You are on page 1of 1

ЗАДАЧИ ЗА РАЗМЕР.

ПОИМ ЗА ПРОПОРЦИЈА

Подели 96 слатки помеѓу Ана, Јана и Теа во размер 2 : 7 : 3.


------------------------------------------------------------------------------------------------
2 + 7 + 3 = 12 делови
1 дел = 96  12  8 .
Ана добива 2 х 8 = 16 слатки
Јана добива 7 х 8 = 56 слатки
Теа добива 3 х 8 = 24 слатки
1. Подели 180 kg во размер 1 : 5 : 6.
2. Подели 1170 денари во размер 2 : 3: 8.
3. Подели 143 денари во размер 2 : 4 : 5. Пресметај ја разликата помеѓу
најголемиот и најмалиот дел.
4. Трите агли во еден триаголник се во размер 5 : 3 : 1. Пресметај колку изнесува
секој од аглите на тој триаголник.
5. Најди два броја кои се во размер 17 : 21 и нивниот збир е 228.
6. Игор и Васко поделиле 1000 денари во размер 4 : 1. Игор го поделил својот
дел на три дела, за себе, за својата мајка и за својата ќерка, во размер 2 : 1 : 1
Колку денари добила неговата ќерка?

Поим за пропорција

Равенство меѓу два еднакви размера го нарекуваме пропорција.


Една величина е во пропорција со друга величина ако и двете величини се поделени
во ист однос. Тогаш велиме дека се пропорционални.
Да го разгледаме следниот пример.
Пример: Бојан измешал 3 литри црвена боја со 2 литри бела боја.
Розе измешала 750 милилитри црвена боја со 500 милилитри бела боја.
Дали овие мешавини од бои се пропорционални?
Да го разгледаме соодносот црвена : бела боја во двата случаи.
Бојан 3l:2l Розе 750 ml : 500 ml
=3:2 = 750 : 500 (делиме со 250 )
=3 : 2
Обајцата ги измешале боите во ист сооднос 3 : 2, значи мешавините од бои се пропорционални
бидејќи боите се измешани во ист сооднос.

Изработила:Марија Панова ООУ„Никола Вапцаров„,Струмица

You might also like