You are on page 1of 12

Европски универзитет - Скопје

Семинарска работа по предметот:


Voved vo pravoto

Тема:
Правна сила и правен акт

Студент: Ментор:
Атанасов Јордан Димитар Бајалџиев
Скопје, декември, 2005

С О Д Р Ж И Н А

страна
1. Поим за правен акт...............................................................................2
2. Видови правен акт................................................................................2
2.1. Видови општи правни акти (формални извори на правото) ....3
2.1.1. Устав............................................................................................4
2.1.2. Закон............................................................................................4
2.1.3. Подзаконски правни акти..........................................................6
2.1.3.1. Уредба……………………………………………………......6
2.1.3.2. Наредба………………………………………………………6
2.1.3.3. Правилник…………………………………………………....7
2.1.3.4. Упатство……………………………………………………...7
2.1.3.5. Одлука………………………………………………………..7
2.1.3.6. Указ…………………………………………………………...8
3. Поединечни правни акти…………………………………………….8
3.1. Видови поединечни правни акти……………………………….8
3.1.1. Управен акт…………………………………………………….9
3.1.2. Судски акт……………………………………………………...9
4. Правна сила на правниот акт……………………………………….10

1
1. Поим за правен акт

Правниот акт се јавува во правниот поредок како средство за


создавање и примена на правото. Со него се создаваат правните
норми–правото. Анализирајќи го правниот поредок ќе констатираме
дека постојат разновидни правни акти низ кои се исполнува правото.
Сите тие акти се поврзани и со одредени посебни постапки за нивно
донесување како и надлежност на различни видови државни органи.
Самото донесување на правните акти е утврдено со правото, поточно
донесувањето на правните акти е регулирано со самите акти што ги
донесуваат државните органи кои државата ги овластила за тоа. Во
повисокиот правен акт е регулирана постапката за донесување на
понискиот правен акт. Содржината на правниот акт ја сочинуваат
правните норми на актот, било да се работи за општ било за
поединечен правен акт.
Секако, најшироки овластувања во поглед на донесувањето на
правните акти имаат суверените органи на државата (собрание,
парламент итн.). Во донесувањето на правните акти овие органи се
ограничени само со уставот.

2. Видови правни акти

Во правниот поредок на една земја постојат разновидни правни


акти. Постојат поделби односно класификации на правните акти кои
тргнуваат од субјектот кој го донесува правниот акт, видот на
општествениот однос кој се регулира, каква е правната норма,
односно правните норми во актот.
Спред тоа кој субјект ги донесува правните акти ги делиме на
акти кои ги донесуваат државните органи, акти кои ги донесуваат
општествените организации и акти кои ги донесуваат правните лица.
Според видот на општествениот однос што го регулираат
правните акти, има акти кои регулираат казнено поправни, имотно
правни, семејно правни односи итн. Со оглед на тоа дали актот во
себе ги содржи диспозицијата и санкцијата или пак само еден од
овие елементи на правната норма се делат на: потполни и
непотполни кои содржат само еден елемент.
Секако најважна поделба на правните акти е онаа која ги дели на
општи акти (апстрактни), правни акти и поединечни правни акти.
Општите правни акти се оние кои содржат општа правна норма, а
поединечните се оние кои содржат поединечна правна норма. Во
општите правни акти на пример законот се изразува она што е
заедничко за многу поединечни случаи, а преку поединечните
правни акти – пример е решение, прасуда-тоа го конкретизираме во

