You are on page 1of 18

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

Гаврило Романович Державин


Факултет за правни науки

Семинарска работа

За предмет:

Трговско право

Тема:Хартии од вредност

Ментор: Изработил:

1
СОДРЖИНА
ВОВЕД......................................................................................................3

ПОИМ,УЛОГА И ВИДОВИ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ...........................4

ЗНАЧЕЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ...............................8

АКЦИИ......................................................................................................8

ОБВРЗНИЦИ.............................................................................................11

БЛАГАЈНИЧКИ,КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДРЖАВНИ ЗАПИСИ.........................13

СЕРТИФИКАТ ЗА ДЕПОЗИТ......................................................................14

ФИНАНСИСКИ ДЕРИВАТИ........................................................................14

ИЗДАВАЊЕ И ЈАВНА ПОНУДА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ.....................15

ТРГУВАЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ.....................................................16

ЗАКЛУЧОК..................................................................................................17

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА..........................................................................18

2
ВОВЕД
Трговското право претставува посебна гранка на правото во нашиот правен систем.
Трговското право всушност претставува една од можне важните гранки во рамките на
севкупниот правен систем на една земја. Основна цел на трговското право е да ги изучува
оние правни норми со кои се регулирани правните односи во нашето трговско работење.
Тоа практично значи дека- Трговското право од една страна опфаќа норми кои се
однесуваат на самите субјекти во трговскиот промет и трговијата воопшто, а од друга
страна опфаќа норми со кои е регулирана активноста.

Трговското право се појавило во средниот век и се сметало сталешко право на трговците,


кое ги заштитувале нивните права и интереси. Неговите корени датираат уште од времето
на Хамурабиј. Иако во тој период трговијата се реализирала преку правилата на
граѓанското право, сепак постоеле одредени специфични трговски правила кои што се
однесувале на продажбата, превозот на стока, посредување, заем со камата, кредитни
работи кои што биле содржани во Хамурабиевиот закон. Во средниот век тоа се
развивало како обичајно право. Тоа било посебно право на трговските сталежи кое што се
развивало паралелно со развојот на трговијата најпрво во Италија,а понатаму во
Франција, Шпанија, Англија, Германиа итн. Во новиот век, на теренот на трговското право
се појавуваат неколку кодификации на национален план, кои што постепено го
издвојуваат трговското право како посебна правна гранка. Самиот процес на
кодификација кој што се спроведувал во овој период укажува на значењето кое што
трговското право го доживува. Во модерната правна литература и практика,трговското
право има третман на самостојна правна гранка чиишто извори имаат различна правна
природа. Во зависност од предметот на трговското право постојат следните области кои
се изучуваат:

А) статусно трговско право

Б) договорно трговско право

Предметот на трговското право може да биде и многу поширок, бидејќки постои


тенденција за негово ширење во смисла на создавање на едно „деловно право“. Во оваа
смисла францускиот автор по трговско право Ripert пишува дека трговското право ги
опфаќа правните односи во кои стапуваат трговците и трговските друштва, било помеѓу
себе или со своите муштерии. Оттаму трговското право опфаќа и материјално правни
прописи за стечај, недопуштена конкуренција, индустриска сопственост, работи на
ефективни берзи, меница и чек и други хартии од вредност.

3
Изворите на трговското право, како и во другите гранки на правото можеме да ги
поделиме на:материјални и формални извори на правото.

Под материјални извори на трговското право се подразбира волјата на владеачката класа,


која со помош на државата и нејзините органи донесува извесни правни правила преку
кои ја изразува својата волја и ги заштитува своите класни интереси. Затоа се вели дека
секое право има класен интерес.

Под формални извори на правото подразбираме облици, форми во кои се појавуваат


правните правила со кои владеачката класа ја изразува својата волја, штитејќи ги своите
интереси. Како формални извори на трговското право се: законите,подзаконските акти-
други акти на државните органи,правните правила.трговските обичаи, узансите, судската
практика,правилата на граѓанското право и правната наука.

