосна пензија, има право на користење на годишниот одмор пред
престанокот на работниот однос по овој основ.
(2) За остварување на правото од ставот (1) на овој член, работникот треба да поднесе
писмено барање до работодавачот.
(3) Работодавачот е должен на работникот да му издаде решение за правото на користење
на годишен одмор.
(4) Доколку на работникот од ставот (1) на овој член, не му било овозможено да го
искористи годишниот одмор, по негово претходно барање, има право на паричен надоместок
сразмерно на неискористените денови од годишниот одмор, пред престанокот на работниот
однос.
(5) Ништовна е било каква спогодба или изјава со која работникот би се откажал од
правото на годишен одмор.

Член 73
(1) Планот за користење на годишниот одмор, работодавачот го истакнува на огласна
табла на установата, со писмено или електронско известување, најмалку 30 дена пред користење
на годишниот одмор на работниците.
(2) Секој работник, во рок од 15 дена од известувањето, за планот од ставот (1) на овој
член, може со писмено барање, да побара промена на распоредот за користење на годишниот
одмор, односно да предложи распоред кој е за него поповолен.
(3) Барањето од ставот (2) на овој член се одобрува од страна на работодавачот доколку
нема пречки за функционирање на дејноста.
(4) Работникот има право да користи годишен одмор и во случај кога не е донесен план
за користење на годишен одмор.

Член 74
(1) За користење на боледување и други оправдани отсуства за време на годишниот
одмор, работникот го известува работодавачот, писмено или електронски, во рок од 48 часа.
(2) Работникот кој го прекинал годишниот одмор, поради причините од ставот (1) на овој
член, има право да го продолжи годишниот одмор по истекот на причините, при што
работодавачот е должен да го организира воспитно-образовниот процес без прекин, во рамки на
расположливиот кадар во установата.

Член 75
(1) Давателите на јавни услуги, по правило, годишниот одмор го користат за време на
летниот распуст на учениците, во договор со работодавачот, земајќи ги во предвид потребите на
работниот процес, како и можностите за одмор и рекреација на работникот, водејќи сметка за
неговите семејни обврски.
(2) По исклучок, ако давателите на јавни услуги неможат да го искористат годишниот
одмор во периодот наведен во ставот (1) на овој член, поради пензионирање, бременост или

14
подолго боледување од три месеци, годишниот одмор можат да го искористат за време на
учебната година.

Член 76
(1) Работникот има право да користи три непоследователни дена од годишниот одмор,
по сопствено барање, на ден кој сам ќе го определи, за што е должен, најдоцна два дена пред
користење, писмено да го извести работодавачот, односно овластено лице од него.
(2) Работодавачот е должен да го уважи барањето на работникот, освен во случаи кога
ќе оцени дека отсуството на работникот сериозно ќе го загрози работниот процес.

Член 77
(1) Работникот не може да се откаже од правото на годишен одмор, ниту тоа право може
да му се ускрати.
(2) Ништовна е било каква спогодба или изјава со која работникот би се откажал од
правото на годишен одмор.

Член 78
(1) Кога на работникот не му било овозможено да го искористи годишниот одмор, има
право на паричен надоместок, сразмерно на неискористените денови на годишниот одмор, но не
повеќе од висината на неговата просечна исплатена плата.
(2) Со исплатата на паричниот надоместок, по основ на неискористените денови од
годишен одмор, се смета дека работникот целосно го искористил годишниот одмор.

Платено отсуство

Член 79
(1) Работникот – член на Синдикатот, има право на отсуство од работа, со надоместок на
плата, најмногу до десет работни дена, вкупно по сите основи, во текот на календарската година,
во следните случаи:
- за склучување на брак - пет дена;
- за склучување на брак на деца - три дена;
- за раѓање или посвојување на дете, за родителот кој не користи родителско отсуство -
седум дена;
- за смрт на сопружник или дете - седум дена;
- за смрт на родител, брат, сестра - пет дена;
- за смрт на родител на сопружник - три дена;
- за смрт на дедо или баба - два дена;
- за полагање на стручен испит - два дена;
- за полагање на испити за дошколување и оспособување за потребите на работодавачот или
за сопствен интерес - пет дена;
- за учество на синдикални активности на вработените организирани од страна на
синдикатот - деновите на одржување на тие активности;
- за селидба на семејството од едно во друго место - три дена;
- за селидба на семејството во исто место - два дена;
- за елементарни непогоди и климатски неповолен настан - пет дена;
- за елементарна непогода во домот (пожар, поплава и друг неповолен настан во домот за
кој се доставува доказ) - три дена;
- за кражба во домот – еден ден;
- за прв училишен ден на прваче - еден ден;
- за упис на ученик на работникот во средно училиште надвор од местото на живеење - еден
ден;
- за развод на брак , најдоцна до правосилноста на пресудата за развод на брак - два дена;
- доброволно дарување на крв - два дена;
- за итни и неодложни работи - два дена.

15
(2) Работникот - член на Синдикатот, кој е доброволен дарител на крв, има право на два
последователни слободни работни дена за секое дарување на крв. Слободните денови се
користат по денот на дарувањето крв. Денот на дарување на крв не влегува во деновите на
отсуство, а работникот кој дарувал крв, по дарувањето има право да замине дома на
закрепнување и рехабилитација.
(3) Во наведените случаи од ставот (1) на овој член, отсуството од работа се обезбедува
без оглед на барањето на процесот на работа и се користи во деновите на траењето на основот.
Ова право на работникот не може да му се ускрати од страна на работодавачот или од него
овластено лице.
(4) По исклучок, работникот - член на Синдикатот, има право на платено отсуство за
секој смртен случај, наведен во ставот (1) на овој член, независно од бројот на денови кои во
текот на годината ги има искористено по другите основи.
(5) Работникот - член на Синдикатот, откако го искористил платеното отсуство, има
право на дополнително отсуство за потребите од ставот (1) на овој член, кое ќе се смета како
неплатено отсуство или годишен одмор, во зависност од Барањето на работникот.
(6) Одлука за платено отсуство од ставот (1) на овој член, носи работодавачот или од
него овластено лице, врз основа на претходно писмено или електронско барање, од страна на
работникот.

Член 80
Работникот – член на Синдикатот, во случај на лична неодложна потреба, има право да
отсуствува од работа, а без притоа да биде санкциониран од работодавачот најмногу до четири
часа во еден месец, за што е должен писмено или електронски да го извести работодавачот.

Неплатено отсуство

Член 81
(1) Работникот може да користи отсуство од работа без надоместок на плата, најмногу
до три месеци во календарската година, во следните случаи:
за потребите предвидени во член 79 од овој договор, по барање на работникот - член на
Синдикатот, откако го искористил платеното отсуство од работа на кое имал право;
- за нега на член на семејство;
- за изградба, доградба или поправка на куќа или стан;
- за лекување, во земјата или странство;
- за патување во странство заради семејно обединување;
- за учество на културни и спортски активности, што не се дел од синдикални активности и
не се за потребите на работодавачот;
- за учество на конгреси, конференции и слично, што не се дел од синдикални активности и
не се за потребите на работодавачот;
- за стручно усовршување по лично барање на работникот;
- за итни и неодложни работи.
(2) Барањето за неплатено отсуство од ставот (1) на овој член, работникот го поднесува
најмалку 15 дена пред времето што се бара за користење, освен во исклучителни случаи кога
околностите налагаат пократок рок.
(3) Работникот е должен да достави писмен документ со кој го докажува отсуството во
случаите од ставот (1) на овој член.
(4) Врз основа на поднесеното барање за користење на неплатено отсуство,
работодавачот или од него овластено лице донесува решение.
(5) Против решението од ставот (4) на овој член, работникот има право на приговор до
Органот на управување во установата, во рок од осум дена од денот на приемот на решението.
(6) За време на неплатеното отсуство, на работникот му мируваат правата и обврските
од работниот однос.
(7) Работникот е должен по завршување на неплатеното отсуство да се врати на работа и
на работно место на кое бил распореден пред да замине на неплатеното отсуство.

16
БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Општи обврски на работодавачот

Член 82
Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди безбедна и здрава работна
средина, во согласност со пропишаните мерки и нормативи за безбедност и здравје при работа,
утврдени со закон и овој договор.

Член 83
(1) Работодавачот е должен да ги утврди и обезбеди мерките и средствата за безбедност
и здравје при работа на работниците, согласно со закон, овој договор и други прописи.
(2) Работодавачот, во рамките на своите надлежности, задолжително презема мерки
неопходни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од
професионални ризици, обезбедување информации и обука, практикување соодветна
организација на работа, пропишување на потребни средства и обезбедување нивна достапност
за вработените, уредување на начинот, видовите, мерките и нормативите за безбедност и здравје
при работа.
(3) За мерките и средствата од ставот (1) на овој член, задолжително е информиран
претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа и/или синдикалниот
претставник.

Член 84
Мерките за безбедност и здравје при работа, работодавачот ги обезбедува преку:
- изготвување на Процена на ризик за секое работно место, имајќи ги во предвид сите
ризици, односно опасности и штетности по здравјето на вработените;
- назначување на стручно лице за безбедност и здравје при работа;
- обука на вработените за безбедност и здравје при работа следбено на Процената на ризик;
- здравствени (периодични) прегледи кои ќе се вршат согласно актот за Процена на ризик;
- донесување на мерки за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи
(пожар, поплава, земјотрес и слично) со План за евакуација;
- редовно следење на здравствената состојба на вработените;
- водење на евиденција за безбедност и здравје при работа (обуки, здравствени прегледи,
повреди, смртни случаи и сл.);
- посебна обука на стручните лица за безбедност и здравје при работа и претставниците за
безбедност и здравје при работа;
- обука на вработените за противпожарна заштита – ППЗ и прва помош – ПП (врз основа на
бројот на вработени во секоја работна единица, објект);
- обезбедување на опрема за лична заштита и едукација за нејзина употреба;
- задолжително упатување на лекарски преглед пред Комисијата за оцена на работната
способност во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, на вработени кои
поради привремена неспособност за работа подолго од 60 дена непрекинато или подолго од 120
дена со прекин, отсуствувале од работа и
- други мерки утврдени со Законот за безбедност и здравје при работа, овој договор, актот
за процена на ризик за секое работно место и други прописи.

Член 85
(1) Работодавачот е должен да изготви Процена на ризик за секое работно место, која е
основа за изготвување на Изјава за безбедност на работните места.
(2) Утврдувањето на безбедноста и здравјето при работа е континуиран процес, а
ажурирањето на Процената на ризик на работните места и Изјавата за безбедност се

17
спроведуваат на јасно утврдени периоди, наведени во Процената на ризик, како и следбено на
минималните препораки, предвидени со Законот за безбедност и здравје при работа.

Член 86
(1) Работодавачот е должен, следбено на Процената на ризик на работните места, како и
на Изјавата за безбедност, да направи континуирано подобрување на условите за работа.
(2) Преостанатиот ризик на работните места, потребно е континуирано да биде следен и
вработените да бидат запознаени со истиот.
(3) Со актот од ставот (1) на овој член, работодавачот ги уредува и начинот, видовите,
мерките и нормативите за безбедност и здравје при работа.

