You are on page 1of 12

konto@profit.mk | facebook.

com/kontoprofit
02 609 1551 | 070 22 11 65

Ангажирање на физички лица за


привремени и повремени работи
(договори за дело и авторски
договори)
Содржина

Посебни договори од аспект на Законот за работни односи (ЗРО) ................................................ 3


Последици од непочитување на членот 252 од ЗРО ................................................................ 4
1.1.1. Глоби .................................................................................................................................... 5
1.1.2. Едукација за работодавачот ............................................................................................... 5
Договори за дело согласно ЗОО ........................................................................................................ 6
Авторски договори согласно ЗАП ...................................................................................................... 8
Авторски договори ...................................................................................................................... 9
3.1.1. Посебни видови на авторски договори ............................................................................ 9
Даночен третман согласно ЗДЛД ..................................................................................................... 10

2
Доста честа појава кај нас е ангажирањето на лица кои не се во редовен
работен однос кај работодавачот заради извршување на одредени работи
преку т.н. „договори за дело“.

Иако ова е широко распространета пракса, во овој напис би сакале да


се посветиме на нормативните аспекти поврзани со овие типови на договори
кои не треба да се изгубат од вид кога се дискутира на оваа тема.

Како сметководители и даночни консултанти при одговорите кои ги


даваме на поставени прашања ние пред очи најчесто ги имаме финансиските,
сметководствени и даночни импликации, но сметаме дека е корисно да се има
барем базични познавања и од поширокото нормативно окружување
поврзано со оваа тема.

Тука пред се мислиме на одредбите од Законот за работните односи,


Законот за облигационите односи и Законот за авторското право и сродните
права.

Освен тоа, од даночен аспект секако важен е Законот за данок на личен


доход.

Посебни договори од аспект на Законот за работни


односи (ЗРО)
Со членот 252 од ЗРО, под наслов „Посебни договори“ е уредено дека
работодавачот може со определено лице да склучи договор поради вршење работи
кои се:

• надвор од дејноста на работодавачот, а


• кои имаат за предмет:
▪ самостојна изработка или поправка на определени предмети,
▪ самостојно извршување на определена физичка или
интелектуална работа.

3
Вакви договор може да се склучи и за културно-уметнички работи со лице кое
врши културно-уметничка дејност.

Од претходно изнесеното станува очигледно дека ЗРО е дециден дека за да


се склучи ваков тип на договор, предметот на договорот мора да е извршување на
работи кои се надвор од дејноста на работодавачот.

Ова ефективно значи дека за работите кои се предмет на договорот не смее


да има определено работно место во актот за систематизација на работните места
на работодавачот, ниту тие треба да се дел од останатите акти како опис и
сепцификација на работните места.

Иако во ЗРО експлицитно овие договори не се именуваат, туку само се


користи насловот „посебни договори“, секако се мисли на:

• Договори за дело согласно Законот за облигационите односи (ЗОО)


или
• Договори за авторско дело и сродни права согласно соодветниот
Закон за авторското право и сродните права (ЗАП).

Иако експлицитно тоа не е наведно во ЗРО, јасно е дека не смее физички


лица континуирано да се ангажираат со договори за дело за иста работа, затоа што
тоа би значело дека работодавачот има потреба од лице кое е постојано вработено
на тоа место, односно има неопходност од дефинирање и пополнување на такво
работно место.

Последици од непочитување на членот 252 од ЗРО

Секако, особено важно е да се знаат последиците од непочитување на


претходно наведените одредби од ЗРО.

Така, со членот 258-а е уредено дека доколку при вршењето на


инспекцискиот надзор инспекторот за труд утврди дека е сторена неправилност од
членот 252 на ЗРО, тој е должен да состави записник во кој ќе ја утврди сторената
неправилност со укажување за отстранување на утврдената неправилност во рок

4
од осум дена и со истовремено врачување на покана за спроведување на едукација
на лицето или работодавачот каде што е утврдена неправилноста при вршењето
на инспекцискиот надзор.

