You are on page 1of 4

Анализа на пресуда по предметот Отштетно Право

Оваа пресуда е донесена од страна на основниот суд Скопје 2 Скопје, како првостепен
суд, со претседател на суд Зорица Цунгаровска и поротници Славка Ангелевска и
Милица Мицковиќ, постапувајќи по тужбата на тужителите ЗВ. КВ. СВ. ДВ. ЗВ. НН.
ЛМ. АЃ. Сите од Струмица против АД Евроинс Осигурување Скопје, за надомест на
автоодговорност во спор со вредност од 20.721.278,00 денари, по одржана главна
расправа и усна расправа на ден 26.12.2014 во присуство на полномошник на
тужителите адв. Тања Ивановска од адв.Друштво Бранко Кузмановски и полномошник
на тужениот адв. Емилија Борисављевиќ од Скопје на ден 15.01.2015.
Пред да се тргне во подробна анализа на оваа пресуда треба да се изанализира самата
форма на пресудата односно дали ги содржи елементите на писмено изработена
пресуда врз основа на чл.327 ст1: Писмено изработена пресуда требата да содржи увод,
изрека и образложение.
Ова пресуда ги содржи сите потребни елементи кои требат да ги има една пресуда.
Во испитувањето на процесните претпоставки кои треба да бидат запазени во однос на
судот дали е месно надлежен да одлучува со пресуда за тужбеното барање врз основа
на чл 39 од ЗПП: За судење општо месно надлежен суд е судот на чие подрачје
тужениот има живеалиште или седиште.
Основниот суд Скопје е месно надлежен да постапува по тужбеното барање на
тужителите за надомест на штета затоа што тужениот има седиште како правно лице во
Скопје.
Судот врз основа на чл.35 ст1 и ст2 е правилно составен од еден судија како
претседател на советот и двајца судии поротници.
Вредноста истакната во тужбеното барање судот ја утрвдил врз основа на чл.30 ст1:
Ако во една тужба, против истиот тужен опфаќа повеќе барања што се засноваат врз
иста фактичка и правна основа, вредноста на спорот се определува според збирот на
вредноста на сите барања.
Во тужбата барање истакнале 11 тужители кои имаат иста фактичка и правна основа за
надомест на штета против тужениот.
Тужителите во овој однос според чл186 од ЗПП се активни сопарничари кои имаат
иста фактичка и правна основа и еден суд е надлежен за сите тужители.

Во изреката на пресудата Основниот суд одлучувал за барањата на тужителите да се


задолжи тужениот за надомест на штета на сите тужители и го одбил како неосновано
и ги задолжил тужителите на тужениот да му ги надоместат процесните трошоци во
износ од 137.913.00 во рок од 15 дена по прием на пресудата. Зошто судот го одбил
целосно тужбеното барање е истакнато во образолжението.

Тужителите истакнале со тужбата дека на ден 08.04.2014 години се случила


сообраќајна несреќа во која првотужителката ЗВ. И седмотужителот НН претрпеле
тешки телесни повреди како сопатници во Опел Вектра управувано од лицето
Александар Василев кој претрпил тешки телесни повреди од кои починал на лице
место. Тужителите наведуваат дека првотужителката и седмотужениот се здобиле со
тежок инвалидитет а останатите тужители бараат надомест на нематеријална штета
поради претрпен инвалидитед на блиско лице. Во овој случај останатите тужени се
појавуваат како индирекно оштетени во однос на првотужителот и седмотужителот кој
се дирекно оштетени и кој се здобиле со тежок инвалидитет.
Нематеријална штета настанува со повреда на личните права на оштетаниот а под
лични права се подразбираат: правото на живот, телесно и душевно здравје, углед, чест
и достоинство. Нематеријалната штета се надоместува на два начини и тоа како
морална сатисфакција и материјално како справедлив паричен надоместок.
Во дадениов однос тужителите во тужбеното барање се повикуваат на чл 190 од ЗОО
за справедлив паричен надоместок во случај на смрт или тежок инвалидитет.
Ст1: Во случај на смрт или тежок инвалидитет на некое лице, судот може да им досуди
на членовите на неговото потесно семејство справедлив паричен надоместок за
нематеријална штета
СТ2: Таквиот надоместок може да им се досуди и на браќата и сестрите дедовците и
бабите ако меѓу повреденото лице и нив постоела потрајна заедница.

