You are on page 1of 42

Прашања за подготовка на студентите за прв колоквиум

Предмет: Меѓународен транспорт и шпедиција

1. Тема: Меѓународен транспорт и шпедиција

1. Што представува транспортот?

Транспортот претставува посебна стопанска дејност чија функција е да


обезбедува пренос на луѓе, стоки, енергија и информации од една до друга
точка на географскиот простор.

2. Што представува шпедицијата?

Шпедицијата претставува стручно организирање на транспортот на стока од


страна на шпедитерот во свое име и за сметка на коминтентот.

3. Објасни го економското значење на транспортот?

Економското значење на транспортот произлегува токму од неговата


основна функција, а тоа е да се врши пренесување =а стоката од местото
на производство до местото на потрошувачката. Меѓутоа, и покрај тоа што
денес постојат различни видови на транспорт, сепак ниту еден од нив не е
идеален. Имено, секој транспорт си има свои позитивни и негативни страни.

4. Од кои се аспекти може да се набљудува транспортот?

Транспортот може да се набљудува од два аспекти. и тоа: како самостојна


дејност и како споредна дејност.
Page |2

5. Кои се карактеристиките на транспортот како посебна дејност?

 Просторно делување на транспортниот процес,

 Единствен процес на производните транспортни услуги,

 Интегралност на процесот на транспорт,

 Задолжителна присутност на корисниците на транспортниот процес,

 Интегралност и унифицираност на средствата за превоз.

6. Кои се карактеристиките на шпедицијата?

 Давање стручен совет на своите коминтенти,

 Давање стручни совети за проблемите на пакувањето на стоката,


користење на контејнерите, палетите и сл,

 Придружување кон прописите од надворешното – трговско работење


и акредитиви,

 Обавување на царински манипулации,

 Избор на најповолно транспортно средство и склучување на договор


за превоз,

 Организирање зборен промет,

 Осигурување стока во превоз,

 Давање совет за прашање од дистрибуција и складирање.

2
Page |3

7. Објасни го значењето на транспортот?

Транспорот придонесува за создавањето на единственост на пазарот. Со


транспортот се овозможува вклучување на секоја национална економија во
меѓународниот промет. Транспортот помага при поврзување на
производниот со потрошувачкиот сектор и го подобрува развојот на секоја
национална економија. Тој служи за совладување на помали и поголеми
географски простори.

8. Објасни го значењето на шпедицијата?

Шпедицијата придонесува за правилно склучување на меѓународниот


купопродажен договор и таа представува координирање и рационализација
на транспортот на стока. Шпедицијата овозможува контрола врз целиот
транспортен процес и придонесува за подобрување на платниот биланс на
земјата. Исто така таа придонесува за зголемување на обемот на
надворешна-трговска размена.

9. Како се дели транспортот?

Транспортот се дели на:

 воден сообраќај;

 копнен сообраќај;

 воздушен сообраќај;

 поштенски сообраќај;

 телекомуникациски сообраќај;

3
Page |4

10. Како е поделен водениот транспорт?

Водниот транспорт се дели на:

> поморски транспорт (опфаќа превоз по море);

> внатрешен транспорт (опфаќа транспорт по реки, езера и канали).

11. Како е поделен копнениот транспорт?

Копнениот транспорт се дели на:

> патен транспорт;

> железнички транспорт; и

> цевководон транспорт

12. Како е поделена шпедицијата?

 Внатрешна и надворешна шпедиција

 Пристанишна, континентална и гранична шпедиција

 Непотполна, потполна, фиксна и збирна шпедиција

13. На кој начин се регулира меѓународниот транспорт?

Доколку станува збор за транспорт кој се одвива во рамките на една


држава, тогаш истиот се регулира согласно прописите кои важат во таа
држава. Но, доколку станува збор за меѓународен транспорт, односно
превоз на стока преку границите на една држава, тогаш се јавува потреба
од негово меѓународно регулирање. Додека на почетокот односите во

4
Page |5

сферата на транспортот биле регулирани во најголема мера со помош на


билатерални спогодби и договори, поради се поголемата улога и значење
се јавила потреба и од негово мултилатерално регулирање. Со помош на
ваквите спогодби и договори се регулираат правата и обврските како и
одговорностите на превозниците.

14. Кои меѓународни конвенции се познати во поморскиот


транспорт?

Во поморскиот транспорт посебно треба да се споменат следните


меѓународни конвенции:

> Конвенција за помош и спасување на море, 1910 година;

> Конвенција за судири, 1910 година;

> Конвенција за привилегиите и хипотеките;

> Конвенција за граѓанска одговорност во областа на поморскиот транспорт


на нуклеарни материи, 1971 година.

16. Кои се домашните правни извори на транспортот?

 Закон за облигационите односи;

 Закон за договорите за превоз во друмскиот сообраќај;

 Закон за договорите за превоз во железничкиот сообраќај;

 Закон за воздухопловство;

 Закон за облигационите и стварно правните односи во воздушниот


сообраќај

 Закон за внатрешните води

2. Тема: Меѓународен поморски транспорт


5
Page |6

1. Каква е улогата и значењето на поморскиот транспорт?

Поморскиот транспорт претставува еден од најстарите видови транспорт


воопшто. Поморскиот превоз се одвива преку мориња и океани, односно по
т.н ‘’природен превозен пат’’.Поморскиот спаѓа во најзначајните видови
превоз на стока.Користењето на морињата и океаните како природни
патишта за превоз на стока се смета за еден од најефтините превози во
споредба со другите видови превоз.Исто така нема гранични бариери.

2. Кои се недостатоците на поморскиот транспорт?

Релативно мала брзина,релативно поголеми транспортни ризици во однос


на др видови превоз, како и територијална ограниченост.

3. Видови транспортни средства.

 Линиски бродови,

 Бродови за слободна пловидба,

 Бродови за превоз на растресит товар,

 Брод за превоз на сув и течен товар,

 Брод за превоз на тешки товари,

 Брод-ладилник,

 Брод за превоз на течен товар-танкер.