Поим, улога и видови на хартии од вредност


Хартии од вредност во смисла на законот за хартии од вредност означуваат инструмент
(договорен однос), договор чија цел е остварување добивка врз основа на претприемачки
и менаџерски труд на други, вклучувајќи без ограничување на акции, обврзници,
благајнички записи, комерцијални записи, државни записи, сертификати за депозит и
други финансиски инструменти кои се сметаат за инвестиции според Комисијата за хартии
од вредност.Сериски хартии од вредност се хартиите од вредност издадени во исто време
од страна на ист издавач кои на имателите им даваат еднакви права и обврски.Хартиите
од вредност се издаваат,пренесуваат и се водат како електронски записи во Централниот
депозитар за хартии од вредност.

Инаку под тргување со хартии од вредност во смисла на Законот за хартии од вредност се


подразбира првото продавање, односно првото запишување и уплата на хартии од
вредност(примарен пазар) и секое натамошно купување и продавање на хартијата од
вредност(секундарен пазар).Поконкретно и појасно кажано, хартијата од вредност е
псимена исправа со која нејзиниот издавач се обврзува дека ќе му ја исполнина нејзиниот
законски имател обврската запишана на таа исправа.Без разлика на видовите хартии од
вредност што се појавуваат во правниот промет, тие ги имаат следниве заеднички
карактеристики:

 Хартиите од вредност се писмени исправи


 Хартиите од вредност се однесуваат на некое имотно право

4
 Правото на кое се однесува хартијата е во тесна врска со самата хартија

Формалноста на хартиите од вредност не се согледува само во тоа тие да бидат составени


во определена писмена форма, туку и соодветните законски прописи во зависност од
видот на хартијата од вредност, определуваат кои суштествени елементи треба да ги
имаедна писмена исправа за да може да се смета за хартија од вредност.Во зависност од
развиеноста на финансискиот пазар, хартиите од вредност некои повеќе некои помалку
имаат разновидна улога во современото стопанство и тоа како инструменти не само во
внатрешниот туку во меѓународниот промет на стоки и услуги.Нивната улога е трикратна и
тоа:

 Како средтсво за плаќање (чек, кредитно писмо, обврзница и др)


 Како средство за обезбедување на кредит(меница)
 Како средство на стоковниот промет (коносман, складишница, товарен лист,полиса
за осигурување и др.)
 Хартиите од вредност имаат таква карактеристика што овозможуваат брзина во
прометот, бидејќки можат многу лесно и без големи пречки да циркулираат, да се
пренесуваат од едно на друго лице.Исто така тие се прифатени како инструменти
во финансискиот пазар и поради тоа што тие претставуваат и определена сигурност
во пласирањето на средства, бидејќи гарантираат дека средствата што се вложени
во определено време ќе бидат вратени и тоа во иста висина, но со зголемена
камата(ако е предвидено нејзино плаќање).Хартиите од вредност имаат и таква
можност што нивните побарувања можат да се претворат во готови пари.Хартиите
од вредност што се употребуваат во деловниот промет на стоки и услуги можеме
да ги поделиме според различни критериуми и тоа:
1) Според начинот врз кој е определен титуларот на правото кој е содржан во хартијата
од вредност,разликуваме три вида на хартии од вредност и тоа: хартии на име, хартии
по наредба и хартии на доносителот.По овој критериум можат да постојат и мешовити
хартии.
А)Под хартии од вредност на име подразбираме такви хартии од вредност во кои е
означено името на физичкото лице или називот на правното лице,односно името а
носителот на првото од хартијата од вредност.Издавачот уште при издавањето на
хартијата од вредност го внесол во хартијата името на лицето спрема кое презема
обврска.Како хартии од вредност на име се сметаат:Штедна книшка, сертификат за
здружени средства, обврзници на име, меница, чек и др.Тоа се пренесува со
индосамент
Б)Хартија од вредност по наредба е таква хартија од вредност која го содржи името
на лицето што се јавува како осител на право.Меѓутоа на овие хартии како носител на
право може да се појави и секое друго лице кое носителот на правото ќе го определи