Член 87
Работодавачот е должен да донесе одлука за спроведување на Процената на ризик на
работните места и Изјавата за безбедност, во рок од три месеци по потпишување на овој договор.

Член 88
Работодавачот треба трајно да ја чува документацијата за изработка на Изјавата за
безбедност.

Член 89
Работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените во период кој мора
да биде во согласност со Процената на ризик.

Член 90
(1) Здравствените прегледи треба да се согласно со стандардниот минимум, кој е
задолжителен за сите систематски и периодични прегледи, како и задолжителен санитарен
преглед.
(2) Во зависност од Процената на ризикот на работното место и карактеристиките на
дефинираните професионални штетности и опасности, покрај стандардниот минимум се вршат
и дополнителни прегледи.
(3) Финансиските средства за систематски и санитарни прегледи ги обезбедува
работодавачот од буџетот на установата.

Член 91
(1) Работодавачот, следбено на Процената на ризик на работните места и Концептот за
Изјава за безбедност за работно место е должен да им обезбеди на вработените користење на
соодветни сертифицирани средства и опрема за лична заштита при работа.
(2) Работната облека не е лична заштитна опрема.

ПРАВА И ОБВРСКИ НА РАБОТНИЦИТЕ

Член 92
Работниците во установата имаат право и обврска на безбедност и здравје при работа
согласно овој договор, Законот за безбедност и здравје при работа, како и други акти од областа
на безбедност и здравје при работа.

Член 93
Право и обврска на секој работник во установата е да се грижи за сопствената и
безбедноста и здравјето на другите работници, како и да биде запознаен и обучен во врска со
примената на мерките за безбедност и здравје при работа.

18
Член 94
Работникот има право да одбие извршување на работа ако не му се обезбедени услови за
работа согласно со закон, овој договор, колективен договор на ниво на работодавач и доколку:
- претходно не е информиран за сите можни утврдени опасности и штетни влијанија;
- работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед и
- не се спроведени безбедносните мерки.

Член 95
(1) Работникот има право да одбие да работи доколку штетностите, наведени во
тековната Процена на ризик за конкретното работно место, не се отстранети или му се заканува
директна или индиректна опасност по личната или на соработниците безбедност и здравје при
работа.
(2) Тековната Процена на ризик мора да кореспондира со периодот на проверка на
здравјето на работниците.

Член 96
(1) Работникот, за својата одлука да одбие да работи, го известува претставникот на
вработените за безбедност и здравје при работа и/или синдикалниот претставник кој веднаш
презема активности за информирање на работодавачот за отстранување на претстојните ризици
на работното место, притоа консултирајќи го назначеното стручно лице за безбедност кај
работодавачот.
(2) Доколку работодавачот не ја отстрани опасноста или одбие да ги намали присутните
ризици на работното место, претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа
и/или синдикалниот претставник има право и обврска да го контактира надлежниот Државен
инспекторат за труд и да побара посредување.

Претставник на вработените за безбедност и здравје при работа /


Синдикален претставник

Член 97
Во спроведувањето на мерките за безбедност и здравје при работа, претставникот на
вработените за безбедност и здравје при работа и/или синдикалниот претставник има право и
обврска да:
- учествува и да даде мислење во планирање за унапредување на условите за работа,
воведување нова технологија во работниот процес;
- биде информиран за сите промени од влијание за безбедноста и здравјето на работникот;
- се грижи за примената на прописите и спроведувањето на мерките за безбедност и здравје
при работа;
- го информира и бара интервенција од инспекцискиот орган кога ќе оцени дека се загрозени
здравјето и животот на работникот, ако установата тоа го пропушти или одбива тоа да го направи;
- поднесе приговор на наодот на инспекцискиот орган и
- учествува и даде мислење во други случаи утврдени со колективен договор на ниво на
работодавач.

ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА И
ЗАБРАНА ЗА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО (МОБИНГ)

ЗАБРАНА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА
Член 98
(1) Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло,
национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет,
припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование,
религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст,

19
семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство, општествен
статус или која било друга основа.
(2) Прашањата кои се однесуваат на превенција и забрана од дискриминација, облици и
видови на дискриминација, како и на постапки за заштита од дискриминација, се уредуваат
согласно со Законот за спречување и заштита од дискриминација.
(3) Работодавачот е должен да ги преземе потребните мерки за превенција и забрана од
дискриминација, согласно законот наведен во ставот (2) на овој член.

ЗАБРАНА ЗА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО (МОБИНГ)


Член 99
(1) Забранет е секаков вид на вознемирување на работно место, како и злоупотреба на
правото на заштита при вознемирување на работно место.
(2) Правата, обврските и одговорностите на работодавачите и работниците во врска со
спречување на психичко и полово вознемирување на работното место, мерките и постапката за
заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на
спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место се уредени со Законот за заштита
од вознемирување на работно место.
(3) Работодавачот е должен да ги преземе потребните мерки за спречување и заштита на
работникот од вознемирување на работно место (мобинг) согласно законот наведен во ставот (2)
на овој член.

ПЛАТА, ДОДАТОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ

РАБОТНИ МЕСТА
Член 100
(1) Во јавните образовни установи од областа на основното образование, категориите и
нивоата на работни места на давателите на јавни услуги се утврдуваат согласно со Законот за
наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за
основното образование.
(2) Во јавните образовни установи од областа на основното образование, категориите,
нивоата и звањата на административните службеници се утврдуваат согласно со Законот за
основното образование и Законот за административни службеници.
(3) Во јавните образовни установи од областа на основното образование, подгрупите,
категориите и нивоата на работни места на помошно-техничките лица се утврдуваат согласно со
Законот за основното образование.

ПЛАТА
Член 101
(1) Работникот има право на плата, согласно со закон, овој договор и договор, односно
решение за вработување.
(2) Платата се пресметува најмалку еднаш месечно.
(3) Платата на работникот за претходниот месец се исплатува во паричен износ, најдоцна
до 15-ти во тековниот месец.

Член 102
Платата на работникот се состои од:
- основна плата и
- додатоци на плата.

20
Основна плата
Член 103
Основната бруто плата на работникот за полно работно време се утврдува така што
износот на најниската плата за најнизок степен на сложеност се множи со соодветниот
коефициент за степен на сложеност на работното место.
Член 104
(1) Најниската плата за најнизок степен на сложеност ја утврдуваат и објавуваат
потписниците на овој договор најмалку еднаш во календарската година.
(2) При утврдување на најниската плата се зема во предвид општото ниво на платите во
јавниот сектор, трошоците за живот во земјата, социјалните движења и другите социјални
состојби во земјата.
Член 105
(1) Со оглед на начинот на организација и реализација на интегрираните предмети во
одделен временски период, наставниците може да имаат неделно повеќе од 20 наставни часа, а
во друг период помалку од 20 наставни часа неделно.
(2) На наставниците од ставот (1) на овој член, им се пресметува месечна плата која им
е утврдена во договорот за вработување, односно во решението за распоредување на работно
место, без оглед на начинот на организација и реализација на наставата во одделни периоди во
текот на наставната година.
Член 106
(1) Коефициентите на сложеност на работите се определуваат во зависност од
сложеноста и обемот на работите на работното место и потребните знаења и вештини.
(2) Сложеноста на работите за одредено работно место се утврдува во групи и подгрупи
со следните коефициенти:
подгрупа
група

Назив на работно место коефициент

I Општ работник 1.000


II I Хигиеничар 1.301
II I Чувар 1.301
II II Перачка 1.421
II II Серверка-садомијачка 1.421
III Ложач-ракувач на парни котли 1.601
IV I Економ-домаќин 1.781
IV I Готвач 1.781
IV I Хауз-мајстор 1.781
IV II Возач 1.902
V Благајник 1.902
V Технички секретар 1.902
V Негувател 1.902
VI Технички секретар кој врши благајнички и други слични работи 2.022
Благајник кој врши и административни и слични работи и
VI 2.022
сметководител со ССС
VII 1 Секретар 2.503
VII 1 Воспитувач 2.503

21
VII 1 Советник за сметководствени работи (сметководител) со 240 ЕКТС 2.503
VII 2 I Наставник-приправник 2.253
VII 2 I Стручен соработник-приправник 2.253
VII 2 II Наставник-приправник во основно училиште со ресурсен центар 2.415

VII 2 II Наставник-приправник во училишта за уметничко образование кои 2.415


изведуваат индивидуална и групна настава
Стручен соработник-приправник во основно училиште со ресурсен
VII 2 II 2.415
центар
VII 2 III Наставник 2.503
VII 2 III Стручен соработник 2.503
VII 2 IV Наставник во основно училиште со ресурсен центар 2.683

VII 2 IV Наставник во училишта за уметничко образование кои изведуваат 2.683


индивидуална и групна настава
VII 2 IV Стручен соработник во основно училиште со ресурсен центар 2.683
VII 2 V Наставник-ментор 2.803
VII 2 V Стручен соработник-ментор 2.803
VII 2 VI Наставник-ментор во основно училиште со ресурсен центар 2.984

VII 2 VI Наставник-ментор во училишта за уметничко образование кои 2.984


изведуваат индивидуална и групна настава
VII 2 VI Стручен соработник-ментор во основно училиште со ресурсен центар 2.984
VII 2 VII Наставник-советник 3.104
VII 2 VII Стручен соработник-советник 3.104
VII 2 VIII Наставник-советник во основно училиште со ресурсен центар 3.284

VII 2 VIII Наставник-советник во училишта за уметничко образование кои 3.284


изведуваат индивидуална и групна настава
Стручен соработник-советник во основно училиште со ресурсен
VII 2 VIII 3.284
центар

Член 107
Делот на плата за работниот стаж на вработениот се вреднува во износ од 0,5% за секоја
навршена година работен стаж, а најмногу до 20%.

ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА

Член 108
(1) Работникот има право на следните додатоци на плата:
- додаток на плата за ноќна работа;
- додаток на плата за прекувремена работа;
- додаток на плата за работа за време на празници утврдени со закон и
- додаток на плата за работа во недела.
(2) Додатокот на плата за ноќна работа по час се вреднува во износ од 40% од износот на
основната плата по час.
(3) Додатокот на плата за работа подолго од полното работно време се вреднува во износ
од 50% од износот на основната плата по час.

22
(4) Додатокот на плата за празници утврдени со закон се вреднува во износ од 50% од
износот на основната плата по час.
(5) Додатокот на плата за работа во недела е утврден во Законот за работните односи.
(6) Додатоците на плата од ставот (1) на овој член меѓусебно не се исклучуваат.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОДАТОЦИ

Член 109
Поради видот, природата и сложеноста на работите што се извршуваат, како и поради
тежината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат, работникот - член на
Синдикатот, има право на дополнителни додатоци на плата.

Член 110
(1) Работникот - член на Синдикатот, кој работи на работно место наставник или
воспитувач, има право на додаток на плата за одделенско раководство со коефициент 0,120.
(2) Работникот - член на Синдикатот, кој работи на работно место наставник или
воспитувач во одделенска настава со продолжен престој, има право на додаток на плата со
коефициент 0,075.
(3) Работникот - член на Синдикатот, кој работи како стручен соработник,
административен работник или помошно -техничко лице, во основно училиште со ресурсен
центар, има право на додаток на плата со коефициент 0,120.
Член 111
Работникот – член на Синдикатот, кој работи на работно место наставник, а кој
реализира наставен час над полниот фонд на часови, утврден во Законот за наставниците и
стручните соработници за основните и средните училишта, има право на додаток на плата со
коефициент 0,180 по наставен час, најмногу до четири наставни часа над полниот фонд на часови
утврден со закон.

