You are on page 1of 35

Развој на говорот

-предавање 4-
-проф. д-р Ана Фрицханд-
-2.11.2022-
Говор и јазик – основни поими

 Говор – ментална способност која им овозможува на


луѓето во процесот на комуницирање да се служат со
организиран симболички систем (јазикот);
 Јазик – систем од гласови и знаци структурирани на
различни нивоа, кој во определена средина се користи
со цел општење меѓу луѓето;
 Нивои на анализа:
 Фонолошко – предмет на интерес се гласовите во јазикот;
 Лексичко – предмет на интерес се зборовите;
 Морфолошка граматика – предмет на интерес се зборовите
чие значење се менува во склад со род, број, време, лица итн.;
 Синтакса – предмет на анализа се правилата по кои зборовите
се комбинираат во реченици;
 Семантика – се занимава со разбирање на зборовите и нивото
успешно користење.

03/27/23 2
Комуникација

 Комуникација – усмена размена на пораки помеѓу


две или повеќе лица, со одредена цел, која секогаш се
одвива во рамки на некоја ситуација која на одреден
начин го одредува текот на таквата размена;
 Развојот на говорот ја поттикнува социјализацијата
и се потпира врз когнитивниот и социјалниот развој;
 Говорот на детето е одраз на неговото сфаќање на
реалноста, а начинот на кој комуницира е показател и
на неговиот степен на социјализација;
 Говорот овозможува говорно мислење и комуникација
со самиот себе и е јадро на личниот идентитет.

03/27/23 3
Развој на говорот

 Интересот за проучување на развојот на говорот станува


нагласен во 60те години на минатиот век;
 Човекот се раѓа со добро развиен слушен систем што е
значајно за развојот на говорната перцепција и појавата на
говорот;
 Кај децата и по 6 месец перцепцијата на сложените звуци
не е како кај возрасните и затоа тие се со ограничени
способности да извлечат информации од таквите звуци;
 Уште во вториот месец од раѓањето постои перцепција
на видни говорни информации едновремено со слушните;
 Бебињата се осетливи од самото раѓање на разлики во
ритамот и интонацијата;
 Ова е значајно за правење разлика меѓу 2 јазика од
различна категорија и за учење на два јазика (двојазична
средина).

03/27/23 4
Фактори во развој на говорот

 Во развојот на говорот значајна улога имаат:


 Минимално ниво на биолошка созреаност;
 Наследен капацитет;
 Оптимални можности за социјална интеракција
со лицата кои се грижат за и го одгледуваат детето;
 Изложеност на говор при интеракција лице-во-
лице.
 Најпогоден период за развој на говорот кај
децата е од 18 месеци до 3 годишна
возраст;
 Детето кое од било кои причини не го
достигнало потребното ниво на говорен развој
во овој период, ќе има потешкотии во
усвојување на говорот подоцна.
03/27/23 5
Предговорен период

 Веќе во првиот месец доенчето ги разликува


едносложните гласови „па“ и „ба“;
 Околу шестиот месец ги разликува
двосложните гласови „ба-ба“, „ма-ма“;
 Во овој период плачењето и дрдорењето се
негово главно средство за комуникација;
 До 12 месец доенчињата јасно разликуваат
меѓу гласовите од сите јазици, вклучувајќи ги
и оние што не ги слушаат;
 Од вториот месец доенчето почнува да се
смее и да вокализира кога е задоволно;
 Вокализираат и глувите деца.
03/27/23 6
Предговорен период

 Меѓу шестата и осмата седмица по раѓањето


доенчињата почнуваат да дрдорат кога се
задоволни;
 Согласките се произведуваат на возраст од околу 6-7
месец;
 Тогаш доенчето почнува да прави комбинација од
согласка и самогласка, удвојувајќи ги во слогови;
 Глувите деца не дрдорат, но околу 10 месец
користат десетина различни гестови со рацете кои се
повторуваат слично како дрдорењето;
 Околу 9-10 месец се јавуваат гестовите;
 Преку гестовниот говор доенчињата побаруваат
што сакаат.
03/27/23 7
Предговорен период

 Од осмиот до десеттиот месец се јавува


пасивниот (рецептивен) говор во кој доенчето
го разбира значењето на неколку збора;
 Детето го разбира значењето пред да се јави
активниот (експресивниот, говорот со кој се
изразува) говор;
 Во првата година по раѓањето главна активност на
доенчето е емоционалната комуникација со
возрасните;
 Првиот знак на оваа комуникација е т.н.
„комплекс на живост“ кој се формира околу 2-3
месец и каде се јавуваат првите елементарни обиди
на доенчето да дејствува взаемно со помош на
говорот.
03/27/23 8
Брзо мапирање

