You are on page 1of 10

 Џ.С.

МИЛ: УТИЛИТАРИЗАМ

Студент: Ива-175665

Џон Стјуарт Мил (20 мај 1806 – 8 мај 1873), бил британски филозоф, политички
економист и државен службеник. Еден од највлијателните мислители во
историјата на либерализмот, придонел за социјална теорија, политичката
теорија и политичка економија . Тој бил наречен "највлијателен англиски
филозоф од деветнаестиот век". Неговиот концепт за слобода ја оправдува
слободата на поединецот во опозицијата до неограничен број на државната и
општествената контрола.

Мил се залагал за утилитаризам, етичката теорија развиена од страна на неговиот


претходник Џереми Бентам. Тој придонел во истрагата за научна методологија,
иако неговото знаење на темата било врз основа на делата на другите, особено на
Вилијам Вевел, Џон Хершел и Огист Конт , и истражувањето спроведено за Мил
од страна на Александар Бејн.

Мил кажал:

“Научив да ја барам својата среќа, со тоа што ги ограничив своите желби, пред да се
обидам да ги задоволам“.

Таткото на либерализмот, Мил е можеби и најважна фигура од таа страна на


историјата. Тој ја ширел својата идеја за слободата секаде каде што можел. Кога
станува збор за среќата тој ја усвоил мудроста на старите Грци. Наместо да го
преплави својот живот со добра, Мил верувал во утилитаризам. Верувал во
користењето на работите, само ако имаат цел, ако не ги отфрлал од својот живот. 
Темата на овој есеј е утилитаризмот од англискиот филозоф Џон Стјуарт
Мил. Најпрво, да ја наведеме општата дефиниција на утилитаризам, која гласи:
-Теорија, која за примарна цел, го зема максималниот можен просперитет
на општеството како целина. Ова треба да се постигне со прво гледање што го
прави секој поединец среќен во општеството, а потоа дека многуте барања на
поединци се сумираат и дека потоа се размислува како повеќето од нив можат да
бидат задоволни.

Корените на утилитаризмот како филозофски правец ги поставил Дејвид


Хјум, но понатаму се дообликува со учењата на англиските мислители Џереми
Бентам и Џон Стјуарт Мил. Бентам, кој починал дваесет и девет години пред
објавувањето на Утилитаризмот, имал големо влијание врз Мил. Сепак,
утилитаризмот на Мил се разликува од Бентам.
Додека Бентам зборува, за целите на добриот живот, и дека,само е важно да се
задоволиме, а не какво задоволство имаме, Мил се стреми да го ослободи
основниот принцип на утилитаризмот,и нејзиното еднострано квантитативно
определување. Тоа е токму она со што тој се обиде да го заземе своето место во
утилитаризмот.

Книгата “Утилитаризам” на Џон Стујарт Мил е класична обработка и


одбрана на утилитаризмот во етиката. Објавена во 1863, целта на Мил е да објасни
што е утилитаризмот и да покаже зошто е најдобрата теорија во етиката и да го
одбрани од многуте критики и недоразбирања. Се состои од 5 поглавја и се смета
за “највлијателната философска мисла од 19-тиот век”. Првото поглавје го опфаќа
воведот во делото, второто е дефиниција за утилитаризмот, каде што се обидува
да ги разјасни сите погрешни сфаќања. Во третото поглавје се дискутираат
наградите и казните што ги нуди оваа доктрина. Четврото поглавје ги објаснува
методите за докажување на валидноста на утилитаризмот, а во петтото поглавје
Мил пишува за концептот на правда и неговата поврзаност со утилитаризмот и
тврди дека среќата е темел на правдата. Неговото учење отскокнува и значително
се разликува од останатите утилитаристи, бидејќи тој како највисоко добро ја
смета културната и духовната среќа на човекот. Исто така, тој вели дека
политичкото дејство треба да се води од „принципот на слободата“, односно дека
на секој човек мора да му се гарантира тотална слобада, која нема да се коси со
слободата на другите, како секој би ја максимизирал сопствената среќа.

Мил верувал дека среќата (eng. happiness) или задоволството е единственото


нешто што луѓето треба да го посакуваат за свое добро. Бидејќи среќата е
единственото природно добро, а повеќе среќа е подобро од помалку, целта на
етичкиот живот е да ја максимизира среќата.