5
со своја посебна наредба.на овие хартии од вредност покра името на носителот на
право има и клаузула за наредба „платете по наредба на НН“ или „по
наредба“.Изадавачот на хартија по наредба се обврзал дека по наредба на лицето на
кое гласи хартијата од вредност ќе ја изврши обврската од хартија и на друго лице.
Меѓутоа,покрај хартија од вредност по наредба во кој издавачот изречно ја внесол
клаузулата „по наредба“, постојат и такви хартии кои според посебни прописи се
сметаат за хартии по наредба дури и кога во нив нема таква клаузула. Овој вид хартија
од вредност има поголемо значење во прометот.Особено кога е во прашање чек и
меница, кои се користат како инструмент за кредитирање, обезбедување и плаќање,
бидејќи и преносот е мошне едноставен.
В)Хартија од вредност на доносителот е таква хартија во која не е назначено името на
носителот-титулар на право на кое се однесува хартијата од вредност.Овие хартии од
вредност се познати со клаузулата „плативо на доносителот“, или некоја друга слична
одредба.Некое хартии од вредност се сметаат како хартии на доносителот и по закон
како што е случај со чекот во кој не е назначено името на лицето на кое тој чек ќе се
исплати.Истите се многу згодни за промет бидејќи се пренесуваат со предавање а со
тоа се пренесува и правото.

2) Хартиите од вредност можеме да ги поделиме и според природата на правата


содржани во хартијата и тоа на:имотно-правни, облигационо-правни и хартии со право на
учество.

А)Имотно -правни хартии од вредност се такви хартии во кои е содржано некое


имотно-стварно право.Со пренеувањето на вакви хартии од вредност се пренесува
истовремено и имотно-стварно право кое е содржано во хартијата.

Б)Облигационо-правни хаартии од вредност се такви хартии во кои е инкорпорирано


определено облигационо право,односно и некое побарување спрема издавачот на
хартија,односно спрема некој друг должник по таа исправа.Овде спаѓаат
чек,меница,кредитно писмо,штедна книшка и др.Сите овие хартии од вредност мораат да
се поднесат,односно да му се презентираат на должникот за извршување на
обврската.Оваа обврска а презентирање постои во самиот закон.

В)Хартии од вредност со право на учество се оние кои на имателот на тие хартии му


даваат за право учество во некоја правна работа.Таков е случајот со акциите во
акционерските друштва.Овие исправи уште се нарекуваат и лично-правни
исправи,бидејќи иматели на вакви хартии имаат лични права.

Хартиите од вредност можат да се поделат и според други критериуми како на пример


каузални и апстрактни, конститутивни и неконститутивни и др.

6
Како законит имател на хартијата од вредност се смета нејзиниот доносител,додека како
законит имател на хартија од вредност на име и по наредба се смета лицето на кое гласи
хартијата од вредност,односно лицето врз кое е пренесена.

Преносот на хартија од вредност вез доносителот се врши со нејзиното предавање.

Правото од хартија од вредност на име се пренесува од граѓанско-правно цесија.Меѓутоа,


со посебен закон може да биде определено правото од хартија од вредност на име да се
пренесува и со индосамент.

Правото на хартија по наредба се пренесува со индосамент.Индосаментот може да


биде:полн, бланко и на доносителот.

Полниот индосамент содржи изјава на пренесување и фирмата,односно називот или


името на лицето врз кое се пренесува правото од хартија од вредност (индосатор) и
потписот на пренесувачот (индосант),може да содржи и други податоци(место,датум и
др.)

Бланко индосаментот содржи само потпис на индосантот

Врз случај на пренесување врз доносителот,наместо името на индосаторот се ставаат


зборовите „на доносителот“.Индосаментот на доносител важи како блнко индосамент.
Исто така ,хартијата од вредност може да се пренесе и како пренос во
полномошно,односно како преноз за залог.Кога имаме пренос на полномошно се става
клаузула„вредност во полномошно“,а кај преносот за залог „вредност за залог“ или сл.
Според најновиот Закон за хартии од вредност, хартиите од вредност можат да бидат
сопственички и должнички хартии од вредност.

Сопственички хартии од вредност се оние со кои се докажува правото на сопственост на


дел од основната главнина на акционерските друштва.

Должнички хартии од вредност се оние со кои се докажува должничко-доверителски


однос меѓу издавачот на хартија од вредност и нејзиниот имател.