1.1.1. Глоби

Согласно членот 265-а од ЗРО, глоба во износ од 1.000 евра во денарска


противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач – правно лице, ако
склучи договор спротивно на членот 252 од овој закон.

Дополнително, глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице


ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице.

На работодавач – физичко лице пак за прекршувањето на одредбите од овој


член ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска
противвредност.

1.1.2. Едукација за работодавачот

Едукацијата ја организира и спроведува Државниот инспекторат за труд


(ДИТ) во рок не подолг од осум дена од денот на спроведувањето на инспекцискиот
надзор. Едукацијата може да се спроведе за повеќе утврдени исти или истородни
неправилности за еден или за повеќе работодавачи.

Во однос на присуството на самата обука:

• Доколку во закажаниот термин лицето или работодавачот на кој се


спроведува едукацијата не се јави на едукацијата ќе се смета дека
едукацијата е спроведена.
• Доколку лицето или работодавачот над кој се спроведува едукација
се јави на закажаната едукација и истата ја заврши ќе се смета дека
е едуциран по однос на утврдената неправилност.

Доколку инспекторот за труд при спроведување на контролниот надзор


утврди дека се отстранети утврдените неправилности, донесува заклучок со кој ја

5
запира постапката на инспекциски надзор, а доколку пак инспекторот за труд при
спроведување на контролниот надзор утврди дека не се отстранети утврдените
неправилности, поднесува барање за поведување на прекршочна постапка пред
прекршочната комисија.

Државниот инспекторат за труд којшто го извршил инспекцискиот надзор,


води евиденција за спроведената едукација согласно со Законот за општата
управна постапка.

Договори за дело согласно ЗОО


Членот 619 од ЗОО ги дефинира договорите за дело како договори со кои
вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши
определена работа, како што е изработка или поправка на некој предмет или
извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот
се обврзува за тоа да му плати надомест.

Очигледно е дека станува збор за дефиниција многу блиска до она што беше
опфатено под насловот „посебни договори“ во ЗРО.

Кога се работи за изработка на одредени ствари, тогаш согласно членот 620


од ЗОО:

• Договорот со кој едната страна се обврзува да изработи определен


подвижен предмет од свој материјал кога постои сомневање се смета
како договор за продажба на изработените предмети а не за договор
за дело.
• Договорот останува договор за дело ако нарачувачот се обврзал да
даде суштествен дел од материјалот потребен за изработка на
предметот.

Во секој случај, договорот се смета како договор за дело ако договарачите го


имале предвид особено трудот на вршителот на работата.

6
Кога е договорено вршителот на работата да изработи предмет од свој
материјал, а не е определен квалитетот, вршителот на работата е должен да даде
материјал со среден квалитет. Тој му одговара на нарачувачот за квалитетот на
употребениот материјал исто како продавачот.

Нарачувачот има право да врши надзор над извршувањето на работата и да


дава упатства кога тоа одговара на природата на работата, а вршителот на
работата е должен да му го овозможи тоа.

Вршителот на работата е должен да му го сврти вниманието на нарачувачот


на недостатоците на материјалот што му го предал нарачувачот, а кои ги забележил
или морал да ги забележи, инаку ќе одговара за штетата.

Ако нарачувачот барал предметот да се изработи од материјал на чии


недостатоци му укажал вршителот на работата, вршителот на работата е должен
да постапи според неговото барање, освен ако е очигледно дека материјалот не е
подобен за нарачаното дело или ако изработката од бараниот материјал би можела
да му нанесе штета на угледот на вршителот на работата, во кој случај вршителот
на работата може да го раскине договорот.

Вршителот на работата е должен да го предупреди нарачувачот за


недостатоците во неговиот налог, како и на другите околности за кои знаел или
морал да знае, а кои можат да бидат од значење за нарачаното дело или за
неговото извршување на време, инаку ќе одговара за штетата.

