You are on page 1of 19

Прашања и одговори по предметот – Развој на децата и адолесцентите

1. ,,Хајна мора да го почитува законот кој е донесен според договорот на


поединците,, - укажува на кој стадиум?
- стадиум 5
2. Објасни хетерономна и автономна моралност според Пијаже !
- Хетерономна моралност – од 4 до 7 години има морален реализам –
правилата се непроменливи, објективна одговорност – се гледа
последицата, наместо намерата на агентот и иманентна казна се казнува
секој прекршок на правило веднаш и во иста толкава мера колку што
била штетата.
- Автономна моралност – по 10 години – правдата е одвоена од
авторитетите, свесни сме дека правилата се направени од луѓе и се
променливи, субјективна одговорност, се внимава и на намерата на некој
и реципрочна казна – казната не мора секогаш да следи по лошо
однесување.
3. Кои се стадиумите на Колберг?
Постојат 3 стадиуми на Колберг и тоа :
1- Прво ниво – предконвенционално
- хетерономна моралност – послушност
- инструментална и релативистичка моралност – корист
2- Второ ниво – конвенционално
- интерперсонални врски, очекување и конформизам – одржување
врски, добро момче/девојче
- социјална моралност (моралност според социјален систем) –
закони, без да се сфети нивната суштина
3- Трето ниво – постконвенционално
- општествен договор – закони, со сфаќање на суштината, знаеме
дека се променливи
- универзални етички принципи – водени по универзални доблести,
внатрешна мотивација и совест
4. Појавување на вистинско постојано јас е поврзано со:
- константност на предмет
5. Децата градат потрајна визија за личноста на другиот со акцент на
внатрешните својства на:
- 7 до 8 години
6. Како се гради автобиографска меморија кај детето?
- Ова се прави кај деца со нарушена слика за себе, родителите треба да
раскажуваат приказни од нивното минато, давајки акцент на
позитивните карактеристики на детето, приказните се поткрепуваат со
слики, цртежи итн. Вака се создава наратив за детето.
7. Каква е сликата за себе во средна адолесценција?
- Специфично за средната адолесценција е тоа што сликата за себе
преминува од физичко во апстрактно – психолошка. Ова е поради
новиот вид на формално – логичко размислување, се расудува врз
основа на внатрешните сознајни – емоционални доживувања.
Сликата овде сеуште не е кохерентно организирана.
8. Како се одвива психотерапијата кај деца со растурено себство?
- Заедно со родителите треба да се изгради наратив за детето, да му се
развие автобиографската меморија со тоа што ќе му се раскажуваат
приказни на детето за неговото минато и сегашност поткрепени со
слики, фотографии и др. Бидејќи родителите бираат кои мемории ќе
му ги кажат на детето, треба да се бираат позитивни карактеристики
на детето. Играњето улоги е особено важно.
9. Во тек на преднаталниот развој коските, срцето и мускулите се
формираат:
- Сето наведено, мезодерм - ембрионален период.
- Третата недела од бременоста.
10. Самоегзестените емоции кај детето според класификацијата на
развојот на комуникацијата помеѓу децата и возрасните која ја дава с,,,,

се јавуваат во:
- Четвртата фаза ( од 18 месеци до 2 години и натаму).
11. Тенденцијата одредено време да се појави па да исчезне.. да се појави
по некое време се нарекува интермиентност во развојот.
- Да.
12. Што од наведеното не е карактеристика предоперационален стадиум
според на теоријата на Пијаже?
- Инклузија на класи.