6
Page |7

4. Што претставуваат пристаништата?

Пристаништата претставуваат посебни места, кои се наоѓаат покрај


морското крајбрежје и служат за поврзување на морскиот со сувоземниот
промет.

5. Кои се посредниците во поморскиот транспорт?

Поморски агент или брокер и Пристаништен агент.

Поморскиот агент му помага на бродарот во тражењето и наоѓањето


на стока за превоз.Тој,истовремено му помага и на имателот на товарот да
најде соодветен брод за превоз на стоката.Додека пристаништен агент е
лице кое ги врши работите во име и за сметка набродарот во
пристаништето. Неговите активности вклучуваат: прифаќање и опрема на
бродот, врши подготовка за товарање и истоварување на товарот, ги
набавува потребните документи кои се однесуваат на бродот или товарот,
пресметува и наплаќа превознина, ги прима и ги предава за бродот
протестите и рекламациите и сл.

6. Како е регулирани пристигнувањето на бродот на


пристаништето?

Времето на пристигнување на бродот во пристаништето е регулирано


помеѓу договорните странки, пристанишните обичаи или според закон. Во
рамките на поморските договори редовно се утврдува датумот на
пристигнување на бродот во пристаништето. Притоа, може да се утврди
конкретниот датум или, пак, приближно да се одреди датумот на
пристигнување.

7
Page |8

7. Што е писмо на подготвеност (notice of readiness)?

По пристигнувањето на бродот во пристаништето,бродарот е должен да го


извести нарачателот, утоварувачот или примачот за подготвеноста на
бродот за утоварување или истоварување, со помош на писмен документ
кој се нарекува „Писмо на подготвеност" (Notice of Readiness).
Известувањето може да се испрати со помош на писмо или телеграма, која
се доставува до утоварувачот, примачот или неговите застапници на
нивната адреса во тек на работно време.

8. Товарање на стоката на брод

За да може да се изврши превозот на стоката, нарачателот е потребно да


ја предаде стоката на бродарот.

Количината на товарот што е потребно да се превезе може да биде


определена, но во најголем број случаи може да биде и неопределена.
Доколку количината на товарот не е определена, тогаш мора да се имаат во
вид носивоста на бродот и расположливоста со слободен бродски простор.
Доколку станува збор за стока со која се користи целокупната корисна
површина на бродот,таквиот товар се нарекува полн товар. Ако, пак,
товарот покрива само дел од бродскиот простор, тој се нарекува де- лумен
товар.

9. Што претставува истовар, односно предавање на товарот на


примачот?

Истоварот на стоката и поставувањето на бродот го врши бродарот, додека


местото на прием на товарот го одредува примачот.Примачот е должен
навремено да го преземе товарот од бродарот.Доколку примачот на

8
Page |9

стоката не ]а подигне истата веднаш по пристигнувањето на бродот во


пристаништето,тогаш,заповедникот нема право да ја истовари н складира
стоката на трошок и ризик на примачот.

Меѓутоа, доколку бродот сообраќа во редовна линиска пловидба, а


примачот на стоката не ја

преземе истата во одреденото време, бродарот има право да отплови


понатаму со товарот.

10. Кои се елементите на одредување превознина?

 Видот на товар,

 Количината на товар,

 Времетраењето на трансферот

 Оддалеченоста на пристаништето

 Условите на превозот,

 Валутата на плаќање,

 Трошоците што го товарат бродарот,

 Понудата и побарувачката за транспортни услуги.

11. Кои се правата и обврските на поморскиот транспортер?

 Ротердамски правила

 Хамбуршки правила

 Хашките правила
9
P a g e | 10

 Закон за облигационите односи

 Закон за внатрешна пловидба

 Деловните обичаи

12. Која е одговорноста на бродарот?

Прашањето за одговорност на бродарот е поставено поради сигурноста на


продавачот и купувачот дека стоката што му е предадена на бродарот за
превоз ке му биде предадена на примачот во онаа положба во која била и
предадена.

13. Што претставува законското ограничување на одговорноста на


бродарот?

Ограничената одговорност на бродарот за товарот претставува исклучок од


начелото на имотното право по кое настанатата штета наполно треба да
биде надоместена..

14. Што е договорно ограничување на одговорноста на бродарот?

Помороското право и практиката познаваат голем број клаузули со кои се


ограничува или се исклучува одговорноста на бродарот спрема товарачот.
Овие клаузули водат потекло од начелото на волјата на учесниците во
поморскиот превоз според кое можат одговорноста на бродарот да ја
регулираат на било кој начин.

10
P a g e | 11

15. Каква е одговорноста на бродарот за чување на стоката?

Со предавањето на стоката за превоз по море основна обврска на бродарот


е чување на стоката во текот на превозот. Неговата обврска значи да
постапува како добар стопанственик – бродар. Тој е обврзан стоката да му
ја предаде на примачот како што ја има примено,односно да одговара ако
дојде до оштетување или загубување.

16. Што е товарен лист?

При превозот на стока по море може да биде издаден и товарен лист кој
претставува превозна исправа и по својата природа одговара како сите
други превозни документи кај другите гранки на сообраќајот. Товарниот
лист исто како и коносманот, го издава бродарот врз основа на податоци
кои писмено му ги дава товарачот на стоката.

17. Што претставува коносманот?

Коносманот претставува таква исправа што бродарот му ја издава на


товарачот врз основа на договорот за превоз на стока по море, а со која
потврдува дека примил за превоз стока што е означена во таа исправа
(коносман) и дека се обврзал таа стока да ја превезе во пристаништето и да
му ја предаде на овластениот примач.

18. Што претставуваат поморските хаварии?

Поморските хаварии претставуваат штетите кои ги претрпува бродот или


товарот за време на поморскиот потфат.

11
P a g e | 12

19. Колку видови поморски хаварии разликуваме?

Со оглед на околностите поради кои настанала штетата или трошоците, во


поморскиот транспорт разликуваме: заедничка или генерална поединечна
или партикуларна хаварија.

