You are on page 1of 9

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Филозофски факултет
Институт за социологија

Семинарска работа по предметот:

Тема:

Ментор: Изработил:
Проф. Д-р Михајло Поповски Елена Алексовска
бр. индекс 3586/04
Скопје, 2006 година

1
СОДРЖИНА

Вовед..........................................................................................2

1. Процеси..................................................................................3

2. Агенси и извори на социјализацијата.................................4


- Семејство.......................................................................................... 4
- Образовни институции.................................................................... 4
- Социјализација на возрасни............................................................5
- Средства за масовна комуникација................................................5
- Врсници............................................................................................. 5
Заклучок.....................................................................................6
Користена литература...............................................................7

2
Вовед

Постоја две групи кои ја дефинираат социјализацијата и тоа едната


ја сретнуваме кај социолозите и антрополозите кои нагласуваат дека
важноста на социјализацијата е во оспособување на индивидуатата за
општествен живот, додека друга група е престваништво на психолози кои
важноста на социјализцијата ја даваат на формирање на личноста.
Некои автори наместо поимот социјализација употребуваат и
културализација. Тие нагласуваат дека процесот на социјализација е
процес во кој индивидуите во општеството ги прифаќаат оние облици на
однесување кои се карактеристични за културата на на која припаѓаат.
Сепак социјализацијата претставува прифаќање на одредени облици на
однесување, меѓутоа, не е оправдано што го поистоватуваат поимот
социјализација со поимот културализација, односно го заменуваат едниот
со другиот.
Секое проучување на социјализацијата, било која општествена
наука да се занимава со тоа, секогаш е проучување на психолошки
проблеми. Проучувањето на социјализацијата значи и истражување на
човековата личност, зошто како таа манифестира одредени облици на
однесување особено со општествени појави, односно истражувајќи како
таа индивидуа доаѓа до одредени, чувства, ставови, мотиви, судови. Во
опшатат психологија се проучува процесот на учење, меѓу останатите и
учење во соцојални услови. Додека во развојната психологија,процесот на
социјализација детално се изучува, посебно социјалната психологија ја
поставила ја поставила социјализацијата како еден од своите централни
проблеми со кои таа се занимава.

3
1. Процеси

За процесот на социјализацијата се интереситра антропологијата,


социологијата и социјалната психологија. За проучување на
социологијата се издвојуваат три вида проблеми:
1. Проучување на социјализацијата, т.е. облици преку кои
социјализацијата се остварува. Всушност ова претставува централен
проблем на психолошкото проучување на социјализацијата. Оваа група на
проблеми вклучува и изучување на фактори кои влијаат, односно, го
олеснуваат или го отежниваат остварувањата на одредени општествени
сфаќања кои се во склад на облиците на социјалното однесување.
2. Втората група на проблеми претставува изучување на улоги,
извори и начини на социјализацијата. Социјализацијата настојува да се
оформат во индивидуата одредени особини и однесувања, пред се оние
кои се сметаат за за добро прифатени и пожелни во одредена култура и
одредено општество. Меѓутоа, социјализацијата се остварува со делување
на други индивидуи и институции кои претставуваат фактори, пред се тоа
се семејството, училиштето и други.
3. Третата група ги проучува ефектите на социјализацијата. Пред
се тоа се делувањата на социјализацијата на формирање на општествено-
релевантни однесувања; ставови и вредности.
Поцесот на социјализацијата се остварува со социјално учење,
односно учење во кое главна улога имаат социјалните фактори, пред се
другите индивидуи. Проучувањето на процесот на социјализацијата во
голбала преставува делување на социјалната структура на одделни
општества и нивно влијание.

