You are on page 1of 6

3..

СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА
3.1 Определба на социјализацијата
1. Процесот на планско пренесување на знаењата и верувања на младите и
истовремено нивно творечко и критичко усвојување е социјализација на личноста.
2. Тоа трае во текот на целиот живот, но најважна за пединецот е:
- Примарната социјализација (во семејството, но и со врсниците) – каде што
личноста учи да зборува, да се однесува, стекнува навики и знаења од своите
родители, кои подоцна ги надоградува со своите врсници.
- Секундарна социјализација се одвива во училиште каде што поединецот се
прилагодува во нова група и продолжува секојдневно да се надоградува, но би
рекла дека оваа секундарна социјализација се пренесува и преку медиумите.

3.2 Човеково оденсување и опшествено однесување


1. Велиме дека човековото однесување истовремено е и опшествено однесување
бидејќи секоја личност создава свој идентитет со чија помош ќе создава погледи на
светот со кој што ќе го разбира и објаснува и секој човек има свои потреби, стремежи и
желби, но тој како припадник во опшествената заедница не секогаш успева да ги
задоволи бидејќи како компромис се јавуваат барањата на опшеството.
На пример: личност во оттуѓено опшество се случува да ги погази своите потреби и
стремежи поради тоа што мислат и прават другите, односно го губи чувството на
сопствената личност за да биде прифатен и ги прави нештата кои се одобрени од
страна на опшеството.

Според ова заклучивме дека човековото однесување е и опшествено однесување.

3.3 Животен циклус (детство, младост, зрелост и старост)


1. Животот на човекот е поделен во четири периоди:
 Детство
 Младост
 Зрелост
 Старост
2. Детството – од раѓањето до пуберитет
- Овде семејството се јавува како чинител на социјализацијата.
- Особено важна улога има степенот на вниманието и љубовта која му
се пружа на детето.
- Додека врз формирање на личноста големо влијание има и втората
етапа на детството односно тргнувањето на училиште.
3. Младоста – (втор важен период) започнува кога поединецот влегува во
пуберитет, некаде околу 10/11 година, кога телото засилено расте. (до
околу 20тата година)
- Во овој период се случуваат два многу важни процеси: физиолошкиот
и социјалниот развиток на поединецот.
- Доаѓа до зголемување на височината, тежината, созреваат половите
органи и се јавуваат полните карактеристки ( промена на
гласот и телесниот облик)
- Полното созревање може да создаде одредени психички кризи и кај
двата пола.
- Се јавуваат желба за самостојност и независност.
- Овде кај поединците се нагласува употребата на апстрактни поими и
донесување заклучоци врз база на замислени претпоставки.
- Се јавува интерес за оштествените проблеми.
- Се градат критички ставови кон родителите и возрасните воопшто.
- А неуспехот може да биде причинител за кај младиот човек да се
појави агресија и деструктивни однесувања и повлекување во себе.
4. Зрелоста – период од завршување на младоста до околу 60-тата година.
- Периодот од 20 -тата до 30-тата ги вклучува најважните животни
проблеми : вработување, брачна состојба, создавање на семејство.
- Животот се сфаќа сериозно и се засилува чуството на одговорност.
- Овој период е и најдолгиот .
- Во него поединецот постигнува продуктивност и максимален развој
на физичката сила и трае се до 30-тата год.
- А веќе од 50тата многу брзо слабеат сетилните способности: слабее
слухот, видот како и јавувањето на проблеми со внатрешните органи.
5. Староста е периодот после 60-тата
- Се појавуваат склеротични манифестации
- И значително намалување на функцијата на одделни внатрешните
органи

3.4 Чинители на социјализацијата


Чинители на социјализацијата
- Социјализацијата започнува во семејството со растењето на детето.
- Центри за дневна грижа (градинки и др.)
- Училиште – децата на организиран начин се стекнуваат со знаење и се
социјализираат.
- Група на врсници – деца од иста возраст кои се имитираат едни со други.

1. Семејство – социјализацијата во семејството започнува од самото раѓање на детето.


