You are on page 1of 6

К.бр.

578/21

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Основниот суд во Струмица, преку судијата Цона Каламерникова


како судија поединец, со записничарот Митра Алиќ, постапувајќи во
кривична постапка од прв степен по обвинителен предлог на ОЈО С.
Ко.бр.514/21 од 17.11.2021 година против Науме Стојанов од с.Б., за
кривично дело „Тешка кражба“ од чл.236 ст.1 т.1 од КЗ, Тасим Исинов од
С. за кривично дело „Прикривање“ од чл.261 ст.1 од КЗ и Амет Демиров од
С. за кривично дело „Прикривање“ од чл.261 ст.1 од КЗ, по одржаната
главна, јавна и усна расправа, во присуство на јавниот обвинител во ОЈО
С. Виолета Милчовска, обвинетите Тасим Исинов и Амет Демиров, а во
отсуство на обвинетиот Науме Стојанов и претставникот на оштетениот
“С. Т“ во стечај-стечајниот управник Драган Филковски, на ден 07.03.2022
година, ја донесе и објави следната:

П Р Е С У Д А
I.
ОБВИНЕТИОТ:
НАУМЕ СТОЈАНОВ од татко Асен, мајка Клиса,
роден на ден ... година, во С., живее во с.Б. на к.бр., моментално
престојува на непозната адреса во странство, ЕМБГ , Македонец,
државјанин на РСМ, досега неосудуван;

ВИНОВЕН Е:
ЗАТОА ШТО:

На ден 23.08.2021 година со совладување


на препрека качување на височина, одзел туѓи подвижни предмети со
намера противправно да ги присвои на начин што дошол до објектот на
„С. Табак“ лоциран во с.Б. бб и користејќи оксигенски апарат со боци
извршил сечење на железна кровна констукција при што пресекол неколку
железни шини на паричиња од еден до два метри со тежина од околу 2
тони во вредност од 46.449,00 денари, ги натоварил на неговата запрежна
кола влечена од коњ и ги однел во неговиот двор во с.Б. к.бр..

Со таквите дејствија обвинетиот сторил кривично дело „Тешка


кражба“ од чл.236 ст.1 т.1 од КЗ.

Согласно цитираната одредба и Закон, и чл.4, 32, 33, 48, 48-а, 49 и


50 од КЗ како и согласно чл.404 ст.1 од ЗКП, спрема обвинетиот се
изрекува алтернативна мерка:
У СЛОВНА ОСУ Д А

Со која му се утврдува казна затвор во траење од 1 (една) година


која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 2 (две) години по
правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Согласно чл.105 в.в. со чл.102 од ЗКП обвинетиот Науме Стојанов


се задолжува да плати:
-на име паушал износ од 2.000 денари;
-на име трошоци по постапка износ од 21.145,00 денари, од кои
износ од 12.885,00 денари однапред да бидат исплатени, од средствата
на судот, на бранителот по службена должност Зоран Молчанов адвокат
од С.,
сето тоа во корист на буџетските средства на РСМ во рок од 15
дена по правосилноста на пресудата, а под страв на присилно
извршување.

Согласно чл.119 од ЗКП привремено одземените предмети со


потврда за привремено одземени предмети бр.418 од 23.08.2021 година
на МВР СВР С. и потврда за привремено одземени предмети бр.419 од
23.08.2021 година на МВР СВР С. и тоа:
- железо со маса од околу 1100 килограми и железо со маса од
околу 750 килограми СЕ ВРАЌА на оштетеното „С. Табак“ - во стечај.

II.
ПРЕМА ОБВИНЕТИТЕ:

1.ТАСИМ ИСИНОВ од татко Кариман, мајка Зеља, роден на ден ...


година, во С. каде и живее на ул.“К О“ бр., ЕМБГ ..., Турчин, државјанин на
РСМ, без образование, по занимање собирач на секундарни суровини, со
просечни месечни примања од 10.000,оо денари, оженет, татко на 2
малолетни деца, досега неосудуван и
2.АМЕТ ДЕМИРОВ од татко Кенан, мајка Азира, роден на ден ...
година, во С. каде и живее на ул.“К О“ бр., ЕМБГ ..., Турчин, државјанин
на РСМ, со завршено средно образование, невработен, оженет, татко на
две малолетни деца, досега неосудуван.