Во случај кога вршителот на работата го дал материјалот за изработка на


предметот, а предметот ќе биде оштетен или ќе пропадне од која и да е причина
пред предавањето на нарачувачот, ризикот го поднесува вршителот на работата и
нема право на надомест за дадениот материјал, како ни на надомест за својата
работа.

Ризикот од случајно пропаѓање или оштетување на предметот го поднесува


нарачувачот ако тој го дал материјалот за изработка.

7
ЗОО изобилува со специфики кои се однесуваат на договорите за дело, кои
може да се најдат меѓу членовите 619 и 648 од ЗОО, но кои претежно се однесуваат
на регулирање на ситуации кога се ангажираат физички лица за изработка или
поправка на одредени предмети.

Авторски договори согласно ЗАП


Авторско дело, во смисла на ЗАП, е интелектуална и индивидуална творба
од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и
форма.

За авторско дело се смета особено:

1) пишано дело (книга, напис, статија, прирачник, брошура, расправа и


други дела од иста природа);
2) компјутерска програма, како пишано дело;
3) говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа);
4) музичко дело, со или без текст;
5) драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело;
6) фотографско дело и дело создадено во постапка слична на
фотографската;
7) аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со
подвижни слики);
8) дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго);
9) дела од архитектурата;
10) дела од применетата уметност и дизајнот и
11) картографскодело, план, скица, технички цртеж, проект, табела,
пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на
географијата, топографијата, архитектурата и науката.

Како авторско дело се смета и преработка на авторско дело, доколку ги


исполнува условите определени со овој закон.

Како авторско дело се смета и збирка на авторски дела, на дела од


народното творештво, на податоци или на други материјали, коишто според

8
изборот и распоредот на составните делови претставуваат индивидуална и
интелектуална творба, како што се: енциклопедија, антологија, зборник, музичка
збирка, збирка на фотографии, мапи, изложба, поставка, збирка на документи и
други збирки.

Базата на податоци (збирка на податоци, доколку е подредена по определен


систем или метод, кон чии елементи може да се пристапува индивидуално преку
електронски или други средства) е исто така авторско дело.

Автор, во смисла на овој закон, е физичко лице кое го создало авторското


дело. Авторското право е единствено право и е неразделно од авторското дело.

На авторот му припаѓа авторското право над неговото авторско дело со


самото создавање на делото.

Авторски договори

Авторот може пренесувањето на материјалните права на други лица, да го


врши со пишан договор, доколку со овој закон поинаку не е определено. Внимавајте,
согласно ЗАП, договорот што не е склучен во пишана форма не произведува правно
дејство.

Договорот содржи особено вид на правата што се пренесуваат, нивниот


обем, исклучиво или неисклучиво, територијата за која се однесува пренесувањето
на правата, времетраење на пренесувањето и авторскиот надоместок.

Спорните или нејасните одредби во договорот на овој член се толкуваат во


интерес на авторот.

3.1.1. Посебни видови на авторски договори

Како посебни видови на авторски договори во ЗАП издвоени се:

1) Издавачки договор – Со издавачки договор авторот му го пренесува на


издавачот правото на умножување на своето дело и пуштање во промет
со печатење во книжен облик во доволен број примероци наменети за