2
конкретен поединечен случај. Со оглед на фактот дека поединечните
правни акти извираат од општите правни акти, последниве ги
нарекуваме уште и формални извори на правото. Во правнат наука
на овој термин му се даваат две значења. Едното значење се однесува
на т.н. материјални извори на правото и второто формални
извори на правото. Материјалниот поим не е врзан за правните акти
туку за општествените фактори и причини кои го создаваат правото.
Тоа се оние фактори и причини од кои извира правото, кои го
предизвикуваат и настанувањето на правото. Некои автори сметаат
дека материјалниот извор на правото е причината кој предизвикува
создавање на правото, други, дека тоа се оние општествени
фактори кои под дејство на таа причина, го создаваат правото. За
разлика од материјалниот извор на правото, сватен како основа од
која извира правото. Формалниот извор на правото е оној облик
односно форма во која се изразува правото. Во теоријата, најчесто
под формален извор на правото се сметаат општите правни акти кои
содржат општи правни норми од кои понатаму произлегуваат
поединечните (конкретните) правни норми.
Денес ниеден модерен правен поредок не може да се замисли
без формалните извори на правото односно општите правни акти. Во
оваа смисла секој развиен правен поредок, почнувајќи врз
формалните извори на правото односно општите правни акти, по
правило, овозможува правниот живот во него да се заснова и
остварува врз принципите на правната сигурност и еднаквост како
барање на секој современ цивилен демократски поредок.
Формалните извори на правото се изразуваат во следните
облици: устав, закон, подзаконски општи правни акти, акти на
општествените организации, недржавни општи акти, обичајот итн.

2.1. Видови општи правни акти (формални извори на


паравото)

Општите правни акти ги делиме на: устав, закони, подзаконски


правни акти на државните органи (уредба, наредба, правилник,
одлука и др.), акти на општествените организации, договори и др.

3
2.1.1. Устав

Уставот е најважниот и највисокиот општ правен акт во


системот на општите правни акти во една современа држава. Во
формална смисла, тоа е акт кој се донесува од страна на највисокиот
орган на државата во посебна постапка и во пишана форма.
Законодавниот орган го донесува уставот во посебна процедура,
различна од онаа во која се донесуваат законите.
Со уставот како најважен и највисок правен акт се утврдуваат
општествено-економското уредување на земјата (пред се прашањата
на сопственичките односи); организацијата на државната власт,
посебно функционирањето на највисоките органи во државата,
функционирањето на посебните органи на државата (судовите,
обвинителствата, армијата), лични права и слободи на граѓанинот и
друго.
Кај нас Уставот на Република Македонија содржи:
1) Основни слободи и права на човекот и граѓанинот
(граѓански и политички слободи и права; економски, социјални и
културни права; гаранција на основните слободи и права: основи на
економските односи);
2) Организацијата на државната власт (Собрание на Република
Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на
Репулика Македонија, Судство, Јавно обвинителство);
3) Уставен суд на Република Македонија;
4) Локална самоуправа;
5) Меѓународни односи;
6) Одбрана на републиката, воена и вонредна состојба.
Во теоријата среќаваме поделба на уставите на пишани и
непишани, тврди и меки. Пишаните устави се изразуваат во пишан
документ односно писмена форма. Непишаните устави, покрај тоа
што се изразуваат во пишани акти, се изразуваат и во обичаи и
практика или пак само во обичаи и практика. За тврдите устави е
карактеристично тоа што тие тешко се менуваат, а меките лесно се
менуваат.

2.1.2. Закон

Зконот е таков општ правен акт кој во хиеррархиска скала на


павните акти доаѓа веднаш по уставот. Него го донесува
законодавниот орган на државата ( Парламент, Собрание) во одреден
постапка.
Кога станува збор законот како поим станува збор за еден од
најповеќе употребуваните термини не само во правната наука туку

