You are on page 1of 45

1.

Светската економија и меѓународните економски односи

• Светската економија претставува збир на сите национални економии. Таа


претставува рамка за економска соработка на сите национални економии и
амбиент во кој се врши меѓународното работење на претпријатијата од
различни национални економии.

• Трговската размена меѓу националните држави се врши на светскиот пазар,


кој има толку поединечни пазари, т.е. пазарни сегменти колку што има добра
и услуги кои се разменуваат меѓу државите.

• Со терминот меѓународни економски односи се означуваат економските


врски и односи кои се воспоставуваат меѓу различните национални економии
во светот

• Меѓународната економска соработка има два тека:трговски и финансиски, па


оттука главни активности на светската економија се меѓународната
трговија и меѓународните финансии

2. Трговијата како стопанска активност

Од макроекономски аспект трговијата претставува активност која ја поврзува


сферата на производство со сферата на потрошувачка. Посредничката улога
на трговијата е мошне значајна за општеството бидејќ и го заокружува
процесот на потрошувачка на произведените добра.

Трговијата со својата активност треба да обезбеди понуда на стоки во


количини и асортиман кој го бара пазарот, во времето во кое го бара и по цени
и други услови кои купувачите се спремни да ги прифатат.

Оттука произлегува дека трговијата опфаќ а три функции:

- Интерперсонална - ја набавува робата од тие што ја имаат и ја продава на


тие што им треба
- Интерлокална - ја набавува робата од пазарите (локални, регионални) кај
што ја има или е со пониски цени и ја продава на пазарите каде што има
потреба за овие стоки
- Интертемпорална - ја набавува робата во период кога ја има во изобилие и
ја продава кога ја нема во доволни количини на пазарот

3. Трговијата како стопанска активност

Трговијата како стопанска активност може да биде:

- Трговија на големо и трговија на мало


- Внатрешна и надворешна трговија

Главни носители на трговската активност се претпријатијата.


4. Дефинирање на меѓународната трговија

Меѓународната трговија е стопанска активност што подразбира размена на добра,


услуги и производи со интелектуална сопственост, но и пренос на капитал и работна
сила. Таа се врши преку границите на националните економии и во значителна мера
е регулирана од националните економии и меѓународните трговски организации.

5. Основни карактеристики на меѓународната трговија

Основни карактеристики на меѓународната трговија се:

- Меѓународната трговија е трговска активност со елемент на надворешност


(размена преку границите на националните економии);
- Главен субјект на меѓународната трговија се националните економии кои
ги регулират трговските текови и повремено се јавуваат како деловни
субјекти;
- Како изведен субјект на меѓународната трговија се јавуваат и
меѓународните економски организации;
- Предмет на меѓународната трговија се стоки, услуги и производи на
интелектуалната сопственост;
- Носители на меѓународната трговија се деловните субјекти
(претпријатија, поединци-претпримачи);
- Плаќ ањата главно се финансиски, но може да се вршат делумно или
потполно во добра и услуги.

6. Категории на меѓународна трговија


- Интрарегионална, екстрарегионална и интер-регионална;
- Регулирана меѓународна трговија
- Преференцијална трговија
- Интер-секторска и интра-секторска трговија
- Невидлива трговија
- Меѓународна трговија во поширока и потесна смисла
- Паралелна трговија
- Надворешна и внатрешна трговија
- Интре-компаниска трговија
- Контратрговија

7. Анализа на меѓународната трговија

Меѓународната трговија се изразува во апсолутни износи како количина или


вредност. Вредностите се номинални и реални. Се анализираат извозот, увозот и
трговскиот биланс.

Релативни показатели се:


- Показатели на структурата (производна и географска)
- Коефициенти (надворешно-трговски коефициент, коефициент на
концентрација, коефициент на компатибилност).

Динамичката анализа се состои од:

- Стапки на раст на извозот и увозот;


- Корелација, регресија и слично што ни овозможува предвидување на
варијаблите во иднина.

8. Извори на податоци на меѓународната трговија

Како извори на податоците на меѓународната трговија се јавуваат:

- Националните статистички служби;


- Меѓународните економски организации;
- Светската трговска организација (СТО);
- ОН, УНКТАД, Светска банка, ОЕЦД, ЕБРД и сл.

9. Текови на меѓународната трговија

Меѓународната трговија учествува со повеќ е од 25% во БДП и бележи постојан раст.


Европа има доминантна улога во меѓународната трговија, но Северна Америка и
Азија имаат растечка улога. Во Европа водечка улога има ЕУ. Најголем дел од
меѓународната економија (околу 30%) се одвива меѓу европските земји, но сепак
значајна е трговијата и меѓу земјите на Северна Америка и азиските земји.
Трговијата меѓу овие три центри се зајакнува, а добрата преставуваат најзначаен
производ во меѓународната структура и покрај значајните структурни промени.
Странските директни инвестиции учествуваат со околу 7% во вкупната меѓународна
трговија.

10. Развој на меѓународната трговија

Во периодот од 1500-1760 имало големи географски откритија, а со територијалната


експанзија на европските држави започнала и првата глобализација на светското
стопанство.

Во периодот од 1760-1914 година со индустриската револуција имало појава на


голем број производи и се случила втората глобализација на светското стопанство.

Во периодот помеѓу Првата и Втората светска војна (1914-1945) имало големи


економски кризи.
Во периодот од 1945-1990 година започнал процесот на деколонизација и се
појавиле нови држави и тоа се смета за златен период на развојот на меѓународната
трговија.

Во периодот по 1990 година започнала третата глобализација на светската


економија, сѐ до големата финансиска криза во 2009 година.

11. Прапочетоци на меѓународната трговија

Првата забележана трговија е размената меѓу племињата околу 8000 г.п.н.е. кога се
тргувало со камен. Потоа се појавуваат првите држави односно цивилизации на
територијата на Блискиот Исток и Азија. Со појавата на Месопотамија меѓу реките
Тигар и Еуфрат започнал развојот на земјоделието. Тогаш започнале и првите
трговски експедиции кон Египет, Источен Медитеран, Анадолија и Индија.
Цивилизацијата на Месопотамија се состоела од голем број држави, а
најорганизирана била Акад. Центар на месопотамската цивилизација бил Вавилон.
Во Сумер се појавила првата азбука во историјата на човековиот род, со цел да се
евидентира трговијата. Најмногу тргувале со Египет и Индија и имале развиен
кредитен систем според кој трговците ја позајмувале стоката, златото и среброто со
камата од 15-33%. Месопотамците инсистирале на формални договори во писмена
форма, заверени со печат. Во Вавилон бил донесен првиот позначаен законик кој
регулирал и одредени трговски прашања.

12. Прапочетоци на меѓународната трговија – Египет

Во Египет земјоделството се развило околу 4000 г.п.н.е., а најпознати производи за


тргување биле бакар, злато, сребро, тиркиз и дрво. Египет станала значајна држава
околу 3000 г.п.н.е. Со Месопотамија тргувала со жито, бакар и слонова коска, а од
Феникија увезувале кедрово дрво. Првата трговска експедиција отишла во земјата
Пунт и таму се размениле уметнички предмети за дивеч, миризливи растенија,
спитомени животни, лакови и сл. Освен преку поморски патишта кои биле
унапредени со прекопување на Суецкиот канал, превозот бил организиран и преку
пустината со помош на камили. Трговијата станала значајна во античкиот период
кога Египет развивал трговски врски со Средоземјето и кога Александрија станала
значајно пристаниште.

13. Прапочетоци на меѓународната трговија – Индија и Кина

Индија и Кина главно се развивале затворено. Индија била поделена на голем број
држави на чело со махараџи. Најнапред се развило земјоделството и се
произведувало: ориз, просо, памук, овошје и зеленчук, а се појавиле и многу зачини
со што Индија долго време ќ е биде главен светски извозник на зачини. Се
остварувало значајно производство на метали, с еразвивало текститлното
производство, а со трговија можела да се занимава само кастата на селани,
занаетчии и трговци.

Во Кина земјоделството се појавило околу 2500 г.п.н.е., а трговијата како активност


не била ценета, па затоа имало високи даноци за внатрешна трговија. Надворешната
трговија најпрво се одвивала со Индија и средна Азија, а потоа со Месопотамија и
Персија. Главни извозни артикли биле свила, чај, порцелан, хартија, праски и кајсии,
како и барут и карти за играње. Изградбата на бродови им овозможила трговија со
Југозападна Азија. Европејците со нивното доаѓање во Кина се обиделе да ја отворат
за меѓународна трговија.

14. Прапочетоци на меѓународната трговија – Феникија

Откако пропаднале првобитните цивилизации на Блискиот Исток, почнале да се


развиваат државите од Медитеранот. Феничаните биле најзначајни трговци на
Медитеранот околу 1000 г.п.н.е. и располагале со трговски флоти и вештини за
преговарање. Феникија била првата држава која се специјализирала за посредничка
трговија прво со Египет и Месопотамија, а потоа меѓу Медитеранот и Истокот. Во
Библијата може да се најдат податоци за стоката со која тргувале. Од Шпанија
набавувале сребро, железо, олово, од Египет – текстил; од Централна Африка
слонова коска, а од Арабија овци и кози. Развојот на првобитното писмо им
овозможило да водат евиденција за трговските активности, но ја довело и појавата
на првите трговски платежни инструменти како меница и хипотека на бродови.

15. Прапочетоци на меѓународната трговија – Стара Грција

Освен војни, грчките градови воделе и трговија. Земјоделството не било развиено


освен како производство на маслинки и вино. Имале голема флота и тргувале со
многу оддалечени држави. Тие основале трговски колонии сѐ до Црното Море, но
најзначајни им биле рутите на Егејско Море. Тие увезувале жито од своите колонии,
особено од Сицилија, суровини за производство на бакар, бронза и калај, а
извезувале грнчарија, предмети од волна и дрво. Кај нив се појавиле првите ковани
монети кои овозможиле трговијата да прејде од натурална во парична фаза на
развојот.