20. Што се подразбира под генерална хаварија?

Под генерална (општа) хаварија се подразбира вонредно и намерно


правење штета на бродот или товарот, со цел да се спаси имотната
вредност на повеќе учесници во ист поморски потфат од заеднички и
стварни опасности кои им пречат на договорните странки.

21. Што се подразбира под посебна (партикуларна) хаварија?

Под посебна партикуларна хаварија се подразбира секое оштетување или


расипување на бродот или товарот, кое настанува ненадејно, независно од
волјата на заповедникот на бродот или екипажот. Тоа настанува поради
виша сила или случај.

3. Тема: Меѓународен железнички транспорт

1.Која е улогата и какво е значењето на железничкиот транспорт?

12
P a g e | 13

 Железничкиот транспорт има првостепена улога во развојот на


секое национално стопанство кое располага со соодветен
капацитет на железничка инфраструктура,
 Железницата има голема улога во превозот на масовни
(тешки) товари руда, градежен материјал итн).
 Понудува релативно поевтин транспорт на стока,
 Уредност и точност при вршењето на превозот,
 Масовност, брзина и безбедност во превозот на стока,
 Константност во транспортните линии без оглед на
климатските улови (мраз, магла, висок или низок водостој и др)

2.Во што е извршено регулирањето на железничките превозни патишта


во нашата земја?

Во нашата земја регулирањето на железничките превозни патишта, односно


шелезнички линии е извршено во Законот за основите на безбедноста во
шелезничкиот сообраќај.

3.Какви можат да бидат железничките линии во внатрешниот и


меѓународниот сообраќај?

- Можат да бидат: главни и споредни

4. Според кои критериуми може да се подели меѓународниот превоз на


стока со железница?

Меѓународниот превоз на стока со железница може да се подели според


повеќе критериуми:
13
P a g e | 14

 Според карактерот на транспортот


 Според железничката тарифа
 Според начинот и брзината на отпремување
 Според особините (својствата) на стоката се превезуваат.

5.Какви видови превоз на железница имаме според карактерот на


транспортот?

 Меѓународен железнички транспорт- превоз што се врши помеѓу


две или повеќе земји и врз кои се применуваат меѓународни
конвенции.
 Внатрешен железнички транспорт- превоз што се врши во
границите на една земја, а се регулира со внатрешни прописи на
секоја земја.

6. Какви видови превоз на железница имаме според железничката


тарифа?

Според железничките тарифи превозот на стока може да се подели според


два критериума: количеството на стока што се трансферира и начинот на
отпрема и брзина на превозот.

 Според количеството имаме: денковен и вагонски превоз. Под


денковен превоз се подразбира оној превоз, кај кој една пратка има
тежина под 5 000 кг, а железницата не става вагон на располагање
само за ова количество. За секој вагон со денковни пратки се
составува товарница во два примероци, од кои едниот примерок Ја
следистоката се до крајната станица, а другиот останува во
отпремната станица од која тргнал вагонот. Под вагонски превоз
подразбираме превоз на пратка со најмалку 5000 кг, како и помалку
14
P a g e | 15

од 5000кг ако по барање на испраќачот му се дава вагон само за


негова употреба.Во овој превоз обврска на испраќачот и на примачот
на стоката е да го натоварат и истоварат вагонот.
 Според начинот на отпрема и брзина на превозот имаме:
бавновозен, брзовозен и експресен превоз.
Бавновозен превоз е редовниот превоз. Овој превоз се врши со
вообичаен лист за бавновоз. Рокот на отпрема е 24 часа. Отпремниот
рок кај брзовозен превоз е еден ден,додека за експресна пратка
се сметаа онаа која може да се натовари,односно да се прими во
вагон за багаж од патнички воз,но таа не може да биде потешка од
100 кг.

7.Која е разликата помеѓу товарниот лист кај брзовозен и бавновозен


превоз?

Товарните листови кај споровозниот и брзовозниот превоз се исти, со


единствена разлика што кај брзовозниот товарен лист се ставаат две
црвени линии на горната и долната ивица, експресниот товарен лист не
мора да биде во иста форма со обичниот.

8.Што се превезува според особините на стоката?


Според особините (својствата) на стоката се превезуваат:

- експлозивни материјали,

- отровни материјали и

- жива стока.

9.Кои се најзначајни меѓународни организации?

15
P a g e | 16

 Бернскиот сојуз на железница од 1980 година како основ за


донесување на CIM конвенцијата- задачите на овој сојуз главно се
изедначување на правилата во меѓународниот железнички сообраќај
и координација на работата на националните железници.
 Железничка техничка организација- ги проучува условите и
можностите за унапредување на меѓународниот железнички
сообраќај тргнувајќи од аспект на шелезничките возила и други
технички услови.
 Железничка организација за взаемна соработка- ја проучува и
унапредува соработката помеѓу државните потписнички на
конвенцијата SMGS и конвенцијата SMPS. Оваа организација ги
проучува и можностите за поцврста соработка помеѓу железничкиот и
друмскиот сообраќај.
 Меѓународна железничка унија- има за цел да го унапреди
меѓународниот железнички сообраќај. Членовите на оваа
меќународна организација се членови на национални железници. Во
оваа меѓународна железничка унија рамноправен член стана
македонската железница во 1993 год. Други позначајни меќународни
организации се меѓународен железнички комитет, меѓународна
организација на вагони за спиење, меѓународна организација на
туристичките здруженија на железничарите итн.

10. Кои дејствија се превземаат во железничкиот сообраќај?

 Меѓународен железнички товарен лист- им е својствен на


сите гранки на транспортот освен во поморскиот. Тој е
превозна исправа која испраќачот мора исправно да ја пополни
и да и ја предаде на железницата за секоја пратка што се
превезува во межѓународниот железнички транспорт.
16
P a g e | 17

Испраќачот е должен при предавањето на стоката за превоз да


поднесе товарен лист.

