You are on page 1of 12

Универзитет ,,Св.

Кирил и Методиј’’-Скопје
Педагошки факултет ,,Св.Климент Охридски’’-Скопје

СЕМИНАРСКА РАБОТА:

,,ЈОРДАН ХАЏИ
КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ’’

Изработил: Ментор:
Велкова Даниела 3737 Проф.д-р Новица Велјановски

Скопје,2005
Јордан Хаџи Константинов-Џинот 2

Содржина:

1. Просветата во Велес
2. Био-библиографска скица
3. Јордан Хаџи Константинов-Џинот како учител
4. Апсењето на Јордан Хаџи Константинов-Џинот
5. Смртта на Јордан Хаџи Константинов-Џинот
6. Заклучок за животот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот
7. Книжевното дело на Јордан Хаџи Константинов-Џинот
8. Првото книжевно дело на Јордан Хаџи Константинов-Џинот
9. Јордан Хаџи Константинов –Џинот како стихотворец
10.Јордан Хаџи Константинов-Џинот како драмски писател
11.Јордан Хаџи Константинов-Џинот како патеписец
12.Јордан Хаџи Константинов-Џинот како собирач на народни
умотворби
13.Библиотеката на Јордан Хаџи Константинов-Џинот
14.Заклучок за животот и делото на Јордан Хаџи
Константинов – Џинот
15.Користена литература

Велкова Даниела 3737 2


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 3

1.Просветата во Велес

За разлика од другите градови во Македонија, Велес, во текот


на XIX, особено во првата половина на XIX век, е град со население
што високо ја цени просветата на народен јазик и покажува жив
интерес воопшто за книгата на народен јазик печатена. Економски
јак, со широко развиена трговија внатре на Отоманската империја и
со важни трговски врски со соседните слободни земји и со
најважните европски земји, Велес и неговите граѓани бараа и
организираа во својот град разни школи и други просветни установи
(библиотеки), за ширење на просветата на народен јазик, за
воведување на современа научна настава. Синовите на
поиздигнатите Велешани оделе на школување во Србија, Грција,
Австрија, Германија, Романија, Русија... каде што се здобивале и со
факултетски образованија и, по враќањето дома, помагаат на
општото издигање на градот.

2.Био-библиографска скица

Во ваквиот Велес, при крајот на 1820 или почетокот на 1821


година, во маалото Прцорек, на левата страна на Вардар, роден е
ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ, познат по прекарот ЏИНОТ.
Инаку, Џинот често се потпишувал и како: Кочови Чинов Трајков.
Откако ги завршил ќелијните школи во Велес, татко му
Костадин-Кочо, којшто имал уште два сина и една ќерка, и многу
години бил клисар во црквата ,,Св.Спас’’, го испраќа 15-годишниот
Јордан во Самоков, за да го продолжи школувањето.
Во Самоков, Јордан Џинот останува одвај нешто над шест
месеци, па при крајот на 1835 година се враќа дома, во Велес.Истата
година учениљубивиот клисар Кочо, го испраќа својот син во Солун,
на понатамошно учење. Колку време останал Јордан во Солун не е
познато. Во секој случај престојот во Солун го искористил за добро
совладување на Грчки јазик и новиот школски метод, што ќе го
применува во школите каде што ќе предава.

3. Јордан Хаџи Константинов-Џинот како учител

Околу 1838 година Џинот е веќе учител во Велес и оттогаш


започнува неговата борба за воведување на народниот јазик по
школите. Неговото прво учителување не траело долго време, бидејќи

