You are on page 1of 12

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН


СВ НИКОЛЕ – БИТОЛА
Семинарска работа по предметот
КАЗНЕНО ПРАВО
ТЕМА:
ПОДОБЕН И НЕПОДОБЕН ОБИД

Изработил Ментор
СОДРЖИНА

Вовед....................................................................................................................3

Поим.....................................................................................................................4

Неподобен обид..................................................................................................5

Доброволно откажување во обид......................................................................6

Практичен пример за обид.................................................................................8

Практичен пример за непободен обид..............................................................9

Заклучок..............................................................................................................10

Користена литература.......................................................................................12

2
ВОВЕД

Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го


доврши, ќе се казни за обид за кривично дело за кое според закон може да се
изрече казна затвор од пет години или потешка казна, а за обид на друго кривично
дело само кога законот изречно пропишува казнување и за обид.

Сторителот ќе се казни за обид во границите на казната пропишана за кривичното


дело, а може да се казни и поблаго.1

Обидот е започнато но недовршено казнено дело односно умислено започнување


на извршување на делото што останало недовршено поради некоја причина
независна од волјата на сторителот. Ова и е разликата помеѓу неуспешниот обид
и доброволното откажување.

Законската дефиниција на обидот содржи три елементи: умисла за извршување


на казненото дело, започнување со извршување на делото и неостварување на
неговата последица.

1
Член 19 – Кривичен законик на Република Македонија Службен весник на
Република Македонија" бр. 80/99, 4/02, 43/03

3
ПОИМ

Обидот е започнато но недовршено казнено дело односно умислено започнување


на извршување на делото што останало недовршено поради некоја причина
независна од волјата на сторителот. Ова и е разликата помеѓу неуспешниот обид
и доброволното откажување. Субјективен елемент во битието на обидот е
умислата за извршување на делото. Сторителот е свесен за сите негови обележја
и го сака или се согласува со настанувањето на последицата. Не постои обид ако
сторителот нема цврста волја за довршување на делото, ако неговата умисла е
ограничена само ако на започнувањето на определено дејствие без јасна свест и
волја за неговата последица. Објективен елемент на несамостојното битие на
обидот е започнувањето со извршувањето на делото. Сторителот започнува со
извршување на делото кога го презема дејствието на извршување содржано во
неговиот законски опис. Дејствието на извршување може да биде директно и
индиректно. Обидот се казнува како довршено дело кај сите потешки дела, за кои
е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна, како и за други
казнени дела кога законот пропишува казнување и за обид. Како дела за кои е
пропишана казна затвор од пет години се сметаат и делата кај кои таквата казна е
пропишана како посебен максимум, затоа што во тој случај може да се изрече и
таквата максимално пропишана казна. Сторителот се казнува за обид во
границите на казната пропишана за казненото дело, а може и да се казне поблаго.
Кај сложените казнени дела обид претставува започнувањето со извршување на
првото дејствие, кога тоа според законскиот опис му претходи и е услов за
наредното дејствие. Обидот на квалифицираното дело подразбира дека заедно со
започнувањето со дејствието на извршување треба да биде остварена и
посебната квалификаторна околност на делото. Гарантниот омисивен деликт
останува во обид кога гарантот започнал да ја пропушта својата гарантна обврска
за спречување на последиците. За почеток на пропуштањето треба да се земе
моментот на актуализирање на опасната состојба што ја активира неодложно
гарантната обврска.

4
НЕПОДОБЕН ОБИД

Сторителот кој ќе се обиде да изврши кривично дело со неподобно средство или


спрема неподобен предмет, може да се ослободи од казна. 2

За неподобен обид се работи кога сторителот ќе се обиде да изврши кривично


дело со неподобно средство или кон неподобен предмет. Неподобниот обид ги
содржи следниве елементи: умисла за извршување на делото, започнување со
извршување на делото и неподобност на средството со кое се врши или
предметот кон кој се извршува делото. Постојат апсолутно и релативно неподобен
обид. Неказнивиот апсолутно неподобен обид би постоел во случај кога ниту
сторителот, ниту кој и да е друг на негово место со такви средства или кон таков
предмет во никој случај не би можел да го изврши казненото дело. Казнивиот
релативно неподобен обид би бил обидот извршен со средства или кон објект кои
се начелно подобни, но во конкретниот случај се покажале неподобни.