13. Што од наведеното е сигурен знак дека детето е социоемоционална


криза за одредено лице?
- Сето наведено.
- Детето се враќа кај тоа дете кога е вознемирено, се вознемирува кога
тоа лице ќе ја напушти просторијата, може да се расплаче кога ќе
влезе непознато лице.
14. При проценката на здравјето на новороденчето според скалата на
Алгар се мерат отчукувањата на срцето, бојата на кожата, дишењето,
мускулниот тонус и рефлексната надразливост?
- Да.
15. Родителите кои се индиферентни и безгрижни во споделувањето на
нежност со децата и не поставуваат барања во дисциплинирањето,
практикуваат:
- Незаинтересиран родителски стил.
16. Во лабараториските истражувања на социоемоционалното врзување
, кога мајката се враќа во просторијата по триминутното отсуство,
избегнувачки врзаното дете најверојатно ќе го направи следното:
- Ќе продолжи да игра без да обрнува внимание на мајка си.
17. Концептот на Пијаже според кој се фаќа релационата положба на
предметите и случувањата во просторот и времето е познат како:
- Серијација.
18. ,, Хајнц имал право да го украде лекот, бидејќи е во прашање живот и
тоа е над правото на аптекарот ,, е одговор кој укажува на еден од
следните стадиуми на морално расудување:
- Стадиум 5
19. Очекувањата на децата нештата да имаат само едно име, поради што
кога ќе слушнат нов збор претпоставуваат дека тој оди со нешто што
нема име, се должи на принципот на заемна исклучивост.
- Да.
20. Кога од веројатен суд се изведува заклучок што би бил најдобро
објаснување, се применува:
- Абдукција.
21. Една функција интензивно се развива, а другите мируваат
( константност во развојот )
- Да.

22. , Хајнц не треба да ја остави жена си да умре, оти ќе има големи


проблеми , е одговор кој укажува на еден од следните стадиуми на
морално расудување:
- Стадиум 1
23. Теориите кои се засноваат врз убедувањето дека развитокот има целна
точка и насока, што се покажува, на пример низ пораст на созревањето
и според кои развојот се состои од квалитативни промени кои водат
кон целосно нов облик, спаѓаат во типот на квалитативни насочени
промени, без стадиум.
- Не.
24. Наведи пример на лонгитудинално истражување!
- Се истражува некоја варијабла во група испитаници, така што се
тестираат на одреден интервал секои две години, на пример значи
дека една иста група кога се тестира секои Х години е лонгитудинално
истражување.
25. Наведи пример за социометриски критериум, кој бил соодветен за
спроведување на социометриско мерење кај ученици од трета година
средно образование.
- Со кој ученик (би сакал, не би сакал, најмногу би сакал, најмногу не би
сакал) да правиш муабет на час/одмор.
26. Рефлексот на гушкање е познат како:
- Моров рефлекс.
27. Појавата на способност на внатрешно претставување на настаните и
почетокот на користењето на симболите за да се претставуваат
предметите е карактеристика на 6 стадиум од сензомоторниот период.
- Да.
28. Наведи ги законитостите во развојот и наведи пример за константност
во развојот!
А) Цефало – каудален, проксимо – дистален, интермитентност,
елиминирање непотребно ангажирање на мускули, алтернативност,
латерализација, општо – посебно, едноставно – сложено, константност,
варирање на различни аспекти во развојот зависно од возраста.
Б) Константност – развојот следи непроменлив распоред односно иако
точната возраст може да варира, во одредена возраст се случуваат едни
исти развојни промени кај сите.
29. Наведи ги законитостите во развојот и објасни што значи
алтернативност во развојот !
А) Цефало – каудален, проксимо – дистален, интермитентност,
елиминирање непотребно ангажирање на мускули, летерализација,
општо – посебно, едноставно – сложено, константност, варирање на
различни аспекти во развојот зависно од возраста.
Б) Алтернативност – додека се развива една особина другите се во
мирување ( ако детето започне да се развива од аспект на одењето, нема
истовремено да се развва и говорот)
30. Наведи ги законитостите во развојот и објасни што значи развојот од
просто кон сложено:
- А) Цефало – каудален, проксимо – дистален, интермитентност,
елиминирање непотребно ангажирање на мускули, летерализација,
општо – посебно, едноставно – сложено, константност, варирање на
различни аспекти во развојот зависно од возраста.
Б) Просто кон сложено – ова се среќава во развојот на говор, детето
прво користи прости реченици обично од два збора, без користење
заменки, придавки итн, но со тек на време тоа го усложнува
вокабуларот и може да користи посложени реченици.
31. Сања е доенче од 8 недели кое лежи во лулката и си игра со крајот на
ќебенцето, кога во еден миг мајка и работејќи во кујната испушта една
чинија која паѓа на подот и се крши. Во истиот момент Сања се трзнува
у почнува да плаче. Ова е пример за:
- Сензација.
32. Децата кои се емоционално незрели, несреќни и со слаба
самоконтрола, најчесто имаат родители кои практикуваат:
- Попустлив родителски стил
33. Мајките кои несвесно го одбиваат, а свесно го прифаќаат своето
неродено дете – Ротман ги категоризира како:
- Амбивалентни мајки.
34. Мајките чии новородени деца покажале апатичен синдром, според
истражувањето на Ротман припаѓале во група на:
- Студени мајки.