 Франкатурна сметка- е цоставен дел на товарниот лист и како


таква по правило го воспоставува отпремната станица,врз
основа на податоците од товарниот лист. Заедно со товарниот
лист таа се воспоставува ако отпремната станица не е во
можност да ги пресмета превозните трошоци кои треба да ги
плати испраќачот.

 Превозен пат- испраќачот во товарниот лист може да го


прпоише превозниот пат. При тоа може да се наведат само
пограничните точки, а според потреба преодните станици меѓу
железниците. Меѓутоа во меѓународниот транспорт
железницата настојува да биде што послободна при избор на
превозен пат, за да може што поекономично да го организира
користењето на своите капацитети

 Рокови на испорака- железницата во меѓународниот


транспорт стоката ја превезува со возови кои можат да
постигнат најповолни брзини во превозот. Таа е должна
стоката да ја превезе во договорениот рок, но ако таков рок не
е договорен треба да ја превезе во примерен рок што зависи
од превозниот пат, видот на превозот и видот на стоката.

 Уредно предавање на стоката и одговорност на


железницата според CIM – железницата е должна да му ја
предаде на на примачот стоката што е означена во товарниот
лист, односно на друго лице по дополнителен налог на
испраќачот.

17
P a g e | 18

 Реекспедиција или повторно предавање на стоката- е


дозволена само во меѓународниот транспорт. Таа овозможува
погодност, посебно на увозникот, бидејќи може во текот на
самиот превоз да изврши продажба на стоката на крајниот
корисник-купувач-продавач. Кај реекспедицијата во увозот
пратките вообичаено се испраќаат на прималот во една од
пограничните железнички станици на упатната земја, на адреса
на мешународ шпедитер кој по извршено царинење ќе постави
нов товарен лист на вистинскиот примач.

 Пресметување превознина- има два начина за пресметување


на превознината: Соединување на разни тарифи на
превозниот пат, т.н. кршено пресметување врз основа на
внатречни тарифи за превоз на оние железници што
учествуваат во транспортниот превоз на стоката, и Директно
пресметување на превозната отпремна станица до упатната
станица во другата земја без основа на меѓународната
тарифа.Меѓународните тарифи за превоз на стока се
донесуваат меѓу оние земји каде што постои интензивна
размена на стока. Овие тарифи би требало да овозможат
поекономичен ,поедноставен и побрз промет на меѓународниот
пазар.

 Рекламации и тужби- право за поднесување рекламации,


односно барање за надоместок за штета со тужба против
железницата имаат: испраќачот, примачот или друго лице ако
врз него се пренесени правилата кои му даваат право за
поднесување рекламација или тужба и железницата во
зависност од односите во превозот.

18
P a g e | 19

11.Каква одговорност има железницата?

- Железницата има одговорност за:

1. ЗАГУБУВАЊЕ- Превозникот одговара за загубување или оштетување на


пратка што би се случило од моментот на преземањето до нејзиното
предавање. Oсвен ако се причинети со дејствие на овластеното лице,
со својствата на пратката и со надворешни причини што не можеле да се
предвидат, ниту да се избегнат или отстранат.

2. ОШТЕТУВАЊЕ- Во случај на загубување или оштетување на пратка во


која се наоѓале скапоцености, хартии од вредност или други скапоцени
предмети, превозникот е должен да ја надомести така настанатата штета
само ако:

 при предавањето на предметите на превоз бил известен за


природата на тие предмети и за нивната вредност,

 штетата ја предизвикал намерно или со крајно невнимание.

3. ЗАДОЦНУВАЊЕ НА ПРАТКА - Превозникот одговара за штетата


настаната поради задоцнување, освен ако задоцнувањето е причинето со
некој факт кој ја исклучува неговата одговорност за загубувањето или
оштетувањето на предметот. Превозникот одговара за лицата што по негов
налог работеле врз извршувањето на превозот.

12. Какви одредби постојат?

 Ништовни се одредбите на договорот за превоз, на општите услови


за превоз, на тарифата, или на некој друг општ акт со кои се
намалува оваа одговорност.
19
P a g e | 20

 Полноважна е одредбата со која однапред се определува


највисокиот износ на надоместок, под услов да не е во очигледен
несразмер со штетата.

13. Кога ограничувањето на износот на надомест не важи?

Ограничувањето на износот на надоместот не важи ако превозникот ја


причинил штетата намерно или со крајно невнимание.

Ако не е договорено поинаку, висината на надоместот се определува


според пазарната цена на пратката во времето и местото на предавањето
за превоз

14. Кога престанува одговорноста на превозникот?

Кога примачот ќе преземе пратка без приговор и на превозникот ќе му ги


исплати неговите побарувања, престанува одговорноста на превозникот,
освен ако оштетувањето записнички е утврдено пред преземањето на
пратката.

15. Кога превозникот станува одговорен за оштетувањата на пратката?

Превозникот останува одговорен за оштетувањата на пратката што не


можеле да се забележат во моментот на предавањето ако примачот го
известил за тие оштетувања веднаш по нивното откривање, но не подоцна
од осум дена од предавањето.
20
P a g e | 21

16. Кога превозникот се ослободува од одговорност кон железницата?

Превозникот се ослободува од одговорност ако губењето или


оштетувањето на стоката настанало поради посебна опасност, која е во
врска со една или повеќе од долу наведените околности:

1) при превоз кој се врши во отворени вагони врз основа на важечки


прописи или спогодби постигнати со испраќачот и наведени во товарниот
лист;

2) заради тоа што стоката не е пакувана или ако не е доволно пакувана, па


поради тие недостатоци е изложена на губење или оштетување;

3) со товарење на стоката, неправилно товарење и истоварање, кога


товарењето или истоварањето ги врши испраќачот, односно примачот врз
основа на важечките прописи или договор склучен со испраќачот или
примачот;

4) поради природата на стоката, која по своите својства е особено изложена


на целосно или делумно губење или оштетување поради кршење, рѓање,
гниење, мраз, топлина, истекување, сушење, расипување или слично;

5) со предавање на превоз под неисправно, неточно или непотполно


означување на стоката, која е исклучена од превоз или се прима на превоз
под посебни услови или ако испраќачот не преземе мерки за особена
внимателност, кои се пропишани за стоката која се прима на превоз под
посебни услови;

6) со посебна опасност на која се изложени живите животни при превозот и

7) со превоз на живи животни или друга стока која врз основа на тарифата
или договор со испраќачот наведени во товарниот лист, мораат да се
извршат со придружба ако губењето или оштетувањето настанат поради

21
P a g e | 22

пропуштање на придружникот да ја отстрани опасноста во врска со


превозот на оваа пратка

17. Кои се одговорностите на железницата според CIM?

