You are on page 1of 5

UNIVERZITET SV.

"KIRIL I METODIJ"-SKOPJE

FILOZOFSKI FAKULTET

Institut za socijalna rabota i socijalna politika

E S E J

PREDMET:SOCIJALNA PEDAGOGIJA I ANDRAGOGIJA

TEMA:SEKSUALNOTO VOSPITANIE VO VOSPITNO-


OBRAZOVNIOT PROCES

Mentor: Izrabotil:
Prof.D-r Divna Lakinska Radica Popova
Br.indeks 19781

SKOPJE, 2005
Љубовта на учениците во пубертетот и по неговото
завршување се целосно издифецирани и за сите подеднакво
прифатливи, од проста причина што ученичката љубов никогаш не
била објект на проучување. Напротив, била забранувана и како
безначајна и штетна појава.
Прашањето за потребата од научен и педагошки пристап кон
сексуалното воспитување, посебно во пубертетот, кога љубовта се
јавува како манифестација на половиот нагон, уште посилно се
наметнува pоради лошото влијание на шунд литературата и
порнографијата.
Времето кога љубовните манифестации кај учениците се
казнувале е минато и постепено паѓа во заборав. Но тоа не значи
дека љубовта кај учениците е целосно легаризирана и прифатена од
средината во која жиvеат и работат. Денеска ретко може да се најде
училиште во кое што некој ученик или ученичка се казнети заради
тоа што воделе љубов.
Денес е непријатно да се зборува за не{то минато кога во
училиштата воспитниот кадар инквизиторски се однесувал спрема
учениците кои ги зафатил некој љубовен бран. Досегашната
практика покажува дека љубовните проблеми на учениците, поради
религиозни, патријархални предрасуди и сфаќања, меѓу
наставниците никогаш не била предмет на дискусија.
Наставно воспитниот кадар како да сфати дека учениците
навистина се наоѓаат во многу тешка состојба во процесот на
созревањето и градењето став спрема другиот пол, зашто се
изложени на лошото влијание на порнографските списанија и шунд
литературата. Тој период на сознавање како пол со поизразено
интересирање за запознвање на спротивниот пол и сите меѓу полови
односи го користат разни шпекуланти за да дојдат до лесни,
збогатувања, притоа не водејќи сметка за последиците кај младите.
Која е таа стручна екипа и од какви стручни профили е составена
кој им допуштила на некои списанија да вршат сексуално
просветување на младите, кога знаеме дека ни до ден денеска не е
потврдено како треба да се изведува сексуалното воспитување, ако
се води сметка за возраста и динамиката при созревањето? Сето она
што е напишано досега повеќе е од медицински аспект, а помалку од
педагошки ине може да се изнесува пред младите на каков било
начин. Не може еден лекар или новинар да наметнува никаков вид
воспитување, независно од тоа колку добро ја познавасвојата работа,
а никогаш не бил вклучен во наставно воспитниот процес и не ги
познава дидактичко педагошките принципи.
По четириесет годini oд започнувањето на квазисексуалната
револуција, придружена со тотално неконтролирано однесување на
младите во пубертетот и во адолесценцијата од едукација на
посебни стручни кадри, сексолози и воведување предмет општа
сексологија во основните и во средните училишта за сексуална
заштита и правилно насочување на младите генерации.
Најголема опасност за младите во нивното полово созревање е
што од најрана возраст им е овожможено да читаат и да гледаат
филмови за односите меѓу двата пола, а кој што немаат ништо
заедничко со правилното сексуално воспитување. Треба да ни биде
јасно дека децата на дванаесет до осумнаесетгодишна возраст ни
одалеку не гледаат на сексуалноста како оние на триесет години.
Затоа воспитувањето бара посебен пристап, што зависи од возраста
и од природата на личноста.
Дали може некој да си претпостави како се одразува сета
збриштина што ја нуди едно ревиско списание без претходно
одмерување на педагошката, психолошката вредност. Дали некој
сепак прашал, какви се последици може да има гледањето сексуален
акт на малиот екран кај девојките кои штотоку се почуствувале како
пол и кај нив се појавил првото интересирање кон спротивниот пол.
Многу девојки кои имаат истакнати, добри белези на телото, за
машките не претставуваат никаква привлечна сила, ниту гравитација
за долга и среќна љубов ако знаат како тие се површни, брзоплети и
слободни. Со таквите девојки момчињата би стапиле во однос, на
минување, но во никој случај со сериозни цели и за подолго време.
Затоа една девојка која има помали гради, средно развиени нозе, со
привлечни црти на главата но со примерно, искрено и објективно
однесување, за машките претставува најголема среќа и гаранција за
брак. Токму тука пропаѓаат многу женски духови кои своите делови
од телото ги идентификуваат со оние од фотосите во ревиските
списанија. Убавината само ги измамува, заведува и занесува дека со
неа ќе можат да бидат среќни во животот. Набргу се убедуваат дека
голата убавина, посебно во денешно време, не претставува никаква
гаранција во љубовта и во бракот, ако недостигат и другите човечки
квалитети.
Не треба многу да се објаснува за да се може секој да сфати какво
мислење имаат нашите момчиња за оние девојки кои ја продаваат
убавината на делови од своето тело преку фотографии во ревиските
списанија. Кога сме кај фотографиите со разголено женско тело,
сакам да обрнам внимание на уште еден момент за кој кај нас не се
води доволно грижа или свесно се премолчува поради матерiјалниот
интерес. Имено,фотографиите и моделите уште