35. Мајките чии новородени деца покажувале хиперактивност според


истражувањето на Ротман припаѓале во група на:
- Амбивалентни мајки.
36. Галантовиот рефлекс е познат уште како:
- Рефлекс на фаќање.
37. Дорзо флексијата на стапало е позната како:
- Магнет рефлекс.
38. Адолесцентите често си создаваат имагинарен свет кога замислуваат
како другите би реагирале на нивниот изглед како однесување.
- Да.
39. На возраст помеѓу 2 и 3 години многу често присутна е игра која
вклучува едноставни репетивни мускулни активности познати како:
- Функционална игра.
40. Најголема осетливост за развојот на говорот е период на:
- Втора и трета година.
41. Свеста за себе им овозможува на доенчињата да чувствуваат страв и
тага.
- Да.
42. Поапстрактен поим за себе се јавува на возраст околу :
- 7 и 8 години.
43. Доенче од 11 месеци најверојатно ќе манифестира и стра од
непознати и сапарациона анксиозност.
- Да.
44. Кога адолесцентите преценуваат колку самите им значат на другите
луѓе тие манифестираат:
- Егоцентризам.
45. Споредена со својот тринаесетгодишен брат, седумнаесетгодишната
Маја најверојатно:
- Ќе биде поспособна да размислува хипотетички.
46. Која од наведените теории ги занемарува разликите кои се должат на
генетскиот фактор?
- Социокултурна
47. Делбата на ќерките – клетки со различна брзина и различен степен е
карактеристика на преднаталниот развој позната како:
- Хетерохронија.
48. Во кој стадиум од сензомоторниот период за прв пат се јавува
асимилацијата?
- Вториот стадиум.
49. Експлозија на именување најчесто се јавува по:
- 18 месец.
50. Разликите што се должат на кохортите се пример за влијание на
општествениот контекст врз развојот.
- Да / не ???
51. ,Уште, е пример за:
- Холофраза.
52. Наведи ги и објасни ги трите принципи на брзо мапирање !
- Кога му покажуваме објект на бебето и изговараме некој збор,
бебето го асоцира целиот објект со новиот збор, не делови од
објектот. Жирафата е целата жирафа, не само главата, нозете итн.
- Трите принципи на брзо мапирање се:
* Целост
* Категоризирање
* Принцип на заемна исклучивост
53. Објасни го третиот принцип на брзо мапирање ( принцип на заемна
исклучивост )
- Ако му покажеме на бебето два објекта со тоа што знае како еден од
тие објекти се вика, кога ќе го кажеме зборот на другиот објект бебето
ќе знае за кој се работи, бидејќи ќе знае сигурно не збориме за
предметот чие име веќе го знае.
Пр. Покажуваме срп и чекан, знае дека српот се вика срп, го
прашуваме каде е чеканот и тоа покажува накај чеканот.
54. Доенчињата манифестираат способност да покажуваат кон она што ги
интересира на возраст од:
- 18 месеци.
55. Играта , сокриј ме – барај ме , е добар пример за :
- Подвижност.
56. Стравот од непознати лица кај детето за прв пат се забележува во 11
месец.
- Да.