16. Прапочетоци на меѓународната трговија – Римско царство

Во Римското царство земјоделството било главна стопанска активност, а постоела


изразена трговија меѓу провинциите. Сепак трговијата не била ценета, па со неа се
занимавале пониските слоеви од населението, па дури и робовите. Во голема мерка
Римското царство немало потреба од трговија зашто само си ги задоволувало
потребите, но за ретките стоки развиле трговија со земји како Кина, Индија и
арапските држави. Римјаните извезувале стакло, бакар, калај, олово, а увезувале
арапски темјан, скапоцени камења, муслин и зачини. Нивната трговија доживеала
кулминација кога се развиле значајните трговски патишта преку Блискиот Исток и
Средна Азија. За превоз на стоките користеле каравани, имале организирани
одморалишта и воена заштита, а со тоа се плаќ але даноци. Во Римското царство се
развиле првите големи трговски друштва.

17. Прапочетоци на меѓународната трговија – развој

Кон развојот на трговијата придонела политичката стабилност која на Медитеранот


била главно создадена од Римското царство. Значајна стимулација за развој на
трговијата биле значајните придонеси во областа на трговското право, како што се
трговските договори, процедурите за решавање спорови и сл.

Меѓународната трговија што се одвивала меѓу царствата се карактеризирала со мал


обем и главно се состоела од набавка на стоки кои не можеле да се најдат на
територијата на царството. Ризиците во трговијата биле големи затоа што постоел
страв од катастрофи, од напади од пирати, војни и сл. По падот на Римското царство
меѓународната трговија опстанала во Византија, а се обновила дури по
консолидацијата на државите во Европа.

18. Арапските трговци

Во 7-от век се обновил Суецкиот канал, а арапските трговци биле посредници на


трговијата меѓу Европа и Далечниот Исток. Тие тргувале со Централна Азија и
Централна Африка. Биле вешти и способни трговци, а тргувале по море и по копно.
Нивната трговија со Европа била загрозена од Крстоносните војни во 11-от век.

19. Среден век

Откако се консолидирале варварските држави биле создадени можности за


динамичен развој на просторот на Европа, но и со другите континенти. Се појавиле
голем број самостојни градови-држави кои морале да тргуваат меѓу себе, а
најзначајна држава била Франција. Западна Европа била крајно неразвиена, а нивото
на развој што го имало Римското царство го достигнала дури во 12-от век. Откако
напреднало земјоделството, почнал да се јавува вишок на производи и така се
создале услови за развој на трговијата. Градовите станале главни трговски центри, а
како особено значајни се истакнале Венеција, Џенова и Неапол.

20. Феудална Европа

Во рамките на феудална Европа голем дел од трговијата се одвивал на саеми и


панаѓури на градските плоштади. Најважни места за трговија биле Франкфурт, Бриж,
Женва и Лион. Се организирале четири специјализирани трговски пунктови: Берген
за дрво и риба, Новоград за крзно, Лондон за волна, а Бриж за ткаенини. Во овој
период имало значајни структурни промени во трговските организации, па освен
трговски партнерства се јавувале и трговски претпријатија. Во 13-от век се обновил
трговскиот интерес на Европа за Азија и повторно се воспоставиле трговските врски
меѓу европските држави со Индија и Кина. Европските држави потоа ја насочиле
трговијата преку Атлантикот.

21. Меѓународната трговија во периодот 1500-1760

Во почетокот на 15-от век во Европа била достигната границата на економски развој


и се барале нови начини за тоа да продолжи. Венеција, Џенова и Египет ја задржале
монополската позиција за трговија со истокот, но се барале нови поморски патишта
до Индија (Колумбо). По експедицијата на Колумбо следеле нови експедиции што
довеле до големи географски откритија. Периодот на првите големи откритија се
смета за период на прва глобализација во светската економија. Во периодот од 1800
година трговијата забележала раст со стапка од 1,1% годишно. Напредокот во
технологијата придонел за унапредување на транспортот и комуникациите.

Португалија и Шпанија биле први колонијални сили поради поморските експедиции


за откривање нови територии за економска и територијална експанзија на нивните
држави. Шпанија ја колонизирала Америка со исклучок на Бразил, а Португалија ги
колонизирала Африка и Азија.

Главен трговски центар за трговија меѓу Европа, Азија, Африка и Америка била
Манила. Главни извозни артикли на Азија биле зачините и свилата, на Америка
среброто, а на Африка робовите. Трговијата прешла од натурална во парична фаза
благодарејќ и на среброто од новите територии. Со зголемувањето на трговијата
саемите станале претесни па во 1531 година во Антверпен се појавила првобитната
берза.

Англија, Франција и Холандија тргнале во колонијални освојување кон крајот на 16-


от век и станале значајни актери во меѓународната трговија. Пресвртот го понудиле
големите компании што имале монопол во меѓународната трговија.

Освен во Антверпен, се појавиле и други берзи во Лондон и Амстердам каде се


тргувало со сите видови стоки. Во Јапонија се вовеле нови давачки за трговијата, а
Кина и Јапонија се отвориле за надворешна трговија. Во 17-от и 18-от век дошло до
диверзификација на светската трговија во поглед на производите и географската
структура. Со освојувањето на нови подрачја и нивниот развој, се создале услови за
настанување на светско стопанство и динамичен развој на светската трговија.

22. Меѓународната трговија во периодот 1760-1914

Појавата на меѓународната трговија како масовна размена на добра и услуги била


условена од два фактори:

- Битно зголемување на стоките што може да се разменуваат во


меѓународната трговија
- Значајно зголемување на бројот на државите како главни субјекти на
меѓународната размена.

Првиот услов бил исполнет откако се појавиле големите технолошки откритија, како
што е парната машина, со што започнала индустриската револуција. Периодот на
индустриската револуција претставува период на втората глобализација на
светската економија. Со тоа дошло до напуштање на протекционистичките мерки и
либерализација на трговијата.

Втората индустриска револуција се карактеризирала со нови пронајдоци. Англија во


тој период била најзначајна индустриска сила, но значаен актер станала и Германија,
но и САД. Индустријализацијата подоцна пристигнала во Италија и Русија.
Европските држави ги достигнале границите на европскиот развој, била најавена
глобализација на војувањето и во такви услови се засилил протекционизмот.
23. Меѓународна трговија во периодот 1914-1945

Првата светска војна предизвикала прекин на светската трговија и големо


разорување на стопанските капацитети и намалување на странските инвестиции. Во
текот на војната во Русија била изведена првата социјалистичка револуција што
подразбирало изградба на стопанството по планско-директивен систем. Појавата на
социјалистичките земји имало значајно влијание врз намалувањето на трговијата
меѓу блокот на социјалистички и капиталистички земји. Периодот по Првата светска
војна се карактеризирал со:

- успорен економски развој


- обнова на уништените стопански капацитети
- зголемување на царините
- трговски договори со процедурален карактер

По Првата светска војна се основало Друштвото на народите што претставувало


меѓународна политичка организција со значајни надлежности во областа на
меѓународните економски односи на своите членки. Меѓутоа, нејзините залагања за
либерализација на меѓународната трговија немале позитивни резултати. Во
периодот од 1929-1933 се јавила големата светска економска криза што резултирала
со:

- намалување на производството;
- зголемување на невработеноста;
- пад на вредноста на акциите;
- намалено индустриско производство;
- зголемување на протекционизмот

Првата модерна регионална интеграција била БЕНЕЛУХ. Потоа во САД бил усвоен
законот за реципроцитетни трговски договори и до 1939 година биле склучени 20
такви договори што покривале 60% од тогашната трговија на САД. Во текот на 30-
тите години имало обид за регулирање на примарните производи и биле склучени
првите мултилатерални договори во областа на меѓународните договори.

Втората светска војна имала поразорен ефект од Првата и дошло до речиси целосен
прекин на меѓународната трговија. САД имале значаен економски раст и напредок
на индустријата. По 1945 година во САД имало значаен пад на стопанските
активности и се наметнала потреба од брза пренамена на капацитетите.

24. Меѓународна трговија во периодот 1945-1990

Во 1944 година се формирала Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД) за да


ги финансира економиите што биле разрушени од војната. Потоа бил усвоен
Маршаловиот план што претставувала програма за обнова на Европа. Во 1948 била
формирана ОЕЦД за дистрибуција на американската помош, а во 1944 ММФ. По 1945
светот бил поделен на два блока:

- Комунистички (каде имало монополизација на меѓународната трговија);


- Капиталистички (каде имало либерализација на трговијата)

Златниот период на економијата се случувал во 50-тите години од дваесеттиот век.


Економијата имала динамичен раст, националниот доход доживеал пораст во 16
индустриски земји. Стандардот се зголемил, исто како и побарувачката на
индустриските производи. Со настанувањето на најзначајните интеграции како што
е ЕЕЗ имало уште поголема либерализација во рамки на регионите.

Во 60-тите години настапила деколонизацијата со што се зголемил бројот на


независни држави. Во 1961 година започнало Движењето на неврзаните. Во 1960
била основана ОПЕЦ. Тоа претставувал нов економски поредок со
новоиндустријализирани земји, со јакнење на секторот на услугите, развој на
берзите и нови технологии.

Главно, овој период може да се подели на два под-периоди:

- Обнова и динамичен развој на светската економија (1945-1973);


- Послаб развој на светската економија (1973-1990);

Основни карактеристики на меѓународната трговија во овој период се:

- Значајна институционална интеграција;


- Динамичен развој на регионалните економски интеграции;
- Транснационализација на светската економија;
- Пад на цените и значењето на примарните услуги и стагнација на земјите
во развој;
- Јакнење на секторот на услуги;
- Појава и развој на нови технологии.

25. Меѓународната трговија по 1990 година

По 1990 година следувала третата и најголема глобализација на светското


стопанство. Била создадена Светската трговска организација (СТО) во 1995 и се
појавила група на напредни економии. Процесот на регионални економски
интеграции се интензивирал, а преовладувала идејата дека тие треба да опфатат
цели континенти. Најзначаен производ во меѓународната трговија сѐ уште биле
стоките, но услугите почнале да заземаат битна улога. Се појавува електронскиот
бизнис, а најзначајни држави биле САД, Кина и ЕУ како заедница.

26. Субјекти на меѓународната економија

Субјекти на меѓународната економија се:


- Националните економии;
- Меѓународните економски организации
- Транснационалните компании (индиректни формални субјекти)

27. Националните економии како субјекти на меѓународната трговија

Државата влијае врз политиките на надворешната трговија. Тоа влијание може да


биде:

- Еднострано – кога државата самостојно ги носи мерките и ги користи


инструментите на надворешната трговија
- Колаборативно – кога државата има влијание на меѓународните трговски
текови во соработка со други држави.

