You are on page 1of 11

Универзитет „Свети Кирил и Методиј“

Правен факултет – Скопје

Предмет:
Современа историја на Европа и Македонија

Тема:
Конгреси на ТМОРО

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р.Владо Поповски Петрушев Стојанче

Бр. Индекс 1179

Јануари 2006 година


Вовед

Со средбата на 23 октомври во Солун, на која се сретнале


неколку интелектуалци и патриоти од Македонија во куќата на
кукушанецот Иван Хаџи Николов меѓу кои биле и Даме Груев, Петар
Поп Арсов, Христо Татарчев, Антон Димитров и Христо Ботанџиев се
удрени темелите на Македонската револуционерна организација.
Несомнено се удрени темелите на една од најсветлите организации во
македонската историја која претставува последица на селските буни и
востанија кои во поединечни и изолирани места се случуваат до првата
половина на 19 век. Оваа организација иако многу покасно за разлика
од соседните држави и народи ќе се обиде да го организира
македонскиот народ и интелигенција во борбата против турската власт
и ќе се обиде во нив да ја вткае националната свест за слободата и своја
држава кај македонскиот народ. Сето ова ќе оди многу тешко бидејќи
уште од самиот почеток во организацијата ќе се создаде суштинска
поделба на левица и десница, над која пак огромно влијание ќе има
бугарската пропаганда, која од самиот почеток ќе се обидува да ја
разнебити организацијата и да ја поврзе со големобугарските интереси
на дворот во Софија. Овој судир несомнено ќе има огромно влијание
врз работата и целокупноста на револуционерната организација што
посебно ќе се одрази пред и за време на Илинденското востание.

1
Солунски конгрес-1896 година

Во 1896 година во Солун се одржал конгрес на организацијата на


која присуствувале 16 луѓе меѓу кои Пере Тошев, Иван Хаџи Николов,
Даме Груев, Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов и др.
Развитокот на Организацијата и прашањето за нејзиното омасовување
биле главни причини за свикување на овој конгрес. На овој конгрес
биле изградени основните принципи за натамошниот развој, како и
програмските задачи на организацијата. На овој конгрес Гоце Делчев и
Ѓорче Петров биле задолжени да го и го изработиле Уставот на
Организацијата, кој претставувал мошне битен и значаен документ, со
кој не само што се дефинира Организацијата, која претставува мошне
битен и значаен документ, со кој не само што се дефинира
Организацијата, туку и се отцртува нејзиниот политички профил-
демократски и граѓански.
Уставот на ТМОРО како основна цел на Организацијата ја прогласува
полната политичка автономност на Македонија. Создавачите на
уставот Гоце Делчев и Ѓорче Петров биле свесни дека вистинската
автономија, социјална, политичка, економска Македонија ќе може да ја
добие ако се потпира на сопствени сили, а не да очекува и да се
потпира на интервенција на некоја странска сила. Ако тоа би се
случило тогаш Македонија би била обичен протекторат, а не држава.
Од првите два члена на уставот на ТМОРО донесен на Солунскиот
конгрес се гледа дека Организацијата се прокламира како внатрешна со
цел да му покаже на Врховниот комитет во Софија, дека таа е
Организација со полна самостојност и независност во границите на
Македонија. Граѓанско демократскиот концепт на Организацијата се
потврдува во нејзиниот Устав, каде се нагласува каде член на ТМОРО
може да биде секој Македонец и Одринец, без разлика на верство и
народна припадност, единствено треба да биде чесен и лојален и треба
да се заложува за револуционерното ослободително дело. Со
сплотувањето на сите незадоволни елементи, без оглед на
националната припадност што е во основата на уставот се гледаат
прогресивните идеали на Организацијата кој во тоа време во целиот
свет постоеле само во теоријата на социолозите и филозофите. Исто
така на овој конгрес се случува и организациско трансформирање на
ТМОРО. Македонија била поделена на 6 револуционерни окрузи-
Солунски, Битолски, Скопски, Штипски, Струмички, Серски и надвор
од Македонија, Одрински. Подоцна овие окрузи се свеле на 5:
Солунски, Скопски, Битолски, Серски, Струмички и Одрински.