9
јавноста (право на издавање), а издавачот за тоа му плаќа надоместок, го
издава делото и ги става во промет издадените примероци. Правото на
издавање не го содржи правото на издавање на делото во електронски
облик. За издавање на делото во електронски облик се склучува посебен
договор.
2) Договор за јавно изведување – Со договор за јавно изведување авторот
му го пренесува на корисникот правото за јавно изведување на своето
дело.
3) Договор за нарачка на авторско дело – Со договор за нарачка на авторско
дело, авторот го создава нарачаното авторско дело и му го доставува на
нарачателот.
4) Авторско дело создадено во работен однос – Во случај кога авторското
дело е создадено од работник при исполнување на неговите работни
обврски или по упатство на работодавачот (авторско дело од работен
однос), се смета дека материјалните права на авторот на тоа дело,
исклучиво му се пренесени на работодавачот за време од пет години по
завршувањето на делото, доколку со колективен договор, односно со
договор за работа поинаку не е определено. По истекот на рокот од пет
години, материјалните права му припаѓаат на работникот, со тоа што
работодавачот може да побара нивно повторно исклучиво пренесување,
доколку му плати на работникот надоместок за секој одделен вид
материјално право. Независно од тоа, авторот има право од кое не може
да се откаже, на надоместок за секое изнајмување. По исклучок на
претходно изнесеното, се смета дека материјалните права на компјутерска
програма и на бази на податоци неограничено се пренесени на
работодавачот, доколку со договор поинаку не е определено.

Даночен третман согласно ЗДЛД


Согласно член 15, став 1, точка 16 од ЗДЛД, за доход од работа се смета
секој поединечно остварен доход врз основа на договор за повремено или
привремено вршење услуги на правни и физички лица.

Со наведената дефиниција практично се опфатени договорите за дело. Со


оглед на моментално важечките одредби од ЗДЛД, кај договорите за дело не се

10
предвидени нормирани трошоци и даночни намалување, така што за 2020, 2021 и
2022 година кај овие договори ќе се пресметува аконтација за ДЛД, при секоја
поединечна исплата кон физичко лице од страна на лице кое води деловни книги,
по стапка од 10% од бруто износот, односно 11,1111% на нето износот.

Аконтацијата се пресметува преку е-ПДД системот на УЈП преку кој се


генерира збирен налог ПП-53 (вид на доход Т1, подвид на доход Ѕ1.14, Ѕ1.15 или
Ѕ1.16).

Членот 38 од ЗДЛД пак се однесува на авторските договори. Под доход од


авторски и сродни права се подразбира надоместокот што го остварува обврзникот
од авторски дела и предмети на сродни права уредени со Законот за авторското
право и сродните права.

Основа за пресметување на данокот на доход авторски и срдони права е


остварениот надоместок намален за износот на нормираните трошоци во висина
од:

1) 50% од надоместокот – за вајарски дела, таписерии, керамопластика,


уметничка керамика и витраж;
2) 40% од надоместокот – за уметничка фотографа, ѕидно сликарство и
сликарство во простор во техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија,
емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно
креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен
текстил и слично), сликарски дела, графички дела, индустриско
обликување со изработување модели и макети, ситна пластика, уметнички
решенија за сценографија, музички и кинематографски дела и
реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и
уметноста;
3) 30% од надоместокот – за научни, стручни и публицистички дела,
изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот,
операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање,снимање
филмови и идејни скици за таписерија и идејни скици за костимографија;
4) 20% од надоместокот – за преводи, предавања и слични интелектуални
творби, изведување естрадни програми на забавна и народна музика како

11
и за други авторски дела и предмети на сродни права кои не се наведени
во овој член.

Пресметковните стапки за пресметка на аконтација за ДЛД при секоја


исплата на нето доход од авторски права, од исплатувачи кои водат деловни книги
кон физички лица се следни:

• 8,6957% за исплати за кои се признаваат нормирани трошоци од 20%


• 7,5269% за исплати за кои се признаваат нормирани трошоци од 30%
• 6,3830% за исплати за кои се признаваат нормирани трошоци од 40%
• 5,2632% за исплати за кои се признаваат нормирани трошоци од 50%

Аконтацијата се пресметува преку е-ПДД системот на УЈП преку кој се


генерира збирен налог ПП-53 (вид на доход Т3).

Подготвил:

М-р Благоја Грозданов, овластен сметководител

Скопје, август 2020

12

You might also like