 Штом детето стекне одредено ниво на


интелектуален развој и одреден фонд на
зборови, може бргу да формира почетно
значење на новиот збор спротивставувајќи го
на веќе познат збор;
 Кога ќе слушне нов збор во контекст на веќе
познат збор, детето новиот збор го поврзува со
новиот објект, настан или атрибут – процес кој
се нарекува брзо мапирање;
 Брзото мапирање е овозможено, главно, од 3
когнитивни принципи:
03/27/23 9
Брзо мапирање

 а) принцип на цел објект: најчесто се


претпоставува дека новите зборови се однесуваат на
цели објекти, а не на делови од објекти (пр. цел
филџан, а не само рачката од филџанот);
 б) принцип на категоризирање: децата најчесто
претпоставуваат дека имињата на предметите се
категории кои опфаќаат и други слични предмети
(пр. „куче“ се однесува на сѐ што личи на куче);
 в) принцип на заемна исклучивост: децата
очекуваат нештата да имаат само едно име, така што
кога ќе слушнат нов збор претпоставуваат дека тој
оди со нешто што нема име.
03/27/23 10
Говорен период

 Околу 12-13 месец се јавуваат првите зборови кои се


состојат од два исти слога (пр. ма-ма);
 Истражувањата покажуваат дека обично поминуваат 3-
4 месеци по појавата на првите зборови пред
вокабуларот да почне побрзо да се развива.
 Во период меѓу 12 и 18 месец децата научуваат околу
50 збора (помалку од 10 збора месечно), а од 18 до 24
месец усвојуваат и по 10 збора на ден;
 По 18 месец има забрзување на говорниот развој и се
јавува експлозија на именување, бидејќи повеќето
зборови се именки;
 Околу 12-13 месец се јавува холофраза – посебно
изговорен збор кој преку нијансирање на висината,
гласноста, акцентот итн. изразува целосна мисла.

03/27/23 11
Говорен период

 Доенчињата ги користат холофразите за да:


 Побараат или да покажат одреден објект;
 Побараат или да ја опишат повторливоста на објектот
или настанот (пр. уште, пак);
 Побараат или да ги опишат динамичните настани кои ги
вклучуваат објектите (пр. горе, долу, внатре, надвор,
отворено, затворено);
 Побараат или да ги опишат активностите на луѓето (пр.
јаде, удира, црта);
 Коментираат за локацијата на објектите и луѓето (пр.
тука, надвор);
 Побараат основни информации (пр. кој си ти?);
 Припишат сопственост на некој објект (пр. убаво, мокро);
 Означат одреден настан или ситуација (пр. здраво, чао,
нема).

03/27/23 12
Говорен период

 Околу 18 месец се јавува телеграфски говор -


доенчето почнува да ги комбинира единечните
зборови во реченици од два збора;
 Во телеграфскиот говор реченицата ги содржи
само најважните зборови со кои се пренесува
значењето;
 Меѓу 24 и 27 месец детето составува реченици од
3 до 4 збора кои честопати се граматички
погрешни;
 Околу 21 месец доенчето успешно следи сложена
говорна порака;
 На возраст од 3 години децата ја разбираат
синтаксата и умеат да прават реченици.
03/27/23 13
Говорен период

 Постојат големи индивидуални разлики во


говорниот развој;
 Малите деца го учат говорот во заедничките
практични активности со возрасните преку т.н.
бебешки говор или говор насочен кон
детето;
 Овој говор е со куси, граматички едноставни
реченици;
 Детето почнува да употребуа продуктивен
говор на возраст од 12 до 18 месеци;
 На 5 годишна возраст има течна и
креативна употреба на првиот јазик што го
учи.
03/27/23 14
Говорен период – стекнување на
граматичка структура

 Првата група основни семантички и граматички


правила означуваат именување, поседување,
активен дејствувач и својство;
 Второ правило е проширување на претходните
структурни комбинации (пр. дејствувач-акција-
објект);
 Трето правило е употреба на зборови кои имаат
содржина за децата (именки, глаголи, придавки);
 Четврто правило е непрекршување на редоследот
на зборовите;
 Петтото е дека во сите проучувани јазици се почитуваат
претходните правила, бидејќи се универзални.

03/27/23 15
Когнитивно-развоен приод во
стекнување на говорот

 Структурата на говорот во сензо-моторниот период е


универзална, но не е само вродено знаење на граматика;
 За да бидат именувани предметот и дејствата, тие треба да
бидат препознаени;
 За да се направи локација, треба знаење за просторот;
 Актерот и дејството треба да се поврзат;
 Оттука, говорот е симболичка способност зависна од
нивото на когнитивниот развој на детето;
 На возраст помала од 2 години децата прават разлика
меѓу прашања и непрашања;
 На 3 годишна возраст на возрасните им даваат побрзи
и подобро приспособени одговори.