Велкова Даниела 3737 3


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 4

велешките чорбаџии заедно со владиката сториле се, да ја попречат


неговата дејност како учител. Бил наклеветен како фрамасон.
Заптиите вршат претрес ноќе во неговата куќа и му наредуваат да ја
затвори шлолата, ако не сака да биде уапсен. Наоѓајчи се во таква
ситуација Џинот е принуден да го напушти Велес и оди најпрво во
Солун, а потоа во Света Гора, па на островите Хиос и Патмос и
повторно се враќа дома за повторно да ги учи велечките деца.
Меѓутоа, неговите благородни намери не наидуваат на разбирање ни
кај новиот владика Теоклит. Подбуцнат од чорбаџиите, владиката
Теоклит му ја затвора чколата на Џинот и начиот учител повторно е
принуден да го напушти родниот град и да скита. Сега Џинот оди
во ,,Влашко и в Белград’’. Хронологијата на ова патување на Џинот
не е најсигурно прецизирана.
По враќањето во Велес одново се зафаќа со учителска работа,
но дојде друг владика Авксентија Болгарин, но илада пати полош од
другите, којшто вложил силни усилби за да ја оневозможи работата
на Македонската школа на Џинот. Во тоа време Џинот е поканет за
учител во Скопје и тој по трет пат мора да го напушти родноит град
и да оди за учител во Скопје, во 1848 година.
Цела една деценија Џинот ќе остане во Сопје, со некои
прекини, кога морал да го напушта својот град и да бара заштита од
Цариград и Белград. Неговата активност во унапредувањето на
просветата на народен јазик преку школите, одржувањето на
секојдневно проповеди, изведувањето на школски приредби,
основањето на ,,Славјанскиот дом’’, соработката во ,,Цариградскиот
веснок’’, одржувањето на живи врски со разни луѓе и установи во
Цариград, Србија и Русија, сето тоа непожелно се гледаше од
однародените чорбаџии и од скопскиот владика.
Наклеветен пред власта како руски шпион токму во времето на
Кримската војна во 1853 година, Џинот морал да го напушти Скопје
и да оди во велешкиот манастир ,,Св.Јован’’. Но и таму не може да
најде мир, бидејќи го прогонува велешкиот владика Авксентија.
По ова Џинот оди во Цариград за да побара помош кај рускиот
пратеник. Бидејќи таков во тој момент немало во Цариград, преку
австрискиот конзул Џинот доаѓа во Српското пратеништво, кај
српскиот капу - ќехаја Николаевиќ. Додека српскиот капу - ќехаја
размислувал дали да му помогне на Џинот, нашиот учител работел
во редакцијата на ,,Цариградски весник’’ во кој,инаку, често печател
свои трудови. На крајот српскиот капу-ќехаја интервернирал во
полза на Џинот и му овозможил да се врати во Скопје, во почетокот
на 1854 година.
Судирите со чорбаџиите и владиката продолжиле. Освен како
руски шпион, Џинот е обвинуван и како човек што ги буни

Велкова Даниела 3737 4


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 5

граѓаните против власта. Така тоа некаде траело до крајот на 1856


година.
Во тоа време тој стапува во врска со Белградското
читалиште ,,Друштво српске словености’’, Министерството за
просвета. Испраќа разни историски материјали: стари книжевно
историски споменици, нумизматички материјали, описи на области,
места и манастири, свои книжевни творби.
При крајот на 1856 година ситуацијата кај Џинот е толку лоша,
што е принуден да се крие по таваните и во почетокот на 1857
година тој мора да го напушти Скопје и да оди во Белград, за да бара
заштита.
По краткиот престој во Белград, Џинот се враќа во Скопје,
носејќи со себе препорака на скопскиот владика, но односите никако
не се подобрувале и судирите меѓу Џинот и владиката и чорбаџиите
се се почестил.
Во 1858 годинаЏинот оди уште еднаш во Белград, свршува
некои работи во Просветата и се враќа во Велес. Ја обиколува
Западна Македонија за да прибира стари книжевно-историски
споменици.
Во 1859 година некое време е во Велес, потоа извесно време
учител во Прилеп, за да се врати во почетокот на1860 година
повторно во Велес.

4.Апсењето на Јордан Хаџи Константинов-Џинот

Прогонуван од сите страни, клеветен како руски и српски


шпион, Џинот не можел мирно да работи во својот град. Наклеветен
од велешкиот и битолскиот владика пред великиот везир, Џинот
беше уапсен. Тој бил отеран во прогонство во Мала Азија.
На патот до определеното место на прогонство, Џинот
претрпил низа тешки искушенија, физички и душевни маки. Во
прогонство останал до крајот на октомври 1863 година. Откако
престојувал некое време во Цариград, се враќа во Велес, каде што ќе
остане како учител и како слободен човек до крајот на својот живот.
За тоа време тој ќе прави обиди да се поврзе со Друштво
српске словености. Во 1880 година во Белград испраќа една голема
пратка од стари книжевно-историски споменици за кои добива
знатна награда.
5.Смртта на Јордан Хаџи Константинов-Џинот

На 29 август 1882 година многунапатениот Јордан Хаџи


Константинов Џинот умира во Велес. Каде се наоѓал неговиот гроб

Велкова Даниела 3737 5


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 6

не е познато, но и денес пред црквата Св.Спас во Велес стои спомен-


плочата, што во 1883 година ја подига неговата сестра Марија-Маца
Џинова.