Согласно чл.402 ст.1 т.3 од ЗКП

СЕ ОД БИВА ОБВИНЕНИЕТО

Дека:
-На ден 23.08.2021 година во с.Б., од Н С од с.Б. за цена од
20.400,00 денари купиле метални решетки иако знаеле дека истите се
прибавени со кривично дело, по што ги натовариле во комбиња ТМВ
„Форд Транзит“ со регистарски број и ПМВ„Форд Транзит“ со регистарски
број и заминале накај С..
- па со таквото дејствие обвинетите Тасим Исинов и Амет Демиров
да сториле по едно кривично дело „Прикривање“ од чл.261 ст.1 од КЗ.

ОБРА ЗЛ ОЖ ЕНИЕ

До Основен суд Струмица ОЈО С. поднесе обвинителен предлог


Ко.бр.514/21 од 17.11.2021 година, со кој ги обвини Науме Стојанов од
с.Б., за кривично дело „Тешка кражба“ од чл.236 ст.1 т.1 од КЗ, Тасим
Исинов од С. за кривично дело „Прикривање“ од чл.261 ст.1 од КЗ и Амет
Демиров од С. за кривично дело „Прикривање“ од чл.261 ст.1 од КЗ.
Обвинетиот Науме Стојанов од с.Б. не е достапен на органите на
прогонот и на истиот му се судеше во отсуство согласно решението на
Кривичниот совет при Основен суд Струмица Кс-Кр.бр.41/2022 од
07.03.2022 година.
Во завршен збор ЈО изјави дека од доказите изведени на главната
расправа од вербален и материјален карактер се докажало дека
обвинетиот Науме го сторил кривичното дело “Тешка кражба“ од чл. 236
ст.1 од КЗ во време место и на начин опишани во обвинителниот
предлог.Тоа се докажало од записникот за извршен увид, потврдата за
одземени предмети и изјавата на обвинетите Тасим и Амет дека
металните шини ги имаат купено од обвинетиот Наум. Предложи на судот
да го огласи обвинетиот Науме за виновен за кривичното дело кое му се
става на товар и осуди на казна по законот. Во однос на обвинетите Тасим
и Амет сметаше дека со оглед на дадените нивни одбрани и изјавата на
сведокот Е.И., не се докажало дека истите го сториле кривичното дело
“Прикривање“ од чл. 261 ст.1 од КЗ затоа што немало докази дека тие
знаеле дека купуваат предмети кои се прибавени со кривично дело
поради што го повлече обвинението против овие обвинети и предложи
судот да донесе одбивателна пресуда.
Обвинетите Тасим Исинов и Амет Демиров изјавија дека не се
чувствуваат за виновни за делото за кое се обвинуваат а во завршен збор
кажаа дека не барат трошоци по постапката.
Во завршен збор бранителот на обвинетиот Науме изјави дека
судот во однос на тоа дали постои или не вина на страната на обвинетиот
Науме да одлучи врз основа на доказите, па ако најде дека има вина на
негова страна како олеснителни околности да се ценат фактот што прв
пат се јавува како сторител на кривично дело и малата имотна корист од
истото, поради што сметаше дека и со поблага казна ќе се исполнат
целите на казнувањето. Побара трошоци за една одбрана во износ од
10.920 денари и ДДВ на овој износ.
Од изведените докази во текот на постапката и тоа: од увидот во
записник за извршена криминалистичко техничка обработка бр. од
31.08.2021 година на МВР СВР С., записник за извршена криминалистичко
техничка обработка бр. од 23.08.2021 година на МВР СВР С., потврда за
приврмено одземени предмети бр.од 23.08.2021 година на МВР СВР С.,
потврда за вратени предмети бр. од 07.09.2021 година на МВР СВР С.,
потврда за вратени предмети брод 07.09.2021 година на МВР СВР С.,
потврда за вратени предмети бр. од 07.09.2021 година на МВР СВР С.,
потврда за привремено одземени предмети бр. од 03.09.2021 година на
МВР СВР С., записник за претрес на дом и други простории или лице бр.
од 03.09.2021 на МВР СВР С., ЦД ром од увид бр. од 03.09.2021 година
на МВР СВР С., ЦД ром од увид бр. од 31.08.2021 година на МВР СВР С.,