57. Опиши ги разликите во однесувањето меѓу сигурно емоционално


врзано и избегнувачкото врзано дете?
- На мајката на непознатото лице и двајцата ги игнорираат. Не се
вознемирени кога мајката ќе си замине
- Сигурно – кога мајката е присутна активно истражуваат и се отвараат
кон непознати лица, кога таа ќе си замине се вознемирени и мајката
ги смирува кога ќе се врати.
- Избагнувачки – го избегнуваат контактот со мајката, сеедно им е дали
се во присуство на мајката или на непознато лице и двајцата ги
игнорираат. Не се вознемирени кога мајката ќе си замине.
58. Контроверзата наследно – стекнато го зема предвид степенот до кој
цртите, карактеристиките и однесувањето на поединецот се како
резултат на:
- Наследство или искуство.
59. Која од наведените развојни теории го застапува гледиштето дека
секој поединец се раѓа со генетски потенцијал кој бара соодветна
средина за да се развие?
- Епигенетичка.
60. Задоволувањето на основните потреби на детето со грижа, нежност и
доследност ја отсликува:
- Првата фаза од теоријата на Ериксон – психоцоцијални стадиуми
стекнување основна доверба.
61. Намерните експлоации и почетокот на експериментирањето со нови
начини на манипулирање на поединецот на предметите е
карактеристика на терцијалните кружни реакции?
- Да, во 5 стадиум од сезомоторниот период на Пијаже.
62. Едно од најохрабрувачките начела на развојната психологија е :
- Пластичност.
63. Преминот од хлорофаза кон телеграфскиот говор и реченици од три
или повеќе зборови се одвива според која од законитостите во
развојот?
- Од едноставно кон сложено.
64. Помеѓу големите теории конгнивистичката теорија најмногу ја
нагласува интеракцијата на гените и искуството во развојот на
поединецот.
- Да.
65. Во кој стадиум од сензомоторниот период се јавува намерни
поведенија?
- Четвртиот.

66. Појавата на мерни поведенија и комбинирање на секундарните


гестови за да дојде до саканиот предмет е карактеристика на четвртиот
стадиум од сензомоторниот период?
- Да,
Прв – рефлекси
Втор – примерни
Трет – секундарни
Четврт – комбинирање , секундарни
Пет – терцијални
Шест – симболички
67. Гестовниот говор најчесто се јавува околу :
- 9 – 10 месеци.
68. Рецептивниот говор најчесто се јавува меѓу :
- 8 – 10 месеци.
69. Кој тип на говор претставува највисоки барања пред интелектуалниот
развој ?
- Објаснувачки говор.
70. Појавата на способност за внатрешно претставување на настаните и
почетокот на користење на симболите за да се претстават предметите е
карактеристика на шестиот стадиум од сензомоторниот период.
- Да.
71. Рефлекс на отклонување на палецот кој се јвува кога се допира
стапалото на новороденчето се нарекува :
- Рефлекс на бабински.
72. Сетилото за вид почнува да фундамира од :
- Шестиот месец од преднаталниот период.
73. Големите разлики во гениталиите почнуваат да се развиваат во:
- Осмата недела од зачнувањето.
74. Наведи пример и објасни што е рана и симултана двојазичност!
- Овој вид на двојазичност е присутен кога детето учи симултано два
јазика уште од најрана возраст во рамки на семејството. Двата јазика
се учат истовремено. Се очекува на овој начин подеднакво да се
усвојат двата јазика и затоа се нарекува и урамнотежена или
еквилибрирана двојазичност. Бидејки се учи рано во рамките на
семејството таа е и природна двојазичност, а лицата се стекнуваат со
двојазичен идентитет и двокултурен идентитет.
75. Неверувањето дека можат да влијаат врз светот што ги опкружува се
јавува кај децата кои растат со родителите кои многу малку одговараат
на нивните потреби. Таквата појава е позната како:
- Научена беспомошност.
76. Суштински важен процес за да фетусот може свесно да доживува е:
- Миелинизација на ЦНС .
77. Секој општествен контекст влијае независно врз развојот.
- Да / не ???
78. Интеракциската синхронизација меѓу мајката и детето според
класификацијата на развојот на комуникацијата меѓу децата и
возрасните која ја дава Саарни, се јавува во:
- Втората фаза т.е, од 6 нед – 9 мес – пред третиот месец.
79. Кога реакцијата на паника кај мајката предизвикува реакција на
треперење или жестоко клоцање на фетусот, стнува збор за:
- Физиолошка комуникација.
80. Повеќето современи истражувачи ја имаат усвоено еклектичката
перспектива на развојот.
- Да / не ???
81. Наведи ги основните сознанија за освојувањето на синдромот на брза
смрт кај доенчињата.
- Се јавува најчесто меѓу 1 месец и првата година од животот, кај
новороденче кое било во добра здравствена состојба.
Причините се неразјаснети, но меѓу почесто наведуваните се
привременото прекинување на дишењето (апнеја)
Денес се користи програма за оперантно условување за да се избегне
СБС.
Се препорачува бебињата да не се ставаат да спијат на стомак и
мајките да не пушат;
82. , Хајнц го направил тоа што треба да го направи добар маж – покажал
дека ја сака жена си ,, - за кој стадиум на Колберг би бил
карактеристичен ваков одговор?
- Стадиум 3

