You are on page 1of 1

ДОГОВОР ЗА ДЕЛО

Склучен на ден______________ помеѓу следните договорни страни:

1.____________________________, од една страна како нарачувач на работата и

2.____________________________, од друга страна како вршител на работата.

Член 1.
Вршителот на работата се обврзува да изврши повеќе работи во погон, монтажа на
нарачувачот на работата, на операции потребни за производниот процес на нарачувачот
на работата, ______________________________.

Член 2.
Нарачувачот на работата се обврзува на вршителот на работата да му обезбеди свој
материјал за работа со сопствени стандарди за квалитет на материјалот.

Член 3.
Нарачувачот на работата има право да врши надзор над извршената работа од страна на
вршителот на работата и да му дава упатства за извршување на работата, а вршителот
на работата е должен тоа да му го овозможи на нарачувачот на работата.

Член 4.
Вршителот на работата е должен да му скрене внимание на нарачувачот на работата за
недостатоците на материјалот кој нарачувачот на работата му го предал, а кои
недостатоци вршителот на работата ги забележал или можел да ги забележи, во
спротивно е одговорен за штетата која може да му ја предизвика на нарачувачот на
работата.

Член 5.
Вршителот на работата е должен да ја изврши работата за период кој ќе го одреди
нарачувачот на работата во својот налог за работа, а нарачателот е должен да ја прими
работата извршена според правилата на работата.

Член 6.
Нарачателот на работата е должен да му исплати надомест за извршената работа на
вршителот на работата и тоа откако ќе биде извршена работата и откако нарачателот ќе
ја прегледа извршената работа и ќе изврши прием на истата ______________.

Член 7.
За сите други прашања кои не се регулирани со овој договор непосредно ќе се
применуваат одредбите од Законот за облигационите односи.

Член 8.
Овој договор е склучен во четири примероци од кои по еден за договорните страни и
останатите за надлежните органи.

Нарачувач на работата Вршител на работата

You might also like