6.Заклучок за животот на Јордан Хаџи


Константинов-Џинот

Околу четери децении Јордан Хаџи Константинов-Џинот


неуморно работел на воведувањето на просвета на народен јазик по
разните школи во Македонија.Жив темперамент,борбен и бунтовник
Џинот за сето време на својата најактивна дејност доаѓал во судир-
редовно со сите владики и чорбаџии, со разни учители лекари и
други луѓе, што не го дале неговото мислење во поглед на потребата
за воведување народен јазик во школите, за добивање на народни
црковни старешини.
Заинтересиран за собирање на разновидни стари споменици:
книжевно-историски, археолошки и нумизматички, Џинот ја
прокрстува цела Македонија, го опишува народот, вредностите и
страдањата народни.
Начитан како ретко кој од нашите интелигентни од тоа време,
со модерни разбирања за животот,хигиената и односите меѓу луѓето,
Џинот по се отскокнувал од својата средина и од неа најчесто бил
лошо избиран.
За наша жалост досега не е познато дали некаде постои
портрет на Џинот. Но од описите на некои луѓе што го познавале и
што пишувале за него, се гледа дека тој бил човек со среден раст,
слабичок, со тенки правилни црти на лицето, со бледа чиста кожа.
Одел облечен со европска носија. Не пиел и не пушел, бил
вегетаријанец.
Постојано наоѓајќи се во борба, често принуден да го менува
седалиштето, често апсен и прогонуван, Џинот како да немал време
за лична среќа. Не е познато дали имал некои сентиментални врски.
Во секој случај умрел како неженет човек.

7.Книжевно дело на Јордан Хаџи Константинов-Џинот

Активен борец за просветното издигање на македонскиот


човек, покрај редовната практична учителска работа по школите и
честото патување по Македонија и надвор од неа, Џинот постојано и
вредно работел на книжевното поле. Макар што тој не оставил дела
од некоја особена книжевна вредност, книжевното наследство на

Велкова Даниела 3737 6


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 7

Џинот е знатно по својот обем, тоа е разновидно и си има и своја


несомнена книжевно-историска вредност.
Започнувајќи со работата на создавање на практични школски
текстови (,,таблици’’), преку пишување стихови, составување
драмски сцени, пишување патеписи, собирање и објавување народни
умотворби и народни обичаи, пишување трудови од областа на
јазикот и правописот, собирање лексички материјал, собирање и
објавување стари книжевно-историски споменици, составување
филозофски мисли, пројавување и на некои сликарски амбиции- со
сто ова Џинот претставува една вредност на нашиот народ од
времето на неговата преродба, кога не беше голем бројот на такви
вредни и борбени работници на народното дело.

8.Првото книжевно дело на Јордан Хаџи


Константинов-Џинот

Првото книжевно дело на Јордан Хаџи Константинов-Џинот е


неговата ,,Таблица перваја’’, еден практичен школски текст што бил
во употреба по школите. ,,Таблица перваја’’ на Џинот содржи
поголем број морализторско-дидактички мисли, напечатени во два
столпца на една страница од еден лист, ,,таблица’’, големина
44/32см. Не е утврдено каде е печатено ова дело. Некои
претпоставуваат дека е печатено во птвата македонска печатница на
Тоедосиј Синаитски во Солун, а има и мислења дека е печатена во
печатницата на даскал Камче во село Ваташа. Во секој случај
,,Таблица перваја’’ била во употреба веќе од 1845 година. Се смета
дека изворот со кој се служел Џинот при изработката на ова дело е
дедно дело на познатиот српски просветителски писател Доситеј
Обрадовиќ.

Таблица перваја

1. От бога бој се, от најголем цар и Господар и Судија.


2. Бегај от неправедно богатство, не се срамуј, говори
што е право.
3. Не суди по хат’р, ни сиромаха ни богата; на сиромаха
не се ругај: поможи му колку можеш: којто нема подај
му што можеш и не речи: чекај до изутрина.
4. Дигни го оног человека којто паднал, зашто сичките
можеме да паднеме.
5. На беднаго смилуј се: грешника поучуј, а не осуждај,
зашто сичките сме пред Бога грешни.