Член 112
Работникот – член на Синдикатот, кој работи на работно место наставник, во основно
училиште каде се вклучени ученици со попреченост (ученици кои имаат стручна проценка на
функционирање според МКФ со препорака за следење на настава по ИОП или модифицирана
програма), има право на додаток на плата за:
- одделенска настава - коефициент 0,075;
- предметни наставници во предметна или одделенска настава - коефициент до 0,075 по
наставен час, сразмерно на бројот на часови.

Член 113
Работникот – член на Синдикатот, кој работи на работно место наставник или
воспитувач во комбинирана паралелка, има право на додаток на плата и тоа за:
- работа во комбинирана паралелка со две одделенија - коефициент 0,120;
- работа во комбинирана паралелка со три одделенија - коефициент 0,150.

Член 114
(1) Работникот – член на Синдикатот, кој работи во основно училиште во ридско-
планински подрачја, има право на додаток на плата и тоа за:
- училишта во прва категорија (до училиштето нема асфалтиран пат и работникот мора дел
или целата релација да пешачи) - коефициент 0,400;
- училишта во втора категорија (до училиштето има асфалтиран пат, но е во лоша состојба
и може да се стигне само со теренско возило) - коефициент 0,240;
- училишта во трета категорија (сите останати во ридско - планинско подрачје) - коефициент
0,080.
(2) Доколку работникот живее во истото место, не му следува додатокот од ставот (1) на
овој член.

23
(3) Категоризацијата во прва, втора или трета категорија на основното училиште, ја врши
основачот на основното училиште, со донесување на посебен акт.
Член 115
(1) Работникот – член на Синдикатот, кој работи на работно место наставник, има право
на додаток на плата за раководење со подрачно училиште со паралелки од прво до деветто
одделение, со коефициент 0,120.
(2) Раководителот на подрачно училиште реализира настава согласно бројот на наставни
часови за кои има решение /договор за вработување.

Член 116
Работникот – член на Синдикатот, кој работи на работно место наставник и е назначен
за IB - координатор, има право на додаток на плата, со коефициент 0,120.

НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА

Член 117
Надоместоците на плата поврзани со работата, на работникот му се пресметуваат и
исплатуваат согласно закон и колективен договор.
Член 118
Работникот има право на надоместок на следните трошоци поврзани со работата за:
- превоз до и од работното место;
- патни, дневни и други трошоци за службено патување во земјата и во странство, врз основа
на налог за службено патување;
- службено патување како придружник на ученици (екскурзии, натпревари и слично);
- одвоен живот од семејството;
- селидба за потребите на работодавачот;
- користење на сопствено возило за потребите на работодавачот;
- смрт на работникот или смрт на член од потесното семејство на работникот (родител,
брачниот другар и децата родени во брак или надвор од брак, посиноците, посвоените деца и
децата земени на издржување);
- непрекинато боледување подолго од шест месеци;
- регрес за годишен одмор;
- отпремнина при одење во пензија;
- вршење на дополнителни работи и работни задачи надвор од систематизираното работно
место;
- јубилејни награди и
- други надоместоци во согласност со закон и колективен договор.

Надоместок на трошоци за превоз до и од работното место

Член 119
1) Работникот - член на Синдикатот, има право на надоместок за превоз до и од
работното место, во случај кога далечината е поголема од 20 км во еден правец.
(2) Надоместокот од ставот (1) на овој член се пресметува во висина на стварни трошоци
во јавниот сообраќај.
(3) По исклучок на ставот (2) на овој член, доколку нема јавен сообраќај, надоместокот
од ставот (1) на овој член се пресметува во висина на стварни трошоци во јавниот сообраќај,
зголемени за 50%.
(4) За време на отсуство од работа, на работникот не му припаѓа надоместок на трошоци
за превоз до и од работното место.
(5) Надоместокот за превоз го исплаќа Министерството за образование и наука, преку
блок дотациите што се наменети за функционирање на установите од член 1 од овој договор.

24
Надоместок на трошоци за патни, дневни и други трошоци за службено патување во
земјата и во странство, врз основа на налог за службено патување

Член 120
(1) Кога работникот - член на Синдикатот се упатува на службено патување, по налог на
работодавачот, заради вршење на определени службени работи надвор од местото на вршење на
работите и задачите, во земјата и во странство, му припаѓа надоместок на трошоци за превоз,
сместување, исхрана и дневница.
(2) Дневницата за службено патување се пресметува од часот на тргнување на
работникот на службеното патување до часот на враќање со превозно средство и тоа:
- целосна дневница, ако патувањето трае повеќе од 12 часа и
- 50% од износот на дневницата за службено патување кое траело од 8 до 12 часа.
(3) Доколку работникот во ист ден, дел од работното време го помине на работното
место, а дел е на службен пат, но помалку од 8 часа, часовите поминати на службен пат над
полното работно време му се сметаат за прекувремена работа.
(4) Вредноста на една дневница изнесува 8% од просечната месечна нето плата по
работник во Република Северна Македонија, исплатена во претходниот месец.
(5) Трошоците за службено патување се на терет на работодавачот, согласно овој
договор.

Надоместок за службено патување (екскурзии, натпревари и слично)

Член 121
(1) Доколку работникот - член на Синдикатот се упатува на службено патување како
придружник на ученици, (екскурзии, натпревари и слично) има право на соодветна дневница.
(2) Вредноста на една дневница изнесува 8% од просечната месечна нето плата по
работник во Република Северна Македонија, исплатена во претходниот месец.

Надоместок на трошоци за одвоен живот

Член 122
(1) Доколку работникот - член на Синдикатот, работи во установа или во училиште
кадешто е приморан заради спецификите на местоположбата на установата (одалеченост) да
престојува пет дена во неделата, работодавачот му обезбедува комунални и просторни услови
за нормално живеење, како и надоместок на плата во висина од 15% од основната бруто плата.
(2) На работникот му следуваат трошоци за превоз до и од работното место, но не повеќе
од осум пати во текот на еден месец.
(3) Надоместокот од ставот (1) на овој член меѓусебно се исклучува со надоместокот од
член 120 од овој договор.

Надоместок на трошоци за селидба за потребите на работодавачот

Член 123
(1) На работникот, кој заснова работен однос за потребите на работодавачот, надвор од
неговото живеалиште, му следува надоместок за селидбени трошоци во висина на реални
трошоци на селењето.
(2) Надоместокот за селидбени трошоци и надоместокот за одвоен живот од семејството
меѓусебно не се исклучуваат.

25
Надоместок на трошоци за користење на сопствено возило за потребите на работодавачот

Член 124
Работникот - член на Синдикатот, има право на надоместок на трошоци за користење на
сопствено возило, за потребите и по налог на работодавачот, во висина од 30% од цената на 1
литар гориво по поминат километар, со патен налог одобрен од страна на одговорното лице.

Надоместок за смрт на работникот или смрт на член од потесното семејство на


работникот

Член 125
(1) Во случај на смрт на работникот или смрт на член на неговото потесно семејство
(родител, брачниот другар и децата родени во брак или надвор од брак, посиноците, посвоените
деца и децата земени на издржување), му се исплатува парична помош согласно со Законот за
извршување на буџетот на Република Северна Македонија.
(2) Надоместокот од ставот (1) на овој член се исплаќа по претходно доставено барање
со комплетирана документација во годината на настапување на смртта, односно во годината што
следи по годината на настапување на смртта.
(3) Надоместокот од ставот (1) на овој член на работникот му следува за смрт на секој
член од неговото потесно семејство во текот на една календарска година.

Надоместок на трошоци за непрекинато боледување подолго од шест месеци

Член 126
(1) Во случај на непрекинато боледување подолго од шест месеци, на работникот му се
исплатува еднократна парична помош согласно со Законот за извршување на буџетот на
Република Северна Македонија.
(2) Парична помош од ставот (1) на овој член на работникот му се исплаќа еднократно.

Надоместок за регрес за годишен одмор

Член 127
(1) Работникот – член на Синдикатот, има право на надоместок за регрес за годишен
одмор.
(2) Висината на регресот за годишен одмор изнесува минимум 50% од просечната
исплатена бруто плата по работник во Република Северна Македонија, исплатена во
претходната година, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската
година кај ист работодавач.
(3) Регресот за годишен одмор се исплаќа еднаш во текот на годината, од сметката на
Министерството за образование и наука, преку блок дотациите што се наменети за
функционирање на установите од член 1 од овој договор.

Отпремнина при одење во пензија

Член 128
Работникот има право на отпремнина при одење во пензија согласно со Законот за
извршување на буџетот на Република Северна Македонија.

Надоместок за вршење на дополнителни работи и работни задачи


надвор од систематизираното работно место

Член 129
(1) Во текот на траењето на работниот однос, работникот може покрај работите и
задачите од неговото работно место, да извршува и дополнителни работи и работни задачи, кои

26
се надвор од систематизираното работно место, врз основа на писмен акт донесен од страна на
работодавачот или од него овластено лице, се додека траат причините, за период не подолг од
30 дена во текот на една календарска година, во случај:
- кога треба да се замени привремено отсутен работник;
- кога е зголемен обемот на работа воопшто;
- во случај на елементарна непогода која се случила или која се заканува.
(2) По исклучок, доколку за тоа постои согласност од двете страни, работите од ставот
(1) на овој член можат да се извршуваат и во подолг временски период.
(3) На работникот во ниту еден случај не може да му се наложи да врши други работи и
работни задачи кои не влегуваат во описот на неговото работно место ако:
- работата може да ја изврши работник кој што е распореден на соодветното работно место;
- работата може да се заврши со прераспределба на работното време на лицата кои веќе ја
работат работата;
- работата не е итна, до враќање на отсутниот работник.
(4) Работникот – член на Синдикатот, во случаите од ставот (1) на овој член, има право
на надоместок на плата во висина од 15% од износот на неговата основна плата.
(5) Надоместокот се исплаќа од сметка на работодавачот.

Јубилејни награди

Член 130
(1) Работникот – член на Синдикатот, има право на јубилејна награда за непрекината
работа кај ист работодавач и тоа за:
- 10 години работа во висина од една просечна месечна плата;
- 20 години работа во висина од две просечни месечни плати;
- 30 години работа во висина од три просечни месечни плати;
- 40 години работа во висина од четири просечни месечни плати.
(2) Работодавачот го исплаќа надоместокот за јубилејната награда во висина на
исплатена просечната месечна нето плата во Република Северна Македонија, исплатена во
претходната година, објавена од Државниот завод за статистика на Република Северна
Македонија.

ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ

Надоместок за време на привремена неспособност за работа

Член 131
(1) Ако кај работникот настапи привремена неспособност за работа поради болест и
повреда, има право на надоместок на плата во висина утврдена со закон и овој договор.
(2) Надоместокот на плата за првите 30 дена спреченост за работа го утврдува и
исплатува работодавачот од своите средства, а над 30 дена Фондот за здравствено осигурување.
(3) За првите 30 дена спреченост за работа, работникот – член на Синдикатот, има право
на надоместок на плата во висина од:
- 70% за период до седум дена;
- 80% за период до 15 дена;
- 90% за период до 21 ден и
- 100% за период до 30 дена.
(4) Во случаи на спреченост за работа поради професионални болести утврдени во
Правилникот за листата на професионалните болести, повреди на работа, давање на крв и за
други случаи утврдени со закон, надоместокот се утврдува во висина од 100% од основицата на
надоместокот на плата.
(5) Работникот - член на Синдикатот, кој отсуствува од работа поради болест
предизвикана од епидемија/изолација од заразна болест, како и поради постоење на важечки

27
мерки за заштита и спречување на ширење на зараза, има право на надоместок на плата во висина
од 100% од неговата основна плата.

Надоместок на плата во случаите на отсутност од работа

Член 132
Работодавачот е должен на работникот да му исплати надоместок на плата, во случаи на
отсутност од работа поради користење на годишен одмор, платен вонреден одмор, со закон
определени празници и од работа слободни денови, специјализирана обука за стручно
усовршување или дообразување за потребите на работодавачот, за време на извршување на
синдикални активности, како и во случаи кога работникот не работи од причини на страна на
работодавачот, а во висина на платата што би ја примал во тековниот месец кога би бил на
работа.

ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 133
(1) Работодавачот задолжително обезбедува редовно и навремено информирање на
работниците согласно со Законот за работните односи, Општиот колективен договор за јавниот
сектор и овој договор, и тоа за:
- годишна програма за работа;
- годишни финансиски планови и извештаи, како и завршна сметка;
- значајни решенија што влијаат на економската и социјалната положба на работниците;
- инвестициони вложувања од приходи на училиштето, донации, спонзорства и слично, како
и годишни извештаи за користење на средствата од донации, спонзорства и од средствата
добиени од сопствени приходи;
- нацрти, односно предлози на акти со кои се уредуваат одредени прашања од областа на
работните односи во дејноста основно образование;
- организациони промени;
- предлог-одлуки со кои се уредуваат правата на работниците;
- платите, придонесите и додатоците на плата, како и другите примања на работникот;
- спроведување на мерките и прописите за заштита на работата и работната средина.
(2) Информирањето на работниците се врши лично, преку Органот на управување или
Синдикатот, писмено, електронски или на огласна табла.
СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ НА РАБОТНИЦИТЕ
Член 134
(1) Работникот има право на образование, дошколување, стручно оспособување и
усовршување во зависност од процесот на работа, согласно со Законот за вработените во јавниот
сектор, Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта,
Законот за административни службеници, општите прописи за работни односи и овој договор.
(2) Во согласност со потребите на установата, работодавачот е должен да му обезбеди на
работникот образование, дошколување, оспособување или усовршување, а работникот има
право и сам да се пријави.
(3) Доколку образованието, дошколувањето, стручното оспособување и усовршување е
организирано од страна на работодавачот, за време на работното време, времето поминато за тоа
се смета во редовно работно време, така што работникот ги има истите права како да бил на
работа.
(4) Работодавачот е должен да овозможи рамномерна застапеност на работниците до
сите видови и степени на стручно оспособување и образование.

Член 135
(1) На работникот кој се оспособува во интерес на работодавачот и кој е упатен на
образование му припаѓа надоместок на трошоците поврзани со образованието, и тоа за:

28
- превоз;
- котизација и школарина;
- трошоци за исхрана и
- трошоци за престој.
(2) Меѓусебните права и обврски меѓу работникот упатен на образование и
работодавачот се утврдуваат со посебен договор.
(3) Работодавачот е должен, работникот кој е упатен на образование, да го распореди на
работно место согласно добиеното образование, во период утврден со договорот.
(4) Доколку работодавачот не ги исполни обврските од договорот за образование,
работникот е ослободен од своите обврски што произлегуваат од тој договор.
(5) Доколку работникот не ги исполни своите обврски од договорот, должен е на
работодавачот да му ги надомести сите трошоци поврзани со образованието, освен во случај на
отсуство од оправдани причини, утврдени во член 79 и член 81 од овој договор.

УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ДЕЛУВАЊЕ НА СИНДИКАТОТ


Член 136
(1) Работодавачот е должен да создаде услови за работа на Синдикатот, односно
синдикалната организација, во врска со заштитата на правата од работен однос на работниците
и вршење на основната синдикална дејност согласно со закон и овој договор.
(2) Активностите на Синдикатот, односно синдикалната организација и нејзините
членови не може да се ограничат со акт на установата.

Член 137
Работодавачот е должен, согласно со закон и овој договор, да создаде услови за работа и
дејствување на Синдикатот, односно синдикалната организација во установата и на барање на
синдикалниот претставник во установата или овластениот синдикален претставник од повисок
облик на синдикално организирање, да:
достави податоци и информации за сите прашања што имаат влијание врз материјалната и
социјалната положба и остварување на правата од работен однос на работниците - членови на
Синдикатот;
- ги разгледа мислењата и предлозите на синдикалниот претставник во постапка за
донесување одлуки, решенија и други акти што имаат влијание на материјалната и социјалната
положба на работниците - членови на Синдикатот и по истите да се произнесе;
- овозможи непречено комуницирање со Органот на управување во установата и други лица
овластени од директорот и да учествува на нивните состаноци кога се работи за материјалната
и социјалната положба на работниците;
- му дозволи пристап кон објектите и работните места на работниците кога тоа е потребно
за остварување на функциите на Синдикатот и непречено комуницирање со членството;
- да овозможи стручни, административни и технички услови за работа на Синдикатот;
- му овозможи увид во документацијата на пресметка на плати, уплата на придонеси, данок
на плати и додаток на плати за работниците - членови на Синдикатот, по нивно претходно
барање и согласност.

Член 138
(1) Работодавачот е должен за Синдикатот да обезбеди пресметка и уплата на синдикална
членарина, по доставување на писмено известување од Синдикатот, односно синдикалната
организација.
(2) Синдикалната членарина се одбива при исплатата на плата, како задршка од истата.
(3) Работодавачот е должен при исплата на плата да врши задршка и уплата на личните
обврски на членот на Синдикатот (кредит, набавка на производи и услуги на рати преку
Синдикатот итн.).
(4) Членарината од членовите на синдикалната организација, работодавачот ја
распределува согласно Статутот и другите акти на Синдикатот.

29
(5) Синдикалниот претставник, по зачленување на работникот во Синдикатот, ја
известува службата за финансиски прашања која е должна да ја пресметува и уплатува
членарината.
(6) Доколку синдикалниот претставник или претставникот на повисоко ниво уредно и
навремено достави писмено известување за задршки од плата, работодавачот не смее да одбие
задршка и уплата на синдикална членарина од платата на работникот.
(7) Работодавачот не смее да ја запре исплатата на синдикалната членарина од платата
на работникот доколку тој лично и непосредно се обрати кај работодавачот.
(8) Работодавачот може да ја запре задршката и уплатата на членарината на одреден
работник само со претходно писмено известување од Синдикатот, односно синдикалната
организација.

Член 139
На овластениот синдикален претставник од повисок облик на синдикално организирање,
кој е вработен или не е вработен кај работодавачот, работодавачот мора да му овозможи
непречена комуникација со членството и непречена реализација на други синдикални
активности.

Член 140
(1) На синдикалниот претставник, од страна на Органот на управување во установата, му
се доставуваат покани со материјали за работа и му се овозможува учество на состаноците, без
право на глас, кога се одлучува за материјалната и социјалната положба на работниците и
правата од работен однос.
(2) Работодавачот е должен да побара мислење од синдикалниот претставник во
установата, да го разгледа неговото мислење и да го земе во предвид при донесувањето на
одлуки и решенија за остварување на правата на работниците.
(3) Синдикалниот претставник задолжително доставува мислење во постапка на
донесување на одлуки и решенија кои имаат влијание врз материјалната и социјалната положба,
односно во остварувањето на правата на работниците, во рок од пет работни дена.
Член 141
(1) Директорот е должен да го прими на разговор синдикалниот претставник, на негово
барање и со него да ги разгледа прашањата во врска со синдикалните активности и оние што се
од интерес на вработените.
(2) Директорот е должен да ги разгледа предлозите, иницијативите, мислењата и барањата
во врска со остварувањето на правата на вработените и за заземените ставови да го извести
синдикалниот претставник.

Член 142
(1) На барање на Синдикатот, односно на синдикалниот претставник во установата или
овластениот синдикален претставник од повисок облик на синдикално организирање,
работодавачот, без надомест, им овозможува и обезбедува стручни, административни и
технички услови за работа, заради остварување на синдикалните активности и тоа:
- простор за работа и одржување на синдикални состаноци, како и користење на сала за
состаноци, кои по правило се одржуваат кон крајот на работното време, со претходна најава до
одговорното лице кај работодавачот;
- користење на телефон, интернет, умножување и печатење на материјали, во текот на
работното време на установата;
- слобода на синдикално информирање и распределба на синдикален печат;
- други услови неопходни за функционирање на Синдикатот, односно синдикалната
организација.
(2) Директорот и синдикалниот претставник може со договор да го уредат
обезбедувањето на технички и админстративни услови за остварување на синдикалните
активности.

30
Член 143
Синдикалните состаноци во текот на работното време во установата, во договор со
директорот, се организираат и одржуваат на начин и во време кое не го попречува работењето
на установата.

Член 144
(1) На синдикалниот претставник, заради синдикална активност, во согласност со
Статутот на СОНК (синдикално оспособување и ефикасно вршење на функциите на
синдикалната организација и повисоките облици на синдикално организирање, синдикални
состаноци, курсеви, семинари, конгреси, конференции и сл.), како и за функцијата претставник
на работниците за безбедност и здравје при работа, не може да му се намали платата и фондот
на часови, не може да се води дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска
одговорност или да му се откаже договорот за вработување, согласно со закон и овој договор.
(2) Синдикалниот претставник е заштитен од отказ согласно закон.
(3) Заштитата од отказ, за синдикалниот претставник од ставот (1) на овој член, трае за
времетраење на мандатот и најмалку две години по престанување на мандатот.

Член 145
(1) На работник, кој е избран или именуван на синдикална функција, утврдена со
Статутот на СОНК (Претседател и Генерален секретар), а чие вршење бара привремено да
престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос, за што склучува нов договор
за вршење на функција со новиот работодавач и добива решение за мирување на работен однос
од претходниот работодавач.
(2) По престанувањето на функцијата што ја вршел, работникот има право, во рок од
седум дена да се врати во установата и да биде распореден на истото работно место.
(3) Доколку истото работно место е пополнето, работодавачот е должен да го распореди
на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, во согласност со неговото звање.

Член 146
(1) Синдикатот има право, на секои 1000 членови, да назначи по едно професионално
лице за претседател на Регионален одбор, од редовите на своите членови, заради извршување на
координативните, административните, организациските и финансиските работи на Синдикатот
на одредено подрачје, односно Регион.
(2) За времето додека ги извршува работите, лицето од ставот (1) на овој член, со
решение на работодавачот е ослободено од работните обврски.
(3) Работодавачот е должен да му исплатува плата и придонеси од плата на лицето од
ставот (1) на овој член, во висина на платата која истото ја остварувал до моментот на неговото
назначување.
(4) По престанувањето на функцијата што ја вршел, работникот има право, во рок од
седум дена да се врати во установата и да биде распореден на истото работно место.
(5) Доколку истото работно место е пополнето, работодавачот е должен да го распореди
на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка, во согласност со неговото звање.