• Железницата што ја прифатила стоката за превзоз на одредена


дестинација, врз основа на издаден товарен лист, е одговорна за
превоз на стоката во текот на целата транспортна маршрута.

• Секоја последователна железница која ја презема стоката на база на


издадениот товарен лист станува страна на договорот согласно
условите од издадениот товарен лист.

• Експедиторот одговара за изборот на превозникот како и за изборот


на други лица со кои во извршувањето на налогот склучил договор
(складирање на стоки и слично), но не одговара и за нивната работа,
освен ако таа одговорност ја презел со договорот.

• Експедиторот кој ќе му го довери извршувањето на налогот на друг


експедитор, наместо самиот да го изврши, одговара за неговата
работа.

• Ако налогот содржи изречно или премолчно овластување за


експедиторот да му го довери извршувањето на налогот на друг
експедитор или ако тоа е очигледно во интерес на налогодавецот, тој
одговара само за неговиот избор, освен ако ја презел одговорноста
за неговата работа.

• Одговорноста на шпедитерот не може со договор да се исклучи, ниту


да се ограничи.

18. На кои барања треба да одговара пакувањето- амбалаЖата на


стоката?

22
P a g e | 23

 амбалажата мора успешно да ја штити стоката и да биде погодна за


превоз-пренесување,

 амбалаЖата мора да биде таква да овозможува примена на најниски


превозни ставки

 да овозмоЖува примена на соодветна ставка на царинската ставка


во земјата на определувањето и

 да одговара на сите прописи за увоз извоз, а особено на


санитарнитеи здравстевените прописи на соодветната земија.

19. Кои услови треба да ги исполни примената стока за да иде


превезена?

• ако испраќачот ги исполни условите предвидени со закон, односно


меѓународните конвенции и условите предвидени во тарифите,

• ако е мозно да се изврши превоз со редовни превозни средства

• ако превозот ни е спречен поради некои причини што Железницата


немозела ни да ги одбегне ни да ги спречИ,

• ако превозот не е забранет или ограничен врз основа на закон или не


е спротивен со јавниот поредок И ако превозот е мозен со редовните
превозни средства.

20. Кои предмети се исклучени за превоз од Меѓународниот


Железнички транспорт?

• предмети кои барем во една земја низ која треба да се превезат се


сметаат за поштенски пратки

23
P a g e | 24

• предмети чии трансопрт порадни нивните димензии, тезини и услови


за превоз не е мозен барем во една од земјите низ кои превозот треба да
биде остварен

• предмети чии превоз е забранет барем на една од териториите низ


кои треба да помине

• материи кои со посебни прописи се исклучени од превоз.

22. Што претставува комбиниран или мешан превоз?

Ако превозот на стока се врши со содејство на повеќе превозници од други


гранки на прометот се нарекува комбиниран- мешан превоз.

23. Кои се предностите на Хукепак системот?

• Заштеда во портошувачката на скапи нафтени деривати

• Смалување на трошоците на транспортот во вкупната стока што се


превезува

• Подобро користење на Железничките капацитети

• Продолзување на векот на траење на друмските превозни средства

• Подобро користење на капацитетот на автотранспортните


организации

• Побрзо патување, превоз на стока од производителот до


потрошувачот

• Смалување на бројот на тешки камиони на магистралните патишта,


помалку сообраќајни несреќи И сл.

24
P a g e | 25

• Заштита на човековата средина од испуштени гасови од тешките


камиони

• Процесот на воведување на системот хукепак треба да се следи И со


соодветни систематски мерки на дрзавата за да се стимулураат
автопревозниците за неговото што подобро користење.

24.Кои општествени мерки треба да се донесат за хукепак системот?

• Да се зголрми надоместот за користење на друмскиот промет

• Да се лимитира бројот на бесплатните дозволи за дозволи на транзит


на странски камиони низ нашата земја

• Да се задрзи забраната на сообраќајот на тешки камоини преку


викендите

• Да се стимулираат автопревозниците односно организациите што сре


занимаваат со транспорт со определени повластици ако го користат овој
систем.

4. Тема: МЕЃУНАРОДЕН ПАТЕН (ДРУМСКИ) ТРАНСПОРТ

1. Наброј ги предностите на меѓународниот патен транспорт?

 Брзо ефектуирање на вложените инвестициони средства,

 Можност за брза преориентација од еден на друг транспортен пазар,

 Можност за реализирање на превоз од куќа до куќа без


истоварување,
25
P a g e | 26

 Флексибилен за превоз на различни видови стока,

 Овозможува брзо и ефикасно реализирање на превозот на


производите од местото на производство до местото на
потрошувачка,

 Сопствената брза амортизација овозможува развиток на сите гранки


на автомобилската индустрија, како и на нејзините придружни
кооперанти,

 Ги елиминира трошоците за претовар на стоката,

2. Наброј ги недостатоците на меѓународниот патен транспорт?

 Возилата на друмскио превоз имаат сеуште релативно мала


носивост

 Превозт сеуште е релативно скап, зависен е од климацките услови

 Не е погоден за превоз на масовна стока

 Изложен е на поголеми опасноси, а со тоа и стоката на поголеми


ризици

3. Кои се критериумите за поделба на превозот во друмскиот


сообраќај?