Соработката меѓу државите се врши на повеќ е нивоа – билатерално и


мултилатерално. Сите тие односи ги прават меѓународните трговски односи.

Основните одредници на една држава се:

- Големината на територијата
- Бројот на нејзините жители
- Расположливоста на природни ресурси
- Економскиот потенцијал.

Согласно положбата на националните економии во светската економија може да ги


групираме на:

- Развиени економии
- Неразвиени економии
- Транзициски економии

28. Развиени економии

Развиените економии се одликуваат со висок степен на економска развиеност.


Најнапредните економии денес ја претставуваат групата најразвиени земји во
светот и се најзначен субјект на меѓународната трговија. Тие се наоѓаат на првите
десет места на сите листи на најзначајни извозници. Овие земји се нето кредитори
во поглед на официјалните извори на кредитирање, а компаниите што имаат
седиште во овие земји се најзначаен извор на странски директни инвестиции. Овие
земји се доминантен субјект во меѓународната трговија и може да ја одржуваат
својата лидерска позиција преку иновирање.

29. Економии во развој


Економии во развој се средно развиените земји кои имаат динамичен раст и големи
перспективи (Кина, Индија, Мексико, Бразил). Земјите во развој многу чести се и
извознички на нафта, а претставуваат средно развиени земји што имаат специфични
проблеми што им го попречуваат развојот. Постојат мали островски земји во развој,
како и земји во развој со социјалистичка ориентација.

30. Економии во транзиција

Економии во транзиција се земјите што минуваат низ економска транзиција што


подразбира премин од планско-директивен модел на економија кон пазарен модел
на економија. Во овие земји се врши реструктурирање на економијата, се
концентрираат на извоз на примарни производи, работна сила и услуги.

31. Меѓународните организации како субјекти на меѓународната трговија

Државите формираат организации за тие да може да ги вршат функциите од


заеднички интерес. Така формираните организации ги застапуваат усогласените
интереси на своите земји членки. Ако нив ги сфатиме како регулатори на
меѓународната трговија, тогаш е јасно дека и тие меѓународни организации
претставуваат значајни субјекти на меѓународната трговија, но за разлика од
државите, тие не може да бидат носители на трговијата. Меѓународните
организации се здруженија на три или повеќ е држави основани со одредена цел. Тие
настануваат врз основа на договори и имаат свои органи.

Кога меѓународните организации се основаат од страна на државите зборуваме за


меѓународни меѓувладини организации, а сите други се меѓународни невладини
организации. Појавата на меѓународните организации се поврзува со периодот меѓу
двете светски војни. Организациите може да ги регулираат односите во две сфери на
делување:

- Финансиски
- Меѓународни трговски

Во зависност од бројот на членките тие може да бидат:

- Плуритерални
- Мултилатерални

Универзални организации се оние што ги организираат речиси сите земји во светот,


но може да бидат универзални и по своите надлежности (ОН). Некои организации
имаат потесни надлежности, како што се меѓународните стокови организации.
Посебна афирмација на меѓународните економски организации како посебни
субјекти на меѓународната трговија се постигнува со појавата на меѓународни
невладини организации кои може својата волја да ја пренесат врз стопанските
субјекти во земјите членки и тие се нарекуваат над-национални (супранационални)
меѓународни организации.
32. Транснационални компании како субјекти на меѓународната трговија

Во светот од 100 најголеми стопански субјекти 51 се транснационални компании,


додека 49 се држави. ТНК контролираат околу 25% од светското производство, 2/3
од светската трговија и доминираат со светската економија. При анализата на
меѓународното политичко влијание на ТНК, може да разликуваме три вида актери:

- Субјекти на влијанието (ТНК)


- Инструменти на влијанието (држави, меѓународни професионални
организации, неформални групи)
- Објекти на влијанието – држави и меѓународни невладини организации

33. Видови економски трансакции во надворешно-трговската размена

Постојат четири видови на економски трансакции:

- Меѓународно движење на стоки


- Меѓународно движење на услуги
- Меѓународно движење на капитал
- Меѓународно движење на работната сила

34. Меѓународно движење на стоки

Меѓународното движење на стоки подразбира економски трансакции на


континуиран прилив и одлив на стоки во странство. Увозот претставува купување
на стоки во странство, а извозот претставува продажба на стоки на одредена земја во
странство со што се набавуваат средства за плаќ ање на увозот. Проблемот што се
јавува со овие трансакции е неусогласената статистичка методологија. Но, постои и
т.н. Бриселска номенклатура според која следниве стоки се обележуваат со следниве
броеви:

0 – храна
1 – тутун и пијалаци
2 – сурови горива
3 – минерални горива и масла за подмачкување
4 – растителни и животински масла и масти
5 – хемиски производи
6 – производи класифицирани според видот на обработуваниот материјал
7 – машински и транспортни средства
8 – разни готови производи
9 – други стоки

Меѓународното движење на стоки бележи раст во апсолутни износи, а структурата


на увозот и извозот на стоки е битна при утврдување на успешноста на земјата во
надворешно-трговската размена. Тука се јавува и Гини-Хиршмановиот коефициент
кој го покажува степенот на концентрација на извозот на една земја во определен
временски период.

35. Увозот и извозот на стоки може да се извршуваат во три основни форми и тоа
како:
- Редовен увоз и извоз
- Врзан увоз и извоз
- Долгорочна производна соработка

36. Редовен увоз и извоз

Најголем дел од меѓународната размена на стоки се реализира преку оваа форма.


Тие ја следат истата економска логика односно да се набавува на пазарите каде што
е најевтино, а да се продава на пазарите каде што се постигнуваат највисоки пазарни
цени. Плаќ ањата по правило се вршат во конвертибилни валути, а се почитуваа
принципите на конкуренцијата и можноста за избор меѓу повеќ е различни
продавачи и купувачи од различни земји.

37. Врзан увоз и извоз

Во ваквиот вид увоз и извоз на стоки, парите не се средство за плаќ ање туку се
подразбира размена на стока за стока или евентуално комбинирање на размена на
стоки и услуги. Најчесто се одвиваат во рамките на билатералните договори, а се
среќ аваат како бартер, офсет трговија или компензација. Компензациите се
трансакции во кои размената меѓу две земји треба да биде вредносно и временски
усогласена. Бартерот подразбира трансакции кои не мора да бидат целосно
усогласени.

38. Долгорочна производна соработка

Оваа соработка ги надминува рамките на чистите купопродажни односи и навлегува


во сферата на производството, заедничкиот настап на странски пазари, распределба
на доходот и слично. Тука станува збор за форма на соработка меѓу фирми од
различни национални економии која опфаќ а повеќ е нивоа на размена на одредени
техничко-технолошки знаења и искуства. Таа може да биде:

- Хоризонталан – специјализација на секоја од партнерските фирми за


изработка на финални производи што се дел од одреден асортиман или
палета
- Вертикална – соработка меѓу партнерите во изработка на еден или повеќ е
готови производи при што секоја од фирмите произведува делови и
компоненти во рамките на посебни производни фази.

Предностите на долгорочната производна соработка се:

- Го забрзува техничко-технолошкиот развој


- Придонесува да се подигне општото ниво на продуктивноста
- Го олеснува настапот на странските пазари
- Има неутрален ефект на билансот на плаќ ањата

39. Меѓународна размена на услуги

Услугите како дел од меѓународната трговија доживеале голем раст. Тие


претставуваат економски аутпут на нематеријални добра што се произведуваат,
пренесуваат и употребуваат во еден ист момент. Постојат т.н. автономни услуги чија
размена се одвива целосно независно од сите други категории на услуги. Според
ГАТС постојат четири категории на услуги:

- Прекугранично обезбедување на услуги (ниту давателот, ниту примателот


не треба да ја сменат својата физичка локација);
- Трошење на услугата во странство (корисникот на услугата заминува во
одредена странска земја);
- Комерцијално присуство (категорија на услуги што давателот ги
обебедува преку основање на правно лице односно компанија ќ ерка);
- Движење на индивидуи (времено преселување на физички лица во земјата
на потрошувачката за да се обезбеди услугата на лице место).

40. Видови услуги во меѓународната размена

Постојат повеќ е видови услуги во меѓународната размена:

- Меѓународен транспорт (превоз на патници и стоки што ги вршат


резидентите на една земја за нерезидентите со различни превозни
средства);
- Меѓународна шпедиција (посреднички и помошни работи во
меѓународниот сообраќ ај);
- Осигурување (амортизирање на ризиците во меѓународната трговија);
- Контрола на квалитет и квантитет на стоките (се однесува на услугите на
специјализираните институции кои издаваат специјализиран документ –
сертификат);
- Туристички услуги (организирање приватни и службени патувања во
странство);
- Инвестициски работи во странство (може да бидат комунални и
индустриски, а подразбираат изработка на инвестициски програми и сл.);
- Финансиски услуги (банкарските услуги, стандардни и специфични);
- Информациски услуги (електронска трговија).

41. Меѓународно движење на капитал


Меѓународното движење на капиталот ја намалува разликата во производните
способности на земјите. Основни мотиви што го предизвикуваат тоа се:

- Максимизација на профитот;
- Ефикасноста на работењето

Меѓународното движење на капиталот може да се одвива во:

- Парична форма
- Трансфер на технологии

42. Меѓународно движење на паричен капитал

Во паричниот капитал влегуваат меѓународните кредити кои може да бидат


одобрени од јавни или приватни извори. Исто така, тука е сопственичкиот влог во
странски фирми кој се јавува како портфолио инвестиции или странски директни
инвестиции.

Според мотивите што го условуваат движењето на странските директни инвестиции


(СДИ) разликуваме:

- СДИ во потрага по евтини ресурси;


- СДИ во потрага по нови пазари;
- СДИ во потрага по поголема ефикасност во работењето
- СДИ во потрага по стратешки добра

43. Предности на СДИ од аспект на увозникот на капитал

Предностите што ги нудат СДИ се:

- Зголемување на продуктивноста на постојаните производства во земјата;


- Освојување на нови видови производи;
- Обебедување полесен пристап до нови пазари и зголемување на извозот;
- Остварување поефикасна алокација на расположливите ресурси во
националната економија;
- Забрзување на техничките и другите претструктурирања во
производството со минимизирање на трошоците.