83. , Ако Хајнц го врати лекот можеби и нема многу да го казнат,,


- Стадиум 2.
84. Наведи пример за трансферзално истражување.
- Кога некоја варијабла ја мериме кај повеќе возрасни групи одеднаш.
Пр., мериме анксиозност кај групи со 16,18,20,22 години одеднаш.
85. Наведи пример за кроссеквенционално истражување.
- Се истражува варијабла кај испитаници од повеќе возрасни групи.
По некое време пак се испитуваат истите групи, но се воведува и нови
возрасни групи какв што имало претходното тестирање.
Пример: група 16 год и 18 год. Испитуваме за агресија двете одеднаш,
го 2 години овие групи сега се 18 год и 20 год, воведуваме 2 нови
групи од 16 год и 18 год и сите одеднаш ги испитуваме за агресија,
така правиме секои 2 години.
86. Слика за себе во средно детство.
- Сликата за себе во периодот од 6 – 12 години е следна – има премин
од опис преку телесен изглед и активности во опис што вклучува
ментални својства и сложени активности.
Сликата за себе станува поапстрактна и поглобална поради
способноста за правење споредби на себе со другите, разликуваат
меѓу реалното и идеалното јас и поголема емпатија. Прават и
споредба со себе од минатото.

Од 8-11 години стануваат покритични за себе и поимот за себе се


основа врз способноста со други, почитувањето на врсниците на
родителите, лојалноста кон другите и напорот за самоконтрола.
87. Каков треба да биде односот на родителот спрема детето за да порасне
неговата самопочит?
- Се поддржува напорот на детето, ја прифаќаат неговата
индивидуалност, покажуваат грижа и топли емоции, поставуваат јасни
правила и прецизни ограничувања, мислењето на детето да се
почитува, развиваат чувство кај детето дека може да ја контролира
својата средина.
88. Кое е значењето на играњето улоги?
- Игрите на улоги се посебен облик на социјално учење – преку нив
децата навлегуваат во светот на возрасните и нивните меѓусебни
односи. Детето прво ги совладува поединечните различни предметни
операции на предметите чие едно лице ги користи, кои потоа во текот
на играњето улоги ги поврзува во една целина која го опишува тоа
лице (улога). Преку играње улоги базирани на некои модели, децата
се запознаваат со општествените улоги, ситуациите во кои влегуваат
повозрасните.
89. Што е разлика меѓу игра и играње?
- Играта е објективна структура што се јавува во облик на систем на
правила, а играњето е она што го прави оној кој игра – форма на
обноска, актот. Играта добива смисла само ако има играње на играчот
кој има игровен став.
90. Зошто играта е посебен облик на изразување?
- Самата игра се јавува поради новите желби на детето кое тоа не може
да ги задоволи. Преку играта тоа се изразува на когнитивен план – го
изразува своето мислење, на емотивен – изразува чувства,
на кометивен – овозможува детска автономија и истата ја одржува.
Преку самото играње детето покажува колку ја сфатило општествената
реалност.
91. Зошто играта има терапевтски карактер?
- Преку играта детето ги искажува своите незадоволени желби и
потреби, ги искажува своите доживувања. Преку набљудување на тоа
како и со што децата играат, можеме да ги согледаме неговите
навики, интереси итн., можеме да добиеме порака од детето за некоја
негова потешкотија. Играта помага кај децата со нарушено себство,
сите непријатни доживувања детето преку игра ги повторува, учи од
нив, пробува да ги надмине и контролира.
92. Кои од наведените рефлекси спаѓа во категорија рефлекси на
адаптација?
- Рефлекси на адаптација: цицање, дишење, голтање, трепкање.