2
Окрузите имале неколку околии, а за седиште на Централниот комитет
бил избран Солун. Според Правилникот на ТМОРО донесен на
конгресот во Солун 1896 организацијата започнала да воспоставува
паралелна судска власт во рамките на Турција и формирала своја
полиција, која, според Правилникот на ТМОРО донесен на Солунскиот
конгрес во 1896 година, имала 2 гранки: истражно и казнено одделение.
Ваквото структурирање на револуционерната власт под
покровителство на ТМОРО, не само што претставува чекор во
изградувањето на државно- правниот субјективитет на Македонија,
туку го искажува и стремежот на Организацијата да го заштити својот
народ од курумпираната неправедлива и осветољубива судска власт.
Со овој конгрес се удрени цврсти темели на Организацијата за нејно
понатамошно делување.

Вториот Солунски конгрес- 1903 година

Благодарејки на напорите на Иван Гарванов и десното крило на


Организацијата на 2,3,4 јануари 1903 година во Солун се одржа конгрес
на ТМОРО на кој била донесена одлука за кревање на востание. На
Конгресот учевствувале: Иван Гарванов, Спас Мартинов, Димитар
Мирчев, Лазар Димитров, Тодор Пејков, Иван Сапунаров, Велко
Думев, Никола Петров, Христо Влахов, Никола Крлев, Димитар
Занешев, Анастас Лозанчев, Димитар Ганчев, Иван Ингилизов, Георги
Варналиев, Тодор Лазаров и Христо Поп Коцев. На овој конгрес
Гарванов успеал да не присуствуваат Гоце Делчев, Ѓорче Петров и
Пере Тошев кои несомнено со својот авторитет би придонеле
Солунскиот конгрес да не ја донесе одлуката за кревање на
предвремено востание. Учесниците на конгресот не ги претставувале
рамномерно сите окрузи на Револуционерната организација. На тој
начин, конгресот не бил комплетен и според тоа, во таков состав не
можел да донесува крупни решенија без согласност на сите
револуционерни комитети. Што се однесува до застапеноста на сите
краишта на Македонија на Солунскиот конгрес имало случаеви каде
имало претставници на реони наместо на цели окрузи. Така на пр.
Битола, Одрин и Серес имале по еден делегат.
На самиот конгрес се одразиле несогласувањата околу
подигањето на востанието. Противниците на востанието што би се
кренало во 1903 година сметале дека револуционерните окрузи не се
доволно подготвени со оружје и со раководен кадар и дека моментот

3
уште не е погоден. За кревање востание најмногу инсистирал Иван
Гарванов кој меѓу другото говорел дека во случај на востание можело
со сигурност да се смета на помош од Бугарија. Гарванов успеал да ѓи
убеди повеќето од делегатите со што одлуката на востание била
донесена. Што се однесува до карактерот на востанието се прифатил
предлогот тоа да биде општо стратешко.
Одлуката да се крене востание во Македонија во 1903 година
наполно било осудено и наишло на несогласување од страна на левото
крило на ТМОРО. Така на пр. Јане Сандански откако ја чул веста
занемел и паднал на земја неверувајќи во тоа што било донесено на
конгресот. Исто така Ѓорче Петров околу оваа одлука рекол дека ако се
прогласи ова востание ќе се сруши идејата за сенародно востание за
долго време, зошто ќе се кренат само неколку околии.