7
ЗНАЧЕЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ
Светските финансиски текови,покажуваат дека хартиите од вредност претставуваат главни
лостови на финансискиот капитал.Затоа одредбите на Законот за хартии од вредност се
прилагодени со пазарните услови на стопанисување.Со емисија на хартииод вредност
можат да се постигнат ефекти што ќе обезбедат трајна ликвидност на стопанските
субјекти,бидејќи првните лица што поседуваат туѓи или емитираат сопствени хартии од
вредност,многу брзо може да извршат трансакција од неликвидна форма на имотот во
ликвидна.Хартии од вредност согласно Законот може да издава Република
Македонија,Народната банка на РМ, единиците на локалната самоуправа,трговските
друштва и други правни лица.Тие може да гласат во денари и во странска валута,но
прометот во земјата се врши со денари.Оние кое се издадени во странска валута-од
домашни банки или други правни лица-исклучиво можат да ги понудат на странскиот
пазар на пари и на пазарот на капиталот.Странско правно лице може да издаде хартии од
вредност во нашата држава само врз принцип на реципроцитет и под услови на Законот.
Иако светскиот пазар на пари и капитал познава многу видови и родови на хартии од
вредност кога тие се издаваат или кога се пуштаат во промет во нашиот закон се
предвидени за издавање и пренос на следниве видови:

 Акции
 Обврзници
 Благајнички,комерцијални и државни записи
 Сертификати за депозит
 Финансиски деривати

АКЦИИ

Акцијата е писмена исправа за сопственост над средствата која донесува промелив


приход.Според Законот акцијата е сопственичка хартија од вредност која претставува
доказ за сопственост на идеален дел од основната главнина на АД.Имаелот на акцијата
стекнува право на учество во добивката,а зависно од видот и родот на акцијата,може да
има и право на учество во управувањето.Зборот акција има три соновни значења:

Прво,со зборот акција се означува дел од основната главнина кој е определен во еднаков
номинале паричен износ како и другите делови на кои е поделена основната главнина.
Второ,со зборот акција се означува членството во АД, односно го означува учеството на
член во АД и трето, со зборот акција се означува исправа со која АД потврдува дека

8
нејзиниот имател поседува определен влог во друштвоо,како и дека има право на учество
во добивката и право на учество во управувањето на друштвото.

Треба да се напомене дека кај акциите се познати повеќе вредности,а не само номинална
туку билансна и пазарна,односно курсна вредност.Номиналната вредност е онаа која е
означена на самата акција.Билансната вредност е поинаква од номиналната вредност.До
оваа вредност доаѓаме на тој начин што номиналната вредност ја зголемуваме за онолку
колку АД има резерви, односно резервен фонд.Пазарната(курсната) вредност ја
определува пазарот и тоа по онаа вредност по која акцијата се купува и продава.Така,на
пример,кога АД работи успешно и остварува очекуван профит,пазарната вредност на
акциите ќе биде далеку поголема од номиналната вредност, но ако тоа не работи
успешно таа може да биде еднаква со оминалната или под неа.За поделба на акциите по
видови можат да се применат различни критериуми,но тие воглавно се делат на:

I. Според сопственикот на акцијата


II. Според редоследот на издавање
III. Според содржината на правата
IV. Според правото на глас
V. Според цената на стекнување
 Според сопственикот на акцијата се разликуваат два вида на акции: акции кои
гласат на име и акции кои гласат на доносителот.Акциите на име се пренесуваат со
посебна јавна и заверена исправа или со назнака на преносот на самата
акционерска исправа но само тогаш кога со правилата таквиот пренос не е
ограничен,на пример, со согласност на АД.По барање на преносителот преносот на
акција на име се запишува и во акционерската книга.Таа евиденција нема
конситутивно значење за самиот пренос,но овозможува извршување на правата на
членот на друштвотоАкција на име е секоја акција на која е наведено името на
нејзиниот сопственик.Акцијата на доносителот е онаа акција во која сопственикот
не е наведен, а за сопственик се смета лицето кое ја поседува исправата за
акцијата,истите слободно се пренесуваат со обично предавање.
 Според редоследот на издавање на акцијата се разликуваат два вида:акција од
првата емисија или основачка акција и акција од наредните емисии,во практиката
овие се нарекуваат стари и млади акции.Старите акции се основачките акции,тие
се делови нѐ кои е поделена основната главнина на АД.Меѓутоа,ако подоцна се
зголеми основната главница,тогаш се издаваат нови акции т.н млади акции.Но,ако
повеќепати се издаваат нови акции заради зголемување основната главнина, тогаш
според бројот на тие емисии станува збор за прва,втора,трета итн.
емисија.Основачките акции,по правило се продаваат на основачите.Но,ако