Во првото поглавје Мил напоменува дека нема голем прогрес во етиката.


Уште од почетокот на философијата истите проблеми се провлекуваат и
дебатираат постојано, а философите остро се несогласуваат околу основните
почетни точки на етиката. Мил дискутира дека овие философски несогласувања
не нанеле штета на популарната моралност, воглавно бидејќи конвенционалната
моралност е имплицитно утилитаристичка. Тој заклучува дека нема да се обиде
да даде цврст доказ за приципот на наголема среќа. Сепак тој тврди:

“Размислувањата можат да бидат претставени како,оние кои можат да го


одредат интелектот,да го дадат или задржат своето одобрување за доктрината; и ова е
еквивалентно на доказ.”

Во второто поглавје, Мил формулира единствен етички принцип, принципот на


утилитаризмот или принципот на наголема среќа, од кој тој вели дека
произлегуваат сите етички утилитаристички принципи.

“Доктрината која го прифаќа утилитаризмот како темел, ги смета делата за


правилни во пропорција ако ја унапредуваат среќата, а погрешни ако ја уназадуваат. Под
среќа се подразбира задоволство и отсуство на болка; под несреќа, болка и лишување од
задоволство.”
Во остатокот од поглавјето Мил се обраќа кон критиките на утилитаризмот.
Некои од нив се:

 доктрината е достојна за свињи (бидејќи се тврди дека среќата


е единственото нешто што е посакувано за лична корист)
 утилитаризмот не успева да увиди дека среќата е невозоможна
да се постигне
 премногу побарува (со тоа што се тврди дека е наша обврска да
ја постигнеме најголемата среќа во светот)
 таа е безбожна етика (бидеќи одбива да увиди дека етиката е
вкоренета во Божјата волја)
 ги искушува луѓето да не ги почитуваат главните морални
правила.

Како одговор на тврдењето дека утилитаризмот е доктрина за свињи,Мил


тврди дека повеќето луѓе кои искусиле физичко и интелектуално задоволство
секогаш се држат за второто. Малку луѓе би одбрале да ги сменат местата со
животни за било кое телесно задоволство кое можат да го добијат.

Следи дека интелектуалните задоволства (пријателства, уметност,


литература) се побитни и повеќе посакувани задоволства од телесните и дека
разумна потрага по среќа бара развој на човечките когнитивни процеси.

Во третото поглавје, Мил прашува какви санкции (награди и казни) се


потребни да се унапреди главната среќа. Тука забележува предизвик во
утилитарниот систем – ако на личност и се претстави принцип кој не се смета за
фундаментален, таа личност нема да го почитува и цени тој принцип. Затоа
последичните морални идеи би имале поцврсти темели.

Мил вели дека овој предизвик ќе постои додека образованието не почне да


влијае на луѓето да го видат главното добро како длабоко вкоренето морално
добро. Додека ова не се случи овој проблем нема да постои само за утилитаризмот
туку и за било кој друг систем кој пробува да постави темели за моралот.

Затоа, Мил вели дека кога главната среќа почне да се препознава како
морален стандард природно би било да се негуваат чувства кои го промовираат
утилитаризмот. Понатаму се вели дека утилитаризмот е вкоренет во социјалната
природа на човекот, во нивната желба да бидат со други луѓе и нивниот страв од
неприфаќање. Општеството не би развивално никакви односи освен господар-
роб,освен ако во својата база го има принципот дека сите интереси на луѓето се
еднакви.

Бидејќи општеството се развива кон еднаквост станува се потешко за луѓето


да ги игнорираат туѓите желби и интереси. Мил смета дека сето ова може да се
развие ако се негува образованието и законот. Тој уверува дека ако тоа чувство за
социјална еднаквост и единство се учи на ист начин на кој се учи религијата
тогаш утилитаризмот ќе стане врзувачка сила доволна да влијае на однесувањето.

“Луѓето се социјални суштества кои природно посакуваат да бидат во


единство со сличните на нив. Да преферираш себични цели над генералното добро се
судира со овој длабоко вкоренет природен импулс.”