Смилевски конгрес

По одлуките на Солунскиот конгрес на ТМОРО за одржување


конгреси на револуционерните окрузи на кои требало да се донесе
дефинитивна одлука за кревање на востание. Во Смилево од 2-7 мај
бил одржан конгресот на Битолскиот револуционерен округ, кој според
одлуките што ги донел претставува значајна етапа во подготовките на
Илинденското востание.
На конгресот присуствувале Даме Груев кој бил претставник на
Централниот Комитет од Солун, Атанас Лозанчев, Георги Поп Ристов,
Георги Пешков, кои биле претставници т.е. делегати на Битолскиот
окружен комитет, Ѓорѓи Сугаре, Парашкев Цветков, Никола Петров
Русински, како делегати од битолскиот реон, Васил Чоколаров и Пандо
Калашев, како делегати од костурскиот реон, Г. Папанчев, Михаил
Чеков, од леринскиот реон, Славејко Арсов, Никола Кокарев, Велјан
Илиев, Александар Панајотов, како делегати од ресенскиот реон, коко
и Борис Сарафов и Димитар Делчев. Во текот на конгресот
пристигнале и Никола Карев, Ордан Пиперката, Христо Узунов, Томе
Николов и др.
Смиленскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според
решениата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди
одлуката за кревање на востание. Во таа насока и се развила остра
дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за

4
сенароден бунт, сеуште не се созреани. Несогласувањата биле
преќинати од Даме Груев, кој како основач на ТМОРО, уживал кај
делегатите огромен авторитет и углед. Тој истакнал дека не треба да се
губи време дали ќе има востание или не, бидејки тоа било решено на
самото востание.
Во записникот стои дека на првиот ден се разговарало за:
1. Расподелбата на војничките и моралните сили;
2. Подготвување до и за време на востанието;
3. Должностите и правата на началничкиот персонал до и за време
на востанието;
4. Што да се прави со невооружените и неспособните луѓе за време
на востанието;
5. Кој е стопан на оружјето;
6. Рамномерно распоредување на оружјето;
7. Определување на времето за востание.

Највисокиот носител на востаничката власт во округот бил


Главниот штаб, во кој биле избрани Даме Груев, Борис Сарафов и
Атанас Лозанчев. Било решено да се формираат специјални
подготвителни курсеви во неколку пунктови каде за кратко време ќе
можат да се обучат на воени вештини идните борци. Во реоните се
предвидувало формирање чети од 30-50 души.
Вториот ден било дискутирано за прашања околу сопственоста
на оружјето, за неговата распределба и набавување. Исто така бил
прифатен и дел од Уставот.
Третиот ден се расправало за составот на реонските раководни
тела, какои за начинот на водење на востанието и што да се правело со
невооружените и неспособни за востанието. Што се однесува до
раководните тела тие имале 3-5 члена и биле конституирани со општа
согласност.
Во однос на стратегијата и начинот на водење на Востанието,
било решено тоа да биде општо, односно да се кренат сите окрузи, а да
се водела партизанска борба бидејки само еден дел од населението бил
вооружен. Четите требале да ги прекинуваат патните, телеграфските и
поштенските врски, да ги напаѓаат државните згради, да ги бранат
христијаните и другото население што ќе било напаѓано од турската
војска.
Исто така на последниот ден бил прифатен и Уставот и било
решено Главниот штаб да го опредеи денот на Востанието.
Востаничкиот дисциплински устав е еден од оние документи кои се

5
инкорпорирани во континуираниот развиток на идејата за македонска
држава.
Дисциплинскиот устав го определувал Главниот штаб како
врховно раководно тело на Востанието. Тој е орган што требало да
раководи со востанието и сите вооружени единици стоеле под негово
заповедништво. Генералниот штаб за својата работа одговарал пред
Конгресот, што произлегува од принципот на одговорност на сите
органи на ТМОРО и ја наоѓа својата основа во Уставот на ТМОРО од
1896 година.
Уставот го регулирало судството односно постапката при
изречување казни. Востаничкиот дисциплински устав не ги
санкционирал сите одредби за идното устројство на македонската
држава. Тој тоа не го ни истакнува, оти тој бил дело на делегатите од
окружен конгрес на ТМОРО, а не на општ конгрес кој единствено е
овластен да ги разгледува и да решава по прашањата што се од значење
за целата територија на Организацијата на која се протега нејзиниот
суверенитет. И затоа Востаничкиот устав ги дава само основите на
новата организација на револуционерната власт на еден дел од
територијата, односно во овој случај на територијата на Битолскиот
револуционерен округ.