Член 147
(1) Синдикалниот претставник кај работодавачот, за време на вршењето на својата
должност во Синдикатот и две години по нејзиното престанување, не може да биде распореден
во рамките на ист работодавач или преместен кај друг работодавач без негова согласност, како
и да му престане работниот однос поради деловни причини (економско- технолошки,
структурални и слични промени).
(2) На синдикалниот претставник кај работодавачот, кој реализира настава и на кој во
меѓувреме му се намалил фондот на часови, не смее да му се намали платата, за време на
вршењето на својата должност во Синдикатот и две години по нејзиното престанување.

31
Член 148
(1) Доколку на работникот - член на Синдикатот, кој има најмногу пет години пред
исполнување на условите за остварување на право на старосна пензија, му се намали постојниот
фонд на часови, не може да му се намали платата по тој основ.
(2) Доколку на ниво на работодавач, работникот од ставот (1) на овој член, не може да
го задржи постојниот фонд на часови, основачот треба да му обезбеди часови на ниво на
општина.

Член 149
Синдикалната организација е должна писмено да го извести директорот за избраниот
синдикален претставник во рок од седум работни дена по изборот.

Член 150
(1) На синдикалниот претставник и на членовите на Синдикатот им се овозможува
платено отсуство од работа за синдикално оспособување и ефикасно вршење на функциите на
синдикалната организација и повисоките облици на синдикално организирање (синдикални
состаноци, курсеви, семинари, конгреси, конференции и сл.) по претходно доставена покана од
организаторот.
(2) Ослободувањето од работните обврски од ставот (1) на овој член се врши по
претходно писмено или електронско известување до директорот или до овластено лице од
директорот, со прилог покана за настан.

Член 151
(1) Министерството за образование и наука активно го вклучува Синдикатот во процесот
на подготвување на закони, подзаконски прописи и други акти кои се однесуваат на правата,
обврските и одговорностите од работен однос на работниците во установите од дејноста основно
образование.
(2) Министерството за образование и наука активно го вклучува Синдикатот, преку
негови претставници, во работни групи, семинари, округли маси, организирани од
министерството.

ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК

Член 152
(1) Штрајк е организиран прекин на работа на работниците заради остварување на
економските и социјалните права и интереси по основ на работа.
(2) Работникот слободно одлучува за своето учество во штрајк.

Член 153
(1) Правото на штрајк се остварува под услови утврдени со закон, Општиот колективен
договор за јавниот сектор, овој договор, Упатството и актите на Синдикатот за организирање и
водење на штрајк.
(2) Правото на штрајк се остварува под услов барањата на работниците да не се решат
со:
- преговори со раководниот орган, органот на управување и државните органи;
- посредување за остварување на барањата;
- колективно договарање.

Член 154
(1) Ако барањата на работниците не се решат согласно член 153 од овој договор,
Синдикатот ќе побара изјаснување на работниците - членови на Синдикатот за стапување во
штрајк.
(2) Штрајкот го организира и води Синдикатот - потписник на овој договор.

32
Член 155
(1) Пред започнување на штрајк, страните се должни да отпочнат постапка за
помирување, согласно со Законот за мирно решавање на работните спорови.
(2) Страните во постапката за помирување учествуваат со добра волја и преземаат
дејствија за надминување на причините за штрајк.

Член 156
(1) Штрајкот може да се организира кај работодавачот, во дел од установата, во дејност
или како Генерален штрајк.
(2) Синдикатот донесува одлука за стапување во штрајк.
(3) Со одлуката за стапување во штрајк се утврдуваат барањата на работниците, времето
на почетокот на штрајкот и местото на собирање на учесниците во штрајкот, при што се формира
орган што ги застапува интересите на работниците и во нивно име го води штрајкот (во
натамошниот текст: штрајкувачки одбор).
(4) Штрајкувачки одбор е синдикалното раководство, но во него може да се кооптираат
и други членови под услов да се членови на Синдикатот.
(5) Штрајкот мора да биде писмено најавен кај работодавачот, најдоцна пет дена пред
денот одреден за почеток на штрајкот, со доставување на Одлука за стапување во штрајк.
(6) Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да бидат наведени причините за
штрајкот, местото на одржување на штрајкот, времетраењето, денот и времето на почетокот на
штрајкот.
(7) Одлуката за стапување во штрајк се доставува до ресорното министерство и до
основачот на установата.
(8) Штрајкот се одржува во установата, во работно време и простории кои ќе ги
определат претседателот на штрајкувачкиот одбор и директорот на установата.
(9) За време на штрајкот, во установата се извршуваат работи кои се нужни за
функционирање на установата и тоа хигиенско - технички работи, кои се итни и неодложни, како
и работи кои се поврзани со безбедност на лицата и објектот, согласно правилата за производно
одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк.
(10) Правилата за производно одржувачки и нужни работи се донесуваат спогодбено од
страна на Синдикатот и работодавачот.
(11) Штрајкувачкиот одбор и работниците кои учествуваат во штрајкот се должни да го
организираат и водат штрајкот на начин со кој не се загрозува безбедноста и здравјето на лицата
и имотот.
(12) Штрајкот мора да биде организиран на начин со кој нема да се оневозможува или
попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за работниците кои не
учествуваат во штрајкот и нема да се забрани влез на работниците и на одговорните лица во
деловните простории на работодавачот.

Член 157
(1) Во штрајкот, по пат на солидарност, може да учествуваат и работници кои не се
членови на Синдикатот, со писмена изјава до синдикалниот претставник и директорот на
установата.
(2) Работниците кои ќе пристапат кон штрајкот, по пат на солидарност, во установата
или кај друго правно лице, за време на штрајкот ќе ги имаат истите права и обврски како и
членовите на Синдикатот.

Член 158
Штрајкот престанува со спогодба на субјектите кои донеле одлука за штрајк и органите
до кои таа одлука е доставена или со одлука на Синдикатот, односно работниците кои донеле
одлука за стапување во штрајк.

33
Член 159
Организирање на штрајк, односно учество во штрајк, под условите утврдени со закон и
овој договор, не претставува повреда на работната обврска, не може да биде основ за
распоредување на работникот на друго работно место, покренување на постапка за утврдување
на дисциплинска и материјална одговорност на работниците и не може за последица да има
престанок на работниот однос на работниците.

Член 160
(1) Работодавачот не може да го ограничи правото на штрајк, директно или индиректно
да влијае на волјата на работниците, ниту пак, преку други лица да презема активности за
спречување на штрајкот.
(2) Доколку веќе започнатиот штрајк се прогласи за незаконски, работодавачот не смее
да донесе одлука за отказ на ниту еден работник по основ на учество во штрајкот.

Член 161
(1) Работодавачот е должен да исплати плата за време на штрајк, за работниците кои
учествувале во штрајкот, во висина на нивната основна плата, доколку Синдикатот организирал
штрајк заради кршење на правата на работниците, утврдени со закон, колективен договор или
акт на работодавачот.
(2) Работодавачот е должен да исплати плата за време на штрајк, за работниците кои
учествувале во штрајкот, во висина соодветна на придонесите и даноците од плата кои ќе се
исплатат во износ утврден со посебните прописи на минимална основица за плаќање на
придонесите, доколку Синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на
работниците.
Член 162
Учесниците во штрајкот треба да изразат достоинствено и демократко однесување и да
спречат секаков обид на насилство и недисциплина во спроведување на штрајкот.

ДИСЦИПЛИНСКА ОДГОВОРНОСТ

Дисциплинска постапка за даватели на јавни услуги и помошно – технички лица

Член 163
(1) Работникот е лично одговорен за вршењето на работите и работните задачи од
работното место.
(2) За повреда на службената должност, работникот од ставот (1) на овој член, одговара
дисциплински, за:
- дисциплинска неуредност и
- дисциплински престап.
Дисциплинска неуредност

Член 164
Дисциплинската неуредност претставува полесна повреда на работната дисциплина,
работните задачи, угледот на установата или на работникот, и тоа:
- непочитување на работното време, распоредот и користењето на работното време;
- неуредно чување на службените списи и податоци;
- недоаѓање на работа два работни дена во текот на една календарска година без
оправдување;
- неизвршување, несовесно, ненавремено или небрежно вршење на работните задачи со
полесни последици од повредата;
- непристојно однесување на работникот при вршење на работа и работни задачи со полесни
последици од повредата;
- недомаќинско користење и употреба на доверените финансиски средства и средствата за
работа;

34
- доаѓање на работа во неуредна и непристојна облека;
- ненавремено известување или неизвестување за спреченоста за недоаѓање на работа,
најдоцна во рок од 12 часа;
- неосновано одбивање на стручно оспособување и усовршување на кое работникот се
упатува.

Член 165
Со одлука за утврдена дисциплинска неуредност, на давателите на јавни услуги и
помошно - техничките лица во установата, може да им се изрече една од следните дисциплински
мерки:
- писмена опомена и
- парична казна во висина од 5% од висината на едномесечниот износ на нето плата,
исплатена во последниот месец пред дисциплинската неуредност, во траење од еден до три
месеци.
Член 166
Дисциплинските мерки за дисциплинска неуредност на работникот ги изрекува
директорот на установата.

Член 167
Опомената, која директорот на установата му ја испратил на работникот поради кршење
на обврските од работен однос, се брише од евиденцијата на установата по истекот на две години
од врачувањето и на ниту еден начин по истекување на наведениот рок не може да се искористи
против работникот, доколку во предвидениот рок не извршил друга повреда на обврските од
работен однос.

Дисциплински престап

Член 168
Дисциплински престап претставува потешка повреда на службената должност,
работната дисциплина, угледот на установата или угледот на работникот, и тоа:
- непристојно однесување на работникот при вршење на работата и работните задачи со
потешки последици од повредата;
- искажување и застапување на политичко уверување во вршењето на работните задачи,
учество во изборни активности или други јавни настапи од таков карактер во текот на работното
време, доведување во прашање на својот статус со вршење на партиски активности, носење или
истакнување на партиски симболи во работната просторија;
- незаконито располагање со материјалните и финансиските средства;
- одбивање на вршење на работните задачи поврзани со работното место на кои е
распореден;
- одбивање на писмена наредба за извршување на работните задачи поврзани со работата на
установата, издадена од непосредно претпоставениот, односно раководното лице на установата,
во случај на неодложна потреба;
- непреземање или нецелосно преземање на пропишаните мерки за осигурување на
безбедноста на доверените предмети за работа;
- предизвикување на материјална штета со намера или од крајно невнимание;
- повторување на дисциплинска неуредност повеќе од два пати во тековната година;
- примање на подароци или друг вид на корист;
- злоупотреба на доверените овластувањата во вршењето на работните задачи;
- злоупотреба на боледување;
- злоупотреба на лични податоци;
- злоупотреба на доверливи податоци;
- одавање на класифицирана информација со степен на тајност утврдена со закон;
- внесување и употреба, како и работење под дејство на алкохол или наркотични средства;

35
- непридржување кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа,
пожар, експлозијa, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и на прописите за
заштита на животната средина;
- навредливо или насилничко однесување на работното место;
- однесување спротивно на одредбите на Кодексот.