Велкова Даниела 3737 7


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 8

6. Чувај се од туѓа крв: ако носиш оружие, брани се с


него, а не убивај.
7. Верен биди на комшиите си: не им завидуј којто се
поголеми от тебе.
8. На лошите человеци да се не гнасиш но на нихните
лоши работи, и чувај се от них: кога ќе им биде нужда
поможи им.
9. Златољубецу кој то љуби злато, во веки е сиромах.
10.Обуздавај љутината, кога си срдит не говори ништо.
11.Не биди како хрслан во куќата ти, избеснет во
табието си.
12.Што сакаш да кажиш,секому не кажуј, зашто не
може да ти чува зборо.
13.Блага реч гвоздена порта отвора’; добра реч е драги
камен.
14.Славата и безчеста на человека от збород и от
јазикот отпаднуе.
15.Јазик садок умножуе пријатели, от враговите твои
иставај се а от пријателите си тврде добре чувај се.
16.Пријетел верен покров јак, пријател вечно е врач на
живота.
17.Лош человек от триста јучиња полош е, што ним ќе им
дадеш по едно залче хлеб, ќе се разберат,ама лошјо
человек не се разбира никак.
18.На слепио и сакатои лек се находи, но на непаметниј не
се находи, зашто слепио може да оди, а сакатои да му
кажуе јахајки п’то.
19.Ако бидеш себе лош, ами на Бога и народа како ќе
бидеш добр.
20.О брате, со сладост примај ги овие речи.

9.Јордан Хаџи Константинов-Џинот како


стихотворец

Јордан Џинот е еден од првите македонски стихотворци.


Макар што не бил којзнае колку поетски надарен, Џинот повремено,
во текот на две децении, пишувал стихови. Пишувани со одредена
намена, стихотворбите на Џинот доаѓале како резултат на неговите
потреби за морализирање, за искажување восхит за успесите на
шлолството, за искажување на некакви патриотски чувства.
Насловите на стихотворбите на Џинот се: Рај божји, Дионис
Вакхо, Труд ми е името, Аврора, Плач на скопското училиште. Ова

Велкова Даниела 3737 8


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 9

се песни на кои основниот тон им е дидактичен. Со патриотски


чувства се прелеани песните: Крај реката Вардар, Горка чаша књаз
Лазара последна тајна вечера.

10.Јордан Хаџи Константинов-Џинот како драмски


писател

Јордан Хаџи Константинов-Џинот е прв македонски драмски


писател. Неговите драмски творби претставуваат ситни драмски
сценки, обично дијалози - сите со морализаторско – дидактичка –
патриотска тенденција. Како такви тие му беа едно од средствата со
кои ги остваруваше своите намери: просветно-културно и
национално политички да го издигне својот народ.Организирајќи
школски претстави, Џинот имал можност и на овој начин-од сцената
како би се рекло- да ги поучува своите ученици, нивните родители и
останатите граѓани што присуствувале на изведувањето на
дијалошките сценки, како треба да се однесуваат во општеството,
како да живеат, да се трудољубиви и да ја сакаат својата татковина.
Со тие патриотски и дидактичко-морализаторски дијалошки сценки
Џинот мислеше да му помогне на својот народ, да го очеличи за
борбата што му претстоеше во освојувањето на политичките,
економските и просветно-културните позиции во родната земја со
коишто управуваа туѓинци.
Важноста на драмските обиди на Џинот е во тоа што тие се
изведувани во Скопје, во скопското училиште на Џинот. Во
изведбата учествувале учениците на Џинот.
Бројот на дијалошките сценки и драми на Џинот не е голем.
Џинот ги напишал следниве дијалошки сценки:
1. Минерва и девет музи и Остримеч се разговарајат ради
изгубена Болгарија;
2. Разговор или прави человек;
3. Училиште и учение;
4. Басна;
5. Србија шатаетсја в земељ своих;
6. Фиал Сократов-драма во три дејствија;
7. Дионисиј тиран,Дамон и Фидиас ради пријателство-
драма во едно дејство;
8. Една дијалошка сценка чиј наслов не се дава и за која не
се знае нешто попрецизно;
9. Превод на ,,Антигона’’ од Софокле.

Велкова Даниела 3737 9


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 10

Важноста на оваа работа на Џинот е во тоа што неговите


драмски обиди претставуваат почеток на драмското творештво кај
нас пичувано на македонски јазик.