Родителите го учат дедето да зборува, да ги спознае своите потреби, а со награди и
казни се тренира како да се прилагоди на очекувањата од другите. Семејството игра
многу битна улога во изградбата на карактерот на детето и од него зависи во каква
личност ќе се развие детето. Правилен развој ќе има само доколку во семејната
заедница владее атмосфера на љубов, хармонија и меѓусебно почитување на брачните
партнери. Процесот на социјализација е многу важен, биејќи преку него поединецот се
подготвува за животот во опшеството.
2. Центри за дневна грижа – бидејќи работните обврски на родителите континуирано се
зголемуваат, грижата за децата често ја препуштаат на центрите за дневни грижи како
што се градинките, бебиситерките и др. Поради различниот начин на социјализација
од традиционалниот, кој е односот мајка-дете, наместо посебен третман како што има
во семејството, детето тука станува само еден член на група. Дали во овие институции
успешно се спроведува процесот на социјализација зависи од квалитетот на услугите.
Во овие институции децата се учат да делат се со другите , да ги почитуваат правилата,
се стекнуваат со послушност, уредност, чувство за време и толеранција.
3. Училиштето – училиштето е инстутуција која на детето му овозможува да стекнува
занења на организиран начин, да биде воспитувано, социјализира и да ја формира
својата личност. Погледите на детето се зголемуваат. Социјализицијата се одвива
незабележително кога разликите во училиштето и во домот се минимални, тогаш не
постојат конфликти бидејќи детето веќе знае што е правилно а што погрешно. Пример
за ова се децата растени во строго дисциплинирано патријахално семејство, често овие
деца можат да доживеат конфузија и чувство на неспособност, бидејќи на училиште се
развива слободата на умот и кретивноста. Во последните години училиштето ги губи
овие функции бидејќи истите се предаваат на групите на врсници и на мас медиумите.
4. Групата на врсници – групата на врсници е група составена од деца од иста или
приближна возраст, со приближно ист статус и слични интереси.
Германска поговорка: Ако сакаш да знаеш кој си, прашај кои ти се приијателите.
Членовите на групата на врсници се важни модели од кои поединците го градат своето
однесување и начин на размислување. Најсилно влијание групата на врсници има во
периодот на адолсенцијата. Лошото влијание од оваа група може да остави трајни
последици врз пединецот, најмногу на професионален план.
5. Мас-медиумите – мас медиумите имаат големо влијание врз детето, највеќе во
периодот на оформувањето на неговата личност. Тие се средство со кое се пврзуваат
групите, но придонесува да се направат и големи разлики. На пример овие медиуми
овозможуваат реклами, кои лесно стигаат до голем број на луѓе, а целта им е да ги
збилжат или изедначат нивните вкусови и сфаќања.

3.5. Социјализација и индивидуална слобода


( конформизам – неконформизам)
1. Конформист – е поединец кој се однесува исклучливо пасивно и
однесувањето на поединецот во секоја ситуација е на прикладен начин,
без критички став и селекција, поточно кога не може да ја искаже својата
индивидуалност и слобода на мислење.
- Ваквите личности не создаваат проблеми, не предизвикуваат
неочекувани ситуации, тие се повлечени, согласни за се и со сите и ги
прифаќаат важечките норми на однесување во заедницата.
2. Неконформист – е поединец кој се однесува како активен носител на
културата и тој е максимално творечки ангажиран.
- Тој ги прифаќа нормите на однесување и постојаните стандарди на
општеството и културата, но и ги збогатува и ја проширува листата на
вредности, како што и создава нови дури и по цена на судир со тоа
општество.