Рилски конгрес на ТМОРО

По Илинденското востание, Организацијата се нашла во многу


тешка положба, која се влошувала со се поголемото хетерогенизирање
на ТМОРО. Со тоа се наметнала потребата од консолидирање на
организацијата. За таа цел се одржале конгреси во сите окрузи, кои
конгреси требало да помогнат да се структурира новата платформа на
организацијата. По одржувањето на овие конгреси, делегатите на
окрузите се собрале на советување во Софија, каде што паднала
одлуката да се одржи конгрес во Рилскиот манастир.
Конгресот се одржал во почетокот на октомври 1905 година, на
него присуствувале 22 делегати од сите окрузи. На конгресот се
зборувало за изминатите активности, била разгледана актуелната
состојба и се поставило прашањето за натамошната активност. Исто
така станало збор и за организациската поставеност на ТМОРО,
прашање кое предизвикало најмногу несогласувања. Дискусиите
резултирале со нов Правилник и Устав на Организацијата. Во
Централниот комитет влегле Даме Груев, Пере Тошев и Т.П. Антов, во

6
задграничното претставништво биле назначени Ѓорче Петров, Димитар
Стефанов и Петар Поп Арсов. На конгресот се расправало и за туѓите
пропаганди во Македонија, како и за бугарскиот државен
национализам и врховистите. За тоа биле издадени посебни документи
во кои се осудувала ваквата улога на Бугарија. Конгресот донел став
против вооружените акции под надворешни влијанија, со што
Организацијата се наметнала како единствен легитимен претставник на
македонскиот народ, со суверена и самостојна политика. Несомнено
меѓу најважните документи на Рилскиот конгрес спаѓаат Уставот и
Правилникот на организацијата. Исто така на овој конгрес ТМОРО се
преименува во ВМОРО.
Во првиот член на новиот Устав на ВМОРО се вели дека целта на
ВМОРО е да ги сплоти во една целина сите незадоволни елементи во
Македонија и Одринско, без разлика на народност. Во вториот член на
Уставот ВМОРО се декларира дека е против стремежите за делба и
завладување со Македонија и Одринско од која и да е странска држава.
На конгресот Организацијата го прогласува и суверинитетот врз
територијата на Македонија. Тргнувјки од стојалиштето дека
суверинитетот на ВМОРО се протегала на целата територија на
Македонија, Организацијата прокламира дека ќе водела борба против
туѓите пропаганди. Таа му се обраќа и на Врховниот комитет при што
го предупредила дека ќе ги гони сите негови членови на македонска
територија и ја условиле оваа организација како сепаратистичка и било
препорачано да се растури.
Решенијата на Рилскиот конгрес, иако набрзо блокирани од
десното крило на ВМОРО, сепак претставуваат етапа во развојот на
борбата на македонскиот народ за своја национална слобода и
државност. Конгресот ги потврдил стремежите на организацијата за
сопствена самобитност и суверенитет на организацијата на целата
територија на Македонија како и стремежот за демократизирање на
ВМОРО.

Ќустендилски конгрес- 1907 година

Инсистирањето на врховистите да се изврши ревизија на


Рилскиот конгрес на ВМОРО и да се преземат раководните места во
сите окружни и револуционерни комитети на ВМОРО, резултирале со
одржување на конгрес на врховистите во Ќустендил 1907 година. Тие
успеале да обезбедат мнозинства бидејки однапред било исклучено