Според кривичниот законик, неподобниот обид е факултативна основа за


ослободување од казна. Со оглед на тоа дека неподобниот обид е обид,
сторителот начелно ќе се казни со казната пропишана за обид, поточно – во
границите на казната пропишана за казненото дело. Но, за разлика од обидот
воопшто, овде сторителот може и да се ослободи од казна, ако не се одлучи за
ослободување, судот може и да ја ублажи казната без ограничувањата пропишани
за ублажувања на казната.3

2
Член 20 – Кривичен законик на Република Македонија„Службен весник на Република Македонија“ број
37/96
3
Член 41 – Кривичен законик на Република Македонија„Службен весник на Република Македонија“ број
37/96

5
ДОБРОВОЛНО ОТКАЖУВАЊЕ ОД ОБИД

Сторителот кој подготвувал или се обидел да изврши кривично дело, но


доброволно се откажал од неговото извршување, може да се ослободи од казна. 4

Законскава дефиниција покрива две ситуации: откажување во фазата на


казнивото подготвување и откажување во фазата на казнивиот обид.
Откажувањето од начелно неказнивите подготвителни дејствија и од обидот за
полесните дела, кај кои не е казнив, нема никакво казненоправно значење.
Заедничко за двете ситуации е тоа дека поради откажувањето на сторителот не
дошло до реализирање на казненото дело. Активноста на сторителот е
доброволно запрена при превземањето на подготвителните дејствија или откако
сторителот започнал со извршувањето на делото.

Со оглед на различниот третман од аспект на казнувањето, средиште на


проблематиката на овој институт е доброволното откажување од обид, кога
сторителот го започнал извршувањето на делото, но доброволно се повлекол од
неговото довршување. Овој случај се појавува како посебен облик на обидот. За
разлика од основниот облик на неуспешен обид, каде изостанува последицата
поради околности независни од волјата на сторителот, овде останувањето на
делото во фаза на обид се должи на волјата на самиот сторител.

Како повеќето законодавства, така и кривичниот законик на Република Македонија


предвидуваат привилегиран третман на доброволното откажување од обид во
посебна одредба.

Доброволност на откажувањето – Сите казнени законодавства што го познаваат


овој институт како субјективна страна на откажувањето ја предвидуваат
доброволноста, т.е сторителот доброволно да се откажал од извршувањето на
4
Член 21 став 1 Кривичен Законик на Р.Македонија Службен весник на
Република Македонија" бр. 80/99

6
делото. Но, насекаде дефиницијата на поимот на доброволност е препуштена на
теоријата и на судската практика. Мнозинството ја следи таканаречената
Франкова формула: откажувањето е доброволно кога сторителот си вели не сакам
да го довршам делото, иако можам, а недоброволно пак кога си вели не можам да
го довршам делото иако сакам.

Покрај ова постојат и други поддела на ова тие се:

1. Откажување од подготвителни дејствија и


2. Квалифициран обид.

Откажување од подготвителни дејствија. Сторителот што преземал казниви


подготвени дејствија но доброволно се откажал или сериозно настојувал да го
спречи започнувањето со извршувњето на делото може да се ослободи од казна
за самото подготвување.

Квалифициран обид- Кривичниот законик пропишува дека во случај на


доборволно откажување сторителот ќе се казни за оние дејствија што
претставуваат некое друго самостојно казнено дело. Пр. При обидот на убиство
од кого сторителот се откажал на жртвата и е нанесена телесна повреда.

ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР ЗА ОБИД

7
Од законскиот поим за обидот можеме да извлечеме дека: Тој што со умисла ќе
започне со извршување на кривично дело, но нема да го доврши ќе се казни за
обид на кривично дело.

На пример: Лицето А. Откако дознало дека неговиот комшија – лицето Б. Добил


70.000 денари од спортска обложувалница, решило да го ограби. Со цел да си го
олесни слободниот и непречен пристап до неговиот стан, го известил дека мајка
му на Б. Била повредена во сообрајќајна незгода и била пренесена во ургентниот
центар во Скопје. При што лицето Б. Веднаш тргнал кон Скопје. Лицето А. отишол
кај него дома за да ги украде парите но ја забележал сопругата на лицето Б. во
дворот, која порано се вратила од работа. Откако ја видел неа се откажал од
својата намера.