44. Дефинирање на технологијата

Под технологија се подразбира систем на поврзани постапки и процеси во


производството на еден определен производ односно знаење и вештина во
примената на одредени постапки што треба да се применат во обработката на
предметот на трудот со одредени средства на трудот. Потесната дефиниција
подразбира определена технолошка постапка со која се овозможува да се добие
производ со однапред определени својства.

45. Меѓународен трансфер на технологијата

Меѓународен трансфер на технологија е пренос на севкупното знаење (техничко,


економско, организациско и сл.) поврзано со одредена производна постапка од една
во друга национална економија. Меѓународниот трансфер на технологијата може да
се врши по пат на купопродажба, изнајмување, заеднички вложувања и СДИ.

46. Видови меѓународен трансфер на технологијата

Технологијата може да се пренесува на следниве начини:

- Патент – оригинално решение на некој теничко-технолошки проблем во


дадениот производствен процес. Тој претставува збир на ексклузивни
права одобрени на пронаоѓачот од страна на државата за одреден
временски период;
- Лиценца – право на производството на производи и услуги што се
добиваат со употреба на одредена технолошка постапка;
- Трговски знак или марка – зборови, логоа, слогани, звуци или цели изрази
што го прават изворот, потеклото или спонзорството на одреден производ
или услуга препознатлив.
- Франшиза – форма на договор кога покрај трговската марка се лиценцира
и целокупната организација на процесот на производство;
- Трансфер на знаење – пренос на одредена информација за некоја трговска
тајна, во комбинација со податоци, техники, кадровска или интелектуална
експертиза;
- СДИ – движење на технологијата меѓу компании од различни национални
економии.

47. Меѓународно движење на работната сила

Меѓународното движење на работната сила е вработување на резидентите од една


земја во некоја друга земја. Тоа може да бидат миграции со привремен или траен
карактер, миграции на неквалификувана работна сила, но и одлив на мозоци.

48. Билатерализмот во регулирањето на меѓународната трговија

Билатерализмот претставува воспоставување на договорни односи меѓу две


суверени земји со цел да се воспостават заеднички принцип за економската
соработка, да се отстранат пречките, односно да се намалат и со тоа да се намали
дискриминацијата на партнерите. Разликуваме три вида билатерални договори:

- Преференцијални трговски договори (договорените олеснувања меѓу


двете земји не може да се префрлат на трети доколку во иднина се склучат
трговски договори со нив);
- Реципрочни трговски договори (договорните страни може да ги пренесат
договорените привилегии на трети земји доколку во иднина склучат
билатерални трговски договори со нив);
- Билатерални трговски договори со клаузула за најголемо повластување
(сите претходно договорени привилегии по автоматизам ќ е се
применуваат во нивната идна меѓусебна соработка).

49. Мултилатерална конвенција за телеграф

Оваа конвенција е потпишана во 1865 година како резултат на потребата за


поврзување на националните кабелски мрежи во меѓународна мрежа за пренос на
соопштенија. Таа ги регулира прашањата поврзани со:

- Поврзувањето на националните мрежи


- Цените на услугите
- Унификација на стандардите

Со појавата на телефонот со оваа конвенција се регулираат и материјата од


заеднички интерес за земјите учеснички во меѓународниот телефонски сообраќ ај. Со
појавата на радиото и телевизијата овие области биле вметнати во конвенцијата со
цел правилно да се распределат меѓународните коридори за пренос на радио-
брановите и телевизиските канали.

50. Меѓународна конвенција за пошта

Оваа конвенција е склучена во Париз во 1875 година, а се јавила како резултат на сѐ


поголемата писмена комуникација меѓу резидентите на различни земји и потребата
да се регулираат трошоците за нејзина дистрибуција во странство. Правила кои
произлегуваат од оваа конвенција се:

- Секоја земја на своја територија странската пошта ја дистрибуира без


надомест
- Определени се боите на марките што се користат за меѓународно
франкирање
- Се определуваат посебни поштенски порти на граничните премини меѓу
земјите
- Се определува постапка за одредување на цената на услугите
- Се одржува конференција на пет години со цел да се изврши дополнување
и продолжување на конвенцијата.
51. Конвенција за заштита на индустриската сопственост (Париска конвенција)

Потпишана во Париз во 1983 година оваа конвенција ги заштитува авторските права


на индустриските откритија. Со неа се гарантира ексклузивитет во користењето на
авторското право, а овластување подразбира потпишување на договор и исплата на
висок надомест. Откако се појавила СТО, оваа конвенција се вклучува во
Мултилатералната спогодба за заштита на правата на интелектуалната сопственост
(ТРИПС).

52. Мултилатерална конвенција за заштита од уметничката сопственост (Бернска


конвенција)

Оваа конвенција е потпишана во Берн во 1908 година затоа што имало потреба да се
заштитат авторските права стекнати врз основа на литературното, музичко,
сликарско и репродуктивно творештво. Со неа се регулираат прашањата за
неовластено објавување, преведување, изведба, репродуцирање и сл. За такво нешто
потребна е согласност за нивно користење од авторот или неговиот застапник.
Заштитата трае 50 години или до крајот на животот на авторот. По смртта на
авторот правото се пренесува на неговите наследници.

53. Мултилатерална конвенција за цивилно воздухопловство

Склучена во Чикаго во 1944 година со цел да се надминат проблемите поврзани со


сложените процедури за добивање на дозволи за влез на туѓа територија. Со неа се
регулираат:

- Меѓународните воздушни коридори


- Постапката за прелетување на странски територии
- Еднообразна сигнализација на меѓународните аеродроми
- Еднообразен јазик за комуникација меѓу пилотите и центрите за
навигација

54. Мултилатерална конвенција за меѓународен друмски превоз

Потпишана во Женева во 1957 година служи за регулирање на меѓународниот


друмски сообраќ ај, а се очекувало возилата што учествуваат во него задолжително
да поседуваат меѓународен товарен лист. Со оваа конвенција се регулирала цената
на меѓународниот товарен транспорт, што е од исклучителна важност бидејќ и
транспортните трошоци директно влијаат врз големината на цените на увезените и
извезените стоки.
55. Мултилатерални стоковни спогодби

Тука спаѓаат неколку спогодби, меѓу кои:

- Мултилатерална спогодба за пченица што претставувало договор меѓу


најголемите производители и увозници на пченица за обезбедување од
пад на цената на пченицата под одредено ниво. Во 1967 година прераснала
во спогодба за житарки;
- Меѓународна спогодба за кафе, меѓународна спогодба за какао, за калај, за
каучук и сл.

Сите спогодби имале цел да обезбедат стабилност на цените на меѓународниот


пазар како заеднички напор на земјите производители и извознички. Тие имале кус
век и не обезбедиле никаков поттик на развојот на либерализацијата на
меѓународната размена.

56. Општа спогодба за царини и трговија ГАТТ

Во одреден период се јавила целосна несоодветност меѓу поставеноста и начинот на


регулирање на меѓународната трговија. Се јавила заложба на прогресивните
економски сили за воспоставување на мултилатерален принцип на договарање на
партнерите во меѓународната размена што требало да се заснова на еднаквост,
недискриминација и либерализација на надворешно-трговските режими. Така се
јавил обидот за формирање на Меѓународна трговска организација чиј најголем
противник била Велика Британија.

Во 1947 година во Женева 23 најразвиени земји ја потпишале Општата спогодба за


царина и трговија (ГАТТ) која се засновала на принципите:

- Либерализација
- Мултилатералност и конвертибилност
- Недискриминација

Бројот на земјите членки за кратко време пораснал и на крајот изнесувал 120 земји-
членки.

57. Начин на функционирање на ГАТТ

Работењето на ГАТТ се одвивало во преговарачки циклуси кои опфаќ але:

- Укинување на нецаринските бариери


- Дефинирање на употребата на царините како единствен инструмент
- Преоден период за стабилизација и обнова на националните стопанства

Рундите на преговори се организираат на принцип земја по земја, стока по стока – на


барање на која било земја, повиканиот партнер треба да се јави на реговорите и да го
преговара надворешно-трговскиот режим за конкретна стока. На крајот на
преговорите земјите што преговарале на билатералната основа биле должни да
објават концесиона листа на која се наведувале сите стоки за кои настанала измена.
Иако преговорите се одвивале на биалтерална основа, сите договорени привилегии
и поволности меѓу две земји во рамките на концесионата листа станувале важечки
за сите други земји-членки.

58. Основни карактеристики и проблеми во меѓународната размена на стоки во


време на функционирањето на ГАТТ

Најголем проблем на ГАТТ било зголемувањето на преговарачките рунди и нивната


должина. Постоеле дијаметрални разлики во интересите и потреби на неразвиените
и развиените земји кои дополнително ги комплицирале преговарачките рунди.

На Кенедиевата рунда во периодот 1962-1967 се договорило:

- Да се намалат царинските стапки до 50% во размената со неразвиените


земји и тоа на нереципроцитетна основа
- Неразвиените земји имале право во рамките на ГАТТ да побараат и да се
стекнат со статус на земја во развој
- Земјите во развој не биле обврзани да одговорат на привилегиите што им
ги обезбедиле развиените земји со соодветни привилегии од нивна страна
- Земјите во развој биле во можност да воведат повисока царинска заштита
на индустриските производи и да ја пролонгираат употребата на
нецаринските бариери

59. Зошто не успеала ГАТТ

ГАТТ не успеала да овозможи либерализација на земјоделските производи. Освен


тоа, дошло до царинска ескалација, не бил воспоставен механизам за спроведување
на санкции за непочитување на поставените правила. Кога се формирала ГАТТ се
предвидувало привилегиите што си ги обезбедиле зејите во рамките на
регионалните интеграции да не се пренесуваат автоматски на сите земји на ГАТТ
доколку регионалното интегрирање имало за крајна цел формирање на нова
интегрирана држава.

60. Почетокот на крајот на ГАТТ

Пред да започне Уругвајската рунда која траела 8 години, незадоволството поради


дискриминацијата на регионалните интеграции растело. Европската економска
заедница го штитела своето производство со царини, а го форсирала извозот на
своите производи. Развиените земји барале ЕЕЗ да ги намали увозните бариери.
Рундата завршила со компромис што не понудил соодветни решенија за ниту една
од страните. Таа покажала дека можностите што ги нуди ГАТТ се сосема исцрпени, а
меѓународната заедница морала да побара и понуди нови решенија за унапредување
на меѓународната економска соработка.