03/27/23 16
Говор за себе и колективни монолози

 Преку говорот за себе (приватен говор)


детето го контролира своето однесување;
почесто се јавува кога детето е само или кога е
соочено со предизвикувачка задача;
 Колективни монолози се јавуваат кога
децата се во група; притоа говорот на едно дете
е ретко поврзан со она што другото дете го
кажува;
 Од 5 година натаму децата ги усовршуваат
граматичките форми како што е пасивниот
говор, ги разбираат зборовите со повеќе
значења и разбираат дека еден објект може да
има повеќе од едно име.
03/27/23 17
Развој на невербална комуникација

 Според Дарвин, изразувањето на емоции е


вродена способност која има приспособувачка
вредност за опстанокот;
 Со возраста начинот на изразување на
емоциите се обликува во рамки на социјалната
средина;
 Во првите неколку години од животот децата
не умеат да ги владеат невербалните
изразувања;
 Со текот на развојот успеваат намерно да ги
контролираат фацијалните изразувања.
03/27/23 18
Развој на невербална комуникација

 Првите гестови се јавуваат на возраст меѓу


8 и 12 месеци;
 Гестот е замена за предмет или за дејство и е
можност за комуникација меѓу луѓето;
 Способноста да покажуваат кон она што ги
интересира кај доенчињата се достигнува
нешто по првата година;
 Веќе на возраст од 12 месеци бебињата
покажуваат дека имаат друго гледиште;
 На оваа возраст се јавуваат и иконички
гестови (пр. мавта со рацете за да покаже
како лета птицата).
03/27/23 19
Развој на невербална комуникација

 Гестовите на покажување им претходат


неколку месеци на изговорените зборови;
 Тоа е ран степен на симболички развој и
основа за учење на говорен јазик;
 Иконичките гестови содржат намера и не се
целосно зависни од контекстот;
 Развојот на симболичките гестови при
крајот на првата година достигнува до
можност доенчето да почне да го поврзува
неговиот прв сигнален систем (плачењето) со
други невербални активности кои имаат
значење.
03/27/23 20
Развој на невербална комуникација

 Новороденчињата на возраст од неколку дена


ги имитираат емоционалните изрази на
возрасните;
 Во првите неколку недели се осетливи на
невербалното однесување на другите;
 На возраст од 2-3 месеци се способни да
разликуваат меѓу весели, тажни, насмевнати,
изненадени изрази;
 Околу 7 месец доенчињата претпочитаат
изразот на лицето и тонот на гласот да се
усогласени и да изразуваат иста емоција.
03/27/23 21
Теории за стекнување на говорот

 Постојат повеќе теории за развој на


говорот:
 Имитација и поткрепување (Skinner,
1957);
 Вроденост на говорот (Chomsky, 1988;
Slobin, 1985);
 Нови теории за средината (Hoff-
Ginzberg, 1986);
 Конструктивисти (Bowerman, 1985).

03/27/23 22
Биолошка теорија за стекнување на
говорот

 Потребата за говор е вродена;


 Чомски е застапник на теоријата на
генеративна и универзална граматика;
 Според него, децата имаат вродени
способности за граматика, т.е. Поседуваат
направа за стекнување на говорот (LAD-
Language Acquisition Device);
 За да се јави говорот мозокот треба да се
развие, да пораснат дендритите, да зајакнат
мускулите на јазикот, да се поврзат невроните
и да се слуша говорот.
03/27/23 23
Теорија за учење на говорот

 Децата го учат говорот од возрасните кои ги


проучуваат;
 Според оваа теорија говорот се учи по пат на
поткрепување, моделирање, имитација
и приспособено повратно влијание од
говорното опкружување;
 Говорот најдобро се учи во рамки на
секојдневните активности на децата и
возрасните преку чести повторувања;
 Возрасните треба да зборуваат полека, доволно
гласно, јасно, разбирливо и милозвучно;
 Речениците треба да се куси, со акцент врз
именката и со едноставна граматика.
03/27/23 24
Социјално-прагматична теорија:
потреба за комуникација со другите

 Способноста за симболичка комуникација е


специфична биолошка адаптација за човекот;
 Развојот на говорот е тесно поврзан со
социјалната интеракција;
 Според оваа теорија, децата ги стекнуваат
јазичките симболи како резултат на самата
социјална активност со возрасните;
 Припаѓа во групата најспротивставени теории
на теоријата на генеративната граматика.