Член 169
Со одлука за утврден дисциплински престап, на давателите на јавни услуги и помошно-
техничките лица во установата, може да им се изрече една од следните дисциплински мерки:
- парична казна во висина од 10% од висината на едномесечниот износ на нето плата,
исплатена во последниот месец пред дисциплинскиот престап, во траење од еден до четири
месеци и
- престанок на работниот однос кога настапиле штетни последици за установата, по
претходно изречени две дисциплински мерки за дисциплинска неуредност, а притоа не се
утврдени олеснителни околности за работникот кој го сторил престапот.

Член 170
(1) За водење на дисциплинска постапка за дисциплински престап, директорот на
установата формира комисија во рок од осум дена од денот на поднесувањето на предлогот за
поведување на дисциплинска постапка.
(2) Комисијата од ставот (1) на овој член е составена од тројца членови, вработени во
установата, од кои еден е задолжително синдикалниот претставник во установата.

Член 171
(1) Дисциплинската комисија може да донесе една од следните одлуки:
- отфрлање на барањето за поведување на постапката поради застареност;
- одбивање на барањето поради недоволно докази за сторена дисциплинска повреда и
- предлог за изрекување на дисциплинска мерка.
(2) Врз основа на одлуката на дисциплинската комисија, директорот на установата
донесува соодветно решение.

Член 172
При водење на дисциплинска постапка за дисциплинска неуредност и дисциплински
престап против работникот - член на Синидикатот, задолжително се бара мислење за утврдување
на дисциплинска одговорност од синдикалниот претставник на синдикалната организација на
којашто припаѓа работникот.

Член 173
(1) Во одлуките од член 165 и член 169 од овој договор, задолжително се наведува
датумот од кој истите се извршуваат.
(2) Збирот на паричните казни, изречени на работникот во еден месец за дисциплинска
неуредност и дисциплински престап, не може да надмине 15% од износот на неговата вкупна
нето плата за тој месец.
(3) Одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма,
со образложение за основот и причините за изрекување на паричната казна.

Член 174
(1) Решението за изрекување на дисциплинска мерка се доставува лично на рака или по
препорачана пратка на домашна адреса до подносителот на барањето и до работникот против
кој била поведена дисциплинската постапка.
(2) Решението за изрекување на дисциплинска мерка се чува во досието на работникот
на кој му е изречена дисциплинска мерка.

36
Член 175
Против решението за изрекување на дисциплинска мерка, работникот на кој му е
изречена дисциплинска мерка може да поднесе жалба до Органот на управување, како
второстепен дисциплински орган, во рок од осум дена од денот на приемот на решението за
изрекување на дисциплинската мерка.

Член 176
Органот на управување ја разгледува жалбата на првата седница по поднесувањето на
жалбата и може да донесе одлука со која:
- го потврдува решението за изрекување на дисциплинска мерка донесена од директорот;
- ја отфрла жалбата како недозволена или ненавремена и
- ја прифаќа жалбата како основана и го преиначува диспозитивот на решението за
изрекување на дисциплинската мерка.

Член 177
(1) Покренувањето на дисциплинската постапка застарува во рок од шест месеци од
сторувањето, односно 30 дена од дознавањето за сторената дисциплинска повреда.
(2) Дисциплинската постапка е итна.

Дисциплинска постапка за административни службеници

Член 178
Начинот на водење на дисциплинските постапки, како и изрекувањето на
дисциплинските мерки за административните службеници, вработени кај работодавачот од член
1 од овој договор, се уредени согласно со Законот за административни службеници.

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Член 179
(1) Работникот, кој по своја вина, намерно или од тешка небрежност ќе направи штета
на работата, должен е истата да ја надомести.
(2) Предлогот за донесување на одлука за надомест на штета, предизвикана од работникот,
го утврдува комисија од тројца работници, именувани од директорот.
(3) Против одлуката за надомест на штета, што ја донесува директорот, односно од него
овластено лице, работникот има право на приговор до Органот на управување во установата, во
рок од осум работни дена по доставувањето на одлуката.

Член 180
(1) Органот на управување, поради оправдани причини, може да го ослободи работникот
од плаќање на надомест на штета, во целина или делумно, под услови, случаи и критериуми
утврдени со овој договор.
(2) Како оправдани причини, случаи и критериуми, поради кои Органот на управување
може да го ослободи работникот од плаќање надомест на штета во целина или делумно, се
сметаат:
- ако штетата ја сторил да го заштити сопствениот живот и животот на работниците,
учениците и други лица;
- ако штетата ја сторил да го заштити имотот на работодавачот;
- ако штетета ја сторил и покрај тоа што презел сè до неа да не дојде или штетата да се
намали;
- ако не биле обезбедени соодветни услови за работа од страна на работодавачот;
- други случаи утврдени со колективен договор на ниво на работодавач.

37
ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС

Член 181
Работниот однос на работникот престанува под услови и на начин утврдени со Законот
за работните односи, Законот за вработените во јавен сектор, Законот за основното образование,
Законот за административни службеници, општите прописи за работни односи и овој договор.

Член 182
На работникот му престанува работниот однос:
- по негово барање;
- по сила на закон;
- со отказ од страна на работодавачот;
- со спогодба;
- поради престанување на работодавачот согласно со закон;
- со изминување на времето за коешто бил склучен;
- со смрт на работникот;
- во други случаи утврдени со закон и колективен договор.

Член 183
(1) На работникот му престанува работниот однос во установата ако поднесе писмено
барање за престанок на работниот однос.
(2) Во случај на престанок на работниот однос по барање на работникот, отказниот рок
трае 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за престанок на работниот однос, освен ако
поинаку не е договорено помеѓу работникот и работодавачот.

Член 184
На работникот му престанува работниот однос по сила на закон, ако:
- ја загуби работната способност со денот на доставување на правосилното решение за
утврдување на загубената работна способност;
- му престане државјанството на Република Северна Македонија, со денот на доставување
на решението за отпуст од државјанство на Република Северна Македонија;
- е осуден за кривично дело во врска со службената должност, со денот на правосилноста на
пресудата;
- му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, со денот на
правосилноста на пресудата;
- издржува казна затвор во траење подолго од шест месеци, со денот на започнувањето на
издржување на казната;
- ги исполни условите за старосна пензија согласно закон;
- неоправдано отсуствува од работа најмалку три последователни работни дена;
- се утврди дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на
општите и посебните услови за вработување;
- во рок од три работни дена не се врати на работа по завршувањето на
платеното/неплатеното отсуство;
- неоправдано отсуствува од работа најмалку пет работни дена во текот на една календарска
година;
- органот на државната управа, надлежен за инспекциски надзор, во рок од една година
утврди дека работникот е вработен спротивно на закон;
- постојат други услови согласно со закон, овој договор и други правни прописи.

Член 185
(1) На работникот му престанува работниот однос со отказ од страна на работодавачот
согласно со Законот за работните односи, друг закон и колективен договор.
(2) Работодавачот може да го откаже договорот или решението за вработување само ако
постои основана причина за отказ која е поврзана со:

38
- однесувањето на работникот (лична причина на страна на работникот);
- кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски (причина на вина);
- причината која е заснована на потребите на функционирањето на работодавачот (деловна
причина).
(3) Работодавачот не може да го откаже договорот за вработување со отказ, поради
причини поврзани за однесувањето на работникот или за неговата работа пред да му се овозможи
да се брани по изнесените наводи, освен во случаи кога од работодавачот оправдано не може да
се очекува да му даде таква можност (тешка повреда на работните обврски со која се доведува
во прашање функционирањето на работодавачот).

Член 186
Неосновани причини за откажување на договорот, односно решението за вработување
се:
- членство на работникот во Синдикатот или учество во синдикални активности во
согласност со закон, овој договор и други правни прописи;
- поднесување на тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување
на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и
управни органи;
- образование на работникот заради потребите на работодавачот и образование од лични
причини;
- одобрено отсуство заради болест или повреда, бременост, раѓање и родителство, нега на
член на семејството и неплатено родителско отсуство;
- користење на одобрено отсуство од работа и годишен одмор;
- други случаи на мирување на договорот, односно решението за вработување, утврдени со
закон и овој договор.

Член 187
Пред откажување на договорот, односно решението за вработување на работникот,
работодавачот е должен писмено да го предупреди работникот за неисполнување на работните
обврски и да му даде рок од 30 дена да го подобри своето работење, а доколку по даденото
предупредување, во рокот утврден од работодавачот, работникот не го подобри своето
работење, постои можност за отказ.

Член 188
(1) Пред донесување на решение за престанок на работниот однос, работодавачот е
должен да побара мислење од Синдикатот, односно синдикалниот претставник, да го разгледа
неговото мислење и да го земе во предвид при донесувањето на решението.
(2) Синдикатот, односно синдикалниот претставник задолжително доставува такво
мислење, најдоцна во рок од пет работни дена.

Член 189
За време на отказниот рок, работникот ги има сите права и обврски од работен однос.

Член 190
Отказниот рок, даден од страна на работодавачот, не може да биде пократок од 30 дена
ни подолг од три месеци што зависи од должината на работниот стаж на работникот, причините
за отказот, работното место и други услови и тоа:
- до 10 години работен стаж - отказен рок еден месец;
- до 20 години работен стаж - отказен рок од два месеци;
- над 20 години работен стаж - отказен рок од три месеци.

39
Член 191
(1) За време на отказниот рок, работодавачот задолжително му овозможува на
работникот отсуство од работа заради барање на ново вработување, пет часа во текот на
работната недела.
(2) Отсуството од работа од ставот (1) на овој член, заеднички го одредуваат
работодавачот и работникот.
(3) За време на отсуството од работа од ставот (1) на овој член, на работникот му следува
надоместок на плата во висина на основната плата, исплатена во претходниот месец и други
надоместоци во согласност со овој договор, пред отпочнување на отказниот рок.

Член 192
(1) Работодавачот и работникот можат да се договорат за паричен надоместок наместо
отказен рок.
(2) Ако е постигнат договор за паричен надоместок наместо отказен рок, работодавачот
е должен да изготви решение во писмена форма, со образложение за причините и со правна
поука, како и паричниот надоместок на работникот за целиот отказен рок да му го исплати со
доставувањето на отказот, со денот на престанокот на работниот однос.
Член 193
(1) Решението за престанок на работниот однос задолжително се дава во писмена форма,
со образложение за причините и со правна поука.
(2) Решението за престанок на работниот однос го донесува директорот на установата.
(3) Решението за престанок на работниот однос се врачува лично на работникот, во
работните простории на установата во која работи, односно на адреса на неговото живеалиште.
(4) Ако работникот не може да се пронајде на адресата на живеалиштето или ако го одбие
врачувањето, решението се објавува на огласна табла на установата и по изминувањето на осум
дена се смета дека решението е врачено.