Мил го почнува четврото поглавје со тоа што тврди дека ниеден прв принцип
не може да се докаже со логичко расудување. Како тогаш би знаеле дека
утилитаризмот е темелен принцип. Целта на ова поглавје е да се докаже се што би
било потребно за утилитаризмот да биде сметан за валиден. Мил дискутира дека
единствен доказ дека нешто е посакувано е другите да го посакуваат. Факт е дека
среќата е добра бидејќи сите луѓе ја посакуваат. Затоа јасно е дека среќата е еден
од критериумите за моралноста.
Сепак да се докаже дека среќата е единствен критериум за моралност
потребно е да се докаже дека луѓето не посакуваат ништо друго освен среќа. Мил
вели дека луѓето посакуваат и нешта како доблест, што на некој начин е различно
од среќа. Но тој тврди дека луѓето ја сакаат доблеста бидејќи е дел од среќата.
Бидејќи доблеста е дел од среќата и ја унапредува истата, утилитаризмот го
поттикнува развитокот на доблеста.

Се што е посакувано како средство да се дојде до среќата е бидејќи е дел од


среќата. Затоа Мил објаснува дека утилитаризмот е психолошко прашање.
Вистинскиот проблем е дали луѓето ги сакаат нештата што се дел од среќата или
само како средство да се дојде до неа. Тоа може да се одговори само со рефлексија
на себе и со набљудување на другите.

Во петтото и најдолго поглавје, Мил вели дека низ историјата, една од


најголемите бариери за прифаќањето на утилитаризмот е тоа што не дозволува
теорија за правда. Во ова поглавје Мил прави разлика дали правдата или
неправдата од некое дело е вродено и различно од прашањата на утилитаризмот.
За да се испита ова треба да се увиди дали постои чувство за правда воопшто или
пак е оформено од комбинација од други чувства. За да се одговори ова треба да
се утврди што е главниот квалитет на правдата ако воопшто постои.

Мил почнува да го утврдува значењето на правдата набројувајќи примери


што се класифицирани како праведни или неправедни. Прво, неправедно е да ги
одземеш законските права на некој. Меѓутоа овој концепт има исклучоци. На
пример некој човек може да има законски права кои не смее да ги има како
последица на лош закон. Иако луѓето се поделени, дали лошите закони треба да
бидат прекршени сите се согласуваат дека некои закони можат да бидат
неправедни. Затоа законот не може да биде главниот стандард за правда.

Втор вид на неправда постои кога некој се лишува од моралните права.


Трето, се смета за праведно ако некој добие што “ заслужил”, а неправедно ако се
стекне со нешто што не го заслужил. Се смета за правилно ако луѓето се
наградени за добрите дела, а казнети за лошите.

Четврт вид на неправда е ако се прекрши некој договор или ветување.


Петто се смета за неправда кога се покажува фаворизам и наклонетост во
недолични околности.

За крај идејата за еднаквост од многумина е гледана како компонента од


правдата, а некои луѓе можат да направат исклучок во име на целесообразноста.

Покрај толку многу значења на концептот на правдата тешко е да се најде


што ги врзува сите заедно или на кој концепт се заснова чувството за правда.
Сепак луѓето ја гледаат правдата како целосен концепт и имаат чувство за правда
независно од нивното разбирање за нејзините темели.

Тој вели дека правдата може да биде разликувана од другите форми на


моралност гледајќи на разликите помеѓу совршените и несовршените обврски.
Несовршени обврски се оние кои никој не смее да ги бара друг да ги изврши и
обратно. Правдата едначи со совршените обврски. Ја вклучува идејата на лично
право. Во праведни случаи кога личност на која и било згрешено или и биле
повредени моралните права има морално право да бара надоместок.

Откако правдата е дефинирана Мил се врти кон прашањето дали чувството


на правда доаѓа од самата природа или дали може да биде поврзано со концептот
на утилитаризмот.

Тој вели дека постојат два дела од правдата. Првиот е да се казни личност
што згрешила. Таа желба доаѓа од импулсот за само-одбрана и сочуство. Сите
животни имаат инстинкт за само-одбрана, но за разлика од животните, луѓето се
способни да сочуствуваат не само со нивното потомство туку со сите човечки
суштества. Понатаму, луѓето се поинтелигентни и имаат поголем распон на
чувства и се способни да чувстуваат дека се дел од некоја поголема заедница на
интереси. Правдата исто така се рефлектира на природното чувство на одмазада
проширено од сочувството и интелектот да се усмери кон нештата кои му штетат
на општеството. Другата компонента на правдата е дека постои жртва на која се
применува истата.