Тужениот преку својот полномошник во завршните зборови во целост го оспорил


тужбеното барање на тужителите повикувајќи се на чл150 ст1 од ЗОО кој вика дека не
постои основ за надомест на штета од страна на тужениот, бидејќи тужителите сами се
довеле во опасна ситуација според тоа се согласиле со можноста од настанување на
предметната штета односно истите влегле во возилото со возач во алкохолизирана
состојба и биле свесни за таа околност.
Во дадениов случај имаме штетно дејствие предизвикано со сторување на сообраќајна
незгода од страна на возачот на автомобилот. Тоа дејствие е противправно затоа што
со него е повредена определена императивна норма. Но некогаш под одредени
околности и услови во кој противправните штетни дејствија се преземени,
противправноста кај нив се исклучува. Во овој случај врз основа на членот 150 ст 1 на
кој се повикува тужениот постои исклучување на противправноста затоа што
оштетениот се согласил да му се причини штета, во случајов со тоа што првотужителот
и седмотужителот се согласиле да влезат во автомобилот со шофер во алкохолизирана
состојба им го исклучува правото да бараат надомест на штета. Се претпоставува дека
тужителите биле свесни за ризикот и дека нивната согласност да им се причини штета
настанува во оној момент кога реално се изложиле на опасност а тоа во овој случај е
кога влегле во автомобилот со пијан шофер.
Поради наведеново првотужениот и седмотужениот немаат право да бараат надомест
на штета и аналогно на истото право на надомест на штета немаат ниту останатите
тужители кои бараат надомест на нематеријална штета за блиско лице.
Тужениот во понатамошното изнесување ја оспорува и висината на тужбеното барање
за надомест на нематеријална штета од причина што тужбеното барање не
соодветствува со видот и карактерот на повредите. Тужениот исто така се повикува на
чл20 од ЗЗОС дека тужбеното барање го надминало лимитот.
Судот по изведувањето на доказите и увидот во нив според чл8 од ЗПП ја утврдил
следнава фактичка состојба:
На ден 08.04.2012 околу 04 15 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село во
с.Дабилја мв Дабалски мостови се случила сообраќајна незгода во која учествувал
Александар Василев кој управувал со автомобилот марка Опел Вектра.
Сопатници во истото биле седмотужителот НН кој седел на сувозачко место, Јулијана
Василева која седела позади возачот и првотужителката ЗВ која седела позади
совозачот.
Возачот АВ. Веднаш им подлегнал на повредите а сопатниците се здобиле со тешки
телесни повреди.
Истражниот судија по излегувањето на терен издал налог за земање на крв од
повредените а од покојниот било земено на лице место и било утврдено дека;
- Кај Александар Василев било констатирано присуство на алкохол во крвта од 4,39% .
- Првотужителот имал 0,61 промил.
- Седмотужителот имал 0,81 промил

Истражниот судија ја сослушал првотужителката како сведок која потврдила дека


Александар Василев бил под дејство на алкохол и возел многу брзо, поради што ја
изгубил контролата над возилото и отишол неконтролирано во дено надвор од
коловозот, прелетувајќи го коритото на реката и удирајќи во бетонска шахта на другата
страна од реката.

Со Сообраќајното вештачење од страна М-р Јане Илиоски врз основа на направената


анализа било утврдено дека единствено одговорен за настаната сообраќајна несреќа и
последиците од не по сопатниците бил одговорен Александар Василев кој управувал
под дејство на алкохол и возел со брзина од 131,3 км/ч.

Врз основа на истакнатата фактичка состојба во дадениов случај станува збор за


посебен случачај на објективна одговорност односно одговорност во случај на несреќа
предизвикана од моторни возила во движење.Автомобилот како превозно средство
претставува извор на зголемена опасност која може да доведе до објективна
одговорност а објективна одговорност е одговорност без оглед на вина. Одговорноста е
објективна кога од несреќата предизвикана со судир на моторните возила во движење
штета ќе претрпи трето лице. Притоа, трето лице може да биде она кое се превезува во
возилата а исто така и лице кое е надвор од возилата . Во овој случај одговорноста е
објективна затоа што возилото од кое е предизвикано штетното дејствие на третото
лице или лица во случајов на првотужителот и седмотужителот претставува типичен
пример на ствари кои претставуваат извор на зголемена опасност за околината.

Во утврдувањето на фактичката основа не е спорно дека првотужителката и


седмотужителот се здобиле со тежок инвалидитет опишан во медицинските вештачења
но исто така беше утврдено дека сопатниците во дадениот момент и тие биле под
дејство на алкохол над дозволената граница.
Судот во изреката се одлучи да го отфрли тужбеното барање на тужителите како
неосновано затоа што беше спорен основот и висината на тужбеното барање

Согласно член 150 ст1 од ЗОО тој што на своја штета ќе му дозволи на друг преземање
на некое дејствие, не може да бара од него надомест на штета причинета со тоа
дејствие.
Од горната законска одреба и утврдената фактичка состојба тужбеното барање е
целосно неосновано од причина што првотужителот и седмотужителот имале
сигурност дека возачот е во алкохолизирана состојба и се согласиле да седнат во
неговото возило.

На првотужитело и седмотужителот не им следува надомест на материјална и


нематеријална штета па по автоматизам не им следува и на останатите тужители
поради душевни болки поради настапен инвалидитет.

Судот ги задолжи тужителите на тужениот да му ги надоместат процесните трошоци.

Поука: Против оваа пресуда има право на жалба во рок од 15 дена од приемот на
истата преку овој суд до Апелациониот Суд Скопје

Димитар Димоски

Инд.бр 45876

You might also like