 Во друмскиот сообраќај има повеке видови превоз, во зависност од


критериумите што се земаат како основа за поделба и тоа:

1. меѓународен превоз на стока

2. внатрешен превоз на стока

26
P a g e | 27

3. комбиниран превоз

4. превоз на специјални видови стоки

5. режиски превоз

6. превоз на туѓа сметка

7. денковен и колски превоз и др.

4. Како се дели меѓународниот друмски превоз?

Меѓународниот друмски превоз се дели на: линиски, превоз од случај до


случај и транзитен превоз.

5. Што се подразбира под внатрешен друмски превоз?

Внатрешен друмски превоз е оној превоз што се врши исклучиво на


територијата на една земја.

6. Објасни го режискиот превоз?

Режискиот превоз е оној превоз кога одделни индустриски, трговски и други


стопански организации го вршат превозот за за сопствена сметка и
сопствени превозни средства.

7. Кои се видовите на транспортни средства?

• Поедини возила:

• Камиони за општ товар,

• Камиони цистерни,

• Камиони ладилници

• Патни возови составени од два дела и тоа: камион и приколка,

27
P a g e | 28

• Шлепери составени од влекач и полуприколка

8. Објасни го договорот за превоз во патниот транспорт?

Превезувачот се обврзува да го превезе предметот во местото на


определувањето и во тоа место да му го предаде на примачот или на друго
овластено лице што ќе го одреди примачот, а испраќачот се обврзува на
превезувачот да му ја исплати договорената превознина.

9. Како треба да се трансферира стоката во патниот транспорт?

Стоката која треба да се трансферира на однапред одредената транспортна


маршрута.

10. Кога се издава патен товарен лист?

Товарен лист се издава ако тоа го бараат превезувачот или испраќачот. Co


издавањето на товарниот лист превезувачот потврдува дека е склучен
договор за превоз и дека предметот е примен на превоз. Товарниот лист се
издава при приемот на предметот на превоз.
11. Во колку примероци се издава товарниот лист?

 Товарниот лист се издава во три оригинални примероци.

1. Првиот му се предава на испраќачот,

2. Вториот го придружува предметот во превоз и му се предава на


примачот,

3. Третиот останува кај превезувачот.

28
P a g e | 29

12. Кои елементи треба да ги содржи товарниот лист?

 датум и место на издавање на товарниот лист;


 име или назив и адреса на испраќачот;
 име или назив на превезувачот;
 регистарски број на возилото;
 датум и место на товарот на предметите;
 име или назив на примачот и место на истоварот;
 вообичаен опис на предметите и начин на пакувањето, а за опасни
предмети - пропишаниот опис на предметите;
 број на колетите, нивни ознаки и бројчени ознаки;
 бруто-тежина на предметите или количината изразена на друг начин ,
 бруто-тежина на предметите или количината изразена на друг начин ,
 трошоци во врска со превозот на предметите (надоместоци за
превозот, дополнителни трошоци, царински давачки и други издатоци
направени од склучувањето на договорот за превоз до предавањето на
предметите на примачот), како и кој ги плаќа;
 упатства потребни за царински и други дејствија;
 список на исправите што се прилагаат кон товарниот лист.

13. Кој ги потпишува примероците на товарниот лист?

Сите три примероци на товарниот лист ги потпишуваат превезувачот и


испраќачот. Потписите можат да бидат отпечатени или заменети со печат
на испраќачот и на превезувачот. Лицето што испраќачот ќе го овласти да
ги натовари предметите, да го потпише, во негово име, товарниот лист, со
назначување дека товарниот лист го потпишал од името на испраќачот.

14. Објасни ја преносливоста на патниот товарен лист?

29
P a g e | 30

Испраќачот и превезувачот можат спогодбено да одредат превезувачот да


издаде товарен лист по наредба или на доносител (пренослив товарен
лист). Ако е издаден пренослив товарен лист, на примерокот што му се
предава на испраќачот мора изречно да биде назначено дека станува збор
за пренослив товарен лист, а на другите примероци од оригиналот на
товарниот лист - мора да се назначи дека е издаден пренослив товарен
лист. Преносливиот товарен лист мора да содржи потписи на превезувачот
и на испраќачот или на лицата што тие ќе ги овластат.

15. Што може да бара испраќачот ако не е издаден пренослив


товарен лист?

Ако не е издаден пренослив товарен лист, испраќачот располага со


предметот во текот на превозот и може да бара:

 да се запре превозот на предметот;

 да се одложи предавањето на предметот на примачот;

 да се предаде предметот во некое друго место на определување;

 да му се предаде предметот нему или на некој друг примач што не е


одреден со договорот за превоз или во товарниот лист;

 да се врати предметот во местото на испраќањето.

16. Која е одговорнота на превезувачот за време на патниот


транспорт?

• Превезувачот е одговорен за загубувањето или оштетувањето на


предметот што ќе го преземе на превоз, и тоа од часот на
преземањето на предметот на превоз до неговото предавање на

30
P a g e | 31

примачот, како и за штетата настаната поради задоцнувањето во


превозот и предавањето на предметот на примачот.

• Превезувачот одговара за загубувањето или оштетувањето на


предметот,

• За штетата настаната поради задоцнувањето во превозот и


предавањето на предметот на примачот, освен ако докаже дека
штетата настанала поради дејствија или пропуст на корисникот на
превозот, поради својствата на предметот или од надворешни
причини што не можеле да се предвидат, да се избегнат или да се
отстранат.

17. Во кои случаи превезувачот се ослободува од одговорност?

 Превезувачот се ослободува од одговорност ако докаже дека


загубувањето односно оштетувањето на предметот настанале
поради посебна опасност која е во врска со една или со повеќе од
подолунаведените околности:

• употреба на отворени и непокриени возила, ако употребата на такви


возила е изречно договорена и назначена во товарниот лист;

• недостиг или лоша состојба на амбалажата за предметот што по


својата природа е подложен на растур или оштетување, ако не е
запакуван или не е уредно запакуван;

 ракување, натовар, редење и истовар на предметот од страна на


испраќачот односно примачот или на лицата што работеле на тие
работи по налог на испраќачот односно на примачот;

 природата на предметот кој по своите својства е изложен на целосна


или делумно загубување или на оштетување, особено поради

31
P a g e | 32

кршење, 'рѓа, гниење, сушење, протечување, нормален растур или


дејство на инсекти;

 недостиг или непотполност на ознаките на колетите.