Член 194
(1) Против решението за престанок на работниот однос, давателот на јавна услуга има
право во рок од осум дена од денот на приемот на решението, да поднесе жалба до Органот на
управување во установата.
(2) Против решението за престанок на работниот однос, административниот работник
има право во рок од осум дена од денот на приемот на решението, да поднесе жалба до Агенција
за администрација - Комисија за одлучување по жалби и приговори на административните
службеници во втор степен.
(3) Против решението за престанок на работниот однос, помошно - техничките лица
имаат право во рок од осум дена од денот на приемот на решението, да поднесат жалба до
Органот на управување во установата.

Член 195
(1) Жалбата го одлага извршувањето на решението за престанок на работниот однос.
(2) Работникот, кој не е задоволен со решението донесено по жалбата или ако такво
решение не е донесено, има право да поведе спор пред надлежниот суд.
(3) На барање на работникот, овластен претставник на Синдикатот може да го застапува
работникот во постапката по жалба.

Откажување на договор односно решение за вработување заради деловни причини


(економски, технолошки, организациони и слични промени)

Член 196
Во случај на престанок на работниот однос од деловни причини на работниците во
јавните образовни установи, се применуваат Законот за основното образование, Законот за
наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, општите прописи за
работните односи и овој договор.

40
Член 197
(1) При промени во обемот на работата во установата, што се јавуваат поради промени во
плановите и програмите, организацијата на работа, бројот на паралелки и други промени, работниот
однос на работникот се променува од работен однос на неопределено време со полно работно време
во работен однос на неопределено време со пократко од полното работно време и обратно.
(2) Промената настанува кај последно рангираниот работник, согласно конечната ранг листа
од утврдени критериуми во член 203 од овој договор.
(3) Директорот е должен во случаите од ставот (1) на овој член, со работникот да склучи нов
договор за работа, во рок од седум дена од денот на настанувањето на промените од ставот (1) на
овој член.

Член 198
Постапката за откажување на работа поради деловни причини (економски, технолошки,
структурални промени) започнува кога Органот на управување донесува одлука за воведување
промени во организацијата, структурата и технологијата на работењето кои предизвикуваат
потреба од намалување на бројот на работниците.

Член 199
Пред отпочнување на постапка за откажување на работниот однос од деловни причини
на работник, односно работници се зема во предвид дали на ниво на установата, односно
општина, има вработени на определено работно време.
Член 200
Директорот за намерата, а најдоцна во рок од 30 дена пред донесувањето на одлука за
откажување на работниот однос од деловни причини на работник, односно работници, е должен
за причините за престанување на потребата од работа на работникот, односно работниците, за
предвидениот број и категорија на вишок на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане
потребата од работа на работникот, односно работниците, да го извести синдикалниот
претставник кај работодавачот, во писмена форма, да се советува со него за можните начини и
ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на
штетните последици.

Член 201
(1) Пред донесување на одлука за откажување на работниот однос од деловни причини
на работник, односно работници, работодавачот е должен да побара мислење од Синдикатот,
односно синдикалниот претставник, да го разгледа неговото мислење и да го земе во предвид
при донесувањето на одлуката.
(2) Синдикатот, односно синдикалниот претставник задолжително доставува такво
мислење, најдоцна во рок од пет работни дена.

Член 202
Органот на управување, пред донесувањето на одлуката од член 198 од овој договор, ги
информира работниците и синдикалниот претставник за видот на промените и за престанокот
на работниот однос на определени работници, бројот и структурата на работниците на кои ќе им
престане работниот однос, мерките што ќе бидат преземени за спречување, односно ублажување
на последиците од тие промени и правата на работниците што ќе им бидат обезбедени и при тоа
го зема во предвид мислењето на синдикалниот претставник.

Член 203
При определување на работниците на кои им престанува работниот однос со отказ
поради деловни причини и при утврдувањето на приоритетот за задржување на работното место
на работниците се поаѓа од следните критериуми:

41
А) Степен на стручна подготовка и квалификација:

А.1. Наставен кадар и стручни соработници:

- високо образование, прв циклус на универзитетски студии, ниво на квалификации VIA


според Национална рамка на квалификациии и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или
завршен VII/1 степен - 20 бода;
- високо образование, ниво на квалификации VIБ според Национална рамка на
квалификациии и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VI степен - 18 бода;
- постсредно образование (специјалистичко образование), ниво на квалификации VБ според
Национална рамка на квалификации и од 60 до 120 кредити стекнати според ЕЦВЕТ - 16 бода;
- средно образование (гимназија) - 15 бода;
- средно образование (техничко образование) ниво на квалификации IV според Национална
рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕЦВЕТ - 15 бода;
- средно образование (стручно образование за занимање), ниво на квалификации III според
Национална рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕЦВЕТ- 15 бода.

А.2. Административен кадар:

- високо образование, прв циклус на универзитетски студии, ниво на квалификации VIA


според Национална рамка на квалификациии и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или
завршен VII/1 степен - 20 бода;
- високо образование, ниво на квалификации VIБ според Национална рамка на
квалификациии и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VI степен - 18 бода;
- постсредно образование (специјалистичко образование), ниво на квалификации VБ според
Национална рамка на квалификации и од 60 до 120 кредити стекнати според ЕЦВЕТ - 16 бода;
- средно образование (гимназија) - 15 бода;
- средно образование (техничко образование), ниво на квалификации IV според Национална
рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕЦВЕТ - 15 бода;
- средно образование (стручно образование за занимање), ниво на квалификации III според
Национална рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕЦВЕТ - 15 бода.

А.3. Помошно-технички кадар:

- средно образование (гимназија) - 15 бода;


- средно образование (техничко образование) ниво на квалификации IV според Национална
рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕЦВЕТ - 15 бода;
- средно образование (стручно образование за занимање), ниво на квалификации III според
Национална рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕЦВЕТ - 15 бода;
- стручно оспособување во траење до две години (од 60 до 120 кредити) - 15 бода;
- основно образование - 13 бода;
- без завршено образование (затекнати работници) - 11 бода.

Б) Дополнително усовршување:

- втор циклус на студии, специјалистички студии, ниво на квалификации VIIБ според


Национална рамка на квалификации од 60 кредити стекнати според ЕКТС - 2 бода;
- втор циклус на студии, магистерски академски студии, ниво на квалификации VIIА според
Национална рамка на квалификации и од 60 до 120 кредити стекнати според ЕКТС - 5 бода;
- трет циклус на студии, докторски академски студии, ниво на квалификации VIII според
Национална рамка на квалификации - 8 бода.

42
В) Работно искуство во дејноста:
- работно искуство на работно место во дејноста со соодветна стручна подготовка - 1 бод за
година;
- работно искуство на работното место кое се бодира, за работник со пониска или
несоодветна стручна подготовка или работено надвор од образовниот процес - 0,50 бода за
година.
За секоја година работа во установата му се додаваат - 0,25 бодови.
Бодирањето на работното искуство се врши врз основа на актот за систематизација на
работните места во установата и соодветната документација на работникот.

Г) Успешност во работењето:
Г.1. Кариерен развој:
- советник - 10 бода;
- ментор - 8 бода.
Успешност во работењето на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во
воспитно - образовната работа:
Г.2. Придонес и резултати постигнати вон наставните активности и вон редовната
работа (секции, натпревари, дополнителна настава и др.): сертификати, дипломи, пофалници
и потврди за ментор на ученик кој освоил 1 место на државни натпревари организирани од
акредитирани здруженија од страна на министерството, освоени 1, 2 и 3 место меѓународни
натпревари од областа на математиката и природните науки, и освоено 1, 2 и 3 на 13 научни
меѓународни олимпијади и учество на некои од овие натпревари:
- олимпијади - 5 бода од ученик;
- меѓународни натпревари - 3 бода од ученик;
- државни натпревари - 2 бода од ученик;
- учество во некои од трите гореспоменати натпревари - 1 бод од ученик.
Г.3. Поширок придонес во воспитно-образовната дејност:
- автор на учебник - 5 бода;
- коавтор на учебник - 3 бода;
- рецензент на учебник - 2 бода.

Без оглед на бројот на објавени трудови по овој основ, горенаведените бодови се


добиваат само за еден основ.
Г.4. Стручно усовршување:
- сертификати, дипломи, пофалници и потврди од организирани семинари, работилници,
конференции и сл. - 0,2 бодови за секој документ.
Г.5. Звања и други признанија:
- државни признанија и други одликувања за посебни заслуги во воспитно - образовната
дејност на ниво на Република Северна Македонија - 10 бода;
- општински, односно признанија на Град Скопје за посебни заслуги во воспитно -
образовната дејност - 7 бода.
Г.6. Успешност во работењето на административниот и помошно - техничкиот
кадар:
- целосно ги остварува работните задачи - 5 бода;

43
- делумно ги остварува работните задачи - 3 бода;
- не ги остварува работните задачи - 0 бода.
Успешноста се мери со спроведена интерна анонимна анкета меѓу сите вработени.
Д) Возраст:
Возраста на работникот се бодира според годините, како услов за пензионирање,
утврдени со закон и тоа 64 години возраст.
Бодовите за возраст се пресметуваат кога годините на старост се множат со 10, а
производот се дели со 64.

Ѓ) Здравствена состојба:
- работник со трајни телесни недостатоци поради повреда на работа или професионални
заболувања - 10 бода;
- работник со попреченост, кој работи со скратено работно време - 5 бода.
Здравствената состојба се утврдува со соодветна документација од надлежна Комисија
за оцена на работна способност и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Е) Економско - социјална состојба:
- работник во чие семејство се остваруваат приходи по член на семејство до 30% од
просечната плата на ниво на Републиката во последниот месец, објавена во “Службен весник на
Република Северна Македонија” - 10 бода.
Семејство во смисла на овој договор го сочинува брачен другар, деца родени во брак,
вон брак или посвоени, родители на брачните другари со кои живеат во иста заедница, во кое
има заеднички приходи и трошоци на заедничко живеење и живеат на иста адреса.
Член 204
Доколку според критериумите утврдени во член 203 од овој договор работниците се
наоѓаат во иста положба, предност да го задржи работното место има:
- работничка за време на бременост или работничка со дете до 2 години;
- родител со потешко хендикепирано дете;
- самохран родител, односно посвоител на дете до 7 години;
- инвалид на трудот и работници со професионално заболување;
- еден од брачните другари што се вработени кај ист работодавач;
- единствен хранител во семејството кој нема приходи;
- работник помлад од 18 години;
- работник додека му тече приправничкиот стаж;
- работник - член на Синдикатот.

Член 205
(1) Бодирањето и утврдувањето на ранг-листата на работниците според бодови, согласно
критериумите од член 203 од овој договор го врши Комисија.
(2) Комисијата ја формира Органот на управување, по предлог на Советот во установата.
(3) Комисијата брои пет члена од вработените именувани врз основа на стручност и
компетентност.
(4) Еден од членовите на комисијата од ставот (3) на овој член, задолжително е
синдикалниот претставник во установата.
(5) Комисијата од редот на членовите избира претседател.
(6) Комисијата ја утврдува ранг - листата на работниците според бодови со мнозинство
на гласови и ја доставува до Органот на управување.

44
Член 206
Директорот на установата донесува одлука за откажување на договорот за вработување
од деловни причини, согласно бодирањето на комисијата и одлуката на Органот на управување.