61. Светска трговска организација – основни принципи

На 1 јануари 1995 година започнала со работа Светската трговска организација, а во


неа веднаш се зачлениле 90 земји. Основните принципи на СТО се:

- Принцип на либерализација – ги покрива сферата на стоки и сферата на


услуги
- Принцип на недискриминација на трговските партнери – не постои
најповластена нација, сите членки се еднакви
- Принцип на реципроцитет
- Принцип на транспарентност – фер правила во меѓународната трговска
размена што се однапред достапни и познати на сите заинтересирани
партнери
- Принцип на задолжителност – секоја земја-членка на СТО е должна да ги
примени мерките и инструментите на надворешно-трговскиот систем
- Принцип на заштита што овозможува три исклучоци во примената на
принципот на задолжителност, во случаите:
 При преголема либерализација што предизвикува економски,
социјални и политички тензии
 Кога се жртва на нефер конкуренција
 Кога страдаат од сериозни нарушувања на рамнотежата

62. Поважни мултилатерални спогодби во рамките на СТО

Сите земји што сакаат да бидат членки на СТО при зачленувањето се должни да ги
потпишат и да ги прифатат одредбите на следните три мултилатерални спогодби:

- Општа спогодба за царини и трговија ГАТТ од 1994


- Општа спогодба за трговија со услуги ГАТС
- Спогодба за трговските аспекти на правата на интелектуална сопственост
(ТРИПС)

63. Општа спогодба за царини и трговија ГАТТ 1994

Со оваа спогодба се постигнал поголем чекор напред во либерализацијата на


сензитивните групи производи како што се земјоделските и текстилните. Имало
обид да се воспостават определени општи правила за текот на определени
процедури и поради тоа биле потпишани поголем број мултилатерални спогодби.

64. Спогодба за процедура за издавање извозни дозволи

Со оваа спогодба се настојува да се спречи злоупотребата на овој трговски


инструмент. Јасно се прецизираат случаите кога е потребно да се запази оваа
процедура односно при меѓународна размена на оружје, дрога, муниција,
експлозиви, отровни материи, историски, културни наследства од посебен
национален интерес. Издавањето на дозволите мора да биде транспарентно и со
претходно најавување.

65. Спогодба за санитарни и фитосанитарни мерки и ТБТ спогодба

Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки настојува да обезбеди постоење и


почитување на минимум стандарди во меѓународната размена на производи од
животинско и растително потекло. Таа е составен дел од Спогодбата за технички
стандарди (ТБТ спогодба) која овозможува влез на определени стоки кои
исполнуваат одреден ИСО стандард без оглед на тоа што во земјата на влез
функционира повисок национален стандард за тој производ.

66. Мултилатерална спогодба за антидампинг

Со оваа спогодба се забранува користењето на дампингот како средство за


влегување на пазарот и постигнување на конкурентски предности. Дампингот се
смета за извор на нелојална конкуренција.

67. Спогодба за субвенции и компензаторни мерки

Оваа спогодба претставува обид да се ограничи употребата на субвенциите како


метод за вештачко зголемување на конкуренцијата на извозот. СТО разликува:

- Црвена група субвенции – субвенции што директно влијаат врз обемот на


определно производство или извозот на некоја стока. Овие субвенции се
забрануваат и секоја земја има право да воведе дополнителни царини;
- Жолта група субвенции – субвенции што имаат индиректно влијание врз
слободната трговска размена кои земјите-членки на СТО треба да ги
отстранат;
- Зелена група субвенции – субвенции што се дозволени и се наменети за
научно истражување, развој на неразвиени региони и тн.

68. Спогодба за контрола на пратките

Оваа спогодба нуди правила за олеснување на царинската процедура за


прегледување на пратките со цел поедноставување на административната
процедура, воспоставување на нејзина транспарентност и забрзување на протокот
на стоки преку граница.

69. Спогодба за правила на потеклото

Според одредбите на оваа спогодба еден производ може да се смета за национален


доколку најмалку 25% од неговата новосоздадена вредност е создадена од
конкретната национална економија.

70. Мултилатерална спогодба за земјоделски производи

Оваа спогодба ги обврзува сите земји-членки на СТО да се откажат од нецаринските


бариери како метод за заштита од странската конкуренција. Спогодбата предвидува
либерализација на надворешниот режим во две фази:

- Првата фаза стапила веднаш на сила и контингентите се замениле со


царини;
- Втората фаза ги намалува царинските стапки сѐ до целосна
либерализација на трговијата

71. Мултилатерална спогодба за текстил и облека

Либерализацијата според оваа спогодба треба да се одвива во четири фази, односно


да заврши во 2005 година кога требало да се либерализира вкупниот увоз на текстил
и облека.

72. Општа спогодба за трговија со услуги (ГАТС)


Направена според примерот на ГАТТ со принципот на најповластена нација.
Исклучок се аудиовизуелните, финансиски и транспортни услуги. ГАТС ја сочинуваат
4 основни елементи и тоа:

- Збир на општи концепти, правила и принципи што ќ е се применуваат на


сите мерки на трговијата со услуги;
- Одредени задолжителни обврски што членките во услужните сектори и
потсектори кои се наведени на одредена концесиона листа;
- Прифаќ ање на периодични преговори за продолжување на
либерализацијата на овој сектор;
- Збир на протоколи, анекси и други одредби специфични за овој сектор, а се
однесуваат за примената на договорот.

73. Спогодба за трговија со правата на интелектуалната сопственост – ТРИПС

Оваа спогодба ги опфаќ а: патентирањето на нови технолошки откритија, заштита на


технолошки постапки и процедури, заштита на трговски жиг, марка или име на
производ и сл. Таа има задача да:

- Воспостави минимум стандарди за заштита на правата на


интелектуалната сопственост;
- Да предложи процедури и средства за заштита на правата на
интелектуална сопственост во системите на земјите-членки;
- Да ја прошири примената на принципите на недискриминација и
транспарентност на новиот ГАТТ врз трговијата со права на
интелектуална сопственост.

74. Органи на СТО

СТО се состои од:

 Министерски конференции – на секои две години со претставници од сите


земји-членки каде се третираат прашањата што треба да бидат ставени на
дневен ред за идните преговори, ги прифаќ аат крајните одлуки и носат
одлуки за прием на нови членки. Одлуките се носат со консензус. До 2005
година се одржани 6 конференции;
 Генерално собрание – ги следи тековните работи меѓу две министерски
конференции

75. Инструменти на трговската политика

Комбинацијата на надворешно-трговските мерки и инструменти што една земја ги


применува за заштита на националната економија од странската конкуренција се
нарекува надворешно трговски систем. Инструментите на трговската политика
може да бидат:

- Трговски
- Нетрговски

Трговските инструменти може да бидат директни и индиректни

76. Директни инструменти на трговската политика

Директните инструменти на трговската политика може да бидат:

 Квалитативни
 Квантитативни
Квалитативни мерки се:

 Увозно-извозни такси
 Авансен депозит при увоз
 Премии и преференции

Квантитативни мерки се:

 Стоков контингент
 Доброволна извозна квота
 Увозно-извозни дозволи
 Забрана и ембарго за извоз или увоз на стоки

77. Индиректни инструменти на трговската политика


Индиректни инструменти на трговската политика се:

 Државна трговија и државни трговски претпријатија


 Рестриктивна деловна практика
 Антидампинг мерки
78. Нетрговски инструменти на трговската политика

Нетрговски инструменти на трговската политика се:

- Технички стандарди
- Стандарди за квалитет
- Еколошки стандарди
- Ознаки на органските производи
- Правила за заштита на потрошувачите
79. Директни инструменти на надворешно-трговскиот систем – квалитативни
инструменти на надворешно-трговскиот систем
- Царини
- Увозни/извозни такси
- Аванс/депозит при увоз
- Субвенции

80. Царини

Царините претставуваат еден од најстарите квалитативни инструменти на


надворешно-трговскиот систем и во исто време се најприменувани. СТО е согласна
дека царините се неопходни во меѓународните трговски односи.

Царината претставува јавна давачка која се наплаќ а од страна на овластен орган при
преминот на стоките од едно во друго царинско подрачје. На почетокот царините
имале фискална функција односно служеле за полнење на државните благајни, но
бидејќ и СТО веќ е не дозволува употреба на царини за чисто фискална функција, тие
денес се користат како заштитна мерка односно инструмент. Со царините се
зголемува цената на увезените или извезени стоки за определен износ, со што
оцаринетите стоки ќ е ги изгубат своите конкурентски предности на пазарот на кој
се пласираат. Многу земји особено поразвиените наметнувале висока царинска
заштита на т.н. млади индустрии иако во странство истите стопански гранки се
сметаат за традиционални за подолг временски период. Кога овие стопански гранки
ќ е ја зајакнеле доволно да ја издржат странската конкуренција, царината за
дадениот вид производи требало да се намалуваат, сѐ до потполно исчезнување.

Но, во практиката ова не функционирало. Еднаш воведените царини имале


тенденција да се задржат на долг рок и тешко се укинувале, што неповолно влијаело
врз конкурентноста на привилегираните индустрии. Ваквите односи
предизвикуваат сериозни нарушувања во меѓународната трговска размена кои на
крајот резултирале со сосема несоодветна алокација на ресурсите во една
национална економија. Затоа, СТО инсистира на либерализација на меѓународната
размена и ги задолжува членките да се обврзат дека нема да ја зголемуваат
царинската заштита над нивото на кое се обврзале со членството. Успешноста на
примената на заштитата во надворешно-трговската размена зависи од тоа колку се
почитуваат принципите на надворешно-трговската политика и царинската
политика.

81. Принципи на надворешно-трговската размена и царинска политика

Овие принципи се делат на:

- Селективност
- Правилна детерминираност
- Временска ограниченост

Принципот на селективност поаѓа од фактот дека ниту една земја нема потреба и
интерес да воведе конкретен вид на заштита за сите свои производи. Ако се
спроведува такво нешто за сите производи, тогаш ќ е се задуши слободната
конкуренција на домашниот пазар. Според принципот на селективност царинската
заштита треба да биде воведена за стопански гранки што имаат стратешко значење
за развојот на националната економија, како и за младите производства кои само
што почнале да се развиваат. Поизразена царинска заштита обично се користи за
производите со висок степен на обработка и луксузните стоки.