Мил ја затвора дискусијата посочувајќи дека правдата е име за моралните


потреби кои се на повисока скала на користа и затоа се поважни од другите. Но
некогаш постојат случаи кога некоја општествена должност е поважна така што ги
игнорира основните правила на правдата. Така на пример, прифатливо е да
украдеш нешто за да спасиш нечиј живот.

Тој вели дека ја пронашол основата на чувството на правда. Тоа е природен


инстинкт на незадоволство, морализирано со тоа што е поврзано со општото
добро. Правдата е име за одредени алатки кои се поважни од другите и затоа е
заштитена од чувство кое е поинакво од другите.

“Утилитаризам” на Џон Стујарт Мил е дело напишано да пружи поддршка за


важноста на утилитаризмот како морална теорија. Тој сака да покаже дека
утилитаризмот соодветсвува со природните инстинкти кои потекнуваат од луѓето
како социјални суштества и дека ако општеството го присвои истиот како етика
луѓето природно би ги присвоиле насоките како морална основа. Тој тврди дека
среќата е главната основа на моралот и дека ние како луѓе не посакуваме ништо
друго освен среќа. Тој се труди во своето дело да објасни дека и самото чувство за
правда кај луѓето е основано на самиот принцип на утилитаризмот и дека правата
постојат за да ја обезбедат човечката среќа. Џон Стјуарт Мил е еден од
претставниците на утилитаризмот (заедно со Ј. Бентам и А. Смит) како корени на
етичките теории. Основниот принцип на утилитаризмот е во мислењето дека
постапките се точни до степен до кој доведува до зголемување на среќата. Затоа,
неопходно е да се прифати етичкиот став кој, во нејзините последици, доведува до
најголема среќа на најголемиот број на луѓе.

Утилитаризмот ја следи интуицијата да дејствува од морални мотиви, затоа што


сакаме добро на другите, дури ставајќи го и пред нашето добро. Во оваа смисла,
основниот став е дека не постои причина сите човечки искуства да се градат врз
ист модел, бидејќи секој кој има здрав разум, најдобро се справува со проблемите.
Теоријата на Мил за максимизација на етиката е сè уште предмет на голема
контроверзност, особено прашањето за степенот до кој нашите лоши или добри
практики придонесуваат за постигнување на среќа или олеснување на болката. Во
своето дело ,Утилитаризмот во кој тој реагира на серија докази предизвикани
против учењето. Една од нив вели дека утилитаризам не е лажен затоа што
сугерира на користољубивост ,а не Библијата или Бог, како основа за морално
расудување. Одговорот на Мил е љубезен. Тој посочил дека Бог, кој ги сака
неговите суштества, би сакал тие да бидат среќни.

Оттука, тој ги посочува оние дејства кои ќе создадат најголемо добро или среќа за
повеќето луѓе. Тој ги забранува оние постапки што доведуваат до создавање на
поголемо зло отколку добро или среќа. Оттука, Мил тврди дека делото што го
наредува и забранува утилитаризам е исто како оној што го наредува и забранува
Бога.

Погодностите за усвојување на утилитаризмот е тоа што ни дава техника на


решавање на морални прашања, за кои немаме директни упатства од Бога.

Според мене, можам да кажам дека доколку сте љубител на филозофија, ова е
вистинската книга за вас. Дури и да не сте љубител на филозофијата, ова е едно
од оние големи дела во историјата кои оставиле свој печат и имаат огромно
влијание дури и денес.

Во ова дело, Мил зборува за Утилитаризмот како правец, како теорија која почива
на принципот на корисноста во насока на остварување на сопствената среќа.
Можеме да ја видиме и деталната анализа на Џон Стјуарт Мил во која тој ги
објаснува сите придобивки на утилитаризмот како правец или учење, како сакате
наречете го, а истовремено се обидува и да ги побие сите критики кои се насочени
кон утилитаризмот.

Ова дело е навистина моќно и проникнува многу длабоко во смислата на


човековот постоење, па така дури и да не сте љубител на филозофија, сепак ова
дело ќе допре до вас.

Освен тоа, оваа книга го вклучува и говорот на Џон Стјуарт Мил кој го одржал во
британскиот парламент и во него тој ги изнесува своите ставови за смртната
казна.

Одлична книга, дефинитивно ќе ги прошири вашите видици.

You might also like