9
основачите на АД во целост не ги купат основачките акции,Собранието може да
донесе одлука и тие акции да се пуштат во продажба на потенцијални купувачи.
 Според содржината на правата во акцијата се разликуваат :обична и приоритетна
акција.Обичната акција е најчест облик на акција која може да гласи на име и на
доносителот што ја издаваат претпријатијата.Тие се такви акции кои на
сопствениците на акции им даваат право на учество во управувањето со друштвото
и дел од добивката(дивиденда).Приоритетна акција како што кажува самото име е
таа акција која на имателот му дава поголеми права во однос на обичната.Тие
приоритетни права можат да бидат:право на првенствено наплатување на
дивидендата,право на првенствена наплата на акцијата во случај на стечај,право на
повеќе гласови во Собранието и др.Постојат два подвида на приоритетни
акции:кумулативна приоритетна акција каде на имателот му дава право на наплата
на кумулираните ненаплатени дивиденди и партиципативна приоритетна акција
која покрај определан дивиденда донесува и права нна учество во распределбата
на добивката.
 Според правото на гласови во Собранието на АД акциите можат да бидат :обични
акции со право на глас,приоритетни акции без право на глас,приоритетни акции со
право на глас

Акцијата како исправа се состои од три дела

Првиот дел од акцијата се означува како обвивка на акцијата и таа мора да содржи некои
основни елементи и изводи од одлуката за издавање на акции.

Вториот дел се означува како купонски табак кој ги содржи купоните за наплата на
дивидендата.

Третиот дел на акцијата е талон со кој сопственикот на акцијата го остварува правото да


добива нов купонски табак за наплата на дивиденда.

Како споредна хартија кон акцијата може да се издава и талон.Купоните и талоните се


само споредни хартии кон акцијата, тие инкорпорираат права што се изведени од
акцијата.Ваквиот нин карактер не е доведен во прашање со тоа што, особено купоните
може самостојно да е пренесуваат.

Акцијата како хартија од вредност има негоцијабилен карактер, а тоа значи да се купува и
продава како секоја друга стока.Затоа со право може да се рече дека негоцијабилноста е
критериум за акцијата.Таа престанува да биде акција кога ќе го изгуби карактерот на
негоцијабилност.Така во случај ако во статутот на АД биде определено дека сопственоста
на акцијата не може да се пренесува, односно акцијата не може да се оттуѓува,друштвото

10
нема карактер на АД. Меѓутоа можно е да се пропише ограничување на преносот на
акциите,со закон или со друг акт,но тоа може да трае само определено време.

 Според цената на стекнување акциите можат да бидат:бесплатни акции и акции со


повластена цена.Ваквите акции можат да се издаваат на вработените ако се
предвидени во статутот на АД и тоа само од имотот на друштвото.Средствата за
купување на акции можат да се уплатуваат одеднаш или во рати. Затоа при
донесувањето одлука за издавање на акции и начинот на уплата на средствата за
купување на акции треба посебно да се регулира и определи.Ако средствата за
купување на акции се врши на рати, купувачот на акцијата добива привремена
акција со тоа што секоја наредна уплата се запишува и потврдува на самата
привремена акција. Но ,кога имателот на привремената акција ќе го уплати
вкупниот износ на својот удел се повлекува привремената акција, и се издава
постојана акција.Акциите што се уплатуваат во предмети и права мора да се
уплатат во целост. Исто така, треба да се напомене дека се познати и т.т. „врзани
акции“.Тие се акции кои во исто време се уплатуваат со влог во пари и влог во
предмети и права. Меѓутоа кај овој вид акции особен проблем е вреднуањето на
влогот во предмети и права.

ОБВРЗНИЦИ
Во многу земји со развиено пазарно стопанство поголем број претпријатија и акционери и
друштвапокрај издавање на акции си обезбедуваат средства и преку емисија на
обврзници.

Обврзниците се сметаат за долгорочни хартии од вредност за разлика од благајничките


комерцијалните записи кои се сметаат за краткорочни хартии од вредност.Долгорочните
хартии од вредност доспеваат за време од 1 до 20 години.ОБврзница е писмена исправа
со која нејзиниот издавач се обврзува дека на лицто означено во обврзницата или по
негова наредба на доносителот ќе му го исплати на определениот ден износот наведен во
обврзницата,односно износот на ануитетскиот купон.