7
присуството на делегатите од оние окружни револуционерни комитети,
кои биле носители на независноста на националноослободителното
движење. На конгресот било извршено потполна ревизија на одлуките
донесени на Рилскиот конгрес, така што бил разбиен целокупниот
апарат на органите и интитуциите на Организацијата, создавајќи место
нив т.н. нелегални тела, кои требале непосредно да раководат со
движењето од Софија. Било предвидено строга централизација, така
што ЦК на ВМРО бил областен да ги именува членовите на окружните
комитети, како и тие на околинските, што било сосема спротивно на
изборниот принцип спроведен во одлуките на Рилскиот конгрес. Од
судбоносно значење била одредбата на Конгресот во која била
предвидена процедура во врска со донесување одлука за подигнување
на востание. Ќустендилскиот конгрес спротивно на одредбата на
Рилскиот конгрес, предвидува дека централниот комитет на ВМРО има
неограничено полномошно да донесува одлука по прашања за
подигнување на востание.
Во тој дух извршени се длабоки промени и во другите тела и
институции на Организацијата. Така вонграничното претставништво не
било повеќе во улога на претставничко тело кое се јавувало како
легитимен претставник на движењето во преговори со странски
државни претставници. Тоа било сведено исклучиво да има право да
собира доброволни прилози и да врши популаризирање на донесените
одлуки на Конгресот. И составот на ЦК на ВМРО бил поставен така
што ја загубил секоја улога на централен орган на целокупната
организациона структура. Во него имало 3 нелегални членови и 3
легални што ги именувал самиот ЦК, и тоа на неопределено време.
Посебно биле одложени на ревизија оние одлуки донесени на Рилскиот
конгрес кој го означувале правецот на изградување на македонската
државност во процесот на револуционерното преземање на власта во
борбата против туѓинската власт.
Овие одлуки донесени на Ќустендилскиот конгрес биле остро
осудени од страна на левицата на ВМРО. Се ова придонело да се
прошири диференцирањето помеѓу левицата и врховистите во самата
земја да отпочнат вооружени пресметки помеѓу едните и друѓите. Во
меѓувреме дошло и до меѓусебни пресметки преку индивидуални
убиства и атентати. Во такви услови се повеќе било присутно
разбивањето на штотуку стекнатото единство во раководството на
ВМРО.
Во таквата меѓусебна оружена борба внатре во самата
Организација, во Македонија се повеќе се засилува и оружената

8
четничка акција на туѓите пропаганди, инспирирани и раководени од
страна на соседните влади.
Се на се одлуките на Ќустендилскиот конгрес во секој случај
придонеле кон огромно ослабување на организацијата посебно од
страна на бугарскиот елемент и на Бугарската држава кои биле длабоко
навлезени во организацијата.

Заклучок:

Македонскиот синдром на самоуништување го гледаме и во


нашата најсвета организација (ТМОРО-ВМОРО). Синдромот на
предавство и издајништво не ја одмина и организацијата која цело
време се бореше за ослободување на македонскиот народ и македонска
држава. Уште од самиот почеток се гледа дека поделбата на левица и
десница на која несомнено огромно влијание имаше ВМК и Бугарскиот
двор преку него, од темел ја потресуваа организацијата. Тие преку
вршењето притисок за предвремено кревање на Илинденското востание
го уништија концептот кој левицата го имаше за организација,
обучување, образование на македонскиот народ за подигање на
неговата национална свест која би овозможила македонскиот народ да
ја свати суштината на едно сенародно востание кое би се кренало низ
целата територија на Македонија, а не на локално или регионално ниво.
Со тоа ќе било овозможено масовен отпор кој би се пружил врз
турската власт и би бил спроведен од страна на сопствена воена сила
без помош и интервенција на која било соседна држава на Македонија.
Десното крило имаше многу поспротивен став од левицата и својата
коннцепција ја темелеше врз идејата за ослободување на Македонија со
помош на Бугарија, при кое ослободување Македонија требаше да
потпадне под власт на Бугарија која беше водена од идејата дека
Македонија треба да биде во составот на Бугарија бидејки тоа според
нив било од секогаш Бугарско, а народот го сметаа за бугари.
Но и покрај тоа ВМОРО или ТМОРО секогаш ќе претставува симболот
и златната нишка во борбата на македонскиот народ низ долг
временски период за слобода и сопствена држава. Целите на оваа
организација деумно ќе се исполнат со одлуките од Првото заседание
на АСНОМ и со референдумот за независност одржан 08 09 1991
година.

9
Користена литература

„Вчера и денес Македонија“ – Јован Павловски, Мишел Павловски


„ВМРО и македонската државност“ – Александар Т. Христов

Содржина:
1. Вовед
2. Солунски конгрес - 1896
3. Втор Солунски конгрес – 1903
4. Смилевски конгрес – 1903
5. Рилски конгрес – 1905
6. Ќустендилски конгрес – 1907
7. Заклучок
8. Користена литература

10

You might also like