Принципот на правилна детерминираност поаѓа од фактот дека царините влијаат


врз зголемување на цената на странските стоки на домашниот пазар со што се
намалува нивната конкурентска моќ . Доколку обемот и интензитетот на царините
не се правилно детерминирани, тогаш нема да ги постигнат саканите ефекти во
конкретната национална економија. Доколку царините се ниски нема да го
постигнат ефектот на заштита

Принципот на правилна ограниченост инсистира на тоа царинската заштита да биде


присутна во почетните фази на развојот на одделни видови производство или
доколку е условена со негативните позиции во билансот на плаќ ања да се применува
додека не се подобри макро-економската состојба на земјата. Неоправданото
користење на висока царинска заштита во одделни производства ги доведува
останатите економски субјекти во дискриминирана положба и предизвикува
прелевање на доходот од попродуктивните во понепродуктивни дејности.

82. Видови царини

Постојат повеќ е поделби на царините направени според различни критериуми:

 Според правец на движење


 Според начин на воведување
 Според економски функции
 Според начин на пресметување
 Според интензитет на заштита
 Според ефективна заштита

83. Видови царини според правец на движење

Според правецот на движењето во меѓународната заштита царините може да бидат:

- Увозни – царински давачки при увоз на стоки и услуги поради што тие
доаѓаат на пазарот со зголемени цени и намалена конкурентска моќ , ги
наплаќ аат сите земји во светот;
- Извозни – многу ретко, а имаат цел да:
 Спречат извоз на одредени добра што ги нема во доволни количини;
 Да го дестимулираат извозот на одредени стратешки добра од
националната екномија;
 Монетарни резерви како што е случајот со благородните метали
- Транзитни – царински давачки за транзит на определени стоки и услуги
преку одредена територија

84. Видови царини според начин на кој се воведуваат

Според начинот на кој се воведуваат царинските давачки може да бидат:

- Автономни – царини што ги определува секоја земја самостојно, зависно од


нејзиниот стопански систем;
- Конвенционални (договорни) – се применуваат на одредени стоки при
преминот од едно во друго царинско подрачје кај земјите што пристапиле
кон некоја билатерална или мултилатерална спогодба за слободна
трговска размена. Тие се пониски од оние што вообичаено се користат во
размената со трети земји.

85. Видови царини според економска функција

Според економската функција царините може да бидат:

- Заштитни – основна економска функција на царините за да се заштити


домашното производство од странска конкуренција;
- Фискална – извор на јавни приходи за производи што воопшто не се
произведуваат во националната економија;
- Одбранбена – за да се обезбеди заштита на националното производство од
вештачкото зголемување на конкурентноста на странските стоки. Во
зависност од тоа која разлика во цени треба да ја надоместат, тие може да
бидат:
 Компензаторни – да се неутрализира дејството на одобрените
извозни субвенции од страна на трговските партнери;
 Дополнителна царина – да ја анулира разликата меѓу нормалната и
продажната цена на домашниот пазар;
 Андтидампиншки – најригрозни што се воведуваат врз аконска
основа за да се ограничи или целосно да се елиминира увозот на
стоки од земји што се обидуваат со нелојална конкуренција да ја
истиснат постојната конкуренција на пазарот.

Во случај на трговска војна може да се воведат и реторзни (борбени) царини што се


јавуваат по потреба и повеќ екратно ја зголемуваат царинската заштита.
86. Царини според начинот на кој се пресметуваат

Во оваа поделба царините може да бидат:

- Ад воларем (според вредноста) – процент од вкупната вредност на


увезената стока;
- Специфични – врз основа на увезеното количество односно како апсолутен
износ од единица мерка на увезената стока;
- Комбинирани – елементи на ад воларем и специфични царини

87. Царини според интензитетот на заштита

Може да бидат:

- Минимални
- Максимални
- Преференцијални – пониски од минималните, а се применуваат во
билатералните и мултилатералните спогодби за да овозможат поповолен
третман на привилегираните трговски партнери
- Прохибитивни – повисоки од максималните и имаат ист ефект како
забрана за увоз.

88. Царини според нивото на остварена заштита

Според нивото на остварена заштита царините се делат на:

- Номинални – ја покажуваат вкупно наплатената сума на царинската


давачка при увоз на одредени производи од странство;
- Ефективна заштита – покажуваат колкава заштита се остварува на
новосоздадената вредност за конкретно производство во економијата со
воведување на одредена номинална царина

89. Ефекти од воведување на царинската заштита

Со воведување на царинската заштита на националната економија се остваруваат


следниве ефекти:

- Ефект на заштита
- Ефект врз потрошувачката
- Ефект на доходот
- Ефект на прераспределбата
90. Ефект на заштита

Овој ефект е основниот ефект што една земја се обидува да го постигне со


воведувањето на царинската заштита. Тој ефект не настанува автоматски туку треба
да се внимава на:

- Доследна примена на принципот за селективност, правилна


димензионираност и временска ограниченост
- Увоз на стоки со нееластична побарувачка на домашниот пазар

91. Ефект врз потрошувачката

Овој ефект секогаш е на товар на финалните потрошувачи на заштитените добра


бидејќ и мора да плаќ аат повисоки цени за производите кои на меѓународниот пазар
се продаваат по пониски цени. Со тоа потрошувачите губат дел од својот
потрошувачки вишок односно дел од својот доход што при нормални цени би им
останал за слободно располагање. Со овој ефект мора да се внимава бидејќ и
потрошувачката може да не се намали или ќ е се намали, но не според очекувањата, а
потрошувачите ќ е загубат дел од својот потрошувачки вишок.

92. Ефект на прераспределба

Со ефектот на заштита не само што се зголемуваат цените на увезените стоки, туку


доаѓа и до формирање на цени на производите од конкретната индустрија на
повисоко ниво. Така, потрошувачите се принудени да плаќ аат повисоки цени на
производите на домашниот пазар во споредба со оние пред воведувањето на
царините.

93. Ефект на доход

Овој ефект произлегува од фактот што царините освен заштитна имаат и фискална
функција. Наплатените царини претставуваат дополнителен прилив на средства во
државниот буџет. Правилата на СТО најстрого забранува воведување на царини што
имаат исклучиво фискален карактер.

94. Местото и улогата на царините во современиот мултилатерален трговски


систем

СТО ја претпочита употребата на царините поради транспарентноста во нивната


примена. Тие се пресметуваат мошне едноставно, а истовремено се зачувува односот
меѓу цените на домашниот и странскиот пазар. Правилата се јавни, а се спречува
дискриминацијата меѓу трговските партнери. Со царините се штити целата
индустриска гранка, а не одделни фирми.

95. Увозно-извозни такси

Увозно-извозните такси се директен квалитативен инструмент на надворешно-


трговскиот систем со изразено дискриминаторско дејство. Увозните такси може да
бидат:

- Заштитни
- Заштитно платно-билансни
- Фискални

Тие се воведуваат како надополнување на царините, а се пресметуваат на веќ е


оцаринета стока. Тие се пофлексибилен инструмент од царините. СТО не дозволува
воведување на нови увозни такси освен ако не се дополнителни мерки на заштита
поради преголема либерализација.

Извозните такси се дозволуваат само во исклучителни случаи како при:

- Одлив на стратешки производи


- Настојување да се одржи рамнотежата меѓу домашната понуда и
побарувачка за дефицитарни производи

96. Авансен депозит при увоз на стоки од странство

Се применува во помалку развиените економии каде има дефицит во билансот на


плаќ ање и недостаток на конвертибилни валути за подмирување на обврските
спрема странските добавувачи. Нема значајно влијание врз намалувањето ан
побарувачката на увозни стоки во економиите со изразени инфлаторни движења.

97. Преференции

Преференциите најчесто се применуваат во железничкиот, поморскиот и друмскиот


сообраќ ај за транспорт на волуменозни стоки кај кои транспортните трошоци
претставуваат особено голема ставка. Тие се парични средства што државата ги
издвојува од буџетот и а приори ги исплаќ а на извозниците.

98. Премии
Премиите се паричен износ што се исплаќ а од државниот буџет во национална
валута за извозот на однапред утврдени производи. Со нив се зголемува вкупно
остварениот доход од извршената извозна зделка на претпријатието извозник. Тие
се исплаќ аат а постериори.

- Директни премии се исплаќ аат за секој остварен износ на конкретни


производи во странство, а забранети се уште од времето на ГАТТ;
- Индиректните премии се остваруваат по пат на одобрување на разни
поволности на извозниците;
- Домашните премии им го зголемуваат производниот вишок на домашните
индустрии.

Извозните премии се остваруваат по пат на одобрување на разни даночни


олеснувања или преку поволни извозни кредити за земјите извознички. СТО ги
смета извозните субвенции за особено штетни.

99. Квантитативни мерки и инструменти на надворешно-трговскиот систем

По природа се многу поригорозни од квалитативните и дозволуваат влез на


однапред одредено количество на стоки од странство.

100. Стоковен контингент

Стоковниот контингент е количинско ограничување на извозот и увозот на


определена стока за даден временски период. Директните контингенти ја
ограничуваат количината на стоки, а индиректните ја ограничуваат количината на
девизи што може да бидат ставени на располагање на фирмите за подмирување на
нивните долгови кон странство.

101. Видови контингенти

Контингентите се делат според:

- Насоката на надворешно-трговската размена: увозни и извозни


- Начинот на нивно воведување: автономни и конвенционални
- Носителите и начинот на извршување: глобални и посебни
- Начинот на примена: задолжителни и факултативни
- Олеснувањето на надворешно-трговската размена: царински и саемски
102. Доброволна извозна квота

Доброволната извозна квота се воведува на билатерален принцип како резултат на


постигнување на спогодба во рамките на трговските преговори меѓу земјата
извозник и земјата увозник. Нема никакви реперкусии врз другите трговски
партнери. Причини за прифаќ ање на доброволната извозна квота се:

- Опасност од порестриктивна политика;


- Екстра добивката најчесто припаѓа на извозникот

На долг рок може да предизвика низа несакани ефекти.

103. Третманот на стоковите контингенти и доброволната извозна квота во


мултилатералниот трговски систем

СТО строго ја забранува нивната примена, а се дозволува употреба на стокови


контингенти само како дополнителна мерка за заштита по однапред утврден рок
што не може да биде подолг од 6 до 8 години. Во тој случај се препорачуваат
глобални контингенти.

104. Дозволи

Извозните дозволи претставуваат одобрување од државен орган дадени на


конкретно претпријатие со што се дозволува извоз на определен вид стока за
определен временски период, најчесто една година.