Основната функцијаа на обврзницата е во примање на туѓи средства и издавање на


исправа за примените средства со јасни и дефинирани услови за враќање на тие средства.
Тоа значи примајќи туѓи средства примачот емитира своја обврзница. Примање на туѓи и
издавање на свои обврзници е во финкција за циркулација на хартиите од вредност.
Обврзницата е должничка хартија со цврста тековна камата. Според Законот за хартии од
вредност „Обврзницата е долгорочна должничка хартија од вредност со која издавачот се

11
обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или во рати ќе му го исплати
на определениот ден износот на номиналната вредност на обврзницата и каматата“ чл.22

Според Законот за хартии од вредност,обврзниците можат да бидат:

 Според начинот на обезбедување на правата:

-гарантирани

-негарантирани

-обврзнци обезбедени со хипотека

 Според рокот на пристигнување на обврските на издавачот:

-краткорочни

-долгорочни

 Според начинот на остварување на правата на камата:

-обврзница без купон-камата која се исплатува одеднаш

-обврзница со купон-камата која се исплатува во каматни периоди

 Според каматата:

-со фиксна камата

-варијабилна камата

 Според начинот на остварување на правото за враќање на номиналниот износ:

-еднократни обврзници

-обврзници со рати

 Според посебните права:

-партиципативни обврзници кои на имателите покрај каматата им дава право и на


дивиденда

-заменливи-конвертибилни обврзници кои даваат право на нивно претворање во


акции или право за првенство во купување на акции

Според начинот и видот на пресметување на каматата Законот ги предвидува


следните обврзници:обични и пратиципативни.
12
-Обичната обврзница на лицето кое ја поседува му донесува номинална вредност и
камата со цврста каматна стапка до моментот на наплата на обврзницата. Тоа значи
дека обичната обврзница гарантира плаќање на камата,односно ануитет како и
плаќање на главницата според амортизациониот план.

За разлика од акцијата кога купувачот постанува сопственик на имотот на претпријатие


и учествува во одлучувањето на судбината на капиталот, а евентуално остварува и
дивиденда,купувачот на обврзницата остварува приход преку камата, а кога се во
прашања пратиципативни обврзници се учествува и во добивката на
претпријатието.Обврзницата може да гласи на денари или на странска валута, но во
Македонија на пазарот се купува и се продава во денари.Средствата примени со
емисија на обврзници сепак се разликуваат од кредитот, тие кога се примаат со
издавање обврзници се добиваат релативно во еден подолг период. Обврзниците се
продаваат на голем број купувачи а тоа значи дека не зависат од волјата и можностите
на едно правно лице при осигурување на потребните средства. Исто така, купувачот на
обврзниците не е присилен ниту обврзан да го чека рокот за да го наплати ануитетот
или вкупната главница од обврзницата која ја има. Купувачот односно сопственикот на
обврзницата може во секој момент да ја понуди обврзницата напродажба на
издавачот или на пазарот на пари или капитал. На тој начин купувачите на обврзници
можат во секој момент да се ослободат од својот неликвиден капитал и да го пртворат
во ликвидни средства. Издавачот на обврзници може да обезбеди гаранција од банка
или друга финансиска организација, а со тоа да ја зголеми сигурноста на купувачите на
обврзници дека нивните средства сигурно ќе бидат вратени.

БЛАГАЈНИЧКИ,КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДРЖАВНИ ЗАПИСИ

Благајничките, комерцијалните и државните записи се хартии од вредност со кои


издавачот се обврзува декаимателот на записи ќе му го плати износот на номиналната
вредност назначена на нив и каматата во рокот на достасувањето. Благајничкиот и
комерцијалниот запис се краткорочни хартии од вредност кои се издаваат за
прибирање парични средства. Благајнички записи издава Народната банка на
РМ,додека комерцијални записи издава АД. Државните записи се краткорочни хартии
од вредност кои се издават за прибирање на парични средства. Акотот за идавање на
благајнички односно комерцијални записи го донесува надлежниот орган на
издавачот, додека актот за издавање на државни записи го донесува Владата на РМ.
Благајничките записи кои ги издава Народната банка можат да ги купуваат, банки,

13
штедилници, инвестициони и пензиски фондови, додека комерцијални и државни
записи можат да купуваат правни и физички лица.