одамна имаат свое место и значење во наставата бидејќи
придонесуваат за подобро разбирање и запознавање на предадената
материја. Фотографијата или цртежот многу повеќе го привлекуваат
вниманието на ученикот посебно ако се во бои, отколку вербалната
настава. Меѓутоа, голото тело на мажот или на жената во природа
или на фотографија буди посебно интересирање кај младите кои се
во фаза на полово созревање. Тој природен стремеж се јавува со
мошне силен интензитет и има своевидно значење во процесот на
воспитувањето. Се што е интересно и возбудливо, за младите има
големо влијание во процесот на созревањето и правилното
воспитување. Па затоа прикажувањето на голото тело има огромно
емотивно влијание врз младата личност.
Минаа скоро дваесет години откако е согледана потребата од
сексуално воспитување на учениците во текот на наставно
воспитниот процес. Досегашните напори на масовните организации,
установи и поединци, за системно сексуално воспитување во
училиштата,практично немаат никакви резултати.
Ако се тргне од потребите на младите за нивно упатување и
советување во процесот на половото созревање, од една страна , и
опасностите што ги носат шундот и порнографијата, од друга
страна, неопходно е преземање мерки од организациите и
установите коишто се директно одговорни за реализацијата на
наставно воспитниот процес. Тоа го наложува и фактот што колку
училишта стојат идиферентни за половото воспитување на младите,
толку повеќе младите се оддаваат на порнографијата и на шундот.
Зошто наставниците и професорите стојат како исплашени
вкочанети неупатени и хипнотезирани, кага пред нивните очи
учениците до гуша се потопени во порнографија и шунд? Со право
во овој случај, можеме да го поставеме прашањето: Дали
просветните работници се подготвени да се зафатат со сексуално
воспитување на учениците и да поведат борба со сите оние кои ја
заведуваат младината со погрешни и шарлатански погледи за сексот.
Наставно воспитно кадар, кој го реализира наставно воспитниот
процес, во времето на своето школување не бил подготвуван за
ваков вид воспитување. Нема да погрешиме ако кажеме дека во
времето кога тие седеле во училишните клупи сексот како тема била
забранет за дискусија. Никој не се осмекувал да зборува отворено за
овие прашања и затоа наместо да се формираат правилни погледи
околу сексуалноста, кај нив се создавале сосема погрешни претстави
и односи. Имено наставниците денеска треба на сосема друг начин
да им пријдат на своите ученици кога станува збор за сексуалното
воспитување, поточно да го изнајдат најправилниот пат за безбедно
развивање на младите како полови во средината каде што живеат.
Тоа во никој случај не е толку лесно. Секој кој застанал пред катедра
да држи предавање, знае што значи подготвеност, точност и
познавање на материјата за која станува збор.
Наставно воспитниот кадар оправдано се воздржува од целосно и
систематско ангажирање за сексуалното воспитување не затоа што
не сака да им помогне на своите воспитаници, туку поради тоа што
не постојат изедначени ставови за многу односи меѓу двата пола,
посебно за предпубертетот и пубертетот и адолесценцијата. Оттука
наставникот не сака да се изложува на ризик да зборува пред
учениците за прашања што можат да се толкуваат најразлично и од
учениците и од родителите.
Кога зборуваме за подготвеноста на просветните работници да се
зафатат со сексуално воспитување на учениците, сметам дека е
потребно да го споменеме и создадениот однос помеѓу наставникот
и ученикот. Во никој случај не е лесно да се зборува на една тема
пред учениците за која не е зборувано никогаш досега во историјата
на школството за која никој не располага со искуство и проучен
методско педагошки пристап.
Најголем успех за наставникот е ако ги ослободи учениците пред
него да зборуваат слободно како најверен другар. Тогаш учениците
ги изнесуваат и најинтимните чувства. Само во таков случај
наставникот може да биде вистински сексуален воспитувач. Во
такви случаи наставникот треба да биде спремен целосно да ги
прифати учениците кога ќе посакаат да ги изнесат и најинтимните
чувства и да побараат совет од него. Таков извор од каде што
учениците ќе можата да добијат податоци и совети за нивните
најинтимни чувства досега немаат најдено. Поради тоа кога ќе
почувствуваат блисост, непосредност и искреност кај својот
професор кој ја разбира оваа проблематика, постапно, по малку
срамежливо но сигирно ќе ја отворат својата душа за најинтимните
чувства и за проблемите што ги мачат. Наставникот никогаш не смее
да ги изневери очекувањата на учениците . Тој во секоје време и на
секое место кога учениците ќе побараат помош или совет, треба да
им излезе вопресрет.
Срамот и затворањето на учениците кон оваа проблематика може
да се отстрани со неколку предавања. Во времето кога учениците го
запознаваат својот професор како сексуален воспитувач и кога пред
него постепено се ослободуваат и зближуваат, можат да изнесуваат
најразлични мислења, ставови, да поставуваат непријатни прашања
што ќе предизвикаат смеа пред другите ученици. Сето тоа
наставникот мора да го прима сосема сериозно и да го сведува на
реални рамки. Откако ќе се создадат вакви односи меѓу наставникот
и учениците, тогаш повеќе не се поставува како проблем слободното
изнесување на податоци од сексуалниот живот.

You might also like