проценка по предметот Ко.бр.514/21 од 30.09.2021 година на Брокер
консалтинг С., извод од КЕ на овој суд под Субр. од 08.10.2021 година, од
изјавата на сведокот Е.И. и одбраната на обвинетите Тасим Исинов и
Амет Демиров, анализирајќи го секој доказ посебно и во врска со другите
докази, судот ја утврди следната фактичка состојба:
Обвинетиот Науме Стојанов на ден 23.08.2021 година дошол до
објектот на „С. Табак“ лоциран во с.Б. и качувајќи се на височина со помош
на оксигенски апарат со боци, од железната кровна конструкција на
објектот пресекол неколку железни шини на парчиња од еден до два
метри со тежина од околу 2 тони чија вредност изнесува 46.449,00 денари,
по што шините ги натоварил на неговата запрежна кола влечена од коњ и
ги однел во неговиот двор во с.Б. к.бр.. Потоа му се јавил на Тасим
Исинов, со кого од претходно имале соработка околу откуп на старо
железо, кој дошол во с.Б. заедно со Амет Демиров и за цена од 20.400
денари ги купиле парчињата железни шини, ги натовариле во своите
комбиња и заминале накај С.. При откупот на железото заедно со Тасим и
Амет бил и сведокот Елвис Исиниов од С..
Од вака утврдената фактичка состојба, судот утврди дека
обвинетиот Науме Стојанов сторил кривично дело „Тешка кражба“ од
чл.236 ст.1 т.1 од КЗ.
Горната фактичка состојба судот ја утврди од следните докази:
Преку увидот во записникот за извршена криминалистичко техничка
обработка Ку.бр. од 31.08.2021 година на МВР СВР С. и увидот во ЦД ром
од увид број од 31.08.2021 година на МВР СВР С. се утврди времето,
местото и начинот на извршување на кривичното дело. Од овие докази се
утврди дека од железната кровна констукција на објектот на С. Т лоциран
во с.Б. на 23.08.2021 година со соодветен апарат за сечење железо се
исечени неколку железни шини на парчиња од еден до два метри со
тежина од околу 2 тони.
Од увидот во записник за криминалистичко техничка обработка
Ку.бр. од 23.08.2021 година, ЦД ром од увид број на МВР СВР С., потврда
за привремено одземени предмети бр. на МВР СВР С. и потврда за
привремено одземени предмети бр. на МВР СВР С. се утврди дека
украдените железни шини сечени на парчиња од еден до два метри се
пронајдени во ТМВ „Форд Транзит“ со регистарски број управувано од
обвинетиот Тасим Исинов и ПМВ„Форд Транзит“ со регистарски број ШТ-
управувано од обвинетиот Амет Демиров.
Сведокот Е.И., како и обвинетите Тасим и Амет, во свои одбрани,
изјавија дека железните шини Тасим и Амет ги купиле од обвинетиот
Науме. Имено сите тројца идентично кажаа дека на 23.08.22021 година,
односно денот кога ги стопирала полицијата и кога им ги одзеле
комбињата и железото биле за С, па само што се вратиле во С., Науме се
јавил на Тасим и му рекол дека има железо за продавање, па сите тројца
отишле кај него дома во с.Б. по што Тасим и Амет му го откупиле
предметното железо.
Заклучокот дека обвинетиот Науме Стојанов ја извршил
предметната кражба, освен од наведеното, судот го изведе и од увидот во
записник за претрес на дом и други простории или лице бр. од 03.09.2021
година на МВР СВР С. и потврда за привремено одзедмени предмети Бр.
од 03.09.2021 година преку кои се утврди дека при претрес во домот на
обвинетиот Науме се пронајдени и одземени две оксигенски боци, една
оксигенска рачка, еден манометар за мерење притисок и две гумени
црева што претставуваат соодветни средства за сечење на кровната
конструкција и железните шини на парчиња.
Вредноста на одземеното железо, судот ја утврди од извршената
проценка од страна на Друштвото за консалтинг, книговодство, проценка и