4
2. Агенси и извори на социјализацијата

Дефинирењето на социјализацијата како и на социјалното учење


кое се остварува со интеракција со другите индивидуи во општеството
укажуваат на постоење на фактори кои со нивно делување се остварува
процес на социјализација и укажува на постоење на агенси или
посредници на социјализацијата. Најчесто агенси на социјализацијата
претставуваат индивидуи кои свесно и намерно влијаат во формирање на
однесување на дететео и со кои детето е во трајна поврзаност со
родителите и наставниците. Иако социјализацијата се остварува со
директна интеракција со други индивидуи, пред се родителите, неопходно
е и делување и со други личност. Удел во социјализацијата имаат и
различните државни институции како училиште и сретствата за масовна
комуникација.
- Семејство
Во процесот на социјализацијата најголемо важност му се дава на
семјеството.Семејството во прцесото на социјализацијата не влијае само
во период на раната детска доба туку и во доцниот период во животот, а
посебно во период на адолесценција.Овој период е доста осетлив бидејќи
претсвавува премин од потполна зависност на детето од родителите во
релативна самостојност. Ако родителите во тој период на развиток на
личноста не покажат толернатност и не им дават слобода може да се
манифестира или со агресивност или со затворање и повлекување во себе.
- Образовни институции
Образовните институции се од голема важност во процесот на
социјализација и за развојот на личноста. Пред се затоа што со тргнување
на училиште доаѓа до новата средина, а со тоа влегува во нови различни
односи со индивидуи кои се разликуваат од оние во семејството.
Процесот на инталектуален, емоционален и пред се социјален развој кој
започнал во семејствот, систематски и интензивно продолжува во
образовните инстируции, ама во овие институции е многу строго и со
потешки барања што се очекуваат од нив. Меѓутоа, денас, на образовните

5
институции не им се дава некоја особена важност во процесот на
социјализацијата. Поголемо влијание завземаат други агенси како на
пример масовните средства за комуникација.
- Средства за масовна комуникација
Денес, при голем број на средства за комуникација на кои сме
изложени, нивното влијание станува се поголемо. На лабараториските
истражувања на кои децата на филмовите покажуваат девијантно
однесување, најчесто агресивно. Не само што е набљудувано агресивното
однесување туку, и други облици на однесување што влијаат на
обликување на сопственото однесување .
- Социјализација на возрасни
Социјализацијата не се остварува само во младешкиот период ,
туку, и низ целиот период на живовтот. Со доаѓањето на децата во
семсјтвото а посебно со нивниот развој се остваруваат нови
интерперсонални односи. Децата пак, од своја страна, влијаат на
однесувањето на родителите со цел да бидат во склад со нивните желби.
Влијанието на децата станува се поголемо со нивниот развиток и со
стареење на родителите.
- Врсници
Група врсници значително влијаат на тоа кои вредности детето
настојува да ги оствари, делува неговата независност самостојност како и
формирање на многубројни и лични ставови а пред се социјални. Во
периодот на адолесценција многу важно е одобрување и неодобрување од
врсниците а не од родителите и притоа во тој перио многу нивни ставови
се разликуваат од ставовит на нивните родители.

6
Заклучок

Човековата единка се раѓа не само како најбеспомошно суштество


меѓу сите живи суштества, туку и без сите оние особености кои го
одликуваат како посебно суштество од сите други живи суштества.
Индивидуата се раѓа без никакви знаења, особености, култура но таа
истовремено се раѓа со можност да се развие до тој степен до кој ниедно
друго живо суштество не може да достигне.
Тоа постепено со социјалното учење, односно делување на
социјалните фактори се формира во личност со особени карактеристики
кои ја одликуваат човековата индивидуа. Социјализацијат е можност
преку кој се оформува човековата личност. Таа е особено значајна за
интеграција на поединците во општеството. Социјализацијата содржи
огромен фонд на знаења, навики, вештини, развива често многу сложени
особини и способности, преку неа се постигнуваат квалитети кои ја
разграничува човековата единка од сите други живи суштества.
Социјализацијта претставува процес кој се одвива низ целиот свој живот
на индивидуата.

7
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. D-r Nikola Rot, Osnovi socijalne psihologije.


2. Илина Тодорова – Цвејиќ (1991):, ”Психологија за средно
образование”, Просветно дело, Скопје.

You might also like