93. Суштината на еколошката ориентација според Бронфенбранер е
содржана во следнава дефиниција:
- Развојот претставува прогресивна, взаемна акомодација меѓу
активната индивидуа и променливата средина во која поединецот
живее и влијанието на поширокиот контекст во кои се наоѓаат
опкружувањата.
94. Објасни како Бронфенбренер го определува еколошкото
опкружување и што е суштината на таквото определување.
- Еколошкото определување е збир вгнездени структури сместени една
во друга. Во последното, внетрешното ниво се наоѓа непосредното
опкружување каде е сместен и поединецот во развој. Меѓутоа,
Бронфенбренер нагласува дека не е доволно да се проучуваат само
поединечни опкружува, туку и односите меѓу нив, бидејќи таа
поврзаност може да влијае врз развојот на поединецот подеднакво
како и настаните што се случуваат одделно во секое ниво. Понатаму,
врз развојот на поединецот влијаат и настаните што се случуваат во
опкружувањата во кои тој директно не се наоѓа, а го сочинуваат
третото ниво од еколошкото опкружување.
95. Бебињата манифестираат тага и страв од непознати лица на возраст од
- Околу првата година, 9 – 16 месеци.
96. Сетилата за слух и за вкус функционираат од :
- 6 ти месец преднатално.
97. Вокализирање кај доенчињата се јавува во:
- Втор месец по раѓање.
98. Дрдорењето кај доенчињата најчесто се јавува околу:
- 6-8 седмици од раѓање (2месеци).
99. Според теоријата на Ериксон јас сум она што до мене останува е
пораката со која поединецот излегува од 8 ма фаза како резултат на
успешниот развој.
- Да.
100. Според теоријата на Ериксон јас сум она што го сакам е пораката со
која поединецот излегува од 6 та фаза како резултат на успешниот
развој:
- Не.
- 6 та фаза на интимност е успешна ако се излезе со – ние сме она што
го сакаме.
101. Објасни ја разликата меѓу сигурно социоемоционалното врзано и
колебливо врзано дете:
- Сигурно - кога мајката е присутна активно истражуваат и се отворени
кон непознати лица,кога таа си заминува се вознемирени, мајката ги
смирува кога ќе се врати наспроти непознатото лице кој не успева да
ги смири
- Колебливо - се вознемирува и плаче кога мајката ќе замине, кога таа
се враќа бебето не се смирува. Детето или бара силен контакт или
целосно ја избегнува мајката, може да покаже и бес кон неа.
102. Објасни ја разликата меѓу сигурно социемоционално врзано и
дезорганизирано:
- сигурно- кога мајката е присутна активно истражуваат и се отворени
кон непознати, кога таа си заминува се вознемирени, мајката ги
смирува кога ќе се врати наспроти непознатото лице кој не успева да
ги смири
- Дезорганизирано- неориентирано органзирање: детето изгледа
вкочането,збунето или вознемирено кога мајката ќе се врати, се
двоуми дали да и се приближи, може да го избегнува контактот со
неа, а подоцна да бара многу близок контакт.
103. Наведи пример и објасни што е природна двојазичност, а што
полујазичност:
- природна двојазичност - е кога детето е запознаено со двата јазика
од најрана возраст во рамките на семејството,обично кога
родителите имаат различни мајчини јазици.
- Полујазичност – семилингвизам - кога има мешање на двата јазика,
обично кога родителите не го зборувале исклучиво нивниот јазик
кога комуницирале со бебето или пак кога се воведува новиот јазик
во период кога не е совладан првиот јазик па има
интереференција.
104. Првите гестови во развојот на невербалната комуникација се јавува
на возраст меѓу:
- 8 до 12 месеци.
105. На крајот на периодот на доенче крупни промени веќе се случиле во:
- Биолошки план – созревање на ЦНС
- Социјален план – самопрепознавање и намалување на
вознемиреност при разделба
- Однесување – покоординирано одење и ракување со предмети,
решавање проблеми, имање основен речник.
106. Што е доцна и сукцесивна двојазичност и пример:
- Доцна и сукцесивна двојазичност – кога вториот јазик почнува да се
учи во училишна возраст или подоцна, природно не со курс.
107. Според Мери Еинсворт афективното врзување и
социоемоционалното врзување се два исти процеси.
- Не.
- Афективно е помеѓу партнери и взаемно, социоемоционално дете
е со родител.
108. Првото ниво на комуникација кај доенчињата вклучува:
- Фацијлни експресии
109. Способноста на доенчето да го осмислува светот околу себе се
развива според следната реченица:
- Сетилна сензација, перцепција, когниција.
110. Критичниот период за определување на полот е:
- 7 недела од преднаталниот период.
111. Критичниот период од преднаталниот развој започнува од и
завршува:
- Од 2 ра недела до 8 ма недела (ембрионален период).
112. Теориите кои зборуваат за редоследни секвенци, а не за стадиуми во
развојот и кои се обидуваат да го објаснат развојот како плод на
посебното искуство, а не само на возраста, спаѓаат во групата теории на
квантитативни промени без стадиуми:
- Не.
- Спаѓаат во теории на квалитативен развој со насока но без
стадиуми.
113. Теориите кои сметаат дека постои основен процес за учење во
создавањето и во обликувањето на човечкото однесување од раѓањето
до смртта, спаѓа во групата теории:
- Квантитативни без насока и без стадиуми.
114. Теориите кои поставуваат рамка во која се објаснува развојот на сите
поединци се наречени:
- Може да биде квантитативно – без стадиуми теории тип 4
зошто развојот го објаснуваат како процес на учење преку
универзални и непроменливи начини – условување,
моделирање итн.
115. Според социокултурната теорија менторот го повлекува ученикот во:
- Зона на следен развој.
116. Позицијата на секој член на една формална група која е определена
во односот на бројот на позитивни и негативни гласови кои тој ги добил
од другите членови на истата група се определува преку:
- Индекс на социјален статус.
117. Петар се родил со срцев дефект и катаракта на двете очи. Потоа се
развил нормално:
- Ова укажува на пластичност и фактот дека никој не е засекогаш
ограничен од било кој животен систем, контекст или култура.
118. Способноста да се имитираат нови поведенија и да се пренесува
информацијата од едно сетило на друго:
- 4 стадиум – интермодален пренос.
119. Кои од наведените социометриски критериуми е најсоодветен за
спроведување на социометриско мерење во група извидници:
- Кога би можел да избира со кого не би или би делел шатор или
бунгалов.
120. Според теоријата на Виготски објасни што е принцип на
сигнификација и зошто е значаен?
- Структурата на вашите психички функции е организирана со
помош на знаците у значењето благодарение на принципот на
сигнификација.
- За Виготски развојот се состои во формирање на сложени
психолошки системи, т.е не на таков склоп од поединечни
психички функции кои меѓусебно се поврзани со помош на
знаците. Од тука произлегува дек асекоја група луѓе и секој
поединец во одредени историски рамки, може да се создава
одредена средина која е посредувана од знаци, како и дека
може да постојат дивергентни линии во развојот.
121. Објасни ја накратко теоријата за учење на говорот.
- Детето го учи говорот од родителите кој го зборуваат. Според
оваа теорија говорот се учи преку модели, имитација,