4.. ОПШТЕСТВЕНА ИНТЕРАКЦИЈА


4.1 Процеси и видови на општествена интеракција
1. Општествена интеракција – процес на воспоставување врски и влијанија
меѓу поединците и општествените групи.
- Се остварува со помош на комуникација (општење) меѓу луѓето, а
настанува од потребата да дојдат до некоја заедничка цел.
2. Два облика на интеракција:
 Позитивна општествена интеракција која ги зближува луѓето (
кооперација и размена)
 Негативна општествена интеракција која ги разделува луѓето (
натпревар и конфликт)
3. Кооперација ( соработка)
- Таа е основен предуслов за успешноста на поедниците на личен и
професионален план.
- Поради сложеноста и динамичноста на животот, луѓето мора да
соработуваат и да се дополнуваат, да бараат компромис и кога
интересите им се крајно спротиставени.
Пр: политичките партии (трка за власта но мора да има соработка во
некои ситуации)
4. Размена
- Сите односи (интеракции) меѓу луѓето вклучуваат некаква размена.
- Во самата комуникација луѓето вршат размена на идеи мислења и
ставови за одделни прашања на вербален начин.
- Најмногу се врши размена при купопродажбата
Пр: размена на стока за стока, стока за пари, станови, автомобили, но
и знаења искуства, љубов....
5. Натпревар
- Однос во која се настојува да се постигне една иста цел подобро и
повеќе од друго лице или група во однос на др лице или група.
- По својот карактер е спротивен од соработката и предизвикува
спротивни ефекти од соработката
- Но може лесно да се претвори во процес на соработка
- Средство кое мотивира и насочува кон развој, прогрес, успех
Пр: во училиштата натпреварот за подобри резултати ги мотивира
поединците за постигнување на истите
Но историските настани( војни) кои се случувале заради освојување
на територии предизвикувале натпреварот да прерасне во конфликт.
6. Конфликт
- Или со други зборови судир
- Претставува спор помеѓу две лица
- Тој е најзаостарен облик на натпреварување
- Тој е еден од начините за решавање на спротивностите помеѓу
поединците и групите.
- Фактори кои влијаат врз судирите се: стереотипи и предрасуди
- Судирите се разрешуваат со:
1 . избегнување ( повлекување, игнорирање, негирање)
2 . спроиставување
3 . општење (разбирање, разрешување)
- Облици: семеен, религиозен економски инт..
Но според трите прашања :
1. Кои групи се во конфликтот?
(тие можат да бидат : меѓуетнички, расен и конфликт
меѓугеенерации)
2. Каква фома има конфликтот?
( или според степенот на насилство може да бидат во облик на:
војна, бунт, штрајк, демонстрација)
3. Која е неговата функција? (генерален штрајк, граѓанска војна..)

4.2 Опшествени улоги


1. Улогата го означува начинот на однесување, на оној кој има определен статус во
општеството. Статусот определува каде и какво му е местото на човекот во
опшествените односи. Кога правата и обврските што ги има поединецот со заземањето
на одреден статус ги активира индивидуата, тогаш таа врши одредена улога. При секое
вршење на улогите од поединецот се очекуваат одередни облици на однесување кои
можат да бидат:
- Нормативни очекувања – барањето на опшествената заедница за правилно
извршување на улогата, т.е улогите на родител, брачен другар, професор, лекар итн
;
- Ситуациски очекувања – очекувања на поединците кои извршуваат определени
конкретни улоги, на пример, помагаат на повредени во сообраќајни незгоди,
учествуваат во гасење пожар и др. ;
- Лични очекувања – тоа се очекувањата на поединците од сопственото вршење на
улогите.

Улогите поединецот ги учи преку процесот на социјализација и преку улогите поединците учат
што се очекува од нив во текот на животот. Бидејќи понекогаш опшествените улоги се
регулирани со опшествени правила нивното неизвршување понекогаш предизвикува
опшествена санкција – награда-позитивна и казна-негативна.

Опшествени улоги се: родител, брачен другар, пријател, татко, мајка и др.
2. Улогите и личноста – човекот во својот живот е носител на голем број улоги. Честопати
при извршувањето на различните улоги во опшеството се случува совпаѓање на
улогите. Тоа може да биде неповолно пр еден ученик во исто време е и спортист и
двете улоги во исто време му предизвикуваат потешкотии, затоа тој ќе мора да избере
на која улога ќе и даде предност.
3. Опшествена положба – претставува збир од сите односи, врски и опшествени улоги
што поединецот ги има во опшеството. Опшествената положба може да биде висока и
ниска. Три елементи имаат најголемо значење во одредувањето на опшествената
положба, а тие се: материјалното богатство, опшествената моќ и опшествениот углед.
Овие елементи се тесно поврзани со опшествената улога, бидејќи не е сеедно дали
некој е обичен работник или директор.
Доход е обем на паричен надоместок што поединците го довиваат за време на
одредени опшествени улоги.
Опшествениот углед произлегува од опшественото вреднување на занимањето.
Под опшествена моќ се подразбира степенот во кој одредена личност е во можност да
влијае на опшествените процеси.
Сите овие елементи се заемно поврзани и влијаат на создавање на опшествена
положба.

You might also like