СЕРТИФИКАТ ЗА ДЕПОЗИТ

Сертификатот за депозит е хартија од вредност со која издавачот се обврзува дека на


имателот на сертификат, во утврдениот рок ќе му го исплати износот на депонираните
средства со камата. Сертификатот за депозит го издаваат банки и штедилници. Тој
може да биде:

А) според рокот на доставување: краткорочен и долгорочен

Б) според начинот на договарање: со фиксен рок со клаузула или без клаузула за


обновување на рокот и со отказен рок

В) според каматата: безкаматен, со фиксна камата, со варијабилна камата

ФИНАНСИСКИ ДЕРИВАТИ
Деривативни финансиски инструменти во смисла на Законот за хартии од вредност се
иснтрументите чија ена, директно или индиректно зависи од цената на хартиите од
вредност, девизите, берзанските индекси или каматните стапки. Тие можат да се јават
како стандардизирани или нестандардизирани финансиски инструменти.

Стандардизирани се оние инструменти со коишто се тргува на организиран пазар на


финансиски дриат и коишто на имателите им даваат еднакви права.Стандардизирани
деривативни финансиски инструменти се: опциски договори и фјучерс договори.
Истите имаат строга и пропишана форма и елементи пропишани од Комисијата за
хартии од вредност.

Опциски договор е договор за терминска продажба, со кој едната договорна страна


стекнува право, но не и обврска, да го купи или да го продаде предметот на опција по
однапред договорена цена, секој работен ден до истекот на договорениот рок, а
другата страна се обврзува на барање на првата страна, безусловно да го предаде или
да го преземе и да го плати договорениот предмет на опција. Опцискиот договор
може да гласи на акции, обврзници, девизи, берзански индекси и фјучерс договори.
Истиот може да биде куповен и продажен.

14
Фјучерс договор е договор за терминска продажба, со кој едната договорна страна се
обврзува да изврши предавање на предметот на фјучерс, а другата договорна страна
се обврзува да ја плати догооврената цена наоднапред утврден ден. Истите можат да
гласат на акции, обврзници, девизи, стоки, берзански индекси и каматни стапки.

ИЗДАВАЊЕ И ЈАВНА ПОНУДА НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Издавање на краткорочни и долгорочни хартии од вредност се врши врз основа на


одобрение од Комисијата за хартии од вредност, а врз основа на барање на издавачот
на хартии од вредност. Комисијата врз основа на целокупната документација,
донесува решение со кое го одобрува или го одбива барањето во рок од 30 дена од
денот на приемот на барањето. Најмала вредност на емисија на хартии од вредност на
еден издавач за која е потребно одобрение од Комисијата за хартии од вредност
изнесува 25 001евра во денарска противвредност. Вредноста на една емисија на
сопственички хартии од вредност е неограничена. Најголема вредноста на емисија на
должнички хартии од вредност на еден издавач, која не е гарантирана од банка или
од друго правно лице, може да изнесува до висината на еднократниот износ на
основната главнина од издавачот. Во случа јкога емисијата на должнички хартии од
вредност е гарантирана од банка или од друго правно лице, највисоката вредност на
емисијата може да изнесува до висината на дадената гаранција.

Што се однесува до начините на продажба на хартиите од вредност, иницијална


продажба може да се врши по пат на јавна понуда, непосредна спогодба со познат
купувач и лицитација на понуда. Јавна понуда на хартии од вредност е јавно објавен
повик за запишување на хартии од вредност. Доколку емисијата е наменета за познат
купувач (пласман), издавачот не е должен да објави јавен повик, туку соопштение за
известување на јавноста.

Рокот за реализација на емисијата не смее да биде подолг од 6 месеци. Комисијата


може по исклучок на барање на издавачот да го продолжи рокот за реализација на
емисијата за уште 3 месеци. Издавачот е должен најдоцна во рок од 15 дена по
истекот на погоре споменатите рокови, да ја извести Комисијата за хартии од вредност
за бројот на запишаните и платените хартии од вредност, односно за процентот не
реализација на емисијата.