опсервација. Родителите треба да зборуваат доволно јасно,
гласно, бавно и милозвучно. Треба да употребуваат
поедноставни реченици со повеќе именки.
122. Кога детето зборува додека си игра или решава некоја
предизвикувачка задача, а притоа никому не упатува порака станува
збор за приватен говор.
- Да.
123. Поновите истражувања на когнитивен развој кај малите деца
покажуваат дека:
- Некои интермодални трансфери се јавуваат од првите недели
од животот, децата се раѓаат со посебно знаење за светот,
новороденчињата се способни да имитираат фацијални изрази.
124. Деловите од ЦНС во преднаталниот период се формираат од:
- Ектодерм – надворешен слој.
125. Клаустрофобија и агорофобија Круце ги проучува како примери на:
- Постоење преднатално учење и помнење.
126. Јавувањето на самоосвестените емоции за кои се значајни
емоционалните реакции на другите е карактеристика на:
- 4 фаза во комуникацијата дете – возрасен.
127. Фетусот започнува да ги движи рацете и нозете доволно силно за
мајката да забележи во:
- 4-5 месец (16-17 недела)
128. Наведи пример и објасни што е доминантна и вештачка двојазичност.
- Вештачка двојазичност е кога јазикот не се учи во природна
средина во рамките на семејството, тој се воведува подоцна во
училиште, контролирани услови.
- Доминантна двојазичност – произлегува од вештачкото, доцно
воведување на втор јазик – детето добро го владее едниот
јазик за разлика од другиот.
129. Наброј ги почестите таратогени фактори во преднаталниот период и
објасни еден од нив.
- Дрога, алкохол, возраста на мајката, сиромаштија, лекови,
недоволна исхрана, кофеин, никотин.
- Јаглерод моноксид и никотин – срцето на фетусот чука забрзано
од 8 до 10 мин по запалената цигара на мајката, се намалува
количеството на кислород во крвта, штетно влијае врз
донесувањето на плодот, негова мала тежина, спонтани
абортуси итн.
130. Објасни како промените во егзосистемот влијаат врз процесите во
другите системи според теоријата на Бројфенбренер:
- Егзосистемот – тоа се општествени влијанија, институции,
организациите, медиумите, градските власти итн.
Тој влијае индиректно така што некои настани во егзосистемот
влијаат на микросистемите во кои се развива поединецот.
Пр., организацијата на таткото го држи подолго на работа, затоа
тој се враќа дома и е нерасположен, го тепа детето и на тој
начин организацијата индиректно влијае врз развојот.
131. Основната разлика меѓу теориите на Фројд и Ериксон се состои од тоа
што одговорот е:
- Фројдосовската е психосексуална, а на Ериксон е
психосоцијална.
132. Која е разликата меѓу нижите и вишите функции во теоријата на
Ериксон.
- Нижите функции се едноставни, биолошки детерминирани и
историски непроменливи, поради што се универзални во сите
култури.
- Вишите функции се сложени, во својата структура го користат
знакот и значењето. Тие се променливи од култура до култура.
133. Објасни ја кратко социјално прагматичната теорија за говорот:
- Јазикот е специфична адаптација карактеристична за
човековиот вид кој го учиме во неговата целост. Тој се учи
главно поради потребата од социјализацијата , децата ги
стекнуваат јазичните симболи во текот на социјалната
интеракција со врсниците.
134. Период на говорна експанзија најчесто се јаува меѓу:
- 18 - 20 месец.
135. Кога станува збор за експериментот на визуелен гребен, доенчињата
на возраст од 3 месеци ја забележуваат разликата меѓу:
- Сигурна подлога и сигурна пропаст ако се фрлат од гребенот
( сигурна подлога и гребен – перцепција на длабочина).

You might also like