03/27/23 25
Развој на говорот во предучилишна
возраст

 Кон крајот на 2 година, рецептивниот


говор е доволно развиен за да може детето да
разбере што е големо, а што мало;
 Најчесто употребува глаголи и придавки,
прилично комплицирани реченици, сака да му
читаат приказни и сл.;
 Ги препознава подробностите од сликите во
сликовниците, сака да слуша музика и има
изострен слух;
 На оваа возраст го имитира однесувањето на
другите.
03/27/23 26
Развој на говорот во предучилишна
возраст

 Кон крајот на втората година, се забележува


експресивниот говор: за себе вели почесто
јас отколку името;
 Ги користи заменките јас, мене, ти;
 Знае неколку песни за деца, повторува два или
повеќе броја;
 Кажува точно дали е момче или девојче;
 Знае да си го каже името и презимето;
 Поставува прашања што почнуваат со што,
зошто, каде;
 Додека игра зборува за себе.

03/27/23 27
Развој на говорот во предучилишна
возраст

 До 2-3 година говорот на детето честопати го


разбираат само оние кои се постојано со него;
 Тој говор има ситуациски карактер и се
користи во непосредна комуникација;
 Во ситуацискиот говор голема улогаа играат
гестовите, покажувањата, мимиката,
емоционалните извици итн.;
 Доколку не му се посветува потребното
внимание на развојот на говорот, може да се
случи дури и ситуацискиот говор да е на
мошне ниско развојно ниво.
03/27/23 28
Развој на говорот во предучилишна
возраст
 Во ситуации кога на соговорникот треба да му
се раскаже книга, настан, филм и сл. се
користи т.н. контекстуален говор;
 Овој говор подразбира повисоко владеење на
говорната активност;
 Проблемот на развиеност на овој говор особено
доаѓа до израз во училиштето;
 Тоа најчесто им се случува на оние деца кои до
поаѓање на училиште одлично се снаоѓале во
ситуацискиот говор, но пред кои не биле
поставени посложени барања;
 Контекстуалниот говор може да се развива веќе
од 2-3 година.
03/27/23 29
Развој на говорот во предучилишна
возраст

 Со помош на објаснувачкиот говор се


опишуваат правила на новите игри, се
објаснува како да се стигне од едно место до
друго, се соопштуваат причините за одредено
однесување итн.;
 Објаснувачкиот говор поставува највисоки
барања пред интелектуалниот развој на
децата поттикнувајќи го истовремено;
 Овој говор најдобро го усвојува детето кое
непосредно не учествува во играта.
03/27/23 30
Развој на говорот во предучилишна
возраст

 Во развојот на говорот кај децата постојат


неколку важни моменти:
 Развивање на речникот и присуство на општи
поими во говорот;
 Усвојување на граматиката;
 Усвојување на културата на говорот;
 Развивање на фонематски слух – способност да
слуша и изделува поединечни гласови (фонеми) од
зборот и зборови во реченицата;
 Најпотполно и најинтензивно развивање на
говорот се случува во предучилишниот период.

03/27/23 31
Двојазичност

 Рана и симултана двојазичност – детето учи


симултано два јазика уште од најрана возраст
во рамки на семејството;
 Урамнотежена (еквилибрирана)
двојазичност – еднакво знаење на двата
јазика;
 Природна двојазичност – двата јазика се
учат спонтано и во природна средина;
 Двојазичен идентитет – идентитет на
двојазичен говорител;
 Во случај на рана двојазичност говорниот
развој е забавен на почетокот, но подоцна бргу
се надоместува.
03/27/23 32
Двојазичност

 Најдобро е кога двата јазика му се зборуваат на детето од


раѓање, особено ако произлегуваат од два говорни извори;
 Доцна и сукцесивна двојазичност – кога вториот
јазик почнува да се учи во училишна возраст или
подоцна;
 Доминантна двојазичност – едниот јазик се знае
подобро од другиот кога се употребува во одредена
животна ситуација;
 Вештачка двојазичност – кога вториот јазик се учи во
училиште или во други институции и тоа учење се прави
контролирано;
 Полујазичност (семилингвизам) – мешање на двата
јазика.

03/27/23 33
Двојазичност

 Почетокот на учење на вториот јазик е условен


од 3 фактори:
 Органски (центрите за говор во мозокот се
пластични до околу 10 година);
 Група сознајни фактори (ниво на сознаен развој);
 Мотивација за учење на вториот јазик:
 интегративна – ако мотивацијата за учење е
прифаќање и вклопување во групата и културата од
која произлегува тој јазик;
 инструментална – кога се учи затоа што на
говорителот му возможува професионално
унапредување или подобра општествена положба и
углед.
03/27/23 34
Двојазичност

 За совладување на фонеми и на
синтакса треба да се искористи
пластичноста на ЦНС (меѓу 4 и 8-9
години);
 За совладување на семантика треба да
биде развиено формално логичко
мислење и хипотетско-дедуктивно
заклучување;
 Најдобро е кога се постигнува
урамнотежена двојазичност.
03/27/23 35

You might also like