вешташење БРОКЕР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ С. бр. од 09.11.2021 година.
При вака утврдена фактичка состојба следуваше судот да
обвинетиот Науме Стојанов го огласи за виновен за кривично дело „Тешка
кражба“ од чл.236 ст.1 т.1 од КЗ.
При одмерувањето на видот и висината на казната, судот ги зеде во
предвид сите околности. Така како олеснувачки околности ги ценеше,
досегашната негова неосудуваност, фактот што против него не се води
постапка за друго дело, малата имотна корист прибавена со извршеното
кривично дело, додека како отежнувачки околности судот ги ценеше
степенот на кривичната одговорност на обвинетиот, тежината на
стореното дело, зачестеноста на ова и слични кривични дела од имотен
карактер, па имајќи ги вака определените олеснувачки и отежнувачки
околности, посебно ценејќи го фактот дека обвинетиот за прв пат се јавува
како извршител на инкриминирано дејствие, судот на обвинетиот му
утврди казна затвор во траење од една година истовремено
определувајќи дека истата нема да се изврши доколку во орк од две
години по правосилноста на пресудата нема да стори ново кривично дело,
сметајќи дека во конкретниот случај со изрекување на една закана на
казна ќе се постигнат целите на казнувањето во смисла на генералната и
специјалната превенција, односно воспитно ќе се влијае врз обвинетиот
тој во иднина да се воздржи од извршување на кривични дела и
истовремено во иста насока да се влијае и врз останатите граѓани во
општеството.
Судот го задолжи обвинетиот да плати паушал во износ од 2.000
денари имајќи ја во предвид сложеноста и траењето на постапката, како и
да ги надомести трошоците по постапката во износ од 21.145,00 денари а
кои се однесуваат: износ од 8.260,00 денари за извршена проценка од
страна на БРОКЕР КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ С. и износ од 10.920,00 денари
за една одбрана со 30% паушал и 20% саатнина за секој започнат час
(еден час) на бранителот по службена должност Зоран Молчанов адвокат
од С., зголемено за износ од 1.965,00 денари на име 18% ДДВ затоа што
бранителот е запишан како обврзник на данокот на додадена вредност во
Реистарот на обврзници на данокот на додадена вредност што се води во
Управата за јавни приходи.
Согласно чл.119 од ЗКП привремено одземените предмети со
потврда за привремено одземени предмети бр. од 23.08.2021 година на
МВР СВР С. и потврда за привремено одземени предмети бр. од
23.08.2021 година на МВР СВР С. и тоа: железо со маса од околу 1100
килограми и железо со маса од околу 750 килограми судот одлучи да се
вратат на оштетеното „С. Т“ - во стечај.
Јавниот обвинител по изведување на доказите го повлече
обвинението против обвинетите Тасим Исинов и Амет Демиров за сторено
кривично дело „Прикривање“ од чл.261 ст.1 од КЗ, судот, согласно чл.402
ст.1 т.3 од ЗКП, каде законодавецот пропишал дека судот ќе донесе
пресуда со која се одбива обвинението кога тужителот од започнувањето
па до завршувањето на главниот претрес ќе се откаже од обвинението,
одлучи како во став II од изреката на пресудата.

Предвид на горното, се одлучи како во изреката на пресудата.


Одлучено во Основен суд Струмица под К.бр.578/21.

Записничар, Судија,
Митра Алиќ с.р. Цона Каламерникова с.р.

ПРАВНА ПОУКА: Против ова пресуда незадоволната странка има


право на жалба во рок од 8 дена по приемот на пресудата преку овој, до
Апелационен суд Штип.

Да се достави до:
- ОЈО С.
- обвинетите Тасим и Амет
- бранителот Зоран Молчанов, адвокат од С.
- кон списите

You might also like