Увозните дозволи претставуваат одобрување од државен орган дадени на конкретно


претпријатие со што се дозволува увоз на определен вид стока за определен
временски период, најчесто една година.

Покрај негативните ефекти од дозволите меѓународната трговија е незамислива без


нивното функционирање особено во трговијата на стоки кои може да се користат за
полезни цели, но може да бидат и злоупотребувани.

105. Забрана за увоз и извоз (ембарго)

Забраната на увоз претставува акт на државата со кој се забранува увоз на


определена стока или група стоки во земјата за определен временски период.
Увозното ембарго преставува целосна забрана за увоз од определена земја или
регион за определен временски период.

Забраната за извоз претставува акт на државата со кој се забранува извоз на


определена стока или група стоки од земјата за определен временски период.
Извозното ембарго претставува целосна забрана за извоз од земјата за определен
временски период.

106. Индиректни надворешно-трговски мерки

Државна трговија се спроведува преку државни претпријатија што имаат природен


монопол или се стекнале со државно овластување за исклучиво право на трговија со
одреден производ.

Рестриктивна деловна практика влијае врз формирањето на моделот на несовршена


конкуренција и на тој начин индиректно го заштитува домашното производство од
странска конкуренција.

107. Дампинг и анти-дампинг мерки

Постојат три видови на дампинг:

- Ценовен дампинг
- Валутен дампинг
- Социјален дампинг.

Исто така се разликуваат:

- Дампинг по пат на извозно субвенционирање


- Транспортен дампинг
- Индиректен дампинг

108. Индиректни надворешно-трговски мерки


- Задолжително мешање на странска со домашна стока;
- Задолжително користење домашен материјал;
- Задолжителен откуп на домашна стока;

Санитарните и фитосанитарните мерки ја вклучуваат сета релевантна регулатива и


неопходните процедури што ги подразбираат производните критериуми,
производните процеси и методи, тестирањето, инспекцијата, барањата за пакување
и етикетирање и сл.

109. Нетрговски бариери

Нивната примарна намена не е во доменот на меѓународната трговија, но се јавуваат


како крајно рестриктивни пречки за слободна трговска раземна. Во оваа група
спаѓаат:
- Техничките стандарди;
- Стандардите за квалитет;
- Стандардите за безбедност на храната;
- Еколошките стандарди;
- Разни правила за заштита на потрошувачите

110. Извозот како стратегија за настап на странските пазари

Предности:

- Овозможува дополнителен приход и профит од продажбата на своите


производи на повеќ е пазари
- Овозможува дисперзија на пазарните ризици и редукција на ефектите од
нестабилноста на домашниот пазар
- Овозможува поцврста контрола и заштита на сензитивните технологии,
истражувањата, производот или производните одлуки

Недостатоци:

- Подложен е на влијание на странските трговски бариери


- Подложен е на влијание на несигурноста на меѓународната економска
средина
- Изложен е на неизвесноста од флуктуацијата на девизните курсеви

111. Меѓународна лиценца

Лиценцата е форма на меѓународна трговија со технологија што вообичаено


вклучува аспекти на техничка, комерцијална и организациска природа. Таа може да
биде дел од поголемо партнерство меѓу претпријатијата.

• Нејзината примена се препорачува:


• При постоење на значајни рестрикции на увозот
• Кога претпријатијата не располагаат со сопствени истражувачко-
развојни ресурси
• Во индустриите што се подлежни на динамични технолошки промени
• Како прелиминарна фаза во донесувањето одлука за СДИ
• При настап на мал странски пазар
Нејзината примена не се препорачува:
• Кога постои можност за остварување на поголем приход со преземање
на СДИ
• При предимензионираност на домашните производни капацитети
• При постоење на специфична технологија
• При реална опасност да не се генерира задоволителна сума на приходи
при лиценцирање на производството на странски пазари
Предности:
• лесен пристап до различни пазари
• Стекнување на дополнителен приход од расположливите технологии
• Не бара поголеми инвестиции во областа на производството и
маркетингот

Недостатоци (намалена контрола врз производството, маркетингот и


дистрибуцијата):
• Не го детерминира обемот на производството
• Се соочува со тешкотии во врска со контрола на квалитетот
• Нема овластувања врз изборот и спроведувањето на маркетинг
стратегијата

112. Видови меѓународна лиценца


Според карактерот и обемот на правата на користење на технологијата

- Исклучива (право на користење на определено географско подрачје)


- Неисклучива (повеќ е корисници)

Од аспект на остапување на лиценцата:

- Самостојна лиценца (без обезбедување на матријални претпоставки)


- Комплексна (со истовремен договор за изградба, монтирање и сл.)

Од аспект на обврската за информирање за новата подобрена и усовршена лиценцна


технологија:

- Тековна технолошка лиценца


- Тековна и перспективна технолошка лиценца

113. Меѓународен франшизинг

Франшизингот претставува пренос на правото на користење на целокупниот


деловен систем односно постоење на целосен сисем на деловната активност со
заштитено име и одобрување на дозвола на други лица за негово користење.

Предуслови:
• Постоење на сопственост врз трговски или услужен жиг, патент, know-
how, специфична опрема и сл.
• Одобрување на дозвола од страна на корисникот на друго лице за
нивна експлоатција
• Контрола на деловните активности на корисникот на франшизата од
страна на франшизерот
• Обврска за подмирување на соодветен надоместок за користење на
франшизата
Карактеристики:
• Франшизерот треба да има разработено успешен деловен систем
идентификуван со заштитено име
• Корисникот на франшизата треба да има сопствен бизнис и да направи
значајни инвестиции од сопствени ресурси
• Франшизерот треба да го обучи корисникот со франшизата со сите
аспекти на деловниот систем и да одржува континуирани деловни
односи со корисникот во насока што ќ е овозможи перманентна
подршка на сите аспекти од неговите активности
• Корисникот на франшизата има овластување, под контрола на
франшизерот, да го користи неговиот деловен систем и заштитеното
име и бенефициите од веќ е создадениот деловен углед

Предности за франшизерот и корисникот на франшизата:


• Франшизерот може да оствари дополнителен профит без поголеми
капитални инвестиции и преземеање ризик
• Корисникот на франшизата е заинтересиран за функционирањето на
системот и неговата контрола и се грижи за усовршување на работата и
персоналот
• Корисникот на франшизата функционира како самостојна деловна
единица во рамките на франшизинг системот преку кој што остварува
дополнителни бенефиции што произлегуваат од континуираната
асистенција на франшизерот (програми за стручно усовршување и
обучување, широк обем на услуги во функција на успешноста на
деловниот систем, промотивни и рекламни активности,
осовременување на бизнисот и зголемување на конкурентноста итн.)
Недостатоци
• Не функционира добро во услови на несолидна позиција на
франшизерот, при тешкотии во функционирањето на каналите на
дистрибуција и во услови кога постојат осцилации во квалитетот и
трошоците на производството
• Недостатоците од работењето на франшизентот имаат повратен
негативен ефект врз целиот франшизинг систем
• Постои опасност корисникот на франшизата да стане премногу зависен
од франшизинг системот и да пропушти да развие сопствена основа за
деловен развој и перспектива
Франшизингот не функционира добро во високотехнолошките индустрии, односно,
најчесто е форма на соработка што претежно е лоцирана во услужниот сектор и
индустриите од областа на широката потрошувачка
114. Лизинг

Лизингот претставува сложена деловна активност што вклучува повеќ е финансиски,


технички, технолошки и организациски постапки насочени кон тоа да може на
корисникот на лизингот, по пат на закуп да му се овозможи користење на современи
технички средства, опрема и недвижности. Лизингот е условен од низа фактори,
како што се:

- Техничко технолошкиот напредок и зголемената понуда на производи со


висок степен на обработка и голема вредност;
- Ограничена финансиска моќ што влијае ограничувачки врз поголемите
инвестициски зафати и врз нараснатите потреби за осовременување на
капацитетите;
- Примена на рестриктивни мерки во увозно-извозните режими на одделни
земји.

Предности на лизингот се:

- Техничко-технолошки;
- Конкурентски;
- Финансиски

Постојат неколку видови лизинг:

- Според предметот (лизинг на недвижности, лизинг на опрема, лизинг на


крајни потрошувачки добра);
- Според начинот на реализацијата (директен лизинг, индиректен лизинг);
- Според времетраењето на закупот (орочен, лизинг со можност за
продолжување на рокот, лизинг со обврска за откуп на предметот на
лизинг).

115. Странски директни инвестиции

СДИ опфаќ аат поголеми финансиски вложувања, пренос на технологија, менаџерски


знаења, маркетинг и други ресурси и се остваруваат кога земјата домаќ ин
овозможува целосна сопственост над вложениот капитал. СДИ се реализираат за
подобар пристап до суровините или да произведуваат финални производи во
странство за нивна директна продажба на странските пазари.