18. Каква е одговорност на превозниците при превоз во кој


учествуваат повеке превезувачи?

Кај превозот во кој учествуваат повеќе превезувачи, за загубувањето


или оштетувањето на предметот и на багажот, како и за задоцнувањето
во превозот, солидарно одговараат превезувачот што го склучил
договорот за превоз, превезувачот на чиј дел од патот дошло до
загубување односно до оштетување и последниот превезувач
(последователен превезувач).

19. Со кои конвенции се врши мегународно регулирање на патниот


транспорт?

• Меѓународна конвенција за патен сообраќај од 1949 година,


• Општа спогодба за економско регулирање,
• Конвенција за договорите во меѓународниот превоз на стоки низ
патиштата (1965),
• Договор за царински постапки со возила од 1049 и 1954 година,
• Царинска конвенција за меѓународен превоз на стоки врз основа на
карнетот TIR,

20. Како се одредува превознината и тарифите во друмскиот


сообраќај?

Конвенцијата CMR на учесниците во мегународниот друмски транспорт им


дава полна слобода да се спогодуваат за условите и цените на превозот.
32
P a g e | 33

5 Тема: Меѓународен воздушен сообраќај

1. Кои се позитивни карактеристики во воздушниот превоз?

Позитивни карактеристики во воздушниот превоз се тие што тој:

- Овозможува најбрз превоз на стока, особено на стока која брзо се


расипува или која има голема вредност.

- Погоден е да врши превоз и во најодалечени места

- Со појавата на овој вид на превоз се изменети поимите за вредноста


на време, одалеченост и др.

2. Кои се негативни карактеристики на воздушниот превоз?

Воздушниот транспорт на стока има определени негативни карактеристики:

 превозните трошоци се уште се високи,

 корисниот товарен простор во однос на другите превозни средства е


релативно ограничен

33
P a g e | 34

 потрошувачката на погонско гориво е поголема

 одржувањето и експлоатацијата на воздухопловството и


инсталациите, бараат поголеми инвестиции

 мора да постојат посебни изградени аеродроми, пристанишни згради


и др.

3. Кои автокомпании го вршат воздушниот превоз во нашата земја?

Тоа се: ,,Палер-Македонија”, ,,МЕТА”, ,,Авиоимпекс”, и ,, Македонија-АС”.

4. Која е првата спогодба која го регулира вршењето на воздушниот


сообраќај меѓу различни земји?

Првата спогодба е Париската конвенција, потоа Панамериканската


конвенција, Конвенцијата донесена во Чикаго 1944 год.

5. Кои се трите спогодби кои се донесени на конференцијата во


Чикаго?

 Спогодба за меѓународен транзит,

 Спогодба за меѓународен воздушен транспорт,

 Привремена спогодба за меѓународното цивилно воздухопловство.

6. Кои прашања ги регулира Чикашката конвенција?

Ги регулира следните прашања: сувереност над воздушниот простор,


прелетување над територии на држави договорнички, национална
припадност на воздухопловот, мерки за олеснување на воздушната
пловидба, услови што треба да ги исполни воздухопловот за безбедна

34
P a g e | 35

воздушна пловидба,начин на донесување и примена на меѓународни


стандарди и препораки ...

7. Кои се петте Чикашки слободи кои се регулирани во донесените


Спогодби?

 Право на пролетување преку територија на некоја земја без


слетување,

 Право на слетување во некомерцијални цели,

 Право на истоварување на патници,

 Пошта и товар во странска земја

 Право на превоз на патници. Пошта и товар во странска земја.

8. Една од најзначајните меѓународни конвенции која има имотно


правен карактер, а се однесува за превоз на патници и стока во
воздушниот сообрачај е:

- Конвенција за изедначување на некои правила што се однесуваат за


меѓународен воздушен транспорт, донесена во Варшава 1929 год. ,
позната како ВАРШАВСКА КОНВЕНЦИЈА,

- Протокол за измена на Конвенцијата за изедначување на некои


правила што се донесуваат за меѓународно воздушен транспорт,
донесен во Хаг 1955, познат како ХАШКИ ПРОТОКОЛ,

- Протокол за измена на правилата на Варшавската конвенција за


одговорност на воздушниот превозник на патници донесен во
Гватемала во 1971г познат како ГВАТЕМАЛСКИ ПРОТОКОЛ,

35
P a g e | 36

- МОНТРЕАЛСКИ ПРОТОКОЛ за измена на Варшавската конвенција и


Хашки протокол, донесен во Монтреал, 1975 год.

9. Зошто Варшавската конвенција има имотно-правен карактер?

Баршавската конвенција има имотно-правен карактер, затоа што регулира


прашања што се однесуваат за превоз на патници и стока и тоа:

• Договор за воздушен превоз

• Природата на превозни документи

• Одредување на правата и должностите на превозникот

• Одговорност на воздушниот превозник

• Права и должности на патниците

• Видови на воздушни превози

• Случаи кога може да се ограничи одговорноста на превозникот

• Случаи кога може превозникот да се ослободи од одговорноста.

10. Според кои критериуми може да се подели воздушниот превоз?

• а) меѓународен воздушен превоз и внатрешен превоз

• б) воздушен превоз на стока и воздушен превоз на патници и багаж

• в) линиски воздушен превоз и слободен воздушен превоз

11. Какви упатства за стока може да даде испраќачот на превозникот?

Испраќачот може да даде упатства за стоката на превозникот и тоа:


36
P a g e | 37

• а) да ја повлече од аеродромот при тргнување или доаѓање

• б) да ја задржи во текот на превозот во кое било место на


слетување

• в) да му ја предаде на друго лице, а не на примачот назначен во


товарниот лист

• г) да ја врати на аеродромот на тргнување

12. Превозникот од кога писмено го известил испраќачот дека примач


не ја прима испорачаната стока може :

а) стоката да ја врати со сопствени превозни средства или со превозни


сретства на друг превозник, на појдовниот аеродром на сметка и ризик
на испраќачот,

б) бидејќи ја чувал стоката во назначеното место во време кое не смее


да биде помалку од 30 дена, може да ја предаде наеднаш или за повеќе
дена и тоа без претходно известување на испраќачот,

в) да ја истовари стоката во упатното место и да им ја предаде на


чување на аеродромските складишта на трошок и ризик на испраќачот.

13. На колку вида се делат тарифите?

Тарифите обично се делат на три вида:

- Нормални стокови тарифи или основни- тоа се тарифи кои се


преименуваат на сите пратки до 45 кг тежина

37
P a g e | 38

- Специјални стоковни тарифи се применуваат на одреден вид


стока, а се пресметуваат на тој начин што нормалната стоковна
тарифа се намалува или се зголемува за одреден процент

- Специфични стоковни тарифи се применуваат за одреден вид


стока која се превезува меѓу две одредени места во одредени
количества, односно со сукцесивни пратки. Тие по правило се
пониски од нормалните.

14. Што претставува авионскиот товарен лист?

Авионскиот товарен лист го издава испраќачот со предавање на стоката


на превозникот за превоз. Меѓутоа непостоењето, неисправноста или
загубата на товарниот лист не значи и непостоење или неполноважност
на договорот за воздушен превоз. Единствена правна последица од
непостоењето на товарниот лист е што превозникот не може да се
повика на одредбите на Варшавската конвенција кои се однесуваат на
исклучување или ограничување на неговата одговорност. Товарниот
лист го пополнува испраќачот по упатствата на превозникот. Се издава
по повеќе примероци, обично во 12.

15. Кои елементи се заведуваат во товарниот лист?

Во товарниот лист, во начело, се наведуваат следните елементи:

1. место и дата на издавањето на товарниот лист,

2. место на поаѓање и упатно место,

3. име и полна адреса на испраќачот, превозникот и примачот на


стоката,

38
P a g e | 39

4.вид на стоката, тежина, број на пакети, начин на пакување и ознака


заради распознавање на стоката,

5. вредност на стоката, изност на трошоците,

6.износ на превознината, датум и место на плаќање и името на лицето


кое треба да ја плати превознината,

7. надворешна состојба на стоката и амбалажата,

8.придржни документи кон товарниот лист предадени од испраќачот на


воздушиот транспортер,

9. рок во кој треба да се изврши превозот и забелешка за превозниот


пат,

10. задолжителна забелешка дека превозот се врши според одредбите


од Варшавската конвенција и др.

16. Што означуваат пратките со подземање?

Пратките со подземање означуваат дека помеѓу превозникот и


испраќачот е постигната спогодба која го обврзува превозникот од
примачот да ги исплати износите кои се наведени во товарниот лист.

17. Што содржи авионскиот – стоков манифест?

Тој содржи целосен попис на стоката и опремата на авионот кој им се


дава на царинскиоте органи. На тој начин царинските органи го
контролираат превозот и се спречува можноста за криумчарење, бидејќи
тоа е должност на превозникот правилно да ги внесе сите податоци кои
се потребни за елосен увид на тој превоз од страна на царинските
органи.

18. Кои видови на меѓународен транспорт ги содржи Женевската


конвенција?

 Меѓународен транспорт со плаќање,


39
P a g e | 40

 Бесплатен меѓународен транспорт,

 Сукцесивен меѓународен транспорт,

 Комбиниран меѓународен транспорт,

 Меѓународен чартер транспорт.

19. Кои се одговорностите на воздушниот превозник?

Воздушниот превозник одговара за секоја штета која настанала во случај на


смрт, рани или било какви телесни повреди што ги предизвикал
воздухопловот или во текот на сите операции на товарење и истоварување.
Одговара за оштетување или губење на стоката или багажот, ако штетата
настанала за време на воздушниот превоз. Исто така одговара и за штета
која настанала поради задоцнување на превозот.

6 Тема: Меѓународен речен сообраќај

1. Што претставува речниот сообраќај?


Речниот сообраќај е многу стар превоз на стока,бидејќи се работи за
превоз по природни превозни патишта.Речниот превоз е можен само
на реки кои се пловни.Под поимот речен воден транспорт спаѓаат
сите видови транспортни патишта како што се: транспортот по пловни
реки,езерки транспорт и каналски транспорт.

2. Зошто речниот транспорт има посебна економска предност?

40
P a g e | 41

Речниот транспорт има посебна економска предност во тоа што тој е


најевтин копнен превоз на стока,многу поевтин од железничкиот и
друмскиот превоз.

3. Кои се видовите речен превоз?


-меѓународен превоз( се врши помеѓу две или повеќе земји)
-внатрешен превоз(оној што се врши во границите на една земја)
-речен превоз во слободна пловидба(кој има поголемо економско
значење,а многу е развиен во споредба со некои земји)
-речниот превоз за патници и багаж
-комбиниран превоз по река и море.

4. Објасни го речното пристаниште?

Секој речен транспорт мора да почне и заврши во речно


пристаниште.Речното пристаниште треба да биде снабдено со потребна
механизација ( за утовар и истовар), складиштен простор( отворен и
затворен), да има добри врски со копнените видови транспорт.

5. Од колку дела се состојат тарифите во речниот транспорт?


-Општи одредби кои содржат различни упатства при утовар-истовар
на стоката и сл.
-класификација на стоките- се групира на 10 тарифни класи.
-тарифни таблици-претставуваат преглед на тарифни ставки и
нивната големина зависи од тарифната класа во која стоката е
распоредена и од оддалеченоста на која стоката треба да се превезе.

41
P a g e | 42

-специјални тарифи,за превоз на опасни волуминозни и др различни стоки


како на пр. Киселини,запаливи предмети,жива стока и слично

42

You might also like