ТРГУВАЊЕ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

15
ТРГУВАЊЕ СО ПАРИ И КРАТКОРОЧНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

За обезбедување услови потребни за повврзување на понудата и побарувачката на


пари и краткорочни хартии од вредност во РМ е оснаван пазар на пари и краткорочни
хартии од вредност. На овој пазар се вршат работи на посредување во прометот на
шари и краткорочни хартии од вредност. Пазарот на пари и краткорочни хартии од
вредност се основа како АД. Основачи на овој пазар се банки и штедилници.
Основачите обезбедуваат услови за функционирање на пазарот. Во правниот промет,
пазарот на пари и краткорочни хартии од вредност настапува од името и за сметка на
учесниците на работата на пазарот. Учесници на овој пазар можат да бидат банки и
штедилници. Одобрение за учествување во работата на пазарот на пари и
краткорочни хартии од редност дава управниот одборна пазарот врз основа на
критериуми утврдени во сатутот на пазарот. Овие учесници истапуваат од свое име и
за своја сметка, од свое име и за туѓа сметка како и од име и за сметка на други лица.
Народната банка на РМ е учесник во работата на пазарот на пари и краткорочни
хартии од вредност по основа на регулирање на обемот на понудата и побарувачката .

Учесниците во работата плаќаат провизија по основ на склучените зделки во прометот.

ТРГУВАЊЕ СО ДОЛГОРОЧНИ ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

За обезбедување услови потребни за поврзување на понудата и побарувачката на


долгорочни хартии од вредност,односно за организирано тргување е осноана берза на
долгорочни хартии од вредност. Берзата претставува правно лице кое работи на
непрофитна основа. Берзата се основа какоа АД. Истата работи врз следниве
принципи: законитост во тргувањето, почитување на правилата на берзата од страна
на учесниците, заштита на интересите на учесниците и информирање на јавноста за
прашања значајни за работата на берзата. Берза може да основаат домашни и
странски правни и физички лица, чие работење е поврзано со тргување со хартии од
вредност. Берзанското тргување ги опфаќа трансакциите со долгорочни хартии од
вредност, склучени меѓу членките на берзата на начин и услови утврдени со правилата
и другите акти на берзата.

Под берзанско работење се подразбира:пазарно формирање на цените на хартиите од


вредност со кои се тргува на берзата, котирање на хартиите, тргување со хартиите,
утврдување и порамнување на реализираните трансакции и јавно објавување на
податоците од работењето на берзата

16
Субјекти кои ги вршат работите на тргување со долгорочни хартии од вредност се
рокерските куќи и банки.

Брокерските куќи се основаат како АД. Тие ги примаат и извршуваат налозите од


инвеститорите, тргуваат со долгорочните хартии од вредност во свое име и за своја
сметка, раководат со финансискиот имот и сметка за клиентот, организираат,
подготвуваат и откупуваат новоиздадени долгорочни хартии од вредност и вршат
советување на клиентите при издавање и тргување со истите.

Брокерска куќа можат да основаат најмалку две домашни и/или странски,правни и


физички лица. По исклучок, банка, штедилниа и осигурително друштво можат
самостојно да основаат брокерска куќа но со претходно добиено одобрение од
Народната банка на РМ. Брокерската куќа не може да купува и трува со акции на друга
брокерска куќа во свое име и за своја сметка.

ЗАКЛУЧОК
За хартиите од вредност можеме да заклучиме дека тие се од особена важност за
економијата во една земја, бидејќи од една страна преку емисијата на хартии од
вредност се зголемува комуникацијата помеѓу финансиските
институции,претпријатијата и населението, а од друга страна пак се зголемува
сигурноста при плаќањето. И банките и претпријатијата полесно доаѓаат до
финансиски средства. Преку издавањето на хартии од вредност се прибираат
слободните парични средства што се наоѓаат кај населението, на тој начин се
зголемуваат депозитите на банките и тие средства можат да се вложат во некоја
инвестиција од која ќе има корист целото општество. Меѓутоа не можеме да кажеме
дека хартиите од вредност се идеални, и тие како што имаат свои предности така си
имаат и одредени слабости.

17
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:
Трговско право, Скопје 2005- Д-р Александар Николовски, Д-р Снежана Плавшиќ

Трговско право-скрипта, Борка Тушевска-Гавриловиќ

18

You might also like