Член 207
За технолошки вишок ќе биде прогласен, односно ќе му престане работниот однос од
деловни причини, на оној работник (работници) кој на ранг-листата остварил најмал број на
бодови.

Член 208
Доколку рангираните работници имаат ист број на бодови, предност да го задржи
работното место има работникот кој е бодиран со поголем број на бодови според критериумите
од економско-социјална положба.

Член 209
На работникот, кој има најмногу пет години пред исполнување на условите за
остварување на право на старосна пензија, не може да му се откаже договорот, односно
решението за вработување од деловни причини.
Член 210
На работникот, за кој престанала потребата за работа поради технолошки вишок,
односно од деловни причини, неговите права се остваруваат согласно со Законот за работните
односи.

Член 211
Министерството за образование и наука за државните основни училишта, Заедницата на
единиците на локалната самоуправа за општинските основни училишта и СОНК склучуваат
спогодба за решавање на статусот на лицата на кои им престанал работниот однос од деловни
причини, со цел нивно вработување кај друг работодавач без огласување, односно дополнување
на работното време кај друг работодавач.

Член 212
Пред распишување на јавен оглас во установата, потребата од вработување се обезбедува
од редот на вработените на кои им престанал работниот однос од деловни причини на ниво на
општина, како и од редот на вработените со неполн фонд на часови во училиште од иста или
соседна општина.

ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ

Член 213
Заштитата на правата, обврските и одговорностите од работен однос, работникот ги
остварува согласно со закон и колективен договор.

Член 214
Работникот има право да поднесе барање за остварување на своите права од работен
однос, како и право на приговор, односно жалба против одлуката донесена во врска со неговите
права, обврски и одговорности.

Член 215
(1) За остварување на правата на работникот, установата е должна да донесе акт, во
писмена форма.
(2) Актот задолжително треба да содржи правна поука за рокот и органот до кој се
поднесува приговор, односно жалба.
(3) Актот му се врачува непосредно на работникот или му се доставува преку
препорачана пошта на последната адреса која работникот ја доставил во установата.

45
(4) Ако доставата на актот не се изврши на начинот од ставот (3) на овој член,
доставувањето се извршува со истакнување на актот на огласна табла во установата.
(5) Актот стапува на сила со истек на осум работни дена од објавувањето.

Член 216
За остварување на поединечните права од работен однос, работникот има право да бара
заштита кај работодавачот, Синдикатот, инспекциските органи, пред надлежниот суд и други
органи, во согласност со закон и овој договор.

Член 217
(1) Ако на работникот му е прекршено одредено право од работен однос, со писмена
одлука или со друг писмен акт на работодавачот, истиот има право да поднесе приговор, односно
жалба до Органот на управување на установата, во рок од осум дена од денот на врачувањето на
одлуката, односно актот со кој е повредено неговото право, односно од денот на објава на
одлуката, односно актот на огласна табла.
(2) Поднесувањето на приговорот, односно жалбата од ставот (1) на овој член, го
задржува извршувањето на одлуката, односно актот до донесување на конечна одлука на
работодавачот, освен во случаи утврдени со закон.

Член 218
(1) Органот на управување е должен, пред донесувањето на одлуката, да побара мислење
од синдикалниот преставник, задолжително да го разгледа неговото мислење и да го земе во
предвид при донесувањето на одлуката.
(2) Синдикалниот претставник може да учествува во постапката пред Органот на
управување, кој одлучува по поднесеното барање, односно приговор на работникот и на негово
барање да го застапува во остварувањето на неговото право.

Член 219
Работникот има право да присуствува во постапката пред Органот на управување.

Член 220
(1) Органот на управување е должен да донесе одлука во рок од 15 дена од денот на
поднесувањето на приговорот.
(2) Директорот е должен да ја изврши одлуката на Органот на управување по приговорот.

Член 221
Работникот кој не е задоволен од одлуката од член 220 од овој договор, во рок од 15 дена
од врачувањето на одлуката или 15 дена од поднесувањето на приговорот, доколку од денот на
поднесувањето на приговорот не се донесе одлука, има право на тужба пред надлежен суд.

Член 222
Работникот кој отсуствува од работа поради заштита на правото од работен однос, ќе се
смета како да бил на работа и по тој основ не може да му се намалува платата.
Член 223
(1) Работникот и работодавачот можат да се согласат работниот спор да го решат со
арбитража согласно закон.
(2) Одлуката на арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни.

46
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Член 224
(1) Работен спор настанува кога има повреда или прекршување на правата на
работниците.
(2) Врз основа на страните и предметот на спорот, постојат индивидуални и колективни
работни спорови.

Член 225
(1) Индивидуален работен спор претставува спор во врска со остварувањето на правата
на работникот утврдени со закон, овој договор и акт за вработување.
(2) Страни во индивидуалниот спор се сметаат работникот и работодавачот.

Член 226
(1) Колективен работен спор е спор во врска со склучувањето, измената, дополнувањето
и применета на овој договор, остварување на правото на синдикално организирање и штрајк.
(2) Страни во колективниот спор се сметаат учесниците во склучувањето на овој договор,
во согласност со закон.

Член 227
(1) Споровите кои не можат да се решат спогодбено, можат да се решат по пат на
помирување или по пат на арбитража, согласно со Законот за мирно решавање на работни
спорови.
(2) Помирување е учество на трето неутрално лице во посредување меѓу две
спротивставени страни, со цел постигнување на спогодба за мирно решавање на колективен
спор.
(3) Помирувач, во смисла на овој договор, се смета лице кое дава помош на страните во
колективниот спор со цел да склучат спогодба за решавање на спорот.
(4) Арбитража е учество на трета независна страна во решавање на индивидуален спор,
со цел постигнување на обврзувачко решение за предметот на спорот.
(5) Арбитер, во смисла на овој договор, се смета лицето кое одлучува за предметот на
индивидуалниот спор.

СЛЕДЕЊЕ НА ПРИМЕНАТА И ТОЛКУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР


Член 228
(1) Страните се должни да го спроведуваат, контролираат и следат остварувањето на овој
договор.
(2) За следење на примената на одредбите од овој договор, како и нивно толкување, двете
договорни страни формираат комисија од шест члена.
(3) Секоја од страните на овој договор, именува по три члена во комисијата од ставот (2)
на овој член, во рок од 30 дена од склучувањето на овој договор.
(4) Комисијата се формира најдоцна во рок од десет дена по истекот на рокот утврден во
ставот (3) од овој член.

ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ, ДОПОЛНУВАЊЕ И ОТКАЖУВАЊЕ НА


ДОГОВОРОТ

Член 229
(1) Постапката за изменување и дополнување на овој договор започнува на барање на
една од страните на овој договор.
(2) Секоја од договорните страни може во секое време да поднесе предлог за изменување
и дополнување на овој договор.

47
(3) Предлогот за изменување и дополнување, образложен во писмена форма, се
доставува до другата страна, која е должна да се изјасни по истиот, во рок од 15 дена од денот
на доставување на предлогот.
(4) Постапката за изменување и дополнување на овој договор треба да заврши во рок од
45 дена по истекот на рокот од ставот (3) од овој член.

Член 230
(1) Овој договор може да се откаже пред истекот на неговата важност.
(2) Откажувањето на овој договор се врши во писмена форма со отказ, при што се
образложуваат причините за откажувањето.
(3) Отказот од ставот (1) на овој член се доставува до другата страна - потписник на овој
договор.
(4) По приемот на отказот, другата страна е должна да одговори и да ја започне
постапката за преговори, најдоцна во рок од 15 дена, од денот на приемот на поднесениот отказ.

Судска заштита на правата од колективен договор


Член 231
Секоја од страните, заради кршење на овој договор од другата страна, може со тужба
пред надлежен суд да бара заштита на правата утврдени со истиот.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ


Член 232
(1) Овој договор се склучува за време од две години.
(2) По истекот на рокот за кој е склучен овој договор, неговите одредби и понатаму се
применуваат се до склучување на нов колективен договор.

Член 233
Со денот на влегување во сила на овој договор, продолжува да се остварува стекнатото
право за исплата на додаток на плата за успешност во работењето, согласно член 41 од
Колективниот договор за основното образование на Република Македонија (“Службен весник
на Република Македонија” бр. 24/09, 17/09, 84/09, 28/10 и 39/10) и тоа:
- 0,090 коефициент за истакнат педагошки работник;
- 0,180 коефициент за особено истакнат педагошки работник.

Член 234
Одредбата од член 119 од овој договор, со која работникот има право на надоместок на
трошоци за превоз до и од работното место, ќе отпочне да се применува со исплата на плата за
месец септември 2024 година.

Член 235
(1) Со денот на влегување во сила на овој договор, работникот којшто остварил право на
додаток за раководење со подрачно училиште, со коефицент поголем од коефициентот утврден
во член 115 став (1) од овој договор, продолжува да го остварува стекнатото право.
(2) Коефициентот од член 115 став (1) од овој договор, може да се зголеми со одлука на
Органот на управување во установата.

Член 236
(1) Со денот на влегување во сила на овој договор, а до отпочнување на примената на
член 47 од Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република
Северна Македонија“ бр. 154/23) ќе се применуваат членовите 103, 104 и 106 од овој договор.
(2) Со утврдување на коефициентите на сложеност на работно место согласно член 47 од
Општиот колективен договор за јавниот сектор („Службен весник на Република Северна

48
Македонија“ бр. 154/23), треба да се задржи распонот помеѓу работните места, утврден во
Колективниот договор за основното образование во Република Македонија (“Службен весник
на Република Македонија” бр. 24/09, 17/09, 84/09, 28/10 и 39/10), пропорционално, со
транзициски период од две години, почнувајќи со исплата на плата за месец март 2025 година.
(3) Коефициентите на сложеност на работно место, кои ќе се утврдат најдоцна до
декември 2024 година, согласно ставот (2) на овој член, ќе се зголемат за 25%, односно 12,5%
почнувајќи со исплата на плата за месец март 2025 година и 12,5% почнувајќи со исплата на
плата за месец март 2026 година.
(4) По исклучок од ставот (3) на овој член, коефициентите на работните места од група
II/2, утврдени во Колективниот договор за основното образование во Република Македонија
(“Службен весник на Република Македонија” бр. 24/09, 17/09, 84/09, 28/10 и 39/10), ќе се
зголемат за 10%, почнувајќи со исплата на плата за месец март 2025 година.
(5) Исклучок од ставот (3) на овој член се работните места од група I и II/1, утврдени во
Колективниот договор за основното образование во Република Македонија (“Службен весник
на Република Македонија” бр. 24/09, 17/09, 84/09, 28/10 и 39/10).
(6) Порастот на платите по основ на зголемување на просечната плата за 2025 и 2026
година, не го исклучува усогласувањето од ставот (3) на овој член.

Член 237
Колективните договори што се склучуваат на ниво на работодавач задолжително се
евидентираат во Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на
Република Македонија.
Член 238
Овој договор пред објавувањето се регистрира во Министерството за труд и социјална
политика.
Член 239
Овој договор влегува во сила осмиот ден од објавувањето во “Службен весник на
Република Северна Македонија”.

Самостоен синдикат за образование, Министерство за образование и наука


наука и култура на Република Македонија на Република Северна Македонија
Претседател, Министер,
Јаким Неделков Доц. д-р Јетон Шаќири

49

You might also like