Мотиви за СДИ:

• Искористување на монополистичка предност (зцврстување на


сопствената позиција на странскиот пазар и апсорпција или
елиминација на конкуренцијата на странскиот пазар)
• Намалување на трошоците
• Избегнување на трговските бариери на земјата-домаќ ин
• Перспективност на пазарот
• Глобална стратегија (логичен процес на ТНК за унапредување на
производството, финансирањето, производството)
• Странски директни инвестиции

Детерминанти за локација на СДИ


• Големината на пазарот
• Близината на земјата
• Големината на претпријатието
• Искуство од меѓународни активности
• Економската и политичката стабилност на земјата во која се инвестира

Во современи услови примарно влијание врз одлуката за локација на СДИ имаат


следните фактори:
• Полибералните политики на одделни национални економии за
привлекување на СДИ
• Техничко-технолошкиот прогрес (суперакумулација на високи
технолошки знаења)
• Менаџеските и организациски фактори

Политика за привлекување на СДИ


• Кај развиените земји-унапредување на развојот на современите индустрии од
областа на високата технологија
• Кај земјите во развој-зголемување на вработеноста и развојот на сопствена
технолошка база

Причини за прифаќ ање на СДИ


• Трошковно поефикасно производство
• Диверзификација на индустриската структура
• Пораст на извозот и подобрување на платниот биланс
• Поттикнување на претприемништвото
• Подобрување на конкурентноста

Поврзаност на СДИ со домашната економија


• поврзување со домашните фирми што обезбедуваат инпути за
нејзиното работење (линкови наназад)
• Поврзување со домашните фирми што обезбедуваат дистрибуција
(линкови нанапред)
• Хоризонтално поврзување

116. Заеднички вложувања

Заедничкото вложување обезбедува ефикасна интеграција на капиталот и знаеето


на различни партнери, спојување на нивните потенцијали, но и споделување на
ризикот односно претставува форма на здружување на потенцијалите на две или
повеќ е претпријатија во едно.
Мотиви:

• Вкрупнување на капиталот, неопходен за изведување поголеми


проекти
• Развој на нови индустриски гранки и ревитализација на постојните
• Стекнување нови знаења, пристап кон пазарите, прибавување на нови
технологии
• Диверзификација на активностите, пристап кон нови пазари и
зголемен раст

Предности
• Олеснување на трансферот на технологија
• Примена на новите знаења во производството
• Определување на цената на технологијата
• Пристап кон ресурсите
• Обезбедување фондови и пристап кон локалните пазари на
капитал
• Пристап кон знаењата на локалната средина
• Подобра конкурентска позиција
• Пристап кон пазарите
• Брз и ефикасен пристап кон дистрибуција
• Заобиколување на трговските бариери
• Стекнување квалификација на локална компанија
• Останати предности
• Воспоставување добри односи со јавноста
• Заштита од потенцијална конкуренција
• Обезбедување привремено ослободување од лошото производно
портфолио

Слабости
• Недоволна контрола над операциите во странство
• Тешкотии при координација на активностите
• Намалена флексибилност

Потенцијални партнери
• Владите на рецептивните земји
• Приватните претпријатија
• Мултинационални компании

117. Поим и видови регионални трговски организации

Регионалните економски интеграции се првичните форми на меѓународна


економска интеграција. Земјите влегуваат во вакви форми за да можат поуспешно да
се вклучат во меѓународната поделба на трудот. Тоа значи да се формира пошироко
подрачје на кое државите ги отстрануваат пречките за слободно движење на стоки и
факторите на производство.

Според Вилијам Мол, постојат две интерпретации на економската интеграција. Во


динамична смисла тоа е процес во кој постепено се елиминираат економските
граници и економиите почнуваат да функционираат како еден ентитет. Во статичка
смисла, тоа е ситуација во која националните компоненти на една поголема
економска зона функционираат како еден ентитет.

За да се овозможи слобода на движење, треба да се отстранат царините и


нецаринските бариери, а за тоа е потребен одреден степен на модификација на
националните политики. Но, за тоа е потребен голем степен на интеграција.

Треба да се направи основна разлика меѓу интеграција на пазарите и политиките. Во


интеграцијата на пазарите се отстрануваат пречките за движење на производите и
производните фактори меѓу земјите членки, а второто да се дефинираат заеднички
политики на унијата.

Според Вилијам Мол динамиката на процесот на економска интеграција се одвива во


следниве фази:

1. Интеграција на пазари
- Се отстрануваат пречките на движење на стоки и услуги
- Се отстрануваат пречките на движење на производните фактори
2. Интеграција на политика:
- Економска интеграција
- Друго
3. Интеграција на пазари
- Отстранување на пречките на движење на стоки и услуги
 Се создава зона на слободна трговија
 Се создаваат непотполни царински унии
 Се создаваат царински унии (нема никакви бариери)
4. Интеграција на пазари
- Се отстрануваат пречките на движење на производните фактори
 Се создава непотполен заеднички пазар
 Се создава заеднички пазар
5. Интеграција на политика – економска
- Се создава економска унија
- Се создава монетарна унија
- Се создава економска и монетарна унија
6. Интеграција на политика – друго
- Се создава политичка унија
- Се создава целосна унија
118. Ефекти на регионалните и трговски интеграции

Јакоб Винер покажал дека формирањето на царинска унија не мора да биде во


корист на сите земји-членки на регионалната економска интеграција или на светот,
во целина. Тој ги развил концептите:

- Креирање на трговијата
- Свртување на трговијата

Ефектите од креирање на трговијата се појавуваат кога креирањето на царинска


унија води кон движење на трговските текови од поскапи кон поевтини односно
поконкурентни производителите.

Ефектите на свртување на трговијата се јавуваат во спротивен случај, односно кога


креирањето на царинска унија води кон движење на трговските текови од поевтини
кон поскапи.

119. Динамички ефекти од регионалните трговски интеграции

Покрај статичките ефекти, споменавме дека постојат и динамички ефекти од


слободното движење на факторите на производство. Постојат три поголеми
динамички ефекти на регионална економска интеграција:

- Намалување на монополска моќ ;


- Намалување на нивото на х-неефикасноста
- Користење на ефектите од економијата на обем и ефектите од учење

Отстранувањето на трговските бариери меѓу земјите-членки ќ е влијае врз


намалувањето на нивото на монополската моќ на домашниот пазар со тоа што ќ е се
зголеми можната понуда од други земји.

Намалувањето на х-неефикасноста односно прекумерната ангажираност, залихи и


други последици од лошо управување. Конкуренцијата може да ги поттикен
производителите со, на пример, квалитетот на производот. Тоа може да предизвика
побарувачка за поквалитетни производи.

Интеграцијата на националните економии во еден голем пазар може да доведе до


екстерна економија на обем. Тоа произлегува од групирање на фирмите во поедини
географски подрачја (кластери) и создавање деловна мрежа што овозможува
пониски трошоци за работење, како што е на пример Силициумската долина за
информатичка технологија, Милано за мода и сл.

За дополнително искористување на ефектите од екстерната и интерна економија од


обем придонесува и ефектот на учење, бидејќ и претпријатието учи како најевтино и
најефикасно да ја искористи деловната мрежа на кластери.
120. Други ефекти од регионалната трговска интеграција

Ефекти од слободното движење на работната сила – движењето на рабонтата сила


води кон економска загуба односно економска корист (намалена плата во земјата
увозник, зголемена плата во земјата извозник). Исто така, работодавците имаат
своја корист односно загуба. Во земјата увозник работната сила е поевтина, а во
земјата извозник работодавците се принудени да ги платат ангажираните
работници повеќ е.

Ефектите од слободното движење на капиталот во рамки на регионалната


економска интеграција. Капиталот се движи од земја со пониска стапка на принос во
земја со повисока, со што се овозможува создавање на поголем БДП во земјата
увозник на капиталот.

121. Позначајни регионални трговски интеграции

Меѓу позначајните и поефикасни регионални трговски интеграции може да се


издвојат:

- Меркосур (унија на Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај односно Унија на


јужно-американските земји)
- НАФТА – слободна трговска зона меѓу САД, Канада и Мексико;
- Европска унија – унија на 28 земји-членки од Европа;
- АСЕАН – Унија на југоисточни азиски земји

122. Меркосур

Меркосур е регионален трговски договор меѓу Бразил, Аргентина, Уругвај и Парагвај


формиран во 1991 година. Во моментов Боливија, Чиле, Колумбија, Еквадор и Перу
имаат статус на придружни членки. Развојот на Меркосур бил значително ослабен со
падот на аргентинската економија во 2001 година. Повелбата на Меркосур не
дозволува нејзините земји-членки да имаат слободна трговска зона со земји што не
се членки.

123. НАФТА

НАФТА односно северно-американската спогодба за слободна трговија претставува


слободна трговска зона меѓу САД, Канада и Мексико и е основна форма на
регионална соработка со задржување на суверенитетот на земјите-членки за
сопствените надворешно-политички односи. Секретаријатот на НАФТА се состои од:

- Канцеларија во Канада, Отава


- Канцеларија во САД, Вашингтон
- Канцеларија во Мексико, Мексико

Потпишувањето на спогодбата привчно меѓу САД и Канада се покажало како


успешно, но недоволно за пазар со потенцијал што ќ е му конкурира на западно-
европскиот, па така започнале преговорите и приклучувањето на Мексико.

124. АСЕАН

Асоцијацијата на југоисточните азиски нации (АСЕАН) е создадена од страна на


Индонезија, Малезија, Филипини, Сингапур и Тајланд. Повелбата на АСЕА е цврста
фондација на заедницата и пружа легален статус и институционална рамка. Таа е
легален обврзувачки договор меѓу она што денес се 11 земји-членки. (во книгата
пишува 10, но всушност денес се 11 – Виетнам, Тајланд, Сингапур, Филипини,
Мијанмар, Малезија, Лао, Индонезија, Камбоџа, Брунеи).

125. Европска унија

Европска унија е нацнационална и меѓувладина унија на 28 земји-членки (книгата


вика 27, денес има 28). Таа е основана под ова име со договорот за Европска унија од
1992 година. По катастрофите од Првата и Втората светска војна, во голема мера се
зголемиле стремежите за основање на она што подоцна станало Европска унија.
Првично била создадена Европската заедница за јаглен и челик во 1952 година, а
првата целосна царинска унија била позната како Европска економска заедница
основана во Рим 1957 година.

ЕУ во моментот има 28 земји-членки и приближно 450 милиони жители. Кога би


била една држава ЕУ би била седмата најголема по површина, а трета по население.

Самата промена на името сугерира дека со текот на времето таа еволуирала од


економска во политичка унија.

126. Карактеристики на ЕУ
- Слобода на граѓаните на ЕУ да гласаат на локалните избори и на изборите
за Европскиот парламент;
- Соработка во кривичните работи;
- Заедничка надворешна политика;
- Заедничка безбедносна политика;
- Заедничка политика за имиграција и азил;
- Заедничко финансирање на истражувањето на технолошкиот развој;
- Заедничка тарифа на надворешните царини;
- Слободна трговија на стоки и услуги меѓу земјите-членки;
- Шенгенски договор (безвизно патување, без Британија и Ирска);
- Слобода на граѓаните да живеат и работат каде било во ЕУ;
- Слободно движење на капиталот;
- Единствена валута

127. ЦЕФТА

Главен предизвик на земјите од Централна и Југоисточна Европа е да станат земји-


членки на ЕУ. ЦЕФТА претставува договор за слободна трговија потпишан во 1992
година, а Македонија станала земја потписник во 2006 година. Основна цел на овој
договор е да ги забрза европските интеграции на земјите-потписнички.

128. ЦЕФТА структури

Најважен орган на ЦЕФТА е заедничкиот комитет, а негови членови се сите


потписници. Главна функција е да го надгледува и раководи спроведување на овој
договор.

You might also like