4
во секојдневниот живот. Законот денес во обичниот говор може
различно да се свати. Во правото разликуваме три главни значења на
овој збор. Понекогаш под називот “закон” се мисли на сите постојни
правни прописи во една држава. Во друг случај под “закон” се мисли
на некоја правна норма која е дадена во писмена форма, за разлика
од оние норми кои не постојат во писмена форма. Во трет случај, за
законот се говори прецизно, стручно како правник а не како лаик. Во
овој случај под закон се подразбира само оној пишан извор на
правото кој се нарекува закон, кој има најјака правна сила. Поаѓајќи
од тоа дали кај законот се гледа само формата или содржината
познати се два поима: законот во материјална смисла и закон во
формална смисла. Под закон во материјална смисла се подразбира
секој правен акт кој содржи општа правна норма. Закон во формална
смисла на зборот е секој оној акт кој го донесува законодавниот
орган во пишана форма.
Во законодавната постапка можеме да разликуваме неколку
главни фази: законодавна иницијатива, поднесување предлог,
претресување на законот, гласање, објавување и стапување во сила
на законот.
По правило предлог законот се подготвува во разни стручни
тела (Влада, Министерства, Комитети итн.). Предлог закон прво се
претресува во телата на законодавниот орган а потоа се претресува
на пленарна седница на законодавниот орган каде со гласање се
одлучува за донесувањето на законот. По изгласувањето на законот
истиот се објавува во службени весници. Законот стапува во сила,
вообичаено по протек на одредено време. Времето од објавувањето
до стапување во сила може да биде различно.
Уставот на Република Македонија, во член 71 превидува дека
право да предлага донесување на закон има секој пратеник во
Собранието, Владата на Република Македонија и најмалку 10.000
избирачи. Носители на иницијатива за донесување на закон до
овластените предлагачи може да даде секој граѓанин и здружение.
Постапката со која се донесуваат законите може да биде:
редовна, скратена и посебна.
Видови на закони. Според видот на општествените односи
можат да се поделат на оние во областа на казненото право,
граѓанското право итн. Според тоа како ги регулираат
општествените односи имаме т.н. исклучиви, потполни и општи
закони.
Кај нас Собранието на Република Македонија како законодавен
орган покрај законите за вршење на работите донесува одлуки,
декларации, резолуции, препораки, заклучоци итн.

5
2.1.3 Подзаконски правни акти

Подзаконските правни акти ги донесуваат исто така државни


органи но пониски од законодавниот орган. Тоа се извршните,
управните, судските, локаните претставнички тела. Доколку овие
акти содржат општи правни норми претставуваат извор на правото, а
доколку содржат поединечни правни норми се работи за поединечни
правни акти.
Доколку подзаконските правни акти му противречат на законот
тогаш тие се неважечки односно се противзаконски и се укинуваат.

2.1.3.1 Уредба

Уредбата е најзначаен подзконски општ правен акт за разлика


од законот како дел од законодавниот орган уредбата ја донесуваат
извршните или управните органи во државата (влада, министерски
совет). По правило се донесува на седница на владат и доколку е
потебно веднаш се применува.
Во првната теорија постојат различни критериуми за поделба
на уредбите. Ќе укажеме на онаа поделба кој уредбите ги дели на
уредби за извршување на зкон и уредби со законска сила. Првите
уредби се оние кои се донесуваат со цел за спроведување на зконот.
Другиоt вiд уредби – уредби со законот се донесуваат во случај на
нужда (ситуација на војна, мобилна ситуација, ситуација на големи
елементарни непогоди).
Спред Уставот на Република Македонија (член126) уредби со
законска сила донесува Владата. Овластувањето на Владата да
донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената
или вонредната сосотјба за што одлучува Собранието на Република
Македонија.

2.1.3.2. Наредба

Наредбата е општ подзаконски правен акт кој се донесува од


органите на државната управа односно ресорните министерства.
Наредбата се сфаќа како акт со која се наредува, заповеда одредено
поведение. Наредбата се упатува на неодреден број лица кои се
наоѓаат во одредена ситуација. Со наредбата не можат, за субјектите
на правото, да се востановуваат права и обврски кои не се засновани
врз закон.
Потребно е да се прави разлика помеѓу наредба како
подзаконски општ правен акт од наредба како поединечен правен акт
издаден во смисла на наредба, налог упатен на конкретно лице.

6
2.1.3.3. Правилник

Правилникот е подзаконски општ правен акт кој го донесуваат


органите на управата (министерства, секретаријати). Кај нас
правилниците се донесуваат за извршување и разработување на
законите.
Со правилниците може да се уредува внатрешната
организација, работењето и постапките во рамките на одреден
органи или служба, Кај нас овие акти ги донесуваат високите
управни функционери ( министри).