8
ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР ЗА НЕПОДОБЕН ОБИД

Во овој случај станува збор за вистински обид но во моментот на обидот


средствата со кои се врши истиот се покажале како неподобни или пак предметот
кон кој се врши тој обид исто така се покажал неподобен.

Мајка на два сина одлучувала по својот тестамент целиот имот да му го препише


на едниот син а на другиот син лицето А. да му го остави само нужниот дел. Кога
го дознал ова лицето А. видно растроен, започнал да планира убиство на својата
мајка се со цел да се одмазди. Конечно решил дека најподобен начин за
лишување од живот е пуштање на плин во нејзината спална соба. За таа цел тој
набавил плинска боца и ја скрил во собата на неговата мајка, но бидејќи бил
видно растревожен тој не го пуштил до крај плинот на регулаторот на боцата со
што не дошло до гушење на неговата мајка, која веднаш се разбудила откако го
почувствувала мирисот на плин во собата.

Друг сличен ваков пример, на пример пукање со пушка во труп од човек, или
пукање во човек со празен пиштол.

9
ЗАКЛУЧОК

Законски поим Според КЗ тој што со умисла ќе започне извшрување на кривично


дело но нема да го доврши, ќе се казни за обид на кривично дело. Обидот е
започнато, но недовршено казнено дело умислено започнување соизвршувње на
делото што останало надовршено поради некоја причина независна од волјата на
сторителот. Законската дефиниција на обидот содржи три елементи: -умисла за
извршување на казненото дело,, - започнување со извшрување на делото и –
ненастапување на неговата последица.

 Умисла за извшрување на казненоево дело. Субјективен елемент со


битието на обидот е умислата за извршување на делото. Пр. го извлекол
револверот за да пука но без волја да убие некого во тој случај може да се
работи за делото загрозување на сигурноста.
 ●Започнување со извршувње на делото: Сторителот започнува со
извшрување на делтото кога го презеа дејствието на извршување содржано
во неговиот законски опис. Пр. го вперурува пиштолот во лицето што сака
да го убие, ја крши вратата од станот за да изврши кражба.
 ● Ненастанување на штетната последица Тоа значи дека делото останло во
обид и не настанала штетна последица.

Подготвителните дејства се дејствија на сторителот со кои се создаваат услови за


непосредно извршување на казненото дело, а кои не претставуваат дејствие на
извршување, а обидот преземено дејствие кое според едно нормално секојдневно
природно сфаќање значи дејсвие на извшрување на конкретно казнено дело

Обидот се казнува како довршено дело кај сите потешки дела за кои е пропишана
казна затвор од пет години или потешка казна како и за други дела кога законот
пропишува казнување и за обид . Како дела за кои е пропишана казна затвор од

10
пет години се сметаат и делата кај кои таква казна е пропишана како посебен
максиму зашто во тој случај може да се изрече и таквата максимално пропишана
казна. Сторителот се казнува за обид во границите на казната пропишана за
казнното дело,а може да се казни и поблаго.

За неподобен обид се работи кога сторителот ќе се обиде да изврши кривично


дело со неподобно средство или кон неподобен предмет.

Има два вида на неподобен обид и тоа: Апсолутно неподобен обид и релативно
неподобен обид. Казнивост носи релативниот неподобен обид додека пак
апсолутно неподобниот обид не сноси казнени последици.

11
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Кривичен законик на Република Македонија (интегрален пречистен текст)


2010 год.
2. Казнено право (општ дел) Акад. Проф. Д-р Владо Камбовски, Скопје 2006
год.
3. Казнено право (општ дел) Проф. Д-р Миладин Крстаноски, Охрид 2010 год.
4. http://www.pravdiko.mk/krivichen-zakonik/
5. http://eprints.ugd.edu.mk/7574/1/%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BF
%D1%82%D0%B0%20%D0%9A%D0%97%20%D1%81.pdf

12

You might also like