11.Јордан Хаџи Константинов-Џинот како


патеписец

Јордан Џинот многу патувал по Македонија.Тој при неговите


патувања ги опишувал градовите, селата, областите и манастирите
на Македонија. Патеписите на Јордан се први патеписи во
македонската книжевност. Полни со статистички податоци за
населението, со описи на народниот живот и обичаите, со разни
книжевно-историски, археолошки и други старини, со сликање на
бедата и страдањата на народот, патеписните слики на Џинот
претставуваат драгоцен материјал за запознавање со македонската
стварност во односното време.

12.Јордан Хаџи Константинова-Џинот како


собирач на народни умотворби

Јордан Џинот се занимавал и со собирање на народни


умотворби. Колку и какви се народни умотворби собирал Џинот,
уште не е сигурно познато. Но некои материјали се објавени, како
народни песни, пословици. Џинот покажувал интерес и за собирање
на лексички материјали. Тој се темелел да создаде еден
повеќејазичен речник. Џинот се занимавал и со прашања од областа
на јазикот и правописот.

13.Библиотеката на Јордан Хаџи Константинов-Џинот

Македонскиот преродбеник Јордан Хаџи Константинов-Џинот


е еден несомнено многу значаен лик во галеријата на мекедонските
преродбенски трудбеници. Тој е типичен преродбенски борец:
распален учител, плоден и разноврстен-но не и многу талентиран-
писател,поет,драмски работник,патописец, новинар, човек со научни
претензии.
Јордан Џинот има и создадено и своја библиотека. Книгите од
библиотеката претставуваат не мал интерес како за дополнување на
податоците од литературната дејност на овој виден македонски
возродител, така и за определување на културното и просветното
состојание на Велес во епохата на културната преродба во
Македонија.

Велкова Даниела 3737 10


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 11

Со создавањето на својата лична библиотека Џинот почнал


уште како млад човек, во 1840 година. Во текот околу четериесет
години од прилика, во библиотеката на Џинот нашле место за
постојано или некои само привремено, на некои десетици драгоцени
книжевно историски споменици, разни ракописи, и над ститици
разни книги на скоро сите словенски и други европски јазици.

14.Заклучок за животот и делото на Јордан Хаџи


Константинов-Џинот

Пред нас ни е претставен лик на вистински македонски


борбеник за доброто на својот народ и за својата земја. Низ
своето патешествие Џинот успеал да ни ја долови вистинската
атмосфера на времето во кое тој живеел.
Неговиот живот иако суров и огорчен, богат со прогонства,
сепак зад себе претставува бесмртен живот, живот кој засекогаш
ќе биде запечатен во македонската историја на македонските
преродбеници.
Јордан Хаџи Константинов познат како Џинот ни неговиот
напатен живот го среќаваме во многу различи изданија, а сепак
корисни за мекедонскиот народ. Него го среќеваме како учител,
вистинска титула на божји дар за просвета на Македонецот;
патувајќи низ минатото ќе го сретнеме и како творец на
дидактичко-морализаторски дела; го среќаваме и како драмски
писател и писател на кратји дијалошки сценки; Џинот зад себе
оставил и преубави патеписи кои зборуваат за убавините на
неговата земја; можеме да го сретнеме и како поет; но и како
собирач на народни умотворби.
Со сето свое дело и живот Јордан Хаџи Константинов-
Џинот претставува незаменлива човечка фигура во македонската
книжевно историска арија.
Со неговото дело и живот можеме да сведочиме за
моментите на разните историски и книжевни вредности што се
својствени за тоа време.
Мораме да напоменеме дека изгубивме вистински
македонски просветител и творец на вистински ретките
македонско книжевни дела. Затоа треба да го зачуваме и она што
ни е останато за спомен од нашата македонска историја.

Велкова Даниела 3737 11


Јордан Хаџи Константинов-Џинот 12

Користена литература:

 ,,Избрани дела – Во екот на народното будење’’ –


Харалампие Поленаковиќ (Македонска книга 1989) –
Јордан Хаџи Константинов – Џинот
 ,,Јордан Хаџи Константонов – Џинот – Избрани
страници’’ – Блаже Конески (Матица Македонска
1987)
 ,,Аналитички студии и опсервации за литературата
за деца’’ – проф.д-р Мито Спасовски (Студенстски
збор 2004)

Велкова Даниела 3737 12

You might also like