2.1.3.4. Упатство

Упатството го донесуваат управните органи. Упатството има


најниска правна сила бидејќи содржи норми од технички карактер.
Тоа не пропишува нови норми, туку го разработува само начинот на
примената на правните норми кои веќе се донесени. Како и кај
другите подзаконски правни акти и за упатството е потребно
претходно овластување за негово донесување, предвидено во закон
или друг општ акт.

2.1.3.5. Одлука

Општите правни акти кои најчесто се донесуваат на ниво на


општина како единица на локалната самоуправа се нарекуваат
одлуки.
Постапката на донесувањето на одлуката, како акт на
собранието е предвидена во правен акт повисок од неа (статутот).
Одлуките мора да бидат во согласност со статутот.
Одлуките како општи правни акти подлегнуваат на оценка на
уставноста и законитоста. Во теоријат се прави разлика помеѓу
“самостојни” и “дополнителни” одлуки. Првите се одлуки со кои се
потполнуваат т.н. правни празнини (законски). Вторите се оние
одлуки со кои се разработува одредена општа правна норма и истата
се приспособува на специјалните услови на општината како локална
самоуправна заедница.
Сите овие акти мора да бидат во согласност со уставот и
законите како и со актите на повисоките органи. Исто така овие акти
мора да се во согласност статутот и одлуките на собранието на
општината.

7
2.1.3.6. Указ

Указот е подзаконски акт кој го донесува шефот на државата.


По својата сила, по правило доаѓа веднаш под законот. Може да бида
општ или поединечен акт. Кај нас указот е акт кој го донесува
Претседателот на Република Македонија, во случај на поставување и
отповикување амбасадори и други дипломатско-конзуларни
претставници на Република Македонија во странство или во случај
на прогласување на закони кои ги донесува Собранието на
Република Македонија.
Указот за прогласување на законите го потпишуваат
Претседателот на републиката и Претседателот на Собранието.

3. Поединечни правни акти

Поединечните правни акти се оние акти кои содржат


поединечна правна норма. Основата, изворот на поединечните
(конкретни) правни акти се општите правни акти односно општите
правни норми.
Општите правни норми содржани во општите правни акти
немаат, со оглед на нивната општост, апстрктност, можност
можност да бидат непосредно применети. Ретки се случаите кога
општита правни норми можат да се применат непосредно.

3.1. Видови поединечни правни акти

Според тоа кој го донесува поединечниот правен акт овие акти


ги делиме на поединечни правни акти кои ги донесуваат државните
органи и поединечни правни акти кои ги донесуваат приватните
лица. Во првата група спаѓаат управните и судските поединечни
правни акти, а во втората – правните работи (правните дела).
Според содржината на правните норми поединечните правни
акти се делат на потполни и непотполни.
Поединечните правни акти по правило, се непотполни. Тие
содржат или само диспозиција или само санкција. Ретко ги содржат
и двата елементи. Потполни поединечни правни акти имаме тогаш
кога диспозицијата и санкцијата се диспозитивни. Во правната
практика потполните судски поединечни правни акти се почести за
разлика од потполните поединечни правни акти.
Судските акти се јавуваат почесто како потполни поединечни
правни акти, за разлика од управните.

8
3.1.1. Управен акт

Управниот акт е поединечен правен акт кој го донсува органот


на управата во вршење на својата дејност. Управниот акт можеме да
го дефинираме во формална и материјална смисла. Во формална
смисла управниот акт е таков поединечен правен акт кој го донесува
органот на управата во посебно утврдена постапка. Управен акт во
материјалан смисла е оној правен акт кој содржи, создава
поединечна правна норма.
Управен акт можат да донесат и законодавните и судските
органи. За разлика од судскта постапка која е побавна, посложена
итн. Управната постапка е поедноставна, побрза и поефикасна. Кај
органите на управата не се чека некој да го предизвика нивното
дејство, тие дејствуваат директно. На пример, доколку некое лице
помине преку улица каде е забрането, припадникот на полицијата
може на лице место директно да му изрече казна.
Поединечниот управен акт мора да биде во согласност со
општиот акт од кој произлегува. Во случај на противречност односно
незаконитост тој акт се поништува.

3.1.2. Судски акт

Судскиот акт како поединечен правен акт е оној акт кој го


донесува судот, решавајќи ги прашањата од своја надлежност.И
судскиот акт како и другите правни акти можеме да го дефинираме
во формална и материјална смисла.Во формална смисла судски акт е
секој оној поединечен правен акт кој го донесува судот по одредена
судска постапка. Во материјална смисла судски акт е секој
поединечен правен акт со кој се одредува санкцијата или утврдува
правен однос. Судскиот акт во материјала смисла секогаш е врзан за
прекршување на диспозицијата на правната норма.
Судската постапка за разлика од правната е многу
посложена, побавна и построга. Судскиот акт донесен во судска
постапка има за цел да реши одреден спор и да воспостави одредени
нормални односи кои се на одреден начин нарушени. За разлика од
управниот акт кој содржи диспозиција и кој може да се менува (иако
поминало одредено време) судскиот акт се карактеризира со
непроменливост, неотповикливост. Со судски акт се решава еден
спор за законитоста на нешто што се случило во минатото и поради
тоа кога еднаш конечно ќе се утврди, не смее повеќе да се менува,
бидејќи во спротивност би се довела во прашање правната сигурност
на субјектите на правото. Управниот акт може да се менува.
Судските акти најчесто се јавуваат во форма на пресуда.

9
4. Правна сила на правниот акт

Местото што правните акти го завземаат во правниот поредок


зависи од нивната правна сила. Правните акти со поголема правна
сила во хиерархијата на правниот поредок се наоѓаат на повисоко
место, се до највисокиот акт – уставот, кој се наоѓа на врвот на оваа
замислена пирамида. Над уставот нема друг посилен правен акт.
Најнискиот правен акт нема влијание врз ниеден друг правен акт и е
подложен на повисоките.
Значи, под правна сила подразбираме можност на
повисокиот правен акт да влијае врз понискиот правен акт.
Секој има точно определено место и определена правна сила
во хиерархијата на правните акти. Понискиот акт може да биде
укинат, изменет и на негово место може да се донесе нов правен акт
од страна на органот кој го донесува повисокиот правен акт.
Правната сила на правниот акт најмногу зависи од неговиот
облик (форма) во кој е донесен, од надлежноста на субјектот,
односно органот кој го донесува и постапката со која актот е
донесен.
Што се однесува до содржината на актот, таа сразмерно
помалку влијае во определувањето на правната сила на актот. Актот
кој што го донесува уставотворниот орган е со највисока правна
сила, актот кој го донесува законодавниот орган е со повисока
правна сила од актот кој што го донесува судскиот орган иако во
трите случаи станува збор за норми со иста содржина.
Од правната сила на правните акти се гледа, исто така,
законитоста на правниот поредок. Ако правните акти со помала сила
не им противречат на правните акти со поголема правна сила, туку се
во согласност, станува збор за законит правен поредок.
Меѓу поединечните правни акти не постои рангирање во однос
на нивната правна сила, како и кај матреијалните акти. Само во
определени случаи меѓу материјалните акти може да постои
определена поврзаност, на пример, при извршувањето на казната
затвор, но и во такви случаи тоа е определено со правни норми,
односно со правни акти.

10
Користена литература

1. Проф. Д-р Димитар Бајалџиев, Вовед во правото: право,


Куманово 1999, стр.256-258;

2. Проф. Д-р Димитар Бајалџиев, Асс. М-р Добринка Тасковска,


Проф. Д-р Миодраг Мицајков, Вовед во правото: учебник за
средно стручно образование и за полагање приемен испит на
Правниот факултет, 2 дополнето и изменето издание, Правен
факултет, Скопје 1